![]() |
![]() |
![]() |
Охридски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1314151617> |
Author | |
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Вчера поминав по улица Железничка и на приклучокот со улица Егејска помислив дека халуцинирам.
Беше затворена од тој приклучок до раскрсница со 7-ми Ноември (покасно поминав оттаму) и луѓето работеа под рефлектори.Неверојатно ![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Опопо после една година хаос на Егејска
![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Еве и вест на темата, исто така вика дека АСНОМ ќе ја реновираат - да видам да не верувам Проектот е дел од Годишната програма за уредување на градежно
земјиште на Општина Охрид и неговата вредност е 9 милиони денари или
околу 140.000 евра. Во рамки на првиот дел од реализацијата на проектот, од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ беше извршено поставување на атмосферска канализација, по што следуваше нивелирање на сите 17 улични шахти. Во рамки на вториот дел од реконструкцијата, се врши уредување на тротоарите од двете страни на улицата со поставување на нови рабници и бекатон плочки. Тротоарот од едната страна на улицата е веќе комплетно завршен, а останатата тротоарската површина ќе биде поплочена во текот на наредните неколку дена. Во моментот се врши комлетно асфалтирање на коловозот на улицата, во вкупна должина од 530 метри. Активностите за поставуавње на асфалтот се очекува да бидат завршени во текот на денешниот ден. Во текот на наредните денови ќе се изврши поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, со што ќе биде комплетиран целиот проект за реконструкција. Според планираното, за околу две недели треба да започне и
реконструкцијата на улицата „АСНОМ“ од пресекот со булеварот
„Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“. Улицата е во
ширина од 9 метри и должина од 650 метри, а Проектот за реконструкција
предвидува целосно обновување на коловозната лента и уредување на
тротоарите. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „АСНОМ“
По завршувањето на главната туристичка сезона, започна реализацијата на планираните градежни и инфраструктурни проекти. Денеска започна целосната реконструкција на улицата „ АСНОМ“ од кружниот тек на булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“ во должина од 630 метри. На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Константин Георгиески. – Со целосната реконструкција на дел од улицата „ АСНОМ“ започнуваме со интензивни градежни активности. Оваа улица целосно ќе биде реконструиран коловозот, ќе се нивелираат шахтите и сливниците, ќе се реконструираат тротоарите и ќе се променат бетонските рабници. Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари, работите ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга, надзорот ќе го врши АД „ЗИМ“ од Скопје, а градежните работи, според потпишаниот договор со изведувачот, треба да завршат во рок од 60 дена. Сметам за потребно да ја информирам јавноста дека летниот период го искористивме да ги завршиме тендерските постапки за повеќе најавени проекти. Во тек или при крај се тендерските постапки за проекти во вкупна вредност од 65.800.957,оо денари, вклучувајќи ја целосната реконструкција на улицата „АСНОМ“. Другите проекти се: -Санација на ударни дупки на улиците во општина Охрид со површина од 4,5 илјади метри квадратни, во вредност од 5.822.238,оо денари; -Асфалтирање на тесни улички во вредност од 7.508.375,оо денари, при што ќе бидат вградени 1.550 тони асфалт ; -Изградба на фекална канализација во населба Рача во вредност 1.596.844,оо денари ; -Изградба на канализациона мрежа со која ќе бидат приклучени дел од приградските населби, односно делови од селата Лескоец,Лакочереј и Велгошти. Вредност 2.889.489,оо денари ; -Тампонирање на улици во вредност од 1.369.862,оо денари ; -Изградба на потпорни ѕидови во населбата „Стар град“ и во селото Елшани со проценета вредност од 2.649.495,оо денари ; -Изградба,реконструкција и поплочување тротоари на вкупна површина од 5.000 метри квадратни, со проценета вредност од 7.026.000,оо денари ; -Опремување на 9 автобуски постојки, со проценета вредност од 972.601,оо денари ; -Поставување на велосипедски паркиралишта со проценета вредност од 608.845,оо денари ; -Реконструкција на големата сала и скалите за влез во Општина Охрид во вредност од 2.700.000,оо денари ; -Уредување и одржување на пешачка улица со режим ба сообраќај и уредување на тротоар на дел од улицата „ Коста Абраш“.Вадење на дотраените бехатон плочки и нивна замена со гранитни плочки и гранитни коцки. Хортикултурно уредување и осветлување на 500 метри квадратни.Проектот во вредност од 2.700.000,оо денари е финансиран од Југозападниот плански регион. По забелешките на антикорупциската комисија се повторени и при крај се тендерските постапки за: -Поставување на нова кровна конструкција на основното училиште „Христо Узунов“ и подрачните единици на основното училиште „Св. Наум Охридски“ во селата Елшани и Коњско. Вкупната вредност на зафатите е 11.557.839,оо денари ; -Реконструкција на кровната конструкција на потпокривот на ОСУ „Св.Климент Охридски“ во вредност од 410.109,оо денари ; -Изградба на улицата 2 во поранешната касарна „Михајло Апостолски“ со проценета вредност од 9.182.187,оо денари- рече градоначалникот Константин Георгиески на почетокот на изведувањето на градежните работи на улицата „ АСНОМ“ . https://ohrid.gov.mk/8523-2/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
На ул. Егејска остана уште обележувањето. Штета што не ги учиме лекциите или немаме храброст (не знам кое од тие две е редовност кај нас), па нема столпчиња по тротоарите за да се забрани паркинг на нив. Ги нивелирале на ниво на улицата за да е уште полесно за паркинг, ќе ги пропаднат со колите во рок од 3 месеци и плус повторно пешаците по улица ќе одат.
Еве фотки ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Еве ја состојбата и на ул. АСНОМ - се чини и таму тротоарите ќе ги спуштат, а исто така ги смалуваат. Претпоставувам тоа значи дека прават место за најавените велосипедски патеки кои се чини ќе бидат дел од коловозот, што е промашување според мене.
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Еве мала фото сторија од ул. Асном пред реконструкцијата (извор Гугл Мапс), да остане во меморијата како изгледаше до 2019 една од најкористените улици во градот што прават пресек со бул. Туристичка.
На првата слика се гледа супстандарден тротоар од минатиот век во должина од 50 метри (на левата страна). До пред 3-4 години тоа беше и единствен тротоар на улицата. Околу 2015 година за првпат се направи нормален тротоар во погорниот дел од улицата (после супстандардниот од 50 метри). Десната страна и понатаму остана без тротоар и савана. Во ситуација и кога почнаа да се градат згради во тој дел од градот (за жал) улицата сеуште личи на зоолошка. А еве го и најинтересниот момент на улицата кој се чини нема да го средат со моменталната реконструкција. Тротоарот не е поврзан помеѓу крајот на ул. Асном и ул. Карпош Војвода во должина од неверојатни 5 метри и пешаците слегуваат долу на улица на сред кривина. ![]() Во најава е уште еден таков гаф, немам најнова слика за да го прикажам ова, но ќе набавам деновиве. Се работи за пресекот помеѓу ул. Асном и бул. Туристичка каде има сличен случај како претходниот. Синиот дел е новоизграден тротоар при реконструкцијава, а црвениот дел е дупка (асфалтот е велосипедска патека, тротоар нема). ![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Погоре ставив слики од реконструкцијата додека ги правеа тротоарите, а еве една денешна од гребење на асфалтот (извор Општина).
![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
улица Васил Главинов не сум сигурен дали е комплетна рехабилитација или само крпење ![]() ![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Асфалтирање на ул. АСНОМ
Верувале или не, за првпат во историјата на градот шахтите беа нивелирани пред да се постави завршниот слој асфалт. Нова пракса досега невидена при реконструкција на улица, градежна револуција, mind blowing иновација, head exploding замислете овде, итн. Се разбира, како за првпат не мора да кажам дека 2-3 шахти се промашени па испаднаа под асфалтот, дали поради лошо нивелирање или поради лошо асфалтирање, но мнозинството се ок. ![]() ![]() ![]() извор општина Охрид |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Најново од кујната на одделението за сообраќај во општина Охрид - после пречктраниот пешачки премин кај Охридска банка и "решението" кај автобуската, ова е трето во низа. Се наоѓа на раскрсницата помеѓу Јане Сандански и Партизанска.
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
За разлика од кај Охридска Банка, кај автобуска е моментално најадекватно(не идеално) решение.
Ама ова последново е врвот.Ми е страв да напишам врвот, можно е во иднина Општина Охрид да не демантираТ со нов проект. Патем, сакам да видам автобуси како вртат (по можност троосовинци) и камиони од авто школа на самоделсково кружно ![]() Edited by Тркало - 02-Dec-2019 at 00:35 |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Има новост на кружново од погоре, само немам фотка за прикажување. Наместо столпчиња и фарбано сега го бетонираа, ама се чини и тоа беше силувано заради силната реакција после виденото на сликите погоре. Не мислам дека имаше доволно време за спремање на комплетен проект за уредување на кружниот тек.
Друга новост е дека на ул. Асном пред два дена пукна цевка за вода точно на локацијата сликана на првата слика од последниот пост за Асном. Така што тазе асфалтирана ја прекопаа. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Еве фотки од новоста што ја спомнав, кружниот тек помеѓу Јане Сандански и Партизанска. Наводно текот е изработен според сообраќаен проект што постоел од претходно, не ја разбирам во тој случај авантурата со шлакањето боја и столпчиња.
Следува вест од општина Охрид. ---------------------------------------------------- По налог на општина Охрид, а согласно сообраќајниот проект за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, изграден е нов кружен тек меѓу улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во непосредна близина на „Комерцијална Банка“. Кругот е со дијаметар
од 8 метри и помошен дијаметар од 6 метри што значи дека е обезбеден
непречен проток на патнички и товарни возила во овој дел од градот.
На кружниот тек е обележана хоризонтална и вертикална сигнализација и
истиот е хортикултурно уреден. Наредниов период, штом дозволат временските услови
надлежните служби ќе извршат одводнување на токот, нивелирање на
шахтите и асфалтирање на целиот круг. Edited by ironm - 09-Jan-2020 at 16:36 |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Станува збор за влезот во Охрид од Ресен/Битола и една од најзначајните сообраќајници која во моментов е пред тотално распаѓање. Можеше/мораше многу подобри да се осмисли целиот проект, посебно имајќи во предвид дека е инволвирано и ЈПДП. Според мене требаше да се премине на булеварско решение со 4 ленти и да се добие поврзување на новиот автопат - бул. Железничка - бул. 15-ти Корпус со оглед на тоа што градот нема обиколница. Вака само реновирање на моменталната мизерија. ----------------- Интензивни градежни активности на улицата "15-ти Корпус" Во тек се интезивни градежни активности од правата фаза за поставување на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до мостот на реката Сушица. Се
работи за канализациона мрежа со вкупна должина од 610 метри и тоа со
дијаметар Ф400 со должина од 220 метри и со дијаметар Ф315 со должина од
390 метри. Според планираното, предвидено е да бидат поставени 21
ревизиона шахта и 37 сливници. Активностите на терен ги изведуваат екипи
на ЈП „Нискоградба“ и истите се очекува да завршат за околу две
седмици. По поставување на атмосферската канализација ќе започнат и
активностите за целосна реконструкција на улицата. Локалната самоуправа
ќе биде задолжена за изградба и уредување на пешачките и велосипедските
патеки, а ЈП „Државни патишта“ ќе биде задолжено за реконструкција
на коловозот и поставување на нов асфалт. Во моментов се подготвува тендерската постапка за изведување на втората фаза од атмосферската канализација на оваа улица, во потегот од реката Сушица до селото Лескоец, за која исто така се предвидени средства од буџетот на општина Охрид. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Според урбанистичкиот план од пред 10 години касарнава во Охрид треба да прерасне во образовен комплекс каде ќе ги префрлат универзитетот за информатика, факултетот за туризам, средно училиште и студентски дом. Оваа улица ќе е на некој начин главна сообраќајница низ комплексот и затоа не разбирам зошто ја градат олку мизерно, не се предвидени ни велосипедски патеки кога веќе ја корнат целата. Веројатно поради тоа што немаат намера ни урбанистичкиот план да го спроведат, па затоа ни за улицата не се замараат. Проектот за реконструкција предвидува асфалтирање на коловозната лента и изведба на тротоари. Исто така, улицата ќе добие и нова сигнализација и осветлување. Овие активности се дел од годишната Програма за Уредување на градежно земјиште и за оваа намена се издвоени околу 13 милиони денари од буџетот на Општина Охрид. Градежните работи на терен ги изведува фирмата АД „Илинден“ Струга. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Во историјата замина и капијата од поранешната касарна во Охрид Охрид се гради и менува. Поради модернизацијата и урбанизацијата, во градот повеќе нема некои препознатливи белези, а некои места добиваат сосема друга намена. Едно од нив е поранешната касарна „Генерал Михајло Апостолски“ каде се пробива нова сообраќајница од улицата „Кленоец“ до населбата „Радојца Новичиќ“. За потребите на изградбата деновиве беше урната капијата на влезот во касарната, со што изгледот на овој простор целосно се промени. Проектот предвидува изградба на улица со тротоари, која ќе добие и нова сигнализација и осветлување. Просторот кај поранешната касарна кој државата го отстапи на општината е актуелен повеќе од една деценија. Една од идеите беше тука да се гради образовен кампус каде ќе функционираат повеќе училишта и факултети, а ова место беше поврзувано и со дислокација на СВР Охрид и Противпожарната служба. https://www.ohridnews.com/vo-istori-ata-zamina-i-kapi-ata-od-poraneshnata-kasarna-vo-ohrid/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Започна реконструкцијата на улицата Абас Емин
Денеска започнува реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти во Охрид, а тоа е Комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“. Со ова, конечно се решава еден децениски проблем и се обезбедуваат подобри услови за жителите на Општина Охрид. Проектот е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата, кој опфаќа комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари. Во рамки на активностите за реконструкција на целокупната подземна инфраструктура, првично ќе биде опфатен потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“. Градоначалникот Константин Георгиески заедно со надлежните во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, направи увид на започнатите активности. – Како резултат на истрајноста, упорноста, ангажираноста и посветеноста на Локалната самоуправа со особена гордост и задоволство сакам да Ве информирам дека денес започнува реконструкциајта на улицата „Абас Емин“. Реконструкацијата на оваа улица е капитална инвестиција за нашите граѓани, нешто што беше планирано од сите претходни градоначалници и сите претходни Локални власти. Како локална самоуправа ги препознаваме вистинските потреби за нашиот град, ги лоцираме вистинските проблеми и напорно работиме на нивно решавање. Ова е сложен инфраструктурен проект, во текот на изведбата ќе има измени на сообраќајниот режим на улицата „Абас Емин“ затоа упатувам молба до граѓаните за разбирање при изведување на работите, истакна Георгиески во своето обраќање до граѓаните. Тој најави дека доколку се тече според планираното, комплетната реконструкција на улицата ќе треба да заврши за околу една година. https://ohrid.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Еве ја Абас Емин, почнаа со работа. Запрепастувачки е кога ќе се помисли дека оваа улица ги поврзува двата најголеми булевари во градот, а градбите што лежат на неа се како низ село да поминуваш. Не очекувам некое големо поместување во однос на хаосот после реконструкцијава бидејќи не е во насока на исправање минати грешки.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/SugareskiGoran/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1314151617> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |