Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1 Topic: Пристаништа и воден транспорт Posted: 22-Aug-2008 at 14:36 |
Еве една објава како повод да отвориме ваква нишка...
ДРЖАВНАТА И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ СИ ЈА ПРЕФРЛААТ ОДГОВОРНОСТА ЗА БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ
Нема јунак за марина во Охрид
Каналот
кај Билјанини Извори е пред експлозија од бензинот што се истура при
полнењето на глисерите, а надлежните меѓусебно се обвинуваат кој е
виновен што не се преземени мерки за заштита
Министерството за транспорт и врски посочува дека Општина Охрид треба
да го реши проблемот со каналот кај Билјанини Извори, кој, според
охриѓани, во секое време може да експлодира.
Каналот подолго време се користи за закотвување на глисери, бротчиња и
други пловни објекти, иако не е уреден според стандардите што треба да
ги има една марина. Охриѓани деновиве алармираа дека големи количини
бензин се истураат во каналот при полнењето на глисерите што се
закотвени во него, и дека каналот секој момент може да се запали.
Според нив, доволно е да се фрли само едно догорче или запалено чкорче
и целиот тој простор да експлодира.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека локалната власт во
Охрид треба да подготви урбанистички проект за изградба на марина кај
месноста Грашница кај Билјанини Извори и дека за негова изработка
Министерството одвоило 180.000 денари преку Програмата за приоритетна
изработка на урбанистички планови.
"Кога ќе се изработи урбанистичкиот проект и што ќе содржи зависи од
Општина Охрид", велат од Министерството за транспорт и врски.
Градоначалникот на Охрид Аллексндар Петревски, пак, вели дека за
можната еколошка катастрофа одговорни се Министерството за транспорт и
врски и Министерството за животна средина.
“За она што сега се случува на просторот на Билјанини Извори, каде
поради немање марина скапите пловни објекти кои претураат бензин може
да предизвикаат еколошка катастрофа, одговорни се Министерството за
транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно
планирање. Ние тука немаме никакви надлежности", вели охридскиот
градоначалник.
Петревски објаснува дека тие веќе работат на урбанистички план за
поширокиот простор на Билјанини Извори, со кој е предвидена изградба на
катна гаража, трговски центар, бензинска пумпа и други содржини.
"Со планот не е предвидена изградба на марина на тој дел, туку само
простор за закотвување на пловните објекти. Но, планирано е да се гради
и подвижна бензинска пумпа, за која тендер треба да распише
Министерството за транспорт и врски и од каде сопствениците на пловни
објекти ќе се снабдуваат со гориво”, рече Петревски.
Надлежните во Министерството за животна средина велат дека обвинувањата
од охридскиот градоначалник се упатени на погрешна адреса, бидејќи
нивното Министерство ниту стопанисува со Езерото, ниту пак дава
концесии за користење на просторот.
"Веднаш ќе пуштиме инспекција и ќе ги казниме сите што загадуваат, но и
оние што треба да се грижат за негово уредување", велат од
Министерството за животна средина. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155987&idg=8&idb=2456&rubrika=Makedonija
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2 Posted: 25-Oct-2008 at 00:57 |
Може би не треба да отворам нова нишка но ми се виде дека е едно од малкуте пристаништа во Македонија кои заслужуваат да добијат своја нишка, а впорчем и како едно но неколкуте се чуствувам горд на него, па си викам ај да ја отворам нишкава. Нормално нишкава се однесува на сите пристанишка во Охрид, Преспа и околината. Форумов е во дефицит од охриѓани, стружани, ресенчани и околината но се надевам дека во иднина таа грешка ќе се исправи и нишкава ќе држи вода.
Се санира пристаништето кај Свети Наум
ОХРИД - Во тек се активности од првата фаза на проектот за санација
на пристаништето кај манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридско
Езеро. Градежните зафати на овој дел се реализираат по пауза од 18
години.
Механизација на скопската фирма „Спидер платиниум“, која
го доби тендерот за реализација на овој зафат вреден два милиона и 988
илјади денари, почна со работа за санација на брегот на пристаништето.
Станува
збор за расчистување на подводните наноси во делот од пристаништето
наменет за прифаќање бродови во должина од околу сто метри. Во идните
фази од зафатот е предвидено зајакнување на бетонскиот дел од
пристаништето, како и негово осветлување.
Со заокружувањето на
проектот, пристаништето кај Свети Наум ќе ги обезбеди законските норми
за безбедно одвивање на сообраќајот на тој дел од охридското
крајбрежје. (МИА) http://utrinski.com.mk/?ItemID=4A8C8DF3D5418A499F56C1F51517EEFA |
Што бидна, едно време се збореше, за редовна линија Охрид-Поградец?!
Edited by lslcrew - 25-Oct-2008 at 02:32
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#3 Posted: 26-Oct-2008 at 00:40 |
Пронајдов од некаде информација дека во Македонија годишно се превезуваат околу 9000 патници со брод, што е интересна бројка.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4 Posted: 26-Oct-2008 at 02:44 |
 Бројкава не ми е веродостојна со оглед на фактот што нема водна линија со соседите. Ова може би се однесувало на грчкиот дел од Македонија па настанало мешање на термините и териториите. Ај те молам побарај го изворот да не биде само шпекулација.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#5 Posted: 26-Oct-2008 at 02:52 |
Originally posted by lslcrew
Бројкава не ми е веродостојна со оглед на фактот што нема водна линија со соседите. Ова може би се однесувало на грчкиот дел од Македонија па настанало мешање на термините и териториите. Ај те молам побарај го изворот да не биде само шпекулација.
|
Па не е воопшто нереална. Ако претпоставиме дека барем 3 месеци (90 дена) во годината (а сигурно се повеќе) возат двата брода до Св. Наум и пренесуваат во просек по 40 патници дневно имаме 3600 патници само од тоа. Бројкава е сигурно поголема, знам дека тури до Св. Наум има уште од април па се до септември. Во Охрид има и други бродови, се прават ноќни тури покрај стариот град итн. Незнам дали бројката од 9000 е точна но голема е веројатноста дека е во реални рамки.
Edited by pbanks - 26-Oct-2008 at 02:58
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#6 Posted: 26-Oct-2008 at 12:53 |
Рибите бегаат од загадениот канал ! OhridNews - 25.08.2008
Доколку продолжи негрижата и загадувањето на каналот Студенчишта лесно може да се случи рибите кои презимуваат во него повеќе да не доаѓаат тука, предупредуваат спортските риболовци. „Тука се влеваат Билјанините извори, но наместо од прва категорија, водата во каналот, кој поради сушата е на минимална кота, сега е од 5 категорија што ќе предизвика несогледливи последици врз рибниот фонд кој со векови се мрести на овој простор“, вели Радован Димитриевски од спортско риболовното друштво Св Апостол Петар. Причина за загадувањето според спортските риболовци се големиот број пловни објекти со силни мотори кои ја корнат ресата и испуштаат горивио и масла во водата. Затоа спортските риболовци бараат под најитно да се забрани управување на пловилата со вклучени мотори во каналот и таму да се излегува и влегува само со весла. Риболовците исто така најавија дека ќе поведат иницијатива со која од владата ќе побараат каналот да им биде даден под концесија. Половина од средствата ќе ги уплаќаме на буџетска сметка а останатите ќе се користат за одржување и чистење на каналот кој сега е запуштен и загаден, ни иајави Димитриевски. 
Спортските риболовци од Охрид најостро се спротиставуваат и на идејата за изградба на марина или бензинска пумпа кај каналот или во трската. Идејата е да се даде овој вносен бизнис на локални моќници но тоа никако не смее да биде на сметка на загадување на езерото бидејќи трската е негов природен филтер кој не смее да се уништи, вели Димитриевски. Според спортските риболовци марината во Охрид треба да се изгради помеѓу двете пристаништа или на друга отворена локација. |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#7 Posted: 30-Oct-2008 at 14:38 |
Донесена одлука за ограничување на пловидбата во Охридското Езеро

Владата
по предлог на Министерството за транспорт и врски, донесе одлука за
ограничување на пловидбата на одделни пловни објекти со моторен погон
во Охридското Езеро.
Како што информираа од министерството за транспорт и врски
ограничувањето е со цел на спречување на неконтролиран риболов и
заштита водите и рибниот фонд во езерото, а пред сé на автохтониот вид
Охридска пастрмка.
Согласно Одлуката, се ограничува пловидбата на сите пловни објекти
во сопственост на правни и физички лица во две одделни годишни сезони.
Имено, истите не смеат да пловат во Охридското Езеро од 21 часот до 5
часот во периодот од 1-ви мај до 31-август секоја тековна година.
Исто така во временскиот период од 1-ви септември до 30-ти април се
ограничува пловидбата на чамците од 18 до 7 часот. За патнички бродови
во текот на летниот период, од 10-ти јули до 20-ти август, забрането е
пловење во период од 1 часот до 6 часот утрото. Одлуката за
ограничување на пловидбата на одделни пловни објекти со моторен погон
во Охридското Езеро не се однесува на пловните објекти кои се во
сопственост на Армијата на Република Македонија, Министерството за
внатрешни работи и Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=43090&kategorija=1 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#8 Posted: 11-Dec-2008 at 01:10 |
Охрид ќе гради ново пристаниште
Изградба на ново пристаниште и комплетна обнова на постојните, вети
министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски завчера, во Охрид. За
проблемот со паркирањето на пловните објекти на Охридско Езеро се
разговараше на трибината на која присуствуваа граѓани и владини
претставници.
- Предвидена е и изградба на бензинска пумпа, со
стандарди што веќе ги има на повеќе езера низ светот. Така
сопствениците на пловни објекти нема да користат канти за полнење со
гориво на моторните чамци и глисерите - изјави Јанакиевски. Тој кажа
дека во првата половина од 2009 година би се подготвиле проекти за
реконструкција на пристаништата и за изградба на ново, а во втората
половина на следната година би биле распишани огласи.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=695263A110E5694E8F41D4883EAD0A1F |
Edited by lslcrew - 11-Dec-2008 at 01:20
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#9 Posted: 11-Dec-2008 at 12:39 |
На кој простор би требало да биде новото пристаниште во Охрид? Би сакал наместо во Охрид да се поработи на Струга за да се воспостави линија Охрид-Струга-Подградец, покрај сегашната Охрид-Св.Наум. Ќе биде исплатлива во текот на летниот период, а по воден пат ќе се поврземе и со Албанија. Би било добро во Охрид да се санираат пристаништата, но треба и Струга да добие пристаниште како и Охрид.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#10 Posted: 11-Dec-2008 at 13:48 |
Ќе се гради пристаниште за јахти и глисери во Охрид
Министерт за транспорт и врски Миле Јанакиески во Охрид најави дека се
планира изградба на трето пристаниште во Охрид за јахти и глисери по
што пловните објекти ќе се преместат од каналот кај Билјанини Извори.
"Наша намера е целосно да се реновираат пристаништата во Охрид, но и да
се направи ново пристаниште кое би се користело за закотвување на
бродови, на кајчиња, глисери, јахти. Предвидена е изградба на една
бензинска пумпа покрај вода со стандарди кои веќе ги има на повеќе
езера низ светот. На тој начин сопствениците на пловни објекти нема да
користат канти за полнење со гориво на моторните чамци, глисерите",
изјави Јанакиески.
Министерот Јанакиески кажа дека во првата половина од 2009 година ќе се
подготват проектите за реконструкција на пристаништата и за изградба на
ново пристаниште, а во втората половина на идната година ќе бидат
распишани тендерите.
Сопствениците секое лето ги полнат со гориво од канти глисерите и
другите моторни пловни објекти во каналот на Билјанини Извори. Поради
тоа во шпицот на туристичката сезона има стравувања дека целиот канал
може да пламне доколку во езерската вода падне само едно догорче.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160766&idg=8&idb=2546&rubrika=Makedonija |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#11 Posted: 25-Feb-2009 at 14:17 |
Владата прави поморска флота
Владата
расправала и кое пристаниште може да се искористи како матично. Во ниту
еден случај не се споменало солунското пристаниште кое е на најмала
оддалеченост од Македонија, во опција биле само пристаништата во Драч,
Албанија и Истанбул, Турција
Владата прави трговска бродска флота која ќе плови по море до сите
дестинации под македонско знаме. Одлуката за формирање на флотата била
донесена на една од минатите владини седници и веднаш е формирана
работна група со членови од повеќе институции која работи на постапката
за регистрација на бродови кои ќе пловат под македонско знаме.
Неофицијално дознаваме дека на владината седница се зборувало и кое
пристаниште може да се искористи како матично. Во ниту еден случај не
се споменало солунското пристаниште кое е на најмала оддалеченост од
Македонија. Во опција биле само пристаништата во Драч, Албанија и
Истанбул, Турција.
Владата одлучила флотата да се формира врз основа на јавно- приватно
партнерство. Во почетокот да има не повеќе од 10 брода, а со текот на
времето да се развие во поголема поморска трговска флота, какви што
веќе имаат некои земји во светот, иако не излегуваат на море.
Од Министерството за транспорт и врски од каде што во Владата
пристигнала иницијативата вчера ни потврдија дека се прави поморска
флота. Оттаму велат дека работната група веќе работи на формирање на
регистар на бродови кои низ светот ќе пловат под знамето на Македонија.
"Очекуваме повеќекратна придобивка од поморската флота. Освен трговска
корист, Македонија ќе добие едуциран кадар на македонски државјани за
работа на брод. Исто така, ќе се прави промоција на државата, бидејќи
македонските бродови ќе пловат на сите дестинации под македонско
знаме", велат од Министерството за транспорт и врски.
Владата на Македонија неодамна направи и измени и дополнувања на
Законот за внатрешна пловидба. Со нив е предвиден нов начин на обука на
бродскиот екипаж, како и нов начин на полагање на стручниот испит за
добивање звање за член на бродски екипаж.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164021&idg=9&idb=2608&rubrika=Makedonija |
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#12 Posted: 25-Feb-2009 at 16:47 |
 Epa najverojatno ne e planirano solunskoto, zosto so grcite bi imale samo glavobolki....na edno mesto da pisuva makedonija odma ke blokiraat sve zivo, taka sto bolje izberi nekoja zemja sto e malku podaleku ama koja nema da ti pravi nikakvi problemi ni so ime ni so zname....
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#13 Posted: 25-Feb-2009 at 17:51 |
Јас навистина мислам дека ова е многу паметно, но треба да размислат кое пристаниште, и да размислат какви се царините кон таа држава бла бла, а сигурен сум дека ова само за имиџ некаков го измислија (пред избори да не речам). Инаку навистина е многу многу паметна работа, само што колку од добрата што стигаат во државава се преку поморски сообраќај, е тоа е многу друга приказна. А чешит ќе биде да ни киднапираат брод во Сомалија пиратите.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#14 Posted: 25-Feb-2009 at 19:25 |
Убаво се, само да се поврзевме железнички со Драч и Истамбул не ќе беше лошо... Коридор 8 алооо! Мислам многу поприоритетно отколку:
Исто така, ќе се прави промоција на државата, бидејќи
македонските бродови ќе пловат на сите дестинации под македонско
знаме" |
Додека коридорот 8 е во состојба во каква што е, особено железничкиот сегмент, кога тие наши бродови ќе треба нешто да истоварат од/за Македонија, пак Солун не им бега, без разлика каде формално ќе им биде матичното пристаниште. 
Edited by Cloverstack - 25-Feb-2009 at 19:26
|
 |
MakedonMKD
Newbiе
Joined: 04-Apr-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#15 Posted: 04-Apr-2009 at 23:34 |
Оваа вест со формирање на поморска флота баш ме израдува. Се надевам дека нема да поминат десет години па тогаш да се реализира замислава.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#16 Posted: 05-Apr-2009 at 17:35 |
и мене иако ме радува мислам дека најпрво треба да се ојача флотата на пограничната патрола на езерата, сепак тоа што го имаме сега е малку иако се работи за езера
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#17 Posted: 10-Apr-2009 at 15:59 |
Министрите за транспорт и врски на Македонија и на Албанија,
Миле Јанакиески и Сокол Олдаши, денеска во Охрид потпишаа Спогодба за
соработка во полето на поштенските и електронските комуникации, како
дел од европската агенда на двете држави.
Тема на разговорите беше и бродската линија Охрид-Поградец за која и годинава најавуваат дека ќе се воспостави летово.
Бродската
линија помеѓу Охрид и Подградец ќе стартува на почетокот на јули
годинава, ветија денеска по средбата во Охрид министрите за транспорт и
врски на Македонија и Албанија Миле Јанакиески и Сокол Олдаши. Двајцата
министри истото го ветија и пред точно две години, но линијата до денес
не профункционира.
„Останува на Министерството за внатрешни
работи и царината да отворат локален простор, треба да се преземат
градежни работи и очекувам за два до три месеци и очекувам јуни-јули
месец да се отвори линијата бидејќи поголем интерес има од наша страна,
отколку од албанска страна, така да една подолгодишна желба на охриѓани
може да се реализира“ изјави Јанакиевски.
„Вториот проблем е
комерцијалниот интерес на двете страни и во овој момент ниту јас, ниту
мојот колега да кажеме колку пати би оперирала оваа линија, тоа би
зависело од бројот на заинтересираните граѓани“ рече Олдаши.
http://alsat-m.tv/mk/index.php/vesti/zemja/12235.html |
Edited by lslcrew - 10-Apr-2009 at 16:00
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#18 Posted: 11-Apr-2009 at 13:50 |
moze ke se nalutite ili adminot moze ke go izbrise ovoj post ama kaj moze makedonija da ima voden transport, od ohrid do sv.naum to go narekuvate transport
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#19 Posted: 11-Apr-2009 at 16:04 |
Originally posted by Dragan
moze ke se nalutite ili adminot moze ke go izbrise ovoj post ama kaj moze makedonija da ima voden transport, od ohrid do sv.naum to go narekuvate transport
|
епа ако прочита убаво владата работи на водениот транспорт и по морињата а сепак што е битно, дали е вирче, езерце, река или море, воден транспорт си е воден транспорт
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#20 Posted: 11-Apr-2009 at 17:14 |
Министрите за транспорт и врски на Македонија и на Албанија,
Миле Јанакиески и Сокол Олдаши, денеска во Охрид потпишаа Спогодба за
соработка во полето на поштенските и електронските комуникации, како
дел од европската агенда на двете држави.
Dobro eve ke ima transport i sto ke se prenesuva nuklearno gorivo ke se prenesuva. ja da sum kako vladata ne bi ''frlala'' mnogu pare za ova
|
 |