![]() |
![]() |
![]() |
Центар - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 57> |
Author | |||||||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
||||||
Ова Водно која иронија испадна,наместо да е најтивкото,зелено,дебетонирано подрачје...излезе дека е Дебар Маало на високо.
|
|||||||
![]() |
|||||||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
||||||
obicno kaj nas otkako ke se sluci nekoja katastrofa im doaga pamet na vlastite.
|
|||||||
![]() |
|||||||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||||||
За мене е зачудувачки фактот дека Жерновски продолжи ревносно да го урбанизира Водно, иако пред изборите најавуваше дека ке расчисти со урбаната мафија.
|
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
![]() Може некој пример? |
|||||||
![]() |
|||||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
||||||
Се градат објекти каде дозволи веќе се дадени минатите години. А дококлу и он даде на некој би било жалосно
|
|||||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|||||||
![]() |
|||||||
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
||||||
Кинг трола од штаб, остајте го.
Инаку имам пријатели кои требаа да прават нешто на куќата, не ме држете за збор, надградба, доградба на фасада или што знам, истата се наоѓа во поножјето на Водно. Истото е прекинато поради тоа што сегашниот градоначалник има воспоставено некоја времена забрана со која се спречуваат било какви промени. Не знам за што точно станува збор. Edited by Teglarot - 12-Aug-2015 at 15:58 |
|||||||
![]() |
|||||||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||||||
Имам штаб дома. Инаку откако ме етикитираше, вимателно ги прочитав твоите постови, нема да те етикетирам, и не ти ги знам мотивите, но на многу едностран начин ги гледаш состојбите, но не ти замерувам за тоа, тоа си е твој став и твоја определба. Но дозволи ми на мене од мојот ШТАБ, да ги кажувам работите како што јас ги гледам. Пример мое мислање е дека Жерновски бргу се ујдиса со владата и си продолжи, кај што застана Тодоровиќ, повремено има малку театар, но караванот си врви. Инаку симптоматично ми е дека овде се преќутеа еден куп афери на Жерновски кои во последно време ги има во изобилие, дури ако има критика на негова сметка неколкумина од форумов ревносно застануваат во негова одбрана. Внимателно следејки ги постовите, мислам дека зад еден од псевдонимите стои лично Жерновски, што од друга страна си е ок, бидејки секој има право да учествува на форумов. Edited by King - 12-Aug-2015 at 18:34 |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
King, аман више со политичкиве говори. Погоре изрече обвинување во врска со Водно, јас се зачудив за изреченото, па те прашав да наведеш некој пример. Прашањето го изигнорира и си пиша нов пост во стариот стил, со нова доза обвинувања од ракав. Извини ама навистина замирисува на тролање.
Инаку гледам дека си опседнат со Жерновски... Мене ми е сосема разбирливо Жерновски да биде тема, ама главна тема не може да биде, особено кога е јасно дека се користи само како приказна за свртување на вниманието од планината криминали и гнасотилаци наречена „Ск2014“. Или ако сакаш попластично, ако дома ми влезат вооружени бандити, ме малтретираат, ме понижуваат и ме покрадат до гола кожа, нема шанси да ме импресионираш со приказни за некој ситен џепарош, без разлика колку ги преувеличуваш и шминкаш. |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
После повеќе од половина мандат можам да кажам мислење дека Жерновски тотално потфрли како градоначалник. Освен 1-2 пешачки и некоја помала улица незнам што друго направи. Тоа постигнување одговара само за моето мало во град како Кичево а не за општина како Центар.
Дали досега враќа долгови од предходникот, или долгови од кампањи....незнам(фактички знам,ама ај) али типот не се покажа |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Треба да му се врзат три-четири шамари, јаки.
|
|||||||
![]() |
|||||||
ja_licno ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 110 |
![]() ![]() |
||||||
Човекот не ни обеќаше нешто во кампања,така да не треба да му се замери.Колку ветувања,толку остварувања. Мислам дека се закануваше дека ќе урива од ск 2014 или ќе поместува споменици ..така некако,ама ништо и од тоа. |
|||||||
![]() |
|||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||||||
Никој не го поставува прашањето дали му се прават опструкции (а му се прават на секој чекор, слушнавме и од снимките. Слушнавме дури дека сакале да го понижат со тепање. Којзнае што друго сакале да му направат.) Нејќам да му бидам адвокат, но обновените фасади не треба да се заборават. Иако тоа е малку, и јас имав поголеми очекувања од него. Посебно што Општина Центар во моментов е можеби највалканата општина во Скопје. Доволно е само да се прошета кејот покрај МРТВ и МАНУ, покрај плоштадот на Пресвета Богородица и спроти него, покрај зградата на владата и спроти неа, до мостот кај болницата Систина. Кој возел велосипед по патеката или шетал по овие места, знае за што зборувам. И не ми е гајле чија надлежност е јавната чистота, дали на општината или на Град Скопје, срамота е што делови кајшто поминуваат најголем дел од граѓаните и туристите се оставени да личат на депонии.
Edited by Џоле - 12-Aug-2015 at 21:11 |
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
![]() |
|||||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||||||
Барем едни семафори да ставеше на пешачкиот спроти Рамстор. |
|||||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||||||
![]() |
|||||||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||||||
Ај сега фактогравски и аргументирано: 1.Јас само се надоврзав на сликите од Водно, и реков дека се е исто ко и лане. Немаше политичка реторика, туку кратка констатација. 2.Ми се чини твоево *планината криминали и гнасотилаци наречена „Ск2014“*, ке е многу повеке политика, и многу повеќе обвинување од ракав 3.Следниот мој пост беше реплика на мое етикетирање како Штабски пацов 4.Никој не бара да е Жерновски главна тема, само да му се даде заслужената епизодна улога кога се отвараат многубројни афери за него 5.Многу, многу, многу, многу помалку јас сум опседнат со Жерновски, од некои овде кои се хиперопседнати со ск2014, до ниво на бес, омраза, заслепеност, лудило и обиди за самоубиства 8.Мене апсолутно не ми пречат сите горенаведени емоции, напротив, само реагирам на двојни аршини, на непочитување на поинакво мислење, на навреди кон мене и толку |
|||||||
![]() |
|||||||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||||||
Целосно се согласувам со горенаведеното, само моја теза е дека после кратките искри на почетокот а мандатот, подоцна си се ујдисаа со владата. Каде е дислокацијата на Спомениците, каде е стопирањето на фасадата на ЕВН иако имаше 5 прес конференции за тоа, каде е стопирање на сите Градби на Водно, зошто е издадена дозвола за градба на Барок Хотел на плоштад на албански инвеститор, зошто не го запре поставувањето на барокните трафики, зошто дозволи преместување на Цар Самоил, зошто не поднесе ниту една кривична пријава иако правеше ревизија на ск2014, вака би можел да поставувам прашања до утре, а ќе има само еден одговор: си има дил со Грујо. |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Виолета Аларова (2000-2009) Владимир Тодоровиќ (2009-2013)
- Треба да почекаме уште 10 милијарди евра да се потрошат по фантастично напумпани цени и со бескрајни анекси на договори, и сето тоа за градење по афрички стандарди и по урбанистички правила од Бангладеш. - Треба Николае да залепи по една „барокна“ бљувотина на пола метро од сите станбени згради во кои не му се допаѓа гласачкото тело, не само на две-три. - Треба Бети да пише уште некоја каса-прими. - Треба да чуеме уште 200 телефонски муабети исполнети баш со тоа како се прават злоупотреби и гнасотилаци - Треба „спонтано“ собрани „верници“ да извршат напад на општина центар уште 10-тина пати - Треба да се истепаат уште 5000 студенти на плоштад - Треба да се организираат барем уште 20 повторени круга на локални избори во центар и треба да се уапсат повеќе опозициски советници и да се држат во затвор подолго, за да нема сметњи за Ск2014. Тогаш можеби ќе има основа да зборам за криминали и гнасотилаци, ама сега е сеуште рано, сега сеуште е обвинување од ракав.
Edited by Cloverstack - 13-Aug-2015 at 00:35 |
|||||||
![]() |
|||||||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||||||
Еве малку политика, согласно твоите стандарди:
1. Баш ми е гајле кој ги донел урбанистичките планови, вети стопирање на градбите и расчистување со урбаната мафија. Згради си се градат и понатака, мафијата си работи, он единствено проба да сруши три гаражи за да им овозможи пристап на истата таа мафија до нов плац 2.Па ти веќе си ги осудил многумина, збориш за напумпани цени, а немаш поим дали се реални или не, збориш за анекси, а немаш поим дали се законски направени. Впрочем имаше ревизија Жерновски, имаше истражување Призма, и едните и другите даваа голи бројки за да стекнат политички поени. Никој од нив не посочи конкретно (а ни ти) е ова е криминално, и никој од нив не поднесе ниту една кривична пријава, (имаш право и ти да поднесеш). Веројатно ке се вадиш ех на ова судсво ли, па зошто тогаш поднесоа 46 кривични пријави врз база на Бомбите, или кога сакаме судството е добро, а кога нема аргументи за криминал, нечини!!! 3. Каква врска имаат студентите со ск2014 веројатно само ти знаеш, мојот син беше во почеток на протестите со колегите, но подоцна кога го окупираа полтиканти, се повлече, и една многу убава идеа пропадна, или можеби очекуваш баш студентите да почнат да го рушат овој проект? 4.Погоре конкретно ти одговорив за Водно, за пасивноста на сегашниот градоначалник и со тоа станувањето на соучесник на мафијата, која очигледно бргу го *омекна*... 5.Мене главна тема ми е ск2014, како проект кој иако има многу маани, сесрдно го подржувам. Жрновски е овде епизода, како и во реалниот живот, само сакам да бидеме реални и избалансирани кон исти појави на различни политички структури. Не дај боже Жерновски да стане главна тема на форумов, тоа ке значи дека почнал да работи. 6.Немам никаква емоција, ниту кон Жерновски, ниту кон било кој форумаш, вклучително и тебе, иако паушално ме обвинуваш за тролање, а тоа може да го каже секој за секого. Го подржувам ск2014, но немам емоција ни кон тој проект. Ако досега не си знаел емоцијата од било кој тип е слабост, јас се чуствувам доволно силен баш поради недостаток на било каква емоција, освен кон моите најблиски. 7. Кога ти ке го нападнеш Жерновски жестоко, оправдано силно, за сите афери кои излегоа во последно време, (не мора дури ни да го мразиш), ке ти честитам на твојата еквидистанца, избалансираност, праведност и искрени намери, Се дотогаш ке си останеш негов подржувач, и критичар на власта за која ти сам призна дека ја мразиш од тебе познати причини. А јас ќе пробувам да во оваа море на омраза кон ск2014, си го бранам својот став, без емоција, и повремено ке потсетувам на глупостите на центарскиот градоначалник, но повторно без емоција. |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Но можеш ли да наведеш изјава, соопштение или нешто слично, каде што ветил стоприање на изградбата на објекти за кои веќе е дадена градежна дозвола? Исто така да те потсетам дека имаше обид да се сменат урбанистичките планови за Водно, но беше подмолно саботиран од Николае Груевски и неговата разбојничка банда: - Беше уапсен претседавачот на советот на општината (дури и Стејт Департментот го оквалификува Шиповиќ како политички затвореник). - Беа организирани насилни протести пред општината. - Николае кроеше планови како на Жерновски да му се удреле шамари пред камери. - Шиповиќ после 8 месеци конечно беше ослободен од притвор и набрзо после тоа, на клучното гласање за урбанистичките планови гласаше воздржано, замисли. - После тоа Жерновски ги оспори урбанистичките планови и пред уставниот суд, но и тоа знаеме како заврши. И после кукаш дека урбаната мафија на Водно си работела. Епа некој и овозможува да си работи, ама очигледно не е Жерновски. И не заборавај дека доколку инвеститорите имаат некакво законско право, општината сигурно ќе добие тужби доколку им го ускрати или доколку не постапи врз основа на нивните барања, без разлика дали тие обврски потекнуваат од багажот што го оставиле Аларова и Тодоровиќ.
Како бе немам појма дали цените се напумпани? Дали мислиш дека сум мутав, ретардиран, паднат од марс? Баш спомнав некои поупадливи цени пред некој ден, еве ти подолу дополнета и ажурирана листа. А бескрајните анекси ги имаат легализирано, што не значи дека не се криминални. Легализиран грабеж, сепак е грабеж. - Еден километар ограда за мост = 9 милиони евра; - Просечен споменик = од 350.000 евра до 1.500.000 евра; - 500 метри квадратни фасада од напред и молерај од задната страна (министерство за правда) = 3,5 милиони евра; - Изведба на осветлување на фасада (објект Пелистер) = 110.000 евра; - Одржување на фонтаната „Воин на коњ“ и двата водоскоци во вардар = 145.000 евра годишно (вториве тотално се распаднаа, така да не ми е јасно за какво одржување воопшто плаќаме); - Три дрвца во метални саксии во Вардар = 317.000 евра; - Летниковец = 351.000 евра; - Три мали фонтани и три мали параклиси на пешачки остров = 600.000 евра; - Хонорари за Валентина Стевановска = 2.940.000 евра; - Партерно уредување кај МНР и кај јавното обвинителство = 6,3 милиони евра; - Прдежот на АЕК кој всушност не е ни зграда туку обичен кулис = 11,2 милиони евра; - Уставен суд, вкупна површина 13.500 метри квадратни = 42,4 милиони евра; А за кривични пријави никој не е луд да поднесува кај Зврлевски и останатите поданици на Груевски. Ама не бери гајле, доаѓа времето кога ќе има лавина од кривични пријави, кои навистина ќе се процесуираат.
Знам јас, а знаеш и ти, ама еве ајде: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=599 Ако треба да сублимирам, ќе речам дека тогаш свесно беше пратена порака дека со тие што размислуваат различно, пресметката ќе се одвива и физички.
Ништо не ми одговори за Водно. Упорно те прашувам за пример за конкретен објект, а ти упорно си збориш на слободна тема. Од друга страна јас ти наведов кои конкретно беа чекорите кои ги презеде општината, и кои чекори беа преземени од другата страна за да се саботираат таквите напори.
И морам да се повторувам - за разлика од тебе, јас имам приоритети: ако дома ми влезат вооружени бандити, ме малтретираат, ме понижуваат и ме покрадат до гола кожа, нема шанси да ме импресионираш со приказни за некој ситен џепарош, без разлика колку ги преувеличуваш и шминкаш тие приказни. |
|||||||
![]() |
|||||||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||||||
Еве ги одговорите:
1.Дали приметуваш дека за Жерновски и неговиот конфликт со власта збориш во некое далечно минато свршено време. 2.Си наредил износи кои ништо не значат, износи помножени со метри, износи поделени со метри квадратни, мислиш црево или мушама купуваш, па и тие имаат различна цена, каква боранија е ова и самиот знаеш. Никаков доказ за криминал не е ова, само тешки зборови и навреди кон поединци.Еве проектот чинел половина Милијарда, и што, тоа ли е доказ за криминал, се разбира дека не е, сите милиони, метри, килограми, и квадратни метри, поделени и множени меѓу себе, не докажуваат ништо. 3.Не ја разбирам поентата. 4.Нема да ти одговорам за никаков конкретен објект, овде не е проблем во конкретен објект туку за однос кон појави, и јас за разлика од тебе кога е Жерновски во прашање говорам во сегашно време. 5.Ако не ми е местото да коментирам за Жерновски на пост за Водно, се извинувам, отсега ќе коментирам за него само кога ке се збори за Охридско езеро. 6.Thanx 7.Незнам што е инфомакс, ама сите ние слушнавме за бајаги афери во последните два месеци на многу медиуми, и нај интересно беше што ОН не демантираше ниту една афера, само даде изјава дека се повлекува од идеата да прави Пумпа на пазарот во Буњаковец, се повлече после серија на прилози по медиумите, но веројатно го немало ова на Доказ, па не си го забележал. Најсимпатична од се е твојата теза дека Жерновски бил ситно лоповче и не треба да се занимаваме со него, туку со овие другиве крупни лопови. |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Со сила се правиш мутав. Зборам за Водно. Зборам на темата која ТИ ја почна со смешно тенденциозно обвинување, ама кога ти беше побарано тоа да го поткрепиш со барем еден конкретен пример, почна да збориш за се и сешто, само конкретен пример сеуште не наведе. Зборам за тоа како се одвиваа работите и како дојдовме до денешнава ситуација, а ти ми замераш во кое време сум зборел. Па не можам да објаснам како се одвиваа работите зборувајќи во идно време ваљда? Нормално дека ќе зборам во минато време.
Воопшто не сум изненаден дека наведените фрапантни износи и ТЕБЕ ништо не ти значат. Но тоа зборува исклучиво за тебе и за ништо друго.
Жалам, не можам да ти помогнам
Нормално дека нема да одговориш на никакво конкретно прашање, туку цело време ќе менуваш теми и ќе збориш за наводни „појави“. Што друго би правел кога веќе е толку очигледно дека немаш никакви аргументи.
Искоментира неколку пати, коментарите ти беа побиени, и сега со понатамошново напињање само се дискредитираш повеќе.
NP
Треба да се занимаваме и со Жерновски, кој рече дека не треба. Еве како што гледам прилично многу се занимаваме. Само мислам дека прво треба да се справиме со крупните криминалци и бандити, да ги сместиме на долгогодишна робија, па после можеби бензинската кај Буњаковец ќе стане главна тема и ќе имаме луксуз да истражуваме дали има основа тоа што го збориш или нема. Во секој случај импресиониран сум како случајот со бензинската, дури и ако земеме дека е вистина тоа што го збориш, баш толку те револтира, а за 1000 пати поголеми афери од Ск2014, поткрепени со неспорни бројки, ич мува не те лази. И после збориш за двојни стандарди и очекуваш некој да те сфати сериозно? Edited by Cloverstack - 13-Aug-2015 at 22:14 |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 57> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |