Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#21 Posted: 12-Nov-2008 at 23:37 |
ПК Осломеј
Термоелектраната Осломеј-Кичево со инсталирана
снага од 125 MW е изградена и работи врз база утврдените резерви на
јаглен од наоѓалиштето Осломеј, кој се наоѓа во непосредна близина на
истата. Површинскиот коп Осломеј со годишно производство од 1,2 х 106 тони јаглен и век на експлоатација од 22 години, почна со експлоатација од 1980 година.
Ова лежиште е поделено на два ревира со реката Темница и тоа:
- ПК Осломеј-Исток, целосно е изваден јагленот.
- ПК Осломеј-Запад е во фаза на експлоатација.
Во ПК Осломеј-Запад, во експлоатационото поле се определени следните количини и тоа:
Јаловина | 57.000.000м3 | Јаглен | 13.000000т | Коефициент на откривка | 4,4м3/т |
Со овие количини на јаглен се обезбедува
континуирано работење на ТЕ Осломеј за период од 14-15 години. Во склоп
на ова лежиште се регистрирани потенцијални мали јагленови простори:
Стар рудник и Осломеј – Североисток. Во ПК Осломеј – Запад е регистриран еден јагленов слој со константни моќности од 7-8 метри.
Врз основа гелошките истражувања,
хидрогеолошките услови, положбата и протегањето на јагленовиот слој и
моќноста на откривката е направен изборот на технолошкиот процес за
експлоатација на јагленот и откривката. Моќноста на откривката просечно
изнесува 40 метри и истата се откопува во етажи.
Технолошкиот процес на откопување на јагленот
и откривката се врши комбинирано, т.е. со континуирана и
дисконтинуирана механизација. На откопните етажи се поставени БТО
системите, кои представуваат технолошки целини на багеровање,
транспортирање и одлагање на откривката и јагленот.
Багерите кои се во работа се роторни и
истовремено вршат копање, транспорт и истовар на материјалот.
Транспортните ленти служат за транспорт на материјалот од багерот до
одлагалиштето, односно преку дробиличното построение до рудните греди
на депонијата. Одлагачот претставува завршна конзолна машина, која го
прифаќа материјалот од транспортерите и го депонира во внатрешното
одлагалиште.
Во дисконтинуираната механизација се застапени
багерите дреглајни со кои непосредно се чисти јагленовиот слој со
директно префрлање на материјалот во претходно откопаниот празен
простор.
Откопувањето на јагленовиот слој се врши со два роторни багери SH – 400 во длабински блок чиј теоретски капацитет е 2 х 900м3/ч.
Етажниот транспортер е поставен на кровната од јагленовиот слој.
Работниот багер SH – 400 е во спрега со самоодниот транспортер PVR –
1800. Самоодната лента, со нејзините технички карактеристики овозможува
максимални услови за селективно откопување на јагленот, односно
прослојците од јаловината.
Откопниот јаглен преку јагленовите
транспортери се носи до дробилично построение, односно до рудните греди
на депонијата, а од таму во термоелектраната.
Технолошкиот процес на откопување и одлагање
на јаловината се врши со континуирана и дискунтинуирана рударска
опрема, односно со роторните багери SRs – 400, SRs – 401, ESH – 6/45 и
ESH – 10/70.
Багерите SRs – 400 и SRs – 401 откопуваат во
висински блокови, а материјалот преку етажните транспортери се
транспортира до одлагачите ZP – 2500 и А2Rs – 3500 и се одлага во длабински и висински блок во внатрешното одлагалиште.
Откопувањето (дисконтинуираното) се врши со
багерот ESH – 10/70 со кој директно се откопува јаловината и се префрла
во откопаниот празен простор а во спрег со багерот ESH – 6/45.
Годишниот капацитет на откопан јаглен од рудникот Осломеј – Запад изнесува 1,0 х 106 тони.
|
Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:37
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#22 Posted: 12-Nov-2008 at 23:42 |
ПК Суводол-Подинска јагленова серија (планиран)
Просторот од наоѓалиштето ПЈС се наоѓа во експлоатационото поле на рудникот Суводол и зафаќа површина од околу 3км2 односно 1/3 од вкупната површината зафатена со главниот јагленов слој (10км2).
Подинскиот јагленов комплекс лежи под главниот
продуктивен слој на наоѓалиштето и во него се издвоени 1 – 18 слоеви на
јаглен. Просечната дебелина на јагленовиот слој во ПЈС изнесува 14,97м.
Преку анализа и интерпретрација на досега
изведените истражни работи за истражување на ПЈС, како економски
интересни се издвоени два подинска слоја на јаглен и тоа: I-от подински
слој и II-от подински слој, односно главниот слој од ПЈС.
Првиот подински слој се карактеризира со
релативно мала дебелина од 4,5м и лежи непосредно под Главниот
продуктивен слој, кој е откопан или се откопува и се наоѓа на длабочина
од 2,5 – 35,0м.
Вториот јагленов слој (главниот јагленов слој
од ПЈС) се наоѓа на поголема длабочина од 50-100м, а од првиот слој е
одвоен со серија на прашинети песоци. За разлика од првиот слој овој
има континуирано распространување, со променлива дебелина и во одредени
позиции се раслојува во повеќе слоеви.
Вториот јагленов слој во југоисточниот дел од
наоѓалиштето (Врањевски ревир) е со дебелина од 5,0 – 39,2м и се
спојува со главниот продуктивен слој.
Во текот на 2004 година извршени се детални
геолошки и геотехнички доистражувања и изготвена е техничка
документација при што се добиени потребните параметри за геолошката
градба, инженерско-геолошките и гео-механичките карактеристики со кој
ќе може да се изработи Главен рударски проект за отварање и
експлоатација на ПЈС.
Со овие истражни работи утврдени се следните количини на јаглен:
Геолошки резерви | 55.000.000т. | Експлоатациони резерви | 50.000.000т. | Коефициент на откривка | 1:4,7 (м3/т) |
Технологијата на експлоатација на Подинската
јаленова серија ќе се состои од континуирани БТО системи со користење
на дел од опремата од ПК Суводол по завршувањето на ископот на јагленот
од Главниот продуктивен слој и со еден нов БТО систем.
Транспортот на јаглен кој ќе се откопува од
ПЈС ќе се врши преку сегашниот транспортен систем кој се користи во
рудникот Суводол.
|
Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:42
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#23 Posted: 12-Nov-2008 at 23:43 |
Рудник Живојно (планиран)
Наоѓалиштето Живојно се наоѓа на југоисточниот дел
од Пелагонискиот басен до самата граница на Р.Македонија со Р.Грција на
оддалеченост 35км од Битола или 20км од рудникот Суводол.
Истражувањата се започнати во периодот од 1966
и продолжени се до 1983 година со изработка на Елаборат за рудните
резерви. Прегледот и анализите на податоците добиени со истражувањата
овозможија да се дефинира површина од околу 10 км2 која е
погодна за површинска експлоатација . Во рамките на ова лежиште е
утврден јагленов слој, со средна дебелина од 6,3м и средни длабочини ни
јаловината од 72,10 метри.
Лежиштето е ограничено на север со Црна река ,
на југ со границата со Грција, на исток со источниот дел од
Пелагонискиот басен. Западната граница не е дефинирана поради големата
длабочина на која се наоѓа јагленовиот слој.
Лежиштето поради поголемото растојание од ТЕ
Битола и послабите можности за експлоатација со Површински коп (повисок
коефициент на откривка), е предвидено да се експлоатира во периодот
после завршувањето со експлоатација на другите претходно наброени
рудници.
Геолошките студии за лежиштето потенцираат неколку раседи со правец на движење од север-северозапад кој југ – југоисток.
Вкупните гелошки резерви изнесуваат 105,8
милиони тони, од кои експлоатациони се 65 милини тони, со среден
коефициент на откривка од 12,7м3/т.
Пред да се започне со експлоатација на
лежиштето задолжително ќе биде потребно да се извршат дополнителни
истражни дупчења со кои ќе се пресметаат резервите од А-категорија,
нивната веродостојност како и точната дефинираност на раседите.
Со планираната површинска експлоатација годишно можат да се откопаат 2,3 милиони тони јаглен.
Врз основа на наклонот на јагленовата серија и
длабочината на која се наоѓа, лежиштето ќе биде експлоатирано со
користење на БТО системи. Овие планирани активности и ефекти се користени т.е разработени во Студијата која е изработена од страна на РЕК Колубара.
Доколку површинскиот коп се отвори после
завршувањето со експлоатацијата во рудниците Суводол и Брод-Гнеотино,
БТО системите од овие рудници ќе бидат слободни и на располагање за
отварање на Живојно.
Како што се приближува времето за затворање на
површинските копови Суводол и Брод-Гнеотино, така ќе биде потребно да
се изработи и потребната техничка документација за користење на
опремата од нив и набавка на нова опрема со поголем теоретски капацитет.
Рудникот Живојно ќе има слични експлоатациони
услови како условите за ископ на јаглен во ПК Суводол и затоа тамошната
опрема ќе може да се користи и во Живојно, нормално со претходна
ревитализација на истата. Основни разлики во однос на Суводол ќе биде
трошокот за транспорт на јаглен од Живојно до ТЕ Битола (поради
поголемото растојание од околу 20км.).
Рударскиот Институт Скопје во текот на 2004
година за ова лежиште изработи Физибилити Студија за јамска
експлоатација, со предвиден ископ на 3,0 милиони тони јаглен годишно.
Можноста за јамска експлоатација треба понатаму да се проучува за да се
открие и секој најмал потенцијален ризик пред да се донесе конечната
одлука за ваквиот вид на експлоатација. Овие детални истражувања треба
да се изведат заедно со дополнителните дупчења за јагленот во Живојно,
со цел потврдување на рудните резерви од јаглен и на геолошката
структура, посебно во однос на распространувањето на раседите. Потребните
испитувања за да се потврди оправадноста за јамска експлоатација треба
да се извршат во наредниот период од 20 години.
Можна е комбинирана експлоатација на ова
лежиште со површинско и јамско откопување која треба да се проучи
подетално во времето додека јагленот за ТЕ Битола се обезбедува од
рудниците Суводол – ПЈС и Брод – Гнеотино.
|
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#24 Posted: 12-Nov-2008 at 23:44 |
ПК Поповјани (планиран)
Со цел да се продолжи векот на експлоатација на ТЕ
Осломеј, односно нејзиното постабилно обезбедување со јаглен, односно
искористувањето на набавената и ревитализираната рударска опрема,
потребно е максимално да се искористат расположивите резерви на јаглен
во близината на Осломеј.
Како потенцијално можно лежиште за обезбедување на јаглен е наоѓалиштето “Поповјани”.
Просторот на наоѓалиштето “Поповјани” се наоѓа
северно од ТЕ Осломеј на оддалеченост од околу 3км и го зафаќа крајниот
северен рабен дел на Кичевскиот басен.
Досега е истражувано во две фази со истражни
дупнатини кои имале единствено структурен карактер. Истите не се
користени за дефинирање на хидрогеолошките и геомеханичките
карактеристики на седиментационата средина.
Со оглед на степенот на истраженост на ова
наоѓалиште и потребите од обезбедување на сигурна суровинска база за ТЕ
Осломеј, потребно е да се извршат комплексни, дополнителни истражни
работи чија цел би била, дефинирање на залагањето на јагленовиот
хоризонт, неговата дебелина, резервите и квалитетот ни јагленот,
хидрогеолошките и инжинерско-геолошките карактеристики, кои ќе послужат
за изработка на потребната инвестициона и техничка документација.
За таа цел е изработен Проект со кој се
дефинирани потребите од истражните и испитателните работи, по обем,
вид, локација и начин на изведување (спецификација).
Со изведбата на планираните теренски и
лабораториски работи ќе се обезбедат податоци кои ќе послужат за
изработка на следната документација:
- Елаборат за класификација и категоризација на рудните резерви;
- Елаборат за инжинерско-геолошките и хидрогелошките истражувања и испитувања;
- Елаборатот од геомеханичките истражувања и испитувања.
Овие Елаборати ќе преставуваат основа за
проектирање на натамошни рударски работи и изработка на Главен рударски
проект за отварање и експлоатација на идниот ПК Поповјани.
Пресметката на геолошките резерви на јаглен е
направена уште со изработката на Елаборатот за рудни резерви во
Кичевскиот басен од 1968 година и за наоѓалиштето Поповјани се
потврдени и заверени вкупно 11.424.000т. Процентуалната застапеност на
поедини категории не ја одразува вистинската состојба на степенот на
истраженост на наоѓалиштето. Поради тоа е потребно извршување на нови
дополнителни комплексни истражни работи.
Со можното отварање и експлоатација на ова
јагленово наоѓалиште ќе се обезбеди јаглен за работа на ТЕ Осломеј за
период подолг од 10 години. Откопувањето на откривката и јагленот од
ова наоѓалиште ќе се извршува со истата технологија и опрема со која
моментално се работи во ПК Осломеј – Запад.
|
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#25 Posted: 12-Nov-2008 at 23:46 |
ПК Брод-Гнеотино (во изградба)
Во јагленовото наоѓалиште Брод-Гнеотино во текот на
2000 – 2001 година извршени се детални гелошки истражни и испитателни
работи и изработен е Елаборат за рудните резерви. Утврдени се вкупни
геолошки резерви од 108 милиони тони јаглен.
Со разработените рударско-технолошки анализи и
дефинираните основни параметри на идниот површински коп, а согласно
можната динамика на експлоатација, во експлоатационото поле се
ограничени вкупно 32 милиона тона јаглен. Од овие количини може да се
обезбедат по 2 милиони тони јаглен годишно. Со ова производството ќе се
обезбедува гориво за работа на еден блок на ТЕ Битола за наредните 16
години.
Со оглед на тоа што квалитетот на јагленот на
ова лежиште е понеповолен од јагленот на ПК Суводлол, неопходно е што
побрзо да се отвори ПК Брод-Гнеотино, со што ќе се овозможи заедничка
паралелна експлоатација со преостанатиот дел на ПК Суводол, односно
покасно со ПЈС.
Инаку, наоѓалиштето Брод-Гнеотино се наоѓа на
околу 10 км јужно од ПК Суводол, односно помеѓу селата Гнеотино и Долно
Егри на запад и реката Црна на југ. На југозапад се наоѓа селото Брод.
Наоѓалиштето Брод -Гнеотино од аспект на
геолошката градба ги носи сите карактеристики специфични за
наоѓалиштата Суводол и Живојно.
Бројот на јагленовите слоеви е констатиран со
изведените истражни дупнатини и се утврдени од 1 – 8 со карактеристично
раслојување. Раслојувањето настапува кон источниот рабен дел каде што
јагленовите слоеви исклинуваат. Дебелината на поединечните јагленови
слоеви по своето протегање по хоризонгален и вертикален правец се
движат од 0,5 до 7,5 метри.
Во ограничениот простор за експлоатација на
јагленот се пресметани дебелините на јагленовите слоеви кои ќе се
експлоатираат, просечната дебелина на откривката до кровината на првиот
слој, како и меѓуслојната јаловина до кровината на вториот, третиот и
четвртиот слој на јаглен. Добиени се следните вредности:
- просечна дебелина на првиот јагленов слој изнесува 3,81м, на вториот 3,37м, на третиот 2,95м. и на четвртиот 1,63м.
- просечната
дебелина на откривката до кровината на првиот слој изнесува 49,85м., на
првата меѓуслојна јаловина 10,32м, на втората 6,81м и на третата
меѓуслојна јаловина 4,42м.
- просечна дебелина на збирот на јагленовите слоеви изнесува 9,48м.
Пресметката на експлоатационите резерви на јаглен
и количината на откривка, е направена со метода на паралелни профили,
со дефинираните граници и соодветните агли на завршните косини на
идниот површински коп. Врз основа на комплексно извршената анализа
на расположивата геолошка документација, усвоените рударско-технолошки
параметри на копот и можната опрема, а имајќи го во предвид искуството
од досегашната експлоатација на ПК Суводол, извршена е вертикалната
распределба на масите откривки и јаглен.
Во почетната фаза на отварањето и развојот на
копот (првите 5-10 години) моќноста на основната откривка е од 50-80
метри за која ќе се ангажират 2 БТО системи (еден стар и еден нов) и
еден јагленов систем. Стариот БТО систем ќе биде донесен од рудникот
Суводол.
После овој период доаѓа до значително
зголемување на откривката од преку 50-80м., дури и до 100 метри поради
што е потребно вклучување на уште еден БТО систем.
Експлоатацијата на откривката, јагленовите
слоеви и меѓуслојните јаловини ќе се врши со селективна технологија со
роторни багери во спрег со багерите дреглајни и користење на разделни
станици кои ќе служат за преунасочување на јагленот, односно јаловината.
Транспортот на јаглен од ПК Брод – Гнеотино до
предајното место Р.Суводол ќе се врши со систем на транспортни ленти во
должина од околу 11 км. Транспортниот систем е димензиониран со цел
евентуално да го прими и јагленот од рудникот Живојно, доколку истиот
се стави во функција на експлоатација.
Векот на експлоатација на ПК Брод – Гнеотино
изнесува 20 години: 3 години фаза на отварање + 17 години експлоатација
на јагленот.
Постои можност да се прошири експлоатационото
поле во правец на север, со што векот на експлоатацијата на јагленот ќе
се зголеми за уште 3-4 години.
Во првата фаза на отварање и развој на
површинскиот коп, т.е во периодот од околу 5 години, одлагањето на
јаловината ќе се врши на надворешно одлагалиште. После овој период
одлагањето ќе премине во внатрешниот откопан простор со правец на
напредување југ-север.
Отварањето на Брод-Гнеотино започна со поставувањето на камен темелникот во август 2004 година.
Во тек е изработка на усек на отварање на
површинскиот коп, Главен рударски проект за експлоатација, набавка на
еден нов јаловински БТО систем, изградба на далновод од РЕК Битола до
ПК Брод-Гнеотино, изградба на трафостаница ТС 110/6 кv и други
инфраструктурни објекти.
|
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#26 Posted: 12-Nov-2008 at 23:50 |
Хронолошки приказ
Растежот на ЕЛЕМ е нераскинливо
поврзан со развојот на производството на електрична енергија во
Македонија. Иако ЕЛЕМ е основанa како независна компанија во 2005
година, нејзиното работење и нејзините производствени капацитети
датираат уште од почетокот на 20-тиот век, во 1909 година, кога
засветува првата светилка во Скопје.
Како што е дадено во продолжение, сликата за
развојот на производството на електрична енергија до 2005 година, во
рамките на Електростопанство на Македонија е една. Оттогаш па се до
денес, фокусот на менаџерскиот тим на ЕЛЕМ е понатамошен развој на
компанијата.
|
1909 | Со
примена на технологијата на еднонасочна струја, засветува првата
светилка во Скопје. Малата дизел електрична централа која го овозможила
тоа имала еден агрегат од 44 kW, со напон од 220 до 240 V и служела за
напојување на една пумпна станица за градскиот водовод, за осветлување
на зградата на Општината, за една улица и за конакот на турскиот валија. | 1909 - 1924 | Во
главниот град пуштени се во погон уште неколку помоќни агрегати, а
снабдување со електрична енергија добиваат и некои други градови како
Тетово, Битола, Велес, Куманово, Прилеп... | 1924 - 1940 | Позначајни
објекти изградени во овој период се ХЕ Пена во Тетово (1.760 kW),
пуштена во погон во 1927 година, ТЕ Дизел во Скопје (1.000 kW) пуштена
во погон во 1933 година, ХЕ Матка во Скопје (4.160 kW) пуштена во погон
во 1938 година, како и ТЕ Пробиштип (1.280 kW) пуштена во погон во 1940
година. | 1945 - 1955 | По
завршувањето на Втората Светска војна и конституирањето на НР
Македонија како составен дел од некогашната Југословенска Федерација,
почнува втората развојна фаза во електростопанството. Основано е
електроенергетско претпријатие, кое практично го означува почетокот на
Електростопанство на Македонија чиј континуитет, преку различни
организациони форми, е одржан до денешен ден. Хронолошки, реализацијата
започнува со пуштањето во погон на двата агрегати во ТЕ Маџари, а потоа
секоја година се става во функција на електроенергетскиот систем по
една мала хидроелектрана: Зрновци, Песочани, Сапунчица, Дошница. | 1955 - 1970 | Во
1957 и 1958 во ХЕ Вруток се пуштени два агрегати со моќност од по 37,5
MW, а една година подоцна пуштени се во погон и ХЕ Равен (12,8 MW) и ХЕ
Врбен (12,8 MW), со што се оформи првата фаза од изградбата на
Мавровскиот хидроенергетски систем. Во овој период се започнати и
активности за искористување на хидропотенцијалот на Црнодримскиот слив,
така што последователно во 1965 година е пуштена во погон ХЕ Глобочица
(42 MW), а во 1969 и ХЕ Шпилје (70,2 MW). Во тоа време пуштени се во
погон и две други хидроелектрани - ХЕ Тиквеш (два агрегати од по 46 MW)
во 1968 година, а во 1970 и ХЕ Калиманци (12,8 MW). | 1970 - 1990 | Оформувањето
во современ електроенергетски систем македонското електростопанство го
започнува некаде во почетокот на осмата деценија од претходниот век и
тој процес трае до денес. Кон крајот на 70-тите години изградени се и
термоелектраните, и тоа: ТЕ Неготино во 1978 година; две години подоцна
РЕК Осломеј, како и сукцесивно трите термо блока во РЕК Битола, каде
изградбата на последниот блок завршува во 1988 година. | 1990 - . . . | Во овој период се реализира изградбата на браната на ХЕ Козјак (80,5 MW) која е пуштена во погон во 2004 година.
Во јуни 2005 година, формирано е Акционерското
Друштво Електрани на Македонија АД ЕЛЕМ, компанија за производство на
електрична енергија, како резултат на трансформацијата на
Електростопанство на Македонија. |
|
Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:52
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#27 Posted: 12-Nov-2008 at 23:54 |
Обновливи извори
Влијанието врз животната околина станува
неизбежен фактор при изготвувањето на стратегиите за енергетски развој
насекаде во светот. За таа цел се поголемо внимание се посветува на
зголеменото искористување на обновливите извори на електрична енергија,
како во светот така и во Република Македонија, која во својот процес на
приближување кон ЕУ, постепено ги усвојува и Директивите на ЕУ во однос
на заштита на околината и обновливите извори на електрична енергија.
ЕЛЕМ, како современа компанија за производство
на електрична енергија, е посветена на бизнисот со обновливи извори и
продолжува со истражување на можностите за придонесување во одржлив
енергетски развој. Во овој правец, главни стратешки предизвици на
компанијата во рационалното користење на енергетските ресурси и
развојот на обновливите извори се: - да ја спроведе
енергетската политика, особено преку порационално искористување на
енергетските ресурси и развојот на обновливите извори на електрична
енергија;
да промовира истражување и технолошки развој во делот на производство на електрична енергија; да обезбеди намалување на емисијата на CO2 - еден од главните општествени стремежи; да
го зголеми уделот на обновливите извори на електрична енергија во
енергетскиот биланс, со што се стимулира одржливиот развој.
|
Одлуката за вклучување на енергијата на ветрот како
дел од портфолиото на ЕЛЕМ е донесена во јуни 2004 година, кога
Секторот за развој и инвестиции објави Јавен повик за изработка на Прелиминарен Атлас на ветровите за Република Македонија.
Атласот го изработи американската компанија AWS
Truewind LLC, користејќи го MesoMap system, нумерички модел за
временска прогноза. Основна цел беше да се идентификуваат, селектираат
и изберат регионите и локациите кои поседуваат доволен енергетски
потенцијал каде ќе се продолжи со понатамошни едногодишни мерења на
параметрите на ветрот, со поставување на мерни станици.
Врз основа на резултатите од Атласот, во тек е реализација на Мониторинг Програма на
потенцијалот на ветрот во Република Македонија, која се реализира од
страна на норвешката компанија NTE, а во рамките на Грант од Норвешката
Влада.
Програмата ќе се одвива во неколку фази. Во првата
фаза ќе бидат опфатени 4 локации, на кои ќе се инсталираат мерни
станици. Мерењата и прибирањето на податоците за параметрите на ветрот
ќе траат најмалку една година, за потоа истите да продолжат на наредна
група локации. |
Матерјалите околу енергетските капацитети се превземени од www.elem.com.mk
Edited by lslcrew - 12-Nov-2008 at 23:56
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#28 Posted: 10-Jan-2010 at 01:20 |
ТЕ Битола
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#29 Posted: 10-Jan-2010 at 01:34 |
Иако мислам дека е очигледно, сепак да напоменам дека едната разладна кула е ужасно деформирана. Колку што знам се случило нешто при изградбата па се направила онаква изобличена, но сепак е безбедна и ете стои 30 години
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#30 Posted: 10-Jan-2010 at 01:38 |
Да ептен боде очи... јас имам слушнато дека ја збркале работата изведувачите
|
|
Zelenikovo
Senior Member
Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
|
Quote Reply
#31 Posted: 20-Jul-2018 at 22:34 |
абе Гитар битолчанец а не си разбрал, како тоа еве од трета рака абер, требало оплатата да ја извадат по 10 а ја извадиле кузнај зошто по 7 дена од наливањето на бетонот, та и се појавил мевот, ова е само убав доказ колку и за вакви озбилни ем крупни проекти не се водело особено сметка, а што е пак убав пример во однос другите политики на титоистите и локалните и централните, но да не кршам клечки, низ цела екс-ју има слични недоносености не дека дека ние сме исклучок, еден поинтересен за око иако нени за психа е тоа мртвите столбови од траса за далековод од Дрниш кон Шибеник а кои ги утнал инжинерот во пресметките а велат после што од зорт заминал од овој свет, што сметам е погрешно бидејќи требало да има и ревиденти на проектот но и надзор при изведба, та и одговорноста да не може да падне во никој случај на еден одговорен во вакви случаи!
|
|
Џоле
Moderator Group
Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
|
Quote Reply
#32 Posted: 28-May-2020 at 15:25 |
|
За сè има вторпат
|
|
user8642
Senior Member
Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
|
Quote Reply
#33 Posted: 28-May-2020 at 15:37 |
Значи сепак не било тешко и цел далековод да се реконструира, ама да се помести една бандера во Скопје било тешко. Ало МЕПСО??
Секако поздрав за оваа реконструкција.
|
|