build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Ранковце - Крива Паланка
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Ранковце - Крива Паланка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 496
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 15-Aug-2020 at 19:10
Иии некои новости???

Знае некој до каде се?

И чекајте, како ќе се врзе овој експресен пат со A1?
Ќе оди по веќепостоечкиот регионален пат кој што е 2+1, или ќе има заобиколување на Куманово?

Edited by The Wild Boy - 15-Aug-2020 at 19:11
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 14-Sep-2020 at 12:46
До почетокот на 2022 година ќе се патува по нов и реконструиран пат на Коридорот 8 кон Бугарија

Непречено се одвива модернизацијата на патната врска меѓу Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Најзначајниот проект – изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се очекува да се пушти во употреба до крајот на 2021 година. Патот е поделен на две делници со должина од 25 километри. Делницата од Крива Паланка до Длабочица во моментов е со физичка реализација од 50 отсто, додека делницата од Длабочица до Чатал има физичка реализација од 30 отсто, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Идниот експресен пат ќе има ширина од 12,5 метри, со по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец. Овој проект се финансира преку кредит од Светската банка. И додека на терен се гради експресниот пат, од ова јавно претпријатие кон крајот на пролетва ја завршија реконструкцијата на постојниот пат од Ранковце до Крива Паланка, којшто во иднина би се користел како алтернативен патен правец на новиот експресен пат.

Во моментов непречено тече и реконструкцијата и проширувањето на постојниот пат Крива Паланка-граничен премин Деве Баир. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека до крајот на август се реализирани приближно 20 отсто од планираните градежни работи на патот. Со овој проект ќе се изгради трета коловозна лента долг целата траса долга 13 километри, како и четири нови моста, а ќе се реконструира и постојниот коловоз. Реконструкцијата и проширувањето на постојниот пат Крива Паланка-Деве Баир треба да заврши до почетокот на февруари 2022 година.

Од Јавното претпријатие за државни патишта во моментов работат и на реконструкцијата на патниот правец од Куманово до Ранковце, во должина од 31,8 километри. Во моментов се реконструира патот во должина од 16,64 километри, градежен зафат којшто треба да биде завршен најдоцна до пролетта 2021 година. За вториот дел од реконструкцијата на овој патен правец, којшто го опфаќа преостанатиот несаниран дел, веќе е склучен договор за изведба на градежните работи.

Со сите овие градежни зафати што се одвиваат во моментов, патниот Коридор 8 кон Бугарија се очекува да биде завршен до почетокот на 2022 година. Со реконструкцијата и надградбата на постојните делници, како и со новиот експресен пат Ранковце-Крива Паланка каде што возилата ќе се движат со максимална брзина од 110 километри на час, се очекува значајно да се скрати времето на патување меѓу Скопје и Софија во патниот превоз.

Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка започна во летото 2018 година, додека реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка-Деве Баир стартуваше во февруари годинава.

https://meta.mk/do-pochetokot-na-2022-godina-kje-se-patuva-po-nov-i-rekonstruiran-pat-na-koridorot-8-kon-bugarija/
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 496
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 24-Sep-2020 at 17:51
Очекувам одговор на мојот #21 пост во оваа тема.

Фала однапред.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 24-Sep-2020 at 18:08
Па, нема информации по медиумите, а ретко кој форумец оди натаму за да слика.
За сè има вторпат
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 496
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 24-Sep-2020 at 18:18
Originally posted by Џоле

Па, нема информации по медиумите, а ретко кој форумец оди натаму за да слика.


Чинам некој член спомна, дали беше Psy, дека планирале A1 да го врзат со овој експресен пат, и демек ќе имало автопатска обиколница кај Куманово.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1461
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 24-Sep-2020 at 18:57
Доколкото разбрах от новината по-горе ,габаритът ще бъде 2x2 ленти и разделителна ивица в средата ,нали?
Къде могат да се намерят в интернет документите с техническите характеристики на проекта? Предполагам в сайта на министерството на транспорта. Пробвах да потърся но не намерих такива
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 24-Sep-2020 at 19:32
Originally posted by Galileo

Доколкото разбрах от новината по-горе ,габаритът ще бъде 2x2 ленти и разделителна ивица в средата ,нали?
Къде могат да се намерят в интернет документите с техническите характеристики на проекта? Предполагам в сайта на министерството на транспорта. Пробвах да потърся но не намерих такива
Gresno si razbral. Po edna lenta vo dvata pravci i po edna za zastanuvanje, bez sredisna bariera. Kako izgleda od vasa strana delnicata kon Makedonija, stavivte li barem po nekoj patokaz?
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 24-Sep-2020 at 21:48
Originally posted by The Wild Boy

Originally posted by Џоле

Па, нема информации по медиумите, а ретко кој форумец оди натаму за да слика.


Чинам некој член спомна, дали беше Psy, дека планирале A1 да го врзат со овој експресен пат, и демек ќе имало автопатска обиколница кај Куманово.

Каква автопатска обиколница? Таму веќе поминува А1 (Е-75), а експресен пат од Куманово до Ранковце ниту е проектиран, ниту пак ќе има во наредните 5-10 години. Без навреда, но треба малку да се упознаете со мапата на Македонија, меѓу Куманово и Деве Баир има 75 км, а експресен пат е само делот Ранковце - К.Паланка (околу 21 км), другото е само рехабилитација (нов асфалт) и на мал дел дополнителна лента (делови од К.Паланка - ГП Деве Баир).
Back to Top
ptzvetan View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Nov-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ptzvetan Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 29-Sep-2020 at 09:01
Се работи активно во делницата Деве Баир - Крива Паланка. Се менjа асфалтот по кривините нагоре до Деве Баир и се прават нови мостове доле каj реката.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 28-Nov-2020 at 10:26
Изградба на Експресен пат А2, делница Длабочица - Крива Паланка











https://www.facebook.com/ДГ-Бетон-АД-Скопје
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 28-Nov-2020 at 10:44
Зашто на мапа Длабочица ми ја дава горе на север, речиси до српска граница? И зошто делницава се нарекува Длабочица-Крива Паланка? Нешто сум збунет.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 28-Nov-2020 at 12:24
Originally posted by Џоле

Зашто на мапа Длабочица ми ја дава горе на север, речиси до српска граница? И зошто делницава се нарекува Длабочица-Крива Паланка? Нешто сум збунет.


Не бе, токму таму минува трасата:

https://www.google.com/maps/place/Dlabochitsa,+North+Macedonia/@42.1920281,22.2353974,4294m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x13557554a32c40e7:0xf0dcef390394cef7!8m2!3d42.1950112!4d22.239892?hl=en
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 28-Nov-2020 at 12:33
Има две Длабочици, една пред Крива Паланка, една после.

Edited by user8642 - 28-Nov-2020 at 12:34
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 28-Nov-2020 at 18:20
Така е, едното село Длабочица е кумановско и припаѓа во Општина Старо Нагоричане, додека ова тука е кривопаланечко и се наоѓа во непосредна близина на патот (тука)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 28-Nov-2020 at 19:38
Фала ви на сите за одговорите, не знаев дека постојат две села со исто име, сега ми се разјаснија малку работите.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 05-Apr-2021 at 11:37
Изградба на Експресен пат А2, делница Длабочица - Крива Паланка









https://www.facebook.com/ДГ-Бетон-АД-Скопје
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 05-Apr-2021 at 12:21
Моќно изгледа, ама мислев дека се понапред со изградбата. У секој случај супер е ова што се случува. Дури мислам дека ќе беше паметно да не ги стабилизираат косините, туку да ги до-пробијат до автопатски профил па да ги стабилизираат така со габиони и зеленило, за future-use.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Apr-2021 at 15:34






https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 13-Apr-2021 at 15:41
Следиме прогрес: Изградба на експресен пат Ранковце-Крива Паланка

Делницата е поделена на две подделници: Длабочица – Чатал и Крива Паланка-Длабочица. Вкупната должина на експресниот пат е 23км., а вкупна издвоена вредност 58,5 милиони евра.

Следиме прогрес на втората подделница во должина од 9км. и ширина од 11,40 м. Вредноста на подделницата Крива Паланка-Длабочица е 30,5 милиони евра.
Статус: Се работи на земјени работи (ископ и насип), како и на бетонски работи како што се цевасти пропусти, и сл. Од вкупно 20 предвидени вијадукти во моментов градежни работи се одвиваат на 16 од нив. Физичкиот прогрес на работите изнесува 51%.










https://www.facebook.com/drzavnipatista/
За сè има вторпат
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 496
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 13-Apr-2021 at 15:51
Тоа од лево се виадукти за железничката пруга?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.