build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотели, преноќишта и одморалишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 12-Feb-2011 at 17:03
УБаво би било Кежовица и не само тоа место, туку и сите бањи во Македонија да се редат со убави спа-центри и хотели, ако сакаме да развиеме бањски туризам во Македонија.

Да се надевам дека барем една бања, ќе се среди, во скоро време.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 13-Feb-2011 at 11:03
Демант - 12.2.2011

 

Почитувани,

 

Министерството за транспорт и врски ги отфрла како невистинити пласираните информации со кои се наведува дека е поништена постапката за отуѓување на земјиште предвидено за изградба на хотел во општина Штип.

Ве информираме дека земјиштето наменето за изградба на хотел во општина Штип е отуѓено по пат на јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, на кое за најповолен понудувач е избрана компанијата „Оаза“ ДОО Штип. Потребните средства се уплатени од страна на најповолниот понудувач во предвидениот рок и во тек е солемнизација на договорот за отуѓување на земјиштето.

Со договорот најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од 9 месеци од солемнизирање на истиот, ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект од општината, а  истиот  ќе  го  изгради  во  рокот  предвиден  согласно  одредбите  од  Законот  за градење.

Министерството за транспортврски согласно своите законски надлежности спроведува јавни наддавања за отуѓување исклучиво на локации кои претставуваат неизградено градежно земјиште за кои е потврдена имотно-правната состојба и кои се целосно во сопственост на Република Македонија.

Информираме дека делот на донесување на Детални урбанистички планови и уредување на земјиштето е во надлежност на локалната самоуправа.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3086
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 14-Feb-2011 at 16:58

Детското одморалиште на Водно - јавно веце

Решение за единствениот објект за деца на Водно ќе се најде кога зградата ќе се запише на име на државата

Детското одморалиште "Младост" на Горно Водно, наместо за рекреација и дружење на децата за време на училишните одмори, се користи како јавно веце. Недовршениот објект од година на година е сè поразрушен и иако се наоѓа веднаш покрај патот, на неколку километри од Милениумскиот крст, никој од надлежните не го гледа.
"Водно последниве години интензивно се уредува како туристичка дестинација. Еве се гради и жичарница до Милениумскиот крст, но, за жал, нема уредено ниту едно место каде што децата ќе можат да одмораат", коментираат скопјани.
Од Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност се наоѓа детската установа "Младост", ни изјавија дека од административни причини не можат да се грижат за одморалиштето. Оттаму најавуваат дека ќе најдат решение за зградата веднаш штом ќе заврши постапката за запишување на објектот на име на државата.
"Комисија на Владата на Р. Македонија поднесе жалба до Управниот суд за запишување на правото на сопственост на државата на објектот на детското одморалиште во катастарски операт за Горно Водно. Од одлуката на Управниот суд ќе зависат и понатамошните чекори во однос на одморалиштето", изјавија од Министерството за труд и социјална политика. http://vest.com.mk/?ItemID=8C577BDE6E56944AA4346257D8FDFC29
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 19-Feb-2011 at 16:29

Јавно наддавање за локации за хотели и општинска зграда

Скопје / 19.02.11 / 14:31
Минситерството за транспорт и врски распиша јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на државата за повеќе локации со цел изградба на хотели.

Станува збор за парцела во Гевгелија со површина од 3.092 метри квадратни, градежна парцела во Кратово со површина од 1.657 метри квадратни и две градежни парцели во Битола со површина од 5.669 и 11.443 метри квадратни.

Предвидено е почетната цена на земјиштето да изнесува 61 денар од метар квадратен.

Минситерството за транспорт и врски распиша јавна објава за учество на јавно наддавање и за локација во општина Центар опфатена со ДУП „Дебар маало 1“.

Локацијата е наменета за изградба на државни институции со компатибилна класа намени за деловно – комерцијален простор до 40%.

Вкупната површина на парцелата изнесува 7.528 метри квадратни.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.480 денари за метар квадратен, а по изградбата на објектот наменет за општинска зграда, инвеститорот ќе биде обврзан да го предаде на општина Центар
http://www.time.mk/read/f0c1072c13/f3a4553bd2/index.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 05-Mar-2011 at 01:06
Хотел „Дрим“ ќе гради спа центар и ќе го реконструира базенот

Струга, 3 февруари 2011 (МИА) - Струшкиот хотел „Дрим“ ќе го реновира базенот и ќе гради модерен спа центар, најавува раководството.

- Сметаме дека без соодветна понуда како оваа не можеме да очекуваме зголемување на бројот на гостите кои ќе престојуваат во Струга. Располагаме со базен, но тој во моментов не ги задоволува најновите стандарди и затоа веќе извесно време не работи. Гостите знаат дека имаме базен во приземјето на хотелот и ја поздравуваат нашата одлука  за негово реновирање, вели Крсте Блажевски, сопственик на „Дрим“.

До крајот на годинава е предвидено да заврши изградбата на спа центарот што ќе биде во правец на плажата.

- Базенот е многу стар, не доликува за хотел со четири ѕвезди. Сепак треба да е според некои стандарди, истакнува Блажевски.

Базенот во хотелот го користеа пливачи од Охрид и Струга кои активно се занимаваат со овој спорт и голем број граѓани рекреативци

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81699742&lId=1&pmId=
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 05-Mar-2011 at 02:30

Ахх стара болка...еднаш засекогаш треба да сватиме дека ако сакаме да учествуваме во некој натпревар и посебно ако сакаме да победеме ни треба коњ за трки а не пцовисано магаре. До кога ќе се фалат дека нудат некој "производ"? Па тешко на тој турист што ќе дојде а предходно не ја видел Струга како реално изгледа. Па не само што не наликува на каков таков туристички центар, туку нема буквално ни што да понуди апсолутно никаква содржина. Ако во Охрид се проблем ифрастуктура и слични фактори барем ќе ги залажат со блиц ефект гостите (и повеќе нема да се вратат) Струга нема буквално ништо (освен богати депонии, хаос од "плажи", инфрастуктура бедна, услуга НА НИВО). Се си мислам промотериве и менаџериве кај нас ќе ги зае.аат и на политичариве. Иако се работи за сопственик, менаџер, раководител на хотел несомнено е дека треба да имаат соработка во доменот на локална самоуправа, сектори, влада, сите имаат интерес од тоа само на кого да му светне. Камо да беше до базенот
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 09-Mar-2011 at 19:27

Македонски инвеститор ќе гради луксузен хотел во Охрид

среда, 09 март 2011, 17:20

Ниту “Хилтон “, ниту “ Ексцелзиор“ - на атрактивното земјиште во комплексот Горица, за кое Владата четири години очајно се обидуваше да најде инвеститор, ќе гради македонската “Дивелоп Груп “. Тоа е истата компанија која на скопскиот плоштад ќе го гради и хотелот на светски познатиот ланец “Мериот Интернешнл“ –прв на Балканот. Оваа инвестиција од 37 милиони евра е далеку помала од онаа на Горица, иако своевремо “Хилтон “ за неа даваше 25 милиони евра.
На денешното јавно надавање на кое учествуваа три фирми, новиот стопан најатрактивното парче на охридската ривиера го купи за нешто повеќе од 1 милион евра. Сепак ова е досега највисоката понуда, ако се земе предвид фактот што на претходното наддавење охрдската фирма “ Каса градба “ земјиштето го купи за багателна цена од 23.817 евра.
Инаку, најавите кои со години на голема врата ги промовираше Владата - за влез на странски брендови во Охрид, не даваа резултати. Кога видоа дека од плановите за изградба на суперлуксузен хотел нема ништо, во Владата одлучија најатрактивното парче на ривиерата да го продадат за почетна цена од едно евро по метар квадратен.
“Дивелоп груп “ го искористи и новиот владин стимулативен пакет мерки за привлекување на странски инвестиции во земјава, па така сега ќе плати само 5 % од комуналиите. Редовната цена за овие давачки во зависност од локацијата и општината изнесува и над 100 евра за метар квадратен. Иако на почетокот Владата обзнани дека ова ќе важи за изградба на стопански објекти - продажбата на имотот кај Горица открива дека тоа се однесувало и на изградба на туристичко-угостителски објекти.
Иако токму комуналиите важат за еден од клучните финансиски извори за развој на инфраструктурата во општините, владата не смета дека конкретната мерка ќе го загрозела нивното функционирање.

http://www.time.mk/read/ff9cae92aa/cd3acdb845/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 26-Mar-2011 at 09:48

Ќе се гради хотел и казино на Меџитлија

Министерството за транспорт ги продаде парцелите за изградба на хотелски комплекс и казино во близина на граничниот премин Меџитлија. Од Општината не откриваат кои се инвеститорите, исто како и за бизнисмените кои деновиве купија 19 парцели од зоната „Жабени“ и десет парцели од касарната. Се знае само дека казиното ќе го гради странски инвеститор. Во близина на комплексот ќе се гради и споменик во чест на протераните Македонци од Егејска Македонија, на иницијатива на здружението „Македон“.

- Не знам зошто уште се мисли дека тоа го прави Владата. Тоа е иницијатива на здружение што има право со урбанистички проект да договори маркица. Финансиските средства самото ќе ги најде, нема пари од Владата и не се предвидени средства од буџетот на локалната самоуправа - изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6CC16E64B525AC4291BA6DAB0D72857C
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 01-Apr-2011 at 17:35

Чеси заинтересирани да градат хотел во Охрид

Охрид, 1. април 2011 (ИНПРЕС)
извор: Супер радио фото: архива

Инвестицискиот фонд „Одеон“ од Чешка е заинтересиран за изградба на хотел во Охрид, беше соопштено од претставници на чешкиот фонд при нивната посета на Локалната самоуправа во Охрид.

На почетокот на соработката, тие најавија дека преку нивната туристичка агенција ќе носат гости од Чешка и други европски земји, па затоа во рамките на посетата имаат организирано средби со неколку домашни туристички агенции и хотели.

На средбата, раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов на гостите им ги презентира локациите на кои, според важечките урбанистички планови, можат да се градат хотелски комплекси.

Гостите од Чешка најавија дека за кусо време ќе ја информираат Локалната самоуправа за нивните конкретни намери за инвестирање во Охрид.

http://www.time.mk/read/NONE/aadcff94f4/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 02-Apr-2011 at 09:12

Хотелот „Континентал“ комплетно се реновира


Во скопскиот хотел „Континентал“ во тек е реконструкција на собите. Четириесетина соби од петтиот кат се веќе комплетно реновирани и подготвени за издавање

 
 
%20  
За десетина дена ќе биде завршена и реконструкцијата на првиот кат, а другите четири ката за околу шест месеци.

- Новите соби ќе добијат посовремен изглед и секоја ќе се разликува по дизајнот. Се трудевме да ги опфатиме сите европски стандарди, вклучувајќи електрична инсталација што заштедува енергија, нови врати со картичен сензор, нов мебел, еколошки прозорци, противпожарна заштита, телевизори со рамен екран и сосема нов систем на греење и ладење - вели Антоан Јазбек, претседател на бордот на директори во хотелот „Континентал“.

Се реновираат и конференциските сали, фонтана-барот и салонот за масажа.

Во план е и поставување летниковец, сала за вежбање и сауна. Комплетното завршување на измените во еден од најстарите скопски хотели би требало да заврши кон крајот на годинава.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4211716215&id=14&prilog=0&setIzdanie=22247
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 02-Apr-2011 at 18:09

Елитни хотели на локации загадена вода во Охрид?

Ќе се градат елитни хотели на локации со висок степен на загаденост на водата во Охридското езеро. Луксузните сместувачки капацитети ќе ги градат Италијани и Чеси на потегот Далјан, токму таму каде се влеваат реките кои се најголеми загадувачи на езерото.

Стратегијата за пренасочување на Сатеска, Грашница и Коселска река чија цел е урбанизирање на северозападниот дел на охридското крајбрежје според експертите не го решава туку само го одлага проблемот со загаденоста на водата.

- Кај тие реки треба да се реши проблемот со загадување а не само префрлање на проблемот од едно на друго место. Проблемот треба да се реши системски, вели Ѓоко Зороски еколог.

- Дислокациите не се препорачлива мерка затоа што каде и да дислоцирате што и да дислоцирате некаде вршите и натаму загадување. Процесот на загадување може да се реши преку уредување на речните корита, вели Дејан Паноски од билатералниот секретаријат за животна средина.

Стратегијата која беше изработена после поплавите предвидува коритото на Сатеска да се пренасочи во близина на Извидничкото одмаралиште, каде во сезона одмараат деца.

Наносите од реките се жариште на зарази што може штетно да се одрази по здравјето на капачите - предупредуваат експертите. Тие повикуваат на детално решавање на проблемот.

- Тоа прашање е премногу сложено, тоа значи од еден во друг џеб. Значи загадувањето би одело малку кон запад, вели професор Здравко Крстаноски од Хидробиолошкиот институт.

Експертите стравуваат дека странските инвеститори ќе ја препознаат загаденоста на водата а, со тоа најавените инвестиции може да паднат во вода.

Соња Рилковска
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=73336
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 03-Apr-2011 at 12:11

Хотелски комплекс ќе никне крај Охридското езеро

недела, 03 април 2011, 12:12

Повеќе хотели ќе се градат кај каналот Студенчишта во Охрид, според Деталниот урбанистички план, во првата линија е предвидено да има два луксузни хотели.
Од локалната самоуправа објаснуваат дека земјиштето предвидено за изградба на овие хотели дел е на Република Македонија, а дел во приватна сопственост.
Интерес за изградба на луксузен хотел со пет ѕвезди на оваа локација, именуван како „Окото на Охрид“ пред извесно време искажаа градежната фирма „Трудбеник“ и македонски бизнисмен кој работи во САД.
Изградба на сместувачки капацитети, но од пониска категорија се предвидува и во втората линија на просторот кој граничи со спортскиот центар, кој неодамна го купи градежната компанија „Илинден“ од Струга.

http://www.time.mk/read/NONE/051fe4526f/index.html
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 03-Apr-2011 at 13:28
Намерно го сликав хотелов, во Струмица се наоѓа и името целосно кореспондира со градбата. Мене објектот ми личи како на управната зграда на МЗТ во Маџари, али се нашол некој паметен и сеа го реновира во хотел.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 09-Apr-2011 at 07:04

Хотелот во Преспа, гробница за пеликани

И жителите на Коњско и експертите по екологија се против намерата на државата за изградба на хотелски комплекс на Преспанско Езеро

Ако го направат хотелот, ќе направат пустош во недопрената природа на ова место на Преспанско Езеро - загадување од автомобилите, отпадните води... Таков комплекс ќе ги загрози пеликаните, кормораните, целиот растителен и животински свет и затоа нека си бараат друга локација за хотелот. Со ваков револт жителите од преспанското село Коњско вчера се обидуваа да му се спротивстават на Министерството за транспорт и врски да го продаде земјиштето од 1.755 квадратни метри во месноста Рот, на самиот брег. Јавната лицитација е закажана за 15 април, а на продажбата се спротивставуваат и експерти, универзитетски професори што работат на заштитата на Езерото.

Министерството и управата на националниот парк „Галичица“, на чија територија се наоѓа огласеното земјиште, сметаат дека природата нема да биде загрозена. Но, дури сега изјавуваат дека допрва ќе се прават истражувањата за евентуалното загрозување на биодиверзитетот.

Во село Коњско, лоцирано на јужниот дел од езерото, во непосредна близина на границата со Албанија и со Грција, сега има околу триесет куќи од кои само во две-три постојано живеат луѓе. Со другиот дел од Преспа го поврзува земјен пат, па затоа доаѓаат и малку туристи. На песочното полуостровче Рот секој ден престојуваат стотици пеликани и корморани. Селаните велат дека од памтивек тука е хранилиштето на птиците. Преку ден кормораните ловат риби, а навечер се враќаат во своите гнезда на островот Голем Град и на грчкиот Свети Ахил, каде што луѓето им изградиле околу 1.500 гнезда за размножување.

- Рот е нашата најубава плажа со најчиста вода, па затоа доаѓаат туристи. Ако го направат хотелот, ќе има загадување, ќе се направи канализација, а каде ќе одат отпадните води? Сега водата е толку чиста што може да се пие од подлабокиот дел - вели Димитрија Ѓоргиевски од Коњско.

Селаните сметаат дека местото е ризично за градба, зашто се случувало надојдената езерска вода да ја прекрие плажата.

Претставка до Министерството за животна средина испрати и екологистот Петар Бошевски. Во неа прашува дали тоа дало дозвола за градба во ова еколошки чувствително подрачје. Ако се утврди дека не била почитувана процедурата, тој бара од надлежните брза реакција, зашто наддавањето е закажано за една недела.

Во Преспа веќе кружат информации дека на местото око му фрлил наш бизнисмен во Швајцарија и тука сака да гради хотел.

- При носењето на одлуката за проширување на националниот парк беше истакнато дека границата ќе слезе до самиот брег за да се заштитат растителните и животинските видови. Но, сомнително е што во понатамошната постапка границата се помести назад за 500 метри - вели Томе Веловски, шумски инженер.

Од Националниот парк „Галичица“ смируваат со објаснување дека со хотелот ќе се развие туризмот, а ќе се почитуваат сите еколошки стандарди при градбата.

- Тоа е во националниот парк, но е зона дозволена за градба. Со ова селото ќе живне. Од хотелот ќе се бара да ги испочитува сите стандарди за заштита на природата, да има пречистителни станици и слично - вели директорот Зоран Анѓеловски.

Жанета ЗДРАВКОВСКА
Бранко ЃОРЃЕВСКИ


Загрозен и Голем Град

Не можам да прифатам дека парите се решавачки. Ако некој сака да гради хотел, тоа треба да се направи над селото. Со комплексот сигурно ќе се загрози и биодиверзитетот на единствениот наш остров Голем Град, каде што сега се доаѓа неконтролирано - вели Љупчо Меловски, професор по екологија на скопскиот Природно-математички факултет.

На островот Голем Град има легла на околу 4.000 корморани, кои се мошне чувствителни на надворешните влијанија. Свето Крстиќ, професор по хидрологија, вели дека селото и неговата околина мора да останат нечепнати.

- Овој дел од Преспанско Езеро не може да издржи таков хотелски комплекс. Овде треба да се развива само еко-туризам и да се штитат живеалиштата на птиците од сите негативни влијанија на човекот - потенцира тој.

Наспроти ова, Оливер Аврамовски, кој работи во одделението за планирање и развој на паркот „Галичица“ смета дека птиците нема да бидат загрозени.

- На месноста Рот доаѓа само една група од околу седумдесет пеликани, а другите одат на други локации. Тука се хранат, се чистат од паразити. Тие се дел од семејството од околу 3.000 пеликани колку што последниве години се намножија во Грција, благодарение на добрата грижа - вели Аврамовски. #

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0A137B5DF1C3694998248E2A29258306
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 12-Apr-2011 at 12:07
ЕКОЛОЗИТЕ АЛАРМИРААТ ДА НЕ СЕ ГРАДИ ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК
Хотели ќе никнат во забранета зона на Галичица

Рада И. Маневска


Владата ќе дозволи изградба на хотелски капацитети во строгозаштитената зона на Националниот парк „Галичица“, а со тоа ќе ја наруши екосредината во која живеат ретки видови птици, обвинуваат еколозите. Тие бараат да се запре проектот, пред да се предизвика голема штета на животната средина. Одговорните во Националниот парк „Галичица“, пак, тврдат дека немаат информација за тоа што се планира со локацијата, која е на територијата со која стопанисуваат. Министерството за транспорт и за врски објави дека на 15 април, преку јавно наддавање, планира да продаде градежно неизградено земјиште во општина Ресен за изградба на хотелски комплекс. Една од локациите (КП бр. 39), која има 1.881 квадратен метар, е во близина на населбата Коњско на брегот на Преспанско Езеро и се наоѓа во строго забранетата зона на Националниот парк „Галичица“. Еколозите ги загрижува што во непосредна близина е локалитетот ‘Рт, каде што се гнездат ретки птици: белата чапја, пеликанот, пиштарката, големиот корморан и големата брегова ластовица. - Станува збор за локација што се наоѓа во рамките на Националниот парк „Галичица“, на неколку метри од локалитетот ‘Рт, каде што се собираат и гнездат птиците. Изградбата на хотелски комплекс битно ќе го промени амбиентот, а движењето на поголем број луѓе во близина на гнездата битно ќе влијае на однесувањето на птиците - вели Петар Бошевски од еколошкото друштво „Екомисија“. Дополнителен проблем за екосредината, вели Бошевски, е тоа што на тоа подрачје нема изградено никаква инфраструктура, а многу веројатно е фекалиите од хотелот да завршуваат во езерската вода, која локалното население ја користи за пиење. - Според тоа, сметаме дека не треба да се дозволи никаква градба не само на таа локација, туку и на целата територија на националниот парк - вели Бошевски. За вакви локации велат од „Екомисија“, законот предвидува да не се дозволи градба без соодветна екодозвола. Но, се сомневаат дека таква дозвола е веќе обезбедена. Дека локацијата на која Владата планира да се гради хотелски комплекс е во забранета зона за градба, потврдува и поранешниот градоначалник на Ресен, Димитар Бузлески. -Локацијата е кај ‘Ртот, а таму, според просторниот план, не е дозволена градба. Меѓутоа, што се случило во последната измена на планот од пред две или три години, не можам да кажам. Веројатно е дозволена градба и покрај тоа што се наоѓа во рамки на националниот парк - вели Бузлески. Практика, е вели тој, доколку се гради во зоната на националниот парк да се добие екодозвола. Во општината Ресен, пак, информациите ги имал раководителот на урбанизам, кој во моментов е на одмор. - Немам доволно информации за тоа каде точно се наоѓа локалитетот што се споменува. Со постапката е запознаен раководителот на одделението за урбанизам, но тој е на одмор до понеделник - ни рече Михаил Волканоски, градоначалник на општина Ресен. Министерството за транспорт и за врски во објавениот оглас за продажба на земјиштето констатира дека деталниот урбанистички план предвидува површината за градење да изнесува 1.755 квадратни метри. Максимално дозволена височина на објектот е 10,20 метри.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=2287&ArticleID=159212
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 13-Apr-2011 at 08:55

Градежна мина во негибнатиот рај

Државата нуди земјиште кај преспанското село Коњско за изградба на хотелски комплекс по цена од едно евро за квадрат

БИТОЛА - Ќе продаде ли државата бесценето земјиште во национален парк и тоа за едно евро квадрат само за да исполни нечија желба за изградба на хотел? Ќе остане ли негибната природната средина во Преспанско или, пак, кормораните ќе мора да си бараат друг рај за размножување? Одговорот ќе се знае веќе в петок, за кога е закажана јавна лицитација за отуѓување државно земјиште на брегот на Преспанското Езеро. Се нудат 1.755 квадрати што се наоѓаат на тромеѓата со Албанија и со Грција на јужниот дел од езерото, во еколошки чувствително подрачје. Земјиштето е дел од крајбрежјето на селото Коњско и е во состав на националниот парк „Галичица“.

Револт, разочарување и неизвесност се чувствува меѓу Преспанци откако се прошири веста дека државата ќе ја продава најубавата плажа крај езерото, наречена „Рот“. Токму водите крај Коњско, поради недопрената природа, се легло на стотици пеликани, корморани и разни други птици. За Преспанци „Рот“ е една од најубавите плажи на езерото, измислена за холивудски филмови и во никој случај не смее да се дозволи урбанизација, иако и до нив веќе стасала веста дека швајцарски бизнисмен со македонско потекло, кој минатото лето бил во овој крај, посакал да гради токму во нивниот рај.

„Водата е чиста, цело село ја пие. Ќе влеземе малку подлабоко и ќе си наполниме за дома. Ако почнат овде да градат, се' ќе уништат и ќе загадат. За хотел, како што се зборува, ќе мора да направат и канализација. А каде ќе одат тие нечистотии? Се знае, во езерото. И што ќе биде тогаш? Налето овде доаѓаат туристи само поради чистотијата на воздухот и на водата“, вели Митре Ѓоргиевски, 80-годишен жител на Коњско.

Постојани жители на Коњско во последните години се само двајца старци, сопружници. Другите се иселиле претежно во Ресен, но не ги запоставиле своите имоти. Секој викенд го минуваат на своите стари огништа. Покрај езерото се изградени 46 викенд-куќи и од пролет до есен се полни со гости.

„Доколку се остварат намерите на Владата да се продаде дел од крајбрежјето на селото, тогаш ние, мештаните, не ќе можеме да си дојдеме. И свеќа нема да им запалиме на нашите предци на селските гробишта. За тоа ќе треба да му плаќаме на концесионерот“, изјави Христо Ѓоргиевски, жител на Коњско.

Преспанци предупредуваат дека никој што ќе гради на плажата „Рот“ нема да види аир. Водата често ја поплавувала целата плажа, па дури имало години кога езерото доаѓало и до селските куќи. Овој дел од Преспа е котлина на езерото, велат мештаните.

„Ова е езерска котлина и не смее да се продава. Плажата треба да остане на државата, таа да воспостави ред, а не да ја дава за градење. Цела природа ќе се испусти. Пеликаните доаѓаат од островот Голем Град, тука ловат. Кормораните преку ден ловат риби и се враќаат на островот. Ова место е рај за очите и за душата. Големците не смеат да дозволат уништување“, коментира Кире Василевски, искусен рибар од селото Стење.

На новите планови на Владата за плажата во Коњско реагираат и советниците во Општина Ресен. Пред да биде донесен урбанистичкиот план тие предупредија на неправдата што со новата градба може да им биде нанесена на природата, но и на жителите од овој крај. Дотолку повеќе што реонот ќе треба целосно да се урбанизира, да се изградат пат, водовод, канализација.

Во Министерството за транспорт и врски велат дека лицитацијата за земјиштето се распишува на иницијатива на општината Ресен. Иако тврдат дека парцелата не е во националниот парк, сепак, признаваат дека од месното население добиле сознанија за можно загрозување на биодиверзитетот. Поради тоа, пред да пристапат кон продажба ќе побарале мислење од Министерството за животна средина за влијанието врз околината.

Но, Министерството за животна средина и просторно планирање не е во тек со продажбата на земјиште во НП „Галичица“. Според директорот на Управата за животна средина, Филип Иванов, досега до Министерството официјално не е доставена никаква урбанистичко-планска документација. Неизвесно е кога и дали воопшто ќе биде воспоставена комуникација меѓу двете министерства, со оглед на тоа дека лицитацијата е закажана за петок. Сепак, тој е категоричен дека нема да добие согласност и да помине ништо што е спротивно на законот.

„Продажба на земјиште и изградба во национален парк не значи автоматски незаконска постапка бидејќи таму има и заштитени зони, но и зони во кои е дозволено градење. Доколку земјиштето што се продава не е во строго заштитено подрачје на националниот парк, односно не е во прва или во втора зона, тогаш не би требало да има проблем бидејќи во третата зона се дозволени стопански активности, како и изградба на хотели. Но, притоа мора да се запазат одредени услови и да се применат повисоки мерки за заштита на животната средина, со цел да нема никаква деградација на околината“, вели Иванов.

Тој ги отфрла обвинувањата дека е поместена границата на НП „Галичица“. Иванов категорично тврди дека националниот парк и натаму е со старите граници бидејќи на идејата за негово проширување реагирале месното население, локалната самоуправа и неколку шумско-стопански организации. Од друга страна, според Законот за води, не е дозволено да се гради на растојание помало од 50 метри од бреговата линија, поточно од највисокиот регистриран водостој, што автоматски значи дека секоја градба ќе биде доволно далеку од брегот. (Б.А.-А.Б.)

ДОМ бара одлагање на лицитацијата

„Да се одложи продажбата на земјиштето, а потоа задолжително да се отвори експертска јавна расправа за евентуална изградба на хотелски комплекс во Коњско“, бара претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска. Според неа, формално-правно не постои законска пречка за изградба бидејќи просторот не е дел од заштитеното подрачје на националниот парк. Но, како што потенцира таа, доколку никне габаритен објект, секако дека ќе биде пречка за непреченото прелетување на ретките птици што тука доаѓаат од островот Голем Град.

„На тој простор нема место за големи урбани објекти што негативно ќе влијаат на биодиверзитетот и целата природа. Потребни се објекти за екотуризам ограничени во простор и во висина. За жал, кај нас е ниска еколошката свест, па не се гледа суштината“, вели Поповска. (Б.А.)

„Галичица“ со исти рамки од 1958 година

Директорот на НП „Галичица“, Зоран Ангелоски, тврди дека границите на паркот се исти од 1958 година, но сега се попрецизно дефинирани откако лани е направено ново зонирање. Просторот е поделен на три зони, првата е зона за строга заштита, втората за одржливо искористување и третата за активно управување. Земјиштето што се продава се наоѓа во последната трета зона и тука се дозволени градежни активности за развој на туризмот.

Ангеловски е сигурен дека со урбанизацијата на просторот нема да се наруши биодиверзитетот, за што најголема гаранција се 11 научни студии за националниот парк изработени од домашни и од странски експерти и професори, вклучувајќи ја и швајцарската агенција за заштитени подрачја. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=58C114014B2775448EF29781B43F0780
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 13-Apr-2011 at 19:07
Ќе се гради етно-мотел во близина на Смоларскиот водопад

smolare.jpgСтрумица  – Иницијативата на локалната самоуправа на општина Ново Село за изградба на хотелски, мотелски и други сместувачки и угостителски капацитети во подножјето на Беласица наскоро ќе почне и практично да се остварува. Годинава, се очекува да биде реализиран проектот за изградба на мотел во стилот на локалните градителски и етнолошки карактеристики.

Етно-мотелот ќе биде сместен на излезот од селото Смоларе, односно на самиот почеток од пристапната патека што води до Смоларскиот Водопад.

- Локалната самоуправа ги врши неопходните подготовки околу локацијата и потребната документација за реализација на овој проект, кој ќе биде само почеток на серијата замислени туристичко-угостителски објекти кои треба да се градат на потегот од Смоларе до Колешино, каде што се наоѓа вториот по големина водопад на планината Беласица. Со тоа сметаме дека ќе дадеме голем придонес за натамошно поттикнување на развојот на туризмот во општината, за што постои изобилство од природни услови и убавини кои не треба да останат неискористени, изјави градоначалникот на Ново Село, Петар Спасов.

Етно-мотелот ќе биде граден со природни материјали, главно од камен и дрво, со цел да се сочува природната околина и оригиналноста на локалната архитектура, а во тој стил ќе биде режирана и туристичко-угостителската понуда на овој локалитет.

- Во околината на ниту еден туристички локалитет во општина Ново Село нема мотел или хотел за престој на туристи. А, таква е ситуацијата и во другите општини. Направивме напори туристичките места да ги направиме достапни за посетителите, но се уште нема мотели, доволно ресторани, работилници за сувенири и домашни ракотворини и слично, а тоа ги отргнува домашните и странските туристи да престојуваат повеќе денови во регионот, смета Спасов

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2958&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 04-May-2011 at 09:04

Отворен мотел во селото Нежилово

Нов мотел завчера беше отворен во селото Нежилово во пазувите на планината Јакупица во Општина Чашка. Мотелот има 16 соби, 65 кревети, два апартмана, сала за семинари за сто посетители, рибен ресторан и други содржини.

Сопственикот Трајче Димов смета дека со овој објект ќе му даде дополнителен развој на туризмот во регионот на Азот. Мотелот е сместен покрај реката Бабуна, на патеката кон врвот Солунска Глава на неколку километри од селото Богомила. Локалната самоуправа на општина Чашка, како еден од главните недостатоци на развојот неодамна го потенцираше недостатокот на сместувачки капацитети

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8E69BAA9A3AE3D48827886BC6659527C
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 04-May-2011 at 13:57
Коњановски во посета на автокампот „Свети Наум“
Среда, 04 Мај 2011 14:03



Споделете ја веста со Вашите пријатели
Зоран Коњановски, министерот за одбрана денес беше во посета на автокампот „Свети Наум“, каде што тече целосна реконструкција на комплексот, сместен на јужниот брег на Охридското Езеро во непосредна близина на границата со Република Албанија.


- Од 1969 година од кога постои кампот, досега немало ваква инвестиција. Околу 25 милиони денари од буџетот на Министерството за одбрана веќе се обезбедени за проектот чија реализација започна оваа, а е предвидено да заврши идната година, рече министерот Коњановски.

Тој појасни дека во оваа фаза од проектот е предвидена изградба на 15 бунгалови, која се очекува да биде завршена до крајот на август годинава. Комплексот во чии рамки по завршувањето на првата фаза ќе има вкупно 34 бунгалови, ќе биде од полуотоворен тип, така што покрај припадниците на АРМ, ќе може да летуваат и останатите граѓани на Република Македонија.

- Оваа година решаваме уште еден горлив проблем, во насока на заштита на Охридското Езеро. Автокампот ќе добие нова пречистителна станица, инвестиција од четири милиони денари, што е наш влог во заштита на животната средина. Веќе е одбран добавувач на опремата, а нејзиното поставување започнува веќе утре, додаде министерот.

Кампот што се простира на површина од десет илјади метри квадратни, по првата фаза од реконструкцијата ќе добие 1.508 квадрати новоизградена корисна површина, со капацитет од 204 легла.

Инженерот Зоран Диновски вели дека финалниот проект, односно со завршната фаза е предидена изградба и на марина за пловни објекти, како и неколку спортски терени за рекреација.

- Предвидено е во рамки на автокампот да има еден помал терен за спортови, како и едно големо фудбалско игралиште, со сите пропратни инфраструктурни објекти, што ќе се реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт, додаде Диновски на презентацијата на проектот.

Од кампот целосно ќе бидат исфрлени дотраените авто-приколки, а сместувањето ќе биде во објекти од цврста градба, и тоа во предвидени 94 бунгалови со по 4 односно 6 легла и вкупен капацитет од 500 гости. За подобра сообраќајна комуникација автокампот ќе добие целосно нов влез, директно од регионалниот пат што ги поврзува Охрид и граничниот премин кај Свети Наум.

Реконструкцијата на автокампот „Свети Наум“ ја вршат исклучиво припадници на АРМ односно армиската градежна оператива, според проект изработен од стручни лица од Секторот за недвижности и услуги при Министерството за одбрана.

http://kurirmakedonija/vesti/28300-Konjanovski-vo-poseta-na-avtokampot-Sveti-Naum

Edited by JOE - 04-May-2011 at 13:59
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 04-May-2011 at 14:12
Originally posted by axel

Отворен мотел во селото Нежилово

Слики
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.