Сончев Град |
Post Reply | Page <1 910111213 15> |
Author | |||||||
The Man
Senior Member Joined: 06-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 135 |
Quote Reply #201 Posted: 25-Jul-2013 at 18:00 | ||||||
http://offspot.blogspot.com/
|
|||||||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #202 Posted: 30-Jul-2013 at 20:58 | ||||||
Ова го пишувало во „Дневник“ на 11 јули:
„Се расчистува трасата, која ќе води до поранешниот хотел „Панорама“, каде што новиот пат ќе се спои со улицата Тодор Александров (поранешна „Салвадор Алјенде“) токму кај Институтот за земјотресно инженерство. Патот ќе почне од Сопиште и ќе минува низ Говрлево, ќе се прекачи преку Водно во делот што ~ припаѓа на Kисела Вода и ќе се спои со постојниот пат кон Средно Водно кај ИЗИИС.“ линк Тоа со Говрлево е глупост, но останатите информации се битни. Би можел ли некој да ја исцрта можната траса? Поназад во нишкава има информации за тоа од каде ќе почнува во Сопиште и должината на патот. |
|||||||
KraFT
Newbiе Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #203 Posted: 31-Jul-2013 at 16:53 | ||||||
Не. Ниту пак изведувачот даде одговор. А новинарите кога одат на сечење лети, само голтање плескавици ги интересира. К |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #204 Posted: 03-Aug-2013 at 08:24 | ||||||
Напролет во Сончев Град ќе се удрат првите темели
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8213177464&id=14&prilog=0&setIzdanie=22944 |
|||||||
KraFT
Newbiе Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #205 Posted: 24-Oct-2013 at 17:13 | ||||||
Конечно, на скоро пробиен пат излезе подетален текст кој се осврнува на екологијата и авторот успеал да ја „прикрпи“ трасата. Патот до Сончевград ја „делка“ Парк-шумата „Водно“ - Најавите упатуваат коловоз од улицата „Водњанска“, покрај бивша „Панорама”, по сртот на Водно, преку Марково Kрувче се' до Сопиште. - Делницата почнува од одвојувањето кај третата серпентина од постојаниот пат Скопје – Водно. - Продолжува и се поврзува со населбата Сончевград и завршува на врската со регионален пат Р2134 со кружен тек во општината Сопиште. - Попатно кон овој пат на соодветни места се обезбедени два приклучока со новата населба и тоа кон улица ’Ц’ и улица ’Д’ дефинирани со сообраќајната мрежа на населбата Сончевград. - Коловозот е со ширина од 5,90 метри (две сообраќајни ленти од по 2,95 метри)“, вели Оливера Вранеш од ЈП за државни патишта и потенцира дека трасата на регионалниот пат во еден дел поминува низ шумата (во Кисела Вода и Сопиште), за што имале и елаборат за заштита на животната средина ... КраФТ Edited by KraFT - 24-Oct-2013 at 17:16 |
|||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #206 Posted: 25-Oct-2013 at 09:55 | ||||||
Хорор на Водно
Горан Адамовски „Забранет пристап - минирање“, пишува на таблите закачени на дрвја во месноста Марково Крувче на Водно. За секој случај и работниците што го градат патот кон Сончевград ќе ве предупредат да се оддалечите на пристојно растојание. Честите посетители на скопскиот рид велат дека најпрво се слушаат алармите за тревога кои ѕвонат пет минути. Вознемирувачки звуци. Потоа се слуша силен татнеж. Се кршат карпите што се на пат кон Сончевград во Сопиште. Околу три илјади жители на новата елитна населба ќе имаат можност од центарот до периферијата на градот да стигнат за помалку од десет минути. За таа цел се удира во белите дробови на градот. Водно е на колена. Од Сопиште, Водно е на дофат од раката. До Марково Крувче има околу седум-осум минути пеш. До пред некое време беше уживање да се оди по тој дел. Секаде зеленило и мртва тишина. Долу градот мирно дише. Не се слуша ништо долу, се гледаат само високите згради и чадот од фабриките. Воздухот горе и долу не одат во иста реченица. Дури и во лето, горе е подносливо. А во вечерните часови е свежо дури и во најтоплите денови. Пат немаше. Имаше изгазени патеки за пешаци. Покрај грмушки. Планинарите, посетителите и жителите на Сопиште со тага се сеќаваат на овие слики. Нив повеќе ги нема. Ќе останат само да се прераскажуваат меѓу генерации. Денеска, тој дел на Водно повеќе наликува на каменолом. Малите патеки за пешаците веќе ги нема. Отсечени се. Сега има патишта за тешка механизација. Камиони, багери, машини. Пробиени се, по слободна процена, повеќе од еден километар. Повеќе од еден километар исечено зеленило. Каде што се дишеше најчисто сега не може да се мине ако не се стави блуза преку уста. Облаци од прашина. Се гази во земја во којашто се пропаѓа како во жива кал. Некаде и до половина метар. А кога ќе помине камион покрај вас, што се случува на секоја минута - готово, останавте без воздух. „Одете побргу, ама да знаете дека наскоро минираме. Подобро да не се враќате до крајот на работното време“, предупредуваат работниците. Градежните работи се изведуваат секој ден до кај 15 часот. И во саботите. Во неделите се одмора. „Порано беше уживање да се разбудиш во тишина, да го испиеш утринското кафе, да потсредиш дома или во дворот. Сега механизација се слуша по цел ден, а пред очи само облаци од прашина се гледаат“, коментираат жителите на Сопиште. Покрај главниот пат, по удолнината се ископани уште неколку споредни „патчиња“, кои служат за фрлање на камењата и на шутот. Ако сте помислиле дека ќе го заобиколите пробиениот пат - сте се излажале. Мора по него. Друг избор нема. Механизацијата, всушност, кружи околу Марково Крувче и треба да се спои со патот кај „Панорама“, на другата страна од Водно. Иако, на прв поглед се чини дека е многу поедноставно да се направи директна линија, сепак, тоа е неизводливо затоа што треба да се удри во сржта на ридот - на Средно Водно. Над Марково Крувче се познатите Маркови Кули - градба што го идентификува Скопје со Јустинијана Прима. Патот за Сончевград практично ќе кружи околу нив. Оттаму води трим-патеката до Средно Водно. Конечно, зеленило и свеж воздух. Околу два километра, еден час шетање во тишина. И дрвја. Покрај патеката, која, главно, е по рамен пат, се поставени летниковци и клупи за вежбање. Тие што ќе ги затекнете по пат се вистински љубители на природата. Дошле пеш, таму нема жичарници или автомобили. И затоа од нив најдобро ќе ја почувствувате загриженоста на тоа што му се случува на Водно сега. „Триесетина години се качувам на Водно барем двапати неделно. Љубовта кон природата сакам да му ја пренесам и на внукот, па го земам со мене. Ова што се случува во последниве години е страшно. Водно секогаш било шанса за почивка, а сега станува Луна-парк. Каде се видело да се пробива ридот којшто му дава кислород на градот за да се изгради пат за да се скуси патот на тие што се способни да платат да живеат во таква елитна населба каква што се зборува дека ќе биде“, реагира еден повозрасен скопјанец. Сечата на дрвјата на Водно има неколку поглавја. Виртуелното село зад „Св. Пантелејмон“ во Нерези, соголувањето два хектара шума за модерна жичарница до врвот Крстовар, веќе се познат случај. Непријатно изненадување за планинарите е егзодусот на стари дрвја во близина на одморалиштето во средина од патеката меѓу Средно Водно и крстот. „Ги исекоа летоска, наводно, заради потребите на дистрибутерите на струја. Ама, како до пред неколку месеци функционираше се', а сега не чинело? Цели редови нема“, се жалат планинарите. Тие што не биле одамна на Водно ќе се изненадат и кога ќе се качат најгоре, на највисокото место во Скопје. Не од оградениот простор каде што ќе се гради новата зграда на АЕК, туку од обидот да се направи простор за возила на шумската патека кон Матка. Велосипедистите велат дека и тоа било направено летоска. Фрлен е чакал, „малку“ простор е земен од планината, доволно да се спои со земјениот пат. Според најавите на властите, регионалниот пат до населбата Сончевград во општина Сопиште со предвидените приклучоци ќе биде долг 4,4 километри. Патот ќе води од улицата „Водњанска“, покрај бивша „Панорама“, по сртот на Водно, преку Марково Kрувче се' до Сопиште. Неговата изградба ќе чини 6,7 милиони евра, а активностите треба да завршат за 18 месеци. Со изградбата на населбата и на патот се очекува проток на 700-1.000 возила. Сончевград ќе се простира на 58 хектари, кои ги купи турскиот „Џеваир холдинг“ за околу 2 милиона евра. Одобрението за градба на патот го даде Министерството за транспорт, а во јули беа „удрени“ првите лопати. Цените на земјиштето во Сопиште скокаат веќе десетина година. Ако во почетокот на овој век еден квадратен метар можеше да се купи за три или четири евра, сега таа бројка е зголемена и до петнаесет пати. Се очекува врвот да биде достигнат следниот период. http://www.utrinski.mk/?ItemID=64832F20E10A5B4CB71C6C80DE781E79 |
|||||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #207 Posted: 25-Oct-2013 at 12:42 | ||||||
Си ги заборавил фотките од текстот
|
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #208 Posted: 13-Nov-2013 at 17:18 | ||||||
Фотографии од патот што треба да води кон Сончев Град. Снимени се на 9 ноември. Автор: Кире Миловски
|
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #209 Posted: 13-Nov-2013 at 17:19 | ||||||
|
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #210 Posted: 17-Feb-2014 at 12:51 | ||||||
Вие сте инвеститори и на проектот Сончев Град. Како се одвива реализацијата на оваа инвестиција? И што конкретно ќе предвидува овој комплекс?
|
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #211 Posted: 24-Feb-2014 at 13:45 | ||||||
Активности за урбанизација со коишто ќе се изгради потребната
инфраструктура за населбата „Сончев град“, за која се очекува
инвеститорот за 15 дена да добие одобрение за градење, најави денеска
министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според него, со планираните активности ќе се обезбеди канализациски систем за поголем дел од Општина Кисела Вода и водоснабдување за најголем дел од територијата на Општина Сопиште, а регионалниот пат за поврзување на Скопје со „Сончев град“, ќе биде завршен најдоцна до првиот квартал догодина. Почната е постапка за реализација на проект за изградба на системот за водоснабдување за дел од населените места во општина Сопиште – Регионален водовод Патишка Река, што, според Јанакиески, има големо значење за жителите на населените места во општината за решавање на проблемот со водоснабдувањето, за подобрување на животниот стандард, на комуналната инфраструктура и животната средина и за развој на општината. Проектот опфаќа изградба на три делници од магистрален цевковод со вкупна должина од околу 22 километри, како и изградба на филтер-станица и пристапен пат до неа. За негова реалзиација се обебзедени 260 милиони денари во буџетите на Министерство за транспорт и врски и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РМ за буџетските 2015, 2016 и 2017. – Проектот треба да се доработи и очекувам во тек на оваа година да почне изградбата, информира Јанакиески на прес-конференција со градоначалниците на Скопје, Кисела Вода и Сопиште. Ќе се реализира и проект за изградба на фекална канализација со две делници во населено место Сопиште и населбата „Сончев град“ со одведување кон постојните канализациски мрежи во општина Кисела Вода и општина Аеродром, за што се обезбедени 306.007.218 денари. Првата делница, во должина од 3,8 километри, е од населеното место Сопиште, низ населба Припор, по улица „Христо Татарчев“ до раскрсница бул „Србија“ со ул. „Борис Трајковски“. Втората делница, која треба да биде 7 километри, од населеното место Сопиште, поминува по регионалниот пат Р 302 и низ населено место Усје покрај Усјанскиот канал се врзува на постоечки колектор на ул. „Никола Божинов“ кој води кон препумпна станица во Аеродром. - Имаме изработено главен проект и очекувам во рок од десет дена да биде распишан јавен повик за избор на градежна компанија, рече Јанакиески. Во тек е, дпдаде, изградба на пат во должина од 4,5 километри, кој ќе го поврзува Скопје со населбата Сончев Град, инвестиција во вредност од 412.308.314 денари. Согласно динамиката патот треба да биде готов најдоцна до првиот квартал наредната година, а парите се обезбедени во буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Јанакиески очекува компанијата „Џевахир Холдинг“, инвеститорот кој на локацијата Сончев град треба да гради современ станбен комплекс со повеќе објекти, да ги уплати потребните комуналии и за 15-ина дена да го добие одобрението за градење. – Проектите се одобрени, пресметани се комуналиите и очекуваме во рок од 15 дена да се платат со што ќе се издаде одобрени за градење и ќе почне изградбата на Сончев град, рече Јанакиески, укажувајќи дека се направени проектите и оти се е согласно договорт и утврдените рокови. Согласно договорот, инвестоторот по добивањето на одобрението за градење има рок од шест години да ја реализира инвестицијата и да го изгради комплексот. Според градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, изградбата на канализациската мрежа ќе одговори на потребите и барањата на околу 13.000 жители во Општина Кисела Вода. - Со тоа значително ќе им се подобри и осовремени секојдневното живеење, а септичките јами ќе станат минато. Во завршувањето на примарната канализациска мрежа на овој капитален проект на Министерството за транспорт и врски и Град Скопје ќе се приклучи и Општина Кисела Вода преку изградба на секундарната канакзиациска мржа, рече Беличанец Алексиќ. http://ekonomski.mk/2014/02/24/%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1/ |
|||||||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2652 |
Quote Reply #212 Posted: 24-Feb-2014 at 15:16 | ||||||
Пат до Сончев Град кој завршува на тесното регионално патче за Средно Водно, потоа продолжува по тесната уличка Салвадор Аљенде, за да на крајот заврши на тесниот и презакрчен од возила булевар Водњанска.
Се прашувам каква ли е таа елитна населба до која ќе се нема нормален пристап, туку ќе мора да се пробиваш низ кривулести сокаци? |
|||||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #213 Posted: 25-Feb-2014 at 12:13 | ||||||
фото: vecer.mk |
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #214 Posted: 25-Feb-2014 at 12:24 | ||||||
Што е со сликава Џоле? ја претставиле како од Сончев Град ?
|
|||||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #215 Posted: 25-Feb-2014 at 13:13 | ||||||
Па, да... И јас си мислев дека е дел од комплексот.
|
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #216 Posted: 25-Feb-2014 at 13:28 | ||||||
Ова се прилично стари хациенди на влезот на Соње, но Сончев град е блиску. Големата куќа барем на времето беше на Тонели (хемиско чистење).
|
|||||||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #217 Posted: 25-Feb-2014 at 16:47 | ||||||
Како што кажа пбанкс овие градби немаат врска со Сончев град . Сончев град сеуште е зелена полјана колку што сум јас запознат.Џеваир сеуште ги немаат дозволите за градење како што кажа и министерот треба да ги добијат наскоро, но не верувам дека одма ќе се почне бидејќи пристапните патишта засега неможе да овозможат толкав број на механизација да циркулира по нив.
|
|||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #218 Posted: 25-Feb-2014 at 17:14 | ||||||
Кога бев кај крсот,до мене беше еден човек кој бил по потекло од селата од овој крај(не се сеќавам точно за кое село се работеше што не е ни битно) и објасни дека оваа зградава на сликава е дел од Сончев град.Јас немав слушнато за таков објект од овој проект,но несакав да барам објаснување верувајќи дека човекот повеќе знае
|
|||||||
KraFT
Newbiе Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #219 Posted: 25-Feb-2014 at 19:00 | ||||||
Фотографијата со куќите (погоре) нема ништо заедничко со Сончев град...
А зградите се на 2-3 км од населбата и имаат своја нишка, тука. К
Edited by KraFT - 19-Mar-2014 at 00:35 |
|||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #220 Posted: 25-Feb-2014 at 19:34 | ||||||
претпоставув дека зградите немаат врска со Сончев град,но нема да беше културно да му спорев на човекот кој случајно го слушнав како објаснува
|
|||||||
Post Reply | Page <1 910111213 15> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |