build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 27-Apr-2012 at 11:49

Во март ЕВН и ЕЛЕМ најголеми купувачи, а ЕФТ најголем продавач на струја

27 апр 2012 09:54

„ТЕ-ТО“ приватната компанија за производство на електрична енергија во март остварила 7,98 милиони евра приход од продажба на електрична енергија. Купувач на електричната енергија била „ЕЛЕМ Трејд“ која купила за потребите на ЕЛЕМ, потврдуваат податоците објавени во Службен весник на Република Македонија во бројот 41 од 26 март 2012 година.

Токму заради овој аранжман „ТЕ-ТО“ се најде на второто место на листата на продавачи на електрична енергија за март и држи 30 отсто од продажбата на електрична енергија. И во март, традиционално, најголем учесник во трговијата со електрична енергија е и „ЕФТ Македонија“, дел од интернационалната компанија „ЕФТ“, која држи 37,7 отсто од пазарот со електрична енергија. Најголемиот продавач од февруари „ГЕН-И“ во март бележи пад на своето учество на пазарот и го завзеде второто место. Во март таа компанија , процентуално, изгубила речиси половина од пазарното учество и тоа во март изнесува 19 отсто од пазарот со електрична енергија на кој се истргувани над 250.000 мегават-часови електрична енергија. Другите учесниците на пазарот во март: „ЕВН трејд“, „Корлеа“, „Енерџи саплај“, „Роу анд Рифајн“ и „Руднап“ заедно реализирале помалку од 15 отсто од тргуваната електрична енергија.

На страната на купувачите во март најголемо учество на пазарот има ЕВН Македонија кој во структурата на пазарот учествува со 30,3 отсто пред ЕЛЕМ со 30 отсто. Од директните потрошувачи традиционално најголем купувач е „ФЕНИ Индустри“ со 18,7 отсто од електричната енергија тргувана на пазарот пред „Макстил“ со 5,7 отсто и МЕПСО кој купил 5 отсто од тргуваната струја. „Скопски легури“ на пазарот учестува со 4 отсто, пред „Бучим“ со 2,5 отсто и УСЈЕ со 2,3 отсто.

Според расположливите податоци на Операторот за електроенергетскиот систем објавени во Диспечерскиот извештај за март „ТЕ-ТО“ произвел 113.600 мегават-часови електрична енергија со што го зазема третото место на листата на производители по блоковите 3 и 2, а пред блокот 1 на термоцентралата РЕК Битола чие вкупно производство во март било околу 355.000 мегават-часови електрична енергија.

http://www.time.mk/read/NONE/0753b1e664/index.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 03-May-2012 at 18:36

620 милиони евра „изеде“ четиригодишниот увоз на струја! Што сè можеше да се изгради?!

Катерина Попоска
Од 2008 година до февруари оваа година увозот на струја достигна дури 623 милиони евра, покажуваат статитичките податоци. Само во првите два месеци од годинава е увезена струја вредна дури 47,6 милиони евра. Неверојатни 235 милиони евра достигна увозот на струја во 2008 година, додека лани ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети за струја однадвор платија дури 165,3 милиони евра. Што сè можеше да изгради државата со овие пари?!
Директорите на поголемите индустриски капацитети во земјава кои купуваат струја на слободниот пазар, по пазарни цени, се револтирани што државата веќе 20 години само најавува, но никако да ја гасифицира Македонија. Гасификацијата на државата дури е и жртва на ребалансот на Буџетот за оваа година, со два милиони евра помалку од предвидените пет. Скапите енергенси сè уште се рак-рана за македонската индустрија
1,3


милијарди долари чини увезената струја во изминатите 11 години

235


милиони евра достигна увозот на струја во Македонија во 2008 година

47,6


милиони евра „тежи“ увозот на струја во јануари и во февруари годинава

41


милион евра лани ЕЛЕМ плати за увоз на 506 гигават-часови струја

1.700


гигават-часови струја е проектираното годишно производство на струја на ТЕ-ТО6 милиони евра плати ЕЛЕМ за увоз на 38,2 гигават-часови струја само за првите 15 дена од март годинава

300


милиони евра чини гасификацијата на цела држава

Неверојатни 623 милиони евра „тежи“ увозот на струја во Македонија од 2008 година до февруари годинава. Статистичките податоци покажуваат дека во изминатите четири години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Лани пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови. Државната статистика покажува и дека во првите два месеци од годинава увозот на струја „тежеше“ дури 47,6 милиони евра, односно 24,8 милиони евра во јануари и 22,8 милиони евра во февруари годинава.

Податоците се поразителни ако се земе предвид фактот дека покрај приватната инвестиција ТЕ-ТО, за овој период почна да се гради само ХЕЦ Света Петка, која сè уште не произведува ниту киловат-час струја. Друг значаен нов капацитет не е изграден.

Стотици милиони за увоз на струја.
Зошто не се инвестира во производство?!

Енергетските експерти се зачудени од податокот дека во изминатите четири години купувањето струја од увоз значи одлив на речиси 630 милиони евра. Тие негодуваат што државата со години не инвестираше во крупни енергетски проекти, кои се од суштинско значење за индустријата.

„Прилично голема е сумата од 623 милиони евра за увоз на струја за четиригодишен период. Да вложуваше државата во изминатите 10 години барем 8% од овие 623 милиони евра и ако се земеа кредити од инвестицските банки од околу 200 милиони евра годишно, досега ќе се изградеше некој посериозен проект во енергетиката. Сведоци сме дека во изминатата година имаше активности во енергетиката, но факт е дека сега ја плаќаме цената на големото заостанување со децении. РЕК Битола и постоечките хидроцентрали се модернизираат, но некако не ни оди изградбата на поголемите хидроцентрали Чебрен и Галиште, кои барем малку ќе го амортизираат увозот на струја. Немаме толку големи рудни богатства за да отвориме нов блок во РЕК Битола. Според мене, на индустријата ѝ треба евтин гас, од кој сме зависни и кој во Македонија има релативно висока цена“, велат од МАНУ за „Капитал“.

Од ЕЛЕМ пак, објаснуваат дека од година во година го намалуваат увозот на струја. За протекување на првите киловат-часови струја од хидроелектраната Бошков мост, акумулацијата Луково Поле и ветропаркот Богданци сè уште не може да стане збор. Засега, проектите се во фаза на подготвителни активности за реализација. Од државните електрани додаваат и дека во изминатите четири години годишно вложувале по околу 45-60 милиони евра во изградба на нови и во ревитализација и модернизација на постојните енергетски капацитети. Но, изостанува коментарот зошто досега се пропуштија неколку шанси за да се изградат енергетските проекти или пак, да се најде инвеститор кој преку моделот на јавно-приватно партнерство ќе инвестира во изградба на гасовод, нуклеарка, термоелектрана...

„Откако во септември 2008 година, во согласност со измените на Законот за енергетика, а.д. ЕЛЕМ доби обврска недостигот од струја за потребите на тарифните потрошувачи да го набавува од увоз, ние водиме конзистентна политика на континуирано намалување на потребите на електрична енергија од увоз за потребите на тарифните потрошувачи. Компаративните резултати покажуваат дека ако во 2008 година биле увезени повеќе од 950 гигават-часови, 2010 година е завршена со вкупен увоз од само 284 гигават-часови струја, што е 71% помал увоз во споредба со 2008 година.

Хидроцентралата Козјак засега е единствениот новоизграден енергетски објект. Сите други круцијални енергетски проекти, како ХЕЦ Чебрен, ХЕЦ Бошков мост, гасификацијата, отворањето на нов јагленов коп сè уште се само во најава

Според последните измени на Законот за енергетика од февруари лани, а.д. ЕЛЕМ за 2012 година немаше никаква обврска да увезува за потребите на тарифните потрошувачи, но поради неподготвеноста на останатите субјекти да ја преземат обрската, Регулаторната комисија за енергетика одлучи ЕЛЕМ да продолжи со набавката на струја“, велат од ЕЛЕМ.

Дефицитарното домашно производство и скапиот увоз
вечен проблем за конкурентноста на македонската економија

Најголемите индустриски компании во земјава, како Окта, ТЕ-ТО, Арчелор Митал, Југохром фероалојс, Скопски легури, Фени, Макстил, Бучим и Усје, од 2008 година сами купуваат струја на слободниот пазар преку трговците со струја. Дел од индустриските гиганти коментираат дека за овие милионски суми државата можела да донесе гас во земјава или пак, да изгради некој клучен енергетски капацитет, за да го зголеми домашното производство на електрична енергија, со што ќе се намали скапиот увоз.

Токму комбинатот за производство на феросилициум од Јегуновце од Тетово во октомври минатата година го прекина производството на четири од вкупно шест печки во фабриката и остави без работа 400 работници. Ваква одлука донесе менаџментот на Југохром фероалојс поради зголемените трошоци во производството, за што придонеле намалената побарувачка на феролегури на светските пазри и зголемените цени на суровините, енергијата и транспортот.

„Струјата учествува со околу 50% во трошоците за производство на феросилициум во Југохром фероалојс. Уште подолг период ќе бидеме увозно зависни. Цената на струјата стравотно се одразува на нашиот проуизвод. Ако увезуваме ќумур, струја и гас, сето тоа треба да се плати, но по која цена, со кои пари?“, кусо изјави за „Капитал“ директорот на комбинатот, Коста Јанкоглу.

Енергетските експерти алармираат дека дводецениската летаргија на неправење ништо во енергетиката трае предолго и дека Владата и ЕЛЕМ итно мора да ја подобрат енергетската слика на Македонија.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83589/620_milioni_evra_%E2%80%9Eizede%E2%80%9C_chetirigodishniot_uvoz_na_struja!_shto_s%C3%A8_mozheshe_da_se_izgradi_!.aspx?iId=2717

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 18-May-2012 at 19:58

Гранит ќе вади јаглен за ЕЛЕМ за 45 милиони евра

четврток, 17 мај 2012, 16:24

Гранит ќе вади јаглен во рудникот Брод Гнеотино. За две години вршење ископ ќе добие 45 милиони евра од ЕЛЕМ. Градежната компанија објави дека потпишала договор со државните Електрани за двегодишниот ископ во Брод Гнеотино со своја механизација.

ЕЛЕМ објаснува дека станувало збор за редовна процедура за дисконтинуиран ископ на јаглен што не може да се копа со мали булдожери и не се пренесува на лента, туку била потребна потешка механизација. Сумата од 45 милиони евра била дел од вкупните инвестиции на ЕЛЕМ во домашни енергетски капацитети.

Според очекувањата Гранит треба да извади околу 11 милиони метри кубни јаглен во следните две години. Експлоатацијата на рудникот Брод Гнеотино ќе обезбеди вкупно 108 милиони тони јаглен со кои што РЕК Битола ќе може да произведува струја уште две децении. РЕК Битола е најголем енергетски капацитет во земјава и покрива 70 проценти од вкупните потреби за електрична енергија во Македонија.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=50022
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 28-May-2012 at 19:20

Драматичен пад на профитот на ЕЛЕМ од 80% за една година! Зошто?!

Катерина Попоска
Државната компанија која во 2010 година беше прогласена за најголем инвеститор и лани беше петта според големината на приходите за само една година се соочи со пад на добивката од неверојатни 80%. Ако се анализира работењето на ЕЛЕМ во последните две години, компанијата бележи раст единствено кај бројот на вработените и кај обврските
(Не)успесите на Чингоски (2006-2012 година)

почна модернизацијата на РЕК Битола и на постоечките хидроцентрали;-пред крај е изградбта на ХЕЦ Света Петка, која требаше да почне со работа пред година ипол

поради низа проблеми и пропусти, Македонија ќе треба да му плати околу 10 милиони евра пенали на изведувачот на електраната, словенечката компанија Рико

во 2008 година ЕЛЕМ ѝ објави војна на ЕВН Македонија, покренувајќи тужба „тешка“ 200 милиони евра, поради што Македонија се соочи со меѓународна арбитража;-во тек е постапката за почеток на изградба на Ветерниот парк во Богданци, акумулацијата Луково Поле и ХЕЦ Бошков мост

во екот на економската криза во 2010 година набави 65 нови возила вредни околу два милиони евра.

Само за една година државната компанија Електрани на Македонија има пад на профитот од неверојатни 80%. Во 2011 година ЕЛЕМ пријави добивка од 761.223 евра, а во 2010 година таа изнесуваше многу повеќе, односно четири милиони евра, што значи годишен пад од фрапантни 80%. Падот на добивката за само една година е зачудувачки толку повеќе што бизнисот со струја важи за дејност каде што се вртат многу пари и се остваруваат убави профити.

При вкупни приходи од 272 милиони евра лани, ЕЛЕМ потроши 270 милиони евра, покажуваат податоците од Централниот регистар до кои дојде „Капитал“. На годишно ниво вкупните приходи на државната компанија за производство на струја паднаа за 6,6%, а вкупните расходи за речиси 5% во споредба со 2010 година.

Зошто Чингоски има пад на профитот?!

Компанијата која во 2010 година беше прогласена за најголем инвеститор, а во 2011 година беше петта според големината на приходите за само една година се соочува со огромен пад на добивката. Ако се анализира работењето на ЕЛЕМ во последните две години, компанијата бележи раст единствено кај бројот на вработените и кај обврските, ставка која во периодот 2010/2011 година порасна за дури 46%, односно од 202 милиони евра во 2010 година на дури 296 милиони евра во 2011 година.

Иако генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски (кој го чека својот наследник веќе еден месец), досега уверуваше дека компанијата континуирано го намалува увозот на струја вреден милиони евра и на тој начин ја „штеди“ касата на ЕЛЕМ, нема конкретно објаснување на што се должи драстичниот пад на профитабилноста во последната година.

Од ЕЛЕМ се правдаат дека падот на профитот од 80% за само една година е поради тоа што 2010 година била неспоредливо добра во однос на сите други години во 20-годишното постоење на државата.

„Токму 2010 година е периодот во кој е забележано најголемо производство на електрична енергија од постоењето на електроенергетскиот систем на Македонија. Во 2010 година имавме исклучително поволна хидрологија, кога колку за споредба, само од хидроелектраните се испорачани над 1.000 гигават-часови (GWh) електрична енергија повеќе во однос на 2011 година. Покрај одличната хидрологија, мора да се нагласи дека и солидното планирање и оптимизација одиграа значајна улога. Во 2010 година е набавена струја од 277,4 GWh за потребите на тарифните потрошувачи, што е најмало количество од увоз во изминатите 10 години во износ од 12,8 милиони евра. Истовремено е реализирана рекордна продажба на вишоци струја од 670.075 мегават-часови (MWh). Сите тие елементи условија 2010 година да биде најуспешна во историјата на електроенергетскиот систем на земјава“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

Попразната каса на ЕЛЕМ лани во споредба со 2010 година од компанијата ја објаснуваат и со неповолните хидрометеоролошки состојби и сушата, како и со потрошувачката на струја од 6.976 GWh, што е најголема годишна потрошувачка од 2005 година. Од ЕЛЕМ се жалат и дека ако граѓаните сè повеќе се исклучуваат од парното и во зима се греат на струја, се загрозува стабилноста на електроенергетскиот систем во Македонија.

Стотици милиони за увоз на струја. Зошто не се инвестира?

Неверојатни 623 милиони евра „тежи“ увозот на струја во Македонија од 2008 година до февруари годинава. Статистичките податоци покажуваат дека во изминатите четири години рекорден е увозот во 2008 година, кога изнесуваше 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети кои сами купуваат струја на слободниот пазар платија речиси 90 милиони евра, а во 2010 година околу 86 милиони евра. Лани увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови. Државната статистика покажува и дека во првите два месеци од годинава увозот на струја „тежеше“ дури 47,6 милиони евра, односно 24,8 милиони евра во јануари и 22,8 во февруари годинава.

Податоците се поразителни ако се земе предвид фактот дека покрај приватната инвестиција ТЕ-ТО, за овој период почна да се гради само ХЕЦ Света Петка, која сè уште не произведува ниту киловат-час струја. Друг значаен нов капацитет не е изграден.

Енергетските експерти се зачудени од податокот дека во изминатите четири години купувањето струја од увоз значи одлив на речиси 600 милиоини евра. Тие негодуваат што државата со години не инвестираше во крупни енергетски проекти, кои се од суштинско значење за индустријата и за економијата.

„Прилично голема е сумата од 620 милиони евра за увоз на струја за четири години. Во изминатите 10 години државата да вложуваше барем 8% од овие речиси 620 милиони евра и ако се земеа кредити од инвестициските банки од околу 200 милиони евра годишно, досега ќе се изградеше некој посериозен проект во енергетиката. Сведоци сме дека во изминатата година има активности во енергетиката, но факт е дека сега ја плаќаме цената на големото заостанување со децении. РЕК Битола и постоечките хидроцентрали се модернизираат, но некако не ни оди изградбата на поголемите хидроцентрали Чебрен и Галиште, кои барем малку ќе го амортизираат увозот на струја. Немаме толку големи рудни богатства за да отвориме нов блок во РЕК Битола. Според мене, на индустријата ѝ треба евтин гас, од кој сме зависни и кој во Македонија има релативно висока цена“, вели академик од МАНУ за „Капитал“.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/84487/dramatichen_pad_na_profitot_na_elem_od_80_za_edna_godina!_zoshto_!.aspx?iId=2757

Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 04-Jun-2012 at 09:19
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 06-Jun-2012 at 18:23

Голем одрон во рудникот “Суводол“ во РЕК “Битола“

Под влијание на големите дождови кои деновиве ја зафатија Битола и Битолско настрада и рудникот “Суводол“ каде прво се појави свлечиште, а потоа и голем одрон

Големиот одрон за среќа не го зафати багерот за ископ, но затоа пак настрадаа дел од транспортните ленти.
Според очевидците по првото свлечиште се појавила и пукатина длабока 4-5 мстр, но за среќа не дошло до човечка загуба, а таму се одвивала вистинска драма. Еден од рударите пропаднал во пукнатината, а по неколку часа борба после полноќ, тој со помош на сајли и друга опрема бил изваден на површината.
Инаку, според извори од рудникот “Суводол“ ова наводно е најголем одрон до сега, а како велат зафатен е половина рудник, а колку ќе трае санација останува да видиме.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=6244
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 13-Jun-2012 at 13:18
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 13-Jun-2012 at 13:36
Фина сума за 16% од компанија, која неретко организираше медиумски жалопојки дека е на работ на рентабилноста, во контекст на своите постојани барања за што поголеми цени на парното греење.

Словенечки Петрол купи дел од Топлификација?!

вторник, 12 јуни 2012, 16:58

Словенечки Петрол, преку Кипарска фирма, најверојатно ги купи 16.44-те проценти од капиталот на Топлификација за 3,7 милиони евра. На денешната аукција немало друг заинтересиран инвеститор за пакетот од 74 илјади акции на Потеза што ги продаде Тутунска банка. Купувачот официјално ќе се објави во петок кога треба да се случи порамнување во Централниот регистар. Дотогаш ниту Петрол, ниту Топлификација не ги потврдуваат информациите за зделката. Алфа неофицијално дознава дека налогот за купување во Поштел брокер го поднела кипарска фирма во име на словенците. Ова во берзанските кругови се толкува како сигнал дека Петрол ќе оди на преземање и на мнозинскиот пакет од Топлификација. Посредувањето на кипарската фирма најверојатно е со цел да се избегне евентуална доплата на акционерите доколку мнозинскиот пакет во иднина го купат по повисока цена по акција од онаа што е платена денеска, 3079 денари. 

Минатата недела од Петрол за Алфа потврдија дека разгледуваат опција за влез во Топлификација и дека планираат ширење на бизнисот во регионот. Според информациите, за контролниот пакет акции словенците се подготвени да платат 14 милиони евра. 

Христијан Стојчевски
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=51023
Back to Top
Falcon View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2012
Location: Canada
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Falcon Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 18-Jun-2012 at 14:12
Дали сте во тек до каде е проектот со изградба на топловод од РЕК Битола до градот Битола? И дали воопшто има смисла да се гради кога во наредната деценија се планира гасификацијата да стигне и до Битола?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 18-Jun-2012 at 15:06
греењето на гас не е баш евтина варијанта,прашајте некој што живее во Србија или Хрватска.

додека кај овој случај греењето не само што не одзема моќност од термоелектраната,туку и помага во ладењето на напојната вода
Back to Top
Falcon View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2012
Location: Canada
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Falcon Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 18-Jun-2012 at 17:40
Добра поента. Некаде прочитав дека целиот проект "тежи" 30-40 милиони евра, инвестиција на ЕЛЕМ. Дали тоа ја вклучува и диструбитивната мрежа низ градот или само прилагодувањето на процесот во РЕК и одведување на пареата од РЕК до градот? Колку што се сеќавам пред извесно време се изгради мала секција за топловод во Битола, кој поврзуваше неколку државни институции и училишта. 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 24-Jun-2012 at 07:54

Македонскиот пазар на струја свртел над 17 милиони евра во април и мај

18 јун 2012 13:23

Најголем купувач на струја во земјава останува „Фени индустри“, а најголем продавач на електрична енергија е ЕФТ МК.

Учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија во април и мај свртеле околу 17,5 милиони евра за купопродажби на електрична енергија, покажува анализа на МКД.МК на официјални податоци на Операторот на пазар на електрична енергија. Како референтна цена е земена 50 евра за мегават-час електрична енергија, која е најблиска до цената за овој период постигната на романската берза за електрична енергија ОПЦОМ.

„Фени индустри“, кавадаречкиот комбинат за производство на никел е најголемиот купувач на струја во земјава, кој за април и за мај презел околу 146.000 мегават-часа електрична енергија, за што платил околу 5,3 милиони евра.

Трговската компанија ЕФТ МК и во периодот април и мај останува најголем продавач на струја на македонскиот пазар. Според референтната цена од 50 евра за мегават-час, таа компанија инкасирала приходи од продажба од околу 5,3 милиони евра за кои снабдила свои клиенти со повеќе од 140.000 мегават-часа електрична енергија.

Втора на листата е словенечката трговска компанија ГЕН И преку нејзината македонска фирма ГЕН М која остварила приходи од продажба во вредност од речиси 6 милиони евра за овој период. Во споредба со лани оваа компанија значајно го зголемила своето пазарно учество. Трет на листата на најголеми продавачи на струја за овој период е трговската компанија ЕЛЕМ-Трејд, фирма ќерка на државните електрани ЕЛЕМ. Нејзиното учество на пазарот е 3,6 милиони евра за истргувани околу 72.000 мегават-часа електрична енергија.

На листата на купувачи во овој период на второ место е дистрибутивната компанија ЕВН Македонија која купила повеќе од 72.000 мегават-часа електрична енергија. Според референтната цена од 50 евра за мегават-час, оваа компанија за покривање на комерцијалните загуби на својата дистрибутивна мрежа платила околу 3,6 милиони евра за двата месеци.

Треторангиран на листата е големиот полошки комбинат на феро-силициум Југохром Фероалојс. Оваа компанија во купувањата на пазарот учествува со околу 3,4 милиони евра за набавени околу 91.000 мегават-часа електрична енергија.

http://www.mkd.mk/38508/makedonija/pazar-struja-april-maj-feni-eft/

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 07-Jul-2012 at 10:52
Датум: 05.07.2012, 20:27
ГРЧKИ ИСKУСТВА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ

РЕK ќе ја топли Битола

Експерти од регионот на Амитео во Грција ги подучуваат битолчани за инсталирање централно греење во овој дел на Пелагонија, кое ќе користи дел од топлинската енергија на РЕK „Битола“. Проектот со 100.000 евра е финансиран преку фондовите на Европската унија за погранична соработка, а ќе помогне во размена на искуства за централното греење кое во иднина ќе обезбеди 30 проценти поевтино затоплување на домовите отколку со електричната енергија. Општина Амитео веќе осум години ја користи топлинската енергија од локалната термоцентрала за затоплување на станбените, комерцијалните и индустриските објекти.

- Дојдовме со тим техничари кои ќе прикажат дел од проектите за топлификација од Грција и ќе помогнат во поставувањето на мрежата овде. Ние сме поврзани со централната станица за електроенергија и се користи топлата вода за загревање. Цената е 35 проценти пониска отколку цената на нафтата. Досега сме загреале 1.300 дома, но не сме завршиле со проширувањето на мрежата. Планираме уште 1.000 дома да се загреваат со топлинска енергија –вели Николос Папахристо, генерален директор на „Детепа“, компанијата за топлификација од Аминтео.

Врз основа на собраните искуства во иднина ќе се направи физибилити-студија во која ќе се предвиди и кои патишта ќе бидат искористени за инсталирање на примарната мрежа за топловодот.

- Ќе биде потребна итервенција во рударско-енергетскиот комбинат, каде што ќе се постави специјална опрема за одделување дел на топлинската енергија која сега се користи за турбините. Таа ќе минува низ посебен затворен систем од Новаци кон Битола и во еден дел за Могила. Во поставувањето на примарната мрежа ќе инсистираме колку што е можно помалку интервенции да има на улици и да се искористи дел од мрежата на претходна топлификација - изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Планирано е системот за централно греење да се инсталира до 2014 година. Освен загревање на домовите, системот ќе се искористи и за потребите на оранжериското производство.

- Според договорот, ЕЛЕМ треба инсталациите да ги донесе до излезот од РЕK, од таму ги презема Новаци до граничната линија со Битола. Сега се исцртува трасата каде што ќе минуваат цевките. Топлината ќе се користи за одгледување зеленчук под пластеници. Дел до цевките ќе минуваат низ полињата и ќе се овозможи загревање на земјоделски површи, каде што преку зима температурите паѓаат до минус 30 степени - вели Лазар Kотевски, градоначалник на Новаци.

Централното греење освен за заштеда на енергијата, се очекува да придонесе и за намалување на аерозагадувањето кое се создава со употреба на дрва и јаглен за греење на домовите во Пелагониско.

Жанета Здравковска

#
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E9378AB0B229BD48929B652CBB410FFA
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 21-Jul-2012 at 20:31
Ставен е во функција главниот транспортен систем за јаглен во РЕК „Битола“
сабота, 21 јули 2012, 17:54


Денеска официјално е пуштен во работа Главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп ``Брод- Гнеотино`` до рудникот ``Суводол`` во РЕК ``Битола`` во должина од 10 километри. Оваа инвестиција на државните електрани во вредност од 18, 6 милиони евра се средства обезбедени со кредит од ``Дојче банк АГ`` од 16 милиони евра и 2,6 милиони евра сопствени средства на ЕЛЕМ. Со оваа инвестиција, се заокружува производствениот процес во рудникот ``Брод- Гнеотино`` и се поврзуваат двата руднички капацитети, рече премиерот Никола Груевски. Траспортниот систем, беше речено, покрај зголемувањето на ефикасноста на рудниците е димензиониран во иднина да може да го преземе и јагленот од лежиштето во Живојно, а од ``Брод- Гнеотино`` ќе се транспортира јаглен со една третина од годишните потреби на РЕК ``Битола``.- Со реализацијата на овој проект, наменет за брз и ефикасен транспорт на јаглен, од извозната рампа на ПК ``Брод- Гнеотино`` до истоварното место на јагленовиот систем во рудникот ``Суводол``, се заокружува процесот на ископ, експлоатација и испорака на најмалку два милиони тони јаглен годишно од површинскиот коп ``Брод- Гнеотино`` до ``Суводол``- рече Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ.

Денеска, за своја реакција, поводот го искористија и битолските социјалдемократи на чиј прес бече речено дека за овој проект битолски ФОД имал дадено понуда од 7,5 до 8 милиони евра, наспроти далеку поголемата цена на странскиот изведувач. Од РЕК ``Битола`` велат дека пресот е манипулација и демантираат дека ФОД воопшто учествувал на меѓународниот тендер за изградба на транспортниот систем.

Петар Стефановски
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=52630
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 23-Jul-2012 at 01:34
Originally posted by Falcon

Добра поента. Некаде прочитав дека целиот проект "тежи" 30-40 милиони евра, инвестиција на ЕЛЕМ. Дали тоа ја вклучува и диструбитивната мрежа низ градот или само прилагодувањето на процесот во РЕК и одведување на пареата од РЕК до градот? Колку што се сеќавам пред извесно време се изгради мала секција за топловод во Битола, кој поврзуваше неколку државни институции и училишта. 


На товар на ЕЛЕМ ке биди и примарната и секундарната топловодна мрежа( низ главните сообраќајници).Општината нема толкави средства да гради енергетски скаппа инфраструктура, а и редно е и ЕЛЕМ да врати нешто за градот за загадувањето што го имаме. Во тек е физибилити студија за исплатливоста на проектот ( се очекува да биди ислатлива) а со изградба се очекува да се стартува од вгодина. За веќе постоечкиот топловод тој се користи веќе две години ама не е некоја голема километража се поврзани повеќето институции и јавни објекти што се на булеварот Први мај, меѓутоа не се вклучени домаќинствата. Ова е нешто екстра поголемо и е од големо значење за Битола.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 04-Sep-2012 at 18:51

И ДА ОБЕЗБЕДИ ВЛАДАТА 1,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЗАВИСНА!

Дејан Азески
И%20да%20обезбеди%20Владата%201,2%20милијарди%20евра,%20Македонија%20ќе%20остане%20енергетски%20зависна!%20

 Со реализација на првата петогодишна фаза од енергетската стратегија (2010-2030) Македонија само ќе ја покрие зголемената побарувачка на енергија. Увозот процентуално ќе остане ист, но под услов да се вложат 1,2 милијарди евра, кои сè уште никој не знае како ќе се обезбедат

Алтернативните извори на енергија нема да нè направат енергетски ефикасни - експертите оценуваат дека се потребни поголеми капацитети

Македонија нема да успее да стане енергетски независна дури и да се обезбедат инвестиции од 1,2 милијарди евра, колку што ветува Владата. На вакво сценарио предупредија експертите на дебатата во МАНУ за предлог-текстот на програмата за реализација на првите пет години (2012-2016 година) од Енергетската стратегија на Македонија, кои исто така се сомневаат дека во услови на криза Владата воопшто ќе биде способна да ги најде овие пари.

Првата фаза 2012-2016 година од Енергетската стратегија 2010-2030 предвидува само покривање на растот на побарувачката на енергија, но не и намалување на зависноста од увоз. Константин Димитров, претседател на МАЦИФ, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, смета дека и по пет години со мерките предвидени од Стратегијата во однос на увозот нема да има чувствителна промена. Според него, Стратегијата за првата петолетка би требало само да ги ублажи ударите од зголемената побарувачка и доколку воопшто во целост биде реализирана.

„Според мене, најпроблематично е дали ние воопшто ќе успееме да обезбедиме милијарда и двеста шеесет милиони евра за реализација на оваа програма. Сметам дека и самата цифра е мала и дека на крај ќе испадне дека ќе се потребни многу поголеми вложувања само за да се одржи сегашното ниво на делумна енергетска независност на земјава“, констатира Димитров.

Достапноста на гасот треба да биде приоритет за наредните пет години

Македонија е само делумно гасифицирана земја. Сè уште не е утврден крајниот рок за изградба на националниот гасовод, чиј почеток е најавен до крајот на календарската 2012. Иако според министерот за финансии, Ставрески, Македонија има зелено средство од Русија за вклучување на земјава во гасоводниот проект Јужен поток, никој не знае кога целосно ќе биде реализирана оваа идеја.

Енергетските експерти предупредуваат дека покрај потпирањето на јагленот и на термоцентралите како примарен извор на енергија, на гасот треба да се гледа како на енергенс на иднината.

За академик Глигор Каневче земјава до 2020 година покрај 21% обновливи енергетски извори кои ги бара ЕУ, треба што повеќе да се ослонуваме на гасот како алтернатива на јагленот.

„Иако во поглед на безбедното снабдување со електрична енергија, ние и понатаму ќе потпираме пред сè на термоцентралите на јаглен, што значи редовно обезбедување јаглен, доста значаен момент за наредните 5-6 години, обезбедување дополнителен правец и извоз на природен гас, на кој Македонија планира да се потпира во иднина”, вели Каневче.

Според истражувањата на Министерството за економија и МАНУ, побарувачката на електрична енергија во земјава до 2016 секоја година ќе расте од 2,3% до 3%.

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, потврди дека државата сè уште нема дефинирано од каде ќе се финансира фамозната сума од 1,2 милијарди евра, која е потребна за привите пет години од енергетската стратегија.

„Средствата би требало да се обезбедат или од наши сопствени извори или со ново задолжување, или пак, со моделот на јавно-приватно партнерство“, вели Сараќини.


ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОЧЕКУВА НА КРАТОК РОК ОД СТРАТЕГИЈАТА?

Ревитализација и модернизација на постоечките објекти, изградба на нови енергетски објекти, но и енергетско поврзување со земјите од регионот. Почеток на изградбата на ХЕЦ Бошков мост во април 2013 година, изготвување физибилити-студија за Вардарска Долина и интензивирање на подготовките околу ХЕЦ Луково Поле. Вложување во алтернативни извори на енергија пред се сончеви панели и ветерници. 
Ова се дел од проектите кои ги најави министерот Ваљон Сараќини, а треба да бидат реализирани во согласност со нацрт-планот за реализација на првите пет години од Енергетската стратегија.

Според Сараќини, денеска потрошувачите на енергија се соочуваат со сложена енергетска состојба, која е условена од растот на цените на енергијата и на глобално ниво.

„Се преземаат интензивни мерки за изградба на нови капацитети, но најголемо внимание се посветува на интеркомпатибилно поврзување со Србија и Албанија и со Косово”, најави Сараќини.

Од МАЦИФ се скептици дека треба нешто посебно да се очекува од првата петогодишна фаза од Стратегијата.

Според Константин Димитров, овие пет години од Стратегијата се само подготовка за наредните пет години коишто следуваат по нив.

„Според мене, во Стратегијата за наредните пет години има само подготовка на големи производствени капацитети, а енергија ќе се произведува реалативно малку од ветер и сонце. Значи, со 40 мегавати плус, колку што се предвидени од алтернативните извори на енергија, до 2016 година нема ништо позначајно да се промени”, вели Димитров.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/87289/i_da_obezbedi_vladata_1,2_milijardi_evra,_makedonija_kje_ostane_energetski_zavisna!.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 10-Oct-2012 at 11:43

МЕПСО ќе гради 120 километри нова далноводна мрежа

Со инвестиција од 26 милиони евра компанијата МЕПСО планира да изгради повеќе од 120 километри нова далноводна мрежа низ земјава, со што би се подобрил преносот на електричната енергија.

Компанијата денеска објавила тендери за избор на најповолен изведувач за проектирање и изградба на два нови далноводи - 400 киловолтен интерконективен далновод на трасата Штип - македонско-српска граница и 110 киловолтен далновод Скопје – Југохром - Тетово.

Далноводот од трансформаторската станица Штип до македонско-српската граница е во должина од 70 километри и на трасата ќе бидат изградени 168 челично-решеткасти столбови. Трасата, како што соопшти компанијата, минува низ териториите на општините Штип, Свети Николе и Куманово.

Далноводот има исклучително значење за зголемување на преносниот капацитет на македонската преносна мрежа, а воедно значајно ќе ја подобри и стабилноста и доверливата работа на македонскиот електропреносен систем, се вели во соопштението.

Комплетната реконструкција на далноводот Скопје-Југохром-Тетово предвидува замена на старите бетонски столбови со нови челично-решеткасти столбови долж целата траса од 52 километри.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B6DEBA227DCC2D43B704BE68ED5391C4

Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 10-Oct-2012 at 11:50
Иако веќе подолго време наназад нуклеарната енергија се сметаше како најдобра алтернатива за конвенционалните извори на енергија како што се термоелектраните кои работат на фосилни горива после катастрофата која се случи во Фукушима сето тоа се промени. Имено Фукушима, втората најголема катастрофа после Чернобил го доведе во прашање работењето на речиси секоја нуклеарна централа во светот. Како последица на тоа сите нуклеарни централи кои се во склоп на Европската Унија беа предмет на контрола од страна на инспектори на Европската комисија за нуклеарна енергија.

Реномираниот Британски весник The Telegraph пренесе ивадоци од извештајот во кој се вели дека речиси сите нуклеарни реактори кои се 134 на број се во лоша состојба и се потребни итни интервенции. Сите нуклеарни централи беа подложени на стрес тестови со кои се симулираа природни катастрофи од типот на онаа во Фукушима. Иако добар дел од безбедносните стандарди не беа исполнети не се даде ниедна препорака за престанок со работа на истите тие нуклеарни централи. Единствено беа дадени препораки за технички интервенции и инфраструктурни ремонти кои би требале да се завршат до 2015 година.

Енергетска ефикасност
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 10-Oct-2012 at 16:38
јас верувам дека уште повеќе ќе се градат нуклеарни централи во светот,а за екологија и безбедност ќе се зборува само на семинари и пред камери
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 21-Oct-2012 at 18:55
21.10.2012, 15:00
Ставен под напон далноводот Вруток – Полог - Тетово


МЕПСО денеска стави под напон новоизградени осум километри од 110-киловолниот далновод Вруток – Полог – Тетово. Со завршувањето на оваа делница се пушти во погон 110-киловолтниот далновод што го напојува Тетово и неговата околина со електрична енергија од ТЕЦ „Осломеј“ и од ХЕЦ „Вруток“. Новоизградениот дел од далноводот веќе е целосно функционален и поврзан преку постоен вод со трансформаторската станица „Тетово 1“. Од МЕПСО истакнуваат со ова дека се подготвени за претстојниот зимски период кога се очекува зголемен конзум за електрична енергија во регионот на Полог.

Со ставањето во погон на двата система на овој далновод се очекува долгорочно да се решат потребите со снабдување со струја на Тетово и на околните населени места, да се подобри доверливоста на системот и напонските прилики со што ќе се намалат и загубите на електрична енергија на преносната мрежа.

Вкупната должина на овој двосистемски далновод е 33 километри, ќе бидат поставени вкупно 133 челично-решеткести столбови, а инвестициската вредност на проектот е 3 милиони евра.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4186F886937B244CA46FC4AFDFC2FF11
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.658 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.