build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 30-Mar-2011 at 13:23

- Малку, малку, па ЕЛЕМ ќе се најде среде политички битки и пресметки меѓу спротивставените партиски блокови, околу некои тендерски постапки, вработувања... На што се должи тоа и каков е нивниот одраз врз работењето на компанијата?
- Компанија која е со доминантно државен капитал, секогаш е подложна на такви притисоци и од страна на опозиција и од страна на јавноста, на медиумите. Лично, сметам дека не постојат државни, или приватни компании. За мене има успешни и неуспешни компании, односно успешни и неуспешни менаџери. Никогаш не сум ја гледал оваа компанија - ако е државна, дека треба да има повластена позиција, ниту, пак, да е место за вдомување кадри.

Сите вработувања во ЕЛЕМ се транспарентни, преку огласи, преку компанија што ја имаме определно да врши интервјуа на кандидатите, да прави тестови и да ги определи оние, кои се најсоодветни за тоа работно место, за кое имаме потреба. И, како УО, така ќе продолжиме. Најбитно е, не само за нас, туку и за потрошувачите, да имаме квалитетен кадар, кој ќе може да одговори на барањата за производство на електрична енергија. Најважно е да добиете електрична енергија според потребите и по економски најприфатлива цена.

Вештаците ги потврдија нашите укажувања во спорот со ЕВН


- До каде е судскиот спор со ЕВН, кои се Вашите очекувања во врска со крајниот исход? Ккви се денес односите меѓу двете компании?
- Судскиот спор со ЕВН, сметам, се движи во добра насока и, колку што сум информиран, вештаците задолжени да утврдат дали и колку средства се наплатени по однос на тој анекс договор меѓу компаниите, ја завршиле работата. И, можам ексклузивно за вас да кажам - тоа оди во корист на нашите тврдења дека навистина одредена сума е веќе наплатена од ЕВН и не е трансферирана кон ЕЛЕМ. Оттука, можеме со задоволство да кажеме дека во тоа време кога ја поднесовме тужбата, нашите судски побарувања беа сосема оправдани.

- Колкав е износот на наплатените средства што треба да ги добиете?
- Сумата не можам да ја кажам во моментот, додека не дојдеме на официјална позиција со вештаците, но очигледно, се покажува дека правилен бил чекорот на нашиот УО, кој по подолг период разговори со ЕВН и недобивање на информациите за наплатените средства и на трансферот кон ЕЛЕМ, го покренавме овој судски спор. Очекувам, во најскоро време, тој да заврши во позитивна конотација за ЕЛЕМ.

- Може ли да очекуваме да ве видиме со ЕВН во некои заеднички проекти?
- Може да се случи. Веќе слушнав дека и ЕВН од Австрија е пријавена на тендерот за изградба на “Чебрен“ и “Галиште“, така што, ако има соодветна понуда, зашто да не. Немаме ништо против нашите односи да се развиваат и во насока на изградба на нови објекти, зашто тоа би било од корист на двете компании, а и на корисниците на нашите услуги. Соработката со ЕВН и сега е на нормално професионално ниво.

Новиот менаџмент на ЕВН е исто така отворен за соработка и секогаш кога имаме некои прашања од заеднички интерес, ги решаваме. Пред се, за нас е важно потрошувачите да добијат квалитетна услуга, електрична енергија според нивните барања и според потребите за нивно работење, а тука сите ние сме поврзани во некој синџир, од нас како производител, преку преносната мрежа и на крај ЕВН како дистрибутивна компанија и снадувач на граѓаните. http://www.biznis24.com.mk/node/14234


Edited by lslcrew - 30-Mar-2011 at 18:14
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 30-Mar-2011 at 17:57
[quote]

Отворените прашања меѓу ЕВН и Владата се надминати.  Денеска компаниите ЕВН и ЕЛЕМ постигнаа судска спогодба за надминување на спорот што постои меѓу двете компании. Ова го истакна вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната прес-конференција во Владата.

PESEVSKI-50030320111

Тој посочи дека „ЕВН Македонија“ денеска го повлекува барањето до Енергетската заедница во Виена со кое имаше забелешки на правниот систем во Македонија, а во текот на денот двете страни ќе го информираат Арбитражниот суд во Вашингтон дека отворените прашања се надминати.

- Отворените прашања меѓу Владата и ЕВН во делот на регулативата се надминати со направените измени во Законот за енергетика и некои подзаконски акти. Исто така, надминати се и недоразбирањата околу делбениот биланс меѓу „ЕВН Македонија“ и ЕЛЕМ, а во делот на регистрирањето на имотот на ЕВН направен е прогрес и голем дел од нерегистрираниот имот е во фаза на регистрација. Сите останати проблеми врз основа на купопродажниот договор се приведени кон крај со што отворените прашања се надминати, рече вицепремиерот Пешевски.

Тој нагласи дека во надминувањето на проблемите меѓу ЕВН и ЕЛЕМ учествувале повеќе од сто луѓе.

Министерот за економија Фатмир Бесими истакна дека денешното потпишување на Спогодбата меѓу ЕВН и ЕЛЕМ покажува дека Македонија има капацитет да се справи со предизвици од меѓународен каратекр во економијата.

- Јасно е дека со јазикот на аргументите и признавањето на законите може да се дојде до резултати. Сега целосно се спроведува Договорот за купопродажба и влегува во фаза на реализација како што е предвидено. Македонија денеска покажа дека со Законот за енергетика и постигнатата согласност е земја што има најнапредна легислатива во рамките на Енергетската заедница, рече Бесими.

Гинтер Офнер извршен директор на ЕВН Македонија истакна дека победници во постигнатата спогодба најнапредед се граѓаните, а потоа Република Македонија и сите инволвирани страни.

- Со Спогодбата се испраќа сигнал до инвеститорите дека и најкомплицираните проблеми во Македонија можат да се решат на добар начин. Се чувствуваме добро во Македонија и се интегрираме чекор по чекор се повеќе, рече Офнер.

Тој прецизира дека судската спогодба предвидува „ЕВН Македонија“ и натаму да се грижи за наплата на старите побарувања, а се што ќе се наплати да се дели 50 на 50 со ЕЛЕМ. Од веќе наплатените стари побарувања ЕВН Македонија во следните 10 дена треба да и уплати три милиони евра на ЕЛЕМ во денарска противвредност и да и отстапи побарувања во износ од 19,5 милиони евра од јавните и другите институции.

Тој нагласи дека најважниот дел од денешната Спогодба е што се покажува дека проблемите меѓу инволвираните страни во иднина можат да се решаваат по пат на директен дијалог.

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски истакна дека денешниот ден е значаен за ЕЛЕМ бидејќи односите со ЕВН Македонија се подигнуваат на повисоко ниво.

- Отпочнувањето на судскиот процес немаше за цел да го избрка ЕВН од Македонија и да се покаже дека е лош инвеститор, туку да се утврдат обврските од Договорот. ЕЛЕМ не бараат и не сакаат ништо што не е нивно, но не можеа да дозволат некој да им го земе она што им припаѓа, рече Чингоски.http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/24368-Vladata-i-EVN-gi-nadminaa-nesoglasuvanjata

[quote]
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 01-Apr-2011 at 10:39
МЕПСО ќе го утврдува капацитетот на преносната мрежа за 11 земји од ЈИЕ

Скопје,  1 април 2011 (МИА) -  АД МЕПСО ќе ги пресметува и утврдува капацитетите на преносната електроенергетска мрежа на 11 држави од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Таква одлука со консензус донесоа претставниците на електроенергетски преносни систем оператори од 11 земји на ЈИЕ, на вчерашниот состанок во Скопје.

Во пресметката, соопшти денеска МЕПСО, ќе бидат вклучени сите нови далноводи во овие 11 држави кои ќе бидат изградени до 2020 година согласно 10 годишниот план за развој на преносната мрежа на ЈИЕ. Од идните македонски далноводи во овој план се вклучени 400 киловолтни далноводни поврзувања на Македонија со Косово, Србија и со Албанија. 

На работната средба во Скопје, присуствуваа сите претставници на  Регионалната група на Комитетот за развој на електроенергетскиот систем во кој членуваат компаниите  електроенергетски преносни систем оператори од Македонија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Италија. Регионалната група работи во рамки на Европската асоцијација на електропреносни систем оператори ЕНТСО-Е.

Капацитетот на преносната електроенергетска мрежа на регионално и на национално ниво е најважен индикатор за сите инвеститори кои вложуваат во производство на електрична енергија. Основен предуслов за вложување во капацитет за производство на електрична енергија е инвеститорите да знаат колкав е капацитетот на мрежата преку која до потрошувачите ќе се пренесува произведената електрична енергија.

- Работата што ЕНТСО-Е му ја довери на МЕПСО (во групата на 11 држави од Југоисточна Европа) е потврда дека го цени и високо го вреднува квалитетот, капацитетот и референците на инжинерскиот тим на нашата компанија, со што се задоволуваат стандардите на Европската асоцијација на преносни систем оператори, се вели во соопштението.

На состанокот во Скопје беше дефинирана и листа на идни инвестиции во далноводи кои се од стратешко значење на регионот на ЈИЕ во период до 2020 година. Листата ја составуваат претставници на сите оператори кои учествуваат во работната група со тоа што ги истакнуваат идните проекти на своите компании кои се од значење за преносната мрежа на европско ниво.

На работниот состанок  сеутврдени и индикаторите предложени од ЕНТСО-Е за проценка на проектите на преносните систем оператори. Врз основа на тие индикатори ќе се изготвува Студија за преносната мрежа на ЈИЕ  до 2020 година. На претставниците на преносните систем оператори им беа презентирани и резултатите од Студијата за пазар на електрична енергија за земјите од ЈИЕ до 2020 година. 

ЕНТСО-Е е организација во која членуваат повеќе од 40 преносни систем оператори од европски земји. А.Д. МЕПСО, како Македонски преносен систем оператор, е полноправен член на оваа организација, ја претставува Република Македонија и учествува во креирање и спроведување на политиките на организацијата на европски преносни систем оператори.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=82563063&lId=1&pmId=504
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 12-Apr-2011 at 13:23

АД МЕПСО доби кредит од Светска банка за изградба на 400 киловолтен далновод меѓу Македонија и Србија

published - 12/04/2011 12:15:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

АД МЕПСО склучи кредитен аранжман со Светска банка (Меѓународна банка за обнова и развој) со што ќе добие 14 милиони евра наменети за нови инвестиции во преносната мрежа.

Со новиот кредит целосно ќе се затвори финансиската конструкција за изградба на нов 400 киловолтен далновод ТС Штип- македонско/српска граница и за ревитализација на 110 кВ далновод ТС Скопје 1- ТС Југохром – ТС Тетово1.

Овие проекти, кои, како што истакнуваат од АД МЕПСО, се круцијални идни инвестиции за преносната мрежа, се реализираат со кредит од Светската банка и со сопствени средства. Финансиската конструкција на двата проекта изнесува над 25 милиони евра. Од тоа сопствено учество на МЕПСО е над 11 милиони евра, а кредитна поддршка од Светска банка 14 милиони евра.

Новиот 400 кВ далновод со кој се поврзуваат Република Македонија и Република Србија е најважна инвестиција на АД МЕПСО за претстојниот период. Далноводот ќе ги поврзува 400 кВ трафостаници ТС Штип и ТС Ниш. На македонска територија далноводит ќе се протега на траса долга 70 километри на која ќе бидат изградени 168 далноводни челично-решеткасти столбови. Овој далновод ќе биде директно поврзување со преносната електроенергетска мрежа на Република Србија што значајно ќе ја зголеми доверливоста во работата на електроенергетскиот систем и ќе го зголеми капацитетот на македонската преносна мрежа.

Кредитниот аранжман со Светска банка доаѓа во период кога МЕПСО привршува со сите подготвителни работи кои треба да бидат реализирани пред да почне изградбата на далноводот. АД МЕПСО и ЕМС (српскиот електропреносен систем оператор) наскоро ќе склучат договор за координација на активностите за поврзување на далноводите на граничната точка меѓу двете земји.

Со ревитализацијата, пак, на 110 кВ далновод ТС Скопје 1- ТС Југохром – ТС Тетово 1, ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија на полошкиот регион. Овој далновод чија ревитализација опфаќа 177 челично-решеткасти столбови на траса од 48,3 километри. значајно ќе го зголеми капацитетот на преносната мрежа во Полошко, а ќе ја подобри доверливоста на преносната мрежа во делот на поврзување меѓу Скопје и Тетово. Во рамки на овој проект предвидено е поврзување на трафостаниците „Скопје1“ со „Југохром“, „Теарце“ и „Тетово1“, со што ќе се сведат на минимум сите несакани ризици од испади на преносната мрежа
МИА

http://daily.mk/cluster3/d22404212ff85768ce3a6a8ea4ea27b8/682660
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 13-Apr-2011 at 11:57
Македонија и Албанија ќе градат дановод Битола - Елбасан

Скопје, 13 април 2011 (МИА) - А.Д. МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор ОСТ денеска во Охрид ќе потпишат Меморандум за разбирање за почеток на подготвителните работи - изработка на физибилити студија за изградба на нов 400 кв далновод меѓу Република Македонија и Република Албанија на коридорот Битола-Елбасан.

Првиот билатерален договор меѓу електропреносните систем-оператори на двете држави ќе го потпишат Дејан Бошковски, генерален директор на а.д.МЕПСО и Сокол Рамадани, генерален директор на ОСТ. хс/са/8:10

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=82898103&lId=1&pmId=504
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 23-May-2011 at 04:04
Битола ќе добие централно греење за 55.000 потрошувачи


За реализација на овој проект ќе бидат потребни од 35 до 40 милиони евра, а со неа ќе се обезбеди топлинска енергија за греење на потрошувачите во Битола, Новаци и Могила


Долгоочекуваниот проект за изградба на топлификациски систем за централно греење во градот Битола и во соседните општини Новаци и Могила, конечно, треба да се реализира во следните четири години. На овој начин би се обезбедила топлинска енергија за греење на околу 55.000 потрошувачи во општината Битола и тоа во колективните и станбените згради, индивидуални куќи, училишта, болници, административни згради и индустриски капацитети. За определени сегменти од проектот ќе се разгледа и моделот на јавно-приватно партнерство.
За реализација на овој проект ќе бидат потребни од 35 до 40 милиони евра, а средствата ќе ги обезбедат ЕЛЕМ, општините Битола, Новаци и Могила, но доколку има можност ќе се користат и европски фондови наменети за зголемување на енергетската ефикасност.

Се работи за интересен енергетски проект со кој преку користење на отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола и со реконструкција на топлинските системи ќе се реализира изградба на магистрален топлински вод во должина од околу 12,5 километри од РЕК Битола до градот Битола.

Според Владимир Талески, градоначалник на оштина Битола, се работи за голем проект за кој општината веќе подолго време се подготвува да го реализира бидејќи ќе донесе голем бенефит за граѓаните.
-Топлинската енергија ќе се создава со работењето на РЕК Битола, а стручњаците тоа ќе го реализираат на соодветен начин. Затоа проектот може да се реализира само со помош на ЕЛЕМ и Владата - смета Талески.

Тој појаснува дека во многу земји од соседството Србија и Грција веќе се користи пареата, што ја испуштаат термоцентралите, како топлинска. Според него, стручниот тим од општината го подготвуваат планот за овој проект, но се уште не знае за колкава финансиска конструкција се работи.

Талески потсети дека како дел од гасификацијата на Македонија и Битола како град треба да стане дел од оваа гасификациска мрежа.
Истовремено, со овој проект ќе стартува и модернизацијата на постојната примарна и секундарна топлинска мрежа, за да се овозможи дел од енергијата која се произведува во РЕК Битола да се користи за греење на домаќинствата и индустриските капацитети.

Дел од оваа топлинска енергија може да се користи и за греење на земјоделски површини и оранжериско производство во еден од најземјоделските краеви во земјава -Пелагонија.
Проектот зазема едно од централните места во Манифестот за реформи и развој за периодот од 2011 до 2015 година што го подготви ВМРО-ДПМНЕ и е наменет за развој на енергетскиот сектор во земјава.

Локалната власт смета дека со овој пороект дополнително би се отворила можност не само за нови инвестиции, туку и за вработувања, посебно во општините Могила и Новаци. http://vecer.com.mk/?ItemID=9EC216C9C288084F80E13140F7D5E760
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 23-May-2011 at 10:31
Ова е добра вест. Фала Богу да се зафатат да направат нешто што е призлезено од студија од пред неколку месеци, мислам со некои Норвежани ја правеа. Битен момент бидејќи ова е на некој начин бесплатна енергија која и онака иде буквално во воздух.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 23-May-2011 at 13:05
Originally posted by StreetStruck

Ова е добра вест. Фала Богу да се зафатат да направат нешто што е призлезено од студија од пред неколку месеци, мислам со некои Норвежани ја правеа. Битен момент бидејќи ова е на некој начин бесплатна енергија која и онака иде буквално во воздух.


Taa energija nikogash ne ni bila nema ni da bide besplatna ova e samo ponatamoshno zgolemuvanje na efikasnosta vo odnos na energijata koja se proizveduva kaj nas. Neshto shto trebalo odamna da pochne da se pravi. Kolku poefikasno se upotrebuva proizvedenata energija tolku zemjata stanuva pobogata. Inaku od taa gledna tochka nie seushte kako drzhava ne samo energetski tuku i vo odnos na drugite prirodni resursi sme ogromni rasipnici.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 23-May-2011 at 14:02
Не си ме разбрал. Реков на некој начин е бесплатна, бидејќи сега иде во атмосфера, не се искористува. Нормално дека таа енергија некако се произведува, а за тоа треба пари. Но бидејќи РЕК Битола е направен за да произведува елек. енергија, а не топлинска, баш затоа го дадов тој коментар.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 23-May-2011 at 15:20
Ова веќе го има во железара, а намалува потрошувачк на струја кога не се греат дома луѓе на струја. Двоен ефект е.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 02-Jun-2011 at 17:54
Владата и ЕВН ги затворија арбитражните случаи

Владата на Македонија и ЕВН се согласија да ги затворат арбитражните случаи во Вашингтон и Лондон, соопштуваат од ЕВН. 

Овој чекор следи по решавањето на судскиот спор меѓу ЕЛЕМ и ЕВН во Македонија минатиот месец.

Со договорот да се затвори процесот на меѓународна арбитража, може да се смета дека сите отворени прашања меѓу двете страни, Владата и ЕВН, се решени во интерес на граѓаните и корисниците и се создава конструктивна основа за понатамошна соработка. 

На крајот, оваа ситуација во која сите засегнати страни добиваат, ја има крајната цел да обезбеди најдобри услуги со најголем квалитет за граѓаните.

Оваа информација на прес конференција ја соопштија Гинтер Офнер извршен директор на “ЕВН Македонија холдинг“ и Владимир Пешевски, заменик претседател во Владата на РМ.  http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87214&kategorija=2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 13-Jul-2011 at 17:24

Во Битолско може да се гради нова термо електрана

Наоѓалиштето Живојно крај Битола со поквалитетен јаглен дури и од Суводол. Електрани на Македонија ги интензивираа испитувањата врз потенцијалниот рудник за кој се претпоставува дека има околу 11 милиони тони јаглен.

За една година ќе треба да се направат 140 бушотини на длабочина од 50 до 140 метри. По ова ќе треба да стартува со работа новиот рудник со јамска експлоатација, кој според проценките ќе треба да има руда за производство на електрична енергија во наредните 20 години.

ЕЛЕМ како еден од најголемите инвеститори во држава само за последното истражување од буџетот одвои 2,5 милиони евра.

Но дали во Живојно ќе никне нова централа ќе се знае по завршувањето на испитувањата. При што од новото наоѓалиште очекуваат да обезбедат доволно јаглен за електраната која ќе биде со моќност од 200 дo 300 мегавати.

http://www.time.mk/read/b742721c07/1652c6cdb4/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 13-Jul-2011 at 18:02

Генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“-ЕЛЕМ, Влатко Чингоски за време на денешниот престој во Битола потврди дека АД ЕЛЕМ го зголемиле производството на електрична енергија за 8 насто.

elem-500

Тој истакна дека производството на електрична енерегија во однос на енергетскиот биланс е зголемено и натфрлено за 8 отсто од планираното.

- Сите капацитети се во одлична состојба. Завршија ремонтите во РЕК Битола, во тек е модернизацијата на вториот блок што ја врши „Силовие машини“ од Русија која треба да заврши во рок од 90 денови, а во завршна фаза е ремонтот во ТЕЦ Осломеј и тие ќе бидат во функција до крајот на месецов, посочи првиот човек на АД ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.

http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/36207-AD-ELEM-so-zgolemeno-proizvodstvo-na-elektricna-energija
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 13-Jul-2011 at 18:14

Се отвора нов рудник за јаглен во Живојно


Нов рудник со јамска експлоатација и годишен капацитет од 3 милиони тони јаглен во период од 20 години, најавува ЕЛЕМ како дел од инвестицискиот циклус за зголемување на производството на домашна енергија

 

 
%20  
Отворањето на јагленовото наоѓалиште Живојно се очекува во период не подолг од 12 месеци, откако ќе завршат сите анализи потребни за изработка на главниот рударски проект.

- Со овие количества јаглен се обезбедува производство на електрична енергија од 2.000 гигават-часа годишно. Реализацијата на проектот ќе значи и нови вработувања од 500 работници - велат од ЕЛЕМ.

Наоѓалиштето се наоѓа на крајниот југоисточен дел од пелагонискиот басен, до самата граница меѓу Македонија и Грција. Во фазата на доистражување на резервите на јаглен треба да се изведат и 140 дупнатини од 50 до 140 метри, односно со вкупна должина од 15.505 метри.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71311913285&id=10&prilog=0&setIzdanie=22329
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 21-Jul-2011 at 20:17
Нов далновод во Зелениково

ЕВН Македонија започна со изградба на нов 20 киловолтен далновод во должина од 8,5 километри во општина Зелениково. Од компанијата планираат и реконструкција на 10 киловолтна трафостаница и замена на голем број дрвени 10 киловолтни столбови со бетонски. Со новиот далновод ќе се поврзат 35 киловолтната трафостаница „Драчево 2“ со Зелениково со што ќе се растовари 35 киловолтната трафостаница „Петровец“. Вкупната вредност на инвестицијата на ЕВН изнесува 18.500.000 денари односно околу 300.000 евра. Со реализацијата на проектот ќе се подобри напојувањето со електрична енергија во селата Зелениково, Орешани, Ново Село, Дејковец, Тисовица, Градовци, Гумалево, Добрино, Пакошево, Страхојадица и Смесница.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=8718
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 26-Jul-2011 at 10:46
vesta e od pred nekolku dena

четврток, 21 јули 2011, 16:15

Колку струја трошиме?

Колку%20струја%20трошиме?
Свето Николовски
Растечкото индустриско производство и високите летни температури го направија своето. За едно деноноќие земјава во просек троши околу 20 000 мегаватчасови струја.

Најмногу енергија влече Фени, околу 100 мегавати, а потоа Југохром Фероалоис, меѓу 60  и 70. Не се покусо ниту граѓаните. Во периодот на ефтина струја, од 13 до 16 часот, потрошувачката се зголемува дури за 150 мегавати, интервенираат и хидроцентралите, затоа што домаќинствата вклучуваат поголем број потрошувачи, а бројот на клима уреди постојано се зголемува.

“Индустријата и населението во првата половина на 2011 потрошиле за 9,7% повеќе електрична енергија во однос на истиот период лани“, вели Никола Стојанов портпарол на МЕПСО.

Зголемената потрошувачка, во најголем дел се должи на активирањето и зголеменото производство кај директните потрошувачи, особено во металургијата. Податоците од диспечерскиот извештај на МЕПСО покажуваат дека убедливо најголемо зголемување на потрошувачката на струја има “Југохром фероалоис“ за дури 723 %.

Зголемување на производството бележи и Макстил, но и другите производители кои што функционираа  во кругот на некогашна Железарница и тоа за скоро 76%. Добрите берзански цени овозможуваа  добро да работи и топилницата за фероникел  ФЕНИ од Кавадарци. Таа ја зголеми потрошувачката на струја за над 27% додека растот во градежниот сектор и овозможи на цементарница ТИТАН да забележа пораст на конзумот од 13%. Незначително е зголемена  и потрошувачката во дистрибутивниот дел за 7,6% во однос на лани.

Кај производството на електрична енергија термоцентралите во Битола и во Осломеј функционирале одлично, натфрлувањето се движи меѓу 13 кај првиот блок на РЕК и 34% забележани кај вториот, односно во просек продукцијата на струја е повисока во однос на лани за точно една четвртина. Хидроцентралите на ЕЛЕМ работеле според предвиденото со енергетскиот биланс, а натфрлањето изнесува скромни 5% .


http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/20886/kolku_struja_troshime_.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 28-Jul-2011 at 14:19

ЕВН Македонија соопштува дека Пехчево и околните места добија нов 35 киловолтен кабелски вод „Берово – Пехчево“ кој значително ќе го подобри снабдувањето со електрична енергија во овој регион.

slika4evnnn-240
Станува збор за инвестиција вредна 450.000 евра. Кабелскиот вод е долг околу девет километри, а пуштањето под напон се очекува за десетина дена, по завршување на сите неопходни технички контроли на проектот.

Според компанијата, подземниот вод ќе ја зголеми сигурноста на мрежата и ќе го намали бројот на прекините во испораката кои многу често беа условени од невреме и атмосферски празнења.

http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/37651-EVN-investirase-450000-evra-vo-pehcevsko
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 29-Jul-2011 at 09:47
Енергетика во метрополата



Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 29-Jul-2011 at 11:42

МЕПСО ќе вложи 82,5 милиони евра во 18 проекти до 2020 година

29.07.2011 | Автор: Сител
МЕПСО%20ќе%20вложи%2082,5%20милиони%20евра%20во%2018%20проекти%20до%202020%20година

Македонскиот електропреносен систем оператор МЕПСО а.д.  до 2020 година планира инвестиции во 18 проекти со вкупна вредност од 82,5 милиони евра до 2020 година.



Со нив се планира изградба на три далноводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија, Косово и со Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на постоечката мрежа во источна и во централна Македонија, како и во полошкиот регион.
Таквите планови се содржани во денеска презентираната Студија за развој на МЕПСО, инвестициско-оперативен план со конкретни рокови и суми изработен за потребите за пренос на потрошувачите и на производителите на електрична енергија  во наредните десет години.

- Станува збор за нови и постоечки проекти за изградба на нови постројки или ревитализација на постоечките капацитети со цел да го зголемиме преносниот капацитет на нашата мрежа и да ја подобруваме во исто  време доверливоста  во системот, изјави портпаролот на МЕПСО Никола Стојанов.

Според него, студијата е  изработена врз основа на  регионален пристап со повеќе сценарија и модели согласно меѓународната практика и европските правила.  - Изнесени се многу важни заклучоци за тоа како треба да ја развиваме нашата преносна мрежа  за да излеземе во  пресрет од една страна на новите производители на  електрична енергија, а од друга страна на предвидениот растечки конзум за електрична енергија, без разлика дали се работи на ниво на тарифни потрошувачи или на нови и постоечки  директни корисници, односно индустриски капацитети, рече Стојанов.

Од интерконекциите кон соседните системи, согласно Студијата, веќе се во подготовка активностите за изградба на 400 киловололтниот далновод Штип-Ниш. Инвестицијата на Македонија од Штип до границата со Србија е 19,2 милиони евра. Тој треба да профункционира во 2013 година, со што ќе се заврши делот од Коридорот 10 на македонска страна.  Според Стојанов, веќе е е обезбедена  финансиската рамка  и во тек е постапка  за експропријација, по што се очекува да биде распишан тендер за избор на најповолен изведувач.

Како исклучително важна интерконекција од МЕПСО го посочуваат и 400 киловолтниот далновод Битола - Елбасан, инвестиција која од Битола до  македонска граница ќе не чини 23,4 милиони евра. Од МЕПСО велат дека наскоро ќе  почне изработка на студија за негова одржливост со која ќе аплицираат кај кредиторите. Треба да  биде пуштен во погон до 2015 година.
- Како дел од Коридорот 8 тој е прво интерконективно поврзување  меѓу Македонија и Албанија, а со албанското поврзување  со Италија, се очекува нашата држава да  стане енергетски јазол, истакна на презентацијата Александар Пауновски, учесник во изработката на студијата.

Поврзувањето со косовскиот систем исто така ќе биде со 400 киловолтен далновод Скопје - Ново Косово, со инвестиција од 6,5 милиони евра и почеток со работа во 2020.

Проектите што се предвидени со студијата за развој ќе се финансираат 30 проценти од МЕПСО, а останатите од кредиторите Светска банка, Европска банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

Студијата за развој, за која како подлога е користена Енергетската стратегија на МАНУ, е изработена во соработка со Енергетскиот институт „Хрвоје Пожар“ од Загреб и Техничкиот факултет во Битола.

Таа е дел од 10-годишниот план за развој на преносната мрежа на Европа, прифатен од Европската асоцијација на преносни систем оператори ЕНТСО-Е.

http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/23795-%D0%BC%D0%B5%D0%BF%D1%81%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B2%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B8-82,5-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-18-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8-%D0%B4%D0%BE-2020-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0.html
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 29-Jul-2011 at 12:14
Ех бре што се брзи во објавување на новостите .
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.578 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.