Author |
Topic Search Topic Options
|
xnx
Senior Member
Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
|
Quote Reply
#241 Posted: 10-Oct-2011 at 23:40 |
so volku najaveni katni garazi se nadevam deka KONECNO vo skora idnina ke se otstranat site vozila od trotoarite, slika sto ODVRATNO deluva kako vpecatok za skopje
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#242 Posted: 11-Oct-2011 at 23:26 |
Originally posted by xnx
so volku najaveni katni garazi se nadevam deka KONECNO vo skora idnina ke se otstranat site vozila od trotoarite, slika sto ODVRATNO deluva kako vpecatok za skopje
|
проблемот не е само во просторот за паркирање голем проблем е и самиот менталитет навикнат на бесплатно паркирање со паркинг место одбрано што е можно поблиску до дестинацијата (практично до г'з) треба внимателно да се разгледаат проблемите и наместо да се градат катни гаражи и да зјаат празни, треба да се направи стратегија, а и да се превземат поригорозни мерки за контрола на паркирањето се додека паркинзите се наплаќаат, а не се на соодветно место, со содветен капацитет и неправилното паркирање не се казнува, паркирањето на тротоар е тука за да остане... а и што може друго да се очекува кога паркирањето на тротоар во одредени предели се легализираше под име „зонско паркирање“
|
 |
xnx
Senior Member
Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
|
Quote Reply
#243 Posted: 12-Oct-2011 at 10:03 |
tokmu taka.. megutoa sve nekako se tesam deka edinstvena pricina zosto se tolerira parkiranje koj kaj stigne e bidejki realno nema kapacitet za site vozila... zatoa i se nadevam deka kako sto ke se otvaraat garazite ke se cistat regionite okolu niv... znam kakov ni e mentalitetot ama za sekakov narod ima lek... ako se saka... a toa so zonskoto i trotoarite e najgolema katastrofa... ziveam vo debar maalo i mi ide da zemam edna hebla i da fatam da krsham sve okolu mene
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#244 Posted: 12-Oct-2011 at 14:37 |
Решение за подземните гаражи до стамбените згради е доколку сака некој, а би сакал зашто е исплатливо да ги откупи сите гаражи и подруми и да го реновира тој просотр со што ќе ги бутне сите ѕидови измеѓу и ќе направи паркинг како и сите други подземни паркинзи. Така ќе се користат за паркирање, а не за зелка, а и ќе има кој да ги оддржува и да се отвараат нови бизниси.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#245 Posted: 12-Oct-2011 at 14:43 |
Originally posted by lslcrew
Решение за подземните гаражи до стамбените згради е доколку сака некој, а би сакал зашто е исплатливо да ги откупи сите гаражи и подруми и да го реновира тој просотр со што ќе ги бутне сите ѕидови измеѓу и ќе направи паркинг како и сите други подземни паркинзи. Така ќе се користат за паркирање, а не за зелка, а и ќе има кој да ги оддржува и да се отвараат нови бизниси.
|
Знаеш дека ова не ти е лоша идеја, без ѕидовите веројатно многу повеќе би имало мотив да се користат тие гаражи.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#246 Posted: 12-Oct-2011 at 14:51 |
Ова ми е само дел од таа идеја за депопуација на мал ринг, па зашто не и голем. Доле гаражи, нагоре деловен простор, раат и граѓани и бизниси.
|
 |
tonikostov
Senior Member
Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
|
Quote Reply
#247 Posted: 12-Oct-2011 at 15:01 |
во мојата зграда подземните гаражи многу ретко се користат, дури и од оние неколку сопственици. најчесто паркираат околу зградата, со што дополнително го оптоваруваат и онака малиот број паркинг места.
од друга страна, пак, и ги разбирам. најчесто во новите згради хидроизолацијата е лошо изведена, па како во околните, така и во мојата зграда - поголем е ризикот од оштетување на возилото во гаража, отколку на паркинг пред зграда.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#248 Posted: 12-Oct-2011 at 15:11 |
 Како и секој друг објект, и овие гаражи треба да се одржуваат. Фактот дека не постои сенс кај македонецот за заедничка сопственост како и на многу други места и тука доаѓа до израз. 30-40 години од кога се изградени просторите се ужегнати со влага, теми, смрдливи и во таква ситуација ретко кој сака да влегува и да ја паркира таму колата. Идејата која ја предложува ЛСЛ е одлична, бидејќи сум скептик дека куќните совети кои најчесто не се способни да ги менуваат сијалиците во влезот, би биле способни толку руинирани објекти да ги реконструираат за користење.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#249 Posted: 12-Oct-2011 at 15:18 |
Пошто немаме колективна свеста за такви проблеми, би ги надминале со индивидуална сопственост, зашто само констатирање на проблем и решавање на тој голем проблем бара многу повеќе време, кога имаме на дофат решение како што предложив. Дури и еден од ефектите е зголемен обрт на пари, до тамо може да се разгледуваат бенефитите. Граѓаните и така паркираат пред зграда, кој зонско кој не. А тука може и институциите да го стимулираат овој процес со промена на урбанистичките планови каде гаражите ќе ги сместат по дедна маркица, незнам дали тоа може така, но идејата ми е да може да се искорсти и да се повикаат идните сопственици на законот за комплетира на урбанистички маркици па да се изврши екпропријација во нивна корист. еве сега нешто вртат за окрупнување на земјоделски парцели, па нека земат некоја идеја од тамо.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#250 Posted: 12-Oct-2011 at 16:24 |
Originally posted by lslcrew
Пошто немаме колективна свеста за такви проблеми, би ги надминале со индивидуална сопственост, зашто само констатирање на проблем и решавање на тој голем проблем бара многу повеќе време, кога имаме на дофат решение како што предложив. Дури и еден од ефектите е зголемен обрт на пари, до тамо може да се разгледуваат бенефитите. Граѓаните и така паркираат пред зграда, кој зонско кој не. А тука може и институциите да го стимулираат овој процес со промена на урбанистичките планови каде гаражите ќе ги сместат по дедна маркица, незнам дали тоа може така, но идејата ми е да може да се искорсти и да се повикаат идните сопственици на законот за комплетира на урбанистички маркици па да се изврши екпропријација во нивна корист. еве сега нешто вртат за окрупнување на земјоделски парцели, па нека земат некоја идеја од тамо.
|
па и јас се сложив со твојов предлог. Инаку не би одел со толку комплицирани комбинации и вмешување на државата, доволно е да се најде јунак кој би инвестирал во ова. Реално, колку што јас сум информиран ваков гаражен/подрумски простор се цени од прилике на половина од цената на станбен квадрат онаму каде што се купува, или во превод во центар би чинело 500-700ЕУР за квадрат од тие гаражи + незнам кој би бил статусот на ходниците, заедничкиот дел....
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#251 Posted: 27-Oct-2011 at 18:02 |
|
 |
Superman
Senior Member
Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
|
Quote Reply
#252 Posted: 12-Nov-2011 at 19:47 |
Се работеше и денеска (во сабота) на катната кај Главна Пошта (некад ќе викаме кај панорамското тркало ако остане ДУП-от  )
|
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#253 Posted: 22-Nov-2011 at 01:49 |
Абер нема од изградба, а стартува со продажба

Градот нуди на продажба деловен простор во катните гаражи кои се' уште не се изградени
Деспина Трајковска
Градските власти
уште немаат абер од изградба на двете катни гаражи, а веќе почнаа со
продажба на дел од нив. Идниот месец ќе организираат лицитација за
продажба на дуќани со вкупна површина од 3.685 квадратни метри. Почетна
цена за квадрат ќе изнесува 2.000 евра, со што ќе си обезбедат најмалку
седум милиони евра.
Овие пари ќе ги искористат наменски, за
затворање на финансиската конструкција за доизградба на двата објекта,
која тежи повеќе од 20 милиони евра. Дел од парите веќе ги обезбедија,
така што подигнаа кредити, а делумно ја финансираат изградбата и од
тековниот буџет.
На продажба ќе биде понуден простор за кафуле
на три нивоа, за ресторан и други деловни простории. Повеќе деловен
простор ќе се продава од катната гаража кај „Беко“, вкупно 2.456
квадрати. Ќе се продаваат делови од приземјето и првиот кат, како и
простор од 234 квадрати на три нивоа, поделен на подземје, приземје и на
првиот кат. Овој дуќан ќе биде наменет за кафуле.
Во катната
гаража, пак, што се гради кај Цветен пазар за продажба се предвидени
1.229 квадрати деловен простор. Засега без конкретно определена намена
се нудат на продажба 784 квадратни метри на приземје, а останатите
квадрати се на последниот кат и се однесуваат на простор предвиден да
биде ресторан со помошни простории. На купувачите ќе им се даде можност
парите да ги уплатат на 12 рати.
За градоначалникот на Скопје,
Коце Трајановски, овој начин за прибирање дополнителни средства за
полнење на градската каса не е ништо ново. Вели дека на овој принцип се
работело во повеќе европски земји.
„Уште кога почнаа да се
градат објектите најавивме дека деловниот простор ќе го продаваме во
фаза на изградба, што е вообичаена практика во повеќе земји“, изјави
неодамна Трајановски.
Со оглед на атрактивноста на локациите тој
се надева дека цената на дуќаните ќе стаса до актуелните на пазарот.
Продажба на деловен простор во се' уште неизградена катна гаража наскоро
ќе организира и Општина Центар. Ќе продава простор во наменскиот објект
што се гради во близина на МРТВ.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0BDC77C345E9DC4F847053D3D7C72B1E
|
 |
4skopje
Senior Member
Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
|
Quote Reply
#254 Posted: 22-Nov-2011 at 09:22 |
,,Градските власти
уште немаат абер од изградба на двете катни гаражи,, Ме иритираат вакви натписи и ми иде новинаркава под рука и кај двете гаражи. НЕ БИЛЕ ПОЧНАТИ. Кај МТВ втор спрат се дига, оваа кај Плаза толкави темели ставија и ископаа и секој ден бетонираат.Стварно незнам што да речам.(освен да не и биде дозволено да се паркира кога ке бидат готови,ако уопште има кола  )
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#255 Posted: 24-Nov-2011 at 15:36 |
Влезот поместен, катната гаража ќе се гради напролет
Пратениците
се бунтуваа со став дека не може во дворот на висока институција да се
гради ваков објект, но концесионерот и Градот нашле компромис со тоа што
го поместиле влезот на гаражата за 25 метри во правец на кино „Kултура“
В година во април ќе почнат градежните работи за
катната гаража кај Собранието на Македонија, најавува директорот на „Мак
оил“, Мите Јовановски, чија фирма лани го доби плацот на 20-годишна
концесија, со годишна закупнина од околу 27.000 евра.
Градбата
досега не започна да се реализира поради, како што вели Јовановски, спор
за безбедноста, и тоа меѓу Собранието на Македонија и градската власт
околу сообраќајното решение.
Kако што е познато, уште кога беше
потпишан договорот со „Мак оил“, народните избраници укажаа на овој
момент. Нивниот став беше дека ваков објект не смее да се гради во
близина во дворот на Собранието на само дваесетина метри оддалеченост од
зградата бидејќи сепак се работи за институција во која работат или
високи функционери, пратеници, министри, премиерот, но и домашни и
странски делегации.
Подземна улица за опслужување на неколку објекти
Според
Јовановски, Градот извршил промена на сообраќајното решение така што
влезот на катната гаража не е повеќе пред парламентот, туку е поместен
за 25 метри во правец на кино „Kултура“
- Од Градот ме
информираа дека урбанистичкиот план е усвоен. Се надевам дека проектот
ќе биде готов за 10 дена, а потоа ќе ги добиеме условите за градба -
изјави Јовановски.
Во меѓувреме Градот ја започна постапката за
изградба на подземна пристапна сообраќајница за катната гаража на
улицата Даме Груев. Веќе е распишан оглас со кој по пат на електронска
аукција ќе се бара најповолниот изведувач. Понудите треба да се достават
најдоцна до 20 декември годинава.
Раководителот на секторот за
планирање и уредување на просторот, Мичо Поповски, објасни дека станува
збор за влез и за излез на катната гаража, но ќе служат и за други
објекти.
Над гаражата - зеленило
- Тоа се неколку
краци, кои ќе ги опслужуваат и ТЦЦ „Плаза“, и Министерството за
финансии, како и катната гаража што Градот ја гради веднаш до Лотарија
на Македонија. Секој објект треба да има влез кон оваа катна гаража и во
зависност колку ќе биде оддалечен од неа, толку ќе биде и должината на
кракот, 80 или 50 метри -објасни раководителот Поповски.
Подземната
гаража на „Мак оил“ е предвидена да биде на три нивоа и ќе биде
достапна за користење на сите граѓани. Таа ќе биде со капацитет за околу
266 возила. Над неа ќе има парковско зеленило, потенцира Јовановски.
Доколку
со изградбата се почне навреме, планирано е да биде готова кон крајот
на август в година. Реализацијата би чинела 3 милиони евра.
За тоа колку ќе чини паркирањето Јовановски истакна дека е рано да се зборува, но дека ќе зависи од билетите на околните гаражи.
-
Ако во ГТЦ паркирањето е 40 денари, тогаш и овде ќе биде таа цена, во
спротивно ако е повисока, нема да сака никој да се паркира овде - рече
сопственикот на „Мак оил“.
Ова е втор објект од ваков тип што
„Мак оил“ го гради во центар. Првиот е катна гаража кај Универзитетска
библиотека „Свети Kлимент Охридски“.
За неа Јовановски очекува да
биде пуштена во употреба во април в година. Во меѓувреме се надева дека
градската власт ќе му дозволи да ја зголеми катноста, а со тоа и
капацитетот за уште 80 возила наспроти зацртаните 250 места.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EFD8E4BED030DC4BA91CC22C090F53C6 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#256 Posted: 12-Dec-2011 at 00:21 |
Градилиштето на катната гаража го проголта тротоарот
Градилиштето кај Работнички универзитет се прошири и на коловозна летна од улицата „Војвода Васил Аџиларски“
Градежниот простор на новата катна гаража што се гради на површина од 23.000 квадратни метри пред Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, веднаш спроти ТЦ „Соравија“ се прошири и на дел од сообраќајната
лента од улицата „Војвода Васил Аџиларски“. Се срушија препознатливите
трафики. За потребите на гаражата се премести автобуската постојка на
локација спроти некогашната бензиска кај ГТЦ, а градилиштето го затвори и
тротоарот. Сега нема место за такво нешто,
па минувачите и возилата се принудени да користат иста коловозна летна.
Граѓаните секојдневно мора да отвораат „четири очи“ на сметка на
личната безбедност, а возачите мака мачат со сообраќајниот шпиц.
Од
АД „Бетон“, изведувачот на катната гаража вредна 8 милиони евра, не
добивме повратен одговор за деталите околу дозволата за проширување на
градежниот простор до улицата „Војвода Васил Аџиларски“. Ниту дали
проширувањето беше првично планирано и утврдено или, пак, ваквите
измените дојдоа по отпочнување на градежните работи.
Општинарите
од Центар ни потврдија дека изведувачот „Бетон“ и инвеститорот Јавното
претпријатие за станбен и деловен простор градежните работи за катната
гаража ги изведуваат согласно издаденото одобрение за градење.
„Ова одобрение Општината го издала согласно
предвидената градежна парцела во Деталниот урбанистички план. По
извршениот увид од страна на градежниот инспектор на општина Центар,
констатирано е дека инвеститорот гради согласно добиеното одобрение, односно, не отстапува од истото“, соопштуваат
од Општина Центар, додавајќи дека немаат никакви надлежности во однос
на поставување и менување на локациите на автобуските постојки.
Инаку, катната гаража, која се очекува да биде завршена за две години, ќе се состои од две ламели, подземно ниво, приземје, пет ката и капацитет за 516 паркинг места. (Б.Ш.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3630CD369EA2124BA071876958DA65AF
|
 |
xnx
Senior Member
Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
|
Quote Reply
#257 Posted: 12-Dec-2011 at 10:56 |
vo skopje koga se gradi nesto celata okolina izgleda ko da proslo cunami... eden den ke ni se smeat za ova...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#258 Posted: 12-Dec-2011 at 16:39 |
Се срушија препознатливите
трафики. |
Поетика!
|
 |
tomi_z
Senior Member
Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
|
Quote Reply
#259 Posted: 12-Dec-2011 at 17:04 |
Originally posted by lslcrew
Се срушија препознатливите
трафики. | Поетика!
|
Јас би рекол, патетика. Ама дека таму е хазард да се помине, верувајте, хазард е. Секој ден поминувам, се оди баш на десната лента. Како до сега некој старец не завршил под камион, чиста среќа!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#260 Posted: 16-Dec-2011 at 16:39 |
Ајде пак жалопојки, па ова место е едно од оние каде што највеќе е потребна катна гаража.
Kатна гаража висока 29 метри ќе се гради зад Буњаковец
Новите измени и дополнувања на Деталниот урбанистички
план „Буњаковец 1“, кои предвидуваат зголемување на
висината на објектите од 15 на 16 метри, односно приземје,
четири ката и поткровје, но и нова проекција за 29-метарска
катна гаража во близина на ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“,
предизвика незадоволство и жестоки реакции кај граѓаните
што живеат во овој дел од градот. Изградбата на оваа гаража е
условена со уривање објект за кој сопствениците имаат
комплетна документација, а во тек е откупот на неговото
дворно место. Речиси сите граѓани што присуствуваа на
денешната јавна презентација на ДУП-от се согласни дека
основната цел на овој план е узурпација на катастарски
парцели и на приватна сопственост, само за да се задоволат
некои лични интереси, без да се води сметка за урбанистички,
но и за животни стандарди. Најголемите забелешки во
однос на новите решенија на планот, кои граѓаните ги
посочија, се во насока на дехуманизација на просторот,
супстандардни можности за живот што се должи на лошата
инфраструктура, тесни улици, голем недостиг од места за
паркирање и лоша станбена изолација поради густо
поставените објекти кои се залепени едни до други. Згора
на тоа, наместо да се намали дозволената висина на
градбите, според новите измени, таа се зголемува за еден
метар. - Имам чувство дека воопшто не се води сметка за
ништо, освен за градење. Ова не е урбанизам, не се почитува
сопственоста, а тие што се надлежни за донесување
урбанистички решенија, изгледа како никогаш да не излегле
на терен. Тоа што се случува со нашата населба е ужас. Не дај
боже, да треба да дојде возило на Пожарна или на Брза помош,
нема да може да помине по тесните улици. Насоката што го
предвидува развојот на населбава води кон една цел, а тоа е
да нѐ принудат да се иселиме од тука. Навистина, не гледам
пологичен одговор на сето тоа - коментира жителка од овој дел
на градот. Според планерката Лидија Андреевска, новото
решение на урбанистичкиот план е 90 отсто пресликано од
претходните планови за Буњаковец 1, изработени во 2000 и во
2003 година. Според вградената конзерваторска основа,
утврдени се и неколку објекти кои се ставени под заштита, а
потврдени се и две катни гаражи. http://www.plusinfo.mk/vest/26723/Katna-garazha-visoka-29-metri-kje-se-gradi-zad-Bunjakovec |
|
 |