|
![]() |
|
Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“ |
|
Post Reply
|
Page 123 18> |
| Author | ||||||||||||
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply
#1 Topic: Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“Posted: 26-Jul-2010 at 22:06 |
|||||||||||
|
И јавното претпријатие Водовод и канлизација ке се пресели од бараките во нов обијект.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply
#2 Posted: 26-Jul-2010 at 22:07 |
|||||||||||
|
Системот како решето, а „Водовод“ ќе си гради зграда
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе гради нова управна зграда, информираат надлежните по вчера објавениот конкурс за идејно решение. Управната зграда нема да биде сама, таа ќе има и свои придружни содржини, но од претпријатието не појаснија што се' се подразбира под тоа. Детали за изгледот и за катноста на објектот, за тоа кој се' таму ќе биде сместен и колку пари ќе се потрошат за изградбата, ќе се знаат по завршувањето на конкурсот и изборот на првонаграден труд. Јорданка Ивановска http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3034A65C4BDC4B44A6A8B14002CB9BF1 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#3 Posted: 27-Jul-2010 at 19:21 |
|||||||||||
|
Уште еден ваков конкурс без позната локација?!? Изгледа и ова го планираат да премине во навика... и како после човек да не фрла дрва и камења?
А многу ме копка дали господата сепак по некое чудо ја знаат квадратурата на непознатата локација и ја навеле во конкурсот (како што беше случај со конкурсот за објект за градската администрација). Или пак можеби „оставиле“ потполна „слобода“ на авторите околу површината. Не знам во кој случај фарсата е поголема. |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#4 Posted: 27-Jul-2010 at 19:30 |
|||||||||||
|
Позната е локација. Нели ова е кружната маркица на кеј до царина?
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#5 Posted: 27-Jul-2010 at 19:39 |
|||||||||||
|
Можно е, но според текстот во случајов пак има некоја магла, а веќе имавме нешто слично со „Градска Куќа 2“...
Еве кои делови ми бодат очи:
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#6 Posted: 02-Sep-2010 at 23:12 |
|||||||||||
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
Quote Reply
#7 Posted: 28-Oct-2010 at 11:34 |
|||||||||||
|
|
||||||||||||
Свои трудови на конкурсот за идејно решение на новиот објект испратија 11 автори, кои мораа да ги запазат стиловите на другите објекти што се планира да се градат на таа локација, односно барок, класицизам или неокласицизам |
|
|
|
| Новата
управна зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ што ќе
се гради на левата страна на реката Вардар ќе биде во старински стил и
ќе мора по дизајнот да одговара на барокниот изглед на петте хотели и
катната гаража што се планирани таму. Објектот ќе се гради на местото
на постојните бараки на претпријатието на површина од 5.000 квадратни
метри во основата, а ќе биде висок пет ката, плус купола. Во конкурсот
за идејното решение се бараше да се запазат стиловите на другите
објекти што се планира да се градат на таа локација, односно барок,
класицизам или неокласицизам. Од „Водовод и канализација“ велат дека сé
уште не се знае кој е победникот на конкурсот, односно по чие идејно
решение ќе се прави новата управна зграда. Конкурсната комисија за една
недела би требало да заврши со разгледувањето на трудовите и да го
избере победникот. Надлежните најавија дека е можно да се организира и
изложба на која ќе бидат прикажани сите трудови. - На конкурсот се пријавија 11 учесници, но конкурсната комисија сé уште детално ги нема разгледано сите идејни решенија, затоа што освен на надворешниот изглед, мора многу да се внимава и на внатрешниот дел, особено на функционалноста. Ќе се внимава на сé, од паркингот, распоредот на канцелариите, до пристапот на странките. Во новиот објект се планира да се сместат сите служби на претпријатието, што сега се лоцирани во целиот град. Жирито е составено од три члена, кои долги години работат во претпријатието - објаснија од „Водовод и канализација“. По изборот на најдобрите решенија, претпријатието ќе се обиде да најде можности или инвеститори што ќе го градат објектот. Според деталниот урбанистички план „Парк 2“, во близина на управната зграда на „Водовод и канализација“ треба да се изградат и пет хотели и една катна гаража. Сите тие треба да бидат изградени во барокен стил за да одговараат со објектите што веќе се градат на левиот брег на Вардар, во рамки на проектот „Скопје 2014“. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од 1964 година работи во веќе руинираните бараки под Калето. |
|
|

Quote
Reply
#8 Posted: 31-Oct-2010 at 23:12ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ "ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА"
Од ЈП "Водовод и канализација" информираат дека се уште не се знае
кој е победникот на конкурсот, и дека Конкурсната комисија за една
недела би требало да заврши со разгледувањето на трудовите и да го
избере победникот. Оттаму додаваат дека градежните активности ќе отпочнат од вториот
квартал во 2011 година и истите ќе траат не подолго од 3 години.
Изградбата на објектот е од исклучително значење за вработените и
корисниците на услугите на ЈП "Водовод и Канализација" - Скопје. |

Quote
Reply
#9 Posted: 06-Nov-2010 at 12:44Водовод ќе гради барокна зграда
Објектот ќе никне на постојната локација на ова јавно претпријатие, под тврдината Кале, на површина од 962 квадрата, а ќе има приземје плус пет ката и подземен паркинг на две нивоа Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе гради нов
административен објект - управна зграда за сопствени потреби. Објектот
ќе биде во старински сил - барок, класицизам или неокласицизам, на веќе
постојната локација, каде што сега се бараките на претпријатието, под
тврдината Кале. Од „Водовод и канализација“ велат дека објектот не е дел
од проектот „Скопје 2014“, туку ќе се гради за нивни потреби, но сепак
ќе се внимава тој да се вклопи во околината. |

Quote
Reply
#10 Posted: 11-Nov-2010 at 20:45
Quote
Reply
#11 Posted: 22-Nov-2010 at 11:06| Избрано идејно решение за зградата на „Водовод“
Жарко Чаушевски ја доби првата награда, вредна 190.000 денари, за новата управна зграда на ова ЈП Новата управна зграда на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе се гради според идејното решение на архитектот Жарко Чаушевски. Тој ја доби првата награда вредна 190.000 денари. Откупени се и три труда по 70.000 денари. Првиот - на Веселинка Герасимовска-Петровска, Геле Алиломов и И. Смилевска, вториот - на Васил Велков, Фетах Фетаху и Игор Василевски, а како трет е откупен трудот на Игор Неделковски и Јелена Стокуќа. На огласот конкурирале вкупно 9 труда. Ова го објави вчера Бирото за јавни набавки. Управната зграда која ќе биде во старински стил - барок, класицизам или неокласицизам и ќе се гради на местото на кое сега се наоѓаат постојните привремени бараки под скопската тврдина Кале, на улицата „Лазар Личеновски“. - Во неколку наврати се утврди дека изградбата на управна зграда за „Водовод и канализација“ е неодложна пред се' поради дотраеноста на постојните простории во привремените бараки кои веќе не ја исполнуваат својата основна намена, објаснуваат од ова јавно претпријатие. Објектот ќе има приземје и пет ката, со максималната височина до 21 метар. Површината на градба ќе биде 962 квадратни метри, а бруто-површината 5.772 квадратни метри. Градежната парцела на која е изграден објектот има површина од 2.089 квадратни метри. - Во приземјето на објектот ќе биде формиран едношалтерски систем, каде што на граѓаните ќе им биде овозможено непосредно комуницирање со вработените. Големиот влезен хол ќе создава чувство на современост во административното работење, објаснуваат од „Водовод“. Објектот ќе има две подземни полунивоа за паркинг со капацитет за 115 возила, како и помошни простории. Ќе располага и со кафе-ресторан со библиотека. Во зависност од потребите на вработените, постои можност и за планирање простор за чување на децата, како и простор за физичка активност за време на паузата. Доколку сите предвидени активности течат непречено, градежните активности ќе почнат на почетокот од вториот квартал на 2011 година и ќе траат не подолго од три години. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9728D45C5649704B9EE844BD4B48D70C |

Quote
Reply
#12 Posted: 22-Nov-2010 at 17:43
Quote
Reply
#13 Posted: 22-Nov-2010 at 17:48
Quote
Reply
#14 Posted: 02-Dec-2010 at 14:09

Quote
Reply
#15 Posted: 02-Dec-2010 at 18:46
Quote
Reply
#16 Posted: 02-Dec-2010 at 18:48

Quote
Reply
#17 Posted: 02-Dec-2010 at 19:28
Quote
Reply
#18 Posted: 02-Dec-2010 at 21:15

Quote
Reply
#19 Posted: 02-Dec-2010 at 21:22
Quote
Reply
#20 Posted: 02-Dec-2010 at 21:55| Originally posted by FoSsiL не... јас сум, тука сум... ама сакам малку да експериментирам.... се надевам нема да ви пречи.... |

Post Reply
|
Page 123 18> |
| Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |