Nastel business center (Печатница „Гоце Делчев“) |
Post Reply | Page <1234 12> |
Author | |
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #21 Posted: 20-Mar-2009 at 00:05 |
|
|
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #22 Posted: 27-Apr-2009 at 00:17 |
По којзнае кој пат истата вест Edited by UrbanFreak - 27-Apr-2009 at 00:18 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #23 Posted: 23-Jul-2009 at 09:42 |
|
|
Дарко
Newbie Joined: 12-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #24 Posted: 05-Aug-2009 at 12:55 |
„Гоце Делчев“ ќе биде како „Риц“, а не како „Шератон“
При крај е решавањето на административните пречки за да се изгради нов објект на местото на старата печатница, па инвеститорите се надеваат дека ќе може да почнат да работат уште кон крајот на летово Руинираната печатница „Гоце Делчев“ на улицата Максим Горки во центарот нема да стане хотел од познатиот светски синџир „Шератон“, туку ќе се гради како реплика на славниот париски хотел „Риц“. Од швајцарската фирма „Настел“, која пред две години ја купи старата и запуштена зграда, велат дека идејата да направат идентичен објект како париски „Риц“ ја добиле по неколку престои во него. Марјан Наков, управителот на „Настел“, вели дека проектот е готов, а за да почне неговата реализација е потребно да завршат процедурите за трансформација на земјиштето во Министерството за финансии, каде што предметот стоел веќе половина година. - Објектот ќе личи на најпознатиот и најлуксузниот хотел „Риц“ во Париз, значи ќе биде во готски стил, а ќе ги има и истите архитектонски елементи, како полукружните сводови. Објектот ќе има приземје, два ката и поткровје, како и два ката подземни гаражи за околу 260 возила. Зградата е предвидена за деловен објект и за помал хотел, а има најави дека во него ќе биде сместена и банка. Приземјето ќе има висок таван од 5,8 метри, а горните катови се високи по 3,4 метри. Со подигнувањето на нивоата на катовите ризикувавме и загубивме цел еден кат, но сето тоа е за да се постигне саканиот изглед - објасни Наков. Тој додаде дека приватизацијата на земјиштето на печатницата ја кочел поранешниот министер за финансии Трајко Славески, кој не им давал образложение зошто се одолжува целата процедура. Откако ќе добијат имотниот лист, од „Настел“ ќе поднесат барање до општината Центар за одобрение за градба и за сообраќајно решение. Иако имаше најави дека почетокот на изградбата ќе почне во септември, тие сега се надеваат дека до крајот на летото ќе ги имаат потребните документи за да почнат со изведба на градежните работи. Рушењето на остатоците од објектот ќе одземе време, бидејќи станува збор за центарот на градот, па тоа ќе може да се одвива по 18 часот, а според процените за да се расчисти целиот терен ќе бидат потребни околу два месеци. Специфичноста во градбата е тоа што за фасадата ќе се користат квалитетни материјали, чија цена е 20 пати повисока, отколку за правење обична фасада. Според проектот, зградата на аголот ќе има купола, како и два влеза, а ако нема пречки, се планира изградбата да трае една година и осум месеци. Како што соопштуваат од фирмата „Настел“, за изградбата се обезбедени финансии и кредити од основачот „Еуросвис кредит“ АГ од Швајцарија. Тоа што сега е останато од старата печатница е депонија и собиралиште на кучиња и на скитници. Остатоците од објектот не ги прикриваат ниту платната што ги постави поранешниот градоначалник Ристо Пенов, кои по долги години веќе се извалкани и искинати. Во непосредното соседство на објектот, пак, се наоѓаат неколку странски амбасади, италијанската, швајцарската, норвешката, шведската, шпанскиот конзулат, како и неколку банки. Пред една година беше неизвесно дали воопшто нешто ќе може да се изгради на местото на старата печатница, бидејќи таа беше заглавена во хипотеки, а се водеше и судски спор со еден од доверителите. „Риц“ е еден од симболите на Париз Парискиот хотел „Риц“, кој им послужил како инспирација на сопствениците на печатницата, бил изграден пред околу 300 години како приватна станбена зграда. Од 1854 година бил финансиска институција, а во 1898 година го купил познатиот швајцарски угостител Цезар Риц, кој го направил луксузен хотел. Неговите 160 соби и апартмани, каде што преспивањето денес чини од 700 евра до 12.000 евра за ноќ, во минатото ги угостиле британскиот крал Едвард 4-ти, Ернест Хемингвеј, Чарли Чаплин, Грета Гарбо, Марлен Дитрих, Жан Пол Сартр, Елтон Џон и многу други славни личности. Коко Шанел живеела во „Риц“ повеќе од 30 години, а принцезата Дајана во него ја поминала последната ноќ од својот живот |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #25 Posted: 05-Aug-2009 at 13:03 |
Да видам да не поверувам...
@Дарко ако можеш вметни го и линкот за веста инаку фала за инфото |
|
shaun.r
Groupie Joined: 06-Jul-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #26 Posted: 05-Aug-2009 at 13:33 |
http://time.mk/story_32e2d9d7cf_article_a1e411d41d.html
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #27 Posted: 05-Aug-2009 at 13:36 |
Фала Еве го и нацртчето што го има во таа статија за објектот |
|
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #28 Posted: 05-Aug-2009 at 13:42 |
Незнам за готскиот стил али ќе си личи до негде со палата читкушеви од карши...
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #29 Posted: 05-Aug-2009 at 13:51 |
Тука е и италијанската амбасада и уште неколку објекти кои се во тој тон. Се имам повеќе пати изјаснето дека сум против "нови стари" објекти, но на оваа локација дефинитивно нема да штрчи доколку се изгради овој објект. Секако се наметнуваат и многу други прашања. И изградбата на "стари" објекти си има свои правила. На пример она чудо од уставен сум е многу поблиско до оние таџикистанско-киргистански хибриди отколку што може да се мери на пример музејот во Лондон кој наводно бил инспирацијата. Значи многу е битно каква ќе биде изведбата на деталите, пропорциите итн на објектот кога веќе се решиле за ваков.
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #30 Posted: 05-Aug-2009 at 13:56 |
Не се разбирам многу од стилови и не ме интересираат многу! Може би ќе одговара на околината, но ме иритира тоа што во централно градски подрачје правиме копија и даваме впечаток дека сме wanabe Париз, без разлика на стилот и на намената. Исто како кинезите пред некоја година што направија фалцификат ајфелова кула некаде у Кина.
|
|
Dave Gahan
Senior Member Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
Quote Reply #31 Posted: 05-Aug-2009 at 14:19 |
У Вегас е мини-Ајфеловата, а у Кина е мини-Венеција...
И оваа најава би ја игнорирал се додека не видам работници таму, не е ни прва, ни последна, а што се однесува до „стилот“, ова сигурно не може да се карактеризира како некаков стил (истото важи и за архивот и за зградата на МНР), сите еклектични стилови имаат строго одредени правила на проектирање по кои и објектите се класифицираат како такви. Овде точно се работи за некакви хибриди, каде што во основа се иде кон решение кое што е функционално (евентуално се вметнуваат некакви еклектични ентериерни моменти како парадни скали, некакви галерии исл.), а од надвор се работи фасада со декорации, што во mainstream проектирањето се отфрлени како глупост пред 150 години, ама нажалост се широко прифатени од нашата јавност и се дефинирани како „убави“...
Мислам дека не е фер да се подметнуваат вака работите и да се двојат според локацијата, демек МНР и архивот се издвоени - па за нив срамота, а овие може да ги спикаме и ако се ретро. Ако мислиш дека ансамблот во кој што учествува онаа палата (не ми текнува како се вика - Берзата???), на Радовановиќ и пар објекти во сличен фазон во околината создаваат некаков градски амбиент Париз-фазон, мислам дека не е баш така...не знам дали го имаме тој објект овде на форумов, ама можам да ти кажам дека слично е нивото на тој објект со новиот архив... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
vendetta
Groupie Joined: 18-Jul-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #32 Posted: 05-Aug-2009 at 14:23 |
Одлично!
Во едно нешто да се сложиме со pbanks |
|
------------------------------
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #33 Posted: 05-Aug-2009 at 18:05 |
се сложувам со Пбанкс за вклопеноста на објектот, се додека се совпаѓа со Читкушеви и останатите објекти во тој дел од мал ринг е сосема во ред и повеќе би се бунел ако таму сакаат да накалемат некои стакла и бетони, но се сложувам и со лсл, дека дека тоа копирање на нешто што некој го видел таму некаде е смешно, и создава погрешна слика, но сепак се надевам дека ова со Риц е само новинарски булшит
и уште нешто, дали тоа е навистина готски стил? не се разбирам во стиловите, ама ја за готскиот стил имав представа на средновековна католичка катедрала |
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #34 Posted: 05-Aug-2009 at 18:51 |
Ако фасадата е поскапа за 20 пати од досегашните фасади во Скопје,ако има 260 места за паркирање под него,јас не би имал ништо против да се изгради па нека било и копија.
Да се надеваме дека ќе си го одржат ветувањето. |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
Dave Gahan
Senior Member Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
Quote Reply #35 Posted: 05-Aug-2009 at 18:55 |
http://en.wikipedia.org/wiki/Gothic_architecture
Ова се главните одлики на готската архитектура...многу лесно се препознава по специфичниот лак, изразитата висина на објектите (претежно катедралите, најмногу барем од нив се зачувани), чипкастото украсување со што е можно поголем број скулптури - претежно човечки т.е светци, ангели, свети борци...свртени авторитетно спрема луѓето - среден век, инквизиција, dark ages, требало да се утера страв во народот.... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
46&2
Senior Member Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
Quote Reply #36 Posted: 05-Aug-2009 at 19:44 |
Нели требаше да има висина од 29 метри. Има во претходните текстови наведено. Сега по најновово нема да биде ни 20 метри висока
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #37 Posted: 05-Aug-2009 at 21:44 |
Да се разбереме... Јас сум против ваквите згради и да се прашувам јас не би се градело ништо од Театарот па се до МНР и овој предлог што го дискутираме. Воопшто не ми се блиски ни квази ретро заебанциите од типот на Читкушеви Reloaded или Берза (која BTW ја имаме тука, да не имаш инфо за која локација е воопшто предвидена зградава?). Сепак мислам дека базична дисктинкција меѓу објектите може да се направи. Колку и да ги презирам на пример театарот и музејот на ВМРО, сепак мора да признаам дека барем не прават урбанистички хаос (иако и таму се менуваа парцелите). Случајот со Уставен и МНР воопшто не е таков, освен големата доза на кич тоа се урбанистички анахронизми кои комплетно ги реметат целините во кои се наоѓаат. Мене ми делуваат на чирови. За конкретниов објект. Освен ако не опалат уште една триумфална капија пред него, барем според она што е опишано погоре објектот нема да штрчи. Е сега дека на таа локација може да се направи нешто МНОГУ подобро е факт. Не зборувам за некаков стакларник, постојат еден куп модерни архитектонски изрази кои одлично би ја пополниле таа празнина. |
|
Dave Gahan
Senior Member Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
Quote Reply #38 Posted: 05-Aug-2009 at 23:51 |
За истиот објект зборуваме (плавиот квадрат), по дијагонала на печатницава, само нешто успорено се гради...од другата страна е такозвана Грација (никогаш не ми било јасно што е поентата со тој објект!? Ова што е денес таму е тотално безвезе).... Поентата ми е - полека, полека го навикнуваме окото на вакви глупости и прифаќаме вакви комбинации. Улицата Максим Горки е една од ретките скопски улици што има амбиент градски (како што повеќето луѓе мислат дека е стварно тоа градски), ама кога убаво ќе се анализира, многу малку објекти учествуваат во неговото креирање, а другите се претежно деградирани и запуштени или одвратно доградувани (жолтите на сликичката се релативно во коректна состојба). Затоа јас не би ставал по секоја цена некој ваков објект само затоа што ќе се надоврзе на другите, главно затоа што таквите не доминираат, т.е се прилично малку (современото обликување да го ставиме настрана, а не би требало)... Само како пример ќе го земам објектот што граничи со парцелата на печатницата (со црвено означен, дури мислам дека и фасадата има црвени елементи), кој што е спротивен на сите објекти од околината што се во овој фазон (сега прашање е колку е успешен обидот и дали на секого ќе му се допадне, ама тоа е помалку битно)... И меѓу другото, мислам дека кога и оваа улица би ја напраиле само пешачка би било многу добро, има многу добри услови за тоа, а паркирањето на локалците е решливо... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #39 Posted: 13-Aug-2009 at 15:30 |
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #40 Posted: 22-Feb-2010 at 17:21 |
|
|
Post Reply | Page <1234 12> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |