![]() |
![]() |
![]() |
Текстови за Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() Posted: 14-Sep-2013 at 19:05 |
Мислам дека е редно да имаме нишка во која ќе се објавуваат линкови до текстови или цели текстови поврзани со минатото, сегашноста или иднината на Скопје.
За почеток, ќе поставам неколку линкови до фељтонот што оди на Окно.мк, а е поврзан со Скопје за време на земјотресот од 1963 и периодот по земјотресот. Скопје на 26 јули во 5.17 http://okno.mk/node/30211 Кој ја испратил првата вест за земјотресот и нејзиниот одѕив во светот http://okno.mk/node/30254 Спасување на затрупаните (1) http://okno.mk/node/30290 Спасување на затрупаните (2) http://okno.mk/node/30309 Спасување на затрупаните (3) http://okno.mk/node/30343 Животот во шаторските населби (1) http://okno.mk/node/30577 Животот во шаторските населби (2) http://okno.mk/node/30611 Прва помош за ранетите http://okno.mk/node/30430 Преживеаните и очевидците раскажуваат (1) http://okno.mk/node/30489 Евакуација на неактивното население (1) http://okno.mk/node/30641 Евакуација на неактивното население (2) http://okno.mk/node/30667 Штетите што ги направи земјотресот (1) http://okno.mk/node/30745 Штетите што ги направи земјотресот (2) http://okno.mk/node/30813 Штетите што ги направи земјотресот (3) http://okno.mk/node/30914 Расчистување на урнатините (1) http://okno.mk/node/31171 Расчистување на урнатините (2) http://okno.mk/node/31198 Спасување на општествениот и личниот имот http://okno.mk/node/31231 Борба против епидемии и организирање здравна заштита http://okno.mk/node/31268 Снабдувањето на градот http://okno.mk/node/31305 Мерки за ублажување на последиците од земјотресот (1) http://okno.mk/node/31328 Мерки за ублажување на последиците од земјотресот (2) http://okno.mk/node/31359 Обнова и изградба на Скопје (1) http://okno.mk/node/31537 Обнова и изградба на Скопје (2) http://okno.mk/node/31569 Нема да остане град-урнатина http://okno.mk/node/31631 Edited by Џоле - 19-Sep-2013 at 10:39 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Новиот центар на Скопје (1)
http://okno.mk/node/31777 Новиот центар на Скопје (2) http://okno.mk/node/31796 Реконструкција на левиот брег на Вардар http://okno.mk/node/31813 На Скопје, со љубов http://okno.mk/node/31895 Предлози за обнова по катастрофата http://okno.mk/node/31944 Какво влијание имаше реконструкцијата на Скопје? http://okno.mk/node/32031 Животот е краток, Скопје е вечно http://okno.mk/node/32094 Започна обновата http://okno.mk/node/32152 Новото Скопје (1) http://okno.mk/node/32175 Новото Скопје (2) http://www.okno.mk/node/32206 Скопските монументи http://www.okno.mk/node/32234 Планот за Скопје на Кензо Танге http://okno.mk/node/32524 Заклучок на Одборот за комунални работи на Сојузното собрание http://okno.mk/node/33081 За преместувањата на Скопје http://okno.mk/node/33139 Катастрофалниот земјотрес и новите задачи на колективот (За „Електро-дистрибуција“ - Скопје) http://okno.mk/node/33642 Edited by Џоле - 05-Dec-2013 at 14:46 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Не најдов соодветна тема на форумов за оваа статија, но мислам дека оваа
тема е прифатлива бидејќи опфаќа масовни урбанистички промени во
Скопје, а конкретната статија опфаќа урбанистички промени кои се случиле
во Скопје во периодот помеѓу двете светски војни, но се случиле тотално
поинаку за разлика од урбанистичките промени кои се случуваат денес.
Како за почеток, иницијаторот на урбанистичките промени во Скопје во периодот помеѓу двете светски војни бил архитект по професија, а не политичар. Секој може самостојно да ги забележи останатите разлики помеѓу урбанистичките промени кои се случувале во Скопје во периодот помеѓу двете светски војни и урбанистичките промени кои денес се случуваат во Скопје. Доколку администраторите/модераторите имаат посоодветна тема за оваа статија, нека го преместат овој пост во таа тема. http://www.novosti.rs/vesti/planeta.300.html:462960-Zaboravili-na-tvorca-modernog-Skoplja Zaboravili na tvorca modernog Skoplja |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Еве го текстот и на македонски јазик:
Заборавен творецот на модерно Скопје http://okno.mk/node/32986 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Прв пат го гледам човекот на слика
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Баш вчера го гледав Данило Коцевски кај бурекојадачон, го спомна и испофали Јосиф Михајлович и имав намера да видам дали воопшто има улица која го носи неговото име.. искрено, не очекував ништо повеќе од сокак.
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
![]() Пак бил Данило кај бурекот со сланина или се работи за реприза од лани? |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
реприза
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Борбите за ослободување на Скопје
http://okno.mk/node/33055 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Дали е Скопје еден град, ист за сите жители?
http://okno.mk/node/33420 Edited by Cloverstack - 27-Nov-2013 at 20:49 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Плоштад
http://okno.mk/node/33566 Конкурс за Народната и универзитетска библиотека http://okno.mk/node/33569 Град на солидарноста http://okno.mk/node/34629 1992 - 40 Години Сојуз на архитекти на Македонија http://okno.mk/node/34695 Херојот Ленче http://okno.mk/node/34812 Скопје - вчера, денес и утре http://okno.mk/node/34841 Во Скопје преовладува кич во архитектурата http://okno.mk/node/34662 Edited by Џоле - 20-Jan-2014 at 11:35 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
damjan4o ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Sep-2010 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 358 |
![]() ![]() |
фамилија Рубен
http://grad.sk/articleout?cid=6256&l=59&scID=4092 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Американците и Русите во разурнатото Скопје
http://okno.mk/node/35324 Каква власт, таква архитектура! http://okno.mk/node/35284 Подигнувањето објекти на кејот ќе биде грешка на векот http://okno.mk/node/35268 Пластична операција Скопје 2014 http://okno.mk/node/35214 На Скопје му треба нов живот и нова архитектура http://okno.mk/node/35144 Можевме, но не направивме светски град http://okno.mk/node/35128 Кукла http://okno.mk/node/34942 Проблематизација на можностите за перспективен урбан развој на Скопје http://okno.mk/node/34896 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Скопље - Катастрофа и градилиште (Kнига за Скопје во PDF. Бесплатно преземете ја од линкот подолу.)
http://okno.mk/sites/default/files/Skoplje%20katastrofa%20i%20gradiliste.pdf |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Првата студентска бригада му ја врати младоста на Скопје
http://okno.mk/node/35654 Совршена архитектура без апликации http://okno.mk/node/35582 Скопјанецот кој ја исклучи струјата и го спаси Скопје од пожари http://okno.mk/node/35560 Не копирајте, бидете уникатни http://okno.mk/node/35494 Видео интервју со Богдан Богдановиќ од 2008: „Скопје е град-личност“ http://okno.mk/node/35426 На Скопје му треба нов Кензо Танге http://okno.mk/node/35377 Буре барок http://okno.mk/node/35338 Планирањето на Скопје - развој меѓу визијата и стварноста http://okno.mk/node/35758 Per Astra ad aspera http://okno.mk/node/35714 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Интересен текст од Едвард Браун, напишан за неговата посета на Скопје и Косово во 1669 (на англиски): http://www.albanianhistory.net/texts/1669/
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Статија посветена на стоковните куќи во Скопје.
Доколку има посоодветна тема за оваа статија, администраторите/модераторите слободно нека го преместат овој пост во таа тема. http://www.urbancult.mk/cult/retro/item/4960-prikazna-za-skopskite-stokovni-kukji ПРИКАЗНА ЗА СКОПСКИТЕ СТОКОВНИ КУЌИ
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
АРХИТЕКТУРАТА НА ВИСТИНАТА
Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, претседател на Асоцијата на архитектите на Македонија Точно е дека архитектонската школа во Македонија е под влијание на модерната. Точно е дека се придржува на Атинската повелба од 1931 година, која претставува збир на препораки за изградба на градови какви што денес ги познаваме, која е револуционерна во потенцирањето на сложените потреби на градот и радикално подобрување на условите за живот, а бара и решавање на станбениот проблем на широките маси. Никој не открил топла вода кога ги гледа како „руски монтажни комплекси“, дури и на Корбизје западни реакционерни кругови гледале како на „тројански коњ на болшевизмот“. Проблемите, недоразбирањата, дилемите, надметнувањата, дискусиите, критиките во архитектурата на професијата и архитектонската школа и' се познати. Точно е дека за да има прогрес во школата, учениците треба да се подобри од своите учители. За жал, кај нас тоа не се случи, особено после реформите во образованието и, се разбира, влегувањето на Болоња на универзитетот, за што Европа е виновна, нели. Отпор кон грандиозност, јасни и чисти геометриски форми, симетрија, пропорција, негување на однос кон колевката на европската култура и архитектурата - Стара Грција, творечки, голем и рационален ум, нема. Историјата и архитектурата се многу сериозни науки. Првата е учителка на животот, а втората секогаш не' опкружува. „Архитектурата е уметност, користи техника за да предизвика емоција“ -Ренцо Пијано. Можеме да се лутиме колку сакаме, но Скопје долго време било турска касаба, па полека почнало да прераснува во урбана балканска средина, па потоа во гратче по европски образец. Тоа почнало да се случува помеѓу двете светски војни кога е направен водоводот од Рашче, хидроцентралата „Матка“, болници, зоолошка градина, железничка станица (и денес од наведеното ништо немаме направено). Новите сознанија за старо–новите корени не се купуваат на „пластичарската улица“ (тамо е поефтино) па се делат како ефттина бужутерија да сјае повеќе (ама не е злато се' што сјае). Никако да се научи лекцијата. Историја е сигурно нешто што треба да се почитува, не смее да се дозволи да се срамиме од својата историја. Трајче, Стојче, Страше, па и Сања, бидејќи кај нас скромноста често се поистоветува со уплашеност, а на исплашен човек се знае дека може се' да му се прави, не треба да бидат скромни. Треба да бидат горди, храбри и подготвени да се соочат со реалноста и да бидат свесни каде и на што припаѓаат. И се разбира, треба да се горди на својата припадност и да ја создаваат историјата дневно. Тука нема дилеми и несогласувања, постојат научни иснтитуции и многу литература како сведоштво на минати времиња, па макар замижал некој и на едно око, но пак забораваме дека историјата никогаш не простува. Бајките се раскажуваат за деца, грубо кажано за се' уште несозреани, но тие за да допрат до целната група не се во оригиналната верзија, стигаат прочистени. Оригиналните бајки се сурови и брутални. Шарл Перо во 14. век прв ја запишал приказната за Црвенкапа, во оригиналната верзија волкот ги јаде и нејзе и баба и', без среќен крај. Така е и со архитектурата. Таа претставува наука и толку сериозна и комплексна творба така што во неа импровизација; глумата, лагата е невозможно да опстојат. Тоа значи дека тезата „барокот и проектот ’Скопје 2014‘ еден ден ќе бидат историско наследство“ е невозможна. Се разбира дека постои срам и несогласување од историски интерпретации, но не и од историски вистини. Сигурно дека историјата треба постојано да се изучува и да се пронаоѓаат релевантни артефакти, веројатно е точно дека историјата ја пишуваат победниците. Па ај да победиме и ние еднаш, еве барем во фудбал. Не мора да сме светски шампиони, барем да се квалификуваме во таа трка. Овој пат навистина мислам дека ќе немаме ни алиби, како по обичај дека некој друг ни е виновен, а ние сме најдобри, најчесни, сите не' мразат и не' мачат, веројатно за инает, што знам. Фер е да се признае дека Скопје било касаба, дека селективно после земјотресот се рушеле објекти и споменици од една причина, дека биле градени со лош квалитет и дека не било исплатливо нивното реновирање, а од побуди кои ако ги наведам сигурно ќе бидам правилно разбрана, но повторно нема да ви одговара. После Втората светска војна многу малку области од човековото творештво доживуваат толку квалитетно и квантитетно унапредување како архитектурата и урбанизмот. Европа на срушени градови реагирала со творечка обнова. Југославија реагирала на сличен начин. Во Скопје е тоа уште поизразено поради катастрофалниот земјотрес. Важно е да се каже дека изградбата се случувала во земја која во добар дел немала ни искуство, ни кадар, како што имал поголемиот дел од Европа. Раководството на социјалистичка држава одлучило да реализира смел, сложен и скап проект за индустријализација, електрификација, регулација на реки, поврзување со автопатишта на една главно аграрна земја со голем дел селско население. Тоа население донесено во градовите требало да се смести во станбени населби кои биле урбанизирани, каде плански граделе за секоја од нив градинки, училишта, амбуланти, супермаркети, паркови, игралишта за деца, спортски сали (се' уште се во функција, нови и подобри нема). За разлика од останатите источни земји, југословенските (тука спаѓаат и македонските) архитекти не само што не го прифатиле т.н. соцреализам во архитектурата, туку биле и промотери на модерна архитектура. За мала земја ова е огромно сведоштво. Архитектите во Југославија (се разбира тука спаѓаат и македонските) ја применувале Атинската повелба. Потврда за ова се и 12 европски градови (од кои 9 престолнини) кои биле домаќини на изложби на современа архитектура на Југославија. Модерната кај нас многумина ја сметале за потикнувачка. „Скопје 2014“ денес не може да се прифати ни како изложба од ААМ, евентуално само во Министерство за култура, каде посетителите пак ќе бидат доведени со уцена. Постојат повеќе значајни меѓународни документи кои се однесуваат на прашањето на градовите, одржливиот развиток, планирањето, архитектурата. Атинската повелба е првиот, има и многу други Habitat I и Habitat II, Европска урбанистичка повелба на Советот на Европа, Лисабонска стратегија итн. Се задржав на Атинската повелба како пионер и значаен документ врз кој се потпираат архитектонските школи, благодарение на неа вештината на планирање на просторот денеска е толку напред отидена. Каде отишле парите од обновата на Скопје, кој со службена кола и државен бетон направил викендица е маѓепсан круг од кој нема излез. Кој го пошуми Водно, кој го насели, а кој ја исече шумата и го пренасели, знаат и птиците. Кој за багателни цени ги откупи општествените станови - па речиси сите. Некогашната моќна градежна оператива од Македонија градеше во СССР, Африка и Азија, не плоштадчиња на Трајче и Сања (па мој е, колку и на Трајче), Олимпиското село во Минхен на пример, комплекси во Русија слушајќи го Чајковски. Денес тие работници или возат такси или се без работа и седат дома гледајќи турски серии или се пред пензија и работат во „моќните“ компании за 9.000-11.000 денари плата. Тие исти градежни компании денес ги купија по багателни цени заедно со целиот нивни имот, деловни објекти, бетонски бази, градежни машини, но ја немаат моќта, можат само да глумат локалпатриоти. Точно е дека „Скопје 2014“ остава без здив. Се прашуваш зар е можно ова, па ги триеш очите мислејќи дека си во лош сон. И пак е тука и си велиш - како дозволивме да ни се случи ова. Па после си велиш - толку е несериозно да не можеш да го сфатиш сериозно. Е сега уште ни преостана да снимаме сатирични документарци за изграденото, што веќе и го прават во регионот или перформанси како со ајкулите за што повторно известуваше регионот. Судот на историјата не може дека го дочека бидејќи и конзерва од ЈНА има подолг рок на траење. Штета што архитектурата не е филм, па ќе можеше да го исклучиме. Поразот мора да се прифати и признае, за да може да се победи. http://www.utrinski.mk/?ItemID=CFDD816546348E448E661191A4E1557D |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За новото Скопје
Скопје се гради. Интензивно. Некому му се допаѓа неговиот изглед, некому не. На таа тематика се пишува многу, пишуваат архитекти и урбанисти, различен профил на уметници, економисти, политичари, колумнисти и активисти. И меѓу сите нив, ќе се најдат и такви кои го сакаат, и такви кои не го сакаат овој зафат. Меѓутоа, тука не станува збор за вкусови. Вкусот е субјективна категорија. Како таква, не треба да биде релевантна за низ нејзиниот дискурс да се дебатира за таков зафат каков што е трансформацијата на централното градско подрачје на една метропола. Уште помалку решавачка. Постојат архитектонско-урбанистички принципи коишто мора да се почитуваат, кога станува збор за најрепрезентаивното парче земја во една држава – плоштадот на метрополата, површините околу него, односно неговото централно градско подрачје. Не треба да се заборави и фактот дека подрачјето околу Вардар е трусно подрачје и забрането за градење. Секако, треба да се земе предвид и максимата дека архитектурата, односно градењето, не треба да ги руши вековните вредности на едно место, препознатливите белези, ниту да ги прикрие, сокрие, нагрди, или засени. Новите градби треба да ги надградат веќе постоечките и препознатливи вредносни карактеристики и просторни моменти на една локација, било таа локација да е поширока или потесна, или историски постара или понова. Многу аргументи, во естетска, урбанистичка, архитектонска, функционална, визуелна, традиционална (од аспект на почитување на нешто што веќе постоело), симетрично-асиметрична, просторна, и декоративна смисла на зборот, сведочат за тоа дека проектот „Скопје 2014“ можел поинаку да биде осмислен. Прва „на удар“ е реката Вардар. Како една оска, целина, артерија, таа најмногу загуби. Со новото урбанистичко решение, се изгуби нејзината вредност како рекреативно парче во срцето на Скопје, и се намали нејзината корист со помалото струење на ветришта по нејзиниот тек. Секако, и визуелно се намали нејзиното корито. Грубо речено, покрај новите големи објекти од левата страна, реката Вардар личи на канал. Имено, зградата на Македонската Опера и Балет, со нејзините косини и дистанцата од мајор коритото, визуелно ја прошируваше реката. Тоа го правеа и широките зелени појаси, на чиешто место сега се изградени предимензионирани објекти во однос на големината на самата река. И тоа се изградени на место на коешто според сите асеизмички експертизи, одамна е забрането да се гради. Овие објекти ја пореметуваат визурата кон Калето, и со својот архитектонски јазик, т.е. израз, се разликуваат од изразот којшто го има Камениот мост. Во овие појаси, можеше да се интервенира со минимални гестови, со цел да не се наруши визуелниот интегритет на Калето од една, плоштадот од друга, самата река како трета, и Камениот мост како четврта компонента на скапоцениот простор што го поседуваше централното градско подрачје на Скопје. За волја на вистината, можеби релативно празен беше овој простор претходно. И можеби требаше нешто да се направи, ама со почит кон постоечкото, да се надополни, да се доизгради, да се дообликува, но со минимални гестови, минимални интервенции, гестови осмислени со голема „перфидност“, со голем ум, гестови што ќе остават белег на времето во коешто биле направени. Настрана тоа што овие објекти од левата страна се градени во нејасен стил којшто не е одраз на своето време, поточно во времето во коешто се градени – 21 век. Премногу лесно се употребуваат термините „барок“, „класицизам“ и „неокласицизам“ за нив. Не треба овој стил на градбите од „Скопје 2014“ да биде нарекуван со нивно име. Камениот мост е деградиран и со градењето на мостот „Око“, Мостот на уметноста, и секако, со штотуку почнатото Панорамско тркало. Визурата кон него од мостот кај „Холидеј Ин“ е нарушена. Наместо тоа, седејќи на самиот агол на мостот, од страната од кај хотелот, и гледајќи во правец кон Калето, нашиот поглед е преоптоварен. Се испресечуваат статуи и канделабри од Мостот на уметноста и од мостот „Око“, по некој столб од Археолошкиот музеј, АЕК, зградата на Финансиската полиција и на МНР, некој лак од Камениот мост, модерни контури од Филхармонијата, може да ѕирне и по некоја стилизирана имитација на оџаците од концентрационите логори коишто се дел од Музејот на Холокаустот, па и по некоја косина од МОБ во позадината или парче од Комерцијална банка. И секако, се гледаат и гондолите во Вардар. Како круна на сето тоа, ѕиркаат осветлените ѕидини на Калето. Сето ова е напорно за човечкото око. „Воинот на коњ“ – споменикот којшто носи такво име, сместен на плоштадот, е предимензиониран. Ако целта на овој споменик е да го величи воинот качен на коњ, како што кажува и неговото име, тогаш не бил потребен толкав постамент. Фокусот требало да се задржи на самата статуа. Наједноставно би било со почитување на златниот пресек, односно односот 1.6 наспрема 1, во корист на статуата. Триумфалната порта има лоша локација, предимензионирана според локациските услови, со архитектонски јазик којшто не одговара на околните објекти. Во минатото, триумфалните порти биле градени со јасна цел – да обележат некаков успех, најчесто воен, и за низ нив да парадира војската после враќањето од походот. Останува нејасен мотивот зошто на Скопје му требаше Триумфална порта. Пресоблекувањето на зградите во други фасади, со образложение дека биле стари и дека требало да бидат реновирани, е спротивно на стремежот да се почитува авторското право, и етички е погрешно во архитектурата. Реновирањето не подразбира менување на стилот. Дискутабилен е и квалитетот на материјалите. Времето ќе го покаже нивниот квалитетот. Дискутабилна е и имитацијата на камените столбови преку нивна изведба како челични скелети обложени со гипс. Во архитектурата, не е својствено да има имитирање на едни материјали со помош на други. „Скопје 2014“, за разлика од Ајфеловата кула, тешко дека низ историјата ќе го оправда своето постоење. Имено, и Ајфеловата кула, како дел од изложба за челични конструкции, била оспорувана во почетокот, а после изложбата, било предвидено да се размонтира. Меѓутоа, поради некаков сплет на околности, опстоила до ден денес, и низ историјата станала симбол на Париз. Оптимистички е да се мисли дека проектот „Скопје 2014“ ќе го аргументира своето постоење, имајќи го предвид фактот дека објектите се градени во трусно подрачје, а нивната инфраструктура, пред сé подземната, е дискутабилна, па при секоја поплава или поголем земјотрес, можно е да сносуваат последици. Дополнителен фактор се и преголемите трошоци за одржување на целиот овој зафат. На долг рок, објектите веројатно ќе се покажат нерентабилни. И можно е да бидат напуштени еден ден, и да зјаат празни. А тоа не може да биде убаво. Во уметноста е дозволено буквално сé. Но архитектурата не е само уметност, туку и наука. И затоа делата во архитектурата оставаат поинакви последици за разлика од лошо насликаната слика или лошо отсвирениот акорд. Можно е допрва да бидат уште повидливи. Бошко Видоески, архитект http://www.porta3.mk/za-novoto-skopje/# |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |