![]() |
![]() |
![]() |
Гаражни објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 36> |
Author | |
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
Море ако е како таа во Солун тогаш сме напреднале
![]() http://www.youtube.com/watch?v=ptzhRDghwSs Edited by vladegf - 02-Aug-2011 at 23:44 |
|
![]() |
|
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Малку места.
|
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
![]() |
|
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
dobro ili sum jas slep, ili mi se cini deka renderot i skicata nemaat vrska eden so drug. Inaku skicata mi izgleda mnogu cudna, da ne recam nekakov cuden miks od staro-novi stilovi, a krovot izgleda kako na nekoj prosecen stanben objekt.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() |
|
WNBARCH ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 15-Apr-2011 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
Незнаев каде да го ставам огласов....Оглас од ЕСЈН за изградба на нова катна гаража спроти Нова Македонија.Критериум за доделување- најниска цена Број на оглас: 28/2011 ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган I.1.1) Назив на договорниот орган: Општина Центар I.1.2) Адреса: Михаил Чоков бб I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000 I.1.4) Интернет адреса: www.opstinacentar.gov.mk I.1.5) Лице за контакт: Ненад Крстевски Адреса на е-пошта: javninabavki@opstinacentar.gov.mk Телефон/Факс: 3203645/3211 089 I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адреса I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА II.1) Предмет на договорот за јавна набавка: Изградба на катна гаража на ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бб (Нип Нова Македонија) II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Работи - Изведување Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Општина Центар III.3) Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Подвиг - темелење под рефлектори Оперативата на „Гранит“ ја поставуваше темелната плоча на катната гаража цели 36 часа без прекин во работењето Несекојдневен подвиг направи оперативата на „Гранит“ деновиве кога
цели 36 часа без прекин работеше на бетонирање на темелната плоча на
катната гаража „Цветен пазар“. Минатиот петок почнувајќи од 18 часот, па
се' до 9 часот во неделата, повеќе градежни работници неуморно работеа и
на 40 степени и под рефлектори, се' со цел во еден здив да ја
избетонираат плочата со дебелина од 1,2 метри. Во темелот на катната
гаража се вградени 3.360 кубни метри бетон и над 400 тони железо. |
|
![]() |
|
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
Баш ме чуди што „утрински“ почна да се бави со вакви податоци...не сум сигурен дали се работи за воопшто најдолгото изведување на континуирано бетонирање и дали воопшто вреди да се потенцира овој податок (може некој има некаква информација?) или и ова е уште еден непотребно подметнат маркетиншки текст во некој вакуум од актуелни интересни случувања!?
|
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Конкурсниот труд на SCARS Studio за катната гаража кај Беко.
01. ![]() 02. ![]() 03. ![]() 04. ![]() 05. ![]() 06. ![]() 07. ![]() 08. ![]() 09. ![]() 10. ![]() 11. ![]() 12. ![]() 13. ![]() 14. ![]() Извинете за хоризонталниот скролер. Edited by lslcrew - 29-Aug-2011 at 02:37 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Конкурсниот труд на SCARS STUDIO за катната гаража кај поранешен Цветен Пазар.
01. ![]() 02. ![]() 03. ![]() 04. ![]() 05. ![]() 06. ![]() 07. ![]() 08. ![]() 09. ![]() 10. ![]() 11. ![]() 12. ![]() 13. ![]() Извинете за хоризонталниот скролер. |
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Интересно и фино ако вака бидат изведени фасадите. Инаку нешто што многу ме радува што во проектот за катанта кај цветен во предвид е земен јужен булевар во денивелирана форма.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Ова не се одбраните решенија. Поназад во нишкава има постирано како ќе изгледаат двете гаражи. |
|
![]() |
|
ArChJaZz ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 18-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Добри се проективе за гараживе (барем мене лично ми се допаѓаат),,,,,сакам да го искоментирам проектот за гаражата со кружна рампа во средина....тоа е технички пропус,,бидејки научно е докажано дека ако се качувате по рампа со возило и притоа кружите 2.5 кругови т.е. 900 степени, а притоа рампата е со мал радиус на вртење,,,многу е голема веројатноста дека ќе се удрите во заштитниот ѕид....затоа се воведува дисконтинуитет на секој втор кат.....
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Уште три атрактивни локации за државни катни гаражиСоња ЈовановаВладата и официјално му даде под траен закуп државно земјиште на Јавното станбено претпријатие за да гради катни гаражи. Станува збор за локацијата каj Холидеј ин, меѓу МЕПСО и Македонскa поштa, како и кај Меморијалниот центар на жртвите од холокаустот. За две до три години на овие локации ќе никнат катни гаражи кои ќе понудат паркинг-простор, со што би требало да се намали сообраќајниот метеж во централното градско подрачје Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе гради уште три нови катни гаражи во централното подрачје на Скопје. Освен изградбата на катната гаража меѓу МЕПСО и Македонска пошта, за која месецов беше поставен камен-темелник, претпријатието ќе гради и катна гаража наспроти Холидеј Ин, на просторот до Работнички универзитет и уште една на булеварот Гоце Делчев, веднаш до Меморијалниот центар на жртвите од холокаустот. Трите катни гаражи ќе се градат на државно градежно земјиште, кое од пред два дена и официјално преку објава во Службен весник е дадено под траен закуп на станбеното претпријатие. За овие локации претпријатието преговарало со Министерството за транспорт цела година, барајќи да ги добие без откуп и без јавни лицитации. Директорот Цветко Грозданов најавува дека освен деветкатната автоматизирана катна гаража кај МЕПСО, набрзо ќе бидат поставени камен-темелници и за останатите две катни гаражи. “Катните гаражи се градат во центар со цел да се намали сообраќајниот метеж и да се реши проблемот со паркинг-просторот. Бидејќи општина Центар не успеа да го добие државното земјиште во свое владение, што требаше да се случи заедно со другите општини од први јули, ние побаравме да стопанисуваме со него трајно“, објаснува Грозданов. Според урбанистичкиот план, катната гаража до хотелот Холидеј ин ќе биде најмала но и најмодерна, затоа што ќе нудела т.н. машинско паркирање или паркирање со помош на подвижни ленти и компјутери, додека катната гаража која ќе се гради во близина на Музејот на холокаустот ќе биде висока 29 метри и ќе понуди 450 паркинг-места за возила. Освен трите катни гаражи - проекти на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор - годинава почна изградба на уште пет други гаражи во централното градско подрачје, со што треба да се добијат околу 3.000 нови паркинг-места. Две од нив веќе ги гради град Скопје и тоа кај полициската станица Беко и кај Цветен пазар, додека останатите две се инвестиција на општината Центар, а се наоѓаат во близина на Судската палата и кај поранешна Нова Македонија, со околу 800 паркинг-места во двете гаражи. Само катната гаража кај Судска палата ќе има 500 паркинг-места, а нејзината изградба чини пет милиони евра. Градоначалникот на општина Центар половина од парите ги обезбеди како банкарски кредит, додека останатиот дел се очекува да биде финансиран од продажбата на деловниот простор. И градоначалникот на Скопје се задолжи за да ја почне изградбата на катните гаражи кај Цветен пазар и кај полициската станица Беко. За да добие 8,5 милиони евра кредит од банките, колку што чини инвестицијата, тој мораше да го стави под хипотека паркинг-просторот во двете катни гаражи, но не и деловните простории, од чија продажба во иднина ќе го враќа кредитот.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Многу ме бендисуваат проективе од СКАРС, особено првата за на Даме Груев. Е сега, кој им е крив кога не ставиле купола.
![]() Потенцијал се гледа дека има, уште да има кој да го препознае. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
новите обЈекти ЌЕ ГО УБЛАЖАТ, но нема да го решат ПРОБЛЕМОТ СО ПАРКИРАЊЕТО Во катните гаражи 3.500 нови паркинг-места Седумте катни гаражи што ги градат три институции, за вкупно 35 милиони евра, ќе го ублажат проблемот со паркирањето во Скопје, но нема да го решат затоа што потребата од паркинзи постојано се зголемува Со седум нови катни гаражи во центарот на Скопје до крајот на 2013
година ќе се создадат 3.500 нови паркинг-места. Тие ниту од далеку не се
доволни за да ги намират потребите за паркирање, но доколку граѓаните
редовно ги користат, можат значително да го намалат притисокот врз
тротоарите, коловозите и зелените површини. Овие седум катни гаражи се
во општествена сопственост, ќе чинат вкупно 35 милиони евра, а ќе ги
градат Општина Центар, Градот Скопје и АД за изградба и за стопанисување
станбен и деловен простор, односно поранешното државно станбено
претпријатие. До 2020 на центарот на Скопје ќе му бидат потребни 31.000 паркинг-места Според анализите на актуелниот Генерален урбанистички план за Скопје
од 2002 година, само во центарот на градот недостигаат над 15.000
паркинг-места, а регистрирани се околу 5.000. Иако од 2002 година наваму
бројот на нови паркинзи во центарот се зголемува, градот е далеку од
оптимална состојба. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Капиштец се' уште го чека монтажниот паркинг Општинарите од Центар велат дека наскоро ќе почнат со теренска реализација на проектот Ни по изминати две години од најавите во Капиштец се' уште не е
изграден монтажниот паркинг, проект кој градоначалникот Владимир
Тодоровиќ им го вети на граѓаните како еден од приоритетните за
реализација. На просторот по должина на улицата „Народен фронт“, до
кафулето „Интермецо“, каде што е предвиден паркингот и натаму има голем
метеж од паркирани возила. Освен на постојниот паркинг, неретко од
паркирани автомобили е блокирана и улицата. Од тие причини, велат
станарите од околните згради, едвај чекаат општинарите да ги реализираат
ветувањата. Убедени се дека наменскиот објект во голема мера ќе го
ублажи недостигот од паркинг-места во реонот, како што неодамна се
надминаа проблемите во дел од Ново Лисиче, каде што се изгради првиот
објект од ваков тип во градов. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
За поцинкуваната монтажна конструкција – 2,6 милиони евраСе оградува просторот за монтажниот паркинг во КапиштецЕкипите на „ДФТ Масон инженеринг“, фирмата која на којзнае кој по ред тендер, ја доби работата околу поставувањето на монтажниот паркинг во скопската населба Капиштец, почнаа со оградување на градилиштето долж улицата Народен фронт. Монтажниот паркинг, како што соопштуваат од општина Центар, ќе се протега од почетокот на улицата Народен фронт, кај АМСМ, до кафулето „Интермецо”. Сега, во рок од 120 дена, треба да се монтира паркингот на постојното паркиралиште од броевите 17 (пред Охридска банка) до 27 на оваа улица, или 2.500 квадратни метри, како прва фаза од проектот. Целиот паркинг, пак, ќе зафаќа површина од 8.000 квадрати, а општина Центар за неговата изведба ќе потроши 2,6 милиони евра. И, додека полека теренот се заградува, жителите на Капиштец се и повеќе од револтирани, зашто наскоро станарите на зградите од број 17 до број 27 ќе нема каде да ги паркираат автомобилите. „Три години градоначалникот Тодоровиќ зборува за овој паркинг. Така и не примами да дадеме глас за него на локалните избори. Ова беше негов предизборен адут. Распишуваше неколку несупешни тендери, лани ова време, го асфалтираа постојното паркиралиште, а сега го оградуваат просторот. Никој не не праша дали сакаме ваков паркинг, ниту, пак, сега, кога ќе се прави паркингот, некој не информира каде ќе ги паркираме возилата. Нема ни простор по тротоарите. Веројатно, градоначалникот смета на својата катна гаража „Зебра“, па ќе ќари на нашата мака“, револтирано вели Деса Велкова од Капиштец. Монтажниот паркинг, според проектот на општината, треба да обезбеди околу 720 паркинг места, распоредени по околу 360 на приземјето и на првата платформа. Во текот на вчерашниот ден не добивме одговор од надлежните во општината Центар, кога точно ќе почнат градежните работи, ниту како замислуваат во предвидениот рок од три месеци за изведување на градежните работи, да се организира паркирањето во овој дел од градот. Општинскиот гласноговорник по којзнае кој пат објасни дека структурата на конструкцијата на паркингот ќе биде од поцинкувани, префабрикувани и модуларни елементи, кои ќе може лесно и брзо да се монтираат и демонтираат. По монтажата на првата фаза, надлежните планираат просторот околу паркингот да се зазелени, хортикултурно да се уреди, како и да се постави урбана опрема. Основната цел за поставување на монтажниот паркинг е решавање на проблемот со паркирањето во густо населената населба Капиштец, односно жителите да имаат гарантирано место за оставање на своите автомобили во секое време од денот, информираат од општината. „Општина Центар нема да профитира од монтажниот паркинг, затоа што цената за користење на паркингот би била симболична“, изјави портпаролот Јовица Ацковски. Иако со паркиралиштето ќе стопанисува општинското јавно претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, надлежните не откриваат колку симболчна ќе биде висината на цената на билетот за користење на паркингот, ниту дали паркирањето ќе се наплаќа од час или ден, неделно или месечно. Монтажниот паркинг беше еден од главните предизборни адути на градоначалникот Владимир Тодоровиќ. На предизборните плакати за локалните избори од 2009, спред фотомонтажата, монтажниот паркинг беше претставен како се протега над постојното паркиралиште од почетокот на улицата Народен фронт до крстосницата со Рузвелтова. Поради неколкуте кафулиња и ресторани, меѓу кои е и култната „Воденица“, што се направија на местото на железничките трошни куќи пред 10 години, должината на монтажниот паркинг е намалена. Досега, за монтажното паркиралиште во Капиштец се организираа неколку неуспешни тендери, а фирмата „ДФТ Масон инженеринг“, која на претходнииот тендер поднела жалба, овој пат ја доби работата вредна 2,6 милиони евра. Иако општина Центар прва најави дека ќе прави монтажен паркинг, надлежните од Аеродром ги претркаа и минатата година во населбата Ново Лисиче направија ваков објект, кој жителите го користат бесплатно. Надлежните од општина Аеродром имаа во план да прават ваков паркинг и пред зелените кули во населбата Јане Сандански, но тамошните жители се спротивставија на идејата, недавајќи да им се уништи зеленилото пред зградите. http://www.time.mk/read/710762726c/11e52e9f4a/index.html |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Од каде најдоа и во ова заговор дека додека се гради гаражата градоначалникот сметал на приватната гаража. Баш напротив, доблест е од позиција на градоначалник да гради катна гаража додека е и сопственик на катна. Не толку за да го бранам градоначалникот туку зашто нема логика во тезите.
Инаку гаражава во долниот дел може да биде нешто како зонското за околните жители кои ќе имаат де факто гаражирано место и доле да биде за возила кои се вадат/паркираат еднаш двапати во ден како на жителите, а горе некоја поголема проточност за тие што се тука по околните трговскиот, деловни и слични потреби. Уште една друга работа која ми остана нејасна и тука во во Аеродром. Зашто не го прошират паркингот за пола во ширина и наместо коридорот да служи за еден ред паркинг места ќе служи за два. Така ќе се добие дупли капацитет, а за помало проширување на паркингот. И во Аеродорм и тука има простор. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Тече процедурата за реализација на
проектите за изградба на неколку катни гаражи и подземниот паркинг во
Охрид, за решавање на проблемот со недостаткот на паркинг простор во
најголемиот туристички центар во државава, уверуваат надлежните во
локалната самоуправа.
Се може да се направи, не е никаков проблем да се направи тој паркинг, тоа чини пари. Се си има своја цена.
Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам во локалната самоуправа.
Во завршна фаза се измените на ДУП за дел од стариот град северно од Горна Порта, каде под сегашниот паркинг се планира во стар традиционален стил по насоките за заштита на УНЕСКО, да се изгради каскадна гаража за возилата во стариот град. Најголемо внимание привлекува идеата за изградба на подземен паркинг под централниот плоштад од Летница кај чаршијата до хотелот Ривиера по должина на Кеј Маршал Тито, за што почнаа да се цртаат измените на нацрт ДУП за Табана и Ривиера, велат во општината, каде сметаат дека зафатот е реален и изводлив во наредниве пет години и покрај скептичноста во јавноста за дамнешните најави на локалната власт. „Дека не е реално, не е точно. Јас сум оптимист, ако можат некаде од море да прават копно, а ние копното да не можеме да го искористиме, тоа за мене е несватливо. Се може да се направи, не е никаков проблем да се направи тој паркинг, тоа чини пари. Се си има своја цена. Ако сакаме да имаме чист плоштад без сообраќај, со уредено шеталиште, а под него да има паркирање, тоа ќе не чини доста пари. Бидејќи општината поради познатата финансиска состојба и наследените долгови, нема средства, сите овие проекти сакаме да ги реализираме со јавно-приватно партнерство. Општината да учествува со земјиштето и со локацијата, а приватен партнер со изградба на паркингот. Според мене е изводливо и јас сметам дека во наредниве години ќе се реализираат и катните гаражи и подземниот паркинг“, вели Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам во локалната самоуправа. ![]() Тој амбициозно најавува нови над пет илјади паркинг места во Охрид. Граѓаните пак се покритични и посомнителни. „Во врска со градењето на подземна гаража кај плоштадот, сметам дека таа идеја по малку е утопистичка, бидејќи се сомневам дали реализаторите на тие проекти се подготвени технички, како и со соодветни стручњаци за да се да се реализира таков зафат во Охрид и во Македонија. Сите знаеме дека плоштадот е на самиот кеј во близина на езерото“, вели анкетирана охриѓанка.
Во врска со градењето на подземна гаража кај плоштадот, сметам дека таа идеја по малку е утопистичка.
Анкетиран граѓанин
„Јас користам паркинг, бидејќи мојата работа е во централното градско подрачје, а живеам надвор од Охрид. Но, тука има уште еден парадокс. И покрај тоа што плаќам за паркирање, вработените на паркиралиштата мака мачат за да обезбедат соодветен паркинг простор за платената услуга, преместувајќи ги возилата од едно на друго место. Така што, факт е дека Охрид има сериозен проблем и надлежните треба итно да извршат реализација на проектите, односно да изградат катни гаражи во Охрид“, вели граѓанин на Охрид. Во летната туристичка сезона бројот од 20 илјади возила на охриѓани, двојно се зголемува, а проблемот со паркирањето посебно се чувствува со урбанистичко-градежната експанзија во градот, каде дури сега почна во новите станбени објекти да се гради и паркинг простор. http://daily.mk/cluster3/140adb62e1cc1ca1bc566d6dff66a409/935081 |
|
![]() |
|
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
Edited by build.mk - 10-Oct-2011 at 23:18 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 36> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |