build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битолски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Битолски сообраќај (општо)
    Posted: 14-Oct-2008 at 10:23

Тешките камиони ќе одат на битолската обиколница

Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат

Битола - Финишира реконструкцијата на битолските сообраќајници и улици што започна оваа градежна сезона. Од денеска околу 15 од тампонираните патишта, меѓу кои и транзитната обиколница која е дел од магистралниот пат М-5, ќе се асфалтираат. Со тоа се очекува сообраќајот да се пренасочи на обиколницата и градот да се растовари од движењето на тешките товарни возила по тесните градски улици. Работите ќе ги изведува градежната фирма „Маврово инженеринг“, која го доби тендерот распишан од Општината.

„Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат. Тука влегуваат ’Индустриска‘, ’Никола Тесла‘, улиците ’Пецо Божиновски‘ и ’Столарска‘, ’Широка‘, како и улицата ’Железничка‘, така што ќе се доврши и кракот од магистралата М-5. За една недела ќе се асфалтира и улицата ’Прилепска‘“, вели Зора Симјановска, раководителка на Комуналното одделение во Општина Битола.

Напоредно со асфалтирањето, новата транзитна обиколница, која зафаќа 2.300 метри, ќе добие и осветление. Светилки ќе бидат поставени во должина од три километри.

Реконструкцијата и изведувањето на подземната инфраструктура на сообраќајниците и помалите улици на периферијата од градот се финансирани од буџетот на Општината, додека, пак, изградбата на обиколницата, со која се очекува да се растоварат дел од сообраќајниците во градот од тешките товарни возила, се гради со средства на Европската агенција за реконструкција.

Битола Инфо

БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВ, ЕВРОПСКИ ЛИК - Битолски Весник 06.08.2008

Веќе подолго време Битола наликува на вистинско градилиште. На многу делови од градот, градежната оператива на “Гранит”, “Нискоградба”, “Мак-Строј”, “Урбан инвест’ интензивно работат на довршување на голем број од започнатите инфраструктурни проекти. Се работи би рекле ударнички, дури и на температура од плус 35 степени. Додека илјадници наши сограѓани во овие топли августовски денови се разладуваат покрај дебелите сенки и ладните езерски и морски води, градежните работници и локалната самоуправа на Битола, под будното око на градоначалникот Талески се “капат” во пот и интензивно работат на довршување на започнатите инфраструктурни објекти. Деновиве во локалната самоуправа во Битола, дури во шега ни рекоа дека поради големиот број започнати работи на голем број проекти, градежната оператива не може да ја следи динамиката на изведување на работите, па се чувствува недостигот од градежна работна сила и механизација во градот.
 Навистина во Битола ваква динамична изградба на толку многу инфраструктурни проекти одамна немало. Активностите на голем број инфраструктурни објекти беа повод за ова летно интервју со градоначалникот Владимир Талески.

Битолски весник: Господине Талески на кои проекти моментно е сконцентрирана локалната самоуправа?
Владимир Талески: Работиме на повеќе приоритетни проекти кои се дел од Програмата на Советот, што тој ја носи секоја година. Таа програма е многу обемна, бидејќи проблемите кои ги наследивме од претходната власт на СДСМ беа големи. Ние се трудиме во рамките на нашите можности и во зависност од големината на буџетот, дел од тие проекти, предвидени со Програмата да ги реализираме. Воедно, како локална самоуправа аплицираме за добивање на средства за одредени проекти од Владата, а со нашето аплицирање успеваме да добиеме позитивен одговор за одредени донации, финансиска поддршка и од европските фондови. Во ова прилика сакам да нагласам дека истовремено, има доста и битолски приватни претпријатија кои ни помагаат и од повеќе аспекти се обидуваме да реализираме поголем дел од она што е приоритет во градот.

Б.В.: Општ впечаток на јавноста е дека во реализацијата на сите овие проекти влеговте доста амбициозно. Дали и Вие го делите таквото мислење?
В.Т.: Како локална власт навистина влеговме во остварувањето на една амбициозна програма, за која сметам дека со поддршка на јавните претпријатија, на нашите раководители, на јавната администрација во Општината и поддршката која секојдневно ја добиваме од граѓаните, се обидуваме да ја реализираме максимално колку што можеме. Но знаете, покрај испланираните обврски излегуваат и некои други работи кои не биле предвидени и треба дополнително да се реализираат. Активностите кои се однесуваат на асфалтирањето, главно досега ги изведува градежната фирма “Гранит” и тука навистина имаме една обемна работа и се обидуваме да опфатиме што повеќе пунктови во градот.

Б.В.: Според Вас кој е најкрупен инвестиционен проект што моментно го изведувате?
В.Т.: Проектот на улицата “Прилепска” која се протега до улицата “Железничка” е еден од најкрупните проекти за оваа градежна сезона, а е дел од проектот М5 кој го добивме преку Програмата Интерект 3. Тој не само што е најголем, туку е и најскап проект, чија вредност е околу 750 илјади евра и со него е предвидено комплетно асфалтирање на целиот тој дел со промена на азбестните водоводни цевки, и се она на што стручните екипи ќе делуваат.

Б.В.: До каде се активностите за реализација на проектот за влезот во градот?
В.Т.: Проектот за влезот на Битола дополнително се наоѓа во Владата на ревизија и доколку не постојат одредени проблеми со прашањата за експропријација, мислам дека ќе се реализира и тој крупен проект во градот.

Б.В.: Изминатиот период бевте преокупирани со асфалтирање на голем број улици. Кажете ни кои улици се комплетно завршени?
В.Т.: Веќе се завршени неколку улици во градот како: “Ружа Делчева”, “Васко Карангелевски”, “Социјалистичка”, “Народни херои”, “АСНОМ”. Деновиве ќе се асфалтира дел од улицата “Железничка” и потоа екипите ќе се префрлат кон асфалтирање на улицата “Прилепска”. Потоа ќе се премине кон реализацијата на проектот М5, кој е доста комплициран и сложен зафат од делот на улицата “Прилепска” каде што е Ветеринарната служба, и оттаму до мостот ќе се копа целата улица, ќе се менува канализацијата и по нејзиното покривање и тампонирање, истата ќе се асфалтира. Бидејќи овој дел од градот е доста фреквентен, тој дел ќе го оставиме за на крај и сите капацитети ќе ги насочиме кон реализацијата на тој проект.

Б.В.: Оваа година конечно започна реализацијата на улицата “Железничка”, која беше долги години “чир на градот”?
В.Т.: Улицата “Железничка” ја ветивме и како што можеме да видиме истата и ја реализираме. Во голем дел таму покрај училиштето “Коле Канински” веќе е комплетирана целата подготовка за асфалтирање, решено е и прашањето со експропријација, отстранети се објектите кои пречеа, се изведуваат тековни активности и за брзо време улицата “Железничка” ќе биде финиширана во оваа градежна сезона.

Б.В.: Оваа градежна сезона многу се работеше и на дотерување на градот, на поплочување и уредување на тротоарите и другите површини?
В.Т.: Интервенираме и во градските средини. На пример, го завршивме делот од спротивната страна на Саат кулата. Таму се поставени канделабри, патеки. Деновиве започнаа активностите за изградба на пешачка патека од мостот до следниот мост, спроти “Саат кулата”. Пред Судската зграда се поставува патека идентична со патеката пред Општинската зграда, пешачки патеки се поставени наспроти Автобуската станица. Исто така на улицата “Борис Кидрич” ќе се постави комплетно нова пешачка патека, но претходно таму инфраструктурно ќе се реши осветлувањето и телекомуникациите. И тука на тој дел се планира дополнително и паркинг простор кој се надевам дека наскоро ќе заврши.

Б.В.: Доста бевте ангажирани и за изградба на спортски игралишта?
В.Т.: Се градат и спортски игралишта во повеќе училишта во градот и во селските средини. Тука заедно со Агенцијата за млади и спорт при Владата на РМ, се трудевме да им излеземе во пресрет на сите кои побараа изградба на такви спортски објекти. Ние во границите на нашите можности се обидуваме да ги задоволиме сите барања. Тука ќе помогнеме и со дополнителни средства од буџетот. Навистина реализираме доста проекти кои бараат доста финансиски средства, но Општината Битола има капацитет истите да ги реализира.

Б.В.: За реализација на сите овие инфраструктурни зафати, ќе признаете дека се потребни доста пари. Дали локалната самоуправа има средства за реализација на сите овие проекти и како се тие обезбедени?
В.Т.: Годинава, локалната самоуправа максимално се погрижи да ја реализира Програмата, бидејќи во изминатиот период успеавме да ги вратиме сите долгови што ги наследивме од претходната власт на СДСМ. Воедно со максимално домаќинско и ефикасно работење на локалната администрација успеавме во голема мера да го зајакнеме и буџетот на Општината.


Б.В.: До каде се активностите за ревитализација на “Тумбекафе”, проект кој исто така го најавивте дека ќе го реализирате до крајот на Вашиот мандат?
В.Т.: За проектот “Тумбекафе” веќе е прецизирано со директорите на јавните претпријатија како ќе се реализира сето тоа и воедно задолжен е човек од Општината, кој ќе го води проектот. Во тек е изготвувањето на План-програмата, тајмингот кога ќе се стартува и се како ќе изгледа. За поголема интервенција на “Тумбекафе” неопходен е детален урбанистички план, кој не се донесува за брзо време. Неговото донесување го очекувам кон крајот на годинава и затоа во меѓувреме работиме на чистење и средување на зелените површини, патеките, осветлувањето, поставуваме клупи за седење, корпи за отпадоци и правиме едно пријатно рекреативно катче за граѓаните. По донесувањето на ДУП, ќе избереме по пат на оглас најдобро идејно решение за проектот “Тумбекафе” и дури тогаш ќе размислуваме за еден поинаков изглед на ова место.

Б.В.: Најавивте изградба на споменикот на Филип Втори. До каде се активностите за неговата изградба?
В.Т.: Споменикот на Филип Втори е завршен и деновиве ќе пристигне во Р. Македонија. Споменикот се изработуваше во леарница во Нови Сад. Но, тој ќе биде ставен одредено време во мирување, бидејќи претходно сакаме инфраструктурно да го средиме местото каде ќе биде поставен. По завршувањето на инфраструктурниот дел и постаментот, споменикот ќе биде поставен.

Б.В.: Деновиве Битола беше прогласена за град во кој има најдобра бизнис-клима во конкуренција на 20 градови во Југоисточна Европа. Што претставува тоа признание за Вас?
В.Т.: Досега имавме добиено многу награди и признанија од значајни релевантни институции. Но, најмногу и се израдувавме на последната и најважната, а тоа е признанието што Светската банка ни го додели, бидејќи сме Општина која според нивните критериуми е најдобра во условите кои ги дава за таканаречениот “Дуинг бизнис”, и беше прекрасно да се чуе дека Битола како град на културата, град на конзулите, на клавирите, е прв град во бизнисот во споредба со 22 града од 7 земји од Југоисточна Европа. Имаме како Општина одлични оценки за работата и од реномираната УСАИД и од ЗЕЛС.

Б.В.: До каде се активностите за изградбата на Индустриската зона “Жабени”?
В.Т.: Индустриската зона “Жабени” е најдобро подготвениот проект и ниту една друга општина во државава нема изготвено таков проект. Индустриската зона “Жабени” е заокружена со целата документација и досега имам потпишано неколку градежни одобренија. Заедно со директорот на Индустриската зона и директорите на јавните претпријатија се договараме од кој дел и кога ќе стартуваме со инфраструктурните активности кои ќе ги направи Општината Битола.
 Во Индустриската зона партиципира Општината која ќе ја среди целокупната водоводна мрежа, одводната канализација, атмосферската и фекална канализација, ќе се среди телефонијата, се инфраструктурно ќе се среди и по примерот на светските индустриски зони и ќе направиме парцели кои кога ќе бидат готови, Владата ќе ги објави на тендер и заинтересираните да можат тоа регуларно да го добијат.
 Општината Битола убеден сум дека е во врвот на европските општини со својата подготвеност да се понуди пред идните инвеститори. Оние процедури кои би му одзеле време на секој еден инвеститор на пр. 6 месеци, сето тоа во нивно име го среди Општината. Имаме површина за крупни инвестиции од 86 хектари која е сега подготвена, со можност понатаму доколку има потреба да се развива во фази до 230 хектари, за идните 50-тина години. Индустриската зона оној момент кога ќе биде полна со објекти, предвидени се вработувања за 5.000 граѓани на Битола.
 Во оваа прилика сакам да кажам дека ќе мора да ги разочарам луѓето од СДСМ кои не обвинија каде се парите предвидени за електрификација на Индустриската зона “Жабени”, дека парите се наоѓаат во МЕПСО и одделени се за електрификација на Индустриската зона.

Б.В.: Деновиве опозицијата, преку пратеникот Јани Макрадули Ве обвини дека малку сте направиле во градот и изјавија дека ќе поднесат кривични пријави против Вас. Како ги коментирате Вие таквите изјави?
В.Т.: Некои луѓе од опозицијата кои деновиве ме нападнаа, живеат во некоја зона на самракот, немаат ниту преку советниците од нивните партии информации, ниту пак од граѓаните. Ревизијата која тие ја бараат, сакам да ги информирам дека е направена од страна на државните институции и из-вештајот го очекуваме. Некој од нив се чуди по кои крите-риуми Општината Битола напреднала, но во оваа прилика ќе ги информирам дека кога ги даваа изјавите, веројатно мислеле на некој друг дел од државата, претпоставувам на источниот. Во Битола имаме активности кои ја развиваат Општината, и жалам што некои поранешни наши сограѓани се луѓе кои својата душа ја дале на некој друг град.

Б.В.: Макрадули најави против Вас и поднесување на кривични пријави.
В.Т.: На минатонеделната вонредна седница на ЗЕЛС, градоначалниците од редовите на СДСМ не дојдоа и доставија писмо од Штабот на партијата во кое го откажаа учеството. Мислам, дека СДСМ се наоѓа во една голема криза. ЗЕЛС нема обврска да соработува со политичките партии и мислам дека врз градоначалниците партијата вршела притисок да го напуштат ЗЕЛС, да прават деструкции. Додека на состанокот разговаравме на таа тема, и настаните околу градоначалникот на Струмица Заев, и баравме начин за излез од ситуацијата, паралелно некој од СДСМ информиран за тој состанок дојде во Битола, мислејќи дека е во Струмица и почна да се занимава со криминалните теми. Но, ќе го информирам Јани Макрадули, дека криминал во Битола нема. Тој набрзина дојде во Битола, за да исчита некои фрагменти од неговите советници и во својата паника и очај за излез од кризата во која се наоѓа неговата партија, дури стана експерт за локални теми. Но, штом е експерт за локалните теми во Битола, еве јавно го повикувам да повели на престојните локални избори нека биде мој противкандидат од СДСМ. На сите ние е познат последниот резултат од предвремените избори, можеби Макрадули истиот ќе го смени, но во која насока ќе видиме.

Б.В.: Битола ги живее фестивал-ските денови на “Бит-фест” Колку сте задоволни од досега прикажаното на овој фестивал?
В.Т: “Бит-фест” годинава е преполн со културни настани. На стартот на фестивалот беа во план 75 настани и кажавме дека нема да се држиме строго до таа бројка. Годинава, имаме одлична соработка со организаторите на “Охридско лето”, дел од тие манифестации беа дел од Битолското културно лето. Тука ќе ги споменам настапите на “Леб и сол”, Влатко Стефановски и многу други. Првата половина на август ќе имаме чест да ја видиме преставата на Питер Брук, врвно име во светската театарска уметност.

