Луна Корпорација |
Post Reply | Page 123 20> |
Author | |||||||||
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply
#1 Topic: Луна Корпорација Posted: 23-Aug-2010 at 23:21 |
||||||||
По речиси двегодишно натегање со сопствениците, деновиве отпочнаа подготвителни работи на окрупнетиот градежен терен, со несвојствени димензии, барем кога станува збор за Дебар Маало 2. Припоени се 3 поголеми градежни парцели (14.13. 14.14 и 14.19), со нивелациски висини од 19,2 до 26 м, лоцирани наспроти и паралелно со северниот влез и фасада на деловно-станбената зграда (на Форумов позната како) Гема 2.
Неофицијално, како инвеститор на проектот фигурира „легендарната” тета Мира, алијас Луна корпорација, проект „Корнер”. Исто така неофицијално, проектот во својот состав ќе опфати широк недвижен спектар: локали, хотел, деловни канцеларии, подземни паркиралишта и станови. Инаку, неодамна медиумите пишуваа за „проблематичноста” на една од градежните парцели кои влегоа во проектот и вмешаноста на екс-кошаркарот Пеце Наумовски во наводна афера со незаконско преземање на земјиштето. Како и да е, теренот интензивно се расчистува, во еден изненадувачки субстандарден и би рекол незаконски манир. Мегапарцелата е делумно оградена со лошо поставени лимени плочи, без информативна табла, но со мноштво групи на Роми, кои деноноќно се тепаат (неколкупати интервенира и МВР) која група ќе дрпне што е можно повеќе секундарен метал, тули, дограма... На градилиштето нема надзор, но е преполно со малолетни лица, никој не носи заштитна облека, за багерите, копачите и камионите не се презема ништо против прашината и валкање на сообрајќајниците, се работи вон работно време, околината е преполна со отпад од расчистувањето... Новиот Закон е добар, најверојатно ќе треба време капацитетот на администрацијата, а и менталитетот на граѓаните да зајакнат. Во секој случај, проектов е исклучително важен, затоа што, според мене, претставува пример како ќе еволуира Дебар Маало, преку проекти кои ќе бидат се покомплексни и интегрално одржливоголеми, наспроти досегашниот тренд, секој, кадар-некадар, да си го реализира меракот, градејќи ситна зградичка, со двеипол паркинг места (и тоа преку пасаж) и една „пиљара” до влезот. П.С. Топиков може да си добие и поконкретно име кога ќе имаме подетална слика, бидејќи проектов е сепак само дел од Блокот 14. Edited by OKA - 24-Aug-2010 at 16:29 |
|||||||||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|||||||||
46&2
Senior Member Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
Quote Reply #2 Posted: 24-Aug-2010 at 13:32 | ||||||||
ОКА гледам дека си доста упатен па би сакал да те прашам нешто. Скоро кога проаѓав таму беше срушена и обложувалницата до објектот Гринго што го имаме одамна евидентирано на форумов и уште три реда куќи. Е сега ме интересира дали обложувалницата е срушена за целосна реализаија на Гринго (види рендер) или пак има некои промена на терен па и таа локација ќе влезе во склоп на ове нови згради. Не ми беше логично да дигнат пола објект од Кубус од планираното а другата половина да стои така.
|
|||||||||
I use public toilets and I piss on the seat.
|
|||||||||
46&2
Senior Member Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
Quote Reply #3 Posted: 24-Aug-2010 at 13:41 | ||||||||
Уште нешто кога проаѓав на 14.19 немаше ништо срушено, сакаш да кажеш дека и таму рушеле ??? Ако е така тогаш е стварно замашен објектов
|
|||||||||
I use public toilets and I piss on the seat.
|
|||||||||
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #4 Posted: 24-Aug-2010 at 13:47 | ||||||||
14.19. исто така се руши! |
|||||||||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|||||||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #5 Posted: 24-Aug-2010 at 13:50 | ||||||||
Имам сватови кои се сопственици на една од маркиците споени во новава голема. Од информациите кои ги имам од пред неколку месеци, објектот ќе варира во висина, бидејќи 14.20 е објект заштитен со закон. Таму ќе се оди со помалата висина од 19,2, а на другата половина ќе има 26 метри. Рендер немам видено, незнам дали ќе биде продолжение на Гринго. Ако добијам информации ќе споделам.
Во однос на Гринго, рендерот кажува дека половина од објектот ќе се гради на местото на некогашната обложувалница, а таа маркица (14.13 ако не се лажам, 14.12 е постојното изградено) е споена во големава исто така. Дали целиот објект ќе биде продолжение на Гринго? Малку веројатно, земајќи предвид дека веќе има ѕид од западната страна на Гринго (иако и тој ѕид може да се руши нормално). |
|||||||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||||||||
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #6 Posted: 24-Aug-2010 at 14:07 | ||||||||
Edited by OKA - 24-Aug-2010 at 18:43 |
|||||||||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|||||||||
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #7 Posted: 24-Aug-2010 at 15:21 | ||||||||
1. "Ground zero" во Дебар Маало 2 Сé уште нема табла... 2. Кон Grawe, Cubus и Соборна Според ДУП-от, објектот во левата маргина е дивоградба... Со години... 3. Ромите го чистат 14.19. Сé си е според Законот, еколошко превозно средство, згора на сé... Edited by OKA - 24-Aug-2010 at 18:45 |
|||||||||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|||||||||
46&2
Senior Member Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
Quote Reply #8 Posted: 24-Aug-2010 at 15:26 | ||||||||
Топ слики.
Плус имаме и редовен исзвестувач од терен |
|||||||||
I use public toilets and I piss on the seat.
|
|||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #9 Posted: 24-Aug-2010 at 16:04 | ||||||||
Ова е некако ипланирано и тука позади зградиве измеѓу двата реда не е планирана никава уличка, а слободно може да се вцрта некоја сервисна слепа уличка, backdoor за зградиве или некој паркинг за вработените и жителите во овие згради. Мислам како продолжение на паркингчето мало на крајот на улица Пиринска. И така ќе остане неискористен простор.
|
|||||||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #10 Posted: 24-Aug-2010 at 19:39 | ||||||||
Ќе има уличка позади.
|
|||||||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #11 Posted: 24-Aug-2010 at 22:29 | ||||||||
WOW!
И покрај сите лоши работи што ги навде ОКА, главната вест практично засенува се друго. На крај памет не би ми паднало дека некогаш во Дебар Маало ќе се гради објект со ваква големина (70 метри должина). Дури си велам и да не е преголем за амбиентот, но и тој впечаток во огромна мерка ќе зависи од надворешниот изглед, па ми останува да се надевам на проект кој ќе биде радикален позитивен помак каков што помак е и самото ова окрупнување на маркиците. Во секој случај подобро од фрагментираните микро маркички кои доминираа досега. Ваљда ќе дувнат нови ветришта во Дебар Маало и ќе се воспостават нови трендови. А ако тргне посериозно натака работата, тогаш тешко дека ќе се запре, бидејќи премногу очигледна ќе биде разликата, пред се во бенефитот за самите станари и корисници на идните градби. Мислам дека не е се изгубено и дека сеуште постои голем потенцијал за значителна позитивна трансформација во Дебар Маало. Edited by Cloverstack - 24-Aug-2010 at 22:31 |
|||||||||
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #12 Posted: 25-Aug-2010 at 17:02 | ||||||||
1. Падна и 14.19. А со тоа и првото дрво. Знае ли некој каква е законската процедура со дрвја, дрвореди и слично, лоцирани на градежната траса!? |
|||||||||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|||||||||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #13 Posted: 30-Aug-2010 at 17:07 | ||||||||
1.
2. 3. 4. |
|||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||||||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #14 Posted: 05-Sep-2010 at 12:16 | ||||||||
Нови информации: инвеститор е Луна, и официјално (може да се преимени нишкава во Луна Дебар Маало на пример), рокот на изведба е 28 месеци (кои почнаа да течат).
Објектот нема да се слепи со тој заштитениот (од една страна), и Гринго (од друга), што значи дека Гринго ќе си го добие изгледот од рендерот, т.е. ќе се прошири на запад, а меѓу овој и заштитениот објект ќе има место за тесно зградиче. |
|||||||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||||||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #15 Posted: 05-Sep-2010 at 17:57 | ||||||||
Името на нишката е сменето во „Луна - Дебар Маало“ бидејќи именувањето според парцела беше несоодветно. До евентуално добивање на некое официјално име ќе стои вака.
Бидејќи е во изградба, додадов кранче. |
|||||||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #16 Posted: 06-Sep-2010 at 11:05 | ||||||||
Духови ќе градат зграда во Дебар Маало
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9610109156&id=14&prilog=0&setIzdanie=22077 |
|||||||||
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #17 Posted: 06-Sep-2010 at 13:59 | ||||||||
Коректен новинарски напис. Со исклучок на правниот спор на г-дата Наумовски vs. Ризов за споменатата „барака”, што е работа на судовите, сé друго е целосен недостаток на административен капацитет, со напомена дека фактичкото премолчување на состојбата на терен, дава оправдани сомнежи за некаква латентна корумпираност на општинските служби.
Несфатливо е дека некој може да биде толку дрзок во центарот на Скопје, 100% да игнорира Закон за градење. Ете, тоа се дел од нуспојавите предизвикани од државното „газење” по легалните процедури за ДУП и градење, однесување општо присутно при носење на последните градежни планови. Edited by OKA - 06-Sep-2010 at 14:13 |
|||||||||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|||||||||
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #18 Posted: 06-Sep-2010 at 14:12 | ||||||||
|
|||||||||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #19 Posted: 07-Sep-2010 at 11:09 | ||||||||
Багерите на Пеце Наумоски побрзи од администрацијата
|
|||||||||
G.I. Joe
Senior Member Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 416 |
Quote Reply #20 Posted: 08-Sep-2010 at 01:36 | ||||||||
znaci vo objektot so ke se gradi sega ne vleguva drugata polovina na gringo ( kako vo renderot ) tuku taa podocna ke se dogradi ? ili paralelno ke se gradat so ogled na toa so oblozuvalnicata ja srusija ?! |
|||||||||
Post Reply | Page 123 20> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |