![]() |
![]() |
![]() |
Нов објект на АДСДП |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 6> |
Author | |||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() Posted: 08-Apr-2014 at 09:56 |
||
Нова административна зграда го пикира центарот на Скопје
Во централното градско подрaчје на Скопје ќе се издигне уште еден објект кој ќе го гради и ќе го користи Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, за сопствената администрација. Изградбата на објектот е најавена во програмата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како нов проект во областа на инфраструктурата. Она што е наведено во програмата е само најава дека во центарот на Скопје ќе се подигне нова административна зграда, но не и на која локација. Директорот на акционерското друштво, Цветко Грозданов, вели дека деталите сè уште не можат да се обелоденат затоа што проектот е во почетна фаза. Во моментов се прават пресметки и проектни планови, а поединостите, вели, ќе се дознаат откако ќе се донесат клучните одлуки за еден месец. - За сега не може да се дефинира парцелата. Во програмата е напишано онолку колку што е познато во моментов, останатите одлуки дополнително ќе се донесат. Во моментов можеме само да кажеме дека во игра се две до три парцели – вели тој. Како што вели директорот, потенцијално место за новиот административен објект е во близина на катната гаража која акционерското друштво ја гради непосредно до Работнички универзитет. Втората опција е од левата страна на Вардар, а не е исклучена ниту можноста зградата да се подигне на местото на бараките каде во моментов се наоѓаат канцелариите на акционерското друштво на улицата „Гоце Николов“. Повеќе на http://www.plusinfo.mk/vest/132266/Nova-administrativna-zgrada-go-pikira-centarot-na-Skopje |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Пошто се во мода критички кометари, и никој не пренесува позитивни вести, ќе ставам само линк на информацијата за почетокот на градбата на новиот административен објект
![]() http://republika.mk/?p=477599 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Не знам колку ова е позитивна вест, ама за тука е...
ФОТО ВЕСТ: Се сечат дрвја кај МОБ, нов „барокен“ објект на повидок Без никаква најава, викендов започнаa подготовки за изградба на нова „барокна“ зграда во паркот кај Македонската опера и балет. На терен се сечат дрвјата на една од малкуте преостанати зелени површини во Мал Ринг, додека градежните машини ги вршат подготвителните работи за претстојниот ископ. Новото административно здание ќе обезбеди канцелариски простор од 10.179 метри квадратни за вработените во државните институции, а како инвеститор се јавува Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Објектот ќе има приземје, седум ката и поткровје. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Почетокот на изградбата на овој „барокен“ објект од проектот „Скопје 2014“ го следи целосен молк од инвеститорот. На веб-страницата на Бирото за јавни набавки не е објавен договорот со изведувачот на градежните активности, иако на градилиштето веќе се работи. До денешен ден пред македонската јавност не е претставено победничкото идејно решение на авторот Жарко Чаушевски, ниту пак основниот проект изработен од студиото „Архитектоника“ од Скопје. Без никакви информации е оставена македонската јавност и во однос на прашањето зошто мора целосно да се огради еден од последните симболи на пост-земјотресно Скопје, објектот на Македонската опера и балет. Огласот за изградба на „барокната“ зграда на АДСДП беше публикуван на почетокот од јуни годинава. Инвеститорот во тендерската постапка проценуваше дека објектот ќе чини 7 милиони евра, но нема никакви информации колкава е финалната сума за овој проект. На терен денеска работеа градежни екипи на фирмата „Декон-Ком“ од Скопје, која претходно работеше на изведба на зградата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кај хотел „Бристол“. Текст, фото: Бојан Блажевски bojan.blazevski@build.mk http://www.build.mk/?p=46091 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Sekogaš rušenjeto(Kosmos) moži da se pretstavi kako dobra rabota i gradenjeto(kako ovoj objekt) da se pretstavi kako loša, no ne e taka. Taka e samo vo politikata
|
|||
![]() |
|||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
||
Ќе им дојде крајот и на околинозадушувачиве
|
|||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
На жалост се лажиш, иднината сигурно носи све повеќе завземање на централниот простор без оглед кој ќе биди на власт на централно и локално ниво. Се кладам со било кој дека за 10 години ќе бидат завземени скоро сите слободни површини за градба/ Ќе се завземаат паркинзи со образложение за подземни и катни гаражи како надокнада, зелени површини а надокнада ``садење на други дрва``, Маџир Маало ќе го снајде судбината на дебар маало....
|
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Ајдеее? Која е добрата страна на овој објект? Освен што ќе го доскрие МОБ нели. |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Равенка со многу непознати е новиот „барокен“ објект на АДСДП
Македонскиот премиер Никола Груевски и директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов денеска го поставија камен – темелникот на новата административна зграда на ова акционерско друштво, која ќе се гради на просторот на паркот кај објектот на Македонска опера и балет. За изградба на новата зграда од проектот „Скопје 2014“ ќе се потрошат 520 милиони денари во наредните две години. Зградата со шест ката и површина од 6.400 метри квадратни треба да обезбеди канцелариски простор за 180 вработени на АДСДП. Дополнително, предвидени се девет деловни простории од 408 метри квадратни наменети за давање под закуп на приватни субјекти. ![]() „Проектите како овој се одличен чекор напред кон модернизација на државниот апарат. Во таа насока од година во година го намалувамe бројот на институции за кои се плаќа кирија, сместени во дотраени објекти од времен карактер и во кои е тешко да се обезбедат добри услови за работа“, истакна во својот говор премиерот Груевски. Директорот Цветко Грозданов рече дека изградбата на објектот ќе претставува оправдано економско вложување на подолг временски период. Но, дали тврдењата за надминување на проблемот со кирии и проблемот со енергетска ефикасност се вистинската причина за изградба на овој објект? Според важечката регулатива, секое ново здание на територијата на земјава мора да ги испочитува пропишаните барања за енергетска ефикасност, за што на крајот од изградбата треба да добие и енергетски пасош. А токму такви објекти требаше да бидат двата новопланирани објекти, на местото на некогашните бараки на АДСДП во населбата Дебар Маало. На оваа исклучително атрактивна локација од 5.675 метри квадратни е лоцирано градежно земјиште за подигање на две згради со приземје, четири ката и поткровје, со намена за комерцијални и деловни дејности. Од целокупниот канцелариски простор со површина од 19.395 метри квадратни, АДСДП можеше да обезбеди бесплатни канцеларии преку јавно – приватно партнерство со домашен или странски партнер. Кон крајот на ноември 2012 година за оваа цел беше распишан оглас за продажба на примамливото земјиште, со кое акционерското друштво требаше да добие без пари дури 4.000 метри квадратни за сместување на вработените. Засега никој од надлежните институции не излегува со информации зошто не е реализиран овој проект. На денешниот настан со своја реакција се јавија и од опозициската партија СДСМ. Тие велат дека премиерот Никола Груевски се занимава со луксуз и раскош на барокни згради, наместо со реалните потреби на граѓаните. „За канцеларии на 180 административци воопшто нема потреба да се потрошат над 8 милиони евра, пари на граѓаните. Нови простории за АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор може да се обезбедат со многу помалку пари, преку поскромен објект, современ и енергетски ефикасен, согласно најновите стандарди“, истакнуваат од СДСМ. Новата административна зграда на АДСДП ќе ја гради фирмата „Декон-Ком“ од Скопје, врз основа на изготвеното идејно решение на авторот Жарко Чаушевски и по основен проект на студиото „Архитектоника“ од Скопје. До денешен ден пред македонската јавност не е претставен архитектонскиот труд за идниот објект, ниту пак е образложено од кои причини мора од сите страни да се огради објектот на Македонската опера и балет. Бојан Блажевски bojan.blazevski@build.mk http://www.build.mk/?p=46101 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Кога ќе ви шлапнат некои тајкуни приватни објекти на секој слободен простор во Скопје, ќе сватиш што ти зборувам. Што мислиш, кој ги финансира во кампањата кандидатите? Па оние кои меркаат некои маркици. Зарем бензиската во Буњаковец не Ви ги отвори очите што планираат градоначалниците од ДВЕТЕ страни? Затоа секогаш ќе подржам градење на државен објект. Има разлика, а на плацот и онака му нема спас( погледни надолу тоа црвеното ќе ти стане јасно) |
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Работата е што тоа до пред некоја година (заедно со сите тие околу него покрај вардар) не беше плац, туку зеленило/пешачка зона. А добро е познато која власт ги направи тие промени (и сеуште ги прави).
|
|||
![]() |
|||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||
Потполно си во право. |
|||
![]() |
|||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Па еве на пример изгледот на објектот. Како и изгледот на останатите (ако ги имало) предлози на конкурсот.
|
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Navigator, сакам прво УРБАНИСТИЧКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ, зошто до една зграда, без разлика колку е значаен симбол на Скопје, се лепи друга зграда? Второ, сакам АРХИТЕКТОНСКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ на авторот на трудот за изгледот на зградата, контактот на неговото решение со непосредната околина Трето, сакам да знам зошто немаше архитектонска изложба од Конкурсот за овој проект. Да видиме колку е добар Чаушевски, а колку се добри другите трудови на авторите. Четврто, сакам да знам зошто АДСДП гради токму на оваа локација. Си имаат атрактивна локација од неколку илјади квадратни метри, можат во соработка со Министерството за транспорт и врски да најдат приватен инвеститор без пари да го изградат објектот преку јавно-приватно партнерство. Петто, зошто се шират разни невистини од страна на власта. На пример, дека АДСДП плаќа кирии, па дека енергетска ефикасност на објектот ќе се спровела врз зградата. Шесто, зошто им е потребен простор од над 6.000 метри квадратни на 180 вработени? Што ќе прават во објектот, пинг-понг и хокеј ли ќе изграат? Седмо, осум милиони евра за една зграда е богами голема сума на пари. Образложение барам за висината на оваа сума. ... Има уште доста, ми се чини дека е доволно за Навигатор. |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Кажа премиерот дека дел од просториите ќе се даваат под наем, и од ќиријаши ќе станат станоиздаватели. Од плус во минус.
И плус за нешто што е премиерот СИГУРНО во право, најголемо крештење на опозицијата(и овде и таму) се прави кога владата започнува со градба на нов објект.... како да урива со багери и динамит ![]() |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Gjoko, владата веќе неколку години наназад се обидува да ги уништи сите водечки објекти од постземјотресно Скопје. МОБ е еден од најрепрезентативните градби во Скопје, објект по чиј пример се градени слични објекти во Париз и Осло. Објект кој е дело на мошне познати словенечки архитекти, и здание по кое луѓето однадвор ни се восхитуваа. И сега премиерот сака да го загради од сите страни. Тоа е проблемот Ѓоко, многу е едноставен. Оваа зграда на АДСДП можеше да биде изградена на милион други локации во Скопје. |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Се согласувам дека требаше МНТ да има видик барем од некоја страна. Вероватно нешто пробале со оние столбовите, но е малку.
Ако е утеха,пак ќе повторам-во следните 10-20 години со сигурност секоја педа ќе биде завземена, и тоа на подрзок начин него сега-од тајкуни правејќи свои кули со кои ќе си ја докажуваат моќта9со сигурност со хелиодроми на крововите). ПС:Љ.Г. замина во таборот на А.Ж. баш со ветување на некојси маркици од другата страна на Вардар, но овие му понудиле ``нешто што неможи да го одбие`` |
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
А на кого му плаќаат кирија моментално АДСДП? Чии се бараките во ДебарМаало? Ѓоко?
--------- Патем, ова е некоја нова финта, оправдување за СК014 кое до сега барем не било употребено - да потрошиме милијарда евра народни пари во изградба на секој можен агол, да не случајно некој не му текне да дојде да вложи приватен капитал.. абе вие потешки комуњари сте и од комуњарите. Edited by fichot - 09-Sep-2015 at 00:40 |
|||
![]() |
|||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||
Убав говор, а фактите се следни, на местото на сегашните бараки ќе се градат згради кои што АДСДП ќе ги продаде, вработените нема да работат во голубарници со азбестен покрив, претпријатието ке има нови деловни простории, а на место на старите ке направи профит преку новоизградените згради. Комуњарски пристап. |
|||
![]() |
|||
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
||
Уште од иамам пречуство дека 9 катново чудо ќе испадне многу слично на палатана кај музеј на град Скопје, но тоа е... Има некој рендер како ќе изгледа зградичево?
|
|||
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 6> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |