Хидроелектрани |
Post Reply | Page <1 1617181920 28> |
Author | |
FCB
Newbie Joined: 26-Jul-2011 Location: USA Online Status: Offline Posts: 29 |
Quote Reply #341 Posted: 25-Feb-2012 at 02:36 |
Ne ocekuvav da e pomegu Matka i Kozjak. Jas ja barav nakaj Makedonski Brod.
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #342 Posted: 25-Feb-2012 at 03:15 |
да Кловер,на гугл на тоа место се гледа и преливната шахта,иако е сенка се гледа кружниот дел на отворот од шахтата
|
|
FCB
Newbie Joined: 26-Jul-2011 Location: USA Online Status: Offline Posts: 29 |
Quote Reply #343 Posted: 25-Feb-2012 at 05:50 |
Ima opcija da otvoris poodamnesni snimki i se gleda na taa sto e od 6/16/2008 sahtata e izgradena. A na slednata sto e od 6/29/2009 se gleda mnogu poubavo, deka e celosno osvetlena. |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #344 Posted: 19-Mar-2012 at 13:36 |
Денес во Министерството за економија се потпишаа 21 договор за концесија, со 10 компании за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.Централите ќе бидат изградени на 21 локација на повеќе реки во Македонија, меѓу кои се Бистрица, Крива Река, Беловишта, Јабланица и други. Министерот за економија Ваљон Сарачини истакна дека овие централи ќе бидат со вкупен капацитет од 23 мегавати и ќе призведуваат енергија во висина од 77 гигават часови. Инвестицијата е околу 40 милиони евра, а дополнително ќе се отворат и нови работни места при нивната изградба, истакна Сарачини. -Од 2007 до 2011 година се потпишани 37 вакви договори за изградаба на мали хидроцентрали, а вкупно со денешните бројот не 58, со вкупна инвестиција од околу 100 милиони евра, нагласи Сарачини. Инвеститорите имаат рок од 3 години да ги изградат малите хидроелектрани, а министерот Сарачини посочи дека се размислува и за пронаоѓање на други обновливи извори на енергија. Сопственик на компанијата „Феро инвест“ Кочо Анѓушев, истакна дека денешниот договор се однесува за деветтата хидроцентрала која што ќе ја градат, а од нив веќе 5 се приклучени на енергетскиот систем. -Овие мали хидроцентрални можат да заменат една голема како „Шпиле“ на пример и истите се од исклучително значење. Хидроцентралите ќе заменат 10 отсто од увозот на електрична енергија, истакна Анѓушев, сопственикот на фирмата „Феро инвест“. Анѓушев истакна дека од 8-мата до 11-тата година се очекува повраток на инвестицијата, а по 20 години хидроцентралите ќе бидат предадени на државата. Дел од фирмите кои што ќе ги градат малите хидроцентрали се од Македонија, а дел се странски инвеститори. http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/64764-Ke-se-gradat-21-mali-hidrocentrali |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #345 Posted: 19-Mar-2012 at 15:15 |
АД ЕЛЕМ потпиша Договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“АД ЕЛЕМ во рамките на проектот „Ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза“, потпиша договори за ревитализација и модернизација на мавровските електрани Вруток и Равен, со две компании со меѓународно реноме, избрани на транспарентен меѓународен тендер. Австриската компанија АНДРИЦ Хидро ќе работи на замена и зголемување на моќноста на четирите генератори во ХЕ Вруток, потоа на замена на високонапонските кабли, како и на замена на системите за подмачкување во ХЕ Равен. Словенечка ЕТРА Колектор, пак, ќе изврши замена на шест енергетски трансформатори во ХЕ Вруток и замена на три енергетски трансформатори во ХЕ Равен.
Меѓу продобивките од овие зафати кои значително ќе ги подобрат производствените перформанси на хидроелектраните се зголемување на достапниот енергетски производствен капацитет на ХЕ Вруток од 168 МVA на 184 МVA(мегаволт ампери), можноста за дополнително производството на еколошки прифатлива електрична енергија до 50 GWh годишно, потоа подобрување на ефикасноста и намалување на загубите кои се претвораат во поголем потенцијал за производство на електрична енергија, како и заштеди во трошоците за одржување.
На потпишувањето на договорите, генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски, истакна дека со реализацијата на двата договора, ќе се добие комплетно модернизирана хидроелектрана, со четири нови блок-трансформатори и четири нови генератори. Проектот со чија реализација се продолжува животниот век на хидроелектраната „Вруток“се очекува да заврши во мај 2014 година.
Генералниот директор на словенечката фирма „ЕТРА Колектор“, г. Петар Новак, изјави: „Ни претставува чест што ќе имаме прилика да соработуваме со компанија како АД ЕЛЕМ. Сигурни сме дека работите ќе бидат завршени со предвидената динамика и дека оваа македонска компанија ќе биде уште една добра референца во нашето портфолио“.
И г.Евалд Хесе, директор на АНДРИЦ Хидро за Југоисточна Европа, се заблагодари на менаџерскиот тим на АД ЕЛЕМ и ХЕ „Вруток“ за соработката и потенцираше дека нивната компанија ќе ја оправда довербата за овој важен договор, и дека проектот ќе се реализира според предвидениот план.
Направени се детални и веродостојни пресметки на потенцијалот за дополнителна енергија достапна преку подобрување на ефикасноста и намалување на загубите во генераторите и трансформаторите за 7 GWh/годишно, притоа избегнувајќи ги емиисите од 6.000 тони на јаглерод диоксид годишно. Според потпишаните договори и утврдената динамика на ревитализација, првиот, нов блок генератор-трансформатор во ХЕ Вруток ќе биде пуштен во погон во јуни догодина, а последниот, четврти блок генератор-трансформатор, ќе биде пуштен во погон во маj 2014 година, кога и официјално ќе финишира овој проект.
Оваа нова инвестиција на АД ЕЛЕМ претставува продолжување на традицијата и заложбите на компанијата за заштита на животната средина и намалување на емисиите на стакленички гасови, увозната зависност на Македонија од електрична енергија, како и потребата за обезбедување на поголема сигурност во снабдувањето со енергија. Вредноста на договорот за генераторите изнесува 18.68 милиони евра, а за трансформаторите 2.77 милиони евра. Финансирањето на овие активности е преку заем од KfW банка за кој е веќе потпишан Договор во Министерството за финансии кон крајот на 2010 година.
АД „Електрани на Македонија“ пред повеќе од една година најави реализација на значаен енергетски проект за ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза. Станува збор зa зафат со кој, освен хидроелектраните Вруток и Равен ќе бидат третирани хидрокапацитетите уште и Врбен, Шпилје, Глобочица и Тиквеш. Активностите кои треба да се реализираат во рамките на овој проект, пред се, опфаќаат ревитализација и модернизација на електричната и хидромеханичка опрема, градежни работи, како и имплементацијата на модерен систем за оскултација, односно набљудување на браните кај хидроелектраните. Овие активности се продолжување и дополнување на првата фаза на ревитализацијата на истите хидроелектрани која успешно беше реализирана во периодот од 1998 до 2005 година.
Од вкупните предвидени инвестиции во износ од 31.8 милиони евра за ревитализација на шесте хидроелектрани, најголемиот дел доаѓа од кредитот од Германската KfW банка во висина од 27.1 милиони евра, додека преостанатите 4.7 милиони евра се обезбедени од сопствени средства на АД ЕЛЕМ.
АД ЕЛЕМ и во иднина ќе продолжи да инвестира во обновливи извори на енергија“. |
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #346 Posted: 14-Apr-2012 at 11:49 |
Кинезите не попуштаат, пак пропаѓа тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“?
Кинеската компанија ЦВЕ, кандидат за изградба на хидроелектричните централи „Чебрен“ и „Галиште“ одбила да се откаже од дополнителните услови за концесијата за изградба на хидро проектот вреден околу 600 милиони евра, дознава МКД.МК од извори во Министерството за економија. Сега откако ЦВЕ одби да попушти, Владата треба да избере помеѓу двете опции кои и стојат на располагање. Прво, да ја додели концесијата за изградба и експлоатација на хидрокомплексот „Чебрен“ и „Галиште“ на грчкото државно електро стопанство „ППС“, второрангирана понуда, или да го поништи и овој тендер за избор на изведувач и концесионер на македонскиот хидро мега проект. Според упатените, поизгледно е дека Владата ќе одлучи да го поништи тендерот заради тоа што на последната седница на која ги разгледувале понудите, пред да се бара од ЦВЕ дополнителна информација, понудата на второрангираната ППС била оценета како незадоволителна и несоодветна. Според истите извори многу е веројатно да не се распише нов тендер туку Владата, како единствен акционер на „ЕЛЕМ“, да му наложи на менаџментот и да го овласти да почне преговори за задолжување со странски кредитори за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Ова сценарио е многу изгледно заради тоа што ЕЛЕМ е бонитетен и може да преземе кредитно задолжување спрема меѓународните институционални или приватни кредитори. Особено сега откако независна странска проценителна компанија направи проценка на вредноста на имотот и на бизнисот на најголемата македонска државна компанија, која воедно е и најголемата македонска компанија. За потсетување, Комисијата за евалуација на понудите во тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и за Галиште дополнително побара од кинеската компанија ЦВЕ да се изјасни дали се откажува од дополнителните услови што ги бараше за изградба на двете хидроцентрали. Членовите на комисијата одлучиле и дополнително побарале од ЦВЕ во рок од 30 дена да се изјасни дали останува на првичната понуда доставена во тендерската постапка, при што треба да се откаже од дополнителните барања: да ја добие на управување хидроцентралата Тиквеш порано од предвидениот рок во тендерот, да не плати ДДВ на опремата и некои други поволности. Според тоа, доколку Кинезите во предвидениот рок не се откажат од дополнителните услови, веројатно е дека комисијата ќе ја отфрли нивната понуда како неприфатлива. На последниот тендер за изградба на двете хидроцентрали Чебрен и Галишта свои понуди доставија кинеската компанија ЦВЕ и грчкото државно електростопанство ППЦ. Одлучувачки критериум на тендерот беше големината на учеството што градителот на електричните централи ќе ѝ го даде на државата, односно на националниот производител на електрична енергија ЕЛЕМ. Во рангирањето на понудите ЦВЕ понуди да отстапи над 40 отсто од капиталот во новите хидроцентрали на ЕЛЕМ, а грчки ПЦЦ достави понуда во која сопственоста не ЕЛЕМ во новиот проект би изнесувала 28 отсто. http://www.mkd.mk/25624/makedonija/cebren-galiste-koncesija-elem/ |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #347 Posted: 14-Apr-2012 at 16:09 |
секаде во светот и секоја компанија па вероватно и кинезиве кога сакаат да инвестираат во некој поголем проект земаат кредит од банка.зошто тоа да не го направи и ЕЛЕМ.од сдтранците ние би имале корист само од градежните фирми што ќе ги ангажираат како подизведувачи и едвај 10-15 вработени по електрана.другото е све исто како да се купува струја од странство.
во 1995 година бев на стручна екскурзија во вруток и се изненадив дека вкупно вработени во електраната биле 4(четири) по смена |
|
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #348 Posted: 03-May-2012 at 15:08 |
|
|
elnino
Senior Member Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
Quote Reply #349 Posted: 06-May-2012 at 20:20 |
несакав да отварам тема за ова....оти немам доволно инфо и немам искуство на вашиот форум ама еве
во глобала веста е дека ке се градат 5 мали хидроелектрани на постоечкиот канал за вода од река Бошавица..... http://ktv41.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1101%3Akj-s-gr-d-t-5-mini-c-ntr-li-kj-s-r-sh-v-i-v-d-sn-bduv-nj-t&catid=27%3A%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B5%D1%88%D0%B8%D1%98%D0%B0&Itemid=268
. Edited by Cloverstack - 07-May-2012 at 11:57 |
|
build.mk
Senior Member Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #350 Posted: 19-May-2012 at 22:47 |
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #351 Posted: 19-May-2012 at 23:56 |
кај сме сиромашки уште се секираме за споредни работи.нека ми извини рисот,ама нас ни треба струја по можност домашна не увозна
|
|
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #352 Posted: 20-May-2012 at 00:19 |
Мислам дека оваа хидроелектрана ќе направи поголема штета за нашето вистинско богатство отколку што ќе ни донесе енергија, да не зборуваме за тоа што ја градиме со заем. Парите ќе ги вратиме, ама загрозените животински видови ќе ни отидат јабана засекогаш. На долга стаза оваа хидроелектрана нема да ни донесе никаква енергетска корист, а ќе направи штета.
|
|
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #353 Posted: 20-May-2012 at 10:02 |
Бојан со оглед дека во денешно време луѓето живеат од пари (норнмално индиректно) а парите многу зависат од економијата на државата очигледно е дека на народот помило ќе му биде да си замине еден вид (кој е на врвот ланецот на исхрана) отколку истиот тој народ и неговите деца да умираат од болести само зошто немаат пари за лекови. Со други зборови општествено гледано со оглед на тоа во кој општествена ера живееме (капитализам) и моменталната економска ситуација во државата во корист на мнозинското население е да се изгради хидроелектрана повеќе отколку да се зачува тој вид на животно во тој дел од територијата. Не ме разбирај погрешно немам намера да завземам одредена страна туку само се обидувам концизно и јасно да ги изложам деталите на фактичката ситуација. |
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #354 Posted: 20-May-2012 at 13:18 |
Тоа што го зборуваш за „мнозинското“ население и следењето на неговите моментални потреби и не се покажало секогаш како најдобра одлука. Да не зборуваме за тоа дека сиромаштијата што ја опишуваш се решава и на други начини, а директното влијание на капиталните инвестиции е спорно (бидејќи профитот завршува на други места). Крајно, и грижата за околината е должност на државата и истата не може „привремено“ да се исклучи. Ако постојано зборуваме за зачувување на вредности и нивна промоција, тогаш и ова е дел од нив. Јас лично имам став против постојаното следење на „народната волја“, особено гледајќи колку истата е подложна на влијанија и посакува „инстант решенија“, а да не зборуваме за лесното прибегнување на политичарите кон колективна одговорност и гледањето на работите на 4-годишен рок.. Ако зборуваме чисто за рисот, не би ги потценил штетите што настануваат кога ќе се отстрани еден дел од ланецот на исхрана. Но, во случајов свој дел од вината си носи и ЕБРД која покажува дека важат различни критериуми за различни земји. Имено, вакви проекти секогаш содржат и анализи за еколошките последици, а многу често и различни решенија (мостови за миграција на животни и сл.) кои потоа стануваат атракција сами по себе. Сепак, јас не разбирам баш најдобро на кој начин акумулацијата го загрозува рисот, можеби некој би можел да објасни подобро? Edited by mladen_s - 20-May-2012 at 13:19 |
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #355 Posted: 20-May-2012 at 14:11 |
http://bankwatch.org/sites/default/files/letterEBRD-BoskovMost-28Oct2011_0.pdf Ова е писмото испратено од страна на македонските екологисти до ЕБРД. Прочитај ги вториот и третиот пасос од втората страница и погледни ги двата анекса на писмото. |
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #356 Posted: 22-May-2012 at 17:33 |
Благодарам OCB. Разгледував, сепак се потребни доста познавања за да може да се даде аргументиран став. Имам впечаток дека акумулацијата не би го уништила хабитатот на рисот, но текот на самата изградба би предизвикал големи вознемирувања. Исто така, нема смисла газењето врз сопствените институции, во смисла на тоа што може да се почека, па и забрза донесувањето на планот за НП Маврово. Останува и фактот дека еколошките здруженија на овој начин се обидуваат да добијат средства за својата работа, но тоа е пракса во сите земји. Доколку навистина понудат стратегија за зачувување на рисот, ЕБРД би требала да ги поддржи. Што се однесува до Република Македонија, нејзината обврска кон овој вид е многу јасна: Edited by mladen_s - 22-May-2012 at 17:35 |
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #357 Posted: 22-May-2012 at 19:13 |
|
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #358 Posted: 22-May-2012 at 19:33 |
доцнам значи со заклучокот
Edited by mladen_s - 22-May-2012 at 19:34 |
|
BME
Newbiе Joined: 24-May-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #359 Posted: 24-May-2012 at 12:19 |
Да се надоврзам на овие слики.
Истите се поприлично стари, ХЕЦ Св.Петка е готова(браната е завршена и хидромашинската хала е завршена) се работи на регулација на коритото на реката Треска. Инсталирани се двете френсис турбини, инсталирани се и двата генератори за производство на струја, се работи на трансформаторската станица и на далноводот за поврзување на ХЕЦ-от со електродистрибутивната мрежа. Остануваат уште ситните работи да се завршат (кои одземаат време) и секако усисниот канал од езерската страна на браната. Како и да е за кратко време ќе имаме уште еден репрезентативен енергетски објект во нашава мала татковина. Edited by BME - 24-May-2012 at 12:33 |
|
build.mk
Senior Member Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #360 Posted: 31-May-2012 at 22:58 |
|
|
Post Reply | Page <1 1617181920 28> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |