Геотермални потенцијали |
Post Reply | Page 12> |
Author | ||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply
#1 Topic: Геотермални потенцијали Posted: 29-Jun-2008 at 16:20 |
|
Во светот технонологијата геотермално греење-(Geothermal heating) е нешто вообичаено како прв алтернативен избор за греење и ладење, додека кај нас е скромно прифатен и недоволно разбран за што се виновни како дистрибутерите(слаб маркетинг) така и државата(никакви субвенции).
има нешто вина и во тоталната незаинтересираност на обичниот човек да заштеди на пари, а и на CO2 емисии, плус ова нашите иноватори од Фонко HeatPump-от го продаваат за трипати поскапо од останатиот свет, демек имале по ергономична пумпа, т.е. изгледа прво сакаа да ги навлечат буџованите на некаков тренд па сетне да допрат и до нормалниот свет, но негде измеѓу заглавија т.е. се опуштија... ако енергенсите се задржат на овие цени и глобалното затоплување не се запре а тоа нема да биде, мислам дека оваа технологија е спасот да се сочуваат денешните навики т.е. денешниот потрошувачки начин на живот, но бар нема да оставаме ѓубре зад себе... еве го принципот шематски... ...процес на ЗАГРЕВАЊЕ ...процес на ЛАДЕЊЕ Edited by beTon - 22-Sep-2018 at 17:55 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2 Posted: 29-Jun-2008 at 16:56 | |
Ваљда мислиш по економична Во секој случај, кога сме кај геотермалните потенцијали (баш паднавме на муабет на средбата во петокот), треба одма да направиме дистинкција помеѓу геотермални води и геотермални топлински пумпи (се надевам дека ја погодив терминологијата). Македонија како земја благословена со доста геотермални води треба да ја искористи таа предност до максимум. Од друга страна, за геотермалните топлински пумпи претпоставувам нема битни разлики во нивната ефикасност од регион до регион и од држава до држава, така да на тоа поле треба едноставно да ги пратиме трендовите и да се трудиме да не заостануваме многу зад развиениот свет. Не сум баш детално запознаен со проблематиката, ова е само мое површно лаичко мислење. Сепак и за едното и за другото ни треба повеќе иницијатива. П.С. Направив корекција на насловот на темава за подобро да ја опишува целата тематика што би била опфатена во нишкава. Edited by Cloverstack - 29-Jun-2008 at 16:58 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #3 Posted: 29-Jun-2008 at 17:45 | |
о
не , за економичност можат само да пуштаат теории на млака вода, баш за ергономичност велам по современ и едноставен систем, иако мислам дека имам чуено како се чаламеле и за тоа... за економичност овој вид на централно греење и ладење зависи како и останатите видови исклучиво од материјалите и изолацијата на објектот на кои кај нас и баш не се обраќа некое внимание (ограничени сме што од стандардот што од алчните маржи...) пр. комотно истиов систем може да се користи на која било планина но за да ефектот биде како што треба а амортизацијата нормална тогаш мора од 15ка стиропор да се користи 25 или 30ка, тука е исто и кровот кој доколку е вентилирачки (парна брана) и тој има голем процент во заштеда на енергијата но пр. за планина истиот овој кров е беља работа... исто доста интересен момент е оранжериското греење или греењето за базени тука heatpump-от е незаменлив т.е. најисплатлив во моментов а најверојатно така и ќе остане... Edited by beTon - 29-Jun-2008 at 17:50 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #4 Posted: 29-Jun-2008 at 18:01 | |
хмммм...
не ми е јасно каква врска има геотермална топлинска пумпа со ергономија |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #5 Posted: 29-Jun-2008 at 18:06 | |
мала современа пумпа плус ултратенки конвектори по собите...
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #6 Posted: 29-Jun-2008 at 18:58 | |
еве два youtube линка кои на долго и на ширико но стручно, ја претставуваат геотермалната технологија за греење, па секој што би сакал подетално да се запознае со целиот процес на инсталација како и сите предности и поединости за оваа технологија би требало да ги погледне овие воркшопови...
инаку и двата се поделени во 5 дела од по дест минути...
Edited by beTon - 29-Jun-2008 at 19:00 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #7 Posted: 29-Jun-2008 at 19:55 | |
...Фонко ќе гради фабрика во Бунарџик...
абе тие имале мака со капацитетот, а ја мислам глумат лудило, но сепак есапот на нашиов пазар не го гледаат па дури и да пуштаат по 10000 парчиња годишно, што азган работа ова потребата од профит www.fonko.com.mk - Geothermal heat pumps (GHPs)
Edited by beTon - 30-Jun-2008 at 17:18 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #8 Posted: 30-Jun-2008 at 20:11 | |
IGA - International Geothermal Association
Edited by beTon - 18-Oct-2008 at 22:57 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #9 Posted: 30-Jun-2008 at 21:20 | |
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #10 Posted: 01-Jul-2008 at 10:40 | |
beton едно прашање бидејќи гледам се разбираш во проблематикава.
Скоро најавија дека инсталацијата на геотермални пумпи кај нас ќе биде регулирана, т.е. за да се постави ќе треба дозвола од општината. Знаеш ли кога точно ќе се донесе таа регулатива? Како оправдување за ова (освен да земат пари) беше наведено дека поставувањето ваков вид на пумпи може да биде многу ризично за подземните води (загадување итн). Коклу е тоа издржано воопшто? |
||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #11 Posted: 01-Jul-2008 at 13:21 | |
На почетокот идејата беше дека авто пералниве со бушотина цицаат муфте вода па ај да наплатиме, што за мене се во право, одозгора со перењето и загадуваат со разни прашоци, па нека платат за тој свој бизнис. Но сега кога видова дека има пари, ај ова да важи за сите, така да и оние што имаат пумпи и во случајов термална пумпа и од нив да цицнеме. Но од друга страна државата се залага за штедење струја - термалната пумпа испробано - ШТЕДИ струја, од друга страна никако не загадува. Еве го принципот - Црпе ладна вода и истата без никакво мешање или загадување за неколку степени потопла ја врака назад, во друга дупка или во најлош случај во атмосверска или обична канализација. - Во вториот случај имаме затворен систем, цевка во цевка, зема оладена вода од надворешната цевка и ја враќа назад низ средната да температурата на земјата ја олади и поново да ја донесе во системот. Систем -> што поладна вода - потопло внатре * Така да двата система НЕ ЗАГАДУВААТ - ШТЕДАТ Незнам дали го разбравте системот но .... |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #12 Posted: 07-Jul-2008 at 21:12 | |
из
извини за закаснетиов одговор pbanks... бидејки немам пумпа ниту знам се уште некој што има, колку што логиката ми држи изгледа дека дозвола е нормално да побараш и без да постои истата, чисто ад-акта согласност како утре би те интегрирале во случај на нов куќен ред и поредок , пр. без согласност од џомбата во маало неможеш ни свадба да правиш по 10 вечер а сите весели дома да си заминат или пр. во словенија за да правиш ајвар во двор т.е. да гориш дрва некако, мораш да ги известиш службите за тревожење и да имаш боца за гасење на готовс при рака... ...после осигурувањето од можни проблеми со џомбата(општината) ти останува само уште к’сметот да не налеташ на археолошки локалитет(доколку поставуваш вертикален систем) како не би заглавил едно годинаипол до две со археолози в двор и дупка за невнимателни посетители... него да не кршам клечки, навистина незнам ништо за регулатива но би требало нешто да донесат ако сакаат да глумат европа па макар само и на хартија(како и обично), а што е до загадувањето мислам дека немаат полош изговор, полесно би се извадиле на можен конфликт со постоечки подземни инсталации и внесување во катастарска евиденција него на тоа... еве еден линк каде дури и за термоелектрана од отворен тип нема никаков озбилен ризик од загадување, а за домашните пумпи од затворен тип ич муабет да не правиме! |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #13 Posted: 14-Jul-2008 at 12:40 | |
ми тргна денов на анимација, па еве една одлична анимирана презентација за геотермалниот систем...
Edited by beTon - 08-Oct-2008 at 13:51 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #14 Posted: 29-Jul-2008 at 19:34 | |
случајно налетав на еден српски IT форум, ко за иронија батињата уште од 2003 имаат почнато муабет за пумпите па така интересно е да се пролиста форумот и како тајмлајн дискусија но и како инфо за технологијата и остојбите во регионот... www.elitesecurity.org/t19098-Toplotna-pumpa
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #15 Posted: 09-Nov-2008 at 23:28 | |
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #16 Posted: 17-Feb-2009 at 21:22 | |
добро а што бидна со ова иницијативава на Трифун за забрана за ГТП се донесе ваква регулатива или нешто слично или сеуште е се по слободна волја!
Edited by beTon - 17-Feb-2009 at 21:23 |
||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #17 Posted: 17-Feb-2009 at 21:38 | |
Има вистина дека геотермалните пумпи носат извесни опасности кои произлегуваат од длабокото копање во земјата. Опасностите се главно ако се наиде на заробен гас под земјата па да дојде до експлозија или пак испуштање на отровни гасови. Исто на овој сајт http://www.associatedcontent.com/article/288108/five_disadvantages_of_geothermal_energy.html?cat=15 наидов на информација дека црпење на геотермалната енергија го зголемува бројот на земјотреси. Јасно ми е дека Љупчо Трајковски се грижи за бизнисот но може бар да биде искрен околу добрите и лошите страни на овој тип енергија.
|
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #18 Posted: 17-Feb-2009 at 22:00 | |
Смисла за дискусија има само ако се дупчат бунари или цевки и водата се вади и поново се враќа или во земјата или во канализација, и тоа да зборуваме за големи системи, а инаку џебови прават и обичните рачни пумпи !!??.
Но ако е затворен систем тогаш ама баш никаква дискусија не стои, водата ни се вади ни се права џепови. Се собрале мудраци во градот и донеле одлука (или ќе донесат) |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #19 Posted: 17-Feb-2009 at 22:22 | |
да тоа проблемите се повеќе врзани за централите еве една информација во тој контекст
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #20 Posted: 23-Feb-2009 at 17:00 | |
|
||
Post Reply | Page 12> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |