build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот - Софија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 01-Sep-2012 at 23:24
Браво секоја чест за Бугарија !!!!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 02-Sep-2012 at 11:48
Метрото е огромна продобивка за секој град,животот во Софија ќе стане далеку поквалитетен и полесен.
Малку сум разочаран од некреативноста во изгледот на станиците,но за ваков проект секако функционалноста е на прво место,се друго е минорно.
Да се надеваме дека и ние некогаш ќе дочекаме ваков проект од грандиозни рамери.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 07-Sep-2012 at 20:44
Сосема неочекувано и ненајавено

Софија објави тендер за набавка на 20 нови трамвајски возила за шини од 1009 мм со индикативен буџет од 50 милиони евра. Значи цената е доста висока, реално може да се купат добри трамваи!

“Доставка на 20 броя нови трамваи с нисък под за междурелсие 1009 мм“

Прогнозна стойност без ДДС
50000000 EUR
...
Финансиране по Проект "Околна среда" 2007 -2013 г.

Cheers

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 10-Sep-2012 at 16:02
Покрај 20те нови трамваи за Софија, Метрополитен објавува и тендер за набавка на 10 нови метро воза за потребите на метрото.

Инаку изградбата на линијата М1 кон Аеродромот почнува на почетокот на октомври, на М1 кон Младост 4 пак кон почетокот на јануари 2013 година.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 11-Sep-2012 at 22:36
Има ли Софија досега купено нови трамваи? Кога бев оваа пролет не успеав да видам ништо друго освен стандардни парчиња што се тркалаат низ цела Источна Европа. Кое би било оптимално решение за бугарската метропола?
Back to Top
joro123 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Sep-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote joro123 Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 12-Sep-2012 at 12:45
Originally posted by BOJAN

Има ли Софија досега купено нови трамваи? Кога бев оваа пролет не успеав да видам ништо друго освен стандардни парчиња што се тркалаат низ цела Источна Европа. Кое би било оптимално решение за бугарската метропола?



Нема - повекето са на 20-30+ години. Прво се чека да се оправат релсите ( тие са за 2 обновени трасета ) и тогава да се купат нови трамваи. Ако требе да сме чесни при таа цена на трамваите, некако и не е рентабилно да се купуват нови - за парите за кои се купуват 20 трамваjа би могло да се купат 150-200 автобуса или 50-100 тролеjбуса ....
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 12-Sep-2012 at 12:58
Originally posted by BOJAN

Има ли Софија досега купено нови трамваи? Кога бев оваа пролет не успеав да видам ништо друго освен стандардни парчиња што се тркалаат низ цела Источна Европа. Кое би било оптимално решение за бугарската метропола?



Бојан во право си. Софија нема купено нов трамвај од далечната 1999 година, кога се завршил договорот со чешката ЧКД за набавка на 57 нови трамваи за градот. Моделот во 1999 година е веќе застарен, бидејќи се работи за комплетирање на договорот отпочнат во 1991. Се работи за моделот Татра Т6А2СФ:





Модернизирани беа и околу 35 Инекона:




не ти го разбирам во потполност прашањето околу оптималноста, но ќе пробам да погодам. Проблемот со трамвајскиот превоз во Софија е навистина голем. Неколку компоненти се влкучени во тој голем пробле, кој според мене би барал околу милјарда евра за неговото решавање:

- приоритет во последните 20 години беше метрото, пи што се очекува повеќе или помалку ова да биде состојбата и до 2018 година кога би се завршила линијата М3. Сиве овие години се прават обиди за задржување на сегашната состојба, но никако на пободбување на работите. Затоа градот за да ја прикрпи ситуацијата константно купува трамваи втора употреба од Европа.

- голем проблем е состојбата на железниот пат. Ретко која траса беше целосно реконстуирана во последниве 20 години, така што набавката на нови трамваи е зависна од реконструкција на трасите. Најавата за реконструкција на трасите по бул. Бугарија и бул. Кнјаз Дондуков за следната година е чекор во таа насока.

- проблем е што голем дел од трасите одобено во центарот на градот имаат застарена и неактуална мрежа. Во голема мера трасите се препокриваат со новите линии на метрото, што значи дека градот мора да ја прошири мрежата во преиферните населби за трамвајот подобро да ја храни метро мрежата, а не да ја препокрива. Чекор кон остварување на тоа е изградбата на линиите следната година и тоа од Семинаријата до Студентскиот град и метро станицата ГМ Димитров и на линијата 23 кон метро станиците Младост 1 и Младост 3, со вкупна должина од околу 7 километри двоен колосек.

- самите возила во Софија се околу 165 кои секојдневно излегуваат на улица. Од нив околу 100 би морале приоритетно да се сменат, што само по себе значи околу 300 милиона евра.

Така што градот полека почна да пројавува интерес и заделува пари за трамвајската мрежа и возила, со реконструкција на трасите и нивно проширување, како и најавеното купување на нови трамваи, но сепак треба да се признае дека без големи и долготрајни вложувања ситуацијата нема да се смени драстично и целосно. Јас очекувам дека до 2020 Софија да има далеку попристојна, поразвиена, актуализирана и модернизирана трамвајска мрежа и подвижен состав.

Edited by Andrej_LJ - 12-Sep-2012 at 13:01
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 530
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 12-Sep-2012 at 13:17
Originally posted by BOJAN

Има ли Софија досега купено нови трамваи? Кога бев оваа пролет не успеав да видам ништо друго освен стандардни парчиња што се тркалаат низ цела Источна Европа. Кое би било оптимално решение за бугарската метропола?


Наполно нови нема купени. Даваше се прво предност на "модернизациja" (тежко е да се каже до колко е модернизациja и до  колко е комплетно ново изграден,заштото от старите останаха само дел от талигите и пантографа се друго беше изградено от завода во Софиja-Трамкар) на тиja што ги има - пример Т8М-700IT


Експериментално во Софиja беше даден трамваj Кончар.


Како цело има проект за изградба на скоростни трамваи за нив ке треба набавуване на нови трамваи исто. Не постирам директно мапата,заштото е многу голема.
http://test.igdesigners.com/wp-content/uploads/2012/08/kontseptsia-skorostni-tramvai.jpg

Ако судим по изкуството,което има во Софиja во моментот - потенциални нови трамваи може да са от Skoda ,Koncar, CAF, Solaris



Edited by ink - 12-Sep-2012 at 13:18
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 12-Sep-2012 at 19:25
Денешното интервју со заменик градоначалникот на Софија задолжен за транспорт фрла светлина на проектите кои во Софија ќе се остваруваат во следните две години. За сите овие проекти е обезбедено финансирањето, дел од нив се во фаза завршени тендери, дел се во распишани тендери, а за дел се подготвуваат тендери. Еве кратка листа на приоритетите и големите проекти:

- набавка на 100 нови нископодни автобуси (состојба: објава на тендер околу Нова година, доставка за 2 години)
-набавка на 20 нови нископодни трамваи за 50 милиони евра ( состојба: тендерот е распишан, доставка за околу 2 години)
-набавка на 50 нови зглобни тролејбуси (состојба: тендерот е завршен, деновиве се потпишува договор со победникот Шкода. Целосна доставка во рамките на следните 2 години)
-изградба и реконструкција на трамвајски траси во должина од околу 8 километри двоен колосек (состојба: распишани тендери. Рок на изведба; крајот на 2013 година)
-изградба на метро линијата М1 до аеродромот на Софија (состојба: потпишани договори, почеток на изградбата на 1 Октомври)
-изградба на метро линијата М1 до Младост 4 (состојба: распишување на тендер. Почеток на раота во Јануари 2013 година)
-набавка на 10 нови метро воза за потребите на споменатите две проширувања (состојба: распишан тендер, доставка до крајот на 2014 година)
-изградба на метро линијата М2 до квартот Хладилника (состојба: тендер за технички проект на продолжувањето во тек)
-изградба на метро линијата М3 (состојба: при крај е изведбата на целосниот технички проект, кој треба да се заврши брзо, за да се обезбеди финансирање во следниот програмен период и да започне изградбата на почетокот на 2014 година)
-воведување на смарт систем во целиот градски транспорт, изградба на автономни бус-ленти, воведување на ГПС систем во сите возила на градскиот транспорт и изградба на 20 интелигентни раскрсници, кои предносно ќе ги пропуштаат возилата на јавниот транспорт, изградба на 700 нови станици, опремени со систем за следење на возилата во реално време и аудио-визуелно инфомирање на патниците (состојба: тендерите се во тек).




Догодина в София ще има 100 нови автобуса, 20 трамвая и 10 метровлака


- Искате да стимулирате софиянци да оставят колите си и да пътуват с градския транспорт. Повечето автобуси обаче са стари и без климатик. Същото е и с трамваите.

- Предстои Министерството на околната среда и водите да обяви покана към Столична община и други градове да кандидатстват за средства по оперативна програма "Околна среда" за закупуване на превозни средства за обществен транспорт. "Столичен електротранспорт" вече пусна обществена поръчка за 20 нови трамвая. Искаме те да се финансират с европейски средства. Проектът предвижда и 10 нови влака за метрото, които ще обслужват бъдещото продължение до летището и Бизнес парка. Освен тях ще се купят и автобуси.
Намерението ни е за поне 100 нови автобуса. До края на месеца, когато сме готови с всички документи, ще мога да кажа точната бройка. До Нова година ще обявим обществената поръчка за доставка, за да може до 1,5 г. да обновим и автобусния парк. Той е в най-тежко състояние заради голямата диспропорция във възрастта на превозните средства - имаме такива, които са на 2 г., и други - на по 30 г. Изпуснат е един жизнен цикъл на обновяване, който сега трябва да наваксваме. Всички нови превозни средства ще бъдат нископодови, с климатик и екологични. Надявам се, че ще финализираме успешно проекта и още догодина в София ще има сериозно обновяване на превозните средства на градския транспорт.

- За каква сума кандидатствате?

- До края на месеца ще сме готови с разчетите. Със сигурност ще надвишим стойността на проекта по оперативна програма "Регионално развитие", който е за 63 млн. евро и част от него е доставката на 50 нови тролея.

- Кога ще започнат да пристигат новите тролеи?

- До дни ще бъде подписан договорът с изпълнителя. Тогава ще имаме ясен график. Вероятно първите нови тролеи ще пристигнат напролет или най-късно в началото на лятото.

- Какво стана с тикет системата в автобусите?

- Подготвя се процедурата. Ще стартира до края на месеца. Паралелно с нея след месец ще започне работа и консултантът, избран от ЕБВР, за тарифната политика на градския транспорт. Целта е с довършването на тикет системата в автобусите и обвързването й с тези на метрото и електротранспорта да има предложения за евентуални промени в тарифната политика. Тогава ще знаем дали се налага да я променяме, или трябва да оставим сегашната, при която всички плащат, без значение колко пътуват. Или трябва да я сменим със зониране, таксуване на време или на брой пътувания. Засега цената на билетчето няма да се променя въпреки ръста на горивата. Разчетите показват, че можем да се справим с вътрешни резерви.

- А идеята ви за довеждащ транспорт до метрото и премахване на маршрутките?

- На дневен ред е. Темата е част от общия анализ за ефекта от пускането на втората линия на метрото и промяната в трафика. До Нова година ще сме готови с предложенията за промени в основната схема на градския и довозващия транспорт.

- Какви големи ремонти планирате за догодина? Например бул. "Цариградско шосе"?

- Амбицията ни е да ремонтираме основно "Цариградско шосе" догодина. До Нова година ще приключат ремонтите при тв кулата, бул. "Драган Цанков" и бул. "Черни връх". Те са успоредни на "Цариградско". Със сигурност не могат да поемат целия му трафик, защото това е основната пътна артерия на София, но са алтернативи. Вече текат процедурите за избор на изпълнител на ремонтите на мостовете по "Цариградско", за да сме готови за следващия строителен сезон. Тепърва започва обсъждането на бюджета за догодина и ще търсим решение за финансирането. Така че, ако всичко бъде наред, ремонтът може да стартира напролет. По съвсем груби сметки той ще струва около 20 млн. лв. Догодина ще стартира и кръстовището на 2 нива на булевардите "България" и "Гешов", както и ремонтът на трамвайното трасе по бул. "България".

http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=1539169
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 17-Sep-2012 at 13:42
Денеска беше објавен тендерот за изградба на метрото во делот помеѓу станиците Младост 1 и Младост 4 (Бизнес парк Софија), односно јужниот крак на линијата М1. Продолжувањето ќе биде долго 2700 метри и ќе биде целосно подземно, вклучувајќи и 3 подземни станици.
Изградбата е разделена на два лота, офертите се отвараат на почетокот на ноември годинава, при што се очекува изградбата да започне кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Рокот за изведба е 24 месеци.
Најверојатно паралелно со изградбата на метрото, ќе се работи на комплетна реконструкција на главниот булевар во Младост, наречен Александар Малинов, при што се предвидуваат неколку раскрсници на две нива, со цел целосно бесконфликтно движење помеѓу Обиколницата на Софија и бул. Цариградско шосе.




Edited by Andrej_LJ - 17-Sep-2012 at 13:42
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Delyno View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Mar-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Delyno Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 20-Sep-2012 at 13:22
Андреј, видов метрото пред околу еден месец, но тука гледам една станица која ја немаше - "Модерна п.". Ова грешка ли е?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 20-Sep-2012 at 13:23
Не се разбира! Тоа е станица-призрак, која е изградена но не е во функција. Се чека изградба на железничка станица од страна на БДЖ на тоа место, па да се пушти и метро станицата. Без железничката станица оваа станица нема смисла бидејќи не се наоѓа во густо населен регион.Се наоѓа во квартот Модерното предградие.


Edited by Andrej_LJ - 20-Sep-2012 at 13:24
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 431
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 21-Oct-2012 at 07:33
Станица Сeрдика II во малко по-различнa ситуациjа



Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 24-Oct-2012 at 01:03
Originally posted by Delyno

Андреј, видов метрото пред околу еден месец, но тука гледам една станица која ја немаше - "Модерна п.". Ова грешка ли е?


Софија со уште една метро станица - Модерното предградие готова до крајот на 2013!

Одлична вест беше објавена денеска - до крајот на 2013 година, БДЖ ќе ја изгради надземната железничка станица во западниот софијски кварт Модерното предградие*, под која се наоѓа пред деценија завршената подземна метро станица Модерното предградие. Со ова, се овозможува врска кон сите западни предградија и градчиња на Софија (Драгоман, Сливница, Вокулјак...) и се прави уште еден трансфер кон националната железница, БДЖ. Така до почетокот на 2015 година, Софија треба да има уште 9 нови станици (8 нови на линијата М1 и една нова на линијата М2), со што вкупниот број на станици ќе стигне до 36.

*На картата станицата Модерното предградие е означена во горниот лев агол.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 530
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 27-Oct-2012 at 01:41
После 10-те состава за метрото и 20-те трамваи, се наjaви  и набавката на 120 автобуси за Софиja и уште 130 тролеjбуси за други 4 града во Бугариja. 
http://btvnews.bg/bulgaria/pari-prednaznacheni-za-okolnata-sreda-otivat-za-gradski-transport-i-mvr.html


Edited by ink - 27-Oct-2012 at 01:41
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 31-Oct-2012 at 22:34
Станица Сердика 2:

Влезот од страната на Централните хали и Софијската синагога:












"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 31-Oct-2012 at 22:43
станица Джејмс Баучер (Лозенец):



станица Европејски Сајуз (Хемус):



станица Лавов мост:





станица Бели Дунав:






"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 31-Oct-2012 at 22:46
станица Надежда:



станица Ломско шосе:





ескадата помеѓу Ломско шосе и Обелја:



Малку слики од депо Обелја:





поглед од кабината на машинистот:



дел од параметрите и контролните опции:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 22-Nov-2012 at 20:20


Вчера започна изградбата на нов сегмент на линијата М1 во Софија. Се работи за продолжувањето на линијата од станицата Цариградско шосе до Аеродромот во должина од 5 километри со 4 станици (две подземни и две надземни) и изградба на една железничка станица (жп гара Искар) за трансфер кон БДЖ и возовите кон Пловдив, Бургас и Истанбул. Ова продолжување се финансира имено од оперативната програма за интермодалност, бидејќи се овозможува комбинирање на три типа превози: метро, железница и воздушен транспорт. За овој сегмент се најавува изградба на многу модерна станица во Дружба избрана на меѓународен конкурс, како и голема станица на Аеродромот прекриена со стаклен кров. Патувањето од Аеродромот до центарот ќе одзема околу 20 минути (13 станици), а до централната железничка станица околу 25 (15 станици). Проектов чини над 70 милиони евра, а рокот е 28 месеци, иако од сега се зборува дека ќе се потрудат сегментов да биде готов до крајот на 2014 година.

Станица 20 во жк Дружба:










Тендерот пак за продолжувањето на линијата М1 кон Младост (квартови Младост II, III, IV, V) и Бизнис Парк Софија веќе е затворен и се очекува избор на изведувач. Изградбата треба да тргне во првиот квартал на 2013 година со макс. рок од 24 месеци. Овој сегмент долг 2,8 километри со 3 подземни станици чини 76 милиони евра.

Значи околу 8 километра со 7 нови станици, кои чинат 146 милиони евра (110 од ЕУ и 36 од Градот), треба да се пуштат во функција кон крајот на 2014 или почетокот на 2015 година. Во системот се предвидува да привлечат дополнителни нови 90 000 патници дневно. За потребите на овој сегмент беше распишан тендер за набавка на 10 нови воза (сега Метрополитен располага со 50), тендер кој најверојатно повторно ќе го добие Метровагонмаш заради ниската максимална цена која е прениска за западните производители.

Што се однесува до продолжувањето на линијата М2 за околу 1,5 километри и една станица кон квартот Хладилника, тоа сеуште е неизвесно дали ќе почне следната година, односно со финансирање од овој програмски период. Во моментов се изработува целосен проект и доколку има време за изведба на сите тендерски процедури, изградбата би завршила до крајот на 2015 година.

Исто така МЕТРОПРОЈЕКТ Прага е кон рајот на изработката на целосен проект за линијата М3, кој треба да биде презентиран следната година. Линијата ќе биде долга 18 километри со 19 метро станици. Се очекува да привлече околу 200 000 нови патници дневно (само по М3 не сметајќи го севкупниот поток на патници по другите две линии заради ширењето на мрежата) и дека ќе чини помеѓу 700 милиони и 1 милјарда евра. Изградбата треба да започне во 2014 и да заврши во 2018 година, при што ќе биде изградено и депо, како и две железнички станици за трансфер кон националната железничка мрежа:

Сите моментални проекти на Метрополитен Софија;



Edited by Andrej_LJ - 22-Nov-2012 at 20:22
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 15-Dec-2012 at 15:53
Дојдов до една многу интересна статија од весникот Работническо дело од почетокот на 70тите години на минатиот век каде се коментира престојната изградба на метрото во Софија. Многу е интересно како во времето се промениле погледите врз можностите и потребите на јавниот транспорт во еден град.



Ќе ги извадам најважните поенти од текстов:

*Вкупната должина на системот е планирана да е над 100 километри (сега во првата голема фаза се околу 70).
*Првата отсечка од Лјулин од Центарот требало да почне да се гради во 1976 и да се пушти во експолатација уште во 1980 година (реалната работа по неа почнува во 1979 и трае се до 1998 со многу прекини и недостаток на сретства).
*Советска технологија, експертиза, машини и експерти биле обезбедеини како поддрша за започнување на првата фаза на метрото. Затоа и во почетокот на 1970тите години бил потпишан меморандум за соработка (тогаш кога овој текст е пишуван).
*Системот би имал 3 главни линии и разгранувања кон краиштата на линиите (сличен на денешниот систем), но и две рингови линии во форма на целосен или полу-прстени под главните кружни булевари на градот.
* Планирано било и тотално исфрлање на трамваите и трамвајската мрежа во градот штом се изградела метро мрежата (колку се сменети погледите во таа насока до денес, кога никому не му текнува да исфрла трамваи што ја покажува нивната се поважна улога и популарност во јавниот транспорт).
* Што се однесува пак до првиот сегмент на линијата А (Лјулин-Центар) било планирано на 10.5км да има дури 12 станици (а всушност се изградени доста помалку со многу поголемо меѓу-станично растојание).
* Биле планирани како подземни (плитки и длабоки, така и надземни станици. На сликата е надземната станица Суходолска).



Во другите вести поврзани со изградбата на метрото ги издвојувам следниве:
* Еврпската Комисија ја потврди апликационата форма на Метрополитен, со што дефакто беа обезбедени 136 милиони евра за изградбата на 8 километри со 7 станици. Кон ова ќе се додадат и 60 милиони евра градски и државни пари.
* Изградбата на отсекот на М1 кон Бизнис Паркот/Младост 4 (2,7 километри и 3 подземни станици) започнува на пролет, неделиве се очекува избор на изведувач.
* Скоро сигурно е дека тендерот за набавка на нови 10 воза за Метрополитен ќе го добие Метровагонмаш, со што вкупниот број на возови ќе се искачи на 60 во текот на 2014. Сепак се шпекулира дека нема да има доволно возови за сите линии и ќе мора да се оди на интерветна набавка на уште неколку. Ова е бидејќи уште сега само 3 месеци по пуштањето на М2 бројот на патници ги натфрли долгорочните очекувања на Метрополитен. Кон 2015 се оечекуваат околу 500 000 патувања дневно во мрежата.


Edited by Andrej_LJ - 15-Dec-2012 at 16:28
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.