build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 13-Apr-2010 at 19:29
Ќе треба да ги отстранат привремено викендов, бидејќи по 4 години турнеја конечно Милка караванот доаѓа во Скопје, и ќе биде паркиран баш таму! Кој не знаеше, ете нека знае на 17-18 април кај фонтаната во паркот ќе има лилави крави, дегустација на чоколадо, игри, и ред работи Оф-топик, ама вреди да се знае!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 16-Apr-2010 at 23:44

ОПШТИНА ЦЕНТАР

Нови корпи за отпадоци


Во согласност со Програмата за комунални дејности Општина Центар за оваа година набави 400 корпи за отпадоци, од кои 15 се веќе поставени на улицата Ленинова", а допрва ќе се поставуваат на улицата Орце Николов" и на други улици на територијата на Општината.
- Корпите се со зафатнина од 40 литри, со фиксни пепелници, се празнат со ротирање, што е новитет во Програмата, се наведува во соопштението. Корпите се бојадисани во согласност со бојата на канделабрите на кои ќе се поставуваат - велат од Општината.

 
 
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 20-Apr-2010 at 17:42
Еве ги новите корпи

1

2

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 22-Apr-2010 at 23:11
Што е работата со вакви ефтини лимени канти. Остваат впечаток на канти за една употреба. Повеќе би требало некои канти од тешко железо, безмалку како камин, па и со бонсек да дојдеш да неможеш да ја пресечеш, а не вакви несаѓајчи да ја подкачиш со рамо ќе се скрши. А освен тоа тамо може и естетиката да се долови, има простор за по некое билбордче и простор за механизам за затварање.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 23-Apr-2010 at 13:59
Луѓе не наоѓајте маани на се и сешто. Па кантиве не чинеле. Погледнете ги тротоарите и дупките на улиците во сред центар се оди по камења и земја.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 23-Apr-2010 at 14:05
Не наоѓам ја замерки. Добро е што се поставуваат. Ама предупредувам дека ваква канта на прва клоца од пијана будала ќе се преполови. И не е решение ако одма кажеме па треба полиција да има па култура па казни. Подобро е една канта што ќе трае со децении одколку вакви за еднократна употреба. Знаеме дека немаме многу пари по општините и овие се супер, но јас образложував подолгорочно и потемелно решение.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 30-Apr-2010 at 12:51
ГРАЃАНИТЕ НЕ ГИ ПЛАШАТ НИ ОПОМЕНИ НИ КАЗНИ
Секоја пролет Скопје затрупано со шут

Елена М. Вељановска

Трева, гранки, тули, малтер, земја и стар мебел се само дел од отпадот што граѓаните вообичаено во овој период од годината, кога ги расчистуваат градините или, пак, ги реновираат домовите, го создаваат низ Скопје. По секое реновирање на домовите, градежниот отпад најчесто се фрла на локација која не е предвидена за таква намена, а, пак, во одредени делови од градот се прават огромни купишта од суви гранки и трева, кои при гниење шират неподнослива миризба. Местата каде што се создаваат диви депонии, особено таму каде што е исфрлен стар мебел, се вистинско прибежиште за бездомните животни. Покрај грдата слика, дополнителен проблем е и тоа што при скапувањето на тревата се шири непријатна миризба, која е особено интензивна во топлите денови. Надлежните институции велат дека ваквиот проблем тешко се решава и покрај многубројните казни и опомени до граѓаните затоа што ретко кој го почитува Законот за јавна чистота. Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кои се задолжени за расчистување на насобраниот отпад, велат дека едноставно не можат да стигнат да исчистат толку ѓубре колку што граѓаните може да создадат. - Постојано некој од зградата нешто реновира и речиси сите го фрлаат шутот во контејнерите. Колку што ми е познато, секој може да изнајми специјален контејнер од „Комунална хигиена“ за градежен отпад, ама никој не сака да плати. Кога веќе даваат толку пари за реновирање, илјадарка или две за контејнер не е ништо и ќе нема диви депонии низ населбата - вели жител од Карпош. Во акцијата за намалување на дивите депонии, на местата каде што тие и покрај расчистувањето редовно се создаваат, дел од општините почнаа да поставуваат табли на кои стои предупредување дека на таа локација е забрането фрлање шут. Сепак, несовесните граѓани продолжуваат со практиката на непочитување на поставените знаци. Од „Комунална хигиена“ потврдуваат дека постојано им се јавуваат граѓани кои пријавуваат дека на одредена локација има создадено нова дива депонија. Тие на граѓаните што реновираат, градат или имаат стар мебел за фрлање им изнајмуваат специјален контејнер со кој подоцна се транспортира отпадот во „Дрисла“. - За изнајмување стандарден контејнер, со капацитет од еден кубен метар, се наплаќа 700 денари, а за оние со зафатнина од пет или седум кубни метри 1.500 денари. Цената важи за еднократно полнење и празнење на контејнерот, а ако комуналниот сад се изнајми за подолго време, услугата чини 3.900 денари. Ако собирањето и транспортот на шутот до „Дрисла“, пак, граѓаните сами си го организираат, депонирањето е бесплатно - објаснуваат од ЈП „Комунална хигиена“. Според Законот за јавна чистота, казна за фрлање градежен отпад на недозволена локација, доколку прекршителот е правно лице ќе го чини од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност, а физичко лице, пак, ќе мора да плати од 500 до 1.000 евра за направениот прекршок.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2009&ArticleID=139759
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 30-Apr-2010 at 13:01
Сеуште неможам да им ги сватам овие цените на комунална. Само повеќе трошок си прават. Како прво факт е непобитен дека се прескапи услугите. Обичен дополнителен контејнер да кошта 700 денари е вон здрав разум. И така икајќи си го проблемот се создаваат диви депонии кои потоа пак треба да направат дупло поголем трошок за да расчистат, ем ќе треба контејнер (а нели чини 700 денари), ем ќе треба да платат чистачи. Зашто воопшто да наплаќаат во случаеви кога треба да бидат благодарни што некој граѓанин изразил желба да го испочитува јавниот ред и да му излезат во пресрет па дури и да го наградат. Еве мој предлог нека биде стотина денара на бесплатен телефонски број 0800-хх-ххх каде ќе може да се нарача контејнер за кој дури и ќе бидете наградени. Има во политиката една фраза се вика "атракција наспроти асимилација". Незнам како ова да го преведам во овој случај, но мора комунална да размислува за нови концепти и да се одлепи од таа матрица на размислување. Па драстично ќе и се намалат трошоците. еве нека не го прифатат сдраво за готово туку нека го испробаат една сезона. Гарантирам евидентен (не потполен) успех со ваков метод воопшто на превенција на диви депонии одколку казни и зафрканции post festum. Бесплатен број за бесплатни контејнери па дури и награда ако се повика и наполни контејнер, само не преголема награда да почне да биде занимање за некого па да се преклопат со редовните комуналци. Значи бесплатен број за бесплатен контејнер и едно рекламче на тв бесплатно на мтв како акција за превенција на диви депонии.

А за да видиме дали сегашниов концепт им е успешен би сакал да видам статистика колку граќани се нафатиле да побараат и платат прескапи контејнери.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 08-May-2010 at 17:37

Комуналните редари невидливи

И општините и Градот бавно вработуваат лица кои ќе го спроведуваат Законот за јавна чистота

Снежана Калабакова


И по речиси две години од донесувањето на Законот за јавна чистота, и натаму се фрла градежен шут на недозволени места, се перат килими и се мијат автомобили на улица. Комуналните инспектори и редари како да ги нема на терен. А, во некои општини, како што се Аеродром, Чаир и Бутел, навистина и ги нема, додека други штотуку вработија вакви лица.

Униформираните чувари на комуналниот ред требаше да бидат ангажирани најдоцна за шест месеци од наредбата што им ја даде градоначалникот Коце Трајановски на општините, уште во почетокот на неговиот мандат. Но, општините се бавни во исполнувањето на оваа обврска, ама, се чини, не му се брза ниту на Градот. Од Одделението за односи со јавноста велат дека Градот веќе ја усогласил подзаконска регулатива за да може да пристапи кон вработување комунални редари. Побарал согласност од Агенцијата за државни службеници и штом ќе ја добие, ќе распише конкурс. Трошоците за комуналните редари, во основа, се на ниво на платите утврдени со Законот за државни службеници.

Овие лица треба да носат службена облека и легитимација, која им ја потпишува градоначалникот на општината во која се работно ангажирани. За опремување на еден комунален инспектор со летна и зимска облека, чевли и капче, општините треба да издвојат околу 16 илјади денари. Бојата и кројот на униформата ја пропишува министерот за транспорт и врски и тој избрал таа да биде портокалова. Некои општини не се согласуваат со тоа, па ја проблематизираат нарачката и шиењето на униформите. Поради тоа, униформираните редари ги нема да прошетаат по општините.

„Од пред еден месец имаме ангажирано пет комунални редари кои ќе покриваат четири реони. За еден месец секој има напишано по десет казни. Тројца се лица од Општината кои претходно беа ангажирани со договори за дело, а двајца се примени од надвор. Сите полагаа испит за државни службеници. Им купивме зимски и летни чевли и кај приватна фирма нарачавме униформи“, објасни Звонко Смиљков, комунален инспектор во Општина Ѓорче Петров.

Во Општина Кисела Вода од крајот на октомври се ангажирани петмина комунални редари, а во Гази Баба двајца. Карпош има седуммина чувари на комуналниот ред, а во Општина Центар петмина почнале да работат во почетокот на месецов и сега поминуваат обука.

„Во изминатиот период редарите имаа обука и, во соработка со комуналните инспектори, изведуваа активности за спроведување на Законот за јавна чистота. Активностите беа околу делот на санкционирање на физички лица сторители на прекршоци, кој предвидува глоба од 50 евра и порамнување со општокорисна работа. Казнуваа граѓани за фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал, продажба и изложување на земјоделски производи на недозволени места... Во наредниот период ќе бидат ангажирани во акциите за подигнување оставени нерегистрирани и хаварисани возила на јавни површини“, вели Марјан Спасески, портпарол на Кисела Вода.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0815F08DA9524F4CBD6B6ECBF1BA4908
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 20-May-2010 at 02:03
Можеби грешам, но ако досега се работеше како што треба, зошто би имало потреба од вакви генералки? Зарем набројаниве активности досега не беа дел од секојдневната агенда на комуналните претпријатија?

Пролетна генералка на градските улици и паркови

Акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје“ ќе трае еден месец и ќе се реализира во сите десет општини

Со расчистување на дел од општинскиот парк во Ѓорче Петров вчера започна големата пролетна акција за чистење на главниот град. Под мотото „Заедно за чисто и зелено Скопје“, градоначалникот Коце Трајановски најави едномесечни интензивни активности во сите десет скопски општини за подигнување ѓубре и шут од јавните површини. Ќе се метат и ќе се мијат улици, ќе се расчистуваат диви депонии, ќе се подигнува сметот од парковите, а во акцијата ќе биде вклучено и средувањето на дворовите на здравствените институции, училиштата и градинките. Во акцијата ќе учествуваат работници од сите градски јавни претпријатија со расположливата механизација, како и општинските сезонци.

Во јуни, според најавата на градоначалникот Трајановски, градските власти планираат со ребаланс на буџетот да ангажираат уште стотина сезонски работници, кои заедно со „Паркови и Зеленило“ и со „Комунална хигиена“ перманентно ќе се грижат за хигиената на градските улици и паркови.

„Со оваа акција сакаме да дадеме значење дека како градоначалници ќе внимаваме и ќе се грижиме во секој дел од општината да се одржува комуналната хигиена. Сметам дека со ваквиот начин на работа се откриваат одредени аномалии во функционирањето на целокупниот систем, а во исто време се одржува поголема мобилност на сите фактори што учествуваат во проектот“, рече Трајановски.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, ги повика и жителите на неговата општина масовно да се вклучат во акцијата и да расчистат во околината на своите домови, станбени згради, како и во училиштата и во градинките. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=97E3C153F1ACD048A6FD5D05FCEE3E27

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 24-May-2010 at 23:17

Машина ја мете Струмица

Специјализирана машина за метење неодамна набави Општина Струмица. Целта е да се подобри хигиената на улиците и на тротоарите во градот и во населените места. Моторната метачка може да исчисти околу 7.000 квадратни метри на ден.



Edited by SkyBoy - 24-May-2010 at 23:18
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 25-May-2010 at 00:49
vo Prilep uste pred desetina godini imase vakva masina,ama ne znam zosto poveke ne se koristi.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 25-May-2010 at 07:07
Секој си фрла кај сака и прави што сака!

Многу пати сме се обратиле до Општината за да се преземе нешто и да се забрани да не се фрла тука ѓубре, но попусто, повторно има. Од расфрленото ѓубре се шири реа и кучињата-скитници ги развлекуваат кесите со ѓубре и се шири зараза. Но, сепак и покрај поставената табла на која е напишано да не се фрла смет и шут, никој тоа не го почитува


Расфрланиот градежен шут, кесите со ѓубре, гранки, пластичните шишиња е сликата во населеното место Бара во населбата Драчево, кое се уште не е исчистено од страна на Општина Кисела Вода. Но и покрај многуте апелирања од страна на жителите кои живеат во близина, велат дека и покрај акциите што ги презема Општината е залудно, бидејќи следниот ден повторно има ѓубре.
- Многу пати сме се обратиле до Општината за да се преземе нешто и да се забрани да не се фрла тука ѓубре, но попусто, повторно има. Од расфрленотот ѓубре се шири реа и кучињата-скитници ги развлекуваат кесите со ѓубре и се шири зараза. Но, сепак и покрај поставената табла на која е напишано да не се фрла смет и шут, никој тоа не го почитува - вели Горде.
Таа додава дека од страна на Општина Кисела Вода, е зголемена контролата на местата каде што се создаваат дивите депонии, но сепак никој не го почитува тоа. Во изминатиов период на територијата на Општината и покрај преземените акции за чистење на дивите депонии, контролата на таканаречените диви точки се одвива перманентно и на истите се поставуваат табли со натпис "Забрането фрлање смет и шут".
И покрај многуте апели кои ги има испратено Општина Кисела Вода до граѓаните да ги почитуваат Законот за јавна чистота и Законот за животна средина и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, тие не се почитуваат од страна на граѓаните.
Според Законот за јавна чистота во Општина Кисела Вода, од стапувањето на сила на Законот за јавна чистота заклучно со 2009 година, Општина Кисела Вода казнила вкупно 272 граѓани, од кои 162 лица извршиле општокорисна работа, 110 лица платиле мандатна казна (глоба). Но исто така, имало 6 казни во согласност со Законот за управување со отпад. За 2010 година од почетокот има 10 изречени казни, од кои 1 е платена и 9 лица извршиле општокорисна работа. Имало 6 постапки по барања на граѓани и 1 решение за извршување за кое е побарана асистенција од овластените службени лица на МВР.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=EF15DB6B25EF7F4A80EB9775CE8A3DE5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 28-May-2010 at 16:39

Од Галичица се изнесени 150 камиони отпад, а има уште

Иако е подрачје со најстрога законска заштита, националниот парк Галичица одвај може да се дочисти од диви депонии





Веќе почна да се реализира втората фаза од проектот за отстранување на цврстиот отпад од паркот, а во првата биле изнесени дури 150 камиони со ѓубре, дури и од строго заштитените зони.

Со проектот, кој се изведува од лани, досега главно се чистело машински, а Зоран Ангеловски, директорот на паркот, вели дека во оваа фаза отпадот ќе се собирал и рачно, а ќе се опфателе и непристапните терени.

- До почетокот на туристичката сезона очекувам да имаме беспрекорно чист парк - рече Ангеловски вчера, кога го најави почетокот на новата фаза од „генералката“.

Надлежните немаа конкретен одговор за тоа како успеале повеќе од 150 камиони отпад да се истурат во еден национален парк. Само објаснија дека станува збор за простор од 25 илјади хектари, за кој немале доволно шумари за да го штитат. Шумарите повторно ќе воспостават 24-часовни дежурства, не само поради истурањето ѓубре, туку и за заштита од пожари, а деновиве треба да се наместат и дигитални камери, кои, иако главно се наменети за да го следат живиот свет во паркот, добро ќе послужат и во борбата против несовесните посетители.

Чистењето се одвива според Стратегијата за управување со цврст отпад 2009-2014, која ја финансира германската банка КФВ. Наумче Новески, раководителот на секторот за заштита, информира дека за втората, завршна фаза, се обезбедени 10 илјади евра.

- Ќе се чисти просторот од туристичката населба Елешец до комплексот „Свети Наум“. Апелираме до посетителите да не го оставаат ѓубрето на места што не се предвидени за тоа - додаде Новески.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52810923356&id=9&prilog=0&setIzdanie=21993
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 31-May-2010 at 02:42

Ќе се дезинфицираат околу 1.000 контејнери по општините

Од „Комунална хигиена“ велат дека во акцијата се вклучиле и со вонредна дезинфекција на контејнерите

Штом малку се покачија надворешните температури, недезинфицираните контејнери засмрдеа надалеку и станаа опасност од ширење зарази. Некои граѓани им забележуваат на комуналците дека не ги мијат садовите за ѓубре доволно често и сметат дека е потребно повеќе од вообичаено тие да се дезинфицираат. На ваквите активности особено внимание треба да им се посвети во летниот период кога надворешните температури се многу високи.

Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ велат дека со вонредна дезинфекција досега се дезинфицирани вкупно 262 контејнера во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров, а во план е со акцијата да бидат опфатени околу 1.000 контејнери. Одговорните појаснуваат дека во акцијата „За чисто и зелено Скопје“ се вклучиле и со дезинфекција на садовите за смет и замена на нивните оштетени делови. Највалканите контејнери, кои обично се наоѓаат на пофрекфентни локации, најпрвин ќе ги мијат, а потоа рачно со пумпа ќе ги прскаат со дезинфекциско средство „дезентал“ на Алкалоид.

Според редовните план и програма на претпријатието, годишно се вршат две-три дезинфекции на контејнерите, и тоа на оние од пофрекфентни локации и почесто во летниот период.

„Со акцијата ’За чисто и зелено Скопје‘, покрај останатите планирани активности што ќе се реализираат, по скопските општини ќе се прави и дезинфекција на дел од контејнерите. Оние што се многу валкани најпрвин се мијат и откако ќе им се заменат оштетените делови, ќе се дезинфицираат и дури потоа ќе се враќаат на микролокациите. Контејнерите што ќе треба комплетно да се репарираат ќе се пребојат и нема да им треба дезинфекција“, вели Катерина Лаова, одговорна за информирање во ЈП „Комунална хигиена“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E4F654388FD16E43B0CDDA58B4034C69
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 25-Jun-2010 at 16:21
ВЛАСТИТЕ ОД ЦЕНТАР САКААТ ДА ПРИМЕНАТ СТРАНСКИ ИСКУСТВА
Скопското ѓубре во фински контејнери

Роза Петкова

Место ѓубрето како досега да се растура по тротоарите, скопјани домашниот смет да го фрлаат во длабоки подземни контејнери, кои ќе бидат похигиенски и ќе собираат поголеми количини смет. Ваков предлог нудат властите од Општина Центар, кои неодамна биле во Финска за да научат нови искуства во соочувањето со комуналните проблеми. Општинарите ја посетиле фабриката за производство на современите контејнери „Молок“, во градот Нокија и го виделе механизмот на кој функционираат. Станува збор за длабоки садови, од кои само 40 проценти се гледаат на површината, а другиот дел од 1,5 метар е вкопан во земја. Секое ново количество ѓубре што се фрла го притиска старото и така се обезбедува 30 проценти повеќе место. Општинските власти велат дека со еден ваков контејнер може да се заменат пет метални, а бидејќи се добро изолирани, тие не се достапни за инсекти и ѓубрето не може да се расфрла од нив. Сметот се чува на пониска температура, од 10 до 14 степени, затоа што со најголемиот дел од кантите се наоѓаат во земја. Новина е и начинот на празнење бидејќи, како што велат во Центар, конечно би се решил проблемот со бучавата што сега ја има кога се подигаат и превртуваат целите контејнери. Подземните контејнери не се вадат, туку од нив се извлекува вреќата во која е собрано целото ѓубре и се празни со одврзување на дното. - Општина Центар прави напори да го примени овој систем на подземна технологија и кај нас од повеќе причини. Тоа што е најбитно е дека со него се заменуваат неколку постојни контејнери, нема да има превртени канти по улиците, расфрлано ѓубре, лоша миризба. Со тоа општината ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во централното градско подрачје - велат општинските власти. Тие инсистирале преку Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да го преземе ваквиот систем на собирање на отпадот, а тој да почне да се применува прво во Центар во вид на пилот-проект. Идејата е понатаму на целото подрачје на Скопје да се постават подземни контејнери за кои ќе се грижи комуналното претпријатие.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2053&ArticleID=143350
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 05-Jul-2010 at 05:34

„Чистота и зеленило“ го разубави Куманово

Куманово е рекордер во државава во напредокот во комуналната хигиена, подигањето зелени и цветни површини во првата половина од годинава, тврди Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“. Тој тврди дека во истражувањето што било направено биле опфатени поголемите градови, како Скопје, Битола, Охрид, Штип, и дека од сите показатели резултатот бил дека кумановци имаат најголем напредок.

- Продолжуваме да го зголемиме нивото на комуналната хигиена. Сакаме што повеќе зелени и цветни површини и градот да почне да личи на европски и модерен - вели Петрушевски.

Општинските советници и локалната самоуправа неодамна на „Чистота“ и' одобрија да направи измени во Статутот што меѓу другото подразбира и продажба на саксиско цвеќе, давање услуги на трети лица, односно уредување на дворните места на граѓаните, фирмите, институциите не само во градот, туку секаде во државава од каде што ќе бидат побарани услугите.

- Во нашите два расадника за цвеќе веќе имаме производство кое можеме да го пласираме на пазарот. Планирано е отворање продавници, а за локацијата и нивното профункционирање бараме најпогодни услови - вели Петрушевски.

Граѓаните, иако сакаат да живеат во чист и уреден град, тешко ги менуваат своите навики. Тие забележуваат дека има подобрување во хигиената и разеленување на јавните површини, а за отпадоците по улиците сметаат дека се виновни несовесните граѓаните.

- Се' уште по улиците се сопнуваме од најлонски ќеси, од фрлен отпад. За тоа сме виновни самите. А ми се чини нема доволно и садови за отпад - вели кумановец.

Тој додава дека на сограѓаните им недостасува одговорно однесување, па колку и да се ангажираат надлежните во одржување на комуналната хигиена без помошта од граѓаните нема да има добри резултати.

Директорот Петрушевски вели дека вработените во „Чистота“ секојдневно ги полеваат, уредуваат и чистат тревните површини, го негуваат цвеќето во централното градско подрачје, како и на шеталиштето и спортско-рекреативниот центар покрај кејот на реката Кумановка. На шеталиштето проблеми прават несовесните граѓани и сопствениците на кучиња, чии миленичиња ги извршуваат физиолошките потреби по тревата или пешачката патека.

- Нашите работници во ноќните часови го чистат шеталиштето. Но, ние не можеме да им наредиме на сопствениците на кучињата да им ставаат корпи или пак по нивното гнасење на тревата тие сами да чистат. За тоа има надлежни инспектори, кои треба да преземат мерки - вели Петрушевски.

„Чистота“ во изминатиот период реализираше 14 акции околу повеќе станбени комплекси во градот.

- На некои делови имавме поголем одѕив од месното население. На некои речиси никој не се појави, иако сите ги поздравуваа акциите. Сепак, ние продолжуваме, а единствено што не' радува е тоа што некои од претседателите на куќните совети веќе пројавуваат иницијатива за заедничко уредување на нивната околина - вели Петрушевски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C7480D2C6468D947B9BAADC7EF2882DD
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 30-Aug-2010 at 17:17
Го разбирам револтот на жителите во тој дел, но онакво ѓубриште е срамота. Причина: поместени контејнерите од локацијата на сликата 30 метри подалеку.

1.


2.


3.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Рок-Барок View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 29-Aug-2010
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 118
  Quote Рок-Барок Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 30-Aug-2010 at 22:36
[QUOTE=axel]

„Чистота и зеленило“ го разубави Куманово

Куманово е рекордер во државава во напредокот во комуналната хигиена, подигањето зелени и цветни површини во првата половина од годинава, тврди Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“. Тој тврди дека во истражувањето што било направено биле опфатени поголемите градови, како Скопје, Битола, Охрид, Штип, и дека од сите показатели резултатот бил дека кумановци имаат најголем напредок.

Сашо или е луд или се дрогира..трето нема..кој напредок бе Саше,градот е до гуша у ѓубре,контењери има на километар,корпи за ѓубре на 5 км.. Пикавци  на сите страни,хартии,што не.. Што е со законот за јавна хигиена,има ли инспектори или никој жив нема !

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 31-Aug-2010 at 08:36
napredok ima mozeme samo da zboruvame ama napredok ima toa e sigurno.treba da se raboti uste mnogu i isto taka treba da se podobri svesta kaj gragjanite
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.195 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.