build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битолски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 01-Oct-2021 at 11:08
Originally posted by АПЛА.МК

Вело патеки за 6 месеци до 2 години ветија некои од кандидатите, други побараа забрана за моторни возила и паркинзи во центарот


Сите кандидати за градоначалници изразија волја за еден мандат Битола да ја направат вело град, на денешната дебата што беше организирана по иницијатива на „Битола на точак“. Христо Кондовски од СДСМ дојде со готов проект за велосипедски патеки во должина од 20 километри кои рече дека ќе ги направи за 2 години, Тони Коњановски посочи дека ќе соработува со експерти од Техничкиот факултет, Горан Милевски од Движењето одлучно за промени рече дека уште следната година ќе постават вело патеки на улиците „Први Мај“, „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“. Горан Тасковски од „Македонска ера трета“ рече дека проектот им е готов и можат веднаш да започнат со имплементација, за Јорго Огненовски од „Демократи“ за оваа тема нема потреба од многу филозофирање и за шест местеци може да се направи, а Зоран Лазаровски Паљо рече дека како незваисен кандидат нема сега ресурси да користи експерти, но доколку стане градоначалник ќе направи тим и ќе ја рализира замислата оти и онака е велосипедист.



Кондовски –велосипедски патеки од 20 км за 2 години

-Идам со готова програма, каде може и каде треба во иднина да се постави велосипедска мрежа. Онаму каде има услови почнуваме да работиме уште од првиот ден за да се постави, а за тоа има готова студија само не е имплементирана. Имаме и 3Д прикази. Онаму каде што нема можност, ќе се работи на условите. Работењето на 20 км велосдипедска мрежа ќе трае 2 години и ништо повеќе. Со тоа ќе се зафатиме веднаш. Имаме Локална стратегија за безбедност во сообраќајот која ја вклучува вело мрежата, се нарекува Визија 0 тоа значи 0 сообраќајни несреќи“, рече Кондовски.

Додаде дека во тимот има професионалец од областа, професорката Јасмина Буневска -Талевска од Техничкиот факултет. Таа ги покажа приказите и рече дека првите две години планирано е да биде реалзиирана примарната велосипедска мрежа од Довлеџик, Васко Карангелевски, Партизанска, Железничка, Иван Милутиновиќ и Булеварот, планирани се и рекреативни велосипедски патеки. Кондовски додаде дека сообраќајниот хаос во градот ќе се среди со подземна сообраќајница и гаража со зголемување на паркин местата од 60 на над 200.

Коњановски- Ќе соработуваме со Техничкиот факултет за најдобри решенија

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски рече дека уште во првите месеци ќе направат меморандум за соработка со Техничкиот факултет, каде има експерти за оваа тема.

„Во делот на касарната каде улиците се 12 метри широки, со мала интервенција да се овозможат патеки. Кругот околу Битола големите сообраќајници, со добар проект кој ќе го дадат професионалци ќе се сработи. Еден мандат е доволен со стручана анализа и експерти кои си ја знаат работата Битола да стане вело град. Многу од работите што се кажаа се во колизија, од една страна се бориме за зелен град, а од друга страна центарот го силуваме со подземен паркинг, сообраќајница брза, го оптоваруваме градот. Ние веќе прифативме студија која ја изгласавме сите во Советот, сега таа пешачка зона повтрорно треба да се уништи“, рече Коњановски.

Милевски-10 пунктови од каде граѓаните ќе можат да користат општински велосипеди

Кандидатот од Движењето одлучно за промени, Горан Милевски рече дека деновиве ќе ја презентираат велосипедската патека на Булеварот „Први мај“, „Васко Карангелевки“ и „Партизанска“.

„Можеме да ветиме дека следната година ќе ги видиме овие патеки. Ќе биде комбинација на користење на уличниот простор и пешачката патека. Не сакаме средства кои се ограничени да ги инвестираме во подземна гаража, туку да ги натераме луѓето да не влегуваат во централното јадро со возила. Веќе следната година планираме во градот да има 10 пунктови од каде ќе можат да се изнајмуваат велосипеди и тротинети.Со вадење на месечна или годишна карта да можат граѓаните да користат општински велосипеди или тротинети“, рече Милевски.

Лазаровски – Никако паркинг во центарот на Битола

Независниот кандидат Зоран Лазаровски најмногу се спротивстви на градење подземна гаража во центарот на градот. Рече време е јадрото на Битола да се ослободи од возилата „тешкаши“.

„Треба да се намалат автомобилите, за 200 метри секој ја пали колата за да оди на кафе, до самопослуга. Паркингот во центарот не смее да постои. Во централното градско подрачје не смеат да се возат автомобили. Плоштадот во Софија нема паркинг, туку е коцка, гулаби, клупи. Пешачка зона да биде, катни гаражи да се направат на друго место, со сообраќајни инженери да се испитаат условите на кои улици може да има вело патеки, а на кои не“, рече Лазаровски.

Тасковски-Ние немаме основна инфрастуктура како патишта и тротоари

„Ние немаме основна инфраструктура како патишта и тротоари, кога одиме можеме да се сопнеме и да скршиме некоја коска зашто не се адекватно направени или не се одржани. Додека зборуваме за вело општина не можеме да се пофалиме дека ги имаме најосновните работи кои ни требаат за нас и лицата со попреченост“, рече кандидатот на „Македонска ера трета“.

„ Она што треба да се направи под итно е да се затвори централното градско подрачје за сите видови на моторни возила, да биде зелена вело пешачка зона, но како предуслов за тоа треба да се реши проблемот со паркингот. За да се реши тоа, треба да се направат трие фамозни катни гражи што ги спомнуваме години наназад и за тоа имаме решение“, рече Тасковски.

Огненовски-Вело патеки ќе направам за 6 месеци

Јорго Огненовски од „Демократи“ рече „ние во Битола немаме никаква инфраструктура, нешто на Шеталиште е обележано со некаква боја и толку е. Нашите улици се лом, да ти е страв да возиш и кола и точак. Кој каде ќе стигне паркира низ Битола. Треба на повеќе места во Битола да изградиме помали гаражи. Во центарот на градот да биде пешачка зона и за точаци. Вело патеки можеме да направиме за шест месеци“, рече Огненовски.

Виктор Илиев од Иницијативата „Битола на точак“ изрази задоволство што сите каднидати покажуваат волја да се изгради велосипедска инфраструктура и надеж дека оној што ќе стане градоначлник ќе направи од Битола вело град, па следните избори нема да зборуваме дали да има вело патеки, туку како да ги подобриме.




ИЗВОР: Портал Апла

Или јас сум премногу наивен, или самиот факт што воопшто ова е тема на разговор во предизборието е успех невиден. Успеале да се соберат да разговараат специјално на оваа тема (затоа и ја ставив и сликата) колку толку ветува нешто.

Од една страна сосем се слагам дека подземен паркинг е гаранција дека уште 50 години луѓето ќе одат во центарот со кола (за дистанци помали од 1 километар), ама па од друга страна паркинг таму мора да има, од проста причина што нема друга локација каде да се изгради во радиус од 1 километар.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19851
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 08-May-2023 at 13:18
ОПШТИНА БИТОЛА ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ КРУЖЕН ТЕК СО СПОМЕНИК НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ КАЈ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА



Споменикот на Алексанадр Турунџев, по шест години поминати во општинскиот двор, ќе биде поставен на кружниот тек кој Општина Битола наскоро планира да го гради кај поранешната Ветеринарна станица, како што беше и првично замислен, но владата на ексградоначалникот Владимир Талески во 2017 се откажа поради протестите на околните жители.

Сегашната локална власт одново актуелизира ваков проект, кој исто како и претходно предвидува кружен тек на крстосницата меѓу улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов во Битола, а над кого ќе биде поставен споменикот на војводата висок 3 метри, за кој пред шест години Општината плати 28.000 евра.



Од Општина Битола преку писмено соопштение известија дека се подготвени за реализација на голем инфраструктурен проект, предвиден за оваа градежна сезона. Согласно подготвената проектна документација и склучениот договор со изведувачот, наскоро ќе започнат работните активности. Предвидени се 11.790.640 денари (193.289 евра), во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Со завршувањето на овој проект, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот, а на кружниот тек ќе биде поставен и споменикот на Александар Турунџев.

Прв ваков проект во 2017 најави поранешниот градоначалник Владимир Талески. Но, се откажа од негова реализација откако се побуни месното население зашто тој предвидуваше да се сечат дрвјата од паркот пред зградите кои ги штитат од прашина и издувни гасови од сообраќајот. И покрај издаденото решение за сеча на комуналните служби, одлуката не се спроведе на дело.

На локалната власт предводена од Талески инфраструктурниот подем во Битола ѝ се состоеше од четири кружни текови за кои Општината даде многу пари, а беа украсени со филџан, клавир да ја отсликува музичката традиција токму во периодот кога тогашната државна власт се обидуваше да го продаде Офицерски каде е сместена најакустичната сала за концерти, па пајтон и креација слична на лампион. Турунџев требаше да се постави на петтиот кружен тек, но со промената на власта, СДСМ не го изгради текот, а споменикот остана во општинскиот двор.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-bitola-planira-da-izgradi-kruzhen-tek-so-spomenik-na-aleksandar-turundhev-kaj-veterinarnata-stanitsa/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19851
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 07-Jun-2023 at 12:25
ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА КАЈ ВЕТЕРИНАРНОТО ВО БИТОЛА ЗАРАДИ ИЗГРАДБАТА НА КРУЖЕН ТЕК



Исечени се повеќегодишните дрвја кај поранешната Ветеринарна станица во Битола, на местото каде што ќе се гради новиот кружен тек со споменикот на Александар Турунџев. Кружниот тек ќе биде на крстосницата на улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов.

Сличен проект пред шест години планираше да реализира тогашниот градоначалник Владимир Талески, но се откажа по противењето на околните жители да се сечат дрвјата. При денешната сеча, жителите кои ги затекнавме пред зградите не сакаа да зборуваат со новинарите.

Од Општина Битола соопштија дека заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец годинава засади 867 нови садници на повеќе локации низ градот, а во 2022 исто така засади 452 декоративни и 10 листопадни дрвја. Од Општината велат дека со кружниот тек ќе се растовари сообраќајот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се намали аерозагадувањето.

Општина Битола неодамна преку писмено соопштение извести дека е подготвена за реализацијата на голем инфраструктурен проект. За него се предвидени 11.790.640 денари (193.289 евра), во што се вклучени канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. По завршувањето на овој проект ќе се промени и режимот на сообраќајот во овој дел на градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/isecheni-drvjata-kaj-veterinarnoto-vo-bitola-zaradi-izgradbata-na-kruzhen-tek/?fbclid=IwAR1Ixv1yV7biiOGN7hHE8Gk4-Dui2VrAvWGQTtlzR_ebEVqsLhB1KaZYyr4
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 539
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 30-Mar-2024 at 23:40

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА

Попладнево започна асфалтирањето на улица Крушевска република во должина од 490 метри. Со завршувањето на овој дел од оваа важна сообраќајна артерија во градот, ќе се направи поврзување на улицата „Македонска фаланга“ со улиците во АРМ, со што ќе се овозможи намалување на сообраќајот на улицата „Партизанска“.

За финалната фаза од овој проект, општината инвестира 12.829.250 денари.



 


https://www.bitola.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d1%81%d1%84%d0%b0%d0%bb%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d1%83%d1%88%d0%b5/



Edited by Théoden - 30-Mar-2024 at 23:42
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 31-Mar-2024 at 14:29
Оваа улица насушно му требаше на градот и доста време се издолжи.Се прави можеби 7-8 години во разни фази (каналот,затрупувана стариот и пренасочување на настрана, дислокација на далноводи и укопвање под земја, нова канализација со поголем капацитет за новата населба и проширување на улицата до димензии ма булеваро.Ќе ја растерети партизанска за минимум 30%.

Штета што улицата значително се стеснува кај студентскиот дом и не се спојува со соодветна раскрсница со Партизанска и треба вртење лево за 90 степен
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19851
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 17-Apr-2024 at 17:49
ЗА ДВА МЕСЕЦА СЕ ДЕФОРМИРАШЕ АСФАЛТОТ НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК ВО БИТОЛА, А СПОМЕНИКОТ НА ВОЈВОДАТА ТУРУНЏЕВ УШТЕ ГО НЕМА



Споменикот на војводата Александар Турунџев никако да стигне до новиот кружен тек што кај старата Ветеринарска станица го изгради Општина Битола. Иако улицата беше асфалтирана во ноември, а во јануари беше констатирано дека има деформации на асфалтот, таа уште не е коригирана. Изведувач е компанија од Демир Хисар, а вредноста на договорот изнесува 11,7 милиони денари, плус анекс од 2,2 милиона денари. Од Општината велат дека изведувачот нема да биде исплатен додека не ги отстрани недостатоците.

„На кружниот тек се констатирани деформации на вториот слој асфалт и истиот треба да се извади и да се нанесе нов слој. Службите во Општината одржаа состанок со изведувачот, на кого му е даден рок за отстранување на недостатоците. Тој нема да биде исплатен за завршената работа додека не бидат отстранети“, соопштија од Општината за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Градоначалникот Тони Коњановски рече дека ќе бара одговорност од сите изведувачи кои направиле пропусти.

„Нема да дозволам неодговорност и непродуктивно трошење на ниеден општински денар. Секој изведувач мора да гарантира и да изврши квалитетна работа, затоа што во спротивно, штетите нема да бидат на товар на граѓаните и општината, туку на изведувачите“, рече Коњановски.

На седница на Советот одржана деновиве имаше бурна дискусија за инстраструктурните зафати.

„Можеме да го видиме згрешениот кружен тек за кој ни се смее цела Македонија. Можеме да видиме дека се склучувани анекси, зашто очигледно, состојбата на терен не се совпаѓала со состојбата предвидена со проектот. Битола има нова населба која досега се викаше Недопирливи, а отсега може да се вика Недопраени“, рече Габриела Илиевска од Поинаку, претседателка на Советот.

Советниот од Пoинаку, Иван Чулакоски, на 7 февруари го објави записникот од извршениот технички преглед на кружниот тек, направен на 26 јануари, добиен преку барање за слободен пристап до инфорамции. Во записникот пишува недостатоците со асфалтот да се отстранат кога ќе има поволни временски услови за да не дојде до повторување на оштетувањата. До денес корекцијата не е направена.

За да се направи кружниот тек беа исечени повеќегодишни дрвја, а дел од возачите коментираат дека премините се тесни. Сличен проект планираше и ексградоначалникот Владимир Талески во 2017, но се откажа поради протестите на граѓаните кои се спротивставија на сечата. Тогаш се изработи споменикот на војводата Турунџев, кој остана во општинскиот двор.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dva-mesetsa-se-deformirashe-asfaltot-na-noviot-kruzhen-tek-vo-bitola-a-spomenikot-na-vojvodata-turundhev-ushte-go-nema/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.502 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.