![]() |
![]() |
![]() |
Нов град кај Свети Николе |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123> |
Author | |||||
La Linea ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
![]() ![]() |
||||
Нов, модерен град или? |
|||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||||
![]() |
|||||
Б.Ѓ.Т ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 311 |
![]() ![]() |
||||
За новиов град знам дека се води спор за денационализација,прошлата година може ова време беше околу април,мај земаа да фрлаат лопата ама беше стопирано.Е сеа кога ке се реши се тоа и дали ќе продолжат после со градба не се знае
![]() |
|||||
![]() |
|||||
GreatMakedon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2007 Online Status: Offline Posts: 186 |
![]() ![]() |
||||
La Linea da, pred 12-15 godini imase inicijativi za gradenje na celosno nov grad odma do lokalitetot Stobi, no od togas nisto ne sum slusnal za toa, najverojatmo bil samo uste eden son kako ovoj za noviot grad do sveti nikole
![]() |
|||||
![]() |
|||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||
Идеи никогаш не им секнуваат...
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115783 |
|||||
![]() |
|||||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||||
Еве ја локацијата на с.Малино http://www.google.com/mapmaker?ll=41.945575,21.84185&spn=0.09129,0.163422&t=h&z=13 Е, сеа, тоа што мене ме интересира е: кој будала може да ги помеша Сончев Град со овој проект...? Сончев Град нели беше планиран кај с.Сопиште? Втората работа што би ја истакнал како битна е: ако воопшто се прави автопат од Скопје до Свети Николе, селово се наоѓа точно на автопатот, бидејќи тука е најлесно да се пробие меѓу двете планини (двата рида, сеедно). Ако навистина се изгради, може да биде своевидно срце на некој евентуален метрополис составен од Скопје, Куманово, Свети Николе, Штип... па зошто не и Велес? Не ме сфаќајте погрешно, не се залетувам, чисто напомеувам дека географски е во средина. |
|||||
![]() |
|||||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||||
Ах, да... за името на градот... ајде да го дадеме името на државата, па ќе си направиме град со име Македонија. Република Скопје со главен град Македонија!
![]() Edited by alexgizh - 03-Nov-2009 at 13:40 |
|||||
![]() |
|||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||
И мене ме изненади ова со мешањето проекти. И граќаните, а пред се новибнарите се оние кои се најповикани да пазат да не ствараат масовна конфузност меѓу луѓето. И не треба повеќе, доволно е два слични проекта да се најават и одма ќе почнат да мешаат елементи од двата.
А ова со името на градот, воопшто не е битно ниту дали ќе се викал Македонија или не, или некако другше. И во Бразил има Бразилија, во Мексиско е Мексико Сити. Најмалку е сега тоа битно, и дај немојте д ја насочите дискусијата у таа насока и да се фаќаме сега за глупости. На нероден Петко, капа му кројат. |
|||||
![]() |
|||||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||||
Па не ми беше намерата да влеземе во дискусија за името (кое бај д веј е И ТОА КАКО битно, лсл), намерата ми беше да го изругам новинарот кој прави според мене 2 огромни гафови во еден текст.
|
|||||
![]() |
|||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||
Јас мислам дека Велес, Куманово и Тетово на пример се и онака дел од таа метрополитан зона за која говориш. Еве овој нов град ќе бил на 30км раздалечина, овие постоечкиве се на 40-50км. Не е некоја суштинска разлика а оваа зона која сега ја имаме е далеку од функционална. Не гледам што нов град би променил тука. Но џабе е целиов муабет, раскрсницата кај Тутунски комбинат се прави веќе 6 месеци, овдека зборуваме за нов град... Јалов муабет. Edited by pbanks - 03-Nov-2009 at 14:10 |
|||||
![]() |
|||||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||||
Метрополитан зона не смее да има ниви и планини меѓу поедините членови, така што, не е баш формирана моментално. Но во смисла на работна сила, дневна миграција, точно.
Сосема се согласувам. |
|||||
![]() |
|||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||
![]() Можеби низ некоја формална дефиниција за метрополитан зона си во право но во пракса има многу метрополитан зони во светот кои имаат големи физички бариери помеѓу метрополитан единиците, од прва ми текнува на Рио и Сиетл а има и низа други. Сосема е доволно овие делници од по 40км меѓу Скопје и Велес, Тетово и Куманово да се пополнат со индустрија и комерција и ете ја и зоната по дефиниција. Ова е особено реално кон Тетово бидејќи население има скоро континуирано покрај патот. Но и кон Куманово каде Скопје преку Бунарџик и ОКТА веќе би се раздолжило завидно. Кај Велес е малку друга приказна. Сепак сметам дека дневната миграција, дистрибуцијата на работна сила и сличните параметри се она што прават еден регион метрополитан зона. Во случајов оваа квази зона која сега функционира е поради централизираноста на економијата во Скопје, миграцијата на луѓе кои доаѓаат бидејќи нема работа во нивните градови и сл. Кога би функционирало ова во вистинска смисла на зборот, мислам дека би требало и луѓе од Скопје да работат да речеме во Велес, фирми од Скопје да прават експозитури во околните градови поради помали трошоци, луѓе од Скопје да излегуваат и да живеат да речеме покрај Велешкото езеро а да работат во Скопје, многу интензивна дневна комуникација и организација на метрополитан јавен превоз (фреквентни возови и автобуси) итн итн. Во моментов сме далеку од тоа. Edited by pbanks - 03-Nov-2009 at 14:34 |
|||||
![]() |
|||||
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
||||
Абе нов град - сето тоа убаво звучи, и ДА УБАВО ЗВУЧИ.
Ајјјјјјјјјјјј сеа во реалност. Македонија - земја - сиромаштија колку сакаш. Овчеполието - и население кое не е во пораст и регион сиромашен поприлично они (властите), ќе праеле нов град ? А кој ќе го насели ? или ќе стои онака за подобри времиња? Мој предлог. Нека изградат кракот М-3 Петровец - Свети Николе - Штип и со тек на време нека го развијат веќе постоечко градче Свети Николе. Тек после нека мислат и нека се занесуват за "нови градови". |
|||||
![]() |
|||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||
Мене ич не ми е јасно како планираат туку така нов град. Не е тоа на ON-OFF па ти текне од утре. Мора да има некоја одскочна даска, а Свети Николе е одлично за тоа. Немора баш сегашниот центар на Свети Николе да биде и центар на Новиот град, малку ексцентрично ќе се постави новиот, а свети Николе може да му дојде како "стар-град" на новиот, на неколку километри од центарот.
|
|||||
![]() |
|||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||
|
|||||
![]() |
|||||
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
||||
Нов град ќе никне на 20 минути од Скопје
Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, за „Нова Македонија“ ексклузивно открива дека на рутата на новиот автопат Скопје - Штип, кој наскоро ќе почне да се гради, веќе има локација за нов модерен град на површина од 406 хектари. Во проектот во кој е вклучена и Владата се планира елитна населба на 600 метри надморска висина, во шума, која ќе биде на 20-минутна оддалеченост од Скопје и ќе биде магнет за многу скопјани да живеат во еколошка и чиста средина Педесет години по катастрофалниот земјотрес, на Скопје, кое прерасна во мегалополис, му треба да здивне. Политиката на масовна миграција село - град ја пренатрупа со урбан простор и станбени згради метрополата, па современиот начин на спокоен живот на периферија, а сепак блиску до градот, сѐ повеќе се наметнува. Со најавата на новата модерна сообраќајница Скопје - Штип преку Свети Николе на комплетно нова траса, преку Миладиновци, може да се реализираат две дамнешни желби на урбанистите. Скопје да добие алтернативна „спална соба“, сателит-град, модерна урбана населба на дваесетина минути оддалечена од главниот град, која ќе нуди мирен семеен живот во уреден простор, а во исто време цела источна Македонија да се поврзе со главниот град. „Да, да, токму така, овој нов пат што ќе нѐ поврзе со метрополата, но кој ќе биде и најкуса и најбрза патна врска и на Скопје со источниот дел од Македонија, веќе 70 години го посакуваме и го чекаме да се реализира. В година се полнат седум децении од ослободувањето на Македонија од фашистичкиот окупатор во 1944-та и обновата и изградбата на државата потоа, од кога во желбите, надежите и соништата на луѓето од овие краишта е модерна сообраќајна комуникација со главниот град“. Ова се само некои од коментарите на луѓето во источните региони на државава по најновите информации конечно да се реализира толку посакуваната модерна патна сообраќајница што ќе ги поврзува Скопје и Штип, преку Миладиновци и Свети Николе. Токму од тие причини и ги посетивме првите луѓе, градоначалниците на двете општини, да ги слушнеме нивните очекувања, планови и замисли со изградбата на новиот автопат. Децениски копнежи - Дури 550.000 километри изминав за последните 10 години на релацијата Штип -Скопје, и обратно, како директор на Бирото за лекови - вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип, до пред последните локални избори „на привремена работа во главниот град“. Автопатот е придобивка за цела источна и југоисточна Македонија, прв автопат во овој дел на државата, кој ќе го скрати патувањето до Скопје на половина час и ќе донесе огромни заштеди и за фирмите и за граѓаните, ќе овозможи безбедно патување, но и шанса за економски развој и преродба на овој регион. Бидејќи источна и југоисточна Македонија се земјоделски краишта, транспортот ќе биде побрз кон Скопје, но и понатаму кон Србија. А во овој дел на државата навистина е запоставена инфраструктурата, велат нашите соговорници. - Автопатот Миладиновци - Штип не е придобивка само за Штип туку и за Радовиш, Струмица, Ново Село, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Виница, Берово, Пехчево, Македонска Каменица... И за цела источна Македонија. Треба да сме среќни што по три години ние и нашите деца во иднина ќе возиме по еден таков модерен автопат, преку кој до аеродромот „Александар Велики“ ќе патуваме за помалку од 20 минути. А луѓето што работат во Скопје, но и тие што се ангажирани во Штип, нема потреба повеќе да земаат станови во едниот или во другиот град. И тоа е голема придобивка - вели Захариев. Според него, едноставно сите патишта следните четири години ќе водат кон Штип, градот на модата, во кој генерации го чекаа овој пат. И еве го добиваме, и тој ќе овозможи Штип да се прероди, а ние имаме страшна енергија тоа да го направиме, вели тој. Слична, ако не и уште посилна возбуда во врска со новиот автопат владее и во Свети Николе, кое е второто по големина населено место на неговата траса. - Оваа инвестиција е од есенцијално значење, која ќе нѐ врати на вистинскиот колосек и ќе ни овозможи пристап до главниот град. Комуникациски во иднина ќе бидеме едно од местата до кои најбрзо ќе се стигнува до Скопје. Многу светиниколци ќе можат да ја најдат својата среќа во главниот град. Но, и обратно, бизнисмените од Скопје, а и странските инвеститори, ќе можат да си најдат свое место во Свети Николе - вели Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе. Нов модерен град Тој првпат открива дека покрај Свети Николе ќе никне нова урбана населба, атрактивна за оние што сега живеат, работат или секој ден патуваат до главниот град. - Патот ќе биде многу добар поттик за сите бизнисмени да дојдат. За таа цел првпат ќе откријам за вашиот весник дека почнавме и со изработка на нов генерален урбанистички план на градот, а ги менуваме и многуте детални урбанистички планови - набројува Тасев, кој во своето пријатно изненадување за нас ја нуди информацијата дека на рутата на автопатот веќе има локација за нов модерен град на површина од 406 хектари, проект во кој, вели, е вклучена и Владата. Во овие рамки се планира да се почне со изградба на современа населба, на идеални 550-600 метри надморска висина, во шума, до делот на атарот на селото Малино. - Тука планираме да правиме една елитна населба, која е еднакво оддалечена и од Свети Николе и од Скопје. Плански локации за винарници со типски и плански објекти и инфраструктура. Почнавме со подготовки да направиме 3Д-анимација, со сите елементи и веруваме дека тоа ќе биде магнет за многу скопјани, во една еколошка и чиста средина. Оттука луѓето за 20 минути ќе се најдат во главниот град, а ќе живеат во една еколошки чиста и мирна природа - истакнува Тасев, кој вели и дека близу Свети Николе ќе биде и идниот карго-аеродром, па треба да се размислува и за локации за центри за пакување и за преработувачки центри околу него. Новиот автопат е придобивка за цела источна и југоисточна Македонија Тој најавува и шведска иницијатива за фабрика за цврст отпад за производство на електрична енергија и преостанати продукти од отпадот. А со изградбата на автопатот, вели, ќе се качат цените на недвижнините во овој крај, во кој се реализираат и други патни делници, како патот Свети Николе - Пробиштип, при што со поврзување на селата Мечкуевци и Куково со асфалтен пат во должина од пет километри се скратува на пола сегашната предолга патна комуникација од дури 67 километри. Да се спојат Штип и Свети Николе Идниот, долгоочекуван автопат веќе побудува и други иницијативи, кои најавуваат и потреба од посеопфатен пристап, до кој сигурно е ќе мора да се дојде и низ стручна расправа. А тоа е идејата дека Штип и Свети Николе треба да бидат еден град и време е да почне да се размислува за реална регионализација, односно за реално окрупнување на градовите според современите светски стандарди. Ваквата идеја ја пласира и умешно ја елаборира и брани Јордан Ѓорчев, поранешен градоначалник и актуелен директор на меѓународниот славјански институт „Гаврило Романовиќ Державин“ во Свети Николе. Ѓорчев во својата авангардна визија Штип и Свети Николе ги гледа како една единствена урбана целина. - Според сите постојни елементи тие тоа и се - вели нашиот соговорник, кој истакнува и дека меѓу двете општини е најавена изградба на карго-аеродром, а двата града се споени и со комплетна патна и железничка инфраструктура, која минува низ рамен терен. Кон ваква можност водат и активностите на Владата за изградба на модерен автопат од Скопје преку Миладиновци и Свети Николе до Штип, каде што веќе се гради и индустриската зона, на која во иднина ќе ѝ требаат над 10.000 работници. Двата града се оддалечени само 25 километри еден од друг и ги имаат сите просторни можности да се спојат, зашто меѓу нив стои на располагање терен рамен како тепсија. - Оттаму, природно му доаѓа регионалниот центар да се шири кон Свети Николе, а овој град, пак, кон Штип. Двете општини имаат близу 80.000 жители, а на заедничкиот простор ќе постои еден град со над сто илјади жители, со можност покрај станбени населби, да се градат и поголеми концертни сали, стадион, хотели, паркови, аквапарк, спортски центар со сите содржини. Сегашната практика, секој град на оддалеченост од само 25 километри да гради сѐ во својот атар е ирационална - појаснува Ѓорчев, за кого ова е шанса и можност овој простор лесно да стане јадро на една урбанистичка целина. По патот преку Миладиновци до Свети Николе и новиот град ќе се стигнува и за нецели триесетина минути, а до Штип за десетина минути повеќе. Од друга страна, Скопје станува пренаселена метропола, но, како што веќе се изјаснија футуролозите, поради инфраструктурните и други ограничувања без можност да биде милионски град. Идејата за градовите-сателити е луѓето да можат да живеат во нив, а преку брзи патни комуникации да одат на работа во големи, но блиски градови, смета идејниот автор на оваа замисла, кој се залага урбанистите и планерите, како и локалните власти на двата града, но и централната власт во државата, да му посветат внимание на ова решение. Притоа заеднички ќе се согледаат сите негови добри и лоши страни за да се избегнат непотребните трошоци, а сепак да се постигнат квалитетна реализација и максимално добра и ефективна урбанистичка целина, за која токму новиот автопат ќе биде нејзина сообраќајна, комуникациска оска. Оваа футуристичка идеја, за која вреди и ќе мора да се размислува, на некој начин ја дополнува и штипскиот градоначалник. - Штип, Карбинци, Свети Николе и Пробиштип се еден квадрат на градови, кои мора да бидат поврзани структурно со добра патна и друга сообраќајна инфраструктура. Имаат и заеднички водовод, хидросистемот Злетовица, доста се компатибилни во економијата и земјоделството и можеме само да се надополнуваме - нагласува Захариев. Автопат со шест ленти Новиот автопат, чија вкупна должина на делницата Миладиновци - Свети Николе -Штип е 47 километри, ќе има шест ленти и по него ќе може да се вози со брзина од 120 километри на час. Веќе е подготвена комплетна ревидирана проектна документација за изградба на автопатот, кој е поделен на две делници, првата: Миладиновци - Свети Николе во должина од 26 километри, која ќе се изведува на комплетно нова траса во две коловозни ленти, и втората: Свети Николе - Штип, со должина од 21 километар, на која ќе се изведува еден комплетно нов коловоз, а постојниот ќе се реконструира и проширува на профил за автопат. На трасата на новиот автопат Штип - Миладиновци веќе е почната постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно и за експропријација на приватните имоти во општините Свети Николе и Штип, а оваа подготвителна активност е веќе силна потврда за нивните жители дека оваа долго посакувана сообраќајница конечно ќе стане стварност. Штип го менува ликот - Тука е индустриската ТИРЗ-зона, која е најголема во државата, тука е „Џонсон контролс“ и ние со новиот пат ќе дадеме максимална логистика и ќе бидеме целосно во функција на таквите инвеститори. За таа цел во меѓувреме и го средуваме градот, како и главните пристапни патишта и внатрешните улици, а и целиот град го менува својот лик. Очекуваме наскоро да почне и гасификацијата кон Неготино, што минува крај Штип, па и тоа е наша придобивка. Впрочем, како и главниот далновод кон Бугарија, кој исто така е во Штип, а и „Лукоил“ ја има својата база во Штип, што значи имаме и солидна енергетска основа. Од ЈП за државни патишта сме известени дека наскоро ќе почне ревитализација на патот Кадрифаково - Велес, што е уште една добра врска со централна Македонија, а исто и патот Радовиш - Штип, што значи целосно поврзување со најмодерни сообраќајници. И, не само тоа! Штип е и универзитетски град со 15.000 студенти, кои сега побрзо ќе пристигнуваат до градот - истакнува градоначалникот Илчо Захариев. Економска преродба за Свети Николе Зоран Тасев Градоначалникот на Свети Николе, Тасев, смета дека новиот пат дефинитивно ќе го смени ликот на општината, а и нејзиниот развој ќе оди многу побрзо и подинамично. Сега од сообраќаен аспект сме еден вид слепо црево - железничката станица ни е на девет километри од градот, а секој што патува за Велес и Скопје или преку Куманово го одминува Свети Николе. Воопшто не сме добро поврзани и со околните места и од тие причини и немаме автобуски патнички линии. Ќе се отвори за изградба на приватни објекти. Рутата на автопатот минува крај идниот карго-аеродром, а тука ние имаме чисти 63 хектари слободна површина, од кои планираме да направиме економска зона. Ги почнавме подготовките и веќе досега сме продале 27 хектари, на пример, на холандски инвеститор за изградба на една од најголемите печуркари во југоисточна Македонија, а друга холандска фирма гради оранжерии - нагласува Тасев. Италијанската компанија „Зара цереале“, која се занимава со производство на земјоделски производи и сточна храна, наскоро ќе реализира своја инвестиција во општината Свети Николе од најмалку три милиони евра, како почетен капитал. Италијанците веќе закупиле 8.000 квадратни метри покриен простор за инсталирање на машините, со кои ќе се изработуваат сточните пелети во поранешните магацини на „Макпромет“, или некогашен „Магро“, а сакаат да закупат и три-пет хектари земјиште во светиниколскиот регион за своите откупни и производствени фабрички капацитети. А во овој индустриски дел во градот тука се и МИК, „Агрија“, бившата „Овчеполка“... Извор: Нова Македонија Edited by mackomk - 26-Jul-2013 at 13:47 |
|||||
![]() |
|||||
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
||||
![]() Имам некое лошо чувство дека на патоказите кон Штип на идниот автопат ќе стои "Stip" наместо "Shtip" ![]() Edited by Macedonicus - 26-Jul-2013 at 14:57 |
|||||
ಠ_ಠ
|
|||||
![]() |
|||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||
Ќе се гради нов град на 20 минути од СкопјеГрадоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, за „Нова Македонија“ открива дека на рутата на новиот автопат Скопје – Штип, кој наскоро ќе почне да се гради, веќе има локација за нов модерен град на површина од 406 хектари. Во проектот во кој е вклучена и Владата се планира елитна населба на 600 метри надморска висина, во шума, која ќе биде на 20-минутна оддалеченост од Скопје и ќе биде магнет за многу скопјани да живеат во еколошка и чиста средина Со најавата на новата модерна сообраќајница Скопје – Штип преку Свети Николе на комплетно нова траса, преку Миладиновци, може да се реализираат две дамнешни желби на урбанистите. Скопје да добие алтернативна „спална соба“, сателит-град, модерна урбана населба на дваесетина минути оддалечена од главниот град, која ќе нуди мирен семеен живот во уреден простор, а во исто време цела источна Македонија да се поврзе со главниот град. Тасев открива дека покрај Свети Николе ќе никне нова урбана населба, атрактивна за оние што сега живеат, работат или секој ден патуваат до главниот град. - Патот ќе биде многу добар поттик за сите бизнисмени да дојдат. Почнавме и со изработка на нов генерален урбанистички план на градот, а ги менуваме и многуте детални урбанистички планови – набројува Тасеви вели дека рутата на автопатот веќе има локација за нов модерен град на површина од 406 хектари, проект во кој, вели, е вклучена и Владата. Во овие рамки се планира да се почне со изградба на современа населба, на идеални 550-600 метри надморска висина, во шума, до делот на атарот на селото Малино. - Тука планираме да правиме една елитна населба, која е еднакво оддалечена и од Свети Николе и од Скопје. Плански локации за винарници со типски и плански објекти и инфраструктура. Почнавме со подготовки да направиме 3Д-анимација, со сите елементи и веруваме дека тоа ќе биде магнет за многу скопјани, во една еколошка и чиста средина. Оттука луѓето за 20 минути ќе се најдат во главниот град, а ќе живеат во една еколошки чиста и мирна природа – истакнува Тасев, кој вели и дека близу Свети Николе ќе биде и идниот карго-аеродром, па треба да се размислува и за локации за центри за пакување и за преработувачки центри околу него. http://ekonomski.mk/?p=48971 |
|||||
![]() |
|||||
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
||||
"Во него ќе живеат само млади брачни парови (по можност со црвени книшки)"
|
|||||
ಠ_ಠ
|
|||||
![]() |
|||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||||
Дали населбата Брег до Горно Коњари е јадрото околу кое ќе никне новиот град?
Edited by phenomenon - 07-Sep-2013 at 10:02 |
|||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||||
![]() |
|||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||
Каков е тој бре нов елитен град помеѓу Скопје и Свети Николе? Има ли некој фотографии од локалитетот? Единствено на што јас се сеќавам од Свети Николе се оние голи ридишта, јак ветер што дува 24/7/365 и недостиг на вода за пиење.
Може на овој локалитет да направат еден комплекс, ама затворски, јас не знам кој друг би се согласил за да оди таму да живее. |
|||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |