build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Илинден

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 23-Apr-2010 at 23:09
Градоначалникот Трајановски рече дека градските служби особено внимавале на тоа семејството да не биде оштетено и затоа им доделиле станови со многу поголема вредност од куќата што се руши.

Не ми е јасно што сака да каже градоначалникот со оваа изјава. Дека свесно ја оштетиле градската каса?
Дополнително, ваквата (барем декларирана) великодушност не е баш наша пракса... Зарем на едни се штеди за средствата да бидат пренасочени кон други? Би било убаво Коце да се дообјасни зошто институциите за некого да бидат мајка, а за некого маќеа.


Edited by Cloverstack - 23-Apr-2010 at 23:10
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 23-Apr-2010 at 23:58
Previous
 
И веројатно немаше појма да имаме за недомаќинсково расфрлање со пари на граѓаните, доколку Коце немаше потреба јавно да ја истакне својата великодушност, само и само заради стекнување на некакви симпатии виза ви рушење нечив дом.
 
За што бе емоции. Живееле у руина, сеа има 3 стана!
 
Каква е таа потреба од глумење лудило, ќе обештетиш толку колку што треба/вреди па макар и да договорот бил таков (за повеќе од нормалното).
 
Ама изјавава е убитачна. Да работеше у некоја фирма, ќе добиеше отказ инстант.  
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 29-Apr-2010 at 22:39
1


2


3


4


5


6


7


8


9

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 30-Apr-2010 at 00:03
Луѓе, јас повторно гледам дека голем дел од оградата е урнат. Овојпат не би рекол дека сама паднала (на толку голем појас).

Дали е теоретски можно да тој работникот не знаел што зборува кога ми кажа дека еден дел од оградата се срушил, ама ќе го изграделе пак?
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 01-May-2010 at 19:42
Супер напредуваат тука, гледам се работи со брзо темпо,зошто ова е една од најважните градски сообраќајници. Само ме интересираат неколку работи, па некој ако знае нека ми објасни.

1.Дали потегот кој што се работи сега кога ќе биде завршен ќе биде пуштен за сообраќај или веднаш ќе се прави и делот до влада? Малку лошо би било кај раскрсницата кај Фонтана од две да се преминува во една лента

2. Дали овие бараки што се од десна страна на Илинденска се на општина Центар или на АРМ? Ептен би било добро кога и тие бараки би ги немало, па би имале велосипедска патека + зелен појас и од десна страна

3.Дали има најави(дати) кога се ќе средуваат 1виот дел(од Фонтана до Влада) и 3тиот дел(ул.Рузвелтова до раскрсница со 8ми Септември?

Може за овие прашања имало предходно во некои од најавите, ама јас барем набрзина кога ги проаѓав не успеав да најдам вакво инфо
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 01-May-2010 at 21:57
Освен бараките на центар, има и матична служба што е на град Скопје, понатака нешто на други служби, подрачни единици на министерства. На кратко, државни служби.

Инаку во неделата пројдов од тука кај бараките на општина центар и немаше никаква активност. Ме зачудува темпото, од една страна изгледа може би брзо, од друга страна па не изгледа така.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 11-May-2010 at 15:02
Вчера поминувајќи покрај бараките сфатив што всушност прават со оградата. Отприлика половина, оној дел што е накај фонтана, беше малце поиздаден накај улицата. Само тој дел е срушен, и веројатно само ќе го повлечат малце поназад, ќе го израмнат со останатиот. Инаку комплетниот тротоар од јужната страна е срушен. Кога ќе завршат, ќе го обноват тротоарот, но ќе биде потесен. Од страната на бараките ќе нема тротоар воопшто.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 17-May-2010 at 15:30
Целата ограда ја срушија. Веќе немам намера ни да погодувам што ни зготвиле овде LOL










Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 17-May-2010 at 16:33
ОК, се гледаат контурите и јас барем сум задоволен за делот Фонтана-Рузвелтова. Идеално ќе беше да не се чепка страната од кај Општина Центар, но жртвата не е преголема.

За потегот од фонтана до влада пак не ми се допаѓа тоа што го гледам. Не дека претходно со паркираните коли имаше простор за пешаците, ништо чудно сега да остане и повеќе простор за нив во споредба со претходно. Но, профилот на улицата претходно ми беше посоодветен за овој простор.

Имаме дискутирано порано баш ме интересира како ќе се реши раскрсницата со Ленинова. Семафоризација ќе оди на живци но без семафори тек сега нема да може да се пресекува илинденска таму.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 24-May-2010 at 12:31
1. Од Рузвелтова

2.

3.

4.

5.

6. Еве го профилот на тротоар кој останува Thumbs%20Up


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 27-May-2010 at 13:41
НОВИ ГОЛЕМИ СООБРАЌАЈНИ МАКИ ЗА СКОПЈАНИ
Новата „Илинденска“ ќе доцни

Роза Петковска

Поради непредвидени градежни работи, проширувањето на булеварот „Илинденска“ нема да биде на време, соопшти вчера градскиот татко Коце Трајановски. Кога ќе биде пуштен во сообраќај дел од „Илинденска“, Трајановски најави дека ќе се знае денеска, по состанокот со надлежните од фирмата „Гранит“, кои ги изведуваат градежните работи. Првично од страна на скопскиот градоначалник беше најавено дека првиот дел од проширувањето требаше да биде готов до први јуни, а целосната реализација на овој проект требаше да заврши до септември, односно истиот и официјално требаше биде пуштен за сообраќај на Денот на независноста, осми септември. Изградбата на оваа сообраќајница, потенцираше Трајановски, претставувала една од најтешките изведби со кои се соочиле поради подземната инфраструктура, која била откриена на теренот, како и поради неколкуте раскрсници што се наоѓаат по нејзината траса. Граѓаните, пак, кои секојдневно се принудени да кружат по споредните сообраќајници се гневни поради ваквата одлука на градските власти. - Кога станува збор за сообраќајница, која се смета за една од најфреквентните во градот и на нејзината изградба треба да се работи постојано за да може да се запази рокот. Во други земји градежни екипи работат и по три смени, а кај нас секој проект се одложува до бескрај. Единствени жртви на сообраќајниот метеж сме ние, кои секој ден вртиме кругови низ градот за да стигнеме до дома - вели еден граѓанин. Во исчекување на новата сообраќајница возачите ги користат алтернативните сообраќајници, односно улицата Орце Николов и булеварот Партизански одреди. Трајановски, пак, одби да прецизира за колкав временски период ќе се одложува проширувањето на Илинденска и најави дека, со цел да се интензивираат градежните активности за денеска има закажано состанок со надлежните од фирмата „Гранит“, на кој, најверојатно, ќе се прецизира новиот краен рок за реализација на проширувањето. Инаку, градежните работи за проширувањето на булеварот Илинден се изведуваат во две фази. Во првата е предвидено да се врши проширување на потегот од улицата Наум Наумовски-Борче до улицата Рузвелтова, во должина од 640 метри. Во втората фаза, пак, ќе се работи на потегот од крстосницата со улица Рузвелтова до таа со булеварот 8 Септември, со вкупна должина од 800 метри. Предвидено е булеварот да има четири коловозни ленти, кои ќе бидат широки по 3,25 метри, односно неговата вкупна широчина ќе биде 13 метри. Во првата етапа е предвидено сообраќајницата да биде направена без зеленило во нејзините средишни делови, а во делот од Рузвелтова до булеварот 8 Септември ќе има жардиниери со широчина од пет метри. Покрај тоа, по целата должина на проширениот дел ќе бидат изградени пешачки и велосипедски патеки. Проектот за проширување на булеварот Илинден е инвестиција на Град Скопје и ќе чини 80 милиони денари. Пред да почнат градежните активности, Град Скопје изврши поставување на нова атмосферска канализација низ целата улица, која чинеше околу 32 милиони денари.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2030&ArticleID=141503
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 27-May-2010 at 23:14
Изградбата на оваа сообраќајница, потенцираше Трајановски, претставувала една од најтешките изведби со кои се соочиле поради подземната инфраструктура, која била откриена на теренот, како и поради неколкуте раскрсници што се наоѓаат по нејзината траса.
За ова со подземната инфраструктура и тоа дека секој проект им е вонредно тежок (без разлика колку и да е всушност едноставен) се имаме навикнато да слушаме. Ама ова со раскрсниците мислам дека е новост (згора на тоа е и лага, погледнете на гугл земја колку раскрсници има на трасата). Која е наредната голема пречка со која ќе се соочите господа, поставувањето на павери на тротоарите?
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 29-May-2010 at 00:23
Илинденска не доцни, туку „одмара“ за викенди



Иако градоначалникот Трајановски призна дека проширувањето на улицата ќе доцни поради подземна инфраструктура, од неговиот кабинет смируваат дека се' е во предвидената динамика

Откако градоначалникот Коце Трајановски пред три дена призна дека проширувањето на улицата Илинден ќе доцни поради проблеми со подземни инсталации, вчера од неговиот кабинет пристигнаа смирувачки изјави дека се' се одвивало како што предвиделе. Градоначалникот Трајановски, како што пренесоа медиумите, деновиве се пожали дека подземните инсталации ја закочиле изведбата на „Т“ раскрсниците кај фонтаната „Лотосов цвет“ и таа кај Зоолошката градина. За тоа на колку време ќе биде одложено завршувањето на правата фаза од проширувањето, Трајановски најави одговор за вчера, по состанок со изведувачот „Гранит“. Но, наместо одговор дали на крајот од летото „Илинденска“ ќе биде пуштена за сообраќај, по одржаната средба од Градот не прецизираа ништо. Си дадоа екстра-време од две-три недели, со тоа што крајниот рок го дополнија со плус денови, кои во почетокот на градежните работи не беа споменати.

- Реализацијата на втората фаза на Илинденска, од фонтаната до раскрсницата 8 септември, се реализира во рамки на предвидените рокови во проектот. Предвидени беа 120 работни дена, но без викенди и државни празници, а во оправдано доцнење се и деновите во кои поради временските услови не ќе може да се работи - изјавија од градското одделение за односи со јавност.

Она што градоначалникот Трајановски го спомена како клучно, дека не е истражено какви инсталации има под земја на местата каде се проширува, од Градот вчера го негираа. Тие сега тврдат дека во зафатот за „Илинденска“ влегле со целосен увид на подземјето.

- Во овој проект Градот влезе со целосно предвидени ситуации за состојбата со подземните инсталации, имотно-правните односи и со комплетна сообраќајна студија за времени сообраќајни решенија.

Нашата инфраструктура беше благовремено дислоцирана, а згора на тоа беше инсталирана нова атмосферска канализација со огромен зафат на атмосферски води - изјавија градските власти.

Од „Гранит“ вчера останаа недостапни да кажат дали „Илинденска“ ќе биде изградена навреме.

Градските власти сепак признаваат дека понекогаш може да се јави мал застој поради другата инсталација, која е обврска на операторите.

- Дислоцирањето оди малку побавно од предвиденото, но независно од забавувањеѕо на работите околу овој дел на инфраструктурата, Град Скопје очекува на задоволство на граѓаните проектот во оваа фаза да заврши во предвидените рокови - изјавија надлежните.

Според најавите, проширувањето на булеварот Илинден ќе се изведува во две фази. Во првата се врши проширување на потегот од улицата Наум Наумовски-Борче до Рузвелтова, во должина од 640 метри, а во втората фаза се работи на потегот од Рузвелтова до булеварот 8 Септември, во должина од 800 метри. Булеварот ќе има четири коловозни ленти. Во првиот дел, улицата ќе биде без средишно зеленило, а во делот од Рузвелтова до Карпош 3 ќе има жардиниери. Инвестиција ќе чини 80 милиони денари, односно 1,3 милион евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3F8F192F5D79CC48B7F2C2E59A518669
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 30-May-2010 at 23:52
Еве неколку слики од денес од самрак

1. Се поставуваат канделабрите. Ми се допаѓа што ги има од двете страни, со овој профил од 4 ленти, улицата ќе блеска навечер.

2.

3. Се прават припреми за враќање на оградата од општината. Залепена до самиот рабник на улицата.


Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 31-May-2010 at 14:07
НАДЛЕЖНИТЕ РЕШИЈА

Првите 500 метра на Илинденска готови во јуни
 

Ако нема проблеми со временските услови, проширувањето на првата делница на Илинденска, од крстосницата со улицата Наум Наумовски - Борче до Рузвелтова, во должина од 500 метри ќе доцни само 15 до 20 дена. Ова било договорено на состанокот што градоначалникот Коце Трајановски го имаше со фирмата изведувач „Гранит“. - Во моментов се реализираат повеќе активности како подготовка за завршната фаза. Асфалтот е изгребан, се поставува финалниот слој на новооформените коловозни ленти, дислокацијата на подземната инфраструктура е при крај и поставени се новитеподземни инсталации. Исто така, во тек се подготовки за поставување на новото улично осветлување и за проширување на крстосницата кај фонтаната. По целата траса се поставени рабници и трасирани се пешачки и велосипедски патеки, а во тек е и изградбата на новата ограда за бараките на Град Скопје, која беше дислоцирана од старата траса. Изведена е и мрежата за сливници со регулациони шахти за атмосферските води - велат од одделението за односи со јавност на Градот. Оттаму додаваат дека динамиката за останатите два дела кои треба да се прошират, од Рузвелтова до булеварот 8 Септември и од Фонтаната до булеварот Свети Климент Охридски, ќе се одреди кога ќе почнат градежните работи и тогаш ќе се знае дали првичниот рок ќе бил незначително пробиен или работите навремено ќе завршат.

Back to Top
KinDeR View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 04-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote KinDeR Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 05-Jun-2010 at 23:09

Во вчерашната обиколка направив и неколку фотки од Илинденска. Се работеше интензивно. Тампонирањето беше веќе направено, и веројатно се спремаа за асфалтирање. Затоа што баш во моментот кога поминав го прскаа тампонот со вода [веројатно за поубаво да врзе асфалтот (лаичко резонирање)] Еве ги фотките:

1. Раскрсницата "Рузвелтова - Илинденска" пред Зоолошка

2. Поглед кон бараките на Општинските бараки

3.

4. Подготовки за тротоарите на потег Општински бараки - Зоолошка

5. Други погледи

6.

7.

8.

9.

10. Се поплочуваа тротоарите пред фонтана

11.

12. Според машиниве скоро ќе се асфалтира (ако не се асфалтирало и денес)

Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 07-Jun-2010 at 10:43
Јас во сабота во 4 саат бев кај Матичното и се асфалтираше тука кај фонтана на велико. Веќе имаше прв слој асфалт така да кој ќе проаѓа нека сликне да видиме до каде е
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 07-Jun-2010 at 13:40

Скопје: Почна асфалтирањето на Илинденска

07 јуни 2010, 13:29
Извор: Макфакс
Скопје

Екипите на Град Скопје изминатиов викенд започнаа со асфалтирање на булеварот Илинден, соопштуваат од градската администрација.

Околу 2.800 тони асфалт, со дебелина од пет до девет сантиметри, е поставен од крстосницата со улицата Наум Наумовски-Борче до  автобуската станица пред крстосницата со улицата Рузвелтова.

Деновиве, градските екипи ќе работат и на доуредување на крстосницата со улицата Рузвелтова, по што ќе следува асфалтирање.

По должината на булеварот е поставено ново штедливо осветлување, што треба да профункционира до крајот на неделата.

Целосното проширување на булеварот ќе чини околу 80 милиони денари, информираат од Град Скопје. /крај/со/ач

http://www.makfax.com.mk/#109325;jsessionid=9513DE53575F67EE047CD77C3D220106

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 07-Jun-2010 at 23:18

За десет дена ќе се вози по „Илинденска“

 

Улицата се асфалтира, а монтирани се и семафорите на раскрсниците

За десетина дена ќе се вози по новиот проширен дел на „Илинденска“, информираат од Градот Скопје. Минатиот викенд започна асфалтирањето на потегот од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски-Борче“ до автобуската станица пред раскрсницата со улицата „Рузвелтова“.

Нанесени се израмнувачки слој асфалт со дебелина од 5 до 9 сантиметри и првиот асфалтен слој со дебелина од 7 сантиметри. На посочената делница се вградени околу 2.800 тони асфалт. Деновиве се работи и на доуредување на раскрсницата со „Рузвелтова“ по што ќе следува асфалтирање.

Семафорите кај матичната служба се веќе наместени, а се монтираат и семафорите на раскрсницата кај фонтаната. По должината на булеварот е поставено ново штедливо осветлување, кое треба да профункционира до крајот на неделата.

„Подлогата на тротоарите е веќе бетонирана и се врши подготовка за асфалтирање и доуредување на пешачките патеки. Од другата страна, на улицата се монтира заштитната ограда по должината на градските бараки“, велат во Градот.

По завршувањето на оваа делница, градежните работи ќе продолжат со проширување кон раскрсницата со булеварот „8 Септември“. Истовремено, кога ќе се избере изведувачот, ќе започне и изградбата на уште две ленти на делницата меѓу фонтаната „Лотос“ и Владата. За целосното проширување на булеварот „Илинден“ во градскиот буџет се предвидени 80 милиони денари.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 08-Jun-2010 at 12:07
Имам неколку големи забелешки во однос на изведбата на проширувањето:

Прво навистина незнам но каков е стандардот, но читав пред некое време дека тука кога реновираат улици, не само што го гребат асфалтот, туку ја обновуваат и целосната подлога, така што на крајот дебелината на тампонот и асфалтот достигнува 30 цм. Што значи ова: Нанесени се израмнувачки слој асфалт со дебелина од 5 до 9 сантиметри и првиот асфалтен слој со дебелина од 7 сантиметри? Дали не е асфалтниот слој претенок за улица од ваков ранк, по која минува ГТ и доста камиони.

Следен проблем ми се шахтите. Неможат ли одводните шахти да ги стават во жлебови по краевите, а не директно на коловозите. Сите знаеме дека имаме проблем со нивната нивелација и изведба, така што после некое време се вдлабнуваат и прават дупки.

Најголемата грешка на овој сегмент е неодвојувањето на коловозите. Ова е права и широка улица и не сакам да си представам што ќе се случува тука особено ноќе. Директно е загрозена безбедноста на автомобилите. Зошто не поставија барем 1 метар обична разделна ивица во форма на тротоар,.долж која би имало двојна банкина?

Следната работа е сврзана со претходната, а имено осветлувањето. На десната страна (гледано кон центар) светилките се двојни, на левата единечни. Сметам дека крајно нефункционално решение е да се осветлува доста оддалечената пешачко-велосипедска патека од десната страна на улицата со светилки, поставени некои 7-8 метри од истата. Особено лете, зеленината е многу бујна и жив зрак не продира, така што патеката си остануваше многу темна. Ако ја беа поставиле разделителната ивица, можеше комотно да се постават дупли светилки во средишниот дел, при што ќе се добиеше ист ефект, при 1/3 поголема заштеда на енергија.

За крај се надевам дека убаво ќе ги оформат автобуските постојки и ќе направат доволно големи платформи.

И не ми е јасно како го реновираат средишниот дел на Илинден, без истовремено да се работи на делот Фонтана - Влада (јас мислев дека истовремено тече ремонт на двете секции). Двојно затворање на Илинден, двојно губење на време и двојно подолга гужва.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.