Author |
Topic Search Topic Options
|
Goran
Senior Member
Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
|
Quote Reply
#21 Posted: 31-Mar-2012 at 01:16 |
Американците два пати плаќаат за горивотоАмериканците два пати плаќаат за горивото. Еднаш на бензинските и еднаш преку субвенциите за нафтените компании, а Обама сака да стави крај на ова. Затоа побара укинување на буџетската поддршка за нафтените компании. Ги повика членовите на конгресот да одлучат на чија страна ќе застанат овој пат на страната на граѓаните или на страната на компаниите чии прифити уриваат рекорди, а добиваат и државна поддршка. Секогаш кога бензиот поскапува за еден цент, нафтените компании ставаат во џеб уште 200 милиони долари профит квартално, покажуваат анализите. Во моментов еден галон чини помалку од 4 долари. Галон тежи околу 4 литри, што значи дека за литар гориво американците плаќаат околу 50 денари или најмногу досега. Високата цена го топи рејтиног на Обама кој падна под 50% и тоа во изборна година. Наташа Хаџиспиркоска Стефанова http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/amerikancite-dva-pati-plakaat-za-gorivotoЕво и во Америка како е регулирано за да дериватите се поефтини да нема социални немири и цела индустрија да и биде покуретна.Како да вртиш обичниот грѓанин ја плаќа најскапата цена.
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#22 Posted: 05-Jan-2013 at 02:27 |
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#23 Posted: 05-Jan-2013 at 02:28 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#24 Posted: 06-Jan-2013 at 02:33 |
 Колку што разбрав, најголем потенцијал за пронаоѓање на нафта и/или гас има во повардарието, особено во тиквешкиот крај. Затоа ме чуди дека исклучиво слушаме и читаме дека можност за пронаоѓање на овие енергенси во Македонија има во овчеполието, а другите места не се споменуваат. Всушност во текстот овчеполието во неспорен позитивен контекст е спомнато само како басен, а не како област... Поконкретно на пример злетовскиот крај испаѓа дека е дел од тој овчеполски басен за кој се збори во текстот, но секако не е дел од од она што географски го подразбираме како овчеполие. Веројатно тоа е извор на уште еден слој на конфузија кога оваа тема се обработува во медиумите или кога ќе ја фатат политичрите... Или е тоа, или има некакви нови радикално различни сознанија?!? Во второво се сомневам, затоа што пред се е јасно дека во меѓувреме не се вршени нови истражувања. Но трето објаснување не ми текнува. Ѓоко, која година е публикуван трудов?
Edited by Cloverstack - 06-Jan-2013 at 02:38
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#25 Posted: 06-Jan-2013 at 02:47 |
Ова е објавено во зборник на реферати-книга 2 со наслов `Производство и примена на нафтени деривати`.Секоја тема си е засебна.
Издадена 1999 година
|
 |
shyes
Senior Member
Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#26 Posted: 07-Jan-2013 at 02:03 |
Луѓе ме интересира, колка е просечната цена на гориво во скопје или општо низ Македонија за литар бензин?
Тука во мелбурн е окулу $1.50 (75мкд)/L
Edited by shyes - 07-Jan-2013 at 02:07
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#27 Posted: 07-Jan-2013 at 02:28 |
овие месеци се движи околу 80 денари за литар
|
 |
daci92
Senior Member
Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
|
Quote Reply
#28 Posted: 07-Jan-2013 at 02:46 |
Originally posted by shyes
Луѓе ме интересира, колка е просечната цена на гориво во скопје или општо низ Македонија за литар бензин?
Тука во мелбурн е окулу $1.50 (75мкд)/L |
http://makpetrol.com.mk/index_mk.asp под банерот (сликата) имаш моментални цени во Македонија на бензинските на Макпетрол (цените на другите бензински можат да бидат +/- 0.50мкд најголема разлика, но обично се иста цена секаде)
|
 |
shyes
Senior Member
Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#29 Posted: 08-Jan-2013 at 02:32 |
|
 |
daci92
Senior Member
Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
|
Quote Reply
#30 Posted: 12-Feb-2013 at 12:36 |
Понеделник, 11 Февруари 2013 10:00
Селската чешма во Сачево почна да испушта гас што гори. Пламенот кој
излегува, особено е видлив навечер и достигнува 15 до 20 сантиметри.

Заедно со водата, селската чешма почнала да испушта и подземен
гас кој гори. Ванчо Коцев, жител од Сачево, вели дека овој природен
феномен бил забележан зимава.
-Оваа чешма е на длабочина од 84 метри и ја изградивме во
осумдесетите години од минатиот век. Водата беше проверувана и служеше
за пиење и задоволување на потребите на жителите од Сачево. По
изградбата на водоводот веќе не е во употреба, а оваа зима
случајно откривме дека таа испушта земјен гас кој гори, вели Коцев.
Овој природен феномен се уште не е испитан од страна на надлежните институции.
Пред неколку години заради исфрлање подземен гас-метан беше затворена
селската чешма во Радово, а сличен пример за исфрлање подземен гас е
забележан и кај полски чешми во атарот на Моноспитово, чии води
земјоделците ги користат за наводнување на посевите.
http://kurir.mk/republika/opstini/103071-Fenomen-vo-strumicko-Cesma-ispusta-gas-sto-gori
Интересен феномен на неколку места во Македонија и тоа на мали длабочини а ние сеуште не сме заинтересирани за испитување и бушење во близина на тие места за проверка на земјата од природен гас.
|
 |
Goki
Groupie
Joined: 17-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 93
|
Quote Reply
#31 Posted: 12-Feb-2013 at 15:48 |
A jas mislev lugjevo simbolicki kazuvaat deka "pijat nafta"
|
 |
daci92
Senior Member
Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
|
Quote Reply
#32 Posted: 12-Feb-2013 at 19:20 |
хаха  Шала на страна сега слушав „експерти“ на телевизија каде велат дека тоа се многу мали количини и брзо се трошат ,но да не испадне работава како експертите во Туркменистан па да го добиеме истиот ефект наместо наменски да се искористи.
|
 |
+Protagorist
Senior Member
Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
|
Quote Reply
#33 Posted: 14-Feb-2014 at 13:58 |
Chi-Cho Kole izgleda znae deka ke ni treba uste edna no drzavna rafinerija - republika.mk/?p=202534
bar ova e logikata dokolku imame volku zaliha ko sto pretpostavuvale jugoslovenskite geolozi, e tek i ohrid dastavat cevka i eto ja Makedonija na Makedoncite so ogled deka nema da se ima potaka potreba od evropa i nejzinite fabricki greski
¤
edit: ova e ko lovenje riba so skener, problem e sto nie nemame ribar nit skener, ami samo brod i kapetan, a kaj se kelnerot i kuvarot t.e. prerabotivacot i distributerot koi iako gi ima narod od niv prasanje e kolku od niv narod fajde ke gleda!
moze e za nekogo ludo no dokolku se izvadi dosta nafta ne bi bilo loso drzavata da investira vo nova rafinerija, so sto cel profit bi odel kaj narodot namesto korporaciite, samo ke mora i grb so ogled sigurniot pritisok od naftasite se da stavat pod svoja kontrola, pa koga si dozvolija da ja grabnat cela severna afrika sto gi sprecuva da se poalcat i za tuka, samo sto do togas i vlijanijata ke im oslabat a svetot ke gi prezre i razoblici so drug vid energija
Edited by +Protagorist - 15-Feb-2014 at 11:11
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
 |
+Protagorist
Senior Member
Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
|
Quote Reply
#34 Posted: 22-Jun-2014 at 20:46 |
http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1900
...
Затоа не е чудно што се повеќе странски компании кои имаат доволно финансиски средства и технологија, се интересираат за можни лежишта на нафта во Македонија и тоа претежно во Овче Поле.
Првичните проценки на некои компании и домашни експерти одат од една во друга крајност: од тоа дека воопшто нема нафта, па до тоа дека резервите се значителни. Сепак, со оглед на морфологијата на теренот, геолошката градба (дебели слоеви на еоцени седименти налегнати врз палеозојски шкрилци) и геотектонската структура, сосема е можно да има одредени лежишта на нафта на поголема длабочина од 2-5 км (инаку во Светот често се дупчи и до длабочина од 10 км!). Во најдобар случај, во овој басен со површина од околу 200 км кв., тие резерви не би надминувале неколку милиони барели (1 барел одговара на 117 литри). Ако на тоа се додадат и нафтоносните шкрилци кај с. Плешинци, веројатно од регионот на Овче Поле би можело да се очекуваат вкупни резерви на нафта од најмногу десетина милиони барели или до околу 1 до 2 милиони тони што одговара на двегодишните потреби за нафта на нашата држава.
Сепак, вистинската состојба може да се сознае само со детални истражувања и дупчења кои се доста скапи и неизвесни. Затоа се наметнува констатацијата дека за Македонија е многу посигурно, поисплатливо и „поеколошки“ да се вложува во истражување и користење на сончевата енергија која докажано ја има во големи количини и од која би се добивала топлотна или електрична енергија. Србија, која има значително помалку сончева енергија, минатата година веќе договори изградба на огромна соларна електрична централа. |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
 |
+Protagorist
Senior Member
Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
|
Quote Reply
#35 Posted: 23-Jun-2014 at 07:00 |
tekst od pred dve godini, no kade e dadeno pretpostavka kolku bi cinelo edno vakvo ispituvanje, a koe ne deka ne mozeme sami da go isfinansirame no praktichno toa se vo veter frleni pari za ribarska ekspedicija, a znaejki deka nemame ni kuvar ni kelner, najverojatno zatoa chekaat da se najde nekoj koj seto ova go ima a na kraj nashite da mu dadat samo koncesija otkako eventualno bi se reshil dopolnitelno da investira, no ko shto veli tekstot od prethodniot post poarno i poporvo sonchevi centrali kje kreneme nego shto kje se instalira crpalka za nafta
05.10.2012 - голема кувајтска нафтена компанија пројавила интерес за возобновување на истражувањата, околу евентуалните македонски резерви на нафта на длабочина од 8.000 метри. Стручњаците велат дека тоа е скап прокет, кој чини над 15 милиони евра, и не го гарантира крајниот резулатат. А длабоките сеизмички геолошки испитувања кои биле правени на 2.000 метри длабочина пред повеќе од 60 години со цел да се испита дали во Македонија има нафта, покажале негативни резултати. Но, современите истражувања, го покажуваат спротивното.
Инаку, последните испитувања правени во Овче - полието кои датираат од 1971 - та година и се дел од архивите на Министерството за економија укажуваат дека Македонија поседува 2 милиони тони нафта. Проектот, тогаш бил наречен Мал Кувајт. Ова беше истакнато на 2-от конгрес на геолозите кој викендов се одржа во Крушево, а на кој, покрај македонските, учествуваа и геолози од соседните земји и бившите ју-републики.
http://sitel.com.mk/mk/ima-li-nafta-na-teritorijata-na-republika-makedonija |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#36 Posted: 23-Jun-2014 at 19:57 |
Па како мал Кувајт со 2 милиони барели?Русија,САД,и саудиска Арабија дневно произведуват секој по околу 8-9 милиони барели нафта
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#37 Posted: 01-Feb-2015 at 22:22 |
властите не кажуваат дека од што пие народ премногу нафта не останува ништо за потрошувачка
МАКЕДОНИЈА "ЛЕЖИ" НА НАФТА ВРЕДНА ОКОЛУ 500 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ?
Македонија која спаѓа во земјите на Јадранскиот Базен на одредени локации има богати количини на нафтени резерви.Тоа се Пелагонискиот дел , каде има и богати наоѓалишта на јаглен, Овчеполскиот дел, Полошкиот дел и Охридско Струшкиот базен.
Резервите кој ги има во Македонија од екс Југословенскиот Геолошки институт кој во 1974 година вршел бушења на наколку локациии во Македонија , во склоп на армискиот проект на екс Југославија под кодно име „Бунар„ дошле до сознанија дека општа проценка во тоа време била дека експлотацијата на нафта е исплатлива и тогаш проценето било дека како сурова нафта , лнеобработена вредноста била околу 500 милијарди долари , а доколку истата се рафинирала и се пристапело кон производство на нафта и нафтени деривати ,заработката би била трократно поголема. Пробни бушотини се правени и во Охридскиот базен на два локалитети, едниот кај вулканското дувло кај селото Косел и другата бушотина крај Св.наум.
При извршените пробни бушења кај вулканското Дувло кај Косел на длабочина од 300 метри , се наишло на геотермална вода која имала температура од 90 степени целзиусови, додека на длабочина од 800 метри се наишло на природен гас-Плин и Нафта.Бушотината е затворена и бетонирана ,а целокупната архива околу наодите на бушотината и комплетниот елаборат се наоѓаат во Војно техничкиот Институт во Београд (ВТИ).Во реонот на Свети Наум на длабочина од 1400 метри откриен е наод на природен гас –Плин и Нафта , овој наод се поврзува со Албанската таканаречена нафтена жила , која од страна на Албанија се експлатира веќе 50 години.
Многу ќе се запрашаат зошто екс Југославија не ги екплотирала овие наоѓалишта, но одговорот е едноставен.Стратегијата на Тито била продажба на оружје на неврзаните земји чиј лидер беше Тито , во замена за ефтина нафта и нафтени деривати , па поради таквата политика на тогашниот систем експлотацијата на сопствените ресурси барало вложување на тешки милијарди долари, нешто што во тоа време не бил приоритет на екс СФРЈ.Инаку Македонија Србија ,Војводина и Босна спаѓаат во земјите на Европа каде има најголеми резерви на природна Нафта.
Како пример со мали зафати и со кредит од светска банка Охрид со бушотина кај вулканското дувло кај Косел може да се снабди со топла вода и воведување на парно греење за цел Охрид и Струга со што би се решила топлинската мака на домакинствата во Охридско Струшкиот регион.
Дали Македонија ќе се зафати со експлотација на овие наоѓалишта зависи од Владата на Р.М.докумантецијата –елаборатите може да се побараат од Р.Србија и со тоа да постанеме водечка економска сила на Балканот.
Превземено од ohridsky.com
http://www.fakulteti.mk/news/11-12-20/makedonija_lezhi_na_nafta_vredna_okolu_500_milijardi_dolari.aspx |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#38 Posted: 06-Feb-2015 at 20:30 |
14.02.2014 - Науката теоретски докажала дека Македонија има нафта
Нешто мириса на нафта кога британски, канадски и катарски компании сакаат да дупчат во Македонија. Нафтената треска не е од вчера, таа првпат се случила во 70-тите на минатиот век
Гладна кокошка просо сонува, па така и ние, соочени со бесконечна сиромаштија, сонуваме за нафта. Ваков е коментарот на многумина кога ќе се спомене темата од овој наслов, иницирана од последната одлука на Владата да одобри локации за геолошки истражувања нафта и други суровини. Ќе погледнеме какви истражувања се правени во минатото, како завршиле тие и сѐ во врска со оваа тема, но уште на почетокот може да се даде одговор на основното прашање – макар и теоретски.
Основано можеме да веруваме дека Македонија има нафта. Ова тврдење е научно поткрепено. Прво, науката утврди дека во Македонија во далечното минато, пред милиони години, имало големи мориња и езера (како Пелагониско Море). Второ, докажано е дека нафтата настанува како последица на изумирање на живиот свет во морињата. Трето, докажано е дека на територијата на Македонија милиони години во минатото имало не само животни и риби, туку и човечка цивилизација. Четврто, извори на нафта и на гас веќе се откриени и се експлоатираат на Балканот, како во Србија, Романија, Бугарија и во Албанија.
Ова се факти и барем теоретски звучат сензационално. Но, …
Што не знаеме ние?
Во светот постојат мошне веродостојни карти за извори и за потенцијални резерви на нафта. Според сегашните извори, но и според докажаните, а сѐ уште неексплоатирани, Европската енергетска агенција утврдила дека нафтата ќе ја снема во 2047 година. На сличен став е и американската администрација за информации поврзани со енергетиката.
И двете организации, како и книгата со факти на ЦИА, тврдат едно исто – Македонија нема докажани извори на нафта. Сепак, тоа не значи дека претпоставката треба да се отфрли целосно. Владата не попусто распиша оглас за геолошки истражувања, а катарски компании уште пред две години покажаа интерес за истражување, пред сѐ, во Овче Поле.
Владата уште во 2009 година ја ангажираше консултантската фирма „Проспект уни“ од Букурешт за да утврди дали воопшто вреди да се бара нафта во Македонија. Тогаш, романските експерти предложиле да се направат две тест-дупчења во тиквешкиот и во овчеполскиот регион, на локации кои претходно со сериозни геофизички испитувања ќе се означат како најпогодни за можни наоѓалишта на нафта. Тие констатираа дека само со експериментални дупчења ќе може да се разбие дилемата дали во Македонија има нафта, бидејќи не им била доволна документацијата што датира од 70-тите години на минатиот век кога во Овче Поле имало неколку обиди да се бараат нафтени извори и резерви.
Прашањето дали Македонија лежи на нафта се актуализираше во 2006 година кога британско-канадскиот конзорциум „Банкерс петролеум“ почна сериозни преговори со Владата за да бара нафта во Македонија. Договор не беше постигнат, а државата почна сопствена иницијатива за проверка на сомнежите.
Со други зборови, нафтената треска во Македонија е со постар датум. Што било откриено?
_____________________________________________________________________
Мириса на нешто – нафта или политика
Сензационалното тврдење, но како шпекулација, датира од 1974 година, а тоа што следува никогаш не е официјално потврдено. Навистина имало истражувања и од постар датум, поточно од 1969 година. За тоа подолу.
Наводно, резервите што ги има во Македонија биле утврдени од југословенскиот геолошки институт, кој во 1974 година вршел дупчења на неколку локации во Македонија, во склоп на армискиот проект под кодно име „Бунар“. Утврдиле дека експлоатацијата на нафта е исплатлива и тогаш било проценето дека во Македонија има сурова нафта вредна околу 500 милијарди долари. Со рафинирање, заработката би била трикратно поголема. Пробни дупчења се правени и во охридскиот базен, на два локалитета, едното кај вулканското дувло кај селото Косел, а другото крај Свети Наум.
При извршените пробни дупчења кај вулканското дувло кај Косел, на длабочина од 300 метри се наишло на геотермална вода која имала температура од 90 Целзиусови степени, додека на длабочина од 800 метри се наишло на природен гас и на нафта. Дупката била затворена и бетонирана, а целокупната архива од наодите од дупчењето и комплетниот елаборат се наоѓаат во Воено-техничкиот институт во Белград. Во реонот на Свети Наум, на длабочина од 1.400 метри, исто така, биле откриени природен гас и нафта. Овој наод се поврзува со албанската таканаречена нафтена жила, која, од страна на Албанија, се експлоатира веќе 50 години. Така барем пишуваа медиумите во Охрид.
Сепак, во шеесетите години на минатиот век најголема сензација во медиумите предизвикало дупчењето на работниците на „Нафта и гас“ од Нови Сад во 1969 година. Неделникот „Капитал“ уште пред неколку години ги реобјави написите во „Нова Македонија“ од тоа време, кои сведочат за еуфоријата што настанала по дупчењето кај Ерџелија, Светиниколско.
Силната ерупција била предизвикана од дупчењето, а извадиле нафта и гас на површината на ерџелиската дупка на 2 февруари 1969 година. Веста за нафта силно ги протресла штипскиот и светиниколскиот политички естаблишмент и населението. Расположението почнало да преминува во позитивистичка колективна хистерија. Тоа го возбудило и врвниот политички естаблишмент во Белград. Поради тоа, дури Лазар Колишевски, кој во тоа време бил член на претседателството на Централниот комитет (ЦК) на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ) и член на Советот на Федерацијата (член на највисоко раководство на владејачката партија), дошол да ја смири атмосферата и да им даде инструкции на локалните политичари, стопанственици и партиски делегати.
Колишевски го придружувале високи државни и економски претставници при посетата во Свети Николе, што потврдува дека настанот од 2 февруари силно ги разбранувал сите структури во тогашната федерација. Во написите објавувани на насловните страници на „Нова Македонија“ се пренесени сведоштва на работници на ерџелиската нафтена истражна платформа.
„Плодородното Овче Поле, еден од житородните региони, е на добар пат во блиска иднина да прерасне во прво нафтоносно поле во Македонија. По повеќемесечни истражувања, работната единица на „Нафта гас” од Нови Сад, под раководство на инженерот Зоран Миловановиќ, на дупката Овче Поле 1, близу селото Ерџелија, Светиниколско, наиде на првите слоеви на нафта и гас“ (Нова Македонија, 5 февруари 1969 година).
„Одвај успеавме да ја запреме силната ерупција на нафта и гас. Ако не успеевме, можеше да се случи најлошото. Сега ерупцијата, како што гледате, е скротена и таа ќе се пушти кога за тоа ќе бидат извршени подготовки“, ни рече Рајко Митровиќ, водач на смената на дупката и работник од „Нафта гас“. Ова е изјава што „Нова Македонија“ ја објавила како главна вест на насловната страница на 5 февруари 1969 година.
Станува збор за сведочење на работник, кој работел на нафтената платформа кај селото Ерџелија.
„Нова Македонија“ објавила дека експлозијата на гасот предизвикана од дупчалката на „Нафта гас“ се случила на 2 февруари околу 10 часот утрината. Во текстот објавен на 5 февруари пишува дека на длабочина од само 470 метри избила силна експлозија на гас со појава на нафта, која, како што пишува, можела да се види дури од Ерџелија.
Но, што се случило – по само неколку месеци работа, работниците на „Нафта и гас“ си заминале. Истражувањето било прекинато. Никогаш не било објавено дали таму може да има нафта иако македонското Собрание одвоило значителни средства за да продолжат испитувањата. И тука завршува целата приказна за овчеполската нафта.
Во секој случај, со последната иницијатива на Владата се чини дека сме на најдобар пат да откриеме дали има нафта во Македонија.
Црното злато носи многу пара, ама бара и многу вложувања, без гаранција дека ќе се појави.
Владата ќе дава простор и до 5000 квадратни километри за истражување нафта
Со новите измени на Законот за минерални суровини, кои се во собраниска процедура, се предвидува нов вид постапка за доделување проспекциски геолошки истражувања на минерални суровини. Имено, на јавен повик по пат на електронско јавно наддавање ќе се доделува простор до 5000 квадратни километри., на кој ќе се вршат проспекциски истражувања на различни видови минерални суровини.
Со тоа на истражувачките компании им се дава можност да прават сериозни анализи на просторот на Република Македонија од аспект на наоѓање нови локалитети кои ќе бидат перспективни за истражување минерални суровини, како и анализи на просторот од аспект на согледување потенцијали и утврдување потенцијални зони на територијата на Република Македонија за евентуално истражување јагленоводороди (нафта, гас и слично).
http://republika.mk/?p=202534 |
|
 |
Zelenikovo
Senior Member
Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
|
Quote Reply
#39 Posted: 20-Nov-2017 at 21:31 |
Originally posted by beTon
При извршените пробни дупчења кај вулканското дувло кај Косел, на длабочина од 300 метри се наишло на геотермална вода која имала температура од 90 Целзиусови степени, додека на длабочина од 800 метри се наишло на природен гас и на нафта. Дупката била затворена и бетонирана, а целокупната архива од наодите од дупчењето и комплетниот елаборат се наоѓаат во Воено-техничкиот институт во Белград. Во реонот на Свети Наум, на длабочина од 1.400 метри, исто така, биле откриени природен гас и нафта. Овој наод се поврзува со албанската таканаречена нафтена жила, која, од страна на Албанија, се експлоатира веќе 50 години. Така барем пишуваа медиумите во Охрид. |
можеби Рударски Институт треба да здружат сили со ЕЛЕМ и да инвестираат позбилно во нови сондирања на потенцијалните нафтени жили, а да се надеваме ќе удрат и на некоја аорта та и езеро, ко што вели бугарот не едно ами две кај нас, но и малку за нашата економија може да биде многу, но треба да се метнеме на грцитеи еден ваков ресурс да го резервираме за државен есап преку некоја нова компанија, знае ли некој каконхеленик петролеум кренале на ова поле глава, кој кога како инвестирал во нивните истражувачки агенди, можно ли е да копираме нивни научен модел, зошто геолошкиот завод никогаш нема направено ниту еден симпозиум или бар документарец на оваа тема ...
[ 1] http://www.iene.gr/2ndseeed/articlefiles/session_iii/nikolaou_d.pdf
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_oil_and_gas_fields_in_Albania
[ 1] http://www.iene.gr/2ndSEEED/articlefiles/Session_III/Mezini_A.pdf
Edited by Zelenikovo - 20-Nov-2017 at 21:32
|
 |