![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 54> |
Author | |
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Што е многу многу е до 2020 година, можеби таа година би била прифатлива ако е изграден цел коридор, ама според мене би направиле голема грешка ако во западниот дел од овој коридор не пуштат крак до Охрид (според мапите што ги видов не е предвидена пруга) сепак се работи за најголемото туристичко место во Македонија и би било срамота да не е железнички поврзан...
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Ја погоди темата што ќе ја имаме на порталот. Инаку нема потреба од многу мудрувања, доволно е секој форумаш да се наврати на почетокот од нишкава и да согледа колку пати најавувањата не се оствариле. Постојано живееме во најави, а кога ќе почне изградбата на пругата кон Бугарија веројатно тоа ќе го прославиме со поставување на ново спомен обележје или огномет како да сме испратиле екипаж во вселената. Ах, приоритети, приоритети! |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Токму и тоа е причината зошто инвестициите на државата во патната инфраструктура не смеат никогаш да запрат! Апсолутно никогаш, дури и во случај се да е изградено мора континуирано да се одржува.
Давање на рок од една декада е многу сериозна работа, не делува воопшто привлечно дури и да е тој рок неопходен и реален. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ЕБОР бара консултанти за „МЖ - Инфраструктура“ – за жал, само од Италија
Сподели со твоите пријатели! Проектот за енергетска ефикасност во управување со ресурсите е финансиран од италијански фонд и затоа се примаат понуди само од италијански консултантски фирми. Буџетот кој стои на располагање изнесува 175 илјади евра. ![]() Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави тендер за консултантски услуги во име на „Македонски железници – Инфраструктура“, а кој се однесува на извршување на подготвителни активности за воспоставување и имплементација на Информатички систем за управување со енергетските ресурси (EMIS). Овој систем ќе биде стратешка алатка која ќе го поддржува организациското реструктуирање на „МЖ – Инфраструктура“ и нејзините севкупни напори за подобрување на перформансите во употребата на ресурси и еколошкиот менаџмент. Задачата на консултантите е да и помогнат на „МЖ – Инфраструктура“ да го имплементира ова во активностите на компанијата и да спроведе асистенција при неопходното градење на капацитетите за да се обезбеди успешна имплементација. Консултантот ќе треба да го дефинира опфатот на EMIS преку пристап по принципот „чекор по чекор“, да подготви временски распоред со рокови за воведување на EMIS, како и да ги утврди потребите во однос на човековите ресурси и институционалните капацитети, да подготви тендерска документација за набавка на EMIS и да ги прегледа договорите во однос на снабдувањето со електрична енергија, да даде препораки за идните договорни стратегии, како и да ја поддржува компанијата во текот на имплементацијата. Работата на консултантите би требало да започне во септември годинава и да трае 19 недели. Буџетот кој стои на располагање за овој договор е 175 илјади евра без ДДВ. Тој ќе биде финансиран од италијанскиот Фонд за централно-европската иницијатива и со оглед на тоа, конкурсот ќе биде ограничен само на консултантски фирми регистрирани во Италија. Овој проект е во рамките на поголем проект, вреден 50,5 милиони евра, кој вклучува доделување на кредит за рехабилитација на железничката линија од Куманово до Бељаковце, во износ од 46,4 милиони евра, за што ЕБОР се уште нема донесено конечно решение. ЕБОР претходно одлучи и да додели кредит од 50 милиони евра на „МЖ-Транспорт“ за купување на патнички возови, товарни вагони и обнова на локомотиви. В.П. http://www.libertas.mk/vest/32391/EBOR-bara-konsultanti-za-MZh---Infrastruktura--za-zhal-samo-od-Italija |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Штом го слушнам зборот „консултанти“ веднаш коса на глава ми се крева! Би сакал да знам колку финансиски средства се потрошени на овој вид услуги, барем во последнава деценија конкретно во секторот железница.
|
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Распишан повик за консултант за делницата Куманово- Белјаковце од пругата до Бугарија -
8.8.2012
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави повик за изразување интерес за обезбедување консултантски услуги за изградба на делницата Белјаковце – Крива Паланка, дел од железничкиот Коридор 8. Тоа е втората секција на пругата што треба да ја поврзе Македонија со Бугарија. За првиот дел од Куманово до Белјаковце веќе се изготвуваат проекти, а со изборот на консултантот почнуваат постапките и за втората секција. Двете секции се во должина приближно 65 километри. Портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган Симоновски денеска на прес-конференција појасни дека со распишаниот повик од ЕБОР се очекува да биде обезбеден искусен меѓународен консултант за поддршка на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура во подготовката на детално проектирање и тендерска документација за проектот. Консултантот треба да обезбеди проектирање за дванаесет нови мостови и четири нови тунели, изградбата на 33 километри од главната пруга и 7,5 километри станична пруга. Ќе треба да го провери статусот и да подготви ажуриран дизајн за дополнителни 25 мостови и 10 постојни, односно делумно изградени тунели. На потегот од железничкиот коридор 8 за којшто се избира консултант има изведени градежни работи и застарена инфаструктура. За стопираниот проект договорите што биле склучени порано се раскинати. Тоа, појасни Симоновски, е еден од критериумите односно барањата на финансиски институции за поддршка на овој проект и сега се изготвуваат студии кои се неопходни за почнување на градежните работи. Студиите ќе покажат каква ќе биде трасата, односно каде ќе поминува самата пруга, како ќе се реконструираат мостовите и каде ќе се градат нови мостови и тунели, укажа портпаролот на Министерството за транспорт и врски. Јавниот повик за избор на консултантот е отворен до 7 следниот месец, а активностите би почнале во февруари следната година и треба да траат две години. Според првично утврдената динамика, изградбата на делницата треба да започне во 2015 година и да заврши во рок од 5 години. За ангажирање консултанти за изработка на основните проекти и тендерската документација за втората делница од Бељаковце до Крива Паланка се предвидени 2,7 милиони евра, дел од грантот што го обезбеди македонската Влада преку финансискиот инструмент Western Balkan Investment Framework. Првичните проценки на институциите се дека изградбата на секцијата Белјаковце - Крива Паланка би чинела 145 милиони евра. За тој проект ЕБОР предвидува 50,5 милиони евра, а се очекува да биде кофинансиран и од Европската инвестициска банка. - Оваа инвестицијa претставува чекор напред во изградбата на современа железничка мрежа на територијата на Македонија, особено долж меѓународниот Коридор 8 кој долги години останал неизграден. Со самата реализација на проектот ќе се овозможат повеќекратни бенефиции, кои пред се се однесуваат на економскиот развој, нови инвестиции ивработувања и попрофитабилно работење во делот на железницата, рече портпаролот на Министерството за транспорт и врски.http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3889 Значи според ова делницата од Белјаковце до Крива Паланка треба да биде завршена до 2020 година, а после допрва треба да се гради најтешката 3 делница до Деве Баир која сигурен сум дека ќе одземе баајги време така да едно минимум 10 години не гледаме пруга до Бугарија, а ако го земеме и западниот дел кон Албанија што којзнае кога ќе почне да се гради на овој коридор сигурно ќе му треба 15 години додека се изгради ![]() ![]() |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Не знам зашто секое јавно претпријатие и министерство не искочи со посебна прес конференција како секое од нив ќе има бенефит од пругава. Наместо да се занимаваат со конкретни работи, овде ни се пере мозок веќе 5 пути у еден месец за иста прича, као ние да не знаевме дека треба прво да се најде консултант, или они секој месец ќе не потсетуваат затоа што реално на терен нема никакви инфраструктурни зафати.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
polval ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Feb-2009 Online Status: Offline Posts: 177 |
![]() ![]() |
Штом пругата за Бугарија е почната да се гради тоа значи дека проект веќе има и нема потреба од додатни проекти и консултанти. Она што треба е обезбедување пари и работа на терен а не тупење за некакви нови консултанти кои патем ќе имаат цена колку за две пруги до Бугарија.
|
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Македонија доби 46,4 милиони евра од ЕБОРСкопје, 21 август 2012 (МИА) – Македонија и официјално доби 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој со коишто од почетокот на следната година ќе почне изградба на делницата Куманово – Бељаковце од пругата што треба да не поврзе со Бугарија.
http://www.idividi.com.mk/vesti/biznis/792259/index.html |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Една иста вест ја проџвакуваме по стотина пати во најразлични верзии, за овие средства летово се зборуваше барем три пати и повторно се прават прес-конференции. Мене лично не ми се допаѓа. Има огромен број проекти за железницата, но ниту еден пообемен да започне со реализација на терен.
|
|
![]() |
|
pavche ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 431 |
![]() ![]() |
Ако почнат со Бељаковце - Крива Паланка во 2015-16... да очекуваме да се заврши работата наj рано 2020 , така ? |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ако проектот е финансиран од ЕБОР,роковите ќе бидат запазени,ама по нивни терк.а ако им го дадат само парите на нашите,тогаш проектот ќе се реализира кога нашите ќе мислат дека треба.ова го кажувам од искуство од Кичево ,каде се реализира проект финансиран од Светска банка,па знам низ што све помина нашара администрација додека се одобрија парите
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Испаѓа нешто вака.... иако не ја знам точната рута на Бељаковце - КП - Граница... Црвено.... делот за кој е сега земен кредит... Сино... тоа што останува.... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Ne mora ic da mislis, na prethodnata stranica gi ima site povazni zaklucoci od izrabotenata studija, megju koi i idejnata trasa do granicata.
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
Block ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 18-Dec-2011 Location: Карпошово Online Status: Offline Posts: 377 |
![]() ![]() |
Нема ништо да биде
до 2020 ќе се сменат 20 власти така да незнам што се замарате |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
През октомври завършват работния проект на жп линията Куманово – Беляковци в МакедонияИзпълнители са консорциум от ILF, Австрия, ADT, Гърция, и "Евротранспроект", БългарияЗавършиха геодозическите проучвания, част от
проект за техническа помощ на жп трасето Куманово – Беляковци с дължина
близо 32 км. До края на октомври ще бъде завършен работният проект.
Изпълнители са консорциум от ILF - Австрия, ADT - Гърция, и
"Евротранспроект" - България. Подизпълнител е "Балкан кънсалтинг" -
Македония.
Проектът e с наименование "Македонски железници, коридор VІІІ , източен участък, работен проект и техническа помощ за жп участъка Куманово – Беляковци". Обектът включва реконструкция на няколко гари: Куманово, Куманово–нова, гара Шупли камен и гара Беляковци. Участъкът се намира на около 60 км (измерено от Беляковци) от българско-македонската граница при Деве баир. Линията е единична, ще бъда електрифицирана. Тя е строена пред повече от 60 години и отдавна не е в експлоатация - липсват релси и траверси. На първите 20 км е имало релси, които с течение на времето са демонтирани и изнесени, разказват от "Евротранспроект". В последните 10 км няма нито релси, нито траверси. Предвижда се ново горно строене тип 60 за скорост 100 км в час. Има няколко моста, които ще са рехабилитирани. Всички прелези ще бъдат заменени с надлези и подлези, за да няма конфликтни точки (в България прелезите се премахват при скорост на влаковете над 130 км в час ). Договорът с македонските железници е подписан в края на март 2012 г. Срокът за изпълнение е 1 година и следва да бъда завършен през март 2013 г. http://stroitelstvo.info/show.php?storyid=1907377 ИЗВАДОЦИ И АКЦЕНТИ ОД СТАТИЈАТА: Проектот вклучува: -реконструкција или изградба на 4 станици: Куманово, Куманово-нова, Шупли камен и Бељаковце. -единечна и електрифицирана линија за 100 километри на час -состојбата н а трасата била очајна, при што на последните 10 км нема ниту прагови, ниту шини -ќе бидат реконструирани целосно неколку моста -многу важно: линијата ќе биде безконфликтна, односно на сите премини ќе се изградат подпатници или надпатници! |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
Ханџиски во Ќустендил: Очекуваме голема поддршка од Бугарија за Коридорот 8
http://www.mkd.mk/60961/ekonomija/handiski-vo-kustendil-ocekuvame-golema-poddrska-od-bugarija/ Македонскиот амбасадор во Бугарија, Благој Ханџиски изјави дека се очекува голема поддршка од Бугарија за довршување на железничкиот Коридор 8, бидејќи проектот е во интерес на граѓаните од двете земји. Ханџиски на прес конференција во Ќустендил додаде дека Македонија обезбедила средства за првиот дел од железничката линија Скопје-Софија, како и дека се во тек преговори со европските институции за неколку стотици милиони евра за изградба на последната, најтешка делница од трасата до Ѓуешево. „Овде очекуваме голема поддршка од нашите соседи, бидејќи Бугарија како членка на ЕУ има поголеми можности за влијание од нашата земја која е кандидат“, вели Ханџиски. |
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Четврток, 27 Септември 2012 19:07
Ќе се фокусираме на реконструкција на постоечката железница што води од север кон југ, која не е реконструирана 50 години. Во тој правец, во соработка со Европската банка за обнова и развој во текот на следниот месец ќе почнеме темелна и целосна реконструкција на 54 километри пруга, во износ од 17 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски на седницата во Собранието посветена на пратенички прашања.Тој изрази надеж дека следната година ипол оваа реконструкција ќе биде завршена и оти ќе се овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење на возовите. - Имаме и активности за подготовка за почнување на градба на железницата кон Бугарија. Веќе начелно имаме согласност од ЕБРД дека ќе го поддржи овој проект. Тие веќе ни дадоа одредени грантови за изработка на физибилити студии, проекти и слично. Договорот е таков што ќе се изгради во три фази, тргнувајќи од 2013 до 2019 година, рече Груевски. Тој информира дека првата фаза е Куманово - Бељаковце и за неа се очекува да се склучи договорот со градежната фирма која ќе ја гради оваа пруга. Почетокот на градбата би бил на пролет во 2013 година. - Тука во минатото имало одредени градби, меѓутоа има дел и се целосно уништени од забот на времето. Трошоците се како од поново да се гради. Само за таа фаза ќе се инвестираат 46 милини евра. За втората делница, Бељаковце до Крива Паланка, во моментов се инвестираат околу 2,7 милиони евра за изработка на основни проекти бидејќи не постојат и осбено нема такви проекти кои се прифатливи за меѓународните банки, рече Груевски. За третата фаза Крива Паланка - граница, како што рече, планираме до крајот на оваа година да се обезбедат дополнителни 2 милиони евра за проектирање и додаде оти целиот проект треба да се одвива од пролетта 2013 до 2019 година. - Започнавме активности преку ИПА фондовите што ги обезбедува ЕУ за проектурање, а подоцна и градба на железничка пруга меѓу Кичево - Струга - Охрид - албанска граница и поврзување со Албанија. Тие имаат своја одредена динамика, која како што ќе се движи, така и овој проект ќе има прогрес, рече Груевски. kurir.mk/makedonija/vesti/86186-Ke-se-rekonstruira-postojnata-i-ke-se-gradi-nova-zeleznicka-infrastruktura Најпрво требаше да почнат со работа во јуни, па после рекоа средината на септември сега следниот месец па ќе речат негде догодина ова време цццццц |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Куманово - Бељаковце е постоечка пруга.Нелогично е да градат нешто веќе изградено. Веројатно освежување, реконструкција ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |