Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип |
Post Reply | Page 123 6> |
Author | ||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#1 Topic: Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип Posted: 30-Nov-2009 at 01:03 |
|||||
|
||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #2 Posted: 10-Feb-2010 at 20:40 | |||||
Финални активности околу уредување на коритото на Отиња
Штип, 8 февруари 2010 - Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес одржа прес конференција на
која уште еднаш ги образложи активностите околу капиталниот проект: изградба на
паркинг платформи и уредување на корито на река Отиња.
Меѓу другото, градоначалникот Алексов пред присутните новинари од локалните и националните медиуми ја претстави документацијата која минатата недела е доставена до Министерството за финансии. Според него, по одобрување на проектот ќе следи аплицирање до Светска банка по што ќе се чека на евентуална одлука за одобрување на кредитот. Доколку се протече во ред, веќе во април може да се распишат тендерите за изведувачите на градежните активности. Тој повтори дека Општина Штип не располага со средства за да може самостојно да го започне проектот заради што се бара странски кредит, но напомена дека со наплаќањето на паркинзите на платформите,па и пошироко низ центарот на Штип, ќе се обезбедат извори за покривање на кредитот. Ова е еден од капиталните проекти но тој веќе размислува за идните чекори. Според Алексов, во петокот со претставници од Скопје била разгледана новата сообраќајна студија за улицата „Ванчо Прќе" со која се предвидува подземен премин а горниот дел да се претвори во пешачка патека. Изразено е позитвно мислење за овој сообраќаен предлог за улицата „Ванчо Прќе". http://www.stip.gov.mk |
||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||
build.mk
Senior Member Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #3 Posted: 13-May-2010 at 23:11 | |||||
|
||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #4 Posted: 15-Feb-2011 at 14:13 | |||||
Штип чека одговор од Светската банка Претставници на Светската банка деновиве престојуваа во работна посета на Штип, при што извршија финална контрола на документацијата за проектот за реконструкција и уредување на централното подрачје на градот. Се очекува до крајот на месецот целата документација да биде предадена во македонската канцеларија на Светската банка, од која е побаран кредит од два милиона евра за проектот, чија реализација се очекува да почне кон крајот на летото.Предвидено е уредување на коритото на Отиња до нејзината утока во Брегалница, изградба на шеталишта и на пет платформи со паркинзи за 150 возила над коритото на Отиња, како и реконструкција на плоштадот Слобода. Градоначалникот Зоран Алексов изјави дека се размислувало и да се постават споменици на познати штипјани на плоштадот и на мостовите http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EFE5D495C873C347A4B70438D9F07C7D |
||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #5 Posted: 19-Feb-2011 at 12:06 | |||||
Штип на лето ќе започне со конструкција на паркинг платформи
Претставници на Светска банка денес престојуваа во работна посета на Општина Штип. Тие направија финалната контрола на документацијата (ревидираниот проект) за уредување на централното градско подрачје пред негово предавање во канцеларијата на Светската банка во Скопје,со Александар Арсовски координатор од Одделението за локален економски развој на Општина Штип. Потоа разговараа со горадоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов. Морам да кажам дека сме на крајот на овој процес. Проверена е сета документација и јас верувам дека до крајот на оваа недела ќе ја докомплетираме документацијата со забелешките од СБ, со што до крајот на мецесот отвораме пат за потпишување на официјален договор за кредит од 2 милиони евра од Светската банка. До крајот на летото треба да заврши меѓународниот тендер по што ќе започнеме со реализација на проектот – изјави градоначалникот Алексов. Како што е познато, проектот за реконструкција и уредување на централното градско подрачје вклучува неколку фази на реализација и активности од кои прва и доминантна се однесува на конструкција на пет паркинг платофрми и уредување на коритото на река Отиња. Со уредувањето е предвидено и шеталиште од 1 километар и платформи со капацитет за паркирање на 140 возила. За таа цел, локалната самоуправа веќе работи на својот дел од обврските кои меѓу другото предвидуваат и уредување на коритото на Отиња на потегот од црквата Свети Никола до вливот на Отиња во реката Брегалница во должина од 500 метри. Кредитот ќе биде земен под поволни услови, со 3 години грејс период и рок на отплата од 10 години. Гарант за кредитот веќе е даден и од Владата на РМ. Утврден е и моделот на наплата за користење на паркинзите кој според градоначалникот Алексов гарантира собирање на средства за враќање на кредитот. Со проектот се предвидува и реконструкција на градскиот плоштад и санација на некои од мостовите. Што се однесува до реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ која треба да се претвори во шеталиште, се подготвува соодветно сообраќајно решение. Градоначалникот не ја исклучи можноста некои од мостовите да бидат украсени со споменици на видни личности, бидејќи во Штип, освен споменикот на Александар Македонски кој е приватна донација, нема атрактивен споменик на ниту една маркантна личност од македонската или штипската историја. Меѓутоа, во моментов е најважно да се заврши постапката за добивање на кредитот и да се конструираат платформите, а за останатите идеи дополнително ќе се размислува. Штип воедно е една од петте општини во Македонија која наскоро ќе добие и кредитен рејтинг, што е особено важно за овој проект. http://www.stip.gov.mk |
||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||
build.mk
Senior Member Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #6 Posted: 07-Apr-2011 at 23:33 | |||||
|
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #7 Posted: 28-May-2011 at 21:27 | |||||
|
||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #8 Posted: 01-Jun-2011 at 15:44 | |||||
|
||||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1975 |
Quote Reply #9 Posted: 01-Jun-2011 at 15:54 | |||||
Може некој да направи скица врз Google Maps, каде би требало да биде овој плоштад?
|
||||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #10 Posted: 01-Jun-2011 at 16:00 | |||||
Toa ke bide renoviranje na stariot ploštad, pred poštata, na mestoto na fontanata (novata) sega e spomenikot na Aleksandar.
Edited by Makedonij - 01-Jun-2011 at 16:01 |
||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #11 Posted: 22-Jul-2011 at 19:04 | |||||
|
||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #12 Posted: 05-Sep-2011 at 15:54 | |||||
Уште еден месец до изградбата на новиот штипски плоштад Штип, 4. септември 2011 (ИНПРЕС) Проектната единица на Светска банка и Министерството за Финансии денес дадоа дозвола за распишување на јавен повик за реконструкција на градскиот плоштад во Штип. Повикот ќе трае 4 седмици. На почетокот на октомври започнува уредувањето на руинираниот градски плоштад. Проектот е во вредност од 360.000 евра. Новиот плоштад на Штип ќе нуди модерен дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2500 м2. Плоштадот во Штип изграден на почетокот на 70-тите години, до сега не е обновуван. Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тендерската документација. Средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. Документацијата до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад беше доставена на крајот на јуни. (Крај) http://daily.mk/cluster3/5040c65585b668fb8b7466220e744143/889710 |
||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #13 Posted: 04-Oct-2011 at 18:28 | |||||
Во октомври почнува реконструкцијата на плоштадот во Штип – Светска банка даде зелено светло за распишување на тендер
Проектната единица на Светска банка и Министерството за Финансии денес дадоа дозвола за распишување на јавен повик за реконструкција на градскиот плоштад во Штип. Во дневните весници ќе биде објавен јавниот повик, по што заинтересирани домашни и странски фирми ќе можат да конкурираат за изведување на градежните активности. Повикот ќе трае 4 седмици, по што следи жалбена постапка во рок од седум дена. Тоа значи дека на почетокот на октомври, започнува уредувањето на руинираниот градски плоштад. Проектот е вреден 360.000 евра. Новиот плоштад на Штип ќе нуди модернистички дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2500 м/2. Со концептот се предвидува отстранување на старата и демоде фонтана, нејзино преместување како и сместување на дрвореди со што плоштадот ќе биде многу попривлечен. Плоштадот во Штип е во многу лоша состојба со оглед на тоа што е изграден на почетокот на 70-тите години и до сега не е обновуван.Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тендерската документација. Имено, средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. Конкретно документацијата до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад беше доставена на крајот на јуни. http://www.stip.gov.mk Kade ke go premestat spomenikot na Aleksandar koj e sega na čeloto na ploštadot? |
||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #14 Posted: 30-Nov-2011 at 14:37 | |||||
Започна реконструкцијата на штипскиот плоштад "Слобода"
Среда, 30 Ноември 2011 13:54 Од денеска и официјално започнаа работите за реновирање на Штипскиот плоштад "Слобода". Александар Арсовски од Одделението за Локален економски развој на Општина Штип вели дека: "Плоштадот ќе биде поплочен со нови гранитни плочи, потоа ќе има нова фонтана, која ќе биде поставена, каде што сега е споменикот на Александар Македонски, а споменикот ќе се помести кај постојните трафики. На плоштадот ќе има клупи, нова водоводната и електрична инсталација и во април ќе видиме модерен Градски плоштад". Според најавите реконструкцијата на плоштадот "Слобода" ќе чини околу 310 000 евра, и е под "финансиската капа" на Светска банка, додека градежните работи ќе ги извршува градежната фирма „Бетон“-Штип. http://daily.mk/cluster3/2e181fbbf4f28f5d0e412dc115c34930/1023842/zapochna-rekonstrukcijata-na-shtipskiot-ploshtad-sloboda |
||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #15 Posted: 17-Dec-2011 at 16:28 | |||||
30 Ноември 2011
Градежната фирма „Бетон“-Штип од денеска и официјално почна со реконструкцијата на Градскиот плоштад „Слобода“. Градежната оператива почна со рушењето на старата фонтана и вадењето на мермерните плочи, кои биле поставени пред 40 години. Александар Арсовски од Одделението за Локален економски развој (ЛЕР) при Општина Штип вели дека во присуство на претставниците на Светска банка, министерството за финансии и раководството на градежната фирма „Бетон“ почна реконструкцијата на плоштадот, која е предвидено да се одвива четири месеци. - Плоштадот ќе биде поплочен со нови гранитни плочи, потоа ќе има нова фонтана, која ќе биде поставена, каде што сега е споменикот на Александар Македонски, а споменикот ќе се помести кај постојните трафики. На плоштадот ќе има клупи, нова водоводната и електрична инсталација и во април ќе видиме модерен Градски плоштад - рече Арсовски. Реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“ ќе чини околу 310 000 евра и е дел од прокетот„ Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“, кој е финансиран од кредитот од Светска банка. Арсовски најави дека наскоро ќе се распише меѓународниот тендер и за изградбата на платформите и уредувањето на коритото на реката Отиња. Штипјани денеска беа задоволни што по 40 години се реконструира плоштадот „Слобода“, кој е локација за сите политички и културни настани. http://www.stip.gov.mk Edited by Cloverstack - 19-Dec-2011 at 01:32 |
||||||
build.mk
Senior Member Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #16 Posted: 31-Dec-2011 at 17:28 | |||||
|
||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #17 Posted: 17-Feb-2012 at 18:16 | |||||
Четири фирми конкурираат за изградба на коритото на река Отиња во ШтипВо општина Штип денеска беа отворени понудите од градежните фирми за изградба на пет платформи и уредување на коритото на реката Отиња.Координаторот на проектот „Реконструкција и изградба на пет платформи над реката Отиња“ Александар Арсовски истакна дека на меѓународниот тендер се јавиле четири фирми, од кои две од Софија, една од Скопје и една од Штип.- Првата понуда беше од скопската фирма „Синтек“, а вредноста изнесува 101.241.339 денари. Втората понуда беше на бугарската фирма „Кибилд“ од Софија, со вредност од 98.365.910. Третата понуда е на фирмата „Бетон“ од Штип со вредност од 92.932.199 денари и последната е на бугарската фирма „Трејс Груп“ со вредност од 162.460.900 денари, информираше Арсовски. Тој појасни дека во рок од 10 дена треба да се одлучи која фирма ќе биде избрана да ги изведе градежните работи, во кои се вклучува санација на постојните мостови, но и изградба на пет платформи за паркирање на возилата над реката Отиња. Општина Штип зеде кредит од Светска банка во висина од околу два милиони евра за реконструкција и изградба на платформи над Отиња и за реконструкција на градскиот плоштад „Слобода“. http://kurir.mk/republika/opstini/61265-Cetiri-firmi-konkuriraat-za-izgradba-na-koritoto-na-reka-Otinja-vo-Stip |
||||||
build.mk
Senior Member Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #18 Posted: 29-Mar-2012 at 00:14 | |||||
|
||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #19 Posted: 01-Apr-2012 at 19:47 | |||||
Реконструкторите на градскиот плоштад, експресно го дислоцираа споемникот на Александа Македонија, и тоа на локација веднаш до Уни Банка во Штип. Дислокацијата и не беше проблем ,колку нечие неодговорно однесување и самовластието на надлежните. Денеска сопствниците на деловни објекти кои се наоѓаат во близина на сегашната локација на Александар Македонски , реагираа на поставувањето на споменикот. Имено тие се жалат дека со поставувањето на споменикот, пдигното е нивото на локацијата згора шахтата во која се слеваат атмосферски и други води, а уништена, и сега сета вода од врнежите се слева во деловните објекти, во кои сопствениците волжиле значителни суми на пари. На тој начин им е нанесена штета на сопствениците на објектите.Тие побараа и да се најде соодветно место за посменикот поради што има реални проблеми. Но одговорот од локалната самоуправа е негативен, со образоложение дека ситуациите со реконструкцијата на плоштадот и дислоцирањето на споменикот ги следи Светската банка.Сопствениците нема да престанат со реакциите па сметката од уништувањето на нивните деловни објекти ќе ја испорачаат на локалната самоуправа, а зошто не и на светкста банка која ги следи ситуациите со реконструкцијата на плоштадот во Штип. http://www.radiostip.com.mk Edited by Makedonij - 01-Apr-2012 at 19:47 |
||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #20 Posted: 04-Apr-2012 at 18:46 | |||||
|
||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||
Post Reply | Page 123 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |