Реконструкција на пругата Битола - Лерин |
Post Reply | Page <1 9101112> |
Author | ||
Obedineta Makedonija
Senior Member Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1742 |
Quote Reply #201 Posted: 10-Oct-2018 at 20:53 | |
Можеби новите 4ри ќе бидат вклучени во сообраќај на таа делница.... |
||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #202 Posted: 11-Oct-2018 at 10:21 | |
Новите четири локомотиви ќе бидат вклучени на пругата Табановце-Гевгелија, бидејќи станува збор за електрични локомотиви. На неелектрифицираната пруга од Велес преку Битола до Кременица може да сообраќаат единствено дизелки. Не верувам дека дизел локомотивите не можат да го совладаат делот од Богомила до Гостиражни. Доколку постои вакво нешто, тогаш вообичаена практика е да се прикачат две локомотиви на чело на композицијата, со една локомотива дополнително на крајот од вагоните. Нема шанси да не може вакво нешто да се направи Единствено што би можело да направи проблем е носивоста на пругата меѓу Велес и Прилеп. Јас навистина не знам колкава е таа, бидејќи од тоа може да зависи големината на товарните композиции. Да речеме, кон Гевгелија сега сообраќаат композиции и по 50-тина вагони и би било навистина проблематично доколку кон Битола е дозволено да сообраќаат по 5 или 10 вагони по еден товарен воз. |
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #203 Posted: 11-Oct-2018 at 14:26 | |
Јас мислам дека си правите бајрами на паметот затоа што ако товарниот сообраќај трпи, а мора да се пренесе робата со железница, и ако ја погледнеме мапата, поисплатливо им е од Солун да се тргне према пругата кон Петрич-Софија и потоа Софија-Ниш, отколку да кружат преку Битола.
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #204 Posted: 11-Oct-2018 at 16:29 | |
Она што со сигурност можам да ти го кажам е дека пругата од Солун кон бугарската граница е исто така неелектрифицирана, заедно со пругата од српската граница со Ниш. Воедно, од искуство можам да ти кажам дека од Ниш до српско-бугарската граница се патува поспоро од Велес до Битола. Со сигурност. Воедно, пругата од Велес преку Битола до Кременица е дел од Коридор 10, т.е. Коридор 10д и затоа и ЕУ ја финансира нејзината изградба. Затоа, нема причина да се верува дека не би се користела истата како алтернатива. |
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #205 Posted: 11-Oct-2018 at 19:22 | |
Ајде да видиме што и како ќе биде. Дај боже да биде сообраќајот преку Македонија, да не трпи загуби македонски железници.
А Велес-Битола во каква состојба е пругата ? Со која брзина патуваат патничките возови ? Дали е во состојба да издржува голем товар со голем интензитет на товарен сообраќај ? Edited by FiLo - 11-Oct-2018 at 19:24 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #206 Posted: 14-Oct-2018 at 20:44 | |
Носивоста можеби е проблем, но не за должината на композициите, туку како огрничување на оскиното оптеретување, односно колкава максимална тежина може да носи секој вагон. Должината на композициите е ограничена од должината на станичните колосеци. Колку што можам да видам на гугл земја, станичните колосеци на К10 се подолги, но не драстично.
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #207 Posted: 15-Oct-2018 at 08:54 | |
Сепак, се работи за пониска категорија на пруга во однос на оскиното оптоварување. Ц-Е, 20 тони тежина по оска, 6,4 тони тежина по должина метар е за пругата Велес-Кременица. Пругата Табановце-Гевгелија е 22,5 тони по должина метар и 8 тони тежина по должина метар. |
||
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #208 Posted: 20-Oct-2018 at 19:02 | |
НОВО ВИДЕО https://www.facebook.com/1451544438474299/videos/558714494568557/
|
||
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #209 Posted: 20-Oct-2018 at 19:19 | |
До крајот на годината ќе биде изградена пругата Битола- КременицаДо
крајот на годинава ќе заврши изградбата на пругата Битола-Кременица,
соопштија од Министерството за финансии. Информираат дека досега
завршени се 90% од градежните работи.
Изградбата на оваа делница од железничката пруга, по 32 години повторно ќе го поврзе Пелагонискиот регион со Солунското пристаниште. Од Министерството за транспорт и врски велат дека ова поврзување е уште еден крак од Коридорот 10 за конекција со Солун. Тоа претставува алтернатива како за превоз на патници, така и за транспорт на производи од и до компаниите во тој регион. Во моментов железничкиот сообраќај на релација Велес-Гевгелија е во прекин поради оштетениот мост на Црна Река, кај Градско. Линијата не е во функција од крајот на минатиот месец, а надлежните од МЖ Инфраструктура очекуваат санацијата на мостот да заврши во текот на следната седмица. До сега штетите само за МЖ Транспорт се околу 600 милиони евра. Но, особено засегнати се и компаниите од металуршката индустрија, бидејќи немаат друга алтернатива за транспорт на производите до и од солунското пристаниште. Пуштањето во функција на пругата Битола-Кременица претставува една од алтернативите. Изградбата на пругата со должина од 17 км започна во февруари годинава. Инвестицијата е вредна 17,1 милиони евра. Од нив, 12,5 милиони евра се буџетски пари, а 4,6 милиони евра се грант од европските фондови. Edited by Danielbtmk - 20-Oct-2018 at 19:22 |
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #210 Posted: 20-Oct-2018 at 20:00 | |
Дали овој сектор на коридор 10, од Велес до Битола и понатаму Кременица има план некогаш да биде електрифицирана ?
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #211 Posted: 24-Oct-2018 at 11:04 | |
Во предизборната програма на СДСМ стоеше дека ќе ги електрифицираат сите пруги во Македонија. Од ова нема ниту најава дека ќе се реализира во моментов, тоа е факт. Сепак, она што се знае дека ЕУ во моментов нема да обезбеди средства за електрификација на пругата од Битола до Кременица, ниту пак обезбедила средства за електрификација на пругата од грчката граница до Лерин, и ова е факт. Ќе треба да бидеме пресреќни доколку се пушти во употреба оваа пруга и како неелектрифицирана во моментов. Од друга страна, со либерализацијата на енергетскиот пазар, т.е. цената на електричната енергија, треба македонската држава сериозно да си направи стратегија дали е поисплатливо за железницата да вози на дизел или електрична енергија во иднина. |
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #212 Posted: 24-Oct-2018 at 18:23 | |
Бидејќи работам во браншата електрична енергија, само да потенцирам дека равенката либерализација на пазарот на електрична енергија = помала цена не е така едноставна. Патем, либерализацијата на пазарот на електрична енергија е веќе случен за големите фирми, а МЖ „Транспорт“ е дел од него и веќе набавува енергија на слободниот пазар (последниот тендер им беше пред некој месец). Се додека ние како држава не излеземе од магичниот круг да зависиме за енергија од други, односно сме увозно зависни, цената нема да биде помала од сегашната, бидејќи на Балканот повеќе недостига енергија, така што поради поголемата побарувачка цената оди и нагоре во последниве години на единствената регионална берза, а тоа е во Унгарија. На страна струјава, јас ќе бидам пресреќен и само да ги довршат проективе, и на најфрекфентниот коридор 10 да се изнајдат начини за два колосеци по цела должина. |
||
JOE
Senior Member Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 218 |
Quote Reply #213 Posted: 31-Oct-2018 at 13:37 | |
Edited by Џоле - 01-Nov-2018 at 09:53 |
||
JOE
Senior Member Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 218 |
Quote Reply #214 Posted: 02-Nov-2018 at 09:46 | |
|
||
JOE
Senior Member Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 218 |
Quote Reply #215 Posted: 02-Nov-2018 at 12:48 | |
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #216 Posted: 21-Nov-2018 at 17:56 | |
ПРУГАТА ОД БИТОЛА ЗА ГРЦИЈА ДО НОВА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА, ВОЗ ДОПРВА ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ
Поставени се шините на пругата од Битола до грчка граница, а до Нова година останува да се довршат другите делови околу пругата, како сигнализацијата, струјата, информатичкиот систем, железничката станица и паркингот. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешниот увид на градбата рече дека пругата ќе биде пуштена во употреба до Нова година. „Ова беше проект со многу технички проблеми и со проблеми во изведба. Имаше претходно изведувач кој не ги завршуваше работите. Вложивме голем напор за да се надминат проблемите како од технички, така и од финансиски аспект. Пругата со сите свои сегменти ќе биде завршена до крајот на оваа година. Можно е да биде пуштена во употреба до 31 декември. Целокупните градежни работи се завршени, останува да се надеваме дека до Нова година ќе ги видиме и првите возови како поминуваат по оваа пруга“, рече Анѓушев. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески запрашан дали тоа ќе бидат нови возови или ќе се користат старите, рече дека дел од локомотивите ќе бидат поправени, а сѐ друго што е неопходно, ќе се набави. „Најбитно за нас во моментот е да овозможиме оваа пруга да биде функционална. Во делот на возобновување на возовите размислува Владата, а со вицепремиерот и со директорите на Транспорт и железници сме разговарале за поправките на локомотивите. Дел од тие локомотиви ќе бидат во употреба, а сè она што треба дополнително да се набави, вклучувајќи возови, ќе биде од наша страна направено“, рече Сугарески. Пругата од Битола за Грција ќе биде ставена во функција по 32 години. Проектот за нејзино обновување беше едно од големите ветувања на претходната власт, но тогашниот бугарски конзорциум не ја изгради пругата, ги проби роковите, а подизведувачите ги остави со празни џебови. Новата Влада пролетоска вети дека до ноември ќе се изгради пругата и таа забрзано се градеше изминатите месеци. Станува збор за проект од 17,2 милиони евра, од кои шест милиони се ИПА средства, а 11 милиони евра се од буџетот. Со претходната компанија која не ги исполни договорите Македонија води судски спор. Пругата ќе го забрза и транспортот на стока и патници. Досега, извозно ориентираните компании од Битола го вршеа извозот на стока до Солунското пристаните преку Гевгелија. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prugata-od-bitola-za-grtsija-do-nova-godina-ke-bide-pushtena-vo-upotreba-voz-doprva-ke-se-obezbedi/ |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #217 Posted: 26-Nov-2018 at 00:05 | |
Од фејсбук профилот на Министерот за транспорт и врски:
|
||
За сè има вторпат
|
||
mon
Senior Member Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 759 |
Quote Reply #218 Posted: 26-Nov-2018 at 05:18 | |
Чии се овие жолти вагони? На МЖ?
|
||
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #219 Posted: 26-Nov-2018 at 10:41 | |
Не сум сигурен, можеби се на изведувачот на градежните работи.
|
||
За сè има вторпат
|
||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #220 Posted: 26-Nov-2018 at 17:30 | |
Можно ли е да е веќе споена со грчката пруга ? Бидејќи на Битола - Кременица Проџект на фејсбук еден господин има пуштено слика од истава композиција на друга локација која напишал дека е Неос Кафкасос ,односно од грчката страна на границата.
|
||
Post Reply | Page <1 9101112> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |