![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 30> |
Author | ||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Официјалниот веб сајт на Јужен Поток е обновен, дизајнот е поинаков и има нова мапа на гасоводот.
http://www.south-stream.info/?L=1 Според новата мапа, Јужен Поток нема да поминува низ Грција, ниту ќе се пушта крак од Бугарија кон Грција. Исто така, според новата мапа, Јужен Поток нема да поминува ниту низ Хрватска, но ќе бидат пуштени краци од Србија кон Хрватска и кон Република Српска. Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија остануваат исклучени од Јужен Поток, иако неофицијално, се разгледуваат можностите за пуштање крак од Бугарија кон Македонија и за пуштање крак од Србија кон Црна Гора, истовремено заобиколувајќи го Косово. ![]() На новиот веб сајт на Јужен Поток, меѓу сликите кои се прикажуваат на почетната страница, прикажана е и црквата Свети Јован Канео од Охрид со наслов: INTERNATIONAL COOPERATION South Stream is a project of Europe-wide significance and scale Lake Ohrid, Macedonia ![]() Но и на новата мапа на Јужен Поток, исто како и на старата мапа на Јужен Поток, не е пуштен никаков крак кон Македонија. Edited by Dexter26 - 14-Nov-2012 at 14:38 |
||
![]() |
||
tonikostov ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
![]() ![]() |
|
Ставревски објави дека наводно го ревидирале преддоговорот со Газпром и забелешките им ги пратиле назад. Наводно, сигурно е дека гасоводот ќе се гради во Македонија, но само како крак...
Многу контрадикторни информации деновиве. Веќе на ништо не верувам! ![]() |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
додека не се потпише договорот ништо не е сигурно,и дотогаш неможи да се прикажи РМ на картата на Газпром.На мапата се земји со кои се има постигнато договор,ние сеуште го немаме потпишано
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Исто така, според новата мапа, гасоводот Јужен Поток нема да поминува ниту низ Романија, како што беше планирано според старата мапа, ниту ќе се пушта крак од Бугарија или од Србија или од Унгарија кон Романија. А ако нашинците се фалат со преддоговори, тогаш воопшто не треба да обрнуваме внимание на тоа што го говорат. И јас потпишав преддоговор за студирање кога се запишав на факултет, но во самиот преддоговор пишуваше дека доколку не бидам прифатен како редовен студент, тогаш преддоговорот е неважечки, се поништува, а на мене треба да ми биде вратен назад делот од партиципацијата што предвреме го уплатив. Па така и Газпром слободно може да куртули од нас кога сака, тие веќе куртулија од Грција, низ која требаше да поминува траса која требаше да ги снабдува северна Грција и јужна Италија, а можеби и јужна Албанија со руски гас, ако се отарасиле од цела една траса, тогаш сигурно се подготвени да се отарасат и од крак кон Македонија. Edited by Dexter26 - 14-Nov-2012 at 19:37 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Ако сме паметна и нормална држава, ќе лобираме заедно со Албанија за јужниот крај од гасоводот кон Италија да поминува низ нашата земја. И така Коридор 8 поминува низ нашата земја, мислам дека можеме да ја продадеме приказната, треба уште албанците да се заинтересираат.
|
||
![]() |
||
Tiveriopol ![]() Newbiе ![]() Joined: 18-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Мене знаете ли што ми е интересно кога за Хрватска се дозна дека нема да биде земја низ која ќе транзитира Јужен Поток туку останува само со крак Хрватските медиуми и политичари рекоа не сме дел од Јужен поток тоа е голем наш неуспех.
Додека наштие медиуми и политичари кога за Македонија не е сигурно ни дали ќе има еден крак за свои потреби гордо велиме дел сме од Јужен Поток. Овој постоечкиот гасовод велат се користел од наша страна само со 10% но проблемот е таму што има некој сопственички проблеми бидејќи некој предходни политичари имат направено ``добра зделка`` |
||
![]() |
||
Cifra ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 25-Feb-2009 Online Status: Offline Posts: 85 |
![]() ![]() |
|
Со работењето на ТЕ-ТО искористеноста веќе е многу поголема. Капацитетот на постоечкиот магистрален гасовод е 800 милиони m3 гас годишно, пред ТЕ-ТО се користеа 80 милиони m3 а сега колку што ми е познато ТЕ-ТО би требало да користи дополнителни околу 250 милиони m3 гас годишно. Значи веќе скоро пола од капацитетот е искористен а гасификацијата тек треба да почне. Проценките се дека во 2030 Македонија ќе користи 2,5 милјарди m3 гас годишно и затоа ни е потребен уште еден гасовод. |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Тој постоечки магистрален гасовод воопшто не е поврзан со домаќинствата, кои треба да бидат негови најголеми потрошувачи, бидејќи со нивни пари е платена неговата изградба. Но вистинскиот проблем е во тоа што ни самите домаќинства не се подготвени за гасификација, дури и да биде пуштен крак од Јужен Поток кон Македонија, сепак домаќинствата нема да бидат поврзани со истиот тој крак, од наједноставна причина, бидејќи не е изграден ниту еден гасен прстен во и околу македонските градови, со исклучок на Струмица и Куманово кои поминуваат низ процес на гасификација. Поинтересно, позабавно, и пред се, побрзо можеме да ги фрлиме парите на споменици и на административни згради, отколку да ги инвестираме во гасни прстени, а се додека продолжуваме по ваквиот пат, ни Јужен Поток ни ништо нема да им донесе гас на македонските домаќинства. Edited by Dexter26 - 15-Nov-2012 at 13:26 |
||
![]() |
||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
|
Домакинствата не са големите потрошувачи на природния гас. Индустриjaта е големиот потрошувач. |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() За жал тоа е точно, додека во реалност треба да биде поинаку, треба домаќинствата да бидат приоритет, бидејќи претежно со нивни пари е плаќана изградбата на тој постоечки магистрален гасовод. |
||
![]() |
||
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
|
Македонија ќе се приклучи на Јужен тек преку Бугарија
Никола Крстиќ Рускиот гас во Македонија ќе дојде преку Бугарија. Оваа е најверојатната траса за вклучување на земјава во проектот Јужен тек, потврдуваат од централата на „Газпром“ за МРТ. „Основната опција е организација на снабдувањето со гас од територијата на Бугарија. Во физибилити студијата подготвена од Газпром беа разгледани и алтернативни опции“, изјави за МРТ Маргарита Меликјан од Директоратот за информирање на „Газпром“. Македонија нема да биде транзитна земја, но ќе биде краен корисник преку посебен крак. Договорите за изградба на главната траса се веќе потпишани, велат во „Газпром“. „Со оглед на тоа што во ноември 2012 компаниите кои учествуваат во проектот ја потпишаа финалната одлука за инвестирање и за копнениот и за морскиот дел што минува низ териториите на повеќе европски држави, приклучувањето на Македонија е можно во фазата на инвестирање“, изјавија за МРТ претставниците на Газпром. Изградбата на главниот цевковод кој тежи 15 милијарди долари почнува на 7 декември. Првите количества гас ќе бидат испорачани во 2015-та. Непосредно пред стартот, компанијата ги промени плановите и се откажа од вклучување на Грција и на Хрватска во проектот. Од друга страна, Македонија иако првично не беше планирана издејствува да фати приклучок. Нацрт – спогодбата со Русија беше потпишана во јули. „Вклучувањето на Македонија во Јужниот тек ќе ја зголеми енергетската сигурност на земјата и ќе го подобри начинот на живот на граѓаните”, изјави Максим Александрович Травников, заменик-министер за регионален развој на Руската федерација (4.7.2012). Гасоводот ги преплетува и економските и политичките интереси. Вашингтон загрижен за можното ширење на руското влијание. Помошникот - државен секретар вчера порача дека земјите кои се зависни од еден снабдувач може да станат и политички зависни. Според премиерот вклучувањето на Македонија може да има само позитивни ефекти. Цела Европа добива гас од исто место, Русија, вели Груевски. Се работи и на подготовките за изградба на националниот систем. Меморандум за соработка беше потпишан со „Стројтрансгас“ којшто треба да употреби 60 милиони евра од рускиот клириншки долг за изградба на системот во земјава. Дополнителни 15 милиони ќе бидат одвоени од државниот буџет. http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/67521/makedonija_kje_se_prikluchi_na_juzhen_tek_preku_bugarija.aspx |
||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Сега ќе објаснам зошто мислам дека ова се прикани за мали деца и целно манипулирање на јавноста. Прво сакам да подцртам две клучни работи: 1) На Македонија не и треба гасовод за краен корисник, туку и треба транзитен гасовод барем кон некоја земја заради наплатување на транзитни такси! Овие пари би оделе во буџетот. На нас не ни треба нов гасовод, паралелен на сегашниот, кој се користи само на 10% од својот капацитет. 2) Хрватска и Грција беа вклучени во проектите за транзитни гасоводи и нивното губење се разбира е пораз и загуба за тие земји. Македонија никогаш не била и не е дел од Јужен поток, дајте да стане јасно еднаш за секогаш. Денеска во Софија беше потпишан договорот за Јужен поток со Бугарија, како последна земја со која беше потпишан договор. Македонија никаде не се споменува и нема да се спомене бидејќи нема потреба. Понатаму: 3) Еве еден скрин од БНТ за трасата на гасоводот на територијата на Бугарија. Како што се гледа на сликата. Јужен поток целосно ќе поминува на северот од земјата, нема ни близу да поминува до Софија. Тоа значи дека ќе биде оддалечен околу 300-400 километри од нашата територија, што ја прави изградбата на кракот кон Македонија уште поневеројатно. Тоа би било поврзано со уште поголеми трошоци за Газпром, со никаква јасна цел: како што кажав Македонија користи само 10% од сегашните капацитети и нема да биде транзитна земја за трети пазари! Влезот на Јужен поток при Варна, односно Компресорска станица Галата 1: ![]() Трасата на Јужен поток низ Бугарија, на околу 300 километри од границата на Македонија: ![]() 4) За нас е од далеку поголема важност да се изградат внатрешните магистрални гасоводи (како деј од Клириншкиот долг), односно мора да се забрза исполнувањето на договорот со Стројтрансгаз! Така би можело да го користиме во поголема мерка постоечкиот гасовод од Бугарија. 5) Груевски е докажан манипулатор и незналица - Македонија нема да стане енергетски понезависна, туку уште позависна од Русија и рускиот гас бидејќи со изградба на евентуален крак од ЈП кон МК сиот гас ќе се добива од Газпром. Видовме какви последици има тоа при запстрување на односите пред неколку зими кога Европа остана на темно и ладно! И баш заради тоа сите земји во Европа и ЕУ се стремат кон намалување на делот на зависност од рускиот гас. Така што е срамота Премиер да плешти вакви будалаштини - значи нема осет, знаење и претстава што се случува во реалниот свет кој го опкружува! |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Не знам дали сега си во Македонија, а ако не си, не знам кога последен пат си бил во Македонија, Андреј. Приказните за мали деца кои ги раскажуваат македонските политичари се секојдневие за една мала, сиромашна и неразвиена држава. И не заборавај дека наредниве 5 месеци ќе се изнаслушаме секакви приказни и ветувања, бидејќи наредните редовни локални избори треба да се одржат во март 2013. Краците на Јужен Поток се јасно прикажани на новата мапа на гасоводот, има 2 крака, едниот кон Хрватска, а другиот кон Република Српска, тоа е јасно како ден, исто како што е јасен како ден фактот дека на таа нова мапа НЕМА КРАК КОН МАКЕДОНИЈА. Edited by Dexter26 - 15-Nov-2012 at 22:31 |
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
![]() постојат и такви варијанти,а имаше разговори преку јужен ток да се затвори клириншкиот долг што го има русија кон македонија,но тука и бугарите се посреди кои комотно заради свои икс причини безбедносни,геополитички,економски итн. да условувале со компромис околу рутата
![]() |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() За Јужен Поток барем читнав пред некој ден кога беа потпишани договорите со Србија и со Унгарија дека остануваат отворени можностите за пуштање краци кон Македонија и кон Црна Гора. А за Набуко никаде, ама баш никаде не сум читнал или слушнал да се спомне Македонија како транзитна држава или како држава кон која би бил пуштен крак. Набуко е гасовод за кој е планирано да поминува низ држави членки на НАТО и на ЕУ, а Македонија, Србија и Црна не се членки ниту на НАТО, ниту на ЕУ. А и згора на се, на мапата која ја објавуваш, е прикажано како Набуко поминува низ Југославија, држава која од поодамна не постои. Edited by Dexter26 - 15-Nov-2012 at 22:37 |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Сакам да се осврнам на глупавата и полтронска игра која ја игра Македонија. Ние наместо да се тртиме и пупиме безусловно на Газпром (и подобни фирми ви било кој сектор на економијата), треба пред се да ги гледаме нашите ползи и да ги заштитиме нашите интереси. Се разбира ова не смее ниту треба да биде на уштрб на туѓиот интерес, но треба да се покаже дека сме држава и да се разбереме за двостран интерес.
Имено, денеска не случајно беше потпишан договорот со Бугарија последен. Бугарија го условуваше потпишувањето на договорот за транзит на ЈП преку нејзината територија со голем попуст и намалување на цената на гасот во земјата. Иако од Газпром велеа дека нема да се согласат на повеќе од 11% намалување на цената во однос на сегашната, сепак земјата издејствува фантастични 20% намалување. Со тоа Бугарија ќе добива гас на една од најниските цени во Европа што ќе резултира со подобра конкурентност на индустријата, како и намалување на сметките за парно греење во сите градови на земјата. Така, наместо досегашните 391$ за 1000 кубни метри, земјата ќе плаќа само 313! За споредба Македонија плаќа по 462$, а Србија фантастични 490$ за 100 кубни метри гас, што е сериозна разлика. Тоа ќе доведе до 300 милиони долари помалку трошоци за земјата на годишно ниво, кои до сега се одлеваа за покривање на енергетските нужди од увоз. И тоа згора на огромните транзитни такси, кои ќе ги зима Бугарија, како главен сегмент во Јужен поток, со најголема должина на цевките низ нејзина територија споредбено со другите учесници во проектов - над 530 километри. Мапа за цените на рускиот гас во Европа по држави: ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Ќе те замолам да не ја нарекуваш таа полтронска игра на Македонија, ќе те разберам ако ја нарекуваш полтронска игра на македонските политичари, но нивните приказни за мали деца ги раскажуваат исклучиво во Македонија, бидејќи се свесни дека не можат да му ги продадат на никого надвор од Република Македонија, со други зборови кажано, тие приказни за мали деца не ги раскажува Република Македонија, туку ги раскажуваат македонските политичари. А кога сме кај поевтинувањето на гасот за Бугарија, тоа не мора да значи дека ќе биде трајна мерка, можеби целта на Газпром била потпишување на договорот по секоја цена, а откако гасоводот ќе работи со полн капацитет во 2018 година, Газпром слободно ќе може да ги смени цените, не заборавај дека станува збор за руска фирма која е под државна контрола на Русија, а чесни и достоинствени политичари кои се држат до дадениот збор јас лично досега не сум видел или слушнал. Edited by Dexter26 - 15-Nov-2012 at 22:44 |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Не ми е јасно што сакаше да кажеш во овој пост, но целиот е погрешен: 1) Прво и основно е што Набуко е проект на ЕУ кој цели намалување на зависноста на Европа од рускиот гас. Токму затоа овој гасовод ќе поминува само и исклучиво преку земји членки на ЕУ. Така што полтронска Србија (кон Русија се разбира) не доаѓа во обзир за трасата на Набуко. Македонија пак уште помалку затоа што нема таква потреба. Патот од Истанбул до Виена не поминува ниту приридно, ниту географски низ Македонија. Значи Набуко заборавете го. трасата на Набуко: ![]() трасите на Набуко (ЕУ) и Јужен поток (Русија) и Северен поток (Русија-Германија): ![]() 2) Клирингшкиот долг никогаш не е планирано да се покрива со изградба на Јужен поток (за кој одговара Газпром), туку за продолжување на магистралниот гасовод низ Македонија за внатрешните потреби (за што одговара Стројтрансгаз). Значи да не се мешаат работите под притисок на манипулациите и незнаењето на нашите политичари! Јужен поток е транзитен гасовод за Европа, а не е наменет за потрошувачите во змејите низ кои транзитира. 3) Нема ама баш никакви индикации да имаме проблеми со Бугарија во врска со гасот. Прво ние веќе 20 години добиваме руски гас преку Бугарија и никогаш не сме имале проблеми! Проблемите се кај нас заради спорот Макпетрол вс. ГАМА. Второ на Бугарија и одговара што поголеми количества да транзитираат преку нејзината територија бидејќи тоа значи прилив на чисти девизи во буџетото од транзитните такси. Трето доколку Газпром и Македонија се договорат, Бугарија нема ама баш никаква улога и механизми за манипулација, проблемот е што нема потреба тоа да се случи - на Македонија не и треба нов гасовод кон Бугарија, туку ширење на внатрешната мрежа. Се разбира ова важи доколку Македонија не е транзитна држава, а тоа така ќе се задржи. Албанија има заеднички проект со Италија и Грција за гасовод Бари - Драч - Тирана - Солун кој целосно ќе ги покрива нуждите и! |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Декстер, политичарите (или подобро кажано властите) се олицетворени и претставника на дадена држава во светот. Така што кога ќе се каже политика на некоја држава се подразбира дека тоа е политика правена и заштитувана од политичарите. Безпредметно ситничење од твоја страна. Под оваа критика мислев полтронството на нашите политичари, кои би се согласиле на се, само да кажат кај нас дека нешто договориле и ќе се гради. Без притоа да се води сметка за долгорочните интереси на земјата како што за тоа се борат и успеваат други држави. Што се однесува за Бугарија, би ти рекол дека во меѓународните односи кои се силно правно регилирани има ред и договорите неможат да се поништат со нула! Ако толку те интересира, ќе ти објаснам што е вклучено во денешниот договор помеѓу Газпром и Бугарија. Договорот е потпишан на 10 години, односно со формулата 6+4. Тоа значи дека Газпром во следните 10 години нема да смее да ја менува цената на гасот за Бугарија, додека Бугарија може да побара менување на количествата испорачан газ после 6тата година. Ова се прави со цел да се допушти можност после 6 години да се промени количлеството испорачан гас пред се затоа што Бугарија моментално инвестира огромни средства во своите извори на гас. Затоа се проценува дека за 6 години земјата ќе биде делумно независна од рускиот гас и затоа се остави оваа вратичка за можна промена на договорот и тоа само од страна на Бугарија. А јас би ти кажал ти да не забораваш дека доставките за гас и општо енергенси не можат да се потпишуваат за 100 години напред заради големата флуктуација на пазарите. Договор од 10 годишна важност и тоа со можност за промена доколку тоа на Бугарија и одговара е одличен договор! Како и да го погледнеш, ова е огрмона победа за Бугарија бидејќи поволностите за земјата се огромни! Edited by Andrej_LJ - 15-Nov-2012 at 22:59 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
што има јас да кажувам мапата ти кажува,односно дека уште од времето повеќе варијанти се во игра,а на крај преговорите,условите,сојузниците се тие кои диктираат што како ќе потпишат,останатото што кому му се сонило или ќе си надроби тоа е друга работа,та чим грците не им се исплатлива што па ние,а дека сами ќе фрлиме камен за нов крак до бугарија тоа тешко,може од србија да пуштат да оди еден кон македонија и грција понатака?! едит:
Edited by +Protagorist - 16-Nov-2012 at 20:17 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |