Административна зграда на ЕЛЕМ на ул. Македонија |
Post Reply | Page <1 8910 |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19995 |
Quote Reply #181 Posted: 28-Jan-2023 at 14:45 |
ЕДНАТА ЗГРАДА НА ЕСМ 7 ГОДИНИ СТОИ СО РАЗРУШЕНА ФАСАДА, ВТОРАТА КАЈ СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОПАЃА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ
Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) има две деловни згради и двете се распаѓаат во најстрогиот центар на Скопје. Првата е зградата кај Порта Македонија на влезот на Плоштадот, која 10 години стои со разурната фасада. Оваа зграда беше еден од најзначајните објекти на модерната архитектура од 1960-тите и 1970-тите години, а сега повеќе личи на разурнат и напуштен објект отколку значајно архитектонско дело и седиште на државна компанија. Директорот на компанијата Васко Ковачевски и раководството секој ден кога доаѓаат на работа и го гледаат разурнатиот објект, но тоа не им пречи и не преземаат никакви активности зградата да добие фасада. Уништувањето на зградата почна во 2013. На барање на тогашниот премиер Никола Груевски, за да се вклопи во неговиот контроверзен проект „Скопје 2014“ за кој неговата влада потроши 700 милиони евра, австриската компанија ЕВН почна со отстранување на модернистичката стаклената фасада за да прави барок од стиропор од 4,3 милиони евра. Проектот не успеа да се реализира во целост и беше стопирано обвивањето во барок со доаѓањето на власт на СДСМ. Но, само тоа и беше направено. Почнува седмата година од нивното владеење, а зградата зјае без фасада. Нема најави за обнова, ниту е избран проект, а камо ли наскоро да почнат градежни работи. Вториот објект на ЕСМ е барокната зграда спроти Старата железничка станица што беше дел од проектот „Скопје 2014“. Таа стои празна оти нема технички прим и употребна дозвола. Додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ во текот на градбата се правеле низа измени, а за тоа не се поднесувале барања за да добијат одобрение од Министерството за транспорт и врски. Од компанијата се жалеа и дека се направени низа пропусти при градбата, инсталациите не се соодветно изведени, нема пристап до подземниот паркинг. Но, изминатгиве години ништо не е направено зградата која чини 15 милиони евра да се стави во функција, а не да пропаѓа. Од ЕСМ кусо ни одговорија дека во моментов се фокусирани на енергетска криза и нека никакви нови активности околу фасадата на деловната зграда каде се сместени. За барокниот објект, пак, велат дека чекаат да се донесе новиот Закон за легализација на дивоградби за да може зградата да добие употребна дозвола. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ednata-zgrada-na-esm-7-godini-stoi-so-razrushena-fasada-vtorata-kaj-stara-zheleznichka-od-15-milioni-evra-propaga-bez-tehnichki-priem/ |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page <1 8910 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |