Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#21 Posted: 23-Dec-2009 at 19:41 |
Еве за зградата за која не информираше myMacedonia
Привршува изградбата на социјалната зграда во Кичево |
|
|
Социјалната
зграда во Кичево, која започна да се гради во февруари, ќе биде
завршена во договорениот рок од дванаесет месеци. Новите 32 стана се
очекува на пролет да им бидат предадени на идните корисници |
|
|
|
 |
|
-
Поголем број од работите на објектот се завршени, зградата е покриена,
па надворешните влијанија нема да ги попречуваат тековните работи -
вели Добре Цветаноски, раководител на подрачната единица на ЈП за
станбен и деловен простор за Кичево.
Во моментов се изведуваат
занаетчиските работи, се монтираат санитаријата и електричната
инсталација и, како што вели Цветаноски, доколку не се појават
непланирани проблеми, зградата ќе биде завршена и во предвидениот рок.
Становите се со површина од 35 до 45 квадратни метри, а освен
станбениот простор, овој објект ќе има и девет деловни единици, кои ќе
се издаваат под наем, со што ќе се обезбедат средства за тековно
одржување на зградата.
- По завршувањето на оваа зграда, во
текот на летото планираме и изградба на трет објект за социјално
загрозени семејства и млади брачни двојки - најави Цветаноски. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12239104633&id=9&prilog=0&setIzdanie=21869
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#22 Posted: 15-Jan-2010 at 20:41 |
Инвестиција на ЈПССДП непосредно пред средното хемиско училиште. Ми се виде замашна парцелата па сликнав 1  2  3
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#23 Posted: 03-Feb-2010 at 01:44 |
Еве ги тие социјалните станови. Добро изгледа зградата.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#24 Posted: 03-Feb-2010 at 02:00 |

| City: | Скопје |
| Country/Primary Location: | Македонија |
| Object Name: | Социјални Станови |
| By-line: | Филип Поповски |
| Credit: | Филип Поповски/Макфакс |
| Special Instructions: | ВО ЦЕЛОСТ ДА СЕ ОБЈАВИ ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО НА ФОТОГРАФОТ И ИМЕТО НА АГЕНЦИЈАТА |
| Copyright Notice: | МАКФАКС |
|
Edited by La Linea - 03-Feb-2010 at 02:01
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#25 Posted: 28-Feb-2010 at 10:32 |
Нова социјална зграда,
со 30 станови, во Кавадарци.
Веднаш до градскиот кеј, во центарот
на Кавадарци, вчера попладне беше поставен камен темелникот на
социјалната зграда.
Објектот ќе има 4 ката и подпокрив со 30
станови наменети за деца без родители кои израснале во домови,
корисници на социјална парична помош како и на хендикепирани лица
корисници на парична помош.
Во присуство на митрополитит Повардарски
господин Агатангел, камен темелникот на социјалната зграда, го
поставија првите луѓе на министерството за транспорт и врски и на ЈП за
стамбен и деловен простор.
„ Продолжуваме со зголемен интензитет на
изградба на вакви станови, за да им помогнеме на што поголем број на
граѓани, кои не се во можност да си обезбедат основни услови за живот.
Наредниот месец ќе започне изградбата на социјалните згради во Кичево,
Охрид и Битола а до крајот на годината и во останатите градови," рече
директорот на ЈП за стамбен и деловен простор Ивица Конески.
Во изградбата на зградата Владата ќе
вложи 50 милиони денари. Таа ќе биде готова до крајот на годината, а
становите ќе бидат распределени по електронски пат од страна на
министерството.
„ Ова е само дел од владиниот проект за
изградба на 2500 станови. До 2011 година целосно треба да се реализира
програмата на владата за изградба на социјални станови за различни
категории на граѓани", рече министерот Миле Јанакиески.
На новинарско прашање зошто се
поставуваат камен темелници пред избори министерот за транспорт и врски
одговори дека станувало збор за реализација на тековни активности на
Владата. Јанакиевски рече дека овие проекти биле планирани уште во 2006
година како дел од програмата на Владата за што таа ја добила довербата
од народот.
http://www.lisica.mk/statija/2629
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#26 Posted: 15-Mar-2010 at 03:47 |
Изградба на 1.708 социјални станови
Рамковен
договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на
социјално ранливи групи во износ од 25.350.000 евра потпишаа вчера
вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и Рафаел Аломар,
гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ).
Како што соопшти Министерството за финансии, координатор на проектот
ќе биде Министерството за транспорт и врски, а имплементацијата ќе ја
врши Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор
на РМ. Државата ќе учествува во реализацијата на овој проект со
25.350.000 евра буџетски средства, а вкупниот износ на Проектот е 50,7
милиони евра.
Преку Проектот ќе се засилат социјалната политика и борбата против
сиромаштијата, со зголемување на квалитетот на живот на овие лица со
обезбедување на нивно соодветно домување. Неговата имплементација
започна во 2007 година, а се очекува истиот да заврши до јуни 2013
година. Предвидено е да се изградат 37 згради со вкупно 1.708 станови
во 19 града во земјва.
Дефинирани се шест целни групи, кои ќе бидат подобни да ги користат
овие станови: деца без родители над 18 години, невработени лица и
лица-корисници на социјална помош, жители на региони погодени од
природни катастрофи, инвалидизирани лица или домаќинства кои имаат
инвалидизирано лице, социјално загрозени лица припадници на ромската
популација и самохрани родители со малолетни деца.
Рокот за отплата на заемот ќе се утврдува за секоја транша одделно,
при што рокот на отплата може да биде до 20 години вклучувајќи грејс
период до пет години.
http://vecer.com.mk/?ItemID=196264F02A3C94499E6AEBC6DDC27279 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#27 Posted: 26-Mar-2010 at 19:14 |
Станови за млади брачни парови и самохрани родители
Кој прв ќе аплицира ќе добие стан. Ова е еден од критериумите наменет за станови за млади брачни парови и самохрани родители.
Јавното
претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во среда ќе
објави оглас со сите потребни документи за аплицирање.
Оние лица што ќе аплицираат не смеат да поседуваат движен и
недвижен имот. Односно не е дозволено да имаат ниту кола на свое име.
Исто така претпријатието бара старосна граница на сопружниците да биде до 38 години, а годините на брак до 8 години.
За самохрани родители предност ќе биде бројот на деца.
Становите ќе се продаваат по пониска од просечната цена односно по 760 евра за квадрадетен метар.
Овој пат на продажба ќе бидат дадени околу 40-тина станови во
скопската населба Лисиче. Од нив 12 ќе бидат за самохрани родители, а
остатокот за млади брачни парови. http://www.time.mk/read/NONE/a9ca1e096d/index.html
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#28 Posted: 29-Mar-2010 at 18:19 |
Предаден во употреба станбен објект со социјални
станови во Кочани
Кочани, 29 март
Во населбата Драчевик во Кочани денеска беше предаден во употреба
станбениот објект на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и
деловен простор на Република Македонија, наманет за лица кои примаат
социјална помош. Вкупната станбена површина изнесува 1.136 метри
квадратни и располага со 29 стана.

Објектот го предаде во употреба премиерот Никола Груевски кој истакна
дека за изградба на оваа зграда беа издвоени околу 40 милиони денари или
околу 650.000 евра и оти таа заедно со зградите кои се веќе предадени
во употреба во Скопје, Македонска Каменица и оние што ќе се градат и
наскоро ќе се пуштат во употреба во Битола, Кавадарци, Охрид, Крива
Паланка и Штип се дел од големит проект на Владата за изградба на 2.500
станови наменети за лица приматели на социјална помош, станови за млади
брачни парови, станови за лица со ниски примања, станови за деца
излезени од домовите за деца без родители, како и станови за
комерцијална положба.
- Капиталниот објект во чии рамки беше изградена и оваа социјална зграда
е вистински одраз на нашите заложби да им се помогне на што поголем
број граѓани кои поради својата социјална положба се наоѓаат во една
незавидна ситуација и неможност да го решат своето станбено прашање,
истакна премиерот Груевски кој додаде дека изградбата на овие станови не
предвидува само социјален ефект и подадена рака на оние на кои им е
најпотребна, туку тој го стимулира и градежнит сектор кој е еден од
најважните економски двигатели на македонската економија.
Според Владимир Бахчовановски, директор на ЈПССДП, со годишната Програма
за изградба и одржување на станбениот простор за 2010 година во
сопственост на Република Македонија предвидено е изградба на вкупно
1.753 стана од оваа категорија. Досега се завршени и предадени во
употреба и вселени два станбени објекта во Скопје, по еден во Македонска
Каменица, Кичево, Крива Паланка, Кавадарци и Кочани. Во градба се
објекти во Штип, Битола и Охрид со вкупно 240 стана. До крајот на оваа
година се очекува да се започне со изградба на станбени објекти во
Берово и Гевгелија со 73 стана.
|
http://vlada.mk/?q=node/5219
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#29 Posted: 17-Apr-2010 at 13:55 |
Транспорт: Оглас за 208 социјални станови
Министерството за
транспорт и врски денес објавило јавен оглас за распределба на 208
социјални станови. Предмет на распределба ќе бидат 71 социјален стан во
Охрид, 46 во Крива Паланка, 30 станови во Кавадарци,Кичево 32 и 29
станови во Кочани.
За становите ќе можат да конкурираат деца без родители или родителска
грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле
згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без
родители, корисници на социјална или постојана парична помош, лица
погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус
на нивните постојни (примарни) живеалишта, инвалидни лица и лица на кои
им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со
инвалидизирани лица, лица припадници на Ромската заедница кои се
социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца.
Потребната документација заинтересираните лица треба да ја поднесуваат
до Меѓуопштинските центри за социјална работа во рок од 30 дена од денот
на објавувањето на огласот. За лицата кои не се во можност сами да ја
комплетираат потребната документација, Меѓуопштинските центри за
социјални работи ќе ја обезбедат потребната помош за обезбедување на
целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.
Од транспорт сооппштуваат дека социјалните станови ќе бидат распределени
по електронски пат.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=70945&kategorija=1
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#30 Posted: 23-Apr-2010 at 14:13 |
Доделени 17 социјални станови во Тетово23 април 2010, 14:53 Извор: Макфакс
Тетово
Седумнаесет семејства од Тетово денеска ги добија клучевите од
социјалните станови, што им ги додели тетовската подружница на Јавното
претпријатие за станбен и деловен простор. Становите се со
површина од 40 до 70 метри квадратни, а за нив корисниците ќе плаќаат
минимална месечна кирија од 20 до 30 евра. На конкурсот објавен
уште во 2007. година биле пријавени 140 кандидати за 21 стан. Четири
стана биле претходно доделени. Според директорот на подружницата
на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор Илир Камбери, во
подготовка е процедурата за изградба на 50, односно 70 нови станови во
Тетово и Гостивар. Овој проект треба да се реализира во 2011. година.
Овие станови ќе бидат наменети за лица со ниски приходи, самохрани
родители, социјални случаи, семејства со деца со пречки во развојот и
други критериуми утврдени од надлежните министерства. /крај/сс/ст
< = < =
http://www.makfax.com.mk/#105498
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#31 Posted: 26-May-2010 at 16:21 |
Во Струмица ќе се гради уште една зграда со социјални
станови
 Струмица – Во Струмица годинава ќе почне
изградбата на уште една станбена зграда наменета за млади брачни парови,
самохрани мајки и граѓани кои добиваат социјална помош од државата.
Реализацијата на овој проект на Министерството за транспорт и врски ќе
почне веднаш по добивањето одобрение за градба од Секторот за урбанизам
при општина Струмица.
Од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор велат дека идните
станари ќе можат да конкурираат откако зградата ќе биде вселива, а
изборот ќе биде направен по електронски пат за да се избегнат човечкиот
фактор и сомнежот за нерегуларно доделување на становите.
Со оваа втора по ред станбена зграда за социјални случаи во Струмица,
државата ќе им помогне на уште 40 загрозени семејства најбезболно да го
решат станбеното прашање.(МИА)
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2127&Itemid=125
|
 |
davce99
Newbiе
Joined: 17-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#32 Posted: 28-May-2010 at 18:05 |
Zdravo dechki dali e vozmozno da se najde proektot za zgradite vo novo lisice koi se nameneti za maldi bracni parovi?
Pozdrav
Edited by davce99 - 28-May-2010 at 18:06
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#33 Posted: 05-Jun-2010 at 09:04 |
Пуштена во употреба зградата со социјални станови |
|
|
|
Петок, 16 Април 2010 16:23 |
Во Кавадарци денеска е пуштена во употреба
првата зграда за лица приматели на социјална помош со што вкупно 30
семејства од овој град го решија своето станбено прашање. Станбениот
објект е со површина од 1.230 метри квадратни и брои вкупно 30 станови, а
вредноста на објектот изнесува 54 милиони денари односно околу 900
илјади евра средства обезбедени од буџетот на државата, рече премиерот
Никола Груевски денеска на пуштањето во употреба на овој станбен објект.
Изградба на оваа зграда е дел од големиот проект на Владата за
изградба на 2.500 социјални станови, за млади брачни парови, за лица
излезени од домовите за деца без родители, како и станови за
комерцијална продажба под поволни услови.
“Со тоа Владата продолжува со политиките и проектите за
решавање на станбеното прашање на своите граѓани особено на оние
категории кои имаат потешкотии во однос на решавањето на ова прашање.
Доказ за тоа се досега изградените згради со социјални станови во
Скопје, Македонска Каменица и Кочани како и станбените објекти во Охрид,
Крива Паланка, Кичево и Битола кои се очекува следните месеци да бидат
пуштени во употреба, рече Груевски.
Тој подвлече дека во Кавадарци веќе е пуштен еден станбен
објект со станови за комерцијална продажба со поповолни услови и најави
дека во иднина во рамките на овој комплекс е планирано да почне со
изградба на уште една зграда со станови за комерцијална употреба.
АНГЕЛ ДАНОВ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#34 Posted: 24-Jun-2010 at 19:24 |
Од утре ќе се распределуваат социјалните
станови
Напишано од Марина Узунов
|
Четврток, 24 Јуни 2010 09:22 |
За социјални станови конкурираат само оние кои
имаат пари обвинува Ивица Младенов од невладината Хоризонт Македонија.
Тој вели дека владата не е рамноправна кон социјалните случаи кога
распишува конкурс за распределба на социјални станови.
Од ресорното министерство ги отфрлаат
обвинувањата.„ Обвинувањата се за 2004, а тогаш министер не беше Миле
Јанакиевски“ изјави портпаролот Драган Симоновски.
Распределбата на становите и годинава ќе биде
јавно и по електронски пат.
http://www.kanal77.com.mk |
Edited by Makedonij - 19-Jul-2010 at 18:34
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#35 Posted: 25-Jun-2010 at 15:58 |
ЌЕ СЕ
УРИВААТ БАРАКИТЕ
Бутел
ќе добие нова зграда
На локацијата каде
што се наоѓа седиштето на Општина Бутел, ќе се градат социјални станови,
па вработените во општината ќе мораат до ноември да ги напуштат
просториите, рече градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, на
вчерашната седница на Советот на Општината. Општинската зграда ќе се
гради со средства од буџетот на Општината, за која е планирано да се
издвојат дваесет милиони денари, а 800.000 денари ќе чини изработката на
проектот. Исто така, со финансиска поддршка и во соработка со
Министерството за култура ќе се одвојат седум милиони денари за изградба
на споменик на писателот Никола Јонков Вапцаров, кој ќе се наоѓа во
паркот „Живко Брајковски“. На сметка на ова ќе се скратат парите за дел
од претходно предвидените проекти, главно од комуналната сфера. Така,
место два милиона денари за изградба на фекална канализација во селото
Љубанци, со измените на општинскиот буџет се предвидуваат 500.000
денари. Намален е износот и за истата намена во село Радишани. Од
предвидените еден милион денари за изградба на водоводна мрежа во село
Љуботен, со намалувањето на буџетот се предвидени 500.000 денари.
Проектот, во кој е предвидена рехабилитација и реконструкција на
локалната мрежа, ќе се реализира на три локални патни правци, од кои се
завршени патните правци од село Бутел до населено место Љуботенски Пат, а
ќе се реализираат патни правци село Визбегово -Шуто Оризари, и
Кучевишка Бара - Чучер Сандево - Сандево.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2053&ArticleID=143351
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#36 Posted: 19-Jul-2010 at 09:20 |
lugje, nema sliki od socialnata zgrada vo kicevo(barem od mene ne) posto mobilniot telefon mi go ukradoa.   ama sakam samo da kazam deka e nekvalitetno raboteno, i fasadata brso kje i padne!
imav recisi 120 fotki samo za forumov (eden od tie kje bese dokumentarot za krusino)
ako ve razocarav togas sorry 
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#37 Posted: 19-Jul-2010 at 09:47 |
 Немај гајле ММ, ќе има и друг пат
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#38 Posted: 19-Jul-2010 at 18:35 |
Премиерот со скоро цела Влада на средба со граѓаните во Пробиштип

Во своето обраќање премиерот Груевски на пробиштипјани им најави
изградба на две згради со вкупно 96 социјални станови, од кои едната ќе
почне со градба во октомври 2010 година, а другата во 2011 година и во
соработка со општина Пробиштип изградба на општински патишта. На
трибината заедно со Премиерот и министрите во Владата на РМ беа и
градоначалникот Тони Тоневски и Ранко Давитков, претседателот на Совет
на општина Пробиштип. http://www.probistip.gov.mk
Edited by Makedonij - 19-Jul-2010 at 18:36
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#39 Posted: 22-Jul-2010 at 20:01 |
СКАНДАЛОЗНО
ПРОФИТЕРСТВО - УШТЕ НЕПЛАТЕНИ, ПОСКАПО СЕ ПРЕПРОДАВААТ ДРЖАВНО
СУБВЕНЦИОНИРАНИТЕ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ
28.000 евра ќар од социјален
стан
Дел од брачните двојки
кои ги добија становите по повластена цена од државата за 750 евра по
квадратен метар, сега ги продаваат за 1.200 евра
Становите за млади брачни парови и за самохрани родители
почнаа да се препродаваат. Не помина ниту еден месец откако Владата
ги распредели становите во скопската населба Ново Лисиче, а на
пазарот на недвижности тие сега се нудат за многу повисоки цени. Дел
од брачните двојки кои ги добија становите по повластена цена од
државата за 750 евра по квадратен метар, сега ги продаваат за 1.200
евра. Шемата е веќе добро разработена. Со препродажбата на еден
стан, во зависност од квадратурата, се заработуваат околу 28.000 евра.
На огласот, на кој се јави "Вест", ни беше кажано дека станот е 72
квадратни метра и чини 88.000 евра. "Јас во Јавното претпријатие за
стопанисување со станбен и деловен простор морам да платам 60.000 евра
до 15 август зашто, во спротивно, ќе го изгубам. Вие, ако сте
заинтересирани, ќе мора да направиме договор на нотар и однапред да ми
го платите станот. За два-три дена јас ќе ги добијам документите и ќе
го префрлам на ваше име", ни рече лицето по телефон. Министерството
за транспорт и врски во јуни годинава подели 41 стан во Скопје.
Интересот беше огромен, зашто за еден стан аплицираа по шест брачни
парови или вкупно 244 апликанти. При распределбата на становите
предност имаа оние брачни парови кои имаа повеќе пари. 44 бода се
добиваше ако кандидатот е подготвен да го плати станот во готово, а
останатите 56 бода се добиваа од бројот на децата и годините во брак. Во
просек, становите чинеа околу 45.000 евра. При аплицирањето
Министерството за транспорт и врски не бараше банкарска гаранција за
парите кои кандидатите тврдат дека ги имаат. Во Министерството вчера
изјавија дека критериумите за распределба на станови се донесени со
одлука на Влада, и не е забрането лицата кои добиле станови понатаму
да ги препродаваат. "Согласно Уставот на Република Македонија,
сопственоста е загарантирана. А лицата што веќе склучиле договор, нема
да можат да аплицираат по вторпат за купување стан", објаснуваат од
Министерството. Кога беше најавена изградбата на зградите со станови
за млади брачни двојки, и министерот Јанакиески и премиерот Груевски
во неколку наврати изјавуваа дека целта на Владата е да им помогне да
го решат станбеното прашање на младите брачни двојки кои не можат да
дојдат до стан по пазарна цена, но и да влијаат врз намалување на цените
на становите. Владата веќе распиша уште еден конкурс за продажба
на нови 56 станови во истата населба, а до крајот на 2012 година во
Скопје, Охрид и во Велес ќе бидат изградени уште три згради со 139
станови, наменети за продажба за млади брачни двојки и самохрани
родители. Државата подолго време не градеше станови за млади
брачни двојки. Првите вакви субвенционирани од државата станови се
изградија во времето на Владата на Љубчо Георгиевски.
Р.Фотиновска
|
http://vest.com.mk/?ItemID=6BDE5FADE5B0D848808C1BB21F65E4D9
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#40 Posted: 22-Jul-2010 at 20:09 |
  Особено сум изненаден од ова:
Во Министерството вчера изјавија дека критериумите за распределба на
станови се донесени со одлука на Влада, и не е забрането лицата кои
добиле станови понатаму да ги препродаваат. |
Која е побогу поентата на социјалните станови? Да се помогне за да се реши станбеното прашање на оние кои не можат да си го решат сами под пазарни услови, или на некои да им се овозможат профитабилни зделки со недвижности?!? Па уште се повикуваат на уставот, правото на сопственост било загарантирано  Смешно! Кога ќе си купат стан по пазарни услови, тогаш ќе им биде загарантирано, а кога го добиваат со субвенции, мора да има услови!!! Мора да се регулира оние кои ќе добијат социјален стан да не можат да го продаваат ниту изнајмуваат еден солидно долг период.
Edited by Cloverstack - 22-Jul-2010 at 20:10
|
 |