Патешествија |
Post Reply | Page 12> |
Author | ||||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply
#1 Topic: Патешествија Posted: 13-Aug-2010 at 00:30 |
|||
Дел од моето патешествие до некоја интересна плажа. Не баш најдобар избор, ама ко за чудо таму немав одено, а цела држава имаше, па морав да одам
---- Првиот дел беше од Лерин до Солун, 10€ повратен билет, доколку одите од Скопје чини 20€ (ако сакате повратен од Скопје до Гевгелија, и од Гевгелија повратен до Солун, ќе ве чини 13€). ---- Патот што го поминав беше овој: Одевме од Солун до Неи Пори (на нашки познато како Неапори), со проастиакос - Сименс Дезиро. Со него секоја постојка/станица чини 1 евро, и вози сè до Лариса (десет постојки по пат, значи цена 10€ во еден правец). За студенти има попуст 25%, а за обичен повратен има 20%. Тие секако не се придодаваат еден на друг. До Неи Пори беа 8 станици, значи 16€, минус 25% = 12€. Иако е на патот за Атина, возовите за Атина не застануваат тука (бидејќи се или IC, или ICE), освен возот 605 на кого му требаат цели 7 часа за да стигне до Атина. Со него до Неи Пори чини околу 6,5€ ама времињата се многу терсене и џабе ќе мора да платите преноќевање, и со тоа не добивате ништо. Значи вози и проастиакос за Лариса, и 605 за Атина. Еве го билетот од централната станица: Еве го билетот од попатните станици: ---- Еве ги попатните станици: 1. Θεσσαλονίκη - Салоника - Солун (почетна станица) Малку ентериер: ---- 2. Άδεντρο - Адендро (нема име на наше, ама демек Бездрвово) ---- 3. Πλατύ - Плати (исто така нема име на наше, ама демек Широко) ---- 4. Αιγίνιο - Егинио - Либаново ---- 5. Κορινός - Коринос (ме мрзеше да сликам) ---- 6. Κατερίνη - Катерини (ме мрзеше да сликам) ---- 7. Λιτόχωρο - Литохоро (демек Камено Село) ---- 8. Νέοι Πόροι - Неи Пори (демек Нови Извори) (на средните ленти фучат IC и ICE со ~150 km/h). ---- И две идиотски клипчиња, едното на излезот од Солун, другото од пристигнувањето на проастиакос во Неи Пори: Edited by гитардемон - 13-Aug-2010 at 01:07 |
||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2 Posted: 13-Aug-2010 at 17:55 | |||
Репортажава е практично целосно во врска со железницата, што велиш да ја префрлиме во железница > од соседството ?
Инаку како поточно функционира тоа со билетите од попатните станици? Edited by Cloverstack - 13-Aug-2010 at 17:56 |
||||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #3 Posted: 13-Aug-2010 at 19:32 | |||
Нема проблем, која категорија цениш дека е поточна, таму.
А ова со билетите горе-долу функционира исто како во градските автобуси. Ако се качиш со ваков билет од три евра (кој го валидираш исто како во градски автобус), смееш да се возиш 3 постојки. Си пишува таму на која постојка е валидиран и време и датум и слично. А да го валидираш подоцна, па да ти испадне за неколку постојки плус, ако те фатат без валидиран билет, исто како без билет. Испаѓа дека е систем на доверба. Не е дека не можеш да лажиш, ама кондуктерите не се од вчера Не би рекол дека е најсреќно решение, но е 99% ефикасно, а и прилично брзо, барем од моето искуство. |
||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #4 Posted: 13-Aug-2010 at 20:49 | |||
Одлично репортажа, гитар
Само мора да била голема вручина па си пропуштил уште две станици. THESSALONIKI * SINDOS ADENDRO PLATY EGINIO KORINOS KATERINI LITOHORO * LEPTOKARIA NEO PORI |
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #5 Posted: 14-Aug-2010 at 02:08 | |||
Во право си, сосем ги изумив. Синдос е прва станица од Солун, но си реков штом не сликав, веројатно не застанавме таму Не се возам често со проастиакос па не знам точно каде застанува. (Иако Синдос е повеќе од очигледно)
Инаку секој кој има можност да се вози во Сименс Дезиро нека го направи тоа. Вожњата е подобра и од авион! Останав навистина без зборови овој пат. |
||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #6 Posted: 14-Aug-2010 at 10:35 | |||
Одлична репортажа Гитардемон.
Дали знаеш колку чини повратен билет Солун-Неи Пори-Солун и Солун-Парајлија-Солун, посебно за патничките возови? Инаку, во однос на купувањето на карта Скопје-Гевгелија, Гевгелија-Солун, дали е можно да се симнеш во Гевгелија и да си купиш карта за до Солун, т.е. дали прават проблеми од царина/полиција? Оффтопик, дали железничката и автобуската станица во Солун се бајаги оддалечени за евентуален трансфер? Ако можеш одговори ми на прашањава, многу ќе ми помогнеш. |
||||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #7 Posted: 14-Aug-2010 at 15:27 | |||
Благодарам, се надевам дека во иднина ќе имам повеќе време за вакви работи.
Солун - Неи Пори чини 13€ повратна, а 8€ во еден правец. Оваа цена важи за сите возови кои се proastiakos (воз за предградијата) возови (15xx и 25xx), освен со возот 605 за Атина кој чини околу 7€ повратна. Како што гледаш од табелите подолу времињата не се баш најдобри за тој воз, па наместо да заштедиш, ќе загубиш плаќајќи за екстра преноќевање, и заминувајќи во 9 наутро. За Неи Пори: За Солун: Еве ги и линиите кои возат. Значи возовите за Лариса/Калабака, и еднаш денот возот за Атина. ----
Имаш прилично време и нема никаков проблем, само почекај да помине полицијата и кажи им дека ќе одиш по карта. Тоа го прават сите, па и на шалтерот нема да имаш никаков проблем. Скопје - Гевгелија 320 денари повратна, Гевгелија - Солун 9€ повратна (за младинци до 26). Ако си живееш со грчките кондуктери наместо од Гевгелија (меѓународен билет), можеш да купиш карта од грчката граница (Идомени - меѓуградски билет) која чини 3€ повратна. Ама ако не, ќе си платиш плус цел билет
Зависи дали сакаш да одиш до терминалот за Халкидики, или до терминалот за (Егејска) Македонија. KTEΛ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑΣ е терминалот за северна Грција и е многу блиску до железничката, а ΚΤΕΛ ΧΑΛΚΙΔΙΚΗΣ е терминалот за Халкидики и е добри 10 километри од железничката. Од железничка ќе си го фатиш автобусот 45, 45А, 45В кој е експресен и застанува на само 4-5 места по пат. Картата е 70 центи во автобусот. Само прашај во кој правец вози пред да се качиш, бидејќи вози од ктел македониас, преку железничка до ктел халкидикис, и обратно. Па ако се качиш во обратниот правец ќе те однеси на грешната автобуска Се надевам бев доволно јасен. |
||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #8 Posted: 10-Sep-2010 at 22:06 | |||
--- Lillafured ---
Моја дестинација е градот Мишколц на северо-исток од Унгарија со својата преубава околија и монденското излетничко место Лилафиред. Пристигнувам на пекрасната железничка станица Miskolc изградена 1901 година од познатиот архитект Ferenc Pfaff во еклектичен стил (иначе негови градби помеѓу другите и станиците во Братислава, Загреб, Риека, ...) Од тука со транвај бр1 се стигнува до Dorottya utca и станицата Kilian за 350 Ft. (~1.2 euro) за карта купена во транвајот до моето одредиште. Лилафиред државна шумска железница - Lillafüredi Állami Erdei Vasút - LÁEV Тука сообраќа малата железница од 760 мм. во должина од 34 км. изградена во далечната 1919/1920 година. На почетокот истата работела само за фабриката за хартија Mahoca пренесуваќи дрвена граѓа од шумата а подоцна 1924 е пуштена е и за граѓанство. Уште во тоа време од 1928-1929 до тоа монденско место идела бензинска моторна кола Ganz & Co Danubius Machine од самиот град испред црквата св. Anne до елитниот Palace Hotel. Подоцна трасата е скратена од страна на градот од областа Kilian-Eszak до сегашното излетничко место Lillafired и Garadna во должина од 14 км. Постои уште еден крак од Kilian-Eszak преко Papirgyar до Taksalapa во должина од 16 + 4 км. На денот на моето присуство сообраќаа две дизел хидраулични локомотиви Rába M041 или MAV Mk 48, B' B', изградени 1961 год. со број D02-508 и D02-510 |
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #9 Posted: 10-Sep-2010 at 22:09 | |||
На оваја траса сообраќаат уште и локомотивите C02-407, D02-506 и две мали дизелки тип C-50, на моја жалост порано имаше и една парна локомотива 447-401, но мислам дека таа денеска работи замо на захтев.
Летната композиција е составена од 3 отворена Orenstein & Koppel и MÁV Miskolci Főműhely од 1928 год. и еден затворен вагон. Иначе постојат вкупно 12 отворени и 8 затворени вагони. Трасата на почеток проваѓа поред викен даселба а подоцна полека се искачува и утопува у прекрасно зеленило. Се завлекува длабоко во густа шума преваѓајќи два тунела, два вијадукта, тврдината Diósgyőr и покрај самото езеро Hámori. И малиот воз пристигнува во преубавата станица LiIlafured по кое е добиено и името на самата железница. Иначе за нас познатиот T-Mobile е генерален спонзор на оваја туристичка железница. |
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #10 Posted: 10-Sep-2010 at 22:10 | |||
Место како од разгледница, заробено во тишина и зеленило секаде околу тебе, прав рај за обнова на тело и душа.
|
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #11 Posted: 10-Sep-2010 at 22:16 | |||
Иначе оваја година голем дел од трасата беше отсечени и однесен од буица после катастрофалните дождови а еден дел од трасата од 40 м морал да биде потполно заменет.
И на крај на оваја кратка репортажа и распоред на поаѓањето за оние кои имаат намера да ја посетат оваја прекрасна туристичка атракција за која картата чини 600 Ft. (~2.1 eur). Иначе возот иде и во периодот околу Нова Година а нарочно за za Mikulas - sv. Nikola на радост на децата. Цело време мојата мисла е: Дали ние можеме да го вратиме некогашниот мал воз кој тргнуваше од градскиот парк во Скопје па се до Сарај ??? |
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #12 Posted: 11-Sep-2010 at 20:05 | |||
Прекрасна железничарска репортажа, нема што!
Владимир, малото вовче до Сарај тешко дека ќе може да го вратиме, ама мислам дека би било феноменално да се направи теснолинејка Охрид-Струга измеѓу стариот и новиот пат. Тоа би било вистинска туристичка атракција(оваа идеја ми е оригинално смислена во Охрид)! Инаку не сум знаел дека Раба произведувала и дизел-локомотиви, цел автобуски транспорт во Унгарија е патриотски-РАБА автобуси, од кои воопшто не сум импресиониран. |
||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #13 Posted: 11-Sep-2010 at 21:09 | |||
Ајде едно off нема да смета, можда треба посебна тема за ова но малиотт воз „Пионерското вовче“ може да се „врати“ за многу мали пари.
Поголем проблем е како ќе ги натераш општините да соработуват во оваква идеја за која чак и страни фондови можат да се добијат. рута по која би идела оваја траса градси парк - општина центар градси парк - општина карпош течение на р. вардар - општина ѓорче петров рекр. цент сарај - општина сарај езеро треска - општина сарај матка - општина сарај Е сега спои партии, интереси, суети, ... |
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #14 Posted: 11-Sep-2010 at 23:09 | |||
Не е ова ниту нафтовод АМБО, нитѕ коридор 8 па да сме во којзнае каква политичка тешкотија. Одма а приори да констатираме дека не иде ради ради градоначалници од различни партии е кревање раце. Вакво проект си го води град Скопје, ако веќе некогаш се прави. Треба да си го вцрта прво во ГУП и после да си го истера. Владимир мислам дека прв чекор е иницијатива да се внесе во претстојниот ГУП што се изготвува и се планира да се донесе за две години, па после тоа да се бара начин за реализација.
|
||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #15 Posted: 16-Jan-2011 at 01:24 | |||
На германскиот сајт за железница http://www.drehscheibe-online.de/ е објавен подолг патепис со воз низ Балканскиот полуостров, од страна на двајца љубители на железницата во летото 2010 година.
Досега за Македонија е објавена репортажата за патувањето од Бар за Скопје со туристичкиот воз Скопје-Бар-Скопје и репортажата за патувањето Скопје-Битола и Кичево-Скопје со воз. Оние кои знаат германски ќе можат да разберат како другите гледаат на нашата железница(сите возови им доцнеле бар по половина час во земјава), а за сите останати постои Google Translate . Наскоро следи и репортажа од возот Скопје-Солун на истиов сајт. Изберете ја опција Ausland и Auslandsforum "classic", а потоа [MK]Balkan-Abenteuer Teil 10: Skopje-Bitola-Ohrid-Kicevo-Skopje (m53B) и [MK]Balkan-Abenteuer Teil 9: (Bar-) Skopje (m26B). |
||||
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #16 Posted: 25-Feb-2011 at 12:48 | |||
Ова ќе биде нешто слично како Балкан Експрес мината година!? Edited by Danielbtmk - 25-Feb-2011 at 12:50 |
||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #17 Posted: 29-Jun-2011 at 23:43 | |||
Во октомври треба да очекуваме агенциски воз на линија Братислава - Скопје - Братислава кој ќе ги донесе словачките фудбалски навивачи на натпреварот во Скопје. Морам да признаам дека цената за картата за овој воз е пресолена.
Еве ја понудата: Za futbalom do Skopje 10. 10. – 12. 10. 2011 Byť fanúšikom je kolektívny prejav, ktorý sa nemusí realizovať len na samotnom štadióne, ale i počas cesty na zápas. Pre všetkých fanúšikov je vlak veľmi vhodným dopravným prostriedkom na to, aby sa dostali do dejísk ME. V roku 2012 hrá Slovensko kvalifikačný zápas o účasť na ME vo futbale aj v Skopje, hlavnom meste bývalej Juhoslovanskej republiky Macedónsko. Program zájazdu: 1. deň (10. 10. – 12. 10. 2011) odchod z Bratislavy hl. st. cca o 14:00 2. deň (11. 10. 2011) príchod do Skopje cca o 10:00 návšteva kvalifikačného zápasu na Majstrovstvá Európy 2010 vo futbale Macedónsko – Slovensko odchod späť o cca 22:30 3. deň (12. 10. 2011) príchod do Bratislavy hl. st. cca o 19:00 Cena: 169 EUR/osoba v oddieli pre max. 4 osoby 124 EUR/osoba v oddieli pre max. 6 osôb Cena zahŕňa: spiatočnú dopravu vlakom • 2x nocľah v ležadlových oddieloch • zábavu v spoločenskom vozni • V cene nie je zahrnuté: komplexné cestovné poistenie • vstupenka na zápas • http://www.wagonservice.sk/zajazdy-party-vlaky/za-futbalom-do-skopje-2 |
||||
marfimk
Senior Member Joined: 18-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 195 |
Quote Reply #18 Posted: 23-Sep-2012 at 14:56 | |||
Здраво
Најмногу го посетувам форумот за Колекционерство, но ова одоговара за овде. Ова се слики кои ги направив кога бев во Украина на почетокот на Септември. |
||||
marfimk
Senior Member Joined: 18-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 195 |
Quote Reply #19 Posted: 23-Sep-2012 at 15:00 | |||
И еве некои слики од условите внтаре , во вагоните за спиење:
Да напомена ова им се најскапите и најексклузивните вагони.... |
||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #20 Posted: 23-Sep-2012 at 18:28 | |||
|
||||
Post Reply | Page 12> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |