![]() |
![]() |
![]() |
Концесија на автопатишта |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 121314 |
Author | ||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
|
Јас сум да се гради целиот автопат ме сваќаш погрешно. Но бидејќи на Македонија и фали многу инфракстратура Од патна Железницка Енергетика за да се доведи целата држава до некоја мин прифатлива основна инфрастура треба да потроши по моја порнценка околу 4 Милјарди евра во следните 5 год . Што би не довело во слична ситуација со грција долг кој окллу или повеќе НБД. По Моје приоритет би ставил на Железница Гасификација и Енергетика. Втор приоритет би ми бил Авто патите специално на овој коридир 8 кон Албанија Бизнис заедницата нон стоп плачи за коридорот 8 ама за железница. Ако би ги распоредил по приоритети 1 Гасификација на цела држава изградба на мали Гасни централи Близу секое поголемо населено место искористувајне и на пареата како извор на топлина за грејне на зима. (Со ова се постигнува за брзо време можи да се изгради се решава проблем со грејене на сите поголеми градови а во исто време нема потреба да увезуваме струја затоа што домакиства да се префрлат да се греат на парно со пазарна политика воведувјне на цени со тоа секоја друг вид на енергенс за затоплувјне да биди поскап а вишокот на струјата да биди искористена за индустрија акомулаците да се чуваат за на лето да прозведуваат струја и за зголемувјне на наводнуване на аграрни површини) 2 Желзница Коридор 8 во целост ефикасна и кокуретна железница. 3.Изградба на сите можни хидроцентрали во македонија. 4 Автопат Коридор 8 5 Подгутвувајне на терен за изградба на нуклерка Тime frime: Eden i dva kompitirano do 2017 Tri i cetiri komplitirano do 2023 Pet Komplitirano do 2030 Само на овај начин мози да се очекува раст на економија на повеќе од 6% по година со стабилна економска меѓуетничка политика независно судство ефикасна адмистрација да се продлжи со нудејне на поволности за нови инвестиции и субвеции за домашно производство можи да добиеме инвестициски бум. Поради сево ова што го истакнав тврдам дека овој автопат можи да почека. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() И јас би ставил приоритет на енергетиката и на железницата (и дополнително на јавниот превоз и неколку сообраќајни инфраструктурни проекти во Скопје), а на автопатите во овој момент не толку многу. Во секој случај ставање приоритет на една работа не мора да значи комплетно заборавање на се друго. Исто така губиш од вид дека делницата Гостивар - Кичево повторно ја спремаат за концесија (сега веќе и официјално потврдено). Значи конкретно оваа делница не би се одразила директно врз буџетот. Се разбира не треба да се залетуваме по секоја цена и за оваа делница да дадеме под концесија во пакет уште 100 километри изграден автопат, но од друга страна знаеме како државата стопанисува со патарините, па можеби и таква лоша зделка тоа би била "blessing in disguise". Едноставно толку лошо функционира оваа држава, што човек мора и на таков начин да размислува. Во секој случај, сега со новиов развој на настаните, се надевам дека барем ќе бидеме поштедени од онаа неверојатна глупост, планот да се наплаќа патарина и на скопската обиколница. А во врска со автопатот Гостивар - Кичево, повторно сакам да нагласам дека алтернатива со надградба на постоечкиот пат преку „Стража“ каква што предлагаше едноставно не е воопшто рационална. Изборот кој стои пред нас е или да се гради автопатот, или да си тераме со стариот пат (поправен и рехабилитиран се разбира, но без никаква спектакуларна надградба) и тука не треба да се залажуваме дека може да избереме некоја средна варијанта. Техничките карактеристики на стариот пат едноставно не можат да се оправат дури ни со огромни инвестиции. Дури и да бидат додадени нови ленти, изградени нови мостови и изведени други радикални градежни зафати, тој ќе остане многу побавен, понепроточен, значително подолг и прилично небезбеден. Ефектите од некаква надградба ни од далеку не би ја оправдале евентуалната инвестиција. Edited by Cloverstack - 03-Mar-2012 at 04:52 |
||
![]() |
||
Spiridon ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 03-Oct-2011 Online Status: Offline Posts: 70 |
![]() ![]() |
|
Jas ne dali ocekuvavte drug epilog?Ako za 6 godini sme izgradile 5km avtopat ocekuvano bese da kazat deka rabotata na koridorot 8 e "neisplatliva".Site sosedni zemji gradat avtopati,samo kaj nas e neisplatlvo.Zatoa ostanavme kako slepo crevo...
Rimjanite prvo gradele patista,pa se ostanato.Nas na kraj ke ne ubedat deka patistata i ne ni se tolku losi i deka 2 lenti se dovolni. |
||
![]() |
||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
|
@Clover
Скопје треба да престане да биде третирано како државни интереси него тотално да се префрли на товар на локална самуправа локална нека си гради и финасира што сака. Едиствено што од државен интерес во Скопје е обиколница што е изградена,Аеродромот изграден, железничка станица мислам се рекоинстуктира, и државните згради плус клиникитеи Уневрзитетите.Се друго е проблем на град Скопје. Во моментов најголем државен интерес би било гасификација и тоа што побразо само со ова можи да се ублажи проблемот на недостакот на енергенс во Македонија краткорочно. А железницата му е потрабна на стопаството за да стане кокуретно и да се олесни протокот на стоки и работна сила. А за Автопат коридор 8 нека се бара решение за коцесија или друга начин. Ако не постои прифатливо решение што е очигледно. Алтернатива Од постоечкиот автопат до местото кај што е зацртано на мапата што имаш простирано каде проектиранит пат се спојуваат дотука да се изгради автопат. А останатиот дел до Кичево, предлагам истиот да се одржува на завидно ниво на места кај што дозволува теренот да се направи трета лента. А оклу Кичево Зајас да направи обиколница што се совпаѓа со трасата на мапата и да се спои со стариот пат што на некоја начин ке престаува како прстен оклу Кичево и околина. Од Кичево до Ботун исто да се подигни нивото на одржувајне и на места каде теренот дозволува да се прошири / Ботун Охрид Струга Ќафасан можи автопат затоа што тој дел е наефтин за градејне е рамница и по прометен. |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Наместо изградба, Коридорот 8 ќе добие уште една студијаАлександра СпасевскаВладата
повторно ќе троши пари за консултанти, кои треба да ѝ кажат како е
најисплатливо да се градат автопатиштата од Коридорот 8. Откако пропадна
проектот за концесија, сега се бара нов модел за изградба на патиштата,
ама сè уште не се бараат пари од ЕУ-фондовите, како што прават другите
држави во регионот ![]() 1,4 милиони евра ѝ плати Владата на консултантската куќа Луис Берже во 2007 година за анализа за исплатливоста на автопатиштата од Коридорот 8 7,7 километри автопат од Куманово до граничниот премин Табановце се изградени во последните пет години Министерството за транспорт и врски уште еднаш ќе прави консултантска анализа за тоа како е најисплатливо да се градат автопатиштата од Коридорот 8. Иако студијата на Луис Берже, која ја чинеше Владата 1,4 милиони евра, покажа дека е неисплатливо овие патишта да се градат од приватен концесионер, Министерството сега ќе бара уште една студија. Ама пари од ЕУ-фондовите за изградба на модерни сообраќајници нема да бара, иако токму тој модел го применуваат сите други земји во регионот. Според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, се бара нова анализа, која ќе ги ревидира податоците и ќе препорача која е најприфатлива варијанта за реализација на овој стратешки инфаструктурен проект. Според искуството, за обезбедување пари за консултанти, изработка на анализа и подготвување тендер се потребни 1-2 години. Првите километри автопат во најоптимистичка варијанта може да ги очекуваме во 2015 година. „Доставивме апликација до ЕБРД за добивање средства од WBIF, кои ќе се користат за консултант кој би направил анализа и врз база на неговите укажувања би продолжиле активности и постапки согласно со Законот за јавен долг со меѓународните банки за добивање на потребните средства. Она што беше најголем проблем во постапката за концесија е обезбедувањето финансиски средства, посебно во економска криза“, вели Јанакиески. Иако Владата пред три години одлучи сите делници од Коридорот 8, поделени на два пакети, да ги даде под концесија, министерот Јанакиески сега вели дека најисплатлива за концесионерите е само делницата Гостивар-Кичево. Миле Јанакиески министер за транспорт и врски „Студијата на Луис Берже прогнозираше раст на сообраќајот во наредните 30 години. Според тие параметри најверојатно, најисплатлива за концесионери ќе биде само делницата Гостивар-Кичево. Но, таа информација сега уште еднаш ќе побараме да ја ревидира нов консултант, кој ќе ни препорача што е прифатливо и на кој начин е најисплатливо да се финансира изградбата на Коридорот 8“. „Студијата на Луис Берже прогнозираше раст на сообраќајот во наредните 30 години, односно покажуваше колку би растел превозот на стока и патници и бројот на возила по коридорите. Според тие параметри, најверојатно, најисплатлива за концесионери ќе биде само делницата Гостивар-Кичево. Но, тоа сега уште еднаш ќе побараме да ни го ревидира нов консултант, кој ќе ни препорача што би било прифатливо и на кој начин е најисплатливо да се финансира изградбата на Коридорот 8“, истакна Јанакиески. Oстанатите автопатишта, поради слабата фреквентност на возила, Владата планира да ги гради со задолжување. Дел од делниците нема да се изградат на ниво на автопат, како што претходно беше предвидено, туку само ќе се реконструираат и надградат со нов асфалт. Делницата до Косово, односно од Скопје до граничниот премин Блаце, која е најфреквентна, Владата планира да ја гради во соработка со косовската власт, но сè уште нема договор. „Делницата Гостивар–Кичево има поголем број возила споредбено со другите и за овој патен правец ќе спроведеме концесија, но прво ова треба да го потврди и консултантот. Потоа ќе треба да се направи уште една студија, која би била релевантна за идните концесионери, бидејќи тие за ваквите големи проекти најчесто бараат средства од меѓународните финансиски институции“, објаснува Јанакиески и потенцира дека во меѓувреме Владата контактирала и со други финансиски институции. Делницата Миладиновци–Штип, бидејќи нема доволен број возила, ќе се гради со класично задолжување, а Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Скопје, Требеништа-Охрид и Подмоље-Струга ќе одат на реконструкција. Каде што има црни точки и поголеми кривини, патиштата ќе се прошират, а во останатиот дел само ќе се обнови асфалтот. „За делницата Скопје-Блаце очекувам состанок со мојот колега од Косово за да утврдиме јасна рамка и динамика за заедничка реализација на проектот, било да е тоа преку концесии или преку заем. Многу е важно тоа што и од страна на Македонија и од Косово има ист тип пат – магистрален, а доколку се оди со изградба на автопат, тогаш треба паралелно да се градат двете делници“, вели Јанакиески. Но, изградбата на оваа делница би стартувала дури во 2014 година со некакви првични постапки. Кој колку автопат изгради?
Македонија 7,7 километри Додека Владата во последните неколку години беше насочена кон изградба на локални и регионални патишта од по неколку километри, дражавата остана слепо црево на Балканот кога станува збор за поврзување со земјите во регионот. Освен 7,7 километри автопат од Куманово до граничниот премин Табановце, кој по четири години изградба беше пуштен во употреба лани, не можеме да се пофалиме со нов автопат. Единствено што успеа Владата да договори е кредит за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица, последниот дел од Коридорот 10, кој треба да почне да се гради годинава. Останатите земји во регионот забрзано градеа автопатишта и регионално се поврзуваа за поголем и побрз проток на стоки. Србија 140 километри Иакоо Коридорот 10 нема да биде комплетиран до 2016 година, што е задоцнување од 10 години, за шест години Србија изгради околу 140 километри автопат, а српската влада веќе има обезбедено 1,2 милијарди евра за патишта со кои за две години треба да се комплетира Коридорот 10. Србија лани заврши со изградба на грандиозниот мост на Сава во Белград, вреден 120 милиони евра со шест коловозни ленти и двостран колосек за метро. Хрватска 1.633 километри Рекордер е по изградба на автопатишта во регионот. Во последната деценија изгради автопат долг 467 километри. За две децении изгради автопатска мрежа од 1.633 километри. Косово гради автопат до Драч Како најмлада држава во регионот, почна со изградба на автопат до Драч, проект вреден 800 милиони евра. Со овој автопат Косово сака да ги развива трговско-економските врски со Албанија. Албанија 170 километри Го изгради автопатот кон Косово во 2009 година. Изградбата траеше две години и чинеше 1,2 милијарди евра, а делницата е во должина од 170 километри. Преку овој автопат Албанија не се поврза само со Косово, туку и со другите земји од Балканот и од Централна Европа. Бугарија 177 километри До 2020 година ќе има седум автопатишта и седум брзи патишта како дел од трансевропската патна мрежа. Изградбата на овие патишта чини околу три милијарди евра, од кои ЕУ ќе обезбеди 80%, односно 2,5 милијарди евра. Во изминатите 20 години се изградени 177 километри автопатишта, а само во изминатите две години 52 километри. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/81746/namesto_izgradba,_koridorot_8_kje_dobie_ushte_edna_studija.aspx?iId=2657 |
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
дали на новата влада ова ќе и биде пристапот за К8 или ќе чека на новонајавените инфраструтурни ипард инекции за ЈИЕ, колку што се сеќавам за К8 немаа некој свој аршин програмски на изборите освен абер дека приоритет им е само чешлањето на постојните проекти ... а доколку одат со концесионирање тоа нека го направат во пакет со пругата та да биде поатрактивно за инвеститорите ... бидејќи средства од Силк Роуд Инвестициските Грантови се истовремено во игра можеби Кина би се нафатила за ваков пакет вклучително К8 да тера директно кон Тирана наместо одоколу кон јадранско, само треба нов дил во костец и постојната делница кај Кичево, но прашање е колку за вакво нешто евроболшевиците би дале согласност а сдсм ко нивни миленици да им пркосат, м |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 121314 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |