Административна зграда на ЕЛЕМ на ул. Македонија |
Post Reply | Page <1234 10> |
Author | |||
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #21 Posted: 23-Feb-2012 at 22:01 | ||
Имаше овде уште некој пост, но можеби и подобро што исчезна..
Инаку @ Petar: јас апсолутно посакувам да имаме барем некое странско студио кое би изградило некој објект, а уште подобро - би изработило некој урбанистички план. Со ова не мислам дека треба да им се даде секој можен проект, но нивниот влез на пазарот би резултирало со ангажирање локални соработници, можеби и цели фирми, и би водело до размена на искуства - најнормална работа секаде во светот.. А во врска со објектов, мислам дека на сите што не им се допаѓа неговата големина треба да ги упатат критиките до ДУП, можеби и неговите изработувачи, но најмногу нарачателите на планот - што и доведе до условите во конкурсот за идејно решение (добро би било ако може да ги добиеме на форумов). Имаше во друга нишка дебата околу овој план, протестираа граѓани, но сето тоа беше гледано од многумина (не толку на форумов, колку од политичарите) како „маалски“ проблем.. Edited by mladen_s - 23-Feb-2012 at 22:05 |
|||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #22 Posted: 23-Feb-2012 at 22:34 | ||
мене искрено ми се свиѓа објектов,а некако ми делува `јапонски` со тие висечи градини.а дали треба или не да се гради на место на парк е друга тема.денес гледам е модерно да се стави некој црвен детал на фасадата иако не е таа основната боја.и покрај големината објектов ми изгледа разигран.овој објект поубав од модерните ми е само Сан марко
|
|||
Petar
Senior Member Joined: 09-Nov-2011 Online Status: Offline Posts: 269 |
Quote Reply #23 Posted: 23-Feb-2012 at 22:54 | ||
Mene sto ne mi se dopagja e kosata staklena fasada. Ja napravija na eden objekt i sega sekade ja koristat... a izgleda eftino i prosto...
Da ke bese dobro da mozea da sorabotuvaat so nekoj iskusen dizajner, pa barem da im dizajnira nesto specificno i unikatno... a vaka neznam. Mora da se tesime so "moze da izgleda i poloso"... |
|||
vlatko.mk
Senior Member Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
Quote Reply #24 Posted: 23-Feb-2012 at 23:13 | ||
Проектов за зградава изгледа навистина добро - но што му фали на ЕЛЕМ во зградата на ЕВН - во време кога увезуваме скапа струја и кога ЕЛЕМ 2 години по ред бара зголемување на цената на струјата инвестира милиони евра во деловен простор наместо во некој призводствен капацитет. Ова воопшто нема логика - уште повеќе што граѓаните се против измените на деталниот урбанистички план за таа локација.
Но ако сепак ЕЛЕМ инсистира да го изгради објектот тогаш неговата вредност никако несмее да влезе во пресметката на цената на струјата за 2013. Како и да е - да се задржам на објектот - ми се допаѓа тоа што можеби за прв пат при изградба на еден ваков голем деловен објект се посветува сериозно внимание на енергетскаа ефикасност бидејќи енергетските компании треба да им дадат пример на граѓаните како се штеди енергија. Околу стаклената фасада - па можеби е и најсоодветно и логично решение вака - претпоставувам со новите мегаобјекти над јужен, рамстор и околните објекти ова би бил соверемениот "downtown" на Скопје. |
|||
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply #25 Posted: 23-Feb-2012 at 23:57 | ||
енергетската ефикасност на објктот е за поздравување, инаку од аспект на дизајн и изглед, ептен е просечен, нема баш многу иновативност, а естетиката е скоро сведена на минимум.
|
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #26 Posted: 24-Feb-2012 at 00:11 | ||
III.3) Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти: - почитување на општи архитектонско урбанистички услови - почитување на пропишаните стандарди и нормативи - потполно задоволување на условите од Конкурсот - целосна застапеност на програмската содржина - креативност и инвентивност на понудените решенија - оргиналност - успешност во воспоставувањето на новиот архитектонски контекст и дооформување на постоечкиот - функционална и просторна структуираност како одговор на содржинските и функционалните барања на распишувачот - форма како јасна експресија на структурата, содржината и значењето на темата - изводливост - економичност - објектот да е проектиран во стилот на класицизам
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=108284#108284 ---------------------------------------------------------------------- Овој конкурсен труд го гледам како обид на авторите да го свртат вниманието на јавноста кон битни теми и вредности. Со тоа што свесно се одело контра натурањето на „класицизам“ во конкурсните критериуми, јасно било дека нема никакви шанси да биде избрано ова решение. Наместо „класицизам“, како антитеза понуден е објект кој промовира максимална енергетска ефикасност и еколошки критериуми. Доколку сум во право, би сакал да им честитам на авторите за таквиот потег. Од естетска гледна точка екстериерот не е баш по мој вкус, но ставено во контекст на целава работа, тоа во случајов е маргинално прашање. Ме радува и тоа што идејата за понирање на сегмент од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и оформување на плоштад пред старата железничка станица и нејзино поврзување со централната пешачка зона, има приврзаници. Оваа идеја беше повеќе пати актуелизирана на форумов, но мислев дека за нејзе нема поширок интерес. Како што спомна pbanks, работата треба да се гледа и во поширок контекст, односно треба да се земе во предвид и тесното грло на улицата Даме Груев. Скициве подолу не кореспондираат комплетно со најновите урбанистички планови, но во делот што е од интерес во оваа нишка, потполно се адекватни:
Edited by Cloverstack - 24-Feb-2012 at 00:29 |
|||
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #27 Posted: 24-Feb-2012 at 00:25 | ||
Најголем проблем е што кај нас урбанистичкиот конкурс стана непостоечка категорија.. Инаку, кога мислев на условите од конкурсот, не мислев толку на критериумите колку на проектната програма.. Ако воопшто била дадена? Или само се побарало максимално искористување на површините? Или само се нарачал класицизам? Многу ме интересира дали и „стилските“ решенија на оваа локација ќе бидат продадени со етикета „Старо Скопје“, бидејќи на ова место никогаш и немало објект, што може да се види од сите можни карти, планови и фотографии. Воедно, „Плоштадот на Солидарноста“ бил конкурсно барање во 1963-та, па идејата за понирање е сосема логична и се надоврзува. Проблемот е што со постојниве планови тешко може да се зборува за плоштад.. Проектите на Ајвар постојано ја потенцираат таа идеја (како што еден од архитектите и лично напиша погоре), ама како тргнало, на крај ќе треба да се нарече „Ќоше на солидарноста“.. Edited by mladen_s - 24-Feb-2012 at 00:27 |
|||
Ranco
Newbiе Joined: 23-Feb-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #28 Posted: 24-Feb-2012 at 10:22 | ||
Edited by Ranco - 24-Feb-2012 at 10:30 |
|||
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #29 Posted: 24-Feb-2012 at 10:34 | ||
Е ова е интересен, разигран предлог за објект, уште задниот дел од објектот наместо сводови да имал малку поинакво поимагинативно решение во склад со предниот дел и ветерницата навистина би почнал да наликува на она нешто што имам можност да го видам а е дела од денешната архитектура која се користи во развиените попрогресивни земји.
|
|||
xnx
Senior Member Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
Quote Reply #30 Posted: 13-Mar-2012 at 12:38 | ||
mene mi e veke preku glava od toa arhitektite sakajki da gi zadovolat pravilata na konkursot i voedno da bidat moderni pravat mesavina od star objekt i staklo... zosto sekogas moderna arhitektura se povrzuva so staklo? koja decenija e ova?
spored mene tuka( i vo celiot mal ring) ubavo bi stoel nekoj miren objekt so klasicna raspored na elementite no so moderen izraz... nenametliv, smiren, koj sto nema da blesti so razni formi, boi i materijali tuku ke mu dade na prostorot (vo slucajov hotel bristol) da dise... tipicen primer spored mene za uspesen objekt vo staro gratsko jadro e novata zgrada koja neodamna se izgradi vo srceto na viena, koja bese izbrana bas zaradi svojata ednostavnost, elegancija i nenametlivost: Edited by xnx - 14-Mar-2012 at 13:40 |
|||
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #31 Posted: 13-Mar-2012 at 19:29 | ||
Потпис. |
|||
oTeget
Newbiе Joined: 09-Nov-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #32 Posted: 07-May-2012 at 00:18 | ||
Мене зградава ми е симпатична А мислам би била и повеќе симпатична ако тие деловите со прозорци не делуваа толку студено. Тоа сивото алукобонд ли е? Плоштадот е одлична, ама стварно одлична идеја |
|||
Block
Senior Member БАНИРАН Joined: 18-Dec-2011 Location: Карпошово Online Status: Offline Posts: 377 |
Quote Reply #33 Posted: 07-May-2012 at 13:52 | ||
Edited by Block - 24-May-2012 at 11:07 |
|||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #34 Posted: 18-May-2012 at 19:19 | ||
Од некои членови на ССЦ:
И од фан на ск2014 нали:
|
|||
23ka.wordpress.com
|
|||
Block
Senior Member БАНИРАН Joined: 18-Dec-2011 Location: Карпошово Online Status: Offline Posts: 377 |
Quote Reply #35 Posted: 08-Jul-2012 at 21:49 | ||
Кога ќе почне да се гради?
|
|||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #36 Posted: 08-Jul-2012 at 22:12 | ||
Според официјалните информации од ЕЛЕМ, сеуште раководството е во фаза на избор на идејните решенија. Најверојатно ќе се оди со микс од четирите победнички архитектонски труда, но тоа нема да се одлучи пред септември. Потоа доаѓа процедурите за проекти и избор на компанија за градење, така што си земам за слободно да прокоментирам дека би било најрано во пролетта 2013 година. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #37 Posted: 19-Oct-2012 at 23:32 | ||
|
|||
Ines
Newbiе Joined: 02-Oct-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #38 Posted: 22-Oct-2012 at 11:31 | ||
Сеуште неможам да разберам зошто мора ама баш во Центар сите овие да се напикаат и да го уништат последното зеленило во овој реон...срамота...
|
|||
mirko
Newbiе Joined: 04-Aug-2011 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 12 |
Quote Reply #39 Posted: 22-Oct-2012 at 14:24 | ||
zapnale lugeto down town da praat . toa ti e copy paste na ponesto sto videle po svetov
Edited by mirko - 22-Oct-2012 at 14:25 |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #40 Posted: 22-Oct-2012 at 14:33 | ||
Се е тоа фино, но можеше да ги користат бројните неизградени парцели во центарот на градот и ефектно да го зголемат down town-от, наместо да масакрираат прекрасно оформени урбани целини. Ова мало паркче не требаше да се чепка ни под разно. |
|||
Post Reply | Page <1234 10> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |