build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)
    Posted: 12-Nov-2007 at 18:59
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F7583218C3E9F2409EC0F7173779DCA7


Автобусот број „13“ од денеска ќе вози цел ден

Во шпицовите автобусите ќе сообраќаат на 25 минути, а во остатокот од денот на 40 минути


Линијата на бројот „13“ останува иста, од Кисела Вода до Железарница

Автобусот со број „13“, кој сообраќа од Кисела Вода до Железарница, од денеска ќе вози преку цел ден. По барањата на граѓаните, на дел од советниците во Градскиот совет, а најмногу на студентите, овој автобус кој досега сообраќаше само двапати во денот во иднина ќе ги опслужува граѓаните постојано. Во време на шпицовите, односно од 6 до 9 часот наутро и од 14 до 17 часот попладне, автобусите ќе сообраќаат во интервал од 25 минути, додека, пак, во остатокот на денот на 40 минути. Во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека линијата останува иста, значи од почетната станица во Кисела Вода до населбата Железарница, со тоа што ќе бидат вклучени поголем број возила. Линијата со број „13“ се движи по улиците „Христо Татарчев“ и „Првомајска“, булеварите „Србија“ и „Александар Македонски“ и по улицата „Коце Металец“.

Од ЈСП се надеваат дека со оваа промена на редовноста на „13“-ката ќе им излезат во пресрет на граѓаните, а особено на студентите од населбите Кисела Вода и Јане Сандански низ кои поминува линијата и кои ќе го користат овој автобус да стигнат до Шумарскиот факултет, Факултетот за ветеринарна медицина и до Природно-математичкиот факултет. Автобусите шест дена седмично ќе сообраќаат преку цел ден, додека во неделите линијата ќе биде редуцирана. Според директорот на ЈСП Орце Георгиевски, засега не може да се претпостави дали линијата ќе биде рентабилна, но, сепак, се надева дека ќе ги задоволува потребите на жителите на неколку поголеми скопски населби. (В.Д.)




Edited by Cloverstack - 12-Nov-2007 at 19:00
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Apr-2008 at 16:52
Абе да ве прашам нешто! Ме интересира кој ги одредува трасите на градските линии и кој ги одредува броеви?! И зашто има броеви за којшто нема линни како 1,6 и други?! Ја се мислам дека линиите се одрдуваат според ГУП, зашто линијата 13 што иде од автокоманда до киселса вода, планирано е да иде по продолжетокот на бул србија којшто сега се прави. Мислам дека оние линии како 1 и 6 се испланирани ама ќе се возат кога ќе се изградат улиците за коишто се планирани! Ај ако знае некој точно како иде оваа работа нека објасни!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Apr-2008 at 20:24
Во Солун нема единица (демек нешто прва линија да нема привилегирана), нема тринаесетка (демек малер), и некои други датуми од некои мрачни настани за нив. Значи некое суеверие.


Edited by гитардемон - 08-Mar-2010 at 21:20
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Jun-2008 at 10:55
Кај им текнува на вакви оригинални решенија LOL

Убаво за трудот но има многу поедноставни, поефикасни и постандардни начини за презентација на линиите

http://www.jsp.com.mk/gradskil.php?idJazik=1
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Oct-2008 at 23:07
Pred 5-6 godini Skopje imase nokni avtobusi na gradski prevoz megutoa deneska tie ne postojat. Ne znam koja bese pricinata JSP da gi ukine megutoa smetam deka deneska postoi potreba za niv no me interesira i vaseto mislenje dali se potrebni i dokolku e taka kako bi mozele da se vratat na skopskite ulici.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Oct-2008 at 16:05
мислам дека е потребно, бидејќи скопје е секогаш активно најмалку до 1:00, ако ништо друго барем преку викенди нека има ваков термин
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Oct-2008 at 21:26
веројатно го знаете но како и да мора да го пофалам:
http://www.jsp.com.mk/gradskil.php

интересно и корисно
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Oct-2008 at 18:51
Здраво дечки, јас сум нов на форумов, живеам во Словенија ама многу ме интересира како напредува нашата државичка.
Темава за градскиот превоз ми е особено интересна, но неможам да се изначудам на некомпетентноста и несериозноста на одговорните лица.
Би сакал да укажам на целосната нефункционалност на целиот систем за градски транспорт во Скопје и ке направам споредба со 3 пати помалата Љубљана каде и студирам.

1. Распоредот на линии во Скопје е целосно застарен и не одговара на денешните потреби на патниците (подрачјето околу Стара Жел. Ст. кое интензивно се развива го опслужува само линијата 9 која вози кон Чаир. Каде се тука врските со Аеродром, Карпош или Автокоманда? Потоа големи и важни за градот улици како Илинденска, Рузвелтова, Даме Груев, Орце Николов, 8ми Септември и многу други се оставени без линии или со по една нередовна.) Огромен дел од линиите возат по главните патни артерии на градот притоа оставајки цели населби без соодветна поврзаност (ако учиш во гимн. Орце Николов и живееш во Центар како јас треба да пешачиш 10 мин од Партизанска до Илинденска).

2) Доста од линиите се дуплираат по својата траса а нема главни станици за трансфер на линиите. На пример во Љубљана постојат 2 т.н. трансферни каде што се вкрстуваат сите можни градски линии. Се разбира кај нас би биле потребни најмалку 5, но не постоечките кои ионака го оптоваруваат централното подрачје а не те оставаат блиску до голем дел од центарот.
Еве шема на градскиот превоз во Љубљана да се разјаснат работите
http://www.jh-lj.si/upload/lpp/MPP/shema_MPP.pdf

3) Треба да размислиме за воведуванје на т.н. Експресни линии. Да речеме Ѓорче Петров --- Ново Лисиче. На крајните станици на линијата би имало  P + R (Park and Ride) центри каде што луѓето кои доаѓаат од двата влеза на градот ги оставаат колите и се возат со градски транспорт. Линијата би застанувала само на главните 5-8 станици и би била исклучително примамлива (нпр тука со купување на карта за паркинг добиваш гратис повратна карта за градски автобус).

4) Воведување на повеќе зглобни автобуси во сообраќај (особено на тие линии каде што токот на патници е голем и оние кои сообраќаат по големите булевари како 15, 5, 50, 2 итн). Кратките автобуси би ги распоредил по линиите кои (би) сообраќаат по улиците и тесните делови на градот. Тука 90% од автобусите се зглобни и вршат одлична работа.

5) За тие двоспратни автобуси воопшто и не ми се зборува мислам дека на сите ни е јасно дека тоа е чиста глупост и ке му донесе само штета како на градот така и на ЈСП.

Толку за сега, кога ке ми каже некој како се постираат слики, ќе го надополнам мислењево со примери од тукашниот транспорт. Ме интересира што мислите за идеите кои ги дадов горе. Поздрав до сите...Smile

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Oct-2008 at 19:05
Андреј Љ добредојде на форумов. Драго ми е што имаме прв член од словенија. Твоите ставови се прилично аргументирани, а и доста внесоа ново во дискусијава која во последно време се врти само околу двокатните автобуси. Добра ти е идејава со П+Р. Тука мислам дека добро може да се искористат гаражите на ЈСП (кои се по периферните населби), преку ден се празни додека голем број од автобусите се на терен!

Еве ти упатство за постирање http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Oct-2008 at 19:19
Андреј, добредојде и од мене. Анализава и поентите што си ги направил и те како држат вода. Би додал само дека реално фалат некои клучни алки во примарната сообраќајна мрежа во Скопје (планирани а неизградени) за да може уште порадикално да се пристапи кон поефикасна реорганизација на јавниот автобуски сообраќај, но и без нив може да се пристапи кон точките 1 и 2 според моменталната ситуација на терен, а точките 3,4 и 5 ги тангира уште помалку.

Но моменталната ситуација очигледно е резултат на тоа дека недостасува издржана и опсежна студија на ова поле, а одлуките и концептите се донесуваат во голема мерка паушално. Таквиот пристап еве го крунисавме со оваа будалаштина за двокатните автобуси.




Edited by Cloverstack - 20-Oct-2008 at 19:21
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 20-Oct-2008 at 19:27
Андреј здраво и од мене Cheers Одличен прв пост на кој што нема многу што да се додаде.

1. Супер поента. Бидејќи како помлад и не бев преголем љубител на пешачењето што гледам да го сменам денеска, раздалеченоста од автобуските постројки до голем дел од точките на зоните кои треба да ги опслужуваат секогаш била една од поважните причини зошто сум избегнувал јавен градски превоз. Ако на ова се надоврзе цената за такси во Скопје која во тоа време беше и 5 + 10/км изборот е јасен. Дефинитивно би било добро да се направи една сеопфатна анализа и се ова да се редефинира од корен.

2. Повторно се сложувам но за креирање на главниот јазол не гледам можност пред да се изгради тунелот под Плоштад Македонија со подземната постројка за автобуси и ЛРТ. Еден од јазлите дефинитивно треба да биде и транспортниот центар, поголемиот дел од линии што гравитираат низ центарот треба да проаѓаат од очигледни причини.

3. Особено ми се допаѓа оваа точка, стварно супер идеја, одличен концепт.

4 и 5 се веќе доста дискутирани на форумов и тука немам што да дополнам.

Cheers

Originally posted by lslcrew

Андреј Љ добредојде на форумов. Драго ми е што имаме прв член од словенија.


КамаЗ е од Словенија Poke


Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 15:40
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Oct-2008 at 13:50
Originally posted by Andrej_LJ

1. Распоредот на линии во Скопје е целосно застарен и не одговара на денешните потреби на патниците (подрачјето околу Стара Жел. Ст. кое интензивно се развива го опслужува само линијата 9 која вози кон Чаир. Каде се тука врските со Аеродром, Карпош или Автокоманда?

Андреј твоите ставови во исто време се издржани, но може и да се гледаат како порозни, еве нешто контрапункт на твојата мелодија.
 
дека распоредот на линиите во СК е аут сите од прва ќе се согласиме но европските експерти го демантираат тоа, па после малку анализа излегува сепак дека на развојот на јавниот сообраќај кај се работело и се работи, а и јсп колку што ми е познато редовно ја мери потребата од некоја линија, па онаму каде автобусите се вишак прво се пуштаат комбиња а после ако и тие се вишок се исклучуваат но во исто време се остава простор по барање на општината(граѓаните) некој правец да се реактивира или смени, ова предсе се јавува како последица на преголемата употреба на автомобили, па затоа и некои линии се тотално нерентабилни, поготово сега кога општините се задолжени да обезбедат организиран превоз за учениците. а што е до пешачењето и сам знаеш како е во европа каде дефинитивно на секој чекор нема автобуска...
Originally posted by Andrej_LJ

2) Доста од линиите се дуплираат по својата траса а нема главни станици за трансфер на линиите. На пример во Љубљана постојат 2 т.н. трансферни каде што се вкрстуваат сите можни градски линии. Се разбира кај нас би биле потребни најмалку 5

ниедна линија не е дуплирана од ЈСП, туку пред се од Слобода Превоз кои нормално како и во цел свет заради конкуренција фаќаат правци кои се рентабилни. ако убаво с погледне СК има такви 4 чвора: железничка, битпазар, рекорд и партизанска кои прилично добро функционираат само што информативниот дел изостанува т.е. тајмингот. инаку да има потенцијал скопје да формира попроточни трансферни точки но тоа е врзано со директно со инфраструктурата, пр. кога ќе се среди детелината на битбазар, или кога рекорд ќе стане пешачка зона а тунелот под плоштад ќе избие на партизанска, или јужен булевар кога ќе се пробие кај тутунски...
Originally posted by Andrej_LJ

3) Треба да размислиме за воведуванје на т.н. Експресни линии. Да речеме Ѓорче Петров --- Ново Лисиче. На крајните станици на линијата би имало P + R (Park and Ride)

ова држи но без да се ограничи пристапот во центарот(мал ринг) со такса како congestion charging истиов муабет нема да има ефект, исклучоци се службите за тревожење, таксистите и еко/хибридни автомобили имаат попуст, но сите останати треба ем оваа дневна такса да ја платат и плус паркинг место да најдат до своето одредиште, е во таков случај овој систем ќе има ефект, како што има и по цела европа па и во љубљана.
Originally posted by Andrej_LJ

4) Воведување на повеќе зглобни автобуси во сообраќај (особено на тие линии каде што токот на патници е голем и оние кои сообраќаат по големите булевари како 15, 5, 50, 2 итн). Кратките автобуси би ги распоредил по линиите кои (би) сообраќаат по улиците и тесните делови на градот. Тука 90% од автобусите се зглобни и вршат одлична работа.
5) За тие двоспратни автобуси воопшто и не ми се зборува мислам дека на сите ни е јасно дека тоа е чиста глупост и ке му донесе само штета како на градот така и на ЈСП.

да во LJ можеби се е зглобно но не е волку навалица колку што е во СК, инаку и во СК дневно има 170000 возила но сите крстарат низ градот, па е невозможно за единечните да се пробиваат а камо ли зглобните, затоа истите во СК ќе ја затнат мрежата па уште кога трамваи ќе се закачат на неа зглобните ќе бидат супер оптеретување. во таков случај двоспратните ќе се покажат како екстра решение и сообраќајно и безбедносно, а и естетски.



Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 15:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Oct-2008 at 14:20
Originally posted by beTon

а и јсп колку што ми е познато редовно ја мери потребата од некоја линија, па онаму каде автобусите се вишак прво се пуштаат комбиња а после ако и тие се вишок се исклучуваат
Верувам дека Андреј не зборуваше до толку за фреквенцијата на постоечките линии, колку за потребата од модификација на некои постоечки или воведување нови. Но мислам би се сложиле генерално дека до изградбата на неколку клучни сообраќајници, вистинско темелно преуредување кое ќе вроди со голем плод не може да има.


Originally posted by beTon

да во LJ можеби се е зглобно но не е волку навалица колку што е во СК, инаку и во СК дневно има 170000 возила но сите крстарат низ градот, па е невозможно за единечните да се пробиваат а камо ли зглобните, затоа истите во СК ќе ја затнат мрежата па уште кога трамваи ќе се закачат на неа зглобните ќе бидат супер оптеретување. во таков случај двоспратните ќе се покажат како екстра решение и сообраќајно и безбедносно, а и естетски.
Двоспратните во пракса ќе имаат ист капацитет како единечните, така да тој горен кат нема да служи никаква корисна функција туку само ќе креира редица проблеми кои меѓудругото силно ќе се одразат и на ефикасноста на јавниот превоз (помала коменрцијална брзина) и финансиите на јавното претпријатие (поголем трошок за ист/послаб ефект). Ако сообраќајната гужва е проблемот, тогаш низ закрчените делови нека се обраќаат единечни едноспратни автобуси, а артикулирани нека се користат таму каде што не би создавале проблеми. Во таа равенка нема место за двоспратни (освен евентуално неколку примероци за „имиџ“)


Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 15:47
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Oct-2008 at 14:52
Бетон и ти ставаш добри поенти на маса

Точки 1, 2 и 3 во твојата реплика се тесно поврзани и може да се резимира дека

- изградба на инфраструктурата која недостасува е императив
- потребна е поголема стимулација на користење на јавниот превоз и дестимулација на користење на коли и ова важи посебно за централното градско подрачје и тоа не мал туку голем ринг
- потребно е редефинирање на линиската мрежа и на главните јазли
- потребнао е дефинирање на P & R јазли

Веројатно овие проблеми треба и да се решат по овој редослед.

4. Воопшто не ти е констатацијата на место, Љубљана има многу поголема навалица на сообраќај од Скопје а ако го изземеме прстенот инфраструктурно стои доста послабо од Скопје. Словенците имаат култура да живеат во помали места а да работат во поголемите така да дневната миграција кон/од Љубљана е огромна и голем дел од овие луѓе мораат да патуваат со автомобил. Ако на тоа се придодаде фактот дека во Словенија се продаваа ~80.000 нови возила годишна (во споредба со ~8.000 во Македонија) по последните ХХ години сликата е јасна.

Така да во тој контектс двокатните автобуси не менуваат ништо (другите аргументи против нив се повеќепати кажани).




Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 15:48
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Oct-2008 at 14:53
@pbanks

за бројот на возила во СК знам само дека во 1998 имало 120000 па сега види за 10год. колку може да рипне, а за 170 проекцијата е дека таа бројка ќе биде сега на почетокот од следната декада, земи во предвид дека цела Македонија влегува и излегува од СК како институционално така и економски...




Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 15:51
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Oct-2008 at 16:44
Мене цело време ме мучи една друга работа. Еве дури и ќе се организира јавна расправа за автобусиве. Јас незнам што ќе се деси со таа јавна расправа. Вероватно пак ќе ја упропастат истите тие што мафтаа со икони, сега ќе мафтаат со слики од старо Скопје.

Дали некој се запрашал сиве овие години дали е потребна темелна ревизија и создавање на стратегија за јавен превоз. Дали некој го разгледал јавниот превоз во глобала. Сме се запрашале ли некогаш или дали па сме проучиле некогаш колку такси, колку автобуси и колку трамваи и слично му е потребно на Скопје. Па да составиме една стратегија за јавен превоз и во тој правец да се движиме. Сите бројки во јавниот превоз се паушални, број на таксисти е паушален, трасите на линиите не соодветствуваат со денешната состојба него со состојба од пред десетици години. Никој редовно не ги согледува тие проблеми. И како да се сите овие проблеми што ги набројав решени па сега како перверзија доаќаат 300 двокатни автобуси, кои ни мање ни више ќе се грижат за туристичкиот аспект, како да е тоа последен проблем што го има во Скопје.


Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 16:01
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Oct-2008 at 16:51

Мене цело време ме мучи една друга работа. Еве дури и ќе се организира јавна расправа за автобусиве. Јас незнам што ќе се деси со таа јавна расправа. Вероватно пак ќе ја упропастат истите тие што мафтаа со икони, сега ќе мафтаат со слики од старо Скопје.


Тоа е само резултат на политизацијата на нашето општество и во тие сфери каде треба да постои само стручен збор. Секако ова не е нова појава и не почнува од сегашнава гарнитура но дефинитивно добива на сила. Сепак ќе прекратам бидејќи дискусијата не е за тука.


Дали некој се запрашал сиве овие години дали е потребна темелна ревизија и создавање на стратегија за јавен превоз. Дали некој го разгледал јавниот превоз во глобала. Сме се запрашале ли некогаш или дали па сме проучиле некогаш колку такси, колку автобуси и колку трамваи и слично му е потребно на Скопје. Па да составиме една стратегија за јавен превоз и во тој правец да се движиме. Сите бројки во јавниот превоз се паушални, број на таксисти е паушален, трасите на линиите не соодветствуваат со денешната состојба него со состојба од пред десетици години. Никој редовно не ги согледува тие проблеми. И како да се сите овие проблеми што ги набројав решени па сега како перверзија доаќаат 300 двокатни автобуси, кои ни мање ни више ќе се грижат за туристичкиот аспект, како да е тоа последен проблем што го има во Скопје.


Можеби вакво нешто постои но пристапот до тие информации е крајно нетранспарентен а истите воопшто не се земаат во предвид при влечењето потези. И тука се враќаме на претходната точка, политизација на општеството.


Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 16:01
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Nov-2008 at 22:16
НОЌНИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ:
Дојде време и Скопје како сите нормални големи балански градови да помисли и на ова прашање. Неможе толкав град, притоа главен да си дозволи граѓаните данемаат колку-толку 24 часовен јавен превоз. Еве го мојот предлог: Да има 6 ноќни линии кои биги спојувале главните населби на градот со центарот. Линиите би функционирале од 1 или  2 часот после полноќ до 5 наутро кога и почнува дневниот возен ред. Сите би трнувале на половина саат од Рекорд кон населбите и обратно. Би им дал диференциани бројки (да речеме 100-105) чисто заради разликување.
Линија 100: Рекорд-бул Партизанска-Порта Влае (и обратно). Таа ги опфаќа Карпош 1-4 и Влае.
Линија 101: Рекорд-ул. Митропполит Теодосиј Гологанов-Ѓорче Петров (и обратно). Опфаќа Капиштец, Тафталиџе, Влае како и два студентски дома (мислам дека Кузман и Г. Делчев). Тоа е особено важно бидејки главните корисници на ноќните линии се токму младите и студентите.
Линија 102: Рекорд-Гл. Жел. Ст.-бул Јане Сандански-Ново Лисиче (и обратно). Кон неа гравитира огромен дел на Скопје плус транспортниот центар (знаете возови и автобуси има 24 чаца во денот).
Линија 103: Рекорд-Стара Рампа-Кисела Вода-Расадник (и обратно).
Линија 104: Рекорд-Бит Пазар-ул. Цветан Димов-Чаир (и обратно). Главните северни квартови на градот плус сообраќаен јазол Бит Пазар.
Линија 105: Рекорд-Бит Пазар-бул. Александар Македонски-Автокоманда (и обратно). Повторно големи населби и студентски домови.
Сите автобуси би тргале наеднаш од Рекорд (на полн и половина саат) каде што стојат најмалку 5 минути да има време за трансфер. Мислам дека со подновување на возилата ке го снема комплексот наречен Јас никогаш во автобус и младината место да фрла пари на такси ќе се превезува со автобус, како секаде низ светот. Штом една Љубљана има ноќни линии (кои се преполни) мислам дека и Скопје има потреба. Плус по 2 автобуси на линија се сосема доволно значи вкупно 12 возила не е некој трошок за ЈСП.
Cheers
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Nov-2008 at 22:25
Thumbs%20Up


Замерка ми е истовременото постоење на 100 и 101 што мислам дека е преголем луксуз и дека подобро би било од нив да се искова само една линија.

105 би ја продолжил накај Маџари, па полукружно преку Ченто пак накај центар.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Nov-2008 at 22:33
Да до некаде се сложувам ама проблемот (и на дневната шема на линии) е дека цело Западно Скопје се опслужува главно од линиите на Партизанска (исклучок прават 5, 8 и 57). А тоа не би требало да биде така, го дискутиравме погоре во темава. Некој што треба да пешачи 15 минути до автобуската станица ќе фати такси. Затоа предложив две паралелни линии. А за Маџари, па незнам доста даелку е, не е густо населено и незнам дали постигнува автобус во еден саат да ги извози двата правци. Но ако добро се осмисли тоа нема да биде лошо. А знае ли некој, имало ли било кога ноќни линии?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.371 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.