В.М. Младеновска


 

ПОРАДИ ГРАДЕЖНИОТ БУМ ВО БИТОЛА: Поместен рокот за нова улична сигнализација

Асфалтирањето на главните улици во Битола го одложи поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација. Фирмата “Вија Сигнал“ дури минатата недела почна да ги обележува пешачките премини и сообраќајниците, а замената на старите и поставувањето на нови сообраќајни знаци се уште не е почната. Според општински извори, се чека да се потпише договор со фирмата која ќе ги набави и постави сообраќајните знаци. На јавниот повик првоизбраната фирма не доставила навреме банковна гаранција, па според тоа општинските власти го избрале вториот најповолен понудувач, фирмата “Вија Сигналз“.

Замената на старите и поставување на нови сообраќајни знаци по еврпски стандарди, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот донесен врз основа на овој Закон, требаше да се случи до крајот на декември минатата година.

Важно е да се напомене дека по иницијатива на Автомото друштвото од Битола до крајот на годинава дигитални одбројувачи на време треба да добијат сите семафоризирани крстосници. Во Битола од вкупно 11, досега вакви тајмери се поставени само на три крстосници. Ваквата иницијатива ја финансира Друштвото со вкупно еден милион денари. Според податоците на МВР, во Битола, во првата полвина на 2008 година, односно во периодот јануари-јуни се случиле 50 сообраќајни несреќи со настрадани, што претставува намалување за 13 отсто во споредба со лани, истиот период. Намален е и бројот на жртви, од пет на две, како и бројот на повредени лица од 97 на 74 во сообраќајна незгода.
Porta3 - Н.Ч. - број 91



Edited by Cloverstack - 26-May-2009 at 23:02
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Oct-2008 at 10:32
Морам да кажам дека Битола нема толку капитални проекти како Прилеп. Не велам дека битолскиот градоначалник не работи ништо, но Прилеп последниве години е препороден, па доколку не сте биле последниве години нема да го препознаете.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Nov-2008 at 01:50
     

Битола ќе добие нови влезови во градот
понеделник, 27 октомври 2008


Општина Битола ќе гради нови влезови во градот од страната на Прилеп и Охрид, а ќе се уреди и постојниот кон Грција

      


Општина Битола обезбеди средства за изградба на влезовите во градот од страната на Прилеп и Охрид, а со помош на државата ќе се уреди и влезот од страната на Република Грција.

- Ги добивме првите педесет, од вкупно сто и дваесет милиони денари колку што ќе бидат обезбедени веднаш по нова година за сообраќајниот влез од страната на Прилеп. Кај месноста Дулие ќе има голем кружен тек со булеварски дел во четири ленти, потврди битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Општина Битола ја заврши админстративната поткрепа за сообраќајниот влез од страна на Ресен, додека третиот влез од страната на Грција ќе го уредува Фондот за патишта на Република Македонија.


преземено од: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=17851

P.S. Има нешто многу позитивно во оваа вест: Таа сликата што ја гледате тука горе (та шо е од сајтот на кирилица) е истата што ја сликав ЈАС и постирав на форумов (само ја секле малце)! Ја имам постирано во слики од Битола. А пошто ја нема нигде друго место (освен на imageshack.us, ама оттаму не може да пребаруваат), значи дека од овој (владин) сајт, некој го чита форумов Е сега колку е тука позитивно со оглед на тоа што никој не презел ништо, само ми украл слика Додуша нема авторски права, еве ако го читаат ова, им ги подарувам ним авторските права. Само за инфо за која слика зборувам:



или втората слика во нишкава: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=211&PN=1

Edited by гитардемон - 23-Nov-2008 at 01:54
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Nov-2008 at 02:33


Thumbs%20Up


Дефинитивно не читаат многу повеќе луѓе отколку што имаме членови, а и трендот е прилично стрмно нагоре. Тоа можам со сигурност да ти го потврдам бидејќи ја следам статистиката за сообраќајот на сајтов.
Инаку и мене од Порта3 ми ја лапнаа скицата за клучката Бит-Пазар. Тоа само значи дека помеѓу тие што пасивно читаат има веќе и порелевантни „гости“ што е и цел на форумов.
Cheers


Туку ајде дај координати каде се наоѓа „месноста Дулие“  Smile



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Nov-2008 at 03:58
@Гитардемон Thumbs%20Up

Што се однесува до Битола, Битола има доста транзитен сообраќај којшто иде према грција и транзитен сообраќај прилеп-охрид и обратно. Кога ќе бидат готови автопатите што се планираат да идат према Битола, тогаш ќе биде време да се размислува и за обиколница околу Битола за да избегне транзитниот сообраќај да иде низ градот. Трасата прилеп-охрид и не е толку критична, но трастите прилеп-грција и охрид-грција директно го загрозуваат градското јадро, така да треба да се размислува околу овие две траси.



Edited by lslcrew - 23-Nov-2008 at 03:59
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Nov-2008 at 13:32
Обиколница на правец Прилеп-Ресен што му доаѓа како северна обиколница веќе има. Значи фали само источна обиколница.
А за автопатите подобро да почекаме и да видиме кои ќе се градат.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Nov-2008 at 15:59
Па има повеќе работи, мислам дека треба да си имаат своја нишка работите за Битола (може да се преместат сите постови за Битола во неа)... Сепак во контекст на муабетов, еве ви го проектот кој неодамна се реализира, и можам да кажам дека е навистина добро испадна (освен што се реновира патот споменат во веста, се проби и нов пат кој се поврза со еден стар кој исто така се обнови, и на некој начин е една 'обиколница' иако е во градот, поминува низ оддалечени населби каде што нема многу сообраќај).

Еве ја веста:


Проектот е во рамките на програмата за меѓугранична соработка со Р.Грција, INTERREG 3, во висина од 820.000 евра од кои 10% е учество на општината. Со проектот се предвидува реконструкција на делот од автобуската станица до раскрсницата кај Дулие, опфаќајќи го целиот потег преку селската автобуска станица.













Ова е дулие


И ова е дулие


Ова е кај автобуската, патот кој (ако сте дошле со автобус некогаш) отсекогаш бил со коцка и беше влез за автобусите во градот.


Преземено од: http://www.bitola.gov.mk

А сега ќе ви постирам мапа каде е тоа дулие, и каде се простира овој новиот пат. Инаку има само една нелогична работа, тој новиот пат го изградија како ново решение за камионите, а низ градот (кога бев последен пат сеуште се градеше) видов знаци кои ги преусмеруваат камионите во сосема спротивен правец од новиот пат!? Дали било привремено решение или навистина планираат камионите низ градското подрачје да поминуваат не знам. Ќе видите за што зборувам.

Edited by гитардемон - 23-Nov-2008 at 16:50
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Nov-2008 at 16:49
 Не можев да се снајдам со овие програмите за уредување за Mac, ми треба малку време да проучам Сепак извадов скриншатови ама не можам некако да додадам текст, треба преку уредувач за текст... долга процедура. Еве тука ги имате координатите од дулие (тие што се долу во линијата со координати). Дулие е таа крстосницата со 4 помошни за вртење десно (во горниот дел на сликата, близу до средината). Знам дека не помага вака, но не можев да се снајдам со програмите.



Многу запуштено беше (се гледа од горните слики) сега веројатно ќе заличи на нешто, викаат две со две ленти ќе биде патот. Да видиме Cheers


Edited by гитардемон - 23-Nov-2008 at 16:52
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Jan-2009 at 01:19

2 милиони евра за патиштата во Битола
Сабота, 17 Јануари 2009 17:20
CVETANKA%20za%20patistata%20sl%20001Каква е иднината на патиштата во Битола? Планот на министерството за транспорт и врски за изградба на локални и регионални патишта е во фаза на реализација, а општините сеуште имаат можност за аплицирање со проекти:

 Тоа е проектот со Светска банка и Европска банка за реконструкција и развој во износ од 120 милиони евра, значи 70 милиони евра се обезбедени од Светска банка,

а 50 милиони евра од Европска банка. Половина од тие средства ќе се користат за регионални патишта, а половина за локални патишта. Веќе проектот за регионални патишта стартуваше, а за локални ќе стартува во февруари, вели Миле Јанакиевски, министер за транспорт за транспорт за врски.

Општина Битола веќе аплицирала со повеќе проекти важни за градот. Владата извршила една ревизија, а во тек е нејзина ревизија од страна на Светска банка.

 Убеден сум дека пролетва, веројатно не сега пред изборите и за време на изборите, но пролетва штом се финишира тој дел, општините ќе ги добијат средствата. Меѓутоа, тоа нема да биде оној класичен начин на добивање на средствата, на пример општината да ги добие тие и тие средства. Убеден сум дека формата ќе биде преку фондот за патишта, односно тендерите за изградба и реконструкција на патиштата, веројатно ќе ги прави повторно министерството за транспорт и врски, односно фондот за патишта, вели Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Вкупните финансиски очекувања на Талески во овој дел се околу 2 милиони евра:CVETANKA%20za%20patistata%20sl%20002


 Овој пат, првиот пат за Општина Битола конкретно се работи за вредност од 1 милион и 200 000 евра и втората можност е некаде 70 до 80 проценти од првата сума, со нова инфраструктура, што ќе биде поволност исто така и за општината. Значи, вкупно се работи за некои 2 милиони евра кои што би требало според сето ова како што е досега нагласено откако ќе се заврши целата тендерска постапка, откако ќе се направи целата ревизија на проектите, очекуваме некаде 2009 година, вкупно помош на нашата општина или реализација на проекти од околу 2 милиони евра, додава Талески.

На синоќешната трибина граѓаните имаа можност да даваат свои предлози и сугестии по однос на приоритетните патишта. Во присуство на министерот за транспорт и врски, претставници од министерството, како и други претставници од катастар и имотно правни работи граѓаните имаа можност да добијат одговори и на повеќе прашања од овие области.

Цветанка Ристевска



Преземено од: http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3476&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Apr-2009 at 20:26

Битола почнува нова градежна офанзива
Четврток, 02 Април 2009 16:54

NATASA_gradezni_rabori_sl_001

Општината Битола од денеска ги почна интензивните градежни зафати, односно ги продолжува инфраструктурните активности од минатогодишните договори кои поради временските услови беа прекинати. Една од локациите каде што се работи е улицата во населбата Карпош која се подготвува за нов асфалт. Ведна потоа ќе почнат градежни работи на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ" која е во лоша состојба.

-Се работеше водоводна инсталација која беше многу застарена, имаше многу прекопи, во моментот и Телеком поставува своја мрежа, потоа ќе вршиме асфалтирање - вели Зора Симјановска, раководител на општинско одделение за комунални работи.

NATASA_gradezni_rabori_sl_002

За ден или два, вели Симјановска, ќе почне да се санира и улицата „Иво Лола Рибар". Паралелно ќе се работи и во населбата Мал Париз.

-Пробиваме улица во Мал Париз која е со земјен коловоз, има постоечка водоводна мрежа, сега проверуваме дали има евентуално дефект во канализационата мрежа, ако има ќе ја реконструираме, постоа следува пробивање на улицата - додава Симјановска.

Освен коловозните санации, општината на неколку локации ќе изведува и подземни инсталации.

NATASA_gradezni_rabori_sl_003

-Во населбата Јени Маале продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа, тоа со средства од државниот буџет, а со општинскиот буџет водоводна инсталација и канализација согласно програмата за уредување, работиме во населбата Буковски ливади. Таму ќе пробиваме и улица, „Апостол Здравевски" - вели Симјановска.

Градежните работи кои почнуваат овој период, се најавува дека ќе завршат за околу еден месец.

-Овие беа застарени улици од минатите години, со старост од 30 години, со право граѓаните реагираа - вели раководителката на одделението за комунални работи.

Со конституирањето на новиот совет следува формирање на нова комунална програма за новата градежна сезона.

- Приоритетите ги утврдивме, тие се утвредени и со развојните програми кои се однесуваат за период од три години - додава Симјановска.

Поголемиот дел од инфраструктурните и комунални актвности се финансирани од општинскиот буџет, а дел со пари од држаниот буџет. Општината и оваа година ќе настојува дел од потребните средства за реализација на проектите да обезбеди од ИПА фондовите за прекугранична соработка.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5996:xzcvzxvc&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Apr-2009 at 20:26

Битола почнува нова градежна офанзива
Четврток, 02 Април 2009 16:54

NATASA_gradezni_rabori_sl_001

Општината Битола од денеска ги почна интензивните градежни зафати, односно ги продолжува инфраструктурните активности од минатогодишните договори кои поради временските услови беа прекинати. Една од локациите каде што се работи е улицата во населбата Карпош која се подготвува за нов асфалт. Ведна потоа ќе почнат градежни работи на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ" која е во лоша состојба.

-Се работеше водоводна инсталација која беше многу застарена, имаше многу прекопи, во моментот и Телеком поставува своја мрежа, потоа ќе вршиме асфалтирање - вели Зора Симјановска, раководител на општинско одделение за комунални работи.

NATASA_gradezni_rabori_sl_002

За ден или два, вели Симјановска, ќе почне да се санира и улицата „Иво Лола Рибар". Паралелно ќе се работи и во населбата Мал Париз.

-Пробиваме улица во Мал Париз која е со земјен коловоз, има постоечка водоводна мрежа, сега проверуваме дали има евентуално дефект во канализационата мрежа, ако има ќе ја реконструираме, постоа следува пробивање на улицата - додава Симјановска.

Освен коловозните санации, општината на неколку локации ќе изведува и подземни инсталации.

NATASA_gradezni_rabori_sl_003

-Во населбата Јени Маале продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа, тоа со средства од државниот буџет, а со општинскиот буџет водоводна инсталација и канализација согласно програмата за уредување, работиме во населбата Буковски ливади. Таму ќе пробиваме и улица, „Апостол Здравевски" - вели Симјановска.

Градежните работи кои почнуваат овој период, се најавува дека ќе завршат за околу еден месец.

-Овие беа застарени улици од минатите години, со старост од 30 години, со право граѓаните реагираа - вели раководителката на одделението за комунални работи.

Со конституирањето на новиот совет следува формирање на нова комунална програма за новата градежна сезона.

- Приоритетите ги утврдивме, тие се утвредени и со развојните програми кои се однесуваат за период од три години - додава Симјановска.

Поголемиот дел од инфраструктурните и комунални актвности се финансирани од општинскиот буџет, а дел со пари од држаниот буџет. Општината и оваа година ќе настојува дел од потребните средства за реализација на проектите да обезбеди од ИПА фондовите за прекугранична соработка.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5996:xzcvzxvc&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Apr-2009 at 12:15

Градоначалникот Владимир Талески денес ги обиколи улиците коишто деновиве се асфалтираат во населбата Карпош во Битола.     
    Улиците во населбата Карпош, односно нивното повторно асфалтирање, се само еден од 14-те проекти кои беа планирани да се реализираат во вкупна вредност од 9.000.000 денари.
    Со асфалтирањето на улиците во Карпош, пробивањето на улицата "Железничка" и реконструкцијата на улиците од проектот М-5,  се заокружува еден дел од Битола со модерни сообраќајници кои ќе го олеснат движењето на возилата.











http://bitola.gov.mk/
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-May-2009 at 21:28

КРУЖНИОТ ТЕК СЕ „ЗАОКРУЖУВА“

Хроника

Неколкунеделната работа на градежната оператива кај Дулието не остана незабележана од битолчани, а веќе сите кои со љубопитност сакаат да видат како оди работата таму можат да ги видат контурите на новиот влез во Битола, односно да го препознаат новиот кружен тек.
 
Од страна на улицата „Прилепска“ кон бензинската пумпа на „Торпедо-Мобил“ се поставени ивичниците за кракот кој „Прилепска“ ја поврзува со новопробиената улица „Железничка“.
 
Исто така веќе се поставени и електричните инсталации и се обележани местата на кои ќе бидат поставени столбовите за осветлување на улицата од Дулието до крстосницата кај Француските гробишта, од двете страни на улицата. Со оваа инвестиција не само што ќе се осветли овој „опасен“ дел преку железничката пруга, туку ќе се разубави и овој дел од Битола.
 
Паралелно се работи на тампонирање на местото каде ќе се вклучува улицата од кај пругата кон „Прилепска“, на местото каде што досега беше „Даципласт“, а се копа и на Турските гробишта за кракот од кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ кон улицата „Иван Милутиновиќ“.
 
За потребите на влезот на Битола, веќе се урнати објектите на гредежната фирма „Бетон“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ до Дулието, според планот за уредување на влезот односно за проширување на улицата, бидејќи се планира овој дел да биде со четири ленти, по две за секој правец. Поради тоа ќе се дислоцира и бензинската пумпа на „Макпетрол“, а ќе се урнат и времените објекти од пумпата до влезот на населбата Стрелиште.
 
Претходно во овој дел од градот, кај Дулието, се поставени и подземните инсталации, канализацијата и водоводните цевки.
 
По завршувањето на подготвителните работи, асфалтирањето на улиците од овој дел од градот во кружниот тек ќе се постави и фонтана кој ќе биде украс на кружниот тек.
 
Според тоа со каков интензитет се работи на овој проект на локалната самоуправа потпомогнат од Владата на Р.Македонија за брзо време Битола ќе има нов, модерен влез кој долго време го очекуваат битолчани.

С.Ристевски



http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=c6da6431-5fd9-4507-bd39-0434bb731d1a

Ова е еден од проектите за уредување на (трите) влезови на Битола. Овој беше од страната на Скопје, и беше ужасно запуштен и грд (не дека сега со четирите ленти нешто подобар ќе биде).


Edited by гитардемон - 04-May-2009 at 21:34
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-May-2009 at 19:08
Фуере пристигна со воз. Талески очекува пругата Битола – Лерин наскоро да се стави во употреба
Среда, 06 Мај 2009 17:16

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20001

Евроамбасадорот Фуере и Градоначалникот Талески денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот дел на патот М-5, проект поддржан со средства од европската унија и десет проценти учество на општината. 850 000 евра се од програмата Интерект 3, а останатите вклучувајќи ги и дополнителните првично непредвидени ангажмани ги финансираше општината. Инфраструктурно се делуваше на се што беше потребно за да не биде неопходно дополнително интервенирање.

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20003

 Денеска сме горди на еден проект со што се покажа дека Општина Битола има капацитет и знае да ги исполнува условите што ги поставуваат европските фондови:навреме аплициравме, имавме добри проекти, комисиите ни ги прифатија и навистина на наша голема заедничка радост сведоци сме денеска на официјалното пуштање на овој проект М5. Нашите граѓани знаат дека тој функционира веќе подолго време меѓутоа баравме еден добар термин каде што амбасадорот ќе биде присутен и затоа досега всушност и не го официјализиравме овој проект, вели Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола.


Обновата на патот е важна за поврзување на пограичните општини.

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20004

 Обновата на овој пат е поддржана како дел од програмата за прекугранична соработка и целта беше да се олесне транзитниот сообраќај кон Грција. Овој пат е навистина од особена важност во овој пограничен дел затоа што е единствен начин на комуницирање во недостиг на железница, вели евроамбасадорот Ерван Фуере.
 Ваквата комуникација треба да придонесе за промоција на претприемништвото, развој на локалните човечки ресурси, туризмот, како и други проекти поврзани со природата и културното наследство:

 Како што веќе знаете денеска јас со моите колеги допатувавме од Скопје со воз, стигнавме на време и се беше навистина одлично. Јас се надевам дека наскоро ќе го имаме и делот кој што ќе не поврзува и со Грција затоа што на овој начин ќе се испрати една многу позитивна порака како на политички и економски план, вели Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во РМ.
 Успешното реализирање на овој проект за локалната самоуправа е предуслов за реализација и на други предвидени проекти:

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20002

 Веќе отворивме една голема врата, имаме два прекрасни проекти: овој е инфраструктурен М-5 и уште еден кој што успешно се реализира тоа е во делот на туризмот меѓу Битола и соседниот Лерин, значи прекугранична соработка. Убедени сме дека иднината е токму во меѓуграничната соработка со соседна Грција и во соработка со администрациите на двете држави ќе направиме прекрасни проекти. Се надевам дека ќе има интерес и за индустриската зона, се надевам дека во идно време ќе можеме да ја ставиме во функција и железничката пруга и се разбира многу, многу проекти за кои што сега можеби и самите нема да се сетиме, вели Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола.
  

За добивање европски пари за други проекти општината веќе се подготвувала, општинската администрација се обучувала, а се следеле и сите инструкции на оние кои бараат посебен концепт во аплицирањето.


Цветанка Ристевска
< ="" ="text/"> \n aktuel@tera.com.mk



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7468&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-May-2009 at 17:36
Се пробива улица Кукуш во населба Ушици
Вторник, 26 Мај 2009 17:45

natasa%20ulici%20001

Општината Битола почна со реализација на нов инфраструктурен проект - пробивање на улица „Кукуш" во населбата Ушици. Според градоначалникот Владимир Талески овој градежен зафат по својата важност е како и улицата „Железничка" затоа што е децениски проблем на мештаните од населбите Горно Оризари, Стрелиште и Ушици.

natasa%20ulici%20002

-Се работи за нешто помалку од 2 километри каде оваа улица ќе биде пробиена, ќе биде направена, ќе се постават пешачки патеки. Целата инвестиција е некаде околу 9 милиони денари се разбира без осветлувањето, но дополнително целата улица ќе се осветли. Ценевме дека ова е важен проект и мислам дека оваа градежна сезона во целост ќе го реализираме - вели Талески.

natasa%20ulici%20003

И со улицата „Кукуш" се планира да се растерети сообраќајот како што тоа се направи со улицата „Железничка" за централното градско подрачје.

-Многу од мештаните ќе го користат овој дел за да излезат кај Горно Оризари. Тоа е и спојот што ќе го направиме со булеварскиот влез - додава Талески.

Граѓаните од околните населби велат дека овој потег на општината е за поздравување затоа што со години тука им сметала дивата депонија која се создавала, а отсега ќе се олесни и движењето на децата од Горно Оризари кон училиштето „Тодор Ангелески".

natasa%20ulici%20004

-Долго го очекувавме ова. Мислам дека е многу добра работа - вели Киро Јаневски, граѓанин.

Паралелно со овој градежен зафат се работи и на кружниот тек.

-За да го направиме ова до крај како што треба, треба да дислоцираме голема цевка околу 1,5 километар која снабдува со вода голем дел од населението на таа страна. Сега сме во почетна фаза на дислокацијата и тоа ќе ни го комлицира малку животот затоа што околу 100 метри од предвидените средства за асфалтирање на булеварот ќе ги потрошиме за дислокација. Но во секој случај сме во подготовка да почнеме со булеварскиот влез - вели Талески.

Според градоначалникот изградбата на кружниот тек треба да заврши оваа градежна сезона, а во зависнот од средставта со кои ќе располага општината, исто така до крајот на оваа градежна сезона требало да заврши и изградба на половина од булеварскиот влез во Битола.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8213&Itemid=106

Ова е навистина значајна вест, и во прилог ви ја давам мојата „скица“ да видите колку е навистина ова важно Тука во близина ќе се гради инаку новиот туш, новиот кружен тек а и влезот од страната на Скопје (кој ќе биде демек булеварско решение, што и да треба да им значи тоа - веројатно 2x2 ленти), инаку дел од М-5. Не сум сигурен дали ќе биде вака пушка прав патот, но тоа е поентата, да се поврзуваат овие 2 населби (таа третата е најгоре најлево на сликата). Инаку ова спаѓа во М-5 и неговата реконструкција (заедно со сите оние вести што ги имав постирано порано) па може да се отвори нишка за реконструкција на М-5.




Edited by гитардемон - 26-May-2009 at 17:40
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-May-2009 at 18:19
А да отвориме нова нишка „Битолски Сообраќај“? Дури се мислам таму да го вметнеме и делот од М-5к1 што сега поминува низ Битола, бидејќи по тој урнек ги имаме поделено темите за Скопје (урбаните автопати), а исто така е зацртано Битола да има источна автопатска обиколница (дел од коридор 10Д) која ќе биде „вистинскиот“ М-5к1, а моменталнава сообраќајница ќе си остане внатрешна градска која нема да е дел од републичката мрежа.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-May-2009 at 18:27
Не сум знаел за источната обиколница!? Имаш ли некаде таква вест да ја видам? Инаку може битолски сообраќај, мислам дека има доволно вести, само расштркани се низ повеќе нишки.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-May-2009 at 18:34
добро гитар во контекст на улица Кукуш, ај малку светло на оваа недоумица!
Зошто проектот „Битоласка обиколница“ беше реализиран „про-форма“?
Цели четири кривини на потегот от „Коле Канински“ до „Партизанска„ , а можеше и требаше да нема ниту една. Кој ќе понеси одговорност за таа глупост?
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 26-May-2009 at 18:38
Навистина не знам што се обидува да каже човекот. Не ни знам улица Коле Канински во Битола...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-May-2009 at 18:56
Originally posted by гитардемон

Не сум знаел за источната обиколница!? Имаш ли некаде таква вест да ја видам? Инаку може битолски сообраќај, мислам дека има доволно вести, само расштркани се низ повеќе нишки.
Додуша не знам дали имаме регистрирано нешто за ова, но кога еден убав ден ќе се реализира автопат по должината на коридорот 10Д, веројатноста е голема тој да не оди внатре низ Битола туку да се оформи обиколница. Исто така гледам дека би имало и просторни проблеми за постоечкиот пат да се надгради до автопат, па нова траса прави логика барем за некои сегменти.

Иначе океј за нишката, ќе прелистам и ќе издвојам што треба да оди во нејзе. Ако приметите нешто што е испуштено известете ме.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.227 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.