ТИРЗ Скопје - Бунарџик |
Post Reply | Page <1 1213141516 24> |
Author | |
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #261 Posted: 26-Aug-2012 at 13:07 |
Дали можеби се работи за овој објект? Не бев сигурен затоа што не ја видов оградата од Бунарџик, но знам дека зоната беше проширена пред некое време. Како и да е се работи на навистина голема површина, околу 15 машини работеа интензивно на терен кога поминував од таму. Сликите се направени околу 20 Јули, за жал со полош квалитет: |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #262 Posted: 26-Aug-2012 at 13:42 |
Тоа е тоа Андреј |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #263 Posted: 01-Oct-2012 at 09:57 |
Гранит за 577 илјади евра ќе ја гради канализацијата во ТИРЗ Скопје2Една од најголемите градежни компании во земјава, ГД Гранит а.д. Скопје информираше дека потпишала договор со Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони. Гранит во технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 ќе гради фекална и атмосферска канализација, а вредноста на договорот изнесува 35.240.300 денари или околу 577 илјади евра. Работите треба да бидат завршени за 8 месеци.http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/88379/granit_za_577_iljadi_evra_kje_ja_gradi_kanalizacijata_vo_tirz_skopje2.aspx |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #264 Posted: 21-Oct-2012 at 01:45 |
Кемет електроникс (ФОТОГАЛЕРИЈА)
http://www.mkd.mk/68279/foto-video-galerija/kemet-elektroniks-fotogalerija/?pid=2818#img |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #265 Posted: 29-Oct-2012 at 18:59 |
„Текнохосе“ ќе вработи 200 лица во Бунарџик
Понеделник, 29 Октомври 2012 13:49 Италијанската компанија „Текнохосе“ денеска го почна производството во фабриката во Македонија лоцирана во ТИРЗ „Скопје 1“. Почетната инвестиција е пет милиони евра со 50 вработувања, а во март наредната година почнува реализација на нова инвестиција од 10 милиони евра со што вкупниот број на вработени ќе достигне 200 вработувања. Официјално во употреба ја пуштија премиерот Никола Груевски со целиот економски тим, генералниот директор на италијанската компанија Антонио Витило и италијанскиот амбасадор во Република Македонија Фабио Кристијани. - И покрај тоа што светската економска криза имаше свое влијание на реализација на оваа инвестиција најавена уште во 2008 година, сепак резултатите не изостанаа. Пред нас е новата фабрика на италијанскиот инвеститор „Текнохосе“, рече премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на новата фабрика. Според премиерот, оваа инвестиција е уште една потврда дека владините економски политики ги даваат очекуваните резултати. - Во овие тешки години на светска економска криза и европска должничка криза само најдобрите и најснаодливите успеваат да опстојат, да ги алоцираат своите ресурси, да го реинвестираат својот капитал и да го прошират своето производство. Во вакви времиња „Текнохосе“ успеа во својата инвестиција, истакна премиерот Груевски. Тој напомена дека во овој момент во слободната економска зона веќе произведуваат четири фабрики, а уште неколку се градат и се очекува да почнат со работа. Овие инвестиции, како и повеќе други кои се очекуваат треба да обезбедат неколку илјади нови вработувања што, како што рече премиерот, за Владата е од исклучителна важност. Потсетувајќи на најновиот извештај на Светската банка „Дуинг бизнис 2013“ во кој Македонија останува лидер во регионот за водење бизнис, како и потврдата за кредитниот рејтинг од страна на агенцијата Фич, покажуваат дека работите во Македонија се движат во добра насока. Ова, смета премиерот Груевски, е јасен сигнал до сите идни инвеститори дека Македонија е стабилна земја со квалитетни економски политики. Тој изрази уверување дека таквите сигнали ќе стигнат до што е можно повеќе компании и многу инвеститори ќе ги следат чекорите на компаниите кои веќе инвестираа во Македонија. Преговорите за инвестирање на италијанската компанија во Македонија, како што рече директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, почнале во 2008 година и дека прв значаен чекор е направен во 2009 година со купување на објектот во зоната во кој сега е сместена фабриката. Фабриката е на простор од 3.000 метри квадратни и ќе произведува гумени армирани црева за висок притисок кои имаат примена во градежништвото, автомобилската индустрија и други индустрии. Ова е прва фабрика на италијанската компанија изградена надвор од границите на Италија. Генералниот директор на компанијата Витило истакнува дека во текот на реализацијата на инвестицијата имале за цело време поддршка од Владата. Потенцира дека причини зошто инвестирале во Македонија во период кога Македонија не била интересна локација за други италијански компании, е одличната географска местоположба, конкурентските трошоци и поволниот даночен систем. Италијанскиот амбасадор Фабио Кристијани потенцира дека италијанските инвестиции во Македонија не се на задоволително ниво, но изразува оптимизам дека ќе бидат поголеми во наредниот период. Според него, оваа инвестиција е важна за Македонија зашто ќе им даде работа на многу семејства, а за неговата земја е важна бидејќи со неа се зголемува присуството на Италија како инвеститор во Македонија. Вицепремиерот Владимир Пешевски смета дека тоа што оваа фабрика е прва инвестиција на италијанската компанија надвор од нивната земја покажува оти Македонија има идеална клима за инвестирање. Компанијата „Текнохосе“, која во Република Македонија е регистрирана под името „Витек Македонија“, е членка на италијанската групација Витилло, а во ТИРЗ Скопје 1 купи постоечки објект кој комплетно е реновиран да одговара на потребите на новото производство што претставува прва фаза од нивната инвестиција. Наредната година компанијата предвидува да почне со изградба на втор објект во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армираните црева. Ова е една од трите најавени фабрики што почнуваат со работа овој месец. Пред 10-тина дена беше пуштена во употреба „Кемет електроникс“, а за неделава е најавено отворање и на руската „Протек“. http://kurir.mk/makedonija/vesti/89932-Teknohose-ke-vraboti-200-lica-vo-Bunardzik |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #266 Posted: 31-Oct-2012 at 20:01 |
„Продис“ ќе донесе нови вработувања во Бунарџик
Среда, 31 Октомври 2012 13:45 Рускиот фармацевтски холдинг „Протек Груп“ денеска свечено ја отвори својата фабрика „Продис“ во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 - Бунарџик во која ќе се произведуваат природни и здрави производи. Во фабриката со површина од 5.000 метри квадратни првично ќе бидат вработени 45 лица, а до крајот на годинава нивниот број ќе се зголеми на 80. Во втората фаза се очекува да бидат доградени уште 4.000 метри квадратни и да се вработат уште 80 лица со што целосно ќе биде затворено производството на хомеопатски лекови од суровина до финален производ. Изградбата на објектот досега чинеше 3,8 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува да бидат вложени уште 400.000 евра. Фабриката официјално ја отвори премиерот Никола Груевски заедно со економскиот тим на Владата. - Октомври 2012 година дефинитивно е месец на инвестиции во Македонија. Отворен е „Сити мол“, инвестиција од околу 70 милиони евра во која се очекува да бидат вработени околу 2.000 лица, „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра со чие заокружување треба да се вработат 500 лица, „Текнохосе“, инвестиција од 15 милиони евра што ќе овозможи околу 200 вработувања и денеска се отвора фабриката „Продис“ на руски „Протек груп“, инвестиција од 8 милиони евра во која по целосното завршување ќе се вработат 160 лица, рече премиерот Никола Груевски на отворањето на фабриката на „Продис“ во Бунарџик. Новата фабрика, додаде, треба да донесе нови знаења за производство на лекови и покрај директни ќе овозможи и индиректни вработувања на лица пред се од еколошките краеви на Македонија од каде „Продис“ ќе црпи суровини. - Македонија е лидер во регионот во водење бизнис и е на петтото место во светот. Успешноста на земјава ја потврди и агенцијата Фич со потврдувањето на кредитниот рејтинг со ББ+, рече Груевски. Додаде дека очекува и се надева оти и во иднина ќе продолжат новите инвестиции во Македонија и дека други руски компании ќе го следат примерот на „Протек груп“. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески нагласи дека отворањето на „Продис“ е резултат на средбите со инвеститорите одржани за време на владините роуд-шоуа. - Тоа покажува дека првиот фактор за привлекување на странските инвестиции во Македонија се средбите и роуд-шоуата што ги организира Владата. Вториот фактор е рангирањето на земјава на 23. место во „Дуинг бизнис“, а третиот фактор е македонската дијаспора која ги убедува странците дека Македонија е добро место за инвестирање, рече Ставрески. Токму таков пример, додаде, е генералниот директор и кофинансиер на „Продис“ Коста Димов кој го убеди сопственикот на „Протек груп“ Вадим Јакунин Сергеевич да инвестира во Македонија. Протек груп“ е еден од најголемите фармацевтски холдинзи во Русија што се занимава со производство, дистрибуција и трговија со лекови и козметика. Вработува 12.000 луѓе и има годишен обрт од четири милијарди долари. „Продис“ ќе произведува хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од житарки, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали. Дури 95 отсто од производството ќе биде наменето за странските пазари пред се во Руската Федерација, но и на пазарите во поранешните советски и југословенски републики и во прекуокеанските држави. http://kurir.mk/makedonija/vesti/90223-Prodis-ke-donese-novi-vrabotuvanja-vo-Bunardzik |
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #267 Posted: 17-Nov-2012 at 13:38 |
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
oTeget
Newbiе Joined: 09-Nov-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #268 Posted: 18-Nov-2012 at 12:00 |
Која фабрика е ова?
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #269 Posted: 18-Nov-2012 at 12:07 |
Johnson Matthey
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #270 Posted: 20-Nov-2012 at 20:25 |
Фабрика за автобуси Van Hool - Бунарџик Автор: Звонко Тасевски, ДСЦ Дизајн |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #271 Posted: 08-Dec-2012 at 17:29 |
Рекордни 48 милиони евра извоз на Џонсон Мети само во ноември08/12/2012 // Пред 8 часа // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај Ексклузивно: Фактор објавува до каде е изградбата на вториот погон на британската фабрика Џонсон Мети во технолошко индустриската развојна зона Бунарџик. Катерина Попоска Британскиот производител на катализатори, Џонсон Мети, во ноември оствари рекордно производство откако стартуваа со производство, пред две години, во зоната во Бунарџик. Фантастични 48 милиони евра чинат произведените 426.000 катализатори само во ноември годинава, ексклузивно дознава Фактор. Проекциите покажуваат дека со оствареното производство и извоз на катализаторите, Џонсон Мети најверојатно ќе има раст на извозот годинава од 17% во споредба со извозот реализиран во 2011 година. „Ако се земе предвид дека оваа година е криза секаде во светот, како и тоа дека производството на автомобилската индустрија во Европа е намалено во просек за 10%, успехот на Џонсон Мети е уште поважен, не само за компанијата, туку и за Македонија, од каде оваа фабрика произведува автомобилски делови за Европскиот пазар. Минатата година Џонсон Контролс и Џонсон Мети имаа контрибуција од 16,3% во вкупниот извоз на Македонија, така што зголементото производство на Џонсон Мети во време кога остатокот од македонската економија има намален извозен обем, на крајот од годината може да очекуваме дека извозт од технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик и оној од зоната во Штип ќе изнесува над 20% во рамките на вкупниот извоз на Македонија“, вели за Фактор директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони“, Виктор Мизо. Тој додава дека Џонсон Мети најавуваат уште поголема активност во јануари следната година, како резултат на новата легислатива за издувните гасови којашто ја донесе Европската унија, а која стапува на сила од 2013 година. Се работи за нови Еуро 6 стандарди за контрола на штетните емисии на лесни и тешки возила, поради што ќе треба да се монтира нов вид на катализатори во автомобилите. Од она што може да се види на терен е дека британскиот инвеститор активно работи на завршување на вториот погон од фабриката во Бунарџик, во кој ќе има две нови производни линии. Според Мизо, машините треба да почнат да стигнуваат во погоните веќе во првиот квартал од 2013 година. „Најавата е дека во септември следната година ќе почне производството и од вториот погон на фабриката. Но, мора да се земе предвид дека ќе има период на пробно производство, кое ќе почне многу порано. Со текот на времето Џонсон Мети најави дека ќе го дуплира производството, односно ќе има дуплирање по волумен на самиот катализатор. Во вората фаза ќе има производство на катализаторти и за тешки дизел возила, кои се многу погабаритни од обичните катализатори“, објаснува Мизо. Според финансиските податоци за работењето на македонскиот пазар, минатата година Џонсон Мети оствари вкупни приходи од 450 милиони евра. Заклучно со декември минатата година пак, Џонсон Мети произведе вкупно пет милиони катализатори. Во продолжение, погледнете до каде е изградбата на вториот погон на Џонсон Мети во Бунарџик. http://faktor.mk/archives/14351 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #272 Posted: 10-Jan-2013 at 01:21 |
УШТЕ ЕДНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БУНАРЏИК
Турски Матек отвора фабрика од 15 милиони евра Компанијата ќе произведува високотехнолошки медицински помагала како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови, открива директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида До крајот на годинава ќе почне со работа уште една фабрика во технолошката зона Бунарџик" крај Скопје. Овој пат, како што најавува директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, станува збор за турската компанија Матекк од медицинскиот сектор која е лоцирана во Анкара, која донесе одлука за инвестиција во Македонија, вредна 15 милиони евра. Договорот за влез на Матек" во Македонија ќе биде потпишан околу 20 овој месец во Скопје, по што почнуваат градежните работи на новата фабрика. - Компанијата ќе произведува високотехнолошки медицински помагала како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови - открива директорот Фида. Компанијата Матекк која е контактирана од економскиот промотор во Анкара неколку пати во текот на последните месеци била во посета на Македонија каде е донесена одлука да инвестира во ТИРЗ Бунарџик. Компанијата првично ќе вработи 100 лица кои ќе бидат обучени за производство на високо технолошки медицински помагала. Компанијата планира да го зголеми бројот на вработените до 300 лица за неколку години. Оваа инвестиција ќе има голема додадена вредност за медицинскиот сектор во Македонија. (С.Бл.) вечер |
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #273 Posted: 16-Feb-2013 at 22:15 |
Баш денеска направив две слики (во движење и со 2мп) се гледа напредок на објектот,па се погоди и веста за огласов за вработување па ги постирам заедно
http://faktorarchives/30100utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b2%25d0%25b0%25d0%25bd-%25d1%2585%25d1%2583%25d0%25bb-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b3%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25ba-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be Edited by ovaj_stariov - 16-Feb-2013 at 22:17 |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #274 Posted: 16-Feb-2013 at 22:22 |
Одлична работа и напредок на градењето на фабриката, сега баш не многу работни места, но се надевам оваа бројка ќе расте. Туку, за друго сакав да прокоментирам, кога нашиве медиуми ќе научат точно да пренесат некое странско име или само англиски учеле. Па, постои правопис во нашава земја и фабрикава не се вика Ван Хул, туку Ван Хол. Еве, не мора правопис да отворат, можат да видат како се чита името со холандски (фламански) изговор и готова работа, а не директно преведи и завршена работа. Нам ни пречи кога некој странец погрешно ќе не нарече, а ние кога грешиме нема проблем.
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #275 Posted: 21-Feb-2013 at 17:07 |
Фармацевтската компанија „Продис“ почна со извоз на рускиот пазар Македонија | 21. февруари 2013 - 16:29 „Продис“ почна со извоз на рускиот пазар Се извезуваат органски и конвенционални цералии „ДанкаД“, а се подготвува и пласманот на органски и билни чаеви „Максан“. - Извезуваме производи чија вредност е 100.000 илјади евра. До крајот на овој месец е предвидено да извеземе производи во вредност од 150.000 илјади евра. Компанијата претставува значајна гринфилд инвестиција за Република Македонија. Работи согласно највисоките стандарди за квалитет, ГМП, ИСО и ХАЦЦП. Со ова можеме да ја означиме и потврдиме успешноста на инвестицијата и воедно, ова би бил додатен мотив за странските инвеститори да го вложуваат својот капитал во Македонија, соопшти денеска „Продис“. Компанијата, единствена од ваков тип во Македонија и на Балканот, е дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек груп“. Почна со работа на 31 октомври лани како една од производствените фабрики во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. http://press24.mk/story/makedonija/farmacevtskata-kompanija-%E2%80%9Eprodis%E2%80%9C-pochna-so-izvoz-na-ruskiot-pazar |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #276 Posted: 25-Feb-2013 at 16:54 |
браво за репортажата од насловната страна.конечно ни се отвори глобална слика на зоната,а не парцијално како досега од нафрлени информации од портали
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #277 Posted: 25-Feb-2013 at 16:57 |
|
|
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #278 Posted: 25-Feb-2013 at 17:08 |
Браво и од мене за репортажата ,иначе според мене на Бунарџик (сите ТИРЗови па дури и предвидениот) очајно им треба таа железничка врска, а и железничка врска до аеродромот, без разлика дали ќе биде целосно или делумно искористена бидејќи тоа ќе привлече уште повеќе инвестиции.
ПС: Аутпут како немакедонски збор би го заменил со Резултатот или Резултатите. Edited by daci92 - 25-Feb-2013 at 17:09 |
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #279 Posted: 25-Feb-2013 at 17:13 |
Одамна чекав од нашите медиуми да прочитам и видам некоја пооширна статија за зоната,секако многу ми е мило што тоа прв го направи Build.mk.
Споделете тешко ли беше да се направи контактот,убаво ли ве пречекаа? |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #280 Posted: 25-Feb-2013 at 17:41 |
Со огелед на тоа дека повеќето наши портали и медиуми работат на база копи пасте освен тоа се интересират исклучиво за политка и се исполитизирани до коска , мислам дека портал кака build.mk има огромен неискористен медиумски простор токму за вакви репортажи кои според мене се многу информативни и корисни. Патем отворив тема на Кајгана токму за индустриските зони а како воведен текст (секако со наведен ИЗВОР) е преземена Репортажата за Бунарџик. Edited by kultuzin - 25-Feb-2013 at 17:42 |
|
Post Reply | Page <1 1213141516 24> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |