Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1 Topic: Охридски сообраќај (општо) Posted: 09-Sep-2008 at 09:57 |
Започна изградбата на источната трансферзала
Во
месноста Бејбунар денеска на свечен начин беше означен почетокот на
изградбата на источната трансферзала која во голема мерка треба да го
растовари одвивањето на сообраќајот во Охрид, особено во летната
туристичка сезона. Во првата фаза ќе бидат изградени 850 метри од
бензинската пумпа Билјанини извори до Бејбунар и уште 150 метри од
тука до ул. „Баталјон Мирче Ацев“.

 Започна изградбата на источната транферзала
Почетокот
на работите гo означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески,
кој истакна дека до крајот на оваа година улицата ќе биде пробиена и
пошљунчена, а догодина истата ќе биде асфалтирана. „Оваа улица е од
големо значење не само за граѓаните кои гравитираат во овој дел на
градот, туку и за туристите кои ќе патуваат од плажите кон Битола, со
што во многу ќе се растовари сообраќајот на лето“, рече Петрески.
Тој
напомна дека покрај оваа улица, годинава ќе биде пробиен и патот од
старата автобуска до „Туристичка“, ќе биде завршена улицата „Живко
Чинго“, а ќе биде изградена и новата улица помеѓу Жито Леб и Монополот
која ќе ги поврзе населбите 15 Корпус и Видобишта. Петрески во изјава
за медиумите најави и завршување на канализационата мрежа и
колекторскиот систем во Велгошти, Лескоец и Пештани со што како што
рече, Охрид 95% ќе биде опфатен со канализација. |
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=7241
Edited by pbanks - 09-Sep-2008 at 09:57
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2 Posted: 09-Sep-2008 at 11:21 |
 Баш ме копка која е трасата на комплетната сообраќајница, од бензинската, до патот накај Ресен.
Edited by Cloverstack - 09-Sep-2008 at 11:21
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3 Posted: 09-Sep-2008 at 12:26 |
Трасата е прилично очигледна.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4 Posted: 09-Sep-2008 at 17:32 |
 Кај нас ништо не е очигледно. Се правеле „чуда“ со многу траси... Инаку мислам дека горе доле ипак таа ќе биде трасата (што ја постираше), со тоа што средниот дел нема така косо и директно да поминува низ куќите, туку ќе заобиколи, а можеби и целиот северен дел на сообраќајницата ќе оди позаобиколно. Но токму овие варијации ги имав на ум кога се прашував за трасата. Ме интересираше точната траса, а не нагаѓања.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#5 Posted: 09-Sep-2008 at 22:28 |
Инаку не проаѓа туку така низ куќите него тука моментално има некоја си уличка, што значително ѓи намалува трошоците при екпропријација. И да има некоја планирана траса, веруј дека ќе се импровизира со оваа траса, за да кошта помалку. Инаку оваа траса се поклапа со должината која ја слушнав на вести на Алсат, 2,5 км.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#6 Posted: 11-Dec-2008 at 21:41 |
Охрид, 11 декември (МИА)
– Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при неодамнешната
работна посета на Охрид најави дека Владата, односно ресорното
Министерство, издвоиле 11,8 милиони денари за реконструкција на
постоечките пристаништа и изградба на ново пристаниште на Охридското
Езеро, во чиј состав ќе биде изградена и соодветна бензинска пумпа.
Според Јанакиески, на тој начин ќе се надмине проблемот со снабдувањето гориво за бродовите и чамците.
Тој најави и реконструкција на обиколницата на
Охрид, односно улицата „Железничка“, што ги спојува магистралните
правци кон Скопје односно Битола. Работните зафати на оваа важна
сообраќајница во Охрид е предвидено да започнат во февруари идната
година.
Предвидена е реализација на проект за осовременување
на делницата на потегот Охрид – Свети Наум, чија изградба би почнала во
текот на 2010 година. Тој патен правец е изграден во 50-те години на
минатиот век и не соодветствува на современите потреби за патен
сообраќај. Проблеми во одвивањето на сообраќајот особено се јавуваат во
летните месеци кога значајно се зголемува фреквенцијата на возила на
тој патен правец. http://www.mia.com.mk/ |
Edited by Cloverstack - 24-Jul-2009 at 14:23
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#7 Posted: 10-May-2009 at 23:29 |
Ништо ново, само рециклирани стари вести...
Во ново руво 11 делници
Работите им
се доверени на скопската градежна фирма Гранит, струшки Илинден и на
австриската Алпине Бау, кои мора да ги запазат роковите за
рехабилитација на овие делници чија вкупна должина изнесува околу 330
километри
Изградба
и реконструкција на патни делници ќе бидат главните приоритети на
Министерството за транспорт и врски оваа и наредната година. Станува
збор за 11 најоштетени патни делници што една година ќе се
реконструираат со 35-те милиони евра кои Македонија ги доби од
Светската банка. Работите им се доверени на скопската градежна фирма
Гранит, струшки Илинден и на австриската Алпине Бау, кои мора да ги
запазат роковите за рехабилитација на овие делници чија вкупна должина
изнесува околу 330 километри. Од нив најдолга и најоштетена е делницата
Струмица - Дојран, потоа Макази - граница со Грција, Ржаничино - Свети
Николе, како и Лакавица - Неготино. Сите овие делници се со должина над
30 километри. Меѓу селата Превалец и Стојмирово, како и помеѓу Давидово
и Раброво ќе се реконструираат по 13 километри, додека на преостанатите
четири патни правци ќе се врши нивна ревитализација во должина од 25
километри.
Охридската обиколница треба да заврши за половина година а речиси
две години работа ќе бара изградбата на патот до ски центарот Кожуф во
должина од 17,5 километри, а слично времетраење ќе има и патот Штип -
Струмица и од месноста Коломот до селото Близанско. Со буџетски
средства ќе се реконструира делницата од Тетово до граничниот премин
Јажинце, а пари се предвидени и за патот до Сончев град и за
продолжување на третата лента Градско - Прилеп до Росоман и од Дебар до
Кичево. За наредната година е предвидена да заврши и автопатот Куманово
- Табановце што е инвестиција од 12 милиони евра, а средствата се
обезбедени од државната каса и заем од Светската банка.
Од Владата која ја крои инвестициската политика во патната
инфраструктура велат дека за реконструкција на патната инфраструктура
во земјава се обезбедени највисоките инвестици во историјата што ќе
бидат реализирани во предвидените рокови. Инаку, во Агенцијата за
државни патишта велат дека се подготвува документација за
реконструкција на уште девет патни делници за кои се обезбедени
средства од Европската банка за обнова и развој. Станува збор за
двегодишен проект што треба да почне да се рализира од наредната година.
За натамошното унапредување на патната мрежа, како што велат од
Министерството за транспорт и врски ќе се спроведува концесионерство на
кое на повикот од Агенцијата за државни патишта интерес покажале
40-тина компании. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3125DC4465906A4A95BC6C35AF4FE79C |
Edited by Cloverstack - 24-Jul-2009 at 14:53
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#8 Posted: 24-Jul-2009 at 15:13 |
На „трансферзалата“ засега има расфрлано земја на околу 500m (20% од трасата) и толку... 1  2  3  4  5
Edited by Cloverstack - 24-Jul-2009 at 15:22
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#9 Posted: 27-Jul-2009 at 19:12 |
Една фотка од Булевар Туристичка (кое безвезно име)
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#10 Posted: 16-Oct-2009 at 01:38 |
Охридската обиколница ќе се асфалтира напролет
Изградбата на булеварот Железничка, кој е единствена обиколница околу центарот на Охрид, ќе биде завршена идната година. Од
локалната самоуправа од Охрид објаснуваат дека во тек е процедурата за
распишување тендер за атмосферска канализација, а напролет ќе бидат
завршени сите активности за поставување на асфалтот.
-
Реализацијата на проектот доцни затоа што се појавија проблеми со
сопственоста на земјиштето. На дел од него се' уште не е извршена
експропријација, а некои од документите за оној дел каде што е извршена
се од пред 20 години и тешко се наоѓаат. Исто така, некои од
сопствениците не се задоволни од надоместокот што им бил исплатен за
земјиштето во минатото, но верувам дека сево ова ќе се реши во најкус
можен рок - изјави Александар Петрески, градоначалник на Охрид.
Тој
нагласи дека е задоволен од тоа што нашле заеднички јазик со
Министерството за транспорт и врски и очекува успешна натамошна
соработка.
Асфалтирањето на овој булевар, кој е од витално
значење за сообраќајот во Охрид, многупати досега беше предмет на
политички препукувања меѓу централната и локалната власт. (Е.Е.) |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3ECF57607177CA438A3A45F3A22F36EF
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#11 Posted: 10-Dec-2009 at 00:11 |
Охрид гради булевар „Јордан Мијалков“ Охридската
источна трансферзала, која уште е во изградба, ќе го носи името на
првиот министер за внатрешни работи на Македонија, Јордан Мијалков.
Вака одлучи Советот на Општината по предлог на пратеничката група на
ВМРО-НП. Изградбата на овој важен булевар во Охрид почна пред околу
еден месец, а според планираното, најверојатно ќе заврши до крајот на
идната година. Источната обиколница ќе треба да се поврзе со
регионалниот пат Охрид-Битола, со што значително ќе го растовари
сообраќајот низ централното градско подрачје во текот на летните
месеци.
Паралелно со активностите за изградба на новиот
булевар, интензивно се работи на асфалтирање и на булеварот Железничка,
кој се смета за северна обиколница на Охрид.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=684F3A0151DCA64982958CC35D5297D5 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#12 Posted: 16-Dec-2009 at 03:40 |
 Мошне интересно... Изградбата на „трансферзалата“ почна во септември 2008, во мај 2009 ни кажаа дека ќе завршеле за пола година, а сега во декември 2009 ни кажуваат дека изградбата почнала пред еден месец и дека (пази, најверојатно) ќе завршела до крајот на 2010.  Сето ова е регистрирано во нишкава! Еве подолу една фотка од викендов. Се работи за оној мал дел од трасата што е „пробиен“, северно од бензинската на Макптрол. Не дека е нешто мрднато од летово навака, туку чисто да го евидентираме застојот. Инаку барав дали се гради и на некој друг сегмент и таков не најдов. Единствено што забележав дека на една уличка која можеби ќе биде дел од трасата имаше оставено купишта рабници, но воопшто не сум сигурен дека уличката е дел од проектов. Важно, име веќе одбраа. Сега кога „главното“ прашање е решено, може повторно да се опуштат 
Edited by Cloverstack - 16-Dec-2009 at 03:42
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#13 Posted: 28-Dec-2009 at 01:11 |
Ќе се реконструира една од најстарите охридски улици Во
првиот квартал на 2010 година во Охрид ќе почне реконструкција на
улицата Абас Емин, која е една од најстарите и најфреквентни улици во
градот. За овој комунален зафат, Општината планира да потроши околу 20
милиони денари. Освен асфалтирањето на улицата ќе се реконструира и дел
од водоводниот систем кој минува покрај неа, а ќе бидат поплочени и
тротоарите.
- „Абас Емин“ ќе се реконструира по целата
должина, почнувајќи од пресекот со булеварот Туристичка па се' до
пресекот со булеварот Железничка. Со реконструкцијата на оваа
сообраќајница не само што ќе се реши еден од поголемите проблеми на
граѓаните што живеат во овој дел од градот туку и ќе се придонесе оваа
улица да добие современ лик, кој треба да го имаат сообраќајниците од
централното градско подрачје - велат од Општината.
Паралелно
со реконструкцијата на оваа поголема сообраќајница, в година Општината
планира да реконструира и уште неколку други улици во Охрид.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1043D5C8A25CF440B10D78E46D46AA1A |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#14 Posted: 29-Jan-2010 at 01:36 |
Охридската обиколница се подготвува за асфалт
 Со
поставување на цевките за атмосферската канализација деновиве треба да
почне завршната фаза од подготовките за асфалтирање на булеварот
Железничка во Охрид. Градежната механизација е на терен, а
поради изведување на градежните работи има стеснување на неколку места
од булеварот, па на учесниците во сообраќајот во овој дел од Охрид им
се препорачува внимателно возење. Асфалтирањето на овој булевар, кој е
единствена обиколница околу центарот на Охрид, доцни неколку години
поради проблеми со сопственоста на земјиштето, како и поради
препукувања меѓу централната и локалната власт.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=126402B281BAC14CA96DD2EA3AE98F81 |
?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#15 Posted: 08-Feb-2010 at 19:33 |
Ај нека оди овде...
Нови патиштата за повеќе охридски села Охридската
локална самоуправа планира да потроши околу 2,5 милиона евра за
реконструкција на локалните патишта и улици во селата. Реализацијата на
овие проекти, според развојните програми на општината, планирано е да
биде завршена до 2012 година.
Најголем дел од парите ќе
се потрошат за асфалтирање улици и патишта во село Лескоец, или околу
700.000 евра. Од нив околу 600.000 евра ќе бидат наменети за поправка
на локалниот пат од селото Лескоец до црквата „Св. Богородица“ во село
Скребатно, а околу 100.000 за асфалтирање на улиците во селото.
Во
развојната програма е опфатено и обновувањето на локалниот пат до
селото Велестово, за кој Општината ќе издвои околу 320.000 евра.
Значајна сума ќе биде потрошена и за реконструкција на локалниот пат од
булеварот Туристичка, преку селото Орман, до селото Лакочереј и
локалниот пат во делот од Прентов Мост до селото Куратица.
За реализација на овие два проекта планирани се вкупно 390.000 евра.
Предвидено
е да се поправат и локалните патишта до селата Велгошти, Елшани,
Свињиште, Рамне и Завој, а ќе бидат асфалтирани и селските улици во
Расино, Подмоље, Љубаништа, Сирула, Орман, Трпејца како и повеќе
мостови.
Најголемиот дел од парите за овие проекти ќе бидат
обезбедени преку Министерство за транспорт и врски, односно преку заем
од Светска банка, а останатиот дел ќе ги обезбеди Републичкиот фонд за
патишта. (Е.Е.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5B616C156D97A943ADBF355C8577602E
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#16 Posted: 09-Feb-2010 at 05:31 |
Републичкиот фонд за патишта колку што знам е одговорен на М и Р патишта, а не за Л категорија. Сепак го поздравувам потегот што се изнашло модус да се санираат и изградат патиштата. Зато а ја видов вцести и се помислив али предходно да ја постирам, пошто обично за Л патишта и не следиме многу. Инаку колку што оддмана се сеќавам околу некои избори мислам дека во владината програма и имаше некој проект пат до секое село, ама не сум точно сигурен. Патиштата до селата ни се во очајна ситуација и примарниот проблем зашто не ни се развиени селата, нормално покрај другите фактори.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#17 Posted: 06-Apr-2010 at 21:37 |
На охридската обиколница, ништо ново  Сликите се однесуваат на делот од бензинската станица па до 6тата црвена точка гледано од доле на мапата.  1  2  3  4  5  6  7
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#18 Posted: 11-May-2010 at 12:02 |
Камион пропадна в земја
 На
заобиколницата на Охрид, на улицата Железничка, повеќетонски камион
пропадна в земја. Повредени нема, направена е само материјална штета. Повеќетонецот
пропаднал наеднаш, откако поради големата тежина се распукала земјата
под него. Сe се одвивало пред очите на жителите кои тука живеат во
бараки. "Камионот почна наеднаш да пропаѓа. Луѓето почнаа избезумено
да викаат. Се уплашивме дека заедно со него ќе биде повлечена и некоја
од бараките. Овде се гради неколку месеци, ама никој не води грижа за
сигурноста на нашите објекти", вели жител од населбата.
http://vest.com.mk/?ItemID=A6B76F60A783984DA468AE8BD16F21CE |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#19 Posted: 11-May-2010 at 14:12 |
Арно што пропаднал сега, а не после асфалтирањето и пуштањето во употреба. Сигурно фирмата што го тампонирала патот е многу горда за своето достигнување!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#20 Posted: 11-May-2010 at 17:09 |
kineska rabota za ovoa im se smeevme na kinezite a eve i kaj nas se slucuva
|
 |