Железничка алијанса на Југосферата |
Post Reply | Page <123> |
Author | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4089 |
Quote Reply #21 Posted: 11-Sep-2010 at 12:37 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
so iznajmuvanje na infrastrukturata vo mk, cij budzet kje se polni?budzetot od MZ zeleznici ili ona od vladata?
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Swimmer
Senior Member Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
Quote Reply #22 Posted: 11-Sep-2010 at 12:39 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Помина ли возот за Македонија? „Македонски железници“ допрва ќе одлучува каков договор ќе потпишe со новата компанија „Карго 10“ Соња Маџовска |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #23 Posted: 14-Sep-2010 at 09:09 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Незнам зошто се ставаме во ваква сервилна ситуација. Од една страна секогаш ни е полна устата за тоа како МК има стратешка позиција на балканот и се мора да помине преку нас. Од друга страна, дозволуваме некој друг да ги диктира правилата на коридор 10 (каде физички неможе да сме заобиколени) а ние да земаме само некакви трошки од тоа во функција на набљудувачи.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #24 Posted: 14-Sep-2010 at 09:53 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
http://tocka.com.mk/index12.php?ID=19533 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #25 Posted: 14-Sep-2010 at 18:00 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Коридор 10 е врска на северот со истокот или Европа со Турција т.е во овој случај Словенија Хрватска Србија преку Димитровград кон Истанбул. Делот кој иде преку Македонија кон Солун и Атина е далеку со помало бруто превезена стока, така да и не е „атрактивен“.
Е сега, нашиот интерес во алиансата „Карго 10“, треба да влеземе со одреден капитал за финансирање на тоа АД и потоа да го делиме профитот, кој од горе наведеното е минимален. Друго факт е дека премала територија сме, така да со споразумот би било поисплатливо да една пр. словенска или хрватска локомотива протрча и нис наша територија за да се ушеди, а за тоа делот од профитот повторно кај друг. И на крај за овој краток осврт, сеедно што сме вон таа алианса ако тргне некој карго накај Солун сепак ќе мора да платат за тој премин како што и денеска функционира. И останува на крај убрзувањето на овој коридор која е и основната идеја на овој проект. Него само медјудржавните споразуми и процедури можат да го убрзат а не железницата, кое исто важи како за товарниот така и за патничкиот со заедничка длабинска царина, синхронизација на транспортот и т.н. Така да помпезната вест дека сме вон алиансата буквално не е ништо важно, а со влез на сите земји во ЕУ станува ирелевантно со влезот на далеку поголеми карго претпријатија. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #26 Posted: 14-Sep-2010 at 21:26 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
МЖ - Транспорт се приклучи кон Алијансата - Карго 10Македонски железници - Транспорт се приклучија на Алијансата на железници на Коридорот 10 - Карго 10 во која учествуваат и железничките претпријатија од Србија, Хрватска, Словенија и Република Српска. Одлуката за пристапување на МЖ - Транспорт кон Алијансата, како што информираат од Хрватски железници, е донесена на денешниот состанок во Загреб на директорите на Хрватски железници, Словенечки железници, Железницата на Србија и Железницата на Република Српска. На состанокот, како што се посочува, за прв пат присуствувал и генералниот директор на Македонски железници - Транспорт Оливер Дерковски. - На состанокот е донесена одлука да се прифати пристапот на Македонскаи железници - Транспорт во Алијансата во согласност со Спогодбата од Опатија, а договорот за приклучување најверојатно ќе се потпише пред поаѓањето на првиот воз во организација на Алијансата што се планира за почетокот на идниот месец, велат од Хрватски железници и потсетуваат дека МЖ - Транспорт за првпат изразиле желба за вклучување во Алијансата. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #27 Posted: 15-Sep-2010 at 10:37 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мислам дека избрзавме со приклучувањето кон железничката алијанса.
Добар беше предлогот на г-динот Дерковски да бидеме набљудувачи на почетокот и да ги рентаме нашите пруги на оваа алијанса, со што ќе остваревме профит а немаше да вложиме ништо. Заедничкото претпријатие подразбира и вложување на секоја железница во локомотиви и теретни вагони во заедничкото претпријатие кои ќе возат долж целиот Коридор 10. Главното прашање е што тоа ние можеме да дадеме од локомотиви и товарни вагони кога имаме недостиг на машини во железничкиот сообраќај во моментов и дали ќе се јави проблем со нормалното одвивање на железничкиот сообраќај?! |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #28 Posted: 15-Sep-2010 at 17:11 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Како и да веќе се приклучивме, се надевам со одогловечувањето добивме некоја бенефиција.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Swimmer
Senior Member Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
Quote Reply #29 Posted: 15-Sep-2010 at 17:30 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Од каде сте толку сигурни дека се избрзало, можеби нешто се променило, созреала состојбата и се пристапило кон интеграција. Не верувам дека би прифатиле да бидеме во загуба. Па од тука, пред да разбереме нешто околу тоа што вложуваме, а што добиваме, колкави инвестиции треба да направиме, а колку ќе профитираме, да не критикуваме. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #30 Posted: 15-Sep-2010 at 20:57 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонски железници се приклучува на „Карго 10“среда, 15 септември 2010, 17:40Проектот за железничка Алијанса на бившите ЈУ републики беше договорен уште во мај во Опатија. Идејата е преку соработка на железниците транспорт долж коридорот 10 да се направи поефикасен и поекономичен. Ќе се олеснат царинските процедури, нема да има промени на локомотивите при влез од една во друга земја, со што драстично ќе се намали времетраењето на патувањето. Првиот воз стартува веќе на почетокот на октомври од Параќин во Србија до словенечко-италијанската граница. Според проценките, Хрватска, Србија и Словенија годишно од овој проект ќе профитираат по околу 50 милиони евра. Со оглед дека Македонија не се вклучи во сопственоста на Карго 10, профитот на земјава од овој бизнис ќе биде многу помал http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=37&eventid=27685 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #31 Posted: 15-Sep-2010 at 21:19 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владимир, свесен сум дека оваа алијанса е креирана со примарна цел да се парира на Бугарија-Романија-Унгарија во борба за каргото кон Турција. Сепак неможе да ги занемариме можностите на делот кон Грција и фактот дека трасата на К10 проаѓа низ нас (нешто што треба да е повеќе од доволно за да не сме во ист кош со ЦГ и БиХ). Само на таа карта требаше од старт да сме повеќе проактивни да влеземе како основачи во овој проект. Дури и делот кон Димитровград да е приоритет, зошто да ги немаме умешано прстите во сето тоа. Вака повторно се влегува на принципот „битно е да се учествува“, не научивме да сме поагресивни во бркањето на нашите интереси и ширење на влијанието. Алудирањето на СХС кое го прават многу медиуми можеби изгледа невкусно, но менталитетно, очилгедно не се променило премногу од тогаш. За крај, свесен сум дека овој пост нема врска со реалноста, во ситуација кога железницата е во мизерна состојба дома нема причина да очекувам дека ќе направи регионален пробив. Да се надеваме дека макар и ова „неосновачко“ учество во таа алијанса ќе ни донесе корист. Слично треба да се свестиме во врска со Коридор 8 (изградба и здружување со БГ и АЛ) да не не изеде Виа Игнација. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #32 Posted: 15-Sep-2010 at 22:14 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Еве да нафрлам некој мисли.
Ма потполно се слагам со тебе, но има една мало но, за да влеземе во алиансата или поточно кажано Акционерското друштво треба да влеземе и со пари и со опрема. За жал ни едното ни другото моментално го немаме за дома а камоли за надвор. - Значи ќе треба владата да одвои пари за нови современи товарни вагони кој (дај боже) ќе треба да трчаат по целиот коридор, и да бидат вон Македонија. Е сега кој ни е приоритетот во МК, највероватно процениле дека од ова ќе имаме корист.!? Од друга страна ЕУ стално кука регионална поврзаност, па најверовато ова е тоа, па се надевам и ова ќе го ценат, мада идејата е да им земеме од колачот!? Можда и чекањето било и тактично, да се издејствува нешто, незнам!? |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Swimmer
Senior Member Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
Quote Reply #33 Posted: 16-Sep-2010 at 01:39 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
МЖ станува дел од Алијансата Карго 10Автор: Маја Трајковска
15 септември 2010, 15:56
Извор: Макфакс / Хина
Вчера конечно се завршени преговорите и, колку што дознав, во рок од еден месец треба да се потпише договор за македонски железници да стане дел од Алијансата Карго 10, изјави премиерот Никола Груевски. „Би сакал да истакнам дека ова добро се заврши, како што посакувавме. По извесен период на преговори, македонската железница беше поканета да влезе во оваа група така што тоа ќе биде една придобивка за нашите железници и влегуваме во една група што има сериозни заеднички проекти за движење напред на железниците од овој регион“, рече Груевски. Како што вчера пренесе Хина, Хрватски железници во вторник попладне издале соопштениe во кое се наведува дека според потпишаното и договореното во Белград, во Загреб бил одржан состанок на претставниците на идната Алијанса Карго 10. На состанокот присуствувале ХЖ Карго, Словенечки железници, Железница на Србија, Железница на Република Српска, а првпат учествуваше и претставник на Македонски железници – Транспорт, директорот Оливер Дерковски, кој изрази желба и македонската компанија да се вклучи во Алијанса Карго 10. На состанокот била донесена одлука дека се прифаќа пристапувањето на Македонски железници на Алијансата, што е во согласност со Договорот од Опатија кој беше потпишан оваа пролет, а договорот за приклучувањето ќе се потпише најверојатно пред поаѓањето на првиот воз на Алијансата што според планираното треба да се случи на почетокот од октомври. Во соопштението на Хрватски железници се додава дека на состанокот во Загреб било нагласено дека групата е отворена за нови членки,кои ќе можат да се приклучат по склучување на договор за пристапување. Основата цел на Алијансата и на новата железничка компанија ќе биде оптимизацијата на деловниот процес во организација на товарниот железнички сообраќај. Edited by Swimmer - 16-Sep-2010 at 01:42 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #34 Posted: 16-Sep-2010 at 10:29 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дечки во моментов имаме 10-тина исправни електрични локомотиви, од кои 4-5 сигурно ни одат за патничките возови, а останатите на товарните возови, од каде ние ќе можеме да дадеме електролокомотиви за новото претпријатие за да се движат долж целиот коридор до Словенија?
Треба да ни стигнат нови 36 товарни вагони до крајот на годинава поради недостиг на вагони, а треба да дадеме од нив за Алијансата. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #35 Posted: 17-Sep-2010 at 21:11 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дневниот ред за седницата од 14-ти
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #36 Posted: 17-Sep-2010 at 21:58 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пак ништо не ми е јасно. Нели БИХ беа аутсајдери како и ние? Од каде сега од една страна искочија СЛО, ХР, СРБ и БИХ а од друга МК и ЦГ?
Edited by pbanks - 17-Sep-2010 at 22:17 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #37 Posted: 17-Sep-2010 at 22:12 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
За жал немаме доволно информации од кај нас, па вака наѓагаме, сето останато е новинарски пишувања.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #38 Posted: 18-Sep-2010 at 18:22 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Еве нешто повеќе
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #39 Posted: 18-Sep-2010 at 18:38 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
А како е оваа материја регулирана низ Европа? Стварно е крајно нелогично ова се менување локомотиви, па и вагони. Најдобра е комплетна либерализација на железничкиот простор како што тоа е за обични патнички возила.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #40 Posted: 18-Sep-2010 at 18:59 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сегдека во Европа-свет се работи на истиот начин - секоја држава своја локомотива.
Но, со споразум како овој нашиов Франција и Германија се договорија IC возовите ICE i TGV реципрочно да влегуваат до нивната крајна дестинација во соседната држава. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Post Reply | Page <123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |