Булевар Св. Климент Охридски |
Post Reply | Page 123 11> |
Author | |||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#1 Topic: Булевар Св. Климент Охридски Posted: 02-May-2011 at 23:58 |
||
ВО РАМКИТЕ НА ГРАДСКИОТ ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ПОДРАЧЈЕ „Климент Охридски“ ќе добие две нови ленти Градоначалникот Трајановски најави почеток на проширувањето во јуни, а веќе е распишан тендер за избор на изведувач, но од одделението за односи со јавност рекоа дека немаат информации на кој потег ќе се работи Проширувањето на булеварот Климент Охридски ќе почне во јуни, а веќе е
распишан тендер за избор на изведувач за градежните работи, објавен на
страницата за јавни набавки. Градоначалникот Коце Трајановски при
најавата за голема реконструкција на улици и булевари низ Скопје го
спомена и „Климент Охридски“, но не прецизираше на кој потег ќе се
работи, а и за колку ленти ќе се прошири. |
|||
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #2 Posted: 03-May-2011 at 00:09 | ||
Добро е, уште една потврда, али не се нормални ако не ги прошират и тротоарите барем за едно метро. И стварно не ми е јасно зошто ги ставија тие зелените стубчиња од страна кога ќе се проширува. Некој си лапна добра пара гарант.
|
|||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #3 Posted: 03-May-2011 at 08:38 | ||
Тротоарите нема потреба да се прошируваат. Со урбанистичкиот план, сите нови градби ќе имаат вовлечен тротоар од 4-5 метри на првото ниво, (како кај новиот објект кај Аркадија) со што ќе се отвори доста простран тротоар на булеварот. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #4 Posted: 03-May-2011 at 09:15 | ||
А постоечките градби од кои барем 4-5 буквално излегуваат на улица? |
|||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #5 Posted: 03-May-2011 at 09:58 | ||
Постоечките градби во најголем дел ќе се рушат, бидејќи маркиците на тие плацеви се многу поголеми од постоечките маркици, и сигурен сум дека ќе има заинтересирани инвеститори. |
|||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #6 Posted: 03-May-2011 at 14:01 | ||
За жал дојде време информациите од Дневник да ги читаме со особена претпазливост и резерва. Денешниот наслов („Климент Охридски“ ќе добие две нови ленти) не соодејствува со пренесениот текст.
|
|||
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #7 Posted: 03-May-2011 at 14:50 | ||
Од кај знаеш ти дека ќе се рушат, што ако се на приватни лица зградите (гарант се). Значи не знам дали беше во оваа нишка истово со тебе го зборевме и јас ти ги набројав точно зградите што искачаат на улица, баш толку се 4-5. И ти пак нешто си имаш зацртано во глава. За тебе полесно е да се срушат зградите да се направат нови на тоа место со вовлечени тротоари, отколку да се искористи средишното зеленило за да се прошират сегашните тротоари на негова сметка. Па после ако се градат нови згради пак може да си имаат вовлечени тротоари, уште подобро. |
|||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #8 Posted: 03-May-2011 at 21:59 | ||
Не постојат згради што пречат. Има една зградичка, многу стара, од делот на страната кај соборна, што има 2ипол спрата. Кога ќе се даде маркица со 6-7 спратови, економската логика ќе ги натера да се руши. Нема потреба да бидат државна сопственост. Другите се смешни објекти за да ги нарекуваш „згради“ и се поише од некој монтажен тип, како кафичите и она за мебел што е не знам како се вика. Мал број се куќи (куќа не е=зграда) што самите газди ќе сакаат да се срушат, за да земат голема пара од зградите што ќе се изградат на нивно место. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #9 Posted: 03-May-2011 at 22:29 | ||
Жити се. Што е за новата 6 катница (стара не повеќе од 10 години) веднаш до Кинг Бургер. Само во тој ред има 4-5 објекти од 4+ катови за кои нема економска логика некој да ги чепка во догледна иднина. |
|||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #10 Posted: 03-May-2011 at 23:23 | ||
не ми е јасна една работа, зошто при планирањето на еден булевар не се зема во предвид поврзаноста на тој булевар со останатата инфраструктура на градот, поради такво нешто дури и проширувања на профилите на улиците може да доведе до поголеми гужви одколку кога биле помали... не дека проширување на Климент Охридски е нешто лошо и непросперитетно, баш напротив, ама треба да се има план за се, не само да се гради, а ова ретко гледам да се планира
|
|||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #11 Posted: 04-May-2011 at 00:05 | ||
6катницата кај Кинг е вовлечена, не е на сам булевар. Повеќето објекти се од ваков тип. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #12 Posted: 04-May-2011 at 00:17 | ||
Грешно си ме разбрал, т.е. грешно сум објаснил.
Зборувам за новата транзициска зграда вендаш карши преку споредното уличе на кое е Кинг (не карши преку булевариот Климент О). Или преку булеварот, точно карши Аркадија. Доволно е тоа тесно грло за да се види дека тротоарите немаат каде освен да се прочишират. |
|||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #13 Posted: 04-May-2011 at 00:25 | ||
И тоа мислам дека е вовлечено 2-3 метри. Таму има само едно помало зградиче, збутано меѓу двете, што излегува до сам булевар, ама тоа мислам дека би можело да се руши, пошто е ниско.
Еве гоогле мапс линк.http://maps.google.com/?ie=UTF8&ll=41.997331,21.425486&spn=0.000716,0.00184&t=k&z=19 Колата што ја гледаш е на десната лента, и точно десно од неа се гледаат бледо контурите на тоа збутаното зградиче. Доле од тоа збутаното е таа транзициската зграда, и се гледа дека таа е вовлечена неколку метри, иако фино ќе беше да е и повеќе, сепак е доволно широк просторот, во споредба со ако се земе дека кај тоа збутаното зградиче има 1 метро. Edited by krale - 04-May-2011 at 00:28 |
|||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #14 Posted: 04-May-2011 at 01:01 | ||
Нема логика од страната на Кинг да се руши нешто. Покрај тоа постарото зградиче (има кројач мислам на приземјето) и зградата до АМЦ мислам дека е премногу близу до улицата така да... полесно е од другата страна кај што се неколку куќи само. Мада и тоа можеби е непотребно имајќи ја в предвид широчината на зеленилото која може да се „злоупотреби“.
|
|||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #15 Posted: 04-May-2011 at 07:30 | ||
Ако од едната страна се изгради покриениот тротоар од 4-5 метри ширина, од другата ќе биде сосема доволно тоа што ќе остане како пред АМЦ, што е некои си 3-4 метри.
Зградичето што е збутано МОРА да се руши, бидејќи прави тесно грло од само 1 метро на тој дел на тротоарот. |
|||
Djole88
Senior Member Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
Quote Reply #16 Posted: 04-May-2011 at 11:12 | ||
Абе кој будала ќе ти руши куќи и такви слични комбинации. Јасно е дека ќе се скрати средишното зеленило(ако може така да се нарече, јас повеќе би го нарекол калливо)
|
|||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #17 Posted: 04-May-2011 at 14:03 | ||
Преска поминав на Климент Охридски и убаво ја анализирав состојбата. Од страната кај поранешна Аркадија, не постои ниеден објект кој е од некоја величина која би била проблем за инвеститор да го сруши и изгради нова зграда со ГОЛЕМ профит. Очекувам тоа да се случи во следните неколку години. Затворениот тротоар од таа страна ќе биде поголем од оној што е сега на средишното зеленило. Се работи за објекти со 1-2 спрата кои се повеќето од монтажен тип. Од страната на Кинг Бургер, новите згради не се воопшто проблем. Кај Кинг Бургер таа е вовлечена околу 4 метри. До неа има една постара зграда што е проблем, ама среќа е само 2 спрата и нема да е проблем инвеститор да изгради 6 спрата и да му се исплати инвестицијата. Подолу, зградата на АМЦ е вовлечена околу 4-5 метри, но таа до неа е проблем. Има 5 спрата и е околу 1,5 метро од булеварот. Значи од двете страни, само таа стара зграда е реално проблем за да се има широки тротоари од 4-5 метри од двете страни. Јас сум против тротоарите да се прават на сметка на зеленилото. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #18 Posted: 04-May-2011 at 14:14 | ||
Само таа зграда е сосема доволна за да се изјалови работата но најголеми кривци се Аркадија и Корнер, т.е. новите градежни линии кои се повлекоа со тие маркици. За тој проблем е зборувано на форумот уште од 2007 и јасно беше како бел ден дека кога тогаш ќе ни се мафне од глава. Во најдобар слуучај и во овој простор што го имаме да сместиме се, ќе изгубиме можност да имаме еден раскошен булевар во центарот на градот (со широко централно зеленило кое вклучува и дрворед) и наместо тоа ќе добиеме еден класичен 2х3 булевар кој функционално ќе си ја заврши работата но естетски и еколошки штетата ќе биде голема. |
|||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #19 Posted: 04-May-2011 at 14:23 | ||
Таа зграда е од страната на Кинг. Од страната на Акрадија и Корнер, сите објекти се ниски (максимум 2 спрата) и можат брзо да добијат инвеститори со кои ќе се добие проширен покриен тротоар. Од другата страна, таа зграда што се наоѓа меѓу АМЦ и Матица, ќе остане проблем, ама и во другиот дел и таа страна ќе има широк тротоар од 3-4 метри. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #20 Posted: 04-May-2011 at 14:30 | ||
Ама Аркадија сама по себе е пречка, не треба да има 5 пречки, доволно е една пречка за да нема простор да се прошири профилот. Втората пречка е Корнер.
|
|||
Post Reply | Page 123 11> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |