misam deka slikata sto ja imame od aerodromot sto treba da se gradi e od dubai ili lici na nego pisuva na germaski ama imat sliki od aerodromot kaj dubai videteja prvata slika
Дечки, можеби аеродромот во дубаи ве потсеќал на нашиот, но терминалот 2е (Шарл де Гол) е скроз на скроз идентичен: зборам за планираната реконструкција
1.
2.
3.
4.
Edited by La Linea - 07-Feb-2009 at 17:22
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
напиов проект делува како микс од двата. самиот терминал е ист како оној во Дубаи додека модуларниот дел со капиите се како во Париз.
Како и да е не ми го нарушува сето ова впечатокот. Многу малку аеродроми во светов се вистински архитектонски ремек дела според мене поголемиот дел се градат според шаблон.
Токму тој терминал што го посочуваш Linea го имам искусено пред неколку години. Просториите внатре што се чекалниците и фришоповите се онака некако интересни како да се наоѓаш во некоја оранжерија. Башка тој аеродромот CDG е испреплетен со некои автопати со некои клучки и изгледа како по иста клучка да се движат и автомобили и авиони што слетуваат/полетуваат! Сликите од аеродромот ми изгледаат како да се доста понови пошо јас го памтам во некоја позапуштена состојба, стаклата ми изгледаа малку како неоддржавани.
Токму тој терминал што го посочуваш Linea го имам искусено пред неколку години. Просториите внатре што се чекалниците и фришоповите се онака некако интересни како да се наоѓаш во некоја оранжерија. Башка тој аеродромот CDG е испреплетен со некои автопати со некои клучки и изгледа како по иста клучка да се движат и автомобили и авиони што слетуваат/полетуваат! Сликите од аеродромот ми изгледаат како да се доста понови пошо јас го памтам во некоја позапуштена состојба, стаклата ми изгледаа малку како неоддржавани.
Не знам дали е ова офтопик, но ти најверојатно си бил таму пред да го реновираат. Пред 4 години отприлика покривот се срушил и загинале 4 лица. Сега е реконструиран и затоа ти изгледа нов
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Па изгледа тоа беше непосредно пред да се сруши, пред 4-5 години тука некаде! Инаку ако се срушил покривот, тогаш е вероватнно и кај нас да има таква опасност да се сруши! Да не знаеш поради кои причини се срушил покривот?! Јас убаво се сеќавам дека стаклата ми изгледаа онака како прљави, онака како да беше се зарѓано од надвор. Ме изненади дека една толку реномирана држава, првиот поглед што го добив за нејзе не беше баш позитивен токму поради аеродромската зграда!
Седумдесетина
земјоделци со дваесетина трактори вчера излегоа на протест на
земјоделските површини во атарот на светиниколското село
Мустафино. Таму турската компанија ТАВ, која доби концесија и за
скопскиот и за охридскиот аеродром, од септември треба да гради
карго-аеродром. Мустафинци се незадоволни од понудената цена за
експропријација на нивите на кои ќе се гради аеродромот, а
плодоуживателите бараат државата да им даде друго соодветно земјиште
бидејќи ќе останеле без никаква егзистенција.
- Од државата на
користење добив пет хектари земја под систем за наводнување. Сега не
знам што ќе правам, од што ќе живеам. А морав да се регистрирам како
земјоделец, да плаќам придонеси. Никој не кажува дали во замена ќе
добиеме друго земјиште - се жали Васил Лазаров. Аеродромот ќе зафаќа
површина од околу 400 хектари, од кои повеќе од 300 се во
Светиниколско, а останатите во Штипско. Во атарот на Мустафино
аеродромот делумно или целосно без добиената земја ќе оставел 22
плодоуживатели, а другите површини биле приватни имоти.
-
Речиси нема ниедно од 180-те семејства во селото на кое нема да му биде
експроприрано земјиште. Ние имаме по четири хектари земја, од кои
половината ќе ни биде експроприрана. Ни се нуди срамно ниска цена од
200 денари за квадратен метар. Штипјани добија по 300 денари, а во
Охрид и во Скопје квадратен метар чинел и по 20 или 25 евра. Ние сме
повеќечлени земјоделски семејства и земјата ни е единствена
егзистенција, па не знаеме како ќе живееме во иднина - велат Трајко
Симонов и Милан Милковски.
Претседателот на Фондацијата за
обнова и развој на Овче Поле, Никола Шалев, истакна дека проблемот мора
итно да се реши бидејќи земјоделците биле во паника.
- Никој
не е против изградбата на аеродромот, кој е од стратегиско значење за
регионот, но се работи за егзистенционална загрозеност на ова
население. Плодоуживателите ги извадивме од списоците на центрите за
вработување, па што ќе прават сега ако не добијат друга земја.
Сопствениците на имоти, пак, треба да добијат разумно обесштетување -
рече Шалев. Од Министерството за земјоделство се категорични дека сите
проблеми ќе бидат решени и нема причина за протести.
- Се
работи за ист аеродром и за земја во ист регион, па и светиниколските
земјоделци, како и штипските, ќе добијат по 300 денари од квадратен
метар за нивните имоти. Хидросистемот ќе функционира и по изградбата на
аеродромот. Иако државата нема таква обврска, плодоуживателите ќе
добијат во замена други површини државно земјиште - ни изјави вчера
директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ванчо Димитриев.
Јасно ми е дека има и луѓе кои егзистенцијата им зависи од земјиштето. Секако тоа ќе се реши но ќе се игубат многу време во години и живци. Ама има и голем дел кои не се во право. До нова година овде земјиштето се препродаваше со невидено темпо и се крена а цените на нивите на некој начин намерно. Ова е веќе чист бизнис во Македонија. Купуваш ниви кај што има проект во најава и после кукаш пред медиуми. Е сега покрај ваквите има и онакви кои страдаат ни криви ни должни. Лично познавам луѓе кои го направија ова токму со ова земјиште, затоа и си земам слобода да ги рогам прилично големпроцент од овие луѓе тука! Целата процедура сама по себе е дупка во закон и практично све е легално, а цената на земјиштето расте до плафон. Ова треба да се третира како проблем и да се замрзне катастерски било каква купопродажба од најава до експропријација.
Турците, заедно
со финансиери од ЕБОР, ги посетиле авиопристаништа и разговарале за
деталите околу можното кредитирање на активностите за модернизација,
како и за изградба на нов карго аеродром крај Штип
Турската ТАВ, која лани ја доби 20-годишната концесија за двата
аеродроми, не се откажува од инвестицијата во земјава вредна 260
милиони евра. Подготовките за преземање на аеродромите од крајот на
август се во тек. Како што дознаваме, делегација на турската компанија,
која во земјава формираше своја компанија ТАВ Македонија, неодамна
престојувала во земјава и извршила обиколка на аеродромите Александар
Велики и Св. Апостол Павле, а била и на локацијата во Штип каде ќе се
гради новиот карго аеродром. Во посета на двете авиопристаништа
престојувале и претставници од Европската банка за обнова и развој
(ЕБОР). Од ТАВ работат темелна анализа на состојбата со
аеродромите. Дознаваме дека на финансиерите од ЕБОР им ги презентирале
своите инвестициски планови за модернизација на македонските аеродроми,
а се разговарало и за техничките детали околу можното кредитирање на
овие инфраструктурни проекти. Засега Турците не се директно вклучени во
водењето и менаџирањето на аеродромите и тоа и натаму им е препуштено
на домашни кадри и менаџери поставени од Владата.
За проширување на полетно-слетната патека на Александар Велики и за
изградбата на новиот карго-аеродром во Штип треба да се експроприра
земјиште од приватни сопственици. Од Министерството за транспорт и
врски велат дека постапката за експропријација на градежно-неизградено
земјиште за потребите на предвидените градежни инвестиции на
аеродромите е во тек и се одвива согласно однапред предвидената
динамика. На вчерашната собраниска Комисија за транспорт и врски беше
усвоен Предлог-ребалансот на државниот Буџет, каде во делот што се
однесува на буџетот на ресорното министерство беше дадено зелено светло
за зголемување на ставката за експропријација на земјиште за потребите
на аеродромите за 15 милиони денари или околу 243.000 евра.
Турскиот концесионер требаше да го преземе управувањето на скопскиот
и охридскиот аеродром и да ги почне активностите за изградба на нов
карго аеродром крај Штип уште во средината на декември минатата година,
веднаш по потпишувањето на договорот со Владата. Поради финансиската
криза, компанијата го пролонгира преземањето на македонските аеродроми
за есеноска.
За менаџерите на ТАВ ова е одличен проект за чија реализација
македонската влада нема да вложи ниту денар. Според договорот, во
првите три години треба да инвестираат околу 260 милиони евра, при што
најголем дел од средствата се за изградба на карго-аеродромот во Штип.
Модернизацијата на аеродромите треба да почне најдоцна за три месеци од
официјалното преземање, при што за реконструкција на скопскиот аеродром
се предвидени 20 месеци, а за аеродромот во Охрид - 12 месеци.
Министерот за транспорт Миле Јанакиески веќе изнесе јасен и дециден
став дека во оваа работа нема флексибилностт и дека во договорот има
точно утврдени рокови за работите што треба да се реализираат. За
незавршените работи во предвиден рок, ТАВ ќе плаќа пенали на дневна
основа од 5.000 евра. Ако и во овој рок не ја заврши работата,
договорот ќе биде раскинат.
Abstract:
EBRD is considering financing a 20-year concession which includes
development, finance, operation and maintenance of Skopje “Alexander
the Great” airport and Ohrid “St. Paul the Apostle” airport; and a new cargo airport at Shtip. The concession was awarded to TAV Havalimanlari Holding A.S. (“TAV”),
a Turkish based company following an open tender undertaken by the
Government of FYR Macedonia acting through the Ministry of Transport
and Communication. The concession agreement was signed between TAV and the Government of FYR Macedonia.
Transition
impact: This project is the first transport concession to be awarded in
FYR Macedonia and successful financial closing will be transition
impact in its own right. In addition, the following can be anticipated: Demonstration
effect of the concession awarded as a result of the competitive process
that could be replicated in other countries of operation; Transfer
of know-how through the introduction of new operational, managerial and
commercial standards, including transfer of knowledge and experience
from foreign to local staff, using the experienced staff of TAV. Construction/refurbishment of airports using private financing.
The
client: The client will be TAV Macedonia Dooel-Skopje, which is a
Special Purpose Company (SPC) set by TAV Havalimanlari Holding A.S., a
Turkish based company that, through its subsidiaries operates airports
internationally and conducts other airports-related activities. .
EBRD finance: EBRD is considering arranging EUR 45 million in a syndicated senior loan using an A/B loan structure. EIB is considering providing a senior loan of up to EUR 80 million as a parallel loan.
Total project cost: EUR 193 million.
Environmental
impact: The construction, rehabilitation and operation of airports is
typically associated with a wide range of environmental, social and
health and safety issues. The project comprises three components that have been screened and categorised as follows: Screened
B/1 (2003) - The new terminal building and modernisation at Skopje and
renovation of Ohrid airport will need to be preceded by an
Environmental and Social Analysis and audit. Screened A/0 (2003)
-The construction of a new airport at Shtip will need to be preceded by
an Environmental and Social Impact Assessment (ESIA).
An
Initial Environmental Examination (IEE) has already been undertaken by
the Bank’s Environmental Specialist to confirm the screening
categorisation. Independent consultants have been commissioned to
evaluate the level of compliance by each Project component with EBRD’s
policy requirements, identify any gaps and propose actions to remedy
them. The environmental audit and analysis of the project components
will include assessing: compliance with national and international
safety and environmental standards including International Civil
Aviation Organisation (ICAO), International Air Transport Association
(IATA) and the European Aviation Safety Agency (EASA); noise
disturbance; biodiversity impacts on bird migration routes, local
habitats and ecology; air emissions from aircraft; road traffic;
handling and storage of fuel and chemicals; transport and handling of
dangerous goods; waste and hazardous waste management; emergency
preparedness; involuntary resettlement and economic displacement;
social or community impacts and public consultation and information
disclosure. An Environmental and Social Action Plan to bring all of
the Project components into compliance with national regulations as
well as international and EU environmental, health and safety standards
will need to be developed. Information will also need to be disclosed on each Project component.
мало освежување, кое најавува можеби (посрамежиливо) ново пролонгирање на рокот за превземање на лиценцата... "јас немам таква информација" шпекулациите не стигнуваат до министерството требало Миле да го прашате кај него има поголемо проветрување
Турски ТАВ не се повлекува од Македонија
Македонскиот
министер за економија Фатмир Бесими денеска ги негираше шпекулациите
дека турската компанија ТАВ ќе ја повлече договорената инвестиција во
Македонија.
„Јас немам таква информација. На вчерашниот
македонско-турски бизнис форум имаше презентација и од самите
претставници на ТАВ“, изјави Бесими во одговор на новинарско прашање.
Тој
потсети дека на вчерашниот форум во Охрид над 100 турски бизнисмени
имале презентација, кои покажале сериозен интерес за инвестиции и
тргување со Македонија.
Пред неколку месеци, владата донесе
заклучок за продолжување на рокот за влегување во сила на Договорот за
концесија за развој, финансирање, користење и оддржување на аеродромите
„Александар Велики“ - Скопје, „Св. Апостол Павле“ - Охрид и новиот
карго-аеродром во Штип, склучен на 24 септември помеѓу Владата и турски
ТАВ.
Продолжувањето на рокот до 30 август 2009 година беше појаснето како резултат на глобалната економска криза.
“Тав“ се уште се без кредит, на три месеца пред почеток на концесискиот договор
среда, 27 мај 2009, 19:03
Турската компанија
“Тав“ се уште не обезбедила кредит за модернизација на двата македонски
аеродрома иако истекуваат последните три месеци од продолжениот рок за
отпочнување на проектот. Соочена со финансиската криза, ТАВ во декември
минатата година побара одложување на реконструкцијата на скопскиот и
охрискиот аеродом и изградба на карго аеродом во Штип.
Според
признанието на претседател на турската стопанска комора, потрата на
ТАВ по кредит од 200 милиони евра засега не дала резултати.
“Убеден
сум дека “Тав“ ќе ја надмине оваа ситуација. Знаете, во светски рамки
денеска е голем проблем обезбедувањето на готовина. Но, “Тав“ тоа ќе го
стори успешно, бидете убедени“ изјави Рифат Хисарџиклиоглу,
претседател на турската стопанска комора.
И во владата се
оптимисти. За сега не размислуваат околу ризикот за ново одложување на
инвестицијата, според која турската компанија откако ќе ги модернизира
во следните 20 години ќе стопанисува со македонските аеродроми.
Бесими
“За сега јас немам информација за откажување на оваа турска
инвестиција. На вчерашниот бизнис форум и самите претставници на “Тав“
кажаа дека се заинересирани за инвестирање овде“ вели Бесими.
Според
инфомации на алфа од скопскиот аеродром преставниците на ТАВ не ја
искористија посетата на Македонија и одржувањето на турско македонскиот
бизнис форум во Охрид за било какви разговори со нив околу овој значаен
проект. Владиниот договорот со Тав, које е еден во низата обиди за
модернизација на македонските аеородоми, истекува на 30 август.
И Владата не верува дека
ТАВ скоро ќе дојде во Македонија!?
Државата ќе троши пари за обновување на аеродромската зграда на Александар
Велики, иако за три месеци аеродромот треба да биде преземен од турската
компанија ТАВ, чија обврска се токму инвестициите во модернизирање на овој
објект. Акционерското друштво Аеродроми на Македонија, кое е во државна
сопственост, одлучи да инвестира 50.000-60.000 евра во проширување на влезовите
три и четири на скопскиот аеродром, иако во наредните 20 години нема да управува
со него. Од 1 септември македонските аеродроми треба да преминат во сопственост
на ТАВ, која за развој на скопскиот и охридскиот и за изградба на карго-аеродром
во Штип треба да инвестира 200 милиони евра. Дали ова значи дека Владата не
верува во инвестицијата на ТАВ, која еднаш веќе е одложена или, пак, има друга
причина? Од Владата велат дека одлуката е донесена од Аеродроми на
Македонија, кое е посебно акционерско друштво и има свој буџет. Од
претпријатието тврдат дека проектот е согласно инвестицискиот план за 2009
година и не чини многу. “Оваа инвестиција била предвидена за минатата година,
но не е реализирана. Таа предвидува изградба на посебен простор во постојната
зграда, од предната страна, кој ќе го користат луѓето што ги чекаат патниците од
авионите. Тие веќе нема да чекаат надвор, како сега, туку ќе може да седат
внатре, каде ќе има и ресторан”, објаснува директорот на Аеродроми на
Македонија, Орхан Рамадани. Парите се од буџетот на претпријатието. Според
Рамадани, инвестицискиот план за годинава не е голем и предвидува само итни
зафати. Тој не бил ни 20% од обемот на минатогодишниот, кој изнесувал неколку
милиони евра. “Имаме многу рестриктивна политика за инвестиции и набавка на
средства. Целта на вложувањата е да се подобри квалитетот на услугите. Некои
работи не може да чекаат”, вели Рамадани.
Нема нов абер од
ТАВ
Ова уште повеќе ја комплицира ситуацијата околу инвестицијата на ТАВ во
Македонија. На крајот од 2008 година таа беше одложена до 31 август бидејќи
турската компанија не обезбеди кредит поради глобалната финансиска криза. Дали
с$ уште нема гаранција од ТАВ дека од 1 септември ќе почне да ги модернизира
аеродромите? Од Министерството за транспорт нема информација дали Турците ги
обезбедиле потребните 200 милиони евра. Од ресорот даваат многу штури одговори.
“Договорот за концесија е продолжен. Поради глобалната економска криза
настанаа непредвидливи случувања, кои се настан од виша сила и кои не можеше да
се предвидат на датумот на потпишување на Договорот за концесија. Согласно со
новиот рок, ТАВ ќе започне со оперирање и инвестирање во аеродромите во
Македонија на 30 август 2009 година”, информираат од Министерството. Но, од
ресорот не одговараат на прашањето дали имаат потврда од ТАВ дека новиот рок ќе
биде запазен, ниту дали ќе одобрат ново пролонгирање доколку биде побарано.
Министерот Миле Јанакиески лани изјави дека до мај годинава кризата ќе се
релаксира и затоа рокот до 30 август бил доволен за ТАВ. Со оглед на овие негови
прогнози, сега Јанакиески би требало да има конкретна информација од ТАВ.
ТАВ не одговори на прашањата што ги доби од Капитал. Останува само изјавата
на Рифат Хисарчикоглу, претседател на Сојузот на стопански комори и берзи на
Турција, кој тврди дека ТАВ ќе успее да обезбеди кредити. Според Договорот
за концесија, Турците имаат рок од 20 месеци за реконструкција на скопскиот
аеродром, 12 месеци за охридскиот и три години за изградба на карго-аеродромот
во Штип. Тие нема да стопанисуваат со карго-аеродромот, туку само ќе го
изградат. Владата потоа ќе процени дали државата ќе оперира со него или ќе бара
друг концесионер. На аеродромот Александар Велики треба да се изградат нова
терминална зграда, пристапен пат, нова клучка, комунална инфраструктура, нов
карго-терминал, противпожарна станица и паркинг за воздухоплови, да се продолжи
полетно-слетната патека, да се инсталираат системи за земска навигација и да се
догради административната зграда. На аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид
предвидени се реконструкција на паркингот и на административната зграда,
реновирање на објектите во карго-центарот, изградба на ВИП-објект и други
активности согласно меѓународните стандарди. Новиот карго-аеродром во Штип треба
да биде алтернативен аеродром за цивилната авијација, со можност да прерасне во
главен аеродром во земјава. Турската компанија годинава има обврска да
реализира и други проекти, како на пример модернизацијата на аеродромот во Рига,
Литванија, кој го доби на тендер на почетокот од годинава и во кој планира да
инвестира 250 милиони евра. Заедно со локалниот партнер, фирмата Сконто бруве,
планира да изгради нов терминал и да ги развие авиоврските. Турците влегоа во
овој проект неколку месеци откако од македонската влада побараа одложување на
инвестицијата во Македонија. Дали тоа значи дека аеродромот во Рига е
поприоритетен за ТАВ? Тој лани имал 3,7 милиони патници, а на скопскиот немаше
ни еден милион! Главниот извршен директор на ТАВ, Сани Шенер, по
потпишувањето на договорот во Литванија, изјави дека добро ја започнале годинава
и покрај тешкотиите поради глобалната финансиска криза. ТАВ има богато искуство
во управувањето со аеродроми. Оперира со седум аеродроми во Турција, Грузија и
во Тунис, на кои годишно поминуваат над 27 милиони патници. Во 2007 година
компанијата оствари приход од 507,5 милиони евра.
Други компании се надеваат на нов тендер
Капитал дознава дека проблематичниот развој на настаните во Македонија будно
го следат трите компании од Австрија, Германија и од Франција кои се откажаа од
првиот тендер поради краткиот рок за поднесување на документацијата и
неприфатливите тендерски услови. Тие се надеваат дека ќе имаат уште една шанса
да конкурираат за добивање концесија за скопскиот и охридскиот аеродром. Според
нашите информации, тие веруваат дека, како што стојат работите, постои шанса за
нов тендер. Во првата фаза од првиот тендер се пријавија Виена интернационал
аирпорт од Австрија, Хохтиф од Германија и ЕГИС од Франција и Велика Британија.
По откажувањето од тендерот, само од ЕГИС официјално соопштија дека поради
краткиот рок не можеле да подготват сеопфатна, обврзувачка и неусловна понуда во
согласност со стандардите за квалитет и одговорно стопанисување. Но, тие останаа
заинтересирани за вложување во Македонија.
“Од Министерството беше
побарано да се продолжи рокот за доставување на понудите бидејќи тој беше
прекраток за да се обезбедат потребната одлука на бордот на директори на
компаниите и согласност од банка за обезбедување кредит. Секоја сериозна
компанија има процедура низ која мора да поминат сите одлуки за инвестиции”,
велат извори на Капитал кои биле вклучени во подготовката на документацијата за
еден од заинтересираните инвеститори. Како сериозен проблем биле посочени и
условите на тендерот. “Не може да се бара изградба на огромна аеродромска
зграда, кога планираниот број на патници е неколку пати помал. Кој инвеститор ќе
се нафати да троши пари за изградба на карго-аеродром во Штип, со кој потоа не
треба да стопанисува? Тоа е лудост”, коментираат нашите извори.
И првиот
човек на ТАВ, Шенер, лани истакна дека проектот во Македонија е тежок.
“Инвестицијата е 200 милиони евра, а годишниот број на патници на аеродромите е
само 680.000. Но, Македонија има голем потенцијал и кога ќе стане членка на ЕУ и
на НАТО, бројот на патници на аеродромите ќе се зголеми”, рече Шенер. Познато
е само дека аеродромите во Македонија бараат итни инвестиции бидејќи се една од
пречките за подобрување и зголемување на авиосообраќајот во земјава.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum