Паркирање и паркинзи (општо) |
Post Reply | Page <1234 47> |
Author | |||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #21 Posted: 18-Oct-2008 at 02:24 | ||||||||||||||
|
|||||||||||||||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #22 Posted: 19-Oct-2008 at 06:43 | ||||||||||||||
градски паркинг мислам дека по проектите треба да направат некоја јавна виртуелна мапа како јавно претпријатие, како би го олесниле букирањето и лоцирањето на паркиралиштата со кои стопанисуваат а и оние што постојат и допрва ќе се изградат , инфо кое ќе биде добредојдено и за скопјани а и за сите кои доаѓаат или поминуваат во и низ градот... останува само спорно дали такво нешто треба секој на смс да добие кога влегува во СК на база на 3г или пак таа да е качена на вебстраната и секој да може да си ја симне, ова второто е добредојдено само за скопјани додека првата варијанта е дефинитивно и со интерактивен пристап и за сите е добредојдена. инаку како се намерачила полицијата(читај владата) без вакво или некое слично решение паркирањето во СК ќе биде трауматично искуство за скопјани, но и негативен впечаток за секој намерен или ненамерен патник. Edited by beTon - 19-Oct-2008 at 11:10 |
|||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #23 Posted: 19-Oct-2008 at 22:21 | ||||||||||||||
Ја сабајле се паркирав гага! Кој ви е крив што не сте искористиле!
|
|||||||||||||||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #24 Posted: 20-Oct-2008 at 20:31 | ||||||||||||||
Тоа што весниците наши ги интригира тема како "ПОВТОРНО ГРАДОТ ПОСТАВУВА РАМПА" доволно покажува колку е очајна ситуацијата по ова прашање.
Градот со овој проект (ми се чини дека е нешто како копија на Загребскиот) нема воопшто да го реши овој проблем. Со такво ефтино и неункционално решение како цртање на улици се решава проблемот во мали градчиња како Штип. Загреб од друга страна е комплетно различно организиран од Скопје. Низ центарот возат трамваите и немаш никаква потреба да возиш кола. Во Скопје со децении не е вложувано во градските паркиралишта. Парциални проекти како овој нема да го решат проблемов. Само градба на јавни катни гаражи може реално да го подобри прашањето со паркинг. Неколку локации за катни гаражи веднаш ми доаѓаат на ум: 1) На ул. Даме Груев карши Лотарија. Со тоа ке добиеме проодна едносмерна 2-лентова улица што ке го растовари строгиот центар и ке овозможи непречено користење на жолтата линија на Рекорд од страна на автобусите. Да им се дадат на станарите 2 спрата од гаражата (се разбира, ефтина претплата е клучна) и скроз да ги снема колите од тревници и тротоари. 2) Под Пл. Македонија (ако смета тоа на планираниот тунел нека биде под паркот Жена Борец сеедно). Сите тие институции како Градска б-ца, Собрание, ЕСМ, Сити Галери итн треба да имаат каде да паркираат. 3) Под пазарите Зелен и Буњаковец. Особено ми се гледа важен тој под пазарот Буњаковец при што би добиле широка и проодна Партизанска во нејзиното најтесно грло а не како сега ругло, море од коли и ништо друго и сеопшт хаос. Плус може заедно со тоа да се направат неколку подземни пешачки премини и Партизанска ке биде бебедна и брза. 4) Под пазарот Бит Пазар. Исти случај како кај Буњаковец, ако не и уште поургентен. 5) Лептокарија се повеке се развива и концентрира па веке и таму е целосно зафатена третата лента на Партизанска. Може да дојде во обзир под целиот булевар плус сегашниот паркинг да се направи голем јавен паркинг. 6) НАЈВАЖНО од се е паркиралиштата да бидат единствена опција за граѓаните а не нивен избор (дали на тротоар или да дадам 20ден за паркинг). Тоа може да се осигури преку ефективна служба за казнување, видео-набљудување и ефтини цени за час паркирање. Затоа што се работи за масивен проект грдот треба ова да го даде под концесија на една сериозна фирма која верувам одлично ќе заработува од ова. ПРОБЛЕМ: Не сум запознаен со ГУП и ДУП па може би плескам глупости и ова е неможно, НО мислам и дека Тифани и идиотскиот тунел кој што ќе се градел под Кеј 13ти Ноември исто така не беше па ќе го внесат заради една зграда и нечиј интерес. Дајте кажете вие како би го решиле овој огромен проблем -Скопје е одвратно пошто гледаш насекаде хаотично море од коли. |
|||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #25 Posted: 20-Oct-2008 at 20:43 | ||||||||||||||
Тоа што го изнесуваш е сосема во ред во однос на моменталната ситуација на терен, но ова е клучно:
Некои работи што ги спомна се предвидени (пример паркинг под плоштад), а за некои се предвидени сосема поинакви решенија (пример Даме Груев треба да биде булевар 2х2, а Димитрија Чуповски во најголема веројатност да отпадне и да биде пешачка зона) За жал поради нетранспарентноста на нашите институции ни ние не сме запознаени со доволно ДУП-ови, а и од ГУП-от имаме само ограничени материјали, па за подетална дискусија би морале во голема мерка да шпекулираме. Но генералните смерници се јасни и во нив треба да се инвестира со долгорочна визија, а не само да се прикрпуваме. Edited by Cloverstack - 20-Oct-2008 at 20:44 |
|||||||||||||||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #26 Posted: 20-Oct-2008 at 21:12 | ||||||||||||||
здраво Андреј, кажи во јавен сообраќај спомна: тие од надвор ги оставаат колите во предградие на Љубљана а после со трам во град... дали ова е заради немање доволно паркинзи во градот или заради плаќање такса доколку сакаш да возиш низ Љубљана а си од надвор т.е. немаш LJ таблици? инаку она што го велиш дека јавните паркинзите се единствена опција, мене не ми држи вода, тие се неопходни но истите целосно нема да го решат проблемот, она каде треба исто да се интервенира е да секоја нова зграда да оди во земја со паркинг колку што е дозволено - 2 спрата, а секој што има две коли на една адреса каде е пријавен дека живее истиот да плаќа и дупло регистрација, а оние со трета кола и трипати повеќе, и на сето тоа добра трам линија и ете и ќе се растерети СК и ќе има паркинг место за сите. за предлогот битпазар паркинг да има одоздола е интересен предлог но само доколку се оди бар 15-20 метри инаку пак ќе се блокира со оглед дека сега од околу пазарот пополека се се претвора во деловен простор. |
|||||||||||||||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #27 Posted: 20-Oct-2008 at 22:45 | ||||||||||||||
Хеј, здраво.
Малце може да е надвор од темава ама ке ти објаснам генерално како им е тој проблем решен во Љубљана. Прво на сите 4 приода кон Љубљана од Крањ, Копер, Ново Место и Марибор) има такви П+Р паркиралишта (север, југ, запад и исток). Нив ги поврзуваат две експресни линии на градскиот транспорт (6 и 27). Сите пак тие градски приоди (mestne vpadnice) се меѓусебно поврзани со кружен автопат на кои што не се наплаќа патарина (Avtocestni obroč). Тој е многу близу до градот (не како скопската обиколница) и има 18 излези кон престолнината. Иначе нема никаква наплата за влез во градот или во Центар НО, Љубљана има околу 270 000 жители и дневен прилив на 180 000 возила од други места, што е огромна и неподнослива бројка. Ете зашто практичните словенци решаваат да на возат до самата дестинација туку за П+Р. А во центарот сите парко-места на улиците се резервирани за жителите на зградите, а останатите во паркинг гаражи. И тоа е кажи речи принудно за тие што немаат резервација. На тој начин мислев претходно. |
|||||||||||||||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #28 Posted: 20-Oct-2008 at 23:40 | ||||||||||||||
прилично интересно решение и уште поинтересни навики оваа појава не е нова работа во светот само што треба некој да ја земе во предвид како решение, но бидејќи кај нас реално досега заради срамежливите економиски погледи(никаква надворешна задолженост)кои не дека се лоши, не им даваше на градските татковци да размислуваат повеќе од муабетот крпи ден за ден, па затоа и немаме некој особена динамика во инвестирањето во инфрастуктурата и градежништвото. но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет.
|
|||||||||||||||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #29 Posted: 20-Oct-2008 at 23:55 | ||||||||||||||
Кратко и јасно. Одличен пост бетон, се сложувам со тебе. Особено ме радува последната реченица „но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет“ |
|||||||||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||||||||||||||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #30 Posted: 27-Oct-2008 at 01:05 | ||||||||||||||
пополека погрчените македонци што свраќаат на бурек и шопска во Битола влијаат и на цените во некогашниот главен град на МКД, но и на стилот на животот, уште да повлијаат и на М5 трасата и набрзо ќе имаме Лерински Битолчани и Битолски Леринчани чудно незнам сеуште за специјализиран приватен паркинг во СК а и во МКД, она со хотелите и претпријатијата не ги сметам за специјализирани, сепак се во склоп на некој објект или можеби има нешто во некое предградие џабе и катни гаражи и подземни паркинзи во изградба и најава кога статусот ПРВ е заминат во БТ, браво за битолчани...
|
|||||||||||||||
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #31 Posted: 30-Oct-2008 at 21:51 | ||||||||||||||
Мислам дека можеа да најдат посовремено и поедноставно решение,но сепак е за поздрав воведувањето на ред на главната улица во Прилеп.
А и не е скапо 30ден. цел ден Плаќаш Паркираш |
|||||||||||||||
build.mk, гради форумска историја
|
|||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #32 Posted: 18-Nov-2008 at 04:19 | ||||||||||||||
|
|||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #33 Posted: 18-Nov-2008 at 04:25 | ||||||||||||||
Да не го претераа овие малце со оваа изјава? Малце повеќе? Не дека се е ок со паркинзите, ама вакви сензационалистички написи по новините сигурно нема да придонесат да мрднеме во вистински правец. Edited by Cloverstack - 18-Nov-2008 at 04:27 |
|||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #34 Posted: 18-Nov-2008 at 04:34 | ||||||||||||||
Инаку тестов посочува на една аномалија на нашите паркинзи. Кај нас само еднаш сум сретнал (во ГТЦ доле) да има редари и да ти го посочуваат правецот кон слободно паркинг место. Се скратува многу нервирање, пари и гужва.
|
|||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #35 Posted: 18-Nov-2008 at 04:36 | ||||||||||||||
Сега веќе е со семафори |
|||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #36 Posted: 18-Nov-2008 at 20:18 | ||||||||||||||
WTF, сега и вака ли ќе се надмудруваат
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2237&mid=24&tabId=1&tabindex=0 |
|||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #37 Posted: 23-Nov-2008 at 05:51 | ||||||||||||||
Интересна споредба!
|
|||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #38 Posted: 01-Dec-2008 at 19:05 | ||||||||||||||
|
|||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #39 Posted: 01-Dec-2008 at 20:16 | ||||||||||||||
За што се избрани овие идиоти??? Малку ли проблеми има, немаат ли друга работа, па времето и енергијата да ги посветуваат на уништување на јавни материјални добра во меѓусебното препукување?
Најинтересна е Аларова, која остана слепа за толку многу дивоградби и урбано дивјаштво од невидени размери и најразлични видови, ама ете најде закачка за рампите на јавното градско претпријатие. Edited by Cloverstack - 01-Dec-2008 at 20:16 |
|||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #40 Posted: 01-Dec-2008 at 21:23 | ||||||||||||||
Кловер ова ќе го гледаме до април. Па мора да се билда егото пред избори!
|
|||||||||||||||
Post Reply | Page <1234 47> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |