![]() |
![]() |
![]() |
Противпожарна заштита |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 91011 |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Муниција е потрошен матерјал со ограничен рок на траење. Ракување со муниција со поминат рок е ризична работа и воопшто не е некоја стратешка предност оставање стара муниција позади себе на "непријателот". Губи прецизност, може случајно да испука, баш гледав сеа скоро една документарка за нато повлекувањето од афганистан како се уништува стара муниција. Така да и покрај хирот на ЈНА да собира штекери, не биле толку глупави да откопуваат и влечкаат полурѓава муниција.
Edited by user8642 - 08-Aug-2021 at 23:40 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() долго време е познато дека во источна Македонија има претерано многу гранати од прва светска војна, од јужниот фронт, едно време се сеќавам дека ги ископуваа и расчистуваа, ама можно е да има уште |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Има и во Битола и на Кајмакчалан точно каде што беше македонскиот фронт во I Светска Војна (сега откопаа преку 10.000 гранати кога го градеа стадионот), но тоа не е исто со „минско поле“. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/prizma.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Службите на ЈП „Улици и патишта“ сместени на друго место
![]() ![]() Изгоре бараката на ЈП „Улици и патишта“, зад трговскиот центар „Буњаковец“ во која беше сместена администрацијата. Според командантот на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, Владимир Симоновски, пожарот го предизвикало претходно запалено возило кое било паркирано во близина на бараката. Како што истакна Симоновски дојавата за пожарот ја добиле утринава во 1.50 часот и веднаш излегле на терен со шест возила и 19 пожарникари. Пожарот е локализиран, а едно од возилата е сеуште таму и дежура од безбедносни причини. За среќа нема повредени. Новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов за весникот ВЕЧЕР информираше дека бараката е со површина 380 квадратни метри со повеќе простории во кои е сместена администрацијата и оти според кажувањата прво наводно се слушнала експлозија, по што вработен од Службата за обезбедување пријавил на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. – Во оваа барака беа сместени архивата, сметковотсвото, човечки ресурси, како и дел од техничката служба. Во моментов таа непречено функционира на терен, а дел од администрацијата ќе оди по другите дисперзирани пунктови кои ги имаме – истакна Настов. Тој не знае се уште колкава штета е причинета и дали целосно изгорела документацијата, бидејќи како што кажа се уште се присутни единици на МВР и не дозволуваат да се влезе внатре. Во меѓувреме, Настов вели дека бараат времено решение вработените да се сместан во простории на другите дисперзирани објекти. – Бараме подолготрајно решение за смесување на службите, затоа што ова не може брзо да се санира – заклучи Настов. Од МВР информираат дека увидот се уште трае и според првичните информации велат дека околу 1.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Стефан Јакимов Дедов“ настанал пожар во патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. (38 годишен од Скопје. -Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б. (45 годишен) од Скопје, но и бараката на ЈП „Улици и патишта“ која целосно била опожарена. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, пожарот бил локализиран, а повредени лица нема – соопштија од МВР. Инаку „шкодата“ зафатена од пожарот е сопственост на обвинителот Гаврил Бубевски. И таа била паркирана на тротоарот, до бараките на ЈП „Улици и патишта“. Неговиот автомобил се запалил откако пожарот се проширил од другото возило, кое било паркирано зад неговото. Според првичните информации, од возилото на Бубевски е зафатен само задниот дел. Возилото е целосно опожарено, но било осигурано. – Не се сомневам дека јас сум бил цел на некаков напад. Јас сум добар, освен што сум уморен бидејќи цела ноќ гаснев, бидејќи сѐ гореше. Кај мојот автомобил, од задната страна почнал пожарот, па изгорело се кон напред. Другото е од напред кон позади. Тоа е првичното што јас го знам – вели Бубевски. https://www.vecer.press/службите-на-јп-улици-и-патишта-смес/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТО/ВИДЕО: Кој подметнува пожари во Пајко маало, изгоре уште една куќа која има културно-историска вредност
![]() ![]() Опколени со седиштата на Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Антикорупциска комисија, на телекомуникациски оператор и на 50-тина метри од МНР, куќите во скопското централно Пајко маало букнуваат и горат една по една. Ноќта петок кон сабота (12/13.02.2022.) изгоре уште една куќа стара повеќе децении и со културно-историска вредност. За горењето на семејната куќа, објавија правнуците на сопственикот кој што ја изградил. Куќата била изгасната од противпожарна единица на град Скопје, а потоа на влезната дрвена капија е ставена и полициска лента за потребите на истрагата. Се наоѓа во делот познат и како адвокатска улица во Скопје. Сопствениците се сомневаат дека е подметнат пожарот и дека не е првпат да гори куќа во овој дел на Скопје, опколен, но незаштитен од многубројните безбедносни институции во непосредно соседство. Сличен инцидент имаше и во септември лани, во куќа веднаш до оваа која изгоре за време на викендот. Покрај тоа изгореа уште две бараки во Градски парк во близина на стадионот „Тоше Проевски“. Од полицијата засега нема информации за причината за пожарот, а изгорената куќа не е пријавена ниту во неделниот ниту во понеделничкиот утрински билтен на МВР. Денеска попладне МВР објави детали за пожарот: -Нa 13.02.2022 во 04.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„102“ настанал пожар во куќа сопственост на А.А.П.(58) од Скопје, која под наем ја користеле две фирми. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Скопје. Сомневањата на семејството се дека најверојатно станува збор за како што велат активности на градежната мафија, бидејќи изгорените куќи во Пајко маало се на атрактивна локација во центарот на главниот град, речиси на брегот на реката Вардар. Досега нема никакви информации како завршија истрагите за пожарите во градски парк и во Пајко маало кои се случија минатата година. Тогаш повеќе противпожарни возила интервенираа и ги изгаснаа пожарите, а во близина на поранешниот суд за прекршоци кој изгоре по напуштањето беше најдена и канта со бензин користена за подметнување на пожарот. https://telma.com.mk/2022/02/14/фото-видео-кој-подметнува-пожари-во-па/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 91011 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |