Author |
Topic Search Topic Options
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#261 Posted: 06-Feb-2011 at 20:05 |
Во првиот (подолгиот) пост го споменав тоа. После не сакав да се повторувам и да се објаснувам по сто пати за истото.
Инаку девалвацијата на српската валута е лоша работа, но многу извезувачки капацитети се враќаат во полна форма по 10-тина години хибернација, па може ќе има враќање на курсот во нормала полека полека.
Edited by гитардемон - 06-Feb-2011 at 20:08
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#262 Posted: 06-Feb-2011 at 20:56 |
Македонија досега го оддржала курсот и зашто би си скастрила сега. Ова се пушти како коска за глодње и како магично решение. Да беше така до сега ќе се спроведеше. Се пушти идејата без никакви економски подлоги туку чисто политички д се наведе нб да го смени курсот и потоа истото тоа да се искористи во политички цели. Немаше никаков разумно објаснување зашто Македонија би воведувала нов начин. Не мора да се фаќаме сега на јадицата, добро функционира досегашниот модел. Не е сјајно поради економската ситуација но не е ни точно дека фиксниот курс е решение за се. Исто се сервира како магично решение како што е и навондото зачленувањепо организации, како што е земање огромен кредит. Мгични репенија нема, сами треба да си одработиме развојот.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#263 Posted: 06-Feb-2011 at 22:50 |
Originally posted by lslcrew
Македонија досега го оддржала курсот и зашто би си скастрила сега. Ова се пушти како коска за глодње и како магично решение. Да беше така до сега ќе се спроведеше. Се пушти идејата без никакви економски подлоги туку чисто политички д се наведе нб да го смени курсот и потоа истото тоа да се искористи во политички цели. Немаше никаков разумно објаснување зашто Македонија би воведувала нов начин. Не мора да се фаќаме сега на јадицата, добро функционира досегашниот модел. Не е сјајно поради економската ситуација но не е ни точно дека фиксниот курс е решение за се. Исто се сервира како магично решение како што е и навондото зачленувањепо организации, како што е земање огромен кредит. Мгични репенија нема, сами треба да си одработиме развојот. |
Никој не вели дека се работи за магично решение. Но ако си упатен барем малку во основите на економија и макроекономија и принципите на Адам Смит ќе знаеш дека пазарот оставен сам на себе секогаш наоѓа начин да ја доведе во рамнотежа цената на производот во зависност од побарувачката и понудата. Она што НБРМ 15 и повеќе години уназад го прави е вештачко држење на стабилен курс, од повеќе причини. Ти лсл, како поборник на слободниот тек на капиталот би требало да знаеш дека не е добро преголемото мешање на властите во цената на производите. Курсот на денарот во однос на странските валути треба да се сфати како цена на денарот. Секакво вештачко држење на висок односно низок курс прави одредена штета и не ја остава во целост природаната економска (невидлива) сила да си го одреди курсот. Да не ја должиме од каде мислиш дека се покрива трговскиот дефицит од 2,5 милијарди долари годишно? Тоа се огромни пари за нашата економија. Механизмот со кој со промена на курсот на локалната валута се стимулира извозот а дестимулира увозот е практика која речиси сите развиени капиталистички системи ја спореведуваат. Тоа што НБРМ во спрега со одредени бизнис стуктури се противи на тоа е само од лични интереси и ситни политички поени.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#264 Posted: 07-Feb-2011 at 01:25 |
Во денешен пазар треба да е слободен но денарот е македонска верзија на евро. Работата е прашање е колку држава како Македонија може сама да оодржува стабилна валута и дали воопшто има потреба да ја има. Друго е косовско или црногорско решение само во тој случај во лоши ситуации ќе немаме механизам наеднаш да се намалат сите плати давачки и цени во споредба со евро, како што на грција тоа денес и е неопходно а го нема како механизам. Да не е ваков денарот ќе пропадне, ќе почнеме со девизи да тргуваме и во трафики.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#265 Posted: 14-Feb-2011 at 12:08 |
КОМПАНИИТЕ СО ПОМАЛКУ ПАРИ, А ГРАЃАНИТЕ СО ПОВЕЌЕ
Иселениците ги наполнија банките
Наталија Скалова
Штедните
влогови на граѓаните во банките се зголемени, а на компаниите се
истенчени. Тоа го покажува извештајот на Народна банка, според кој
депозитите на населението во само еден месец се зголемиле за 69 милиони
евра, а на компаниите се намалиле за 20 милиони евра. Според стручњаци,
главната причина за огромниот пораст на депозитниот потенцијал на
граѓаните во банките е огромниот прилив на пари што доаѓа од
иселениците. - Иселениците што се вратија дома ги вложија парите тука
бидејќи кај нас каматите се повисоки од западните земји. Ова се бели
пари за црни денови. Депозитите на домаќинствата во овој период, исто
така, растат поради одредени бенефиции што обично се добиваат на крај на
годината како К-15 - вели професорот Тихомир Јовановски. Депозитите на
домаќинствата во ноември изнесувале 2,306 милијарди евра, а во декември
2,375 милијарди евра. Но, сепак, долгорочно, за разлика од пред 20
години, според Јовановски, депозитите на граѓаните се намалиле. - Само
во 2001 година, кога марките се префрлаа во евра, штедните влогови на
населението беа 2,5 милијарди евра. Причината за тоа е што давачките
постојано растат, а платите или остануваат исти или се намалуваат -
објаснува тој. За разлика од депозитите на граѓаните, парите што
компаниите ги чуваат во банка се намалиле од 870 милиони евра во ноември
на 850 милиони евра во декември. Главната причина за намалување на
депозитите на компаниите, според експертите, е високиот степен на
неликвидност. - На крајот од годината треба да се издвојат повеќе пари
за даноци за плати поради што компаниите вадат повеќе пари од своите
сметки - објаснуваат познавачите на бизнисот. Од Сојузот на стопански
комори велат дека не е направена анализа за таквата промена на
состојбата на депозитите на компаниите. - Можат да бидат две причини за
намалување на депозитите на компаниите во банките. Прво тоа може да е
потребата од пари за одредени обврски кои треба да се исплатат, како и
за тековни трошоци. И второ, тоа може да се намалените каматни стапки на
штедните влогови. Но, за да може со сигурност да кажеме што е, треба да
им се јавиме на сите компании за да видиме зошто дошло до намалување на
нивните депозити во банките - објаснува Митко Алексов. Од банките, пак,
не сакаа да коментираат која е причината за таквата тенденција. - Како
котирана компанија на Македонската берза за хартии од вредност,
Комерцијална банка има посебни обврски во поглед на известувањата, па
затоа не сме во можност да објаснуваме состојби и трендови на депозитите
со крајот на 2010 година - велат од Комерцијална банка.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2241&ArticleID=156317
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#266 Posted: 14-Feb-2011 at 19:14 |
Нов обид за продажба на Поштенска банка
понеделник, 14 февруари 2011, 17:47
Грци
сакаат да ја купат Поштенска банка - дознава Алфа. Претставници од
Грчката банка ... пред Нова година веќе биле и во Народната банка, каде
лично од гувернерот се информирале за перформансите на Поштенска.
Преговори со Грците има, но договор тешко ќе падне - ни изјави Трифун
Костовски, сопственик на Еуростандард банка, која има 66% од капиталот
на Поштенска. Тој за Алфа откри дека понудата од Грците не е воопшто
атрактивна и тешко да се постигне договор со нив.
За да се реализира продажбата, потребна е и согласност од Владата,
која поседува златна акција во Поштенска и која во досегашните обиди за
продажба играше клучна улога.
Локацијата на Поштенска банка но и современиот трезорски систем се
главните работи кои ги привлекуваат странските инвеститори. Ова е трет
обид за продажба на Поштенска банка. Претходните два завршија неуспешно.
Иако се отиде најдалеку во преговорите со Холанѓаните од ИНГ, договорот
за продажба пропадна во последен момент.
Како сериозен купувач пред точно две години се јави и Бугарската
централна кооперативна банка од Софија, која требаше да го купи
мнозинскиот пакет во Поштенска, но преземањето се проблематизираше, иако
Бугарите уплатија банкарската гаранција од 9 милиони евра. Во
банкарските кругови се коментира дека Владата купува време за да одлучи
дали воопшто сега на Грците да им ја продаде банката или пак да најде
нов купувач. Некои од плановите на Владата биле банката да се продава во
пакет, заедно со Македонска пошта, која поседува 33 отсто во Поштенска.
Така според банкарите би се постигнала повисока цена.
http://www.time.mk/read/dc2e05816e/89bbde5998/index.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#267 Posted: 15-Feb-2011 at 14:21 |
Падот на Мубарак ја оживеа текстилната индустријаДомашните компании
јавуваат за зголемен број нарачки од странство и бран нови вработувања
во текстилниот сектор, додека пораст бележат и рударството,
градежништвото, металната индустрија и производството на енергија |
|
|
|
 |
|
Календарски среде зима домашната економија доживува охрабрувачки процут.
Најголемите индустриски гранки, како текстилната индустрија,
градежништвото, металургијата, производството на енергија, јавуваат за
зголемен обем на работа и нарачки од странство, како и бран нови
вработувања. Текстилните компании од Штип веќе објавиле оглас за
вработување на 400 нови работници. Шнајдерки и кројачки се бараат и во
Пробиштип, Кратово, Кочани, Македонска каменица и во други градови. До
пред само неколку месеци од овој сектор се отпуштаа работници. На
економската пролет на текстилната индустрија и годат и политичките
потреси во земјите од Северна Африка и Блискиот Исток, каде што берзите
бележат драматичен пад.
- Актуелната политичка ситуација во Египет, Тунис, Мароко, Алжир ги
принудува странските компании да се повлекуваат од овие земји. Тие сега
се обидуваат да преселат дел од своето производство.
Се повлекуваат и некои од компаниите што беа присутни во Кина. Во
следниот период очекуваме зголемен обем на работа и доаѓање на извесен
број компании во Македонија. Уште сега добиваме барања од нови странски
компании за соработка и искористување на нашите капацитети - вели Владо
Нетков, стопанственик и член на управниот одбор на кластерот за текстил.
Тој смета дека може да се јави и проблем со недостиг од работна сила,
бидејќи во пикот на сезоната има потреба и од 1.000 нови работници.
Освен придобивањето нови партнери, оптимизам кај текстилците влева и
зголемениот број нарачки од земјите од ЕУ, како Германија, Грција,
Холандија и други.
Во Државниот завод за статистика потврдуваат дека во декември 2010
година производството во главните индустриски гранки забележало пораст
во однос на претходната година. Кај трајните производи за широка
потрошувачка порастот е 25,7 проценти, кај енергијата за 7,6 проценти и
кај капиталните производи за 24 проценти. Зголемен е бројот на работници
и во секторот вадење руда и камен за 3 проценти и во секторот
снабдување со електрична енергија, гас и вода за 2,6 проценти. И од
Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија
очекуваат засилена градежна активност и повеќе работа годинава од лани.
Оптимизмот го темелат на најавените инвестиции на Владата од 300 милиони
евра во сферата на градежништвото.
- Со законските измени, легализацијата на дивоградбите и забрзувањето на
постапката за вадење градежни дозволи, очекуваме зголемување на
извршените градежни работи и поголема урбанизација на државата. Со ова
голем дел од објектите се симнуваат на локално ниво, каде што ќе се
вадат и сите одобренија со што ќе се забрза работата - вели Марија
Петроска од СКМ. Нагорна линија бележат и цените на металите на
светските берзи. Најголем пораст има кај бакарот, кој доживеа
фантастичен скок на близу 10.000 долари по тон, што е за трипати повеќе
од пред неколку години. Со тоа значително се зголеми и интересот на
домашните и на странски инвеститори за откривање нови наоѓалишта на
бакар во државата. Во рудникот „Бучим“ од Радовиш планираат изградба и
на нова фабрика, која ќе ја преработува јаловината и ќе произведува
бакар. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2151184002&id=10&prilog=0&setIzdanie=22207
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#268 Posted: 16-Feb-2011 at 14:50 |
 Македонците со највисока платежна моќ во регионот
Бизнис | 16. февруари 2011 - 11:35
На четричлено босанско семејство му требаат две просечни плати за да ја наполни потрошувачката кошничка
Македонците и Словенците имаат највисока платежна моќ меѓу земјите од
поранешна Југославија. Според официјалните статистики, ова се
единствените земји од овој блок кои можат со просечната плата да ги
обезбедат месечните потреби за храна на едно четиричлено семејство и да
им остане дел од платата. Последните податоци на Заводот за статистика
покажуваат дека во Македонија, просечната нето плата е околу 20500
денари, а цената на потрошувачката кошничка е околу 12000 денари. Во
најлоша позиција се босанците на кои им требаат две просечни плати за
една месечна потрошувачка кошничка. Босанците имаат просечна плата од
805 конвертибилни марки, а цената на просечната потрошувачка кошничка
надминува 1500 марки.
Нешто подобри се Црногорците на кои им недостига 40% од платата за да ја наполнат потрошувачката кошничка. На Србите им фали една третина од платата, а на Хрватите 20%.
http://daily.mk/cluster3/d750aa889504630f0f49b5724ae5581b/599403
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#269 Posted: 16-Feb-2011 at 15:43 |
Како само ја пресметаа кошничката од 12.000 денари за 4 члено семејство? Тука е проблемот. Реалноста е вероватно повеќе накај 20.000. Можеби ако јадеме само грав, леб, посебна салама и маргарин Кристал, се переме со домашен сапун од сало и заборавиме на козметички средства и пиеме чешмовача.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#270 Posted: 16-Feb-2011 at 16:54 |
Ем ја пумпаа просечната плата, ем сега и ја намалуваат потрошувачката кошничка. На крајот подобро преживуваме од Јапонците.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#271 Posted: 18-Feb-2011 at 13:55 |
Владата има милијарда евра во 68 компании Станува збор за износ еднаков
на 13,3 отсто од бруто-домашниот производ во Македонија |
|
|
|
 |
|
Државата не може да се ослободи од капиталот во Тутунскиот комбинат - Прилеп
Владата менаџира со капитал од 936,8 милиони евра во 68 компании, кои се
во целосна или во делумна сопственост на државата. Станува збор за
износ што е еднаков на 13,3 отсто од бруто-домашниот производ во
Македонија.
Во целосна државна сопственост се 12 компании („Македонска пошта“,
Македонска банка за поддршка на развојот, ЕЛЕМ, МЕПСО, МИА,
„Еурокомпозит“, ТЕЦ „Неготино“, „Енергетика“ АД Скопје, „Агриленд“,
„Државна лотарија на Македонија“, М-ХАБ и „Аеродроми на Македонија“).
Државата има под 1 отсто акционерски капитал во 17 компании, а располага
со капитал од 1 до 10 отсто во 20 акционарски друштва.
Искуствата покажуваат дека Владата, со ретки исклучоци, е лош менаџер,
бидејќи голем број од друштвата во кои е доминантен сопственик со години
бележат загуби, на вработените не им се уплаќаат законските придонеси, а
голем дел од нив не земаат редовна плата. Интересно е што според
Министерството за економија само акционерскиот капитал на државата во
ЕЛЕМ, „Ти-хоум“, МЕПСО, „Тутунскиот комбинат – Прилеп“ и во ОХИС вреди
над 735 милиони евра. Станува збор за дискутабилна процена ако се земе
предвид дека Тутунскиот комбинат и ОХИС на пазарот не вредат речиси
ништо, бидејќи на огласите за нивната продажба не се јавуваа
заинтересирани купувачи. Инаку, во претпристапната економска програма
што неодамна ја промовира Министерството за финансии може да се види
дека Владата и понатаму останува на определбата за продажба на
загубарите, со оглед на тоа што се најавува дека доколку на актуелните
огласи не се јават заинтересирани купувачи, постои можност за повторно
распишување огласи за продажба. Воедно, во програмата се најавува дека
во текот на годинава врз база на претходни анализи ќе се решава кои
други удели или акции на државата ќе се нудат на продажба.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21811850175&id=10&prilog=0&setIzdanie=22210
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#272 Posted: 25-Feb-2011 at 17:46 |
Малку позитивни вести
Ќе стане ли југоисточна Македонија рударски крај
25.02.2011 12:00
Ќе добие ли рударството пошироки размери во југоисточна Македонија? Деталните геолошки истражувања кој продолжуваат и годинава даваат оптимистички надежи.
Површинските опсервации на македонските служби во изминатите четириесет, во последните неколку години се заменети со детално чешлање од странски компании. Досегашните резултати покажале значително присуство на бакарна руда. Кадиица кај Пехчево и Боров Дол кај Конче се локалитетите на кој рудникот Бучим од Радовиш ги насочи деталните истражувања.
Бакарот што го има на овие места ќе ги зголемат резервите на рудникот за уште дополнителни 10 години. Поради оваа од таму за годинава најавуваат инвестиција од 12 милиони евра.
„Тоа е лужење на бакарна руда која прв пат се воведува и во Бучим и во Македонија. На овој начин ќе биде остварено ново производство на катоден бакар за прв пат во Македонија кој ќе се продава како готов производ од Македонија во количина од околу 2 илјади и 500 тони на година. Таа инвестиција ќе изнесува некаде 11 до 12 милиони евра“, рече Николајчо Николов, директор на рудникот Бучим.
Надежи за нов рудник се раѓаат и во струмичко кај селото Иловица. Шест годишните истражувања на американската компанија „Фелпс Доч“ потврдиле дека на планината Огражден има големи резерви на бакарна руда со значителен процент на злато.
Истражувањата продолжуваат и годинава. Резерви од бакар се претпоставува дека има и во валандовско.
|
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#273 Posted: 25-Feb-2011 at 23:55 |
Девизните резерви надминаа 1,7 милијарди евра
Александар Поповски -
23 февруари 2011
15:20
GMT
Девизните резерви на Македонија на почетокот на годината
забележаа раст надминувајќи 1,71 милијарди евра и покрај очекувањата за
нивно намалување во првиот квартал од годината. Како што соопшти
денеска Народна банка на Македонија (НБМ), дополнителните девизни
приливи започнале во последниот месец од минатата година, кога биле
компензирани неповолните поместувања во периодот октомври-ноември.
„Поволните тенденции на девизниот пазар продолжија и во текот на
јануари и февруари. Со исклучок на две интервенции со нето-откуп на
девизи, Народната банка немаше трансакции со деловните банки. Притоа,
девизните резерви забележаа мал пад во однос на крајот на претходната
година, како последица на ефектите од вреднувањето, а без овој ефект
девизните резерви забележаа раст“, стои во соопштението. Притоа
се истакнува дека ваквите промени отстапуваат од проекциите, според
коишто во првото тримесечје се очекува намалување на девизните резерви. НБМ
констатирала стагнирање на кредитната активност на банките во јануари,
наведувајќи дека состојбата на вкупните кредити одобрени на приватниот
сектор е непроменета во однос на крајот на претходната година. Од
друга страна, мала позитивна месечна промена е забележана кај вкупниот
депозитен потенцијал на банките, додека годишниот раст на депозитите
изнесува 12,9 отсто http://makfax.com.mk/30/246414/deviznite_rezervi_nadminaa_1_7_milijardi_evra
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#274 Posted: 26-Feb-2011 at 09:31 |
Нормално е кога курсот ни е фиксиран во однос на еврото, кога ослабува еврото да трошиме помалку пари за да го одржуваме курсот, па се зголемуваат резервите.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#275 Posted: 26-Feb-2011 at 14:58 |
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=28741
Турски бизнисмени ќе инвестираат 100 милиони евра во Охрид
Градоначалникот Александар Петрески оствари работна средба со поголема група бизнисмени од Република Турција. На
средбата се разговараше за инвестирање во градежништвото,
инфраструктурата, изградба на болници, аква-паркови, водоснабдување и
пречистување на отпадни води. Според
првичните најави, вредноста на турските инвестиции во Охрид ќе бидат
околу 100 милиони евра, а потпишувањето на првите конкретни договори се
очекува за еден месец.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#276 Posted: 01-Mar-2011 at 14:10 |
Извозен пробив на Фабриката за амортизери
ДоJран - Фабриката за амортизери СТД од Нов Дојран, која е добитник
на меѓународната награда за најдобра иновација за хидрауличниот
телескопски амортизер, во почетокот на годината веќе ги договори првите
извозни зделки со меѓународни партнери од Босна и Херцеговина.
Веќе
28 години се познати на домашниот пазар и на балканските простори по
својата иновација и масовна употреба на нивни амортизери на камиони,
автобуси и камионски приколки, а годинава прв пат започнуваат со
производство на амортизери за вагони, наменети за „Македонски
железници“.
„Верувам дека резултатите доаѓаат поради нашиот
квалитет, но за пазарната реализација мора да се погрижиме самите,
поради тоа минатата година присуствувавме на многу саемски манифестации,
како што се Нирнберг, Франкфурт, Германија, Турција, средби со
производители на автомобили од програмата на ’Фолксваген‘ и ’Мерцедес‘
во Крагуевац, Србија, и сето тоа носи и нови нарачки“, вели Теодора
Каракашева, управителка на фабриката.
Во подготовка е изградба
на нов погон со цел да се задоволат растечките потреби на нарачателите и
најавената соработка со железничките компании од Србија и од Турција.
(МИА)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C1292C8CC4454C4AA1B091B330B5F153
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#277 Posted: 01-Mar-2011 at 14:13 |
|
|
Криза или не, банките и лани со високи добивки

Ако некој се офајдил лани, тоа биле банкарите, кои оствариле одлични добивки, и покрај слабото кредитирање
Соња Маџовска
Ако некој се офајдил лани,
тоа биле банкарите. За нив никогаш немало зима што најдобро го илустрира
фактот дека тие во 2010 забележеле профит, поголем од оној во годината
пред неа, иако се очекуваа послаби финансиски резултати со оглед на
минатогодишниот слаб раст на кредитирањето.
Прва од банките што
ги објави резултатите за сработеното и оствареното лани беше
Комерцијална банка. Оваа банка остварила позитивен финансиски резултат
од 23 милиони евра, кој е за 33,3 отсто поголем од оствареното во 2009
година. Во неревидираниот финансиски извештај на Комерцијална банка,
објавен на веб-страницата на Македонска берза, стои дека банката во 2010
остварила нето-приходи од камати повисоки за 5,7 проценти во споредба
со 2009 година. Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесувале
речиси 13 милиони евра. Од курсните разлики, пак, банката заработила 2,5
милиони евра. Загуба од 5 милиони евра прокнижила банката поради
оштетување на средства кај дадени кредити и вложувања, што, сепак, значи
намалување за 50 отсто во однос на 2009 година. За Стопанска банка се'
уште нема официјални резултати, додека НЛБ Тутунска банка, исто така,
бележи позитивни финансиски резултати за разлика од НЛБ Групацијата,
која објави загуби од 202 милиона евра, а само словенечката банка е во
минус дури 183,4 милиони евра. Сепак, нашата НЛБ Тутунска излегува дека е
единствената во оваа групација што остварила добивка. „Според
објавените резултати за 2010 година, банката оствари добивка пред
резервации од 18,9 милиони евра, или 7 отсто повеќе од лани, од која во
посебниот фонд на резерви за потенцијални ризици во текот на годината
беа издвоени 11,2 милиона евра. Со тоа вкупниот фонд на резервации на
банката достигнаа 73,8 милиони евра. Нето-добивката за 2010 година е
повисока од ланската и изнесува 7,4 милиони евра. Добивката по една
акција изнесува 8,7 евра“, соопштуваат од НЛБ Тутунска банка. Порастот,
според банката, се должи на зголеменото штедење на граѓаните за 27
отсто. Вчера финансиски резултати објави и Охридска банка - Сосиете
женерал, според кои, и таа е во плус од над 400 илјади евра, што е за
10,1 отсто повисоко од реализираното во 2009 година.
И додека банките добро се офајдиле фирмите или редат загуби или имаат значително намалени добивки.
Резултати
од работењето на македонските компании докажаа дека, всушност, кризата
најголемиот удар им го задала минатата година. Намалената продажбата на
нивните производи и на домашниот и на странските пазари, неликвидноста и
стравот да влезат во нови инвестиции им ги изеле профитите. Деновиве
фирмите ги објавуваат извештаите за сработеното лани и на прсти можат да
се избројат фирмите што оствариле подобри резултати од лани. Од
компаниите што водат, убедливо на прво место е фармацевтскиот гигант
„Алкалоид“. Оваа компанија лани остварила нето-добивка од 9,4 милиони
евра, а ја зголемила продажбата на своите производи и на домашниот, но
уште повеќе на странските пазари.
Останатите компании, барем
оние што до вчера претпладне ги имаа објавено на Македонска берза
неревидираните финансиски резултати за работењето во 2010 година,
покажуваат загуби.
„Технометал“ прокнижил загуба од 90 илјади
евра. Хотелите „Метропол“ се во минус од 220 илјади евра и „Комуна“ е во
негатива од 775 илјади евра.
Текстилниот комбинат „Тетекс“
остварил добивка од околу 43 илјади. А добивката на градежната компанија
„Бетон“ изнесува 500 илјади евра. |
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=768414A1DBC8E54AB8E2F078434BC319
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#278 Posted: 01-Mar-2011 at 15:30 |
Originally posted by axel
Од
компаниите што водат, убедливо на прво место е фармацевтскиот гигант
„Алкалоид“. Оваа компанија лани остварила нето-добивка од 9,4 милиони
евра, а ја зголемила продажбата на своите производи и на домашниот, но
уште повеќе на странските пазари.
|
Za Alkaloid mozam da potvrdam deka poleka no sigurno navleguva na bugarskiot pazar,ako dosega se prodavase samo Cafetin i nekoi lekarstva po bolnicite,sega asortimanot e zgolemen i se zabelezuva aktvino reklamiranje vo takanareceniot Prime-time po najgledanite televizii.
I uste edna informacija zabelezav deka raftovite na germanskiot supermarket Kauffland ima proizvodi na Tikves i Vincini.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#279 Posted: 01-Mar-2011 at 15:39 |
 Кога ги спомна Винчини, почнаа да рекламираат своја линија на грицкалици (крекери, грисини, переци и сл.) Незнам како до сеа не се з'гна некој локален производител да прави такви прозиводи, со години наназад пазарот го држат пред се српските производители (Марбо, Штарк итн...)
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#280 Posted: 05-Mar-2011 at 01:02 |
Трговската размена со странство во јануари 834,7 милиони долари
Скопје, 4 март 2011 (МИА)
- Обемот на стоковата размена со странство во јануари годинава изнесува
834 милиони и 707 илјади американски долари. Вредноста на извозот на
стоки е 273 милиони и 827 илјади, а на увозот 560 милиони и 880
илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 48,8 отсто, а
трговскиот дефицит 287 милиони и 54 илјади американски долари.
Според податоците на Државниот завод за статистика,
трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е
учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни
соединенија, производите од железо и челик (валани производи), облеката,
фероникелот и преработките од нафта. Во увозот, пак, најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
благородните метали во колоидна состојба, нивните органски и неоргански
соединенија, амалгамите на благородни метали, суровата нафта, моторните
возила за превоз на лица и електричната енергија.
Во јануари годинава најголемо учество во извозот на
стоки со 64,2 отсто имаат земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен
Балкан со 21,9 отсто. Во увозот на стоки, исто така, најголемо учество
со 63,5 отсто имаат земјите-членки на ЕУ и земјите во развој со 22,9
отсто.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската
размена, Република Македонија во јануари најмногу тргувала со Велика
Британија, Германија, Русија, Бугарија и Србија. Од вкупната
надворешно-трговска размена 54,9 отсто од размената била со овие пет
земји.скс/са/14:34 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81728821&lId=1&pmId=
|
 |