build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотели, преноќишта и одморалишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 10-Oct-2011 at 23:20
Државата продава уште една парцела за „барокен“ хотел под Кале

Извадок%20од%20ДУП%20Централно%20зеленило%20покрај%20Вардар%20–%20Парк%202


Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно земјиште во општина Центар, наменето за изградба на хотелски комплекс. Се работи за парцела на левиот брег на Вардар, непосредно под американската амбасада, опфатена со ДУП „Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2“. Парцелата бр.2.1 има вкупна површина од 4.090 метри квадратни и површина за градба од 1.487 метри квадратни. Максималната дозволена висина до венец е 11 метри, а коефициентот на искористеност изнесува 1,1.

 

Инвеститорот е обврзан фасадното обликување да го изведе во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Исто така од инвеститорот се бара финализација на градбата во рок не подолг од 6 години, сметано од денот на добивањето на одобрението за градење, кое треба да го обезбеди во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот за отуѓување на градежното земјиште. Доколку објектот не се изгради во определниот рок по негова вина, купувачот ќе има обврска да плаќа казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање, за секој изминат месец. Почетната цена за земјиштето изнесува 61 денар за метар квадратен, односно вкупно околу 4 илјади евра. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 11.11.2011, а наддавањето ќе се одржи на 21.11.2011.

 

Министерството за транспорт и врски истовремено распиша објава и за продажба на државно земјиште за изградба на катна гаража во непосредна близина. Ова е повторен обид да се привлече инвеститор кој би го градел објектот. Овој пат метар квадратен се продава по почетна цена од 61 денар, а новост е и условот за фасадното обликување, кое како и за хотелот, треба да биде изведено во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Заинтересираните субјекти може да се пријават за учество најдоцна до 10.11.2011. Јавното наддавање ќе се одржи на 18.11.2011.

http://www.build.mk/?p=10046
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 16-Oct-2011 at 08:50
Емирот од Катар сака да гради хотел во Охрид?

Во непосредна близина на објектот кој се гради на местото на поранешниот хотел „Парк’ во Горица, на просторот каде што се наоѓаат ресторанот и популарната охридаска дискотека „Park 4 Season“ наскоро ќе отпочне изградба на нова висококатница, со намена за туризам и угостителство.

Според инфоермациите кои градските гости ги добиле од сопствениците на атрактивната локација, интерес за изградба на луксузен хотел во Горица пројавиле повеќе странски инвеститори, меѓу кои и Емирот од Катар, кој во понеделник ќе допатува во официјална посета на Македонија.

Според најавите при посетата на Емирот од Катар ќе бидат потпишани десетина меморандуми за економска соработка, а ќе се разговара и за можностите за директни катарски инвестиции во македонскиот туризам.

OhridNews
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 16-Oct-2011 at 15:48
Циркузи се овие Ohridnews
Ќе биде интересно за неколку години да ги потсетиме на оваа информација. Сигурен сум дека „емирот од Катар“ ќе инвестира исти средства како и португалците во Преспа ))
Back to Top
fusion View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote fusion Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 16-Oct-2011 at 15:56
Dobro kazano ne prvpat nemat nitu eden hotel za 20 godini izgradeno od visoka klasa
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 307
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 17-Oct-2011 at 19:10
Пред некоја година Абрамович ќе градеше хотели во Охрид.Се навикнавме на вакви глупости.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 21-Oct-2011 at 10:59

Ќе никнат 27 луксузни хотели


Освен во Скопје и во Охрид, изградба на нови модерни хотели се предвидува и во помали места како Ростуше, Вевчани, Пехчево

 
 
%20  

Ако до вчера немавме кралски апартман за дочек на емирот од Катар, во иднина ќе имаме луксузни хотели во повеќе градови од државата. Во согласност со плановите на Министерството за транспорт и врски и најавениот интерес од општините, предвидена е изградба на 27 луксузни хотели во Скопје, како административен, и во Охрид, како туристички центар, но и во помалите места како Ростуше, Вевчани, Пехчево и др.

- По пат на јавно наддавање досега се отуѓени вкупно 12 локации, предвидени за изградба на хотели. Три се во Охрид, три во Битола, три во општината Центар и по една во Аеродром, Штип и во Делчево. Во тек е јавна објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на државата, за изградба на хотелски комплекси во општината Центар. Предмет на јавното наддавање е една градежна парцела со вкупна површина од 4.090 квадратни метри. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 11 ноември годинава - изјави Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт и врски.
Барања и податоци за изградба на хотели доставиле и општините Струга, Гевгелија, Битола, Крушево, Кочани, Вевчани, Дебар, Маврово и Ростуше, Петровец, Центар и Кисела Вода. Неколку локации за изградба на хотели се предвидени и во општините Пехчево и Берово.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека со остварувањето на овие планови се овозможуваат нови инвестиции и нови висококвалитетни туристички објекти, што дополнително ќе придонесе кон развој на туризмот и отворање на нови работни места.

Колку од новоизградените хотели ќе поседуваат луксузни претседателски апартмани засега не е познато, но според очекувањата, оние во Скопје и во Охрид би требало да располагаат со вакви простории. Сега, иако речиси сите поголеми хотели нудат претседателски апартмани, тие се далеку од стандардите што ваквите капацитети ги имаат во светот.

- Клучен проблем е што нема придружни простории покрај претседателскиот апартман за сместување на целата делегација. Она што сега го имаме одговара на категоријата на локалните државници.
Стандардите денес и пред дваесетина години, кога се градени најголем број од нашите хотели, се различни. Технолошкиот прогрес го направи своето. Белград како центар на поранешната заедничка држава има вакви луксузни објекти, бидејќи таму почесто доаѓале ВИП-гости - велат од ХОТАМ, организација на хотелиери на Македонија.

ВИП-гостин со свој хеликоптер неодамна дошол во Македонија, но одлучил да преноќи во хотелот „Гранд“ во Приштина.

На уметниците Охрид им е поважен од ѕвездичките на неговите хотели

Организаторите на фестивалот „Охридско лето“, на кој гостуваат врвни светски уметници, досега не се соочиле со проблем при сместувањето на уметниците.
- Обично уметниците се пофлексибилни и се приспособуваат на условите што им ги нудиме. Никогаш досега не се случило некоја голема ѕвезда да го откаже гостувањето зашто не сме биле во можност да обезбедиме соодветно хотелско сместување. Во принцип, бараат хотел со пет ѕвездички, а единствен таков во Охрид е „Инекс Горица“. Обично се задоволни од сместувањето - вели Илија Мојсовски, директор на фестивалот.
Големите ѕвезди од рангот на Хозе Карерас, Енио Мориконе и Џеси Норман беа задоволни од хотелското сместување, велат од „Охридско лето“.
- Мислам дека Охрид има предност во однос на Скопје, зашто има убаво природно опкружување, од кое се воодушевени сите што доаѓаат на фестивалот. Тоа им е поважно од ѕвездичките што ги имаат хотелите во Охрид - вели директорот на фестивалот.

Македонија - место за кралски одмор со малку пари

Македонија е непознат скапоцен камен, добро зачуван и богат со можности, особено за туристи што имаат мал буџет, пишува новинарот Џероен ван Виерген во канадското издание на француски јазик на бесплатниот дневен весник „Метро ворлд њуз“. Репортажата, објавена во еден од најчитаните канадски весници на француски јазик, е посветена на туристичката понуда на Македонија и е напишана врз основа на искуството на авторот по престојот во Охрид.

- Луѓето не се богати, но прават сé што можат за да ги задоволат гостите. Но не е гостопримливоста единствената карактеристика што ја прави Македонија толку пријатна - пишува канадскиот весник.
Според новинарот, еден странски турист во Охрид може да живее како крал со многу малку пари.

Охрид, според „Метро ворлд њуз“, е најдоброто место од каде што треба да се почне со откривањето на Македонија. Виерген пишува за „шармантните ресторани, чии маси никогаш не се празни“, за „купувањето облека по ниска цена во раскошните бутици“ или „насладувањето со долги ручеци за само неколку евра“ и „танцувањето со дотераните жители на градот до раните утрински часови“.

Ако постои фрустрација за Македонците, според „Метро ворлд њуз“, тоа е што езерото не е заштитено на ист начин и од албанската страна, каде што може да се најде и да се јаде превкусната езерска пастрмка, додека нејзиниот риболов е забранет во Македонија.

Инвеститори и локации
- „Фибула ер травел“ - Охрид
- „Илинден“-Струга - Охрид
- ДПТУ „Соларни македонски системи“ - граничен премин Меџитлија
- „Еилфикс“ - поранешна касарна Битола
- „3Д Тим инвест“ - општина Центар
- Марјан Јованов и ДПТУ - општина Центар
- „ДС прајм пропертис“ - општина Центар
- „Стоне бриџ“ - општина Аеродром
- „Оаза“ - Штип
- Орце Тодоровски - Делчево


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102111841485&id=9&prilog=0&setIzdanie=22411
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 21-Oct-2011 at 16:22
Нели овој хотел што е на Марјан Јованов, спроти Филип Втори под Американска амбасада, требаше веќе да почне да се гради? Мислам дека таа парцела прва се продаде од сите за таа намена во тој дел, а уште ништо нема.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 21-Oct-2011 at 21:08


Продадена е во ноември минатата година, а дозвола требало да обезбеди за 9 месеци:
http://www.mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/2823/objava.pdf

Нема ништо за тоа кога е обврзан да почне да гради, ама има рок до кога треба да заврши. Не сум 100% сигурен, ама мислам дека тој рок за хотели беше 3 години, па го сменија законот и сега е 6. Сепак за последново не ме држи за збор, ако ти е важна информацијата, подобро провери.


Edited by Cloverstack - 21-Oct-2011 at 22:26
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 27-Oct-2011 at 08:49

Кале уште ги чека барокните хотели

Изминаа три години откако по нарачка на Владата беше донесен ДУП наменет, пред се', за привлекување странски инвестиции

Деспина Трајковска

Само еден од планираните пет хотели под Кале е извесно дека наскоро ќе почне да се гради. Сопственикот на една од парцелите веќе ја има обезбедено градежната дозвола, другиот се' уште ја чека, додека еден плац допрва ќе се продава. Така барем тврдат од Општина Центар, без конкретно да одговорат дали градежна дозвола за хотелот веќе си обезбедил и поранешниот владин функционер Марјан Јованов или, пак, извесната „3Д Тим инвест“, која стана сопственик на плац за кој претходно најмногу излицитира „Воденица-оне“, но, сепак, се откажа од него.

„За едниот хотел е издадено одобрение за градба, а за другиот е отпочната постапка за добивање градежна дозвола“, штуро одговараат од Центар.

Марјан Јованов, кој кога ја купи парцелата беше на чело на Дирекцијата за нафтени резерви и кратко време потоа без конкретно издржано објаснување ја напушти функцијата, вчера не беше достапен да коментира за случајот. Останува непознато дали се подготвува да почне да гради и во која насока го планира хотелиерскиот бизнис. Тој купи едната од петте парцели наменети за хотел за околу 355.000 евра. За 8.745 квадратни метри понуди најмногу од деветте учесници на лицитацијата, односно за квадрат плати 2.500 денари.

„Договорот за отуѓување неизградено градежно земјиште со физичкото лице Марјан Јованов е солемнизиран на 22.2.2011 година и во тек е рокот од девет месеци за добивање одобрение за градење од Општина Центар“, информираат од Министерството за транспорт и за врски. Оттаму додаваат дека другата продадена парцела во меѓувреме добила нов сопственик, бидејќи избраниот најповолен понудувач на првата лицитација не ја уплатил понудената сума навреме.

„‘Воденица-оне‘ не ги уплати средствата во согласност со постигнатата крајна цена на јавното наддавање во потребниот законски рок. За оваа локација се распиша повторна објава за отуѓување по пат на јавно наддавање и за најповолен понудувач беше избрана компанијата ‘3Д Тим инвест‘, со која договорот за отуѓување на земјиштето е солемнизиран на 25.3.2011 година и во тек е рокот за обезбедување одобрение за градба“, дообјаснуваат од Министерство кое кон крајот на идниот месец ќе одржи лицитација за третата наменска парцела за хотел.

Во меѓувреме не кажуваат дали постои можност сопствениците евентуално да ги препродадат веќе купените парцели на трети лица или, пак, договорот за продажба потпишан со државата ги спречува во евентуалните такви планови. Така, со сигурност не можат да се отфрлат шпекулациите дека сопствениците на големо размислуваат да се откажат, односно да ги продадат атрактивните локации на заинтересирани странски фирми.

Инаку, за сите планирани хотели инвеститорите имаат обврска да ја обезбедат градежната дозвола во рок од 9 месеци по купувањето на земјиштето, а објектите да ги изградат во определен законски рок. ДУП-от налага сите да имаат стилска фасада, најмногу до три ката, а некои до два. Освен хотелски комплекс, урбанистичката рамка предвидува под Кале да се изгради и катна гаража и спортски-комплекс со апартмани и со терени.

Речиси три пати поевтини плацови

Наместо да инкасира неколку милиони од продажбата на наменското државно земјиште, државниот буџет досега се полни со речиси три пати помали суми од планираните. До сега продадените парцели се оттуѓени за помалку од еден милион евра, односно метар квадратен земја ги чинеше сегашните сопственици околу 40 евра, иако претходно од ресорното министерството ги нудеа плацовите за повеќе од 100 евра за квадрат, но останаа непродадени истите. Така беше се' додека државата не одлучи да го продава земјиштето за едно евро квадрат, што предизвика голем интерес, па на една лицитација имаше дури девет заинтересирани субјекти.

Со години стојат две спорни локации

Дури се чека на изградба на засега два хотела, имајќи ги предвид веќе продадените парцели и роковите за градба што ги обврзуваат инвеститорите, државата се' уште го расчистува случајот со спорните плацови во реонот. И натаму траат судските постапки за разрешувања на случајот откако Владата во нејзиниот претходен мандат се посомнева во законитоста на продажбата на локациите спроведени во 2006 година. „За две локации е во тек постапка за раскинување на договорите за отуѓување заради констатирани отстапувања од Законот за градежно земјиште. Овие постапки се водат пред надлежен суд“, информираат од ресорното министерство.

Наместо странци, газди се локални бизнисмени

Засега воопшто не е остварена идејата да се привлечат странски инвеститори за што ДУП-от беше донесен наменски во 2009 година и тоа по нарачка на Владата. Наместо како што беше планирано плацови да купат странски компании што би донеле некој од бренд-хотелите, тие станаа сопственост на локални бизнисмени што не се изјаснуваат за плановите со хотелиерскиот бизнис. Во меѓувреме, сигурно е дека не се оствари намерата државата да инкасира милионски суми од атрактивните парцели. По неколкуте неуспешни обиди за нивна продажба, државата во меѓувреме ги смени плановите и овозможи истите да се продадат по едно евро квадрат, што ги привлече локалните бизнисмени.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DE600FEF8731EA4F981A04CE9D3BC9CF
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 28-Oct-2011 at 07:46

Првиот хотел под Кале ќе се гради в година

Ексвладиниот функционер Марјан Јованов потврди дека ја извадил градежната дозвола, но не ги открива плановите во целост

„В година сигурно ќе се гради еден од планираните пет хотели под Кале и тоа оној што треба да никне на парцелата што ја купи сега ексвладиниот функционер Марјан Јованов“. Ова го најави за „Утрински весник“самиот Јованов откако, сепак, одлучи да прозбори за случајот, иако до вчера ја избегнуваше јавноста. Вели дека интензивно се подготвува да го реализира проектот, но не сака да открива детали. Единствено што потврдува е дека ја извадил потребната градежна дозвола, а кога ќе почне да гради и дали можеби ќе го реализира проектот со некој странски или домашен партнер, ќе ја информирал јавноста кога се' ќе било конечно дефинирано.

„Сега е најбитно што ја имам дозволата за градба, а ја обезбедив два месеца пред истекот на рокот кој ми беше наложен со договорот за отуѓување на парцелата. Сметам дека тој факт е доволен доказ дека кон целиот проект пристапувам сериозно и оти нема никакви вистина во шпекулациите дека се откажувам од проектот, дека ја продавам парцелата и слични муабети. Тоа се чаршиски муабети“, потенцира Јованов.

Тој не сака да открие кои чекори ќе ги преземе за влез во хотелиерскиот бизнис. Единствено најавува дека хотелот сигурно ќе почне да го гради в година. „Тоа е се' што можам и сакам да кажам засега. Во меѓувреме ја затворам финансиската конструкција по што конечно ќе почнам со реализацијата на проектот на терен“, дополнува некогашниот директор на Агенцијата за стокови резерви, кој понуди најмногу пари за парцелата на лицитацијата на која имаше дури девет лицитанти. Од стартната цена едно евро за квадрат, тој плати 2.500 денари за квадратен метар.

Инаку, освен хотелот на Јованов, под Кале е предвидено да се градат уште четири хотели, сите со античка фасада како што налага ДУП-от. Едната парцела е веќе продадена на извесна фирма „3Д Тим инвест“ која има рок до крајот на годинава да обезбеди одобрение за градба. Од преостанатите две парцели, едната ќе биде понудена на продажба идниот месец, а за две државата се' уште води судски спорови. Тие не се чисти, бидејќи Владата во претходниот мандат одлучи да ја преиспита законитоста на нивната продажба која се случи уште во 2006 година. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5C98DD0A739C57459B85A72BFC583BD3
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 19-Nov-2011 at 12:02

Бројот на хотели во земјава расте, но бројот на собите и креветите во нив опаѓа


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/19/holidej4.jpg

Во период од 12 години, од 1999 до 2010 година, во Македонија бројот на хотели е пораснат за 51,2 отсто и тоа од 82 на 124. Од друга страна, пак, бројот на хотелските соби во истиот период е опаднат за 4,5 отсто и тоа од 5.916 на 5.651, додека бројот на креветите бележи пад од 13 отсто и тоа од 14.564 на 12.734. Ова е дел од статистичката анализа од трудот со наслов „Македонските хотели во услови на промени“ изработен од страна на Рамадан Исмаили од Државниот универзитет во Тетово, Факултет за економија, оддел за турузам и Митре Аврамоски од Факултетот за туризам во Охрид.


Како причина за ваквата состојба се наведува хаотичната транзиција и затворањето на редица големи хотели изградени во поранешна Југославија и изградба или отворање на повеќе помали хотели, како резултат на промените во туристичката побарувачка.


Колку хотелите лошо се снајдоа во транзицијата покажува фактот што хотелските соби во вкупното туристичко сместување во земјава минатата година учествуваа со само 22 отсто. Имено, додека лани во земјава имаше само 5.651 хотелска соба во сите категории на хотели, собите во другите видови на сместувачки капацитети (приватни, планински домови, хостели, одмаралишта, бањи и слично) изнесувале дури 20,538. Уште поголема е разликата кај креветите зашто хотелите лани имале само 12.734 кревети, а другите сместувачки капацитети дури 56.368 кревети, што значи дека хотелската индустрија во вкупниот број на расположливи кревети учествува со само 18,9 отсто.


Но, од друга страна, пак, туристите повеќе сакаат да престојуваат во хотели, отколку во другите туристички капацитети. Имено, иако хотелите поседуваат само 22 отсто од вкупниот капацитет на соби и 18,9 отсто од вкупниот капацитет на кревети, дури 33 отсто од туристите престојуваат во хотели.


За ваквиот сооднос се особено заслужни странските туристи од кои лани над 458 илјади престојувале во хотели, а само нешто над 100 илјади во другите сметсувачки капацитети. Состојбата е обратна кај македонските туристи од кои над 229 илјади престојувале во хотели, додека 1,23 милиони од нив престојувале во другите сместувачки капацитети.


Сепак, хотелите се соочуваат со еден друг проблем, кој уште повеќе се влошува во последните години, а тоа е слабата искористеност на капацитетите. Додека во 1999 година, таа изнесувала 19,3 отсто, во 2007 овој процент бил само 12,2 отсто.


Авторите сметаат дека недостигот од хотели од познатите светски хотелски ланци и со поголем капацитет покажува дека во земјава имаме фрагментирана хотелска индустрија без шанси за консолидација, што, според нив, ја зголемува улогата на државата во привлекување на странски инвестиции во овој сектор за да се надмине недостигот од хотели од познатите брендови.

http://www.plusinfo.mk/vest/23300/Brojot-na-hoteli-vo-zemjava-raste-no-brojot-na-sobite-i-krevetite-vo-niv-opagja

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 21-Nov-2011 at 15:15

„Амадеус груп“ ќе гради хотел во Центар


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/21/04.JPG

„Амадеус Груп“ ДООЕЛ Скопје понуди највисока цена за државното градежно земјиште наменето за изградба на хотелски комплекс во општина Центар, на денешното јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски. За парцелата од 4.090 метри квадратни, предвидена со Детален урбанистички план за „Централно зеленило покрај река Вардар–Парк 2“, „Амадеус груп“ понуди 5.000 денари по метар квадратен или вкупно 20.450.000 денари. Почетната цена изнесуваше 61 денар за метар квадратен.
Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од наддавањето да ги уплати парите согласно постигнатата крајна цена, по што министерот за транспорт и врски склучува договор за оттуѓување на земјиштето. Со договорот, купувачот се обврзува во рок од 30 дена од потпишувањето на договорот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 12 месеци од тоа да обезбеди одобрение за градба на објектот, согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е оттуѓено.
Во спротивно, договорот еднострано ќе се раскине и 20 проценти од вкупната сума од отуѓувањето нема да се вратат на купувачот. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок не подолг од 6 години од добиеното одобрение. Доколку објектот не се изгради во определниот рок по вина на купувачот, договорот ќе се раскине и  ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од два проценти од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец. 

http://www.plusinfo.mk/vest/23552/Amadeus-grup-kje-gradi-hotel-vo-Centar-
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 21-Nov-2011 at 16:16

За која парцела се работи. Од веста неможе да се добие некоја слика. 

Тоест малку е контрадикторно со поставената фотографија и името на урбанистичкиот план, кој претпоставувам е во опфатот кај полигонот спроти ‘‘Градски‘‘, а и најлогично изгледа да е таму, таму се предвидени хотели, знам за еден веќе од претходно е откупена парцелата, оваа ќе биде втора ако не се лажам. Во тој случај остануваат уште една или две парцели за хотел во тој простор. Секако, можно е и да грешам.

Back to Top
Бомба View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Jun-2011
Location: DE
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Бомба Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 21-Nov-2011 at 16:23
Хотел Гранит е само еден од низата хотели на охридското крајбрежје кои водејќи се од желбите и потребите на холандските и белгиски туристи, најавени дека ќе доаѓаат од идната година, внесуваат нови содржини во својата понуда.

До април 2012 , хотел Гранит ќе добие голем и мал базен на отворено, џакузи, како и детски клуб во кој преку целиот ден ќе се врши анимирање на најмладите гости кои ќе престојуваат во хотелот.

- Изградбата на новите содржини секако произлегува од желбите и потребите на најавените гости, но истовремено и од нашата сегашна мотивираност да вложуваме, инвестираме, со оглед дека договорите со странските тур оператори се веќе потпишани, а се поголемиот број гости од странските земји станува реалност, вели директороот на хотел Гранит, Пере Кутаноски.

Желбите и потребите на странските туристи се различни, зависно од која земја доаѓаат, но речиси без исклучок тие бараат во рамки на хотелскиот комплекс каде ќе бидат сместени да има и базени на отворен простор, објаснува Миодраг Лега, директор на туристичката агенција Генералтурист- Охрид, која се јавува како партнер на тур- операторите ТУИ Белгија и ТУИ Холандија преку кои, од идната година, ќе се реализираат голем дел од најавените доаѓања на холандските и белгијските гости.

- Порано кога ќе разговарав со странските тур- оператори постојано го поставував прашањето- зошто е потребно хотелот да поседува базен кога се наоѓа веднаш до езерото. Сега повеќе не поставувам такви прашања. Иако некои барања за нас можеби звучат нелогично, доколку тоа од нас го бараат странските тур- оператори и гости, наша должност е да ги задоволиме нивните барања во што поголема мера, со цел тие да продолжат и понатаму да летуваат на охридското крајбрежје, нагласува Лега.

Претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески најавува дека реновирања, осовременувања и адаптации на хотелските капацитети ќе се вршат во голем број од објектите на охридската ривиера.

- Со самиот факт што се потпишани договори со странските тур- оператори во времетраење од две или три години, тоа дава поголема можност да одговориме на барањата на странските гости, да планираме за еден подолг период, да заработуваме и реинвестираме од приходот кој ќе биде остварен во осовременување на објектите, вели Танески.

Туристичките работници потенцираат дека освен што е неопходно да се внесуваат новини во хотелското сместување, неопходни се и дополнителни активности, како што се обуки на хотелскиот персонал за изучување на францускиот и холандскиот јазик. Некои од нив предлагаат да се организираат курсеви за изучување на овие јазици во зимскиот период, односно вон туристичката сезона.

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=36284
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 22-Nov-2011 at 10:38
Албанската „Амадеус груп“ ќе гради „барокен“ хотел под Кале

Министерството за транспорт и врски продаде две парцели на левиот брег на Вардар во Скопје, непосредно под американската амбасада, опфатени со ДУП „Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2“. Се работи за градежно земјиште кое беше огласено за продажба минатиот месец со почетна цена од 61 денар за квадрат, а е наменето за изградба на хотел и катна гаража.

dobro, ne mi e jasno sto e rabotava so hotelive, ko rim da sme. site sakaat hoteli da gradat ... metropol sakale hotel da bide, duri i san marko go barale za hotel a e proektiran za banka i se naoga megu 2 ogromni hotela.... ne mi e jasna manijava po hoteli, ako ima nekoj logicno objasnuvanje ke mi pomogne....
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 22-Nov-2011 at 13:46
Originally posted by FoSsiL

За која парцела се работи. Од веста неможе да се добие некоја слика. 

Тоест малку е контрадикторно со поставената фотографија и името на урбанистичкиот план, кој претпоставувам е во опфатот кај полигонот спроти ‘‘Градски‘‘, а и најлогично изгледа да е таму, таму се предвидени хотели, знам за еден веќе од претходно е откупена парцелата, оваа ќе биде втора ако не се лажам. Во тој случај остануваат уште една или две парцели за хотел во тој простор. Секако, можно е и да грешам.

Точно Фосил, се работи за реонот од другата страна на стадионот, кај полигонот. Не е втора туку е трета продадена парцела за хотел, а вкупно се пет.

За жал ДУП-от не е поставен на веб-сајтот на општина центар.


Edited by Cloverstack - 22-Nov-2011 at 13:47
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 22-Nov-2011 at 19:33

Барок и (не)култура крај Вардар
вторник, 22 ноември 2011, 17:26
Се јавија компаниите- инвеститори кои треба да градат хотели и катна гаража крај Вардар, под Американската амбасада. Албанската „Амадеус Груп“ со првична информација и фотографии.Ги соопштија нивните планови за инвестирање во Македонија. Но, повеќе информации ветија кога и официјално ќе го потпишат договорот откако вчера победија на јавното наддавање. Во прилог пратија и илустрација од хотел на кој веќе работеле во Тирана.

- „ Ние сме специјалисти за барок и веќе градиме еден хотел во Тирана во овој стил кој чини 35 милиони евра. Хотелот во Скопје ќе биде можеби најубав на Балканот па и пошироко“.- информираше генералниот директор на компанијата Бесим Елшани.

Од „ 3Д Теам Инвест“, фирмата на екс- директорот на државните нафтени резерви, Марјан Јованов, одговорија со навреди. На контакт електронската адреса на фирмата на Јованов, впишана на централниот регистар, Алфа вчера праша:

- „ Почитуван г. Јованов

Ве контактирам бидејќи вашата компанија победи на јавното наддавање за изградба на катна гаража во Центар, поточно во просторот покрај Вардар кој се наоѓа под американската амбасада. Претходно добивте уште две локации за хотел, едната како физичко лице а другата под компанијата 3Д Тим Инвест. Бидејќи вкупно се работи за голема инвестиција, Ве молам да одвоите време за една кратка изјава околу проектите и динамиката на нивна реализација“

Од истата адреса утрово стигна краток одговор, кој ќе оставиме сами да го прочитате:

„ Почитувани, Кога сте се е...е последен пат во задник?!?.“

Министерството за транспорт во изминатава година и неколку месеци продаде четири државни парцели покрај Вардар, под американската амбасада. Марјан Јованов победи на три јавни наддавања- две за земјиште за хотел и едно за катна гаража. Албанската „Амадеус Груп“ наддаде најмногу вчера, за парцела за хотел. Меѓу условите е и објектите да бидат во барок стил.

Александар Димитриевски

http://www.time.mk/read/d7866fac8e/1233e504b6/index.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 24-Nov-2011 at 15:35

Прв хостел од делукс-категорија

Нашата метропола го доби првиот хостел од делукс-категорија, лоциран во центарот на градот, зад Универзална сала. Сите соби на „Урбан хостел“ имаат вифи-конекција, клима и централно затоплување

Она што го одвојува хостелот од преостанатите вакви објекти кај нас е поттикнувањето интеракција помеѓу гостите, велат од хостелот. Така, еднаш неделно бесплатно се служат најпознатите македонски вина, се проектираат наши филмови, со што дополнително се промовираат македонската култура и традицијата. Клучните разлики меѓу хостел и хотел се пониските цени, неформалниот карактер, а понекогаш и социјалната димензија на гостите, кои имаат потреба од преноќиште на подолг рок.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112411934453&id=14&prilog=0&setIzdanie=22439
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 25-Nov-2011 at 01:48
постот е сменет малце додека не се добие официјален рендер.

Render od hotel na Amadeus group

Ovie se zemeni od videoto na time.mk

Spored rendereot ova izgleda како propisen "barok" objekt, ostanuva da se vidi nekoj oficijalen render od hotelot vo Skopje.






Edited by makonix - 25-Nov-2011 at 04:32
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 25-Nov-2011 at 02:35
WOW!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.430 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.