build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 10-Oct-2014 at 23:03
Од водостанот `вруток` према шарките захфати ништо не функционира со години.целата инфраструктура е руинирана
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1137
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 11-Oct-2014 at 08:12

Може да објасниш попрецизно на кој дел мислиш (според називите на скиците)? Инаку многу е интересен системов, само не ми е јасно која е улогата на сифоните? Исфрлање на талог?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 11-Oct-2014 at 11:53
Сифоните имаат фунција да ја пренесат водата преку некои долови,пошто нели теренетот не е идеална надолнина и некаде мора водата да премине преку дол.Во такви случаеви мора помош од пумпа на најниската точка да водата ги искачи тие неопходните100-200 метри.Во вкупната пресметка на висината на највисоката кота на водата влегува од котата на езерото до котата на турбината.Попатните вакви сифони се загуба во цефководи.

Системот е замислен да се собери секоја капка вода од планините над Мавровското езеро како и од потоците на Шар планина.Тоа се прави со цефководи и најчесто отворени канали кои поради неодржување скоро поголемиот дел на Шар планина не се во фукција.Значи не се собира целата вода која можи да се собери.Некаде тие канали се скршени од тектонски пореметувања,некаде им навлегол корен од рво,некаде ги затрупала земја од нанос....

Ваквите цефководи и канали се над 150 км колку што се сеќавам од факс.

Функцијата на водостанот `Вруток` е да ја собира водата како во базен и со ветикален цефковод од 220 метри низ планината водата да ја донесе до влезот на турбините.Самите турбини и машинската хала се сместени 180 метри во длабината на утробата на планината.Внатре во самата планина е ископана машинската хала колку една спортска сала
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 11-Oct-2014 at 12:52
Здраво на сите форумџии Долго време го следам форумот, па после долго време решив да направам акаунт.

Пишувам на оваа тема бидејќи ми текна на едно предавање од професорот Методија Несторовски пред година време, кој ни објаснуваше за сите овие енергетски објекти за кои претходно е зборено. Професорот бил учесник во правењето на финансискиот дел на проектот.

За Чебрен и Галиште најголем проблем биле инвеститорите. Имало интерес од Кинезите, меѓутоа барале гаранција дека македонската влада ќе гарантира за минимално ниво на откупена струја. Имено периодот на враќање на инвестицијата би бил минимум 20 години. Според временските прогнози Македонија ја очекуваат посушни години, па така и Црна Река би имала помал капацитет. Професорот вика дека дури и да има посушни години, инвестицијата најверојатно би се вратила. Доколку не се најде приватен инвеститор веројатно од државни пари ќе се прави.

Во однос на Луково Поле, еден од најконтроверзните проекти, за кој голем број на невладини и еколошки организации се вклучија, направена е ревизија на основниот проект. Под притисок за заштита на националниот парк, односно животните, како што разбрав направен е поголем мост каде што би можел живиот свет да поминува( професорот се изрази за зајците да поминуваат ).

Во однос на Вардарска долина, ако се сеќавате имаше некои најави за да се направи Вардар пловен, па преку Катланово со канал да се поврзе со Србија. Идејата не е исплатлива ни на долг рок, со оглед на тоа што мали бродови ќе можат да поминуваат, а со тоа и помал товар да носат. Од тие причини, Македонија е решена стратешки да ја гради Вардарска долина, која со целата моќност на сите хидроцентрали, би ја намалила зависноста на увоз на струја. Интерес имало повторно од Кинезите.

Овие проекти се од стратешко значење за нашата земја и се надевам дека еднаш политичарите ќе ја гледаат големата слика, без да гледаат да купуваат политички поени со мали краткорочни проекти.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 735
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 11-Oct-2014 at 14:32

Село во Германија произведува 3 пати пвеќе струја отколку што му е потребно.



German Village Produces 321% More Energy Than It Needs!

http://inhabitat.com/german-village-produces-321-more-energy-than-it-needs/wildpoldsried-germany/?extend=1

Edited by nenad - 11-Oct-2014 at 14:33
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 24-Oct-2014 at 13:33

(Сликано тука)

Менуваат топловоди, или нешто поврзано со гасификација?

Исто така, ме интересира дали некој знае до каде се простираат топловодите во Скопје, и дали се меѓусебно поврзани со оглед на тоа дека има неколку топлани во Скопје? Знае некој на пример дали во Драчево или во Сарај има парно греење?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 24-Oct-2014 at 16:22
Сигурно нема парно во Драчево и Сарај. Парното завршува некаде кај мене (почеток на Ѓорче, околу пазарчето), изградена некаде пред десет години.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 06-Nov-2014 at 17:53
Со повеќе енергетски извори до поголема стабилност

Енергетичарите се согласни дека енергијата во денешни услови треба да ѝ биде приоритет на секоја држава, а за некои од учесниците на конференцијата енергетската обезбеденост е директно поврзана со безбедноста на државата.


Треба да се искористат и обновливите извори на енергија

Конференција за енергетска безбедност на Западен Балкан

Колку енергетската стабилност на една земја е поврзана и со нејзината безбедност и колкаво внимание треба да се посвети на снабдувањето со енергенти се само дел од прашањата за кои дебатираа учесниците на вчерашната конференција „Енергетска безбедност во Западен Балкан - политики и предизвици“. Енергетичарите се согласни дека енергијата во денешни услови треба да биде приоритет на секоја држава, а за некои од учесниците на конференцијата енергетската обезбеденост е директно поврзана со безбедноста на државата.

- Бидејќи за секој дел од животот на граѓаните е потребна енергија, а ја нема секаде во исти количества, светските сили се во трка за снабдување со енергија. Европската Унија го утна концептот за енергетска безбедност, бидејќи го темелеше само на снабдување. Сега, со порастот на Русија како важен фактор на полето на снабдувањето со гас, ги увидоа своите пропусти - вели професорот Методи Хаџи Јанев.
Претставникот на Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, Мартин Владимиров, истакна дека прашањето за „Јужен тек“ колку има економска природа, исто толку има и политичко и геостратегиско значење. Според него, поради немањето конкуренција на Балканот од друг снабдувач со гас, цените за овие земји се повисоки отколку во Германија и има простор за манипулации во трошокот за изградба на гасоводот.
- За да се зголеми енергетската безбедност треба да се зголемат и енергетските снабдувачи. Во Бугарија дури 60 отсто од граѓаните користат дрво или јаглен за греење, а кај нас прашањето е како да се гасифицира државата со помалку трошоци - истакна Владимиров.

Зависни од струја

За Македонија, според панелистите, е неопходно да се поврзе со повеќе снабдувачи на енергија и од различни извори за да не биде зависна од еден вид и еден доставувач. Во нашата земја доминира употребата на електрична енергија, што ја прави ранлива во случај на прекин со снабдувањето со овој енергент.
- Ние сме увозно зависна земја и околу 30 отсто од потрошената електрична енергија се увезени и од нив дел е за регулираниот, а дел за нерегулираниот пазар. Со изградбата на новите производствени капацитети очекуваме увозната зависност да се намали - истакна Марко Беслимовски од Регулаторната комисија за енергетика на Македонија.
Според Ана Стојиловска, која заедно со Андреја Богдановски е автор на трудот „Состојбата со енергетската (не)безбедност во Македонија“, земјава е ранлива на прекини на испораката на електрична енергија, која најмногу ја користат домаќинствата, а голем дел се користи и во индустријата.
- Дури 58 отсто од домаќинствата во Македонија користат електрична енергија за загревање, а секоја година се зголемува и увозот на електрична енергија, па можни прекини со снабдувањето би биле проблематични за енергетската безбедност на државата - рече Стојиловска.

Приклучок кон повеќе гасоводи

Според неа, Македонија треба да се фокусира на искористување на другите извори на енергија, поголем увоз на природен гас и искористување на обновливите извори на енергија, но и спроведување мерки за енергетска ефикасност и локални политики за гасификација.
- Македонија треба да се поврзе со повеќе гасоводи и на среден рок да го зголеми искористувањето на гасот преку постојниот гасовод и да го зголеми неговиот капацитет. Наедно, Македонија мора да го усогласи поврзувањето со гасоводот „Јужен тек“ со европската легислатива, но да размислува и за приклучување кон Трансјадранскиот гасовод - рече Стојиловска.

Според неа, клучно за енергетската безбедност на Македонија е да се спроведува енергетската стратегија и она што е предвидено во неа, како и да се формира Фондот за енергетска ефикасност, како една од клучните мерки за реализација на проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.
Конференцијата беше организирана од фондацијата „Конрад Аденауер Скопје“, во соработка со аналитика, како дел од програмата „Животна средина, енергија и климатски промени“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11614104133&id=10&prilog=0&setIzdanie=23315
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15194
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 21-Dec-2014 at 09:37
9,7 милиони евра за нов далновод кон Србија

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) отпочнува со активностите за изградба на новиот 400 – киловолтен далновод што ќе ја поврзе нашата земја со Србија. Оваа високонапонска врска ќе ги спои трансформаторските станици во Штип и во Врање. Вкупната должина на далноводот ќе биде 70 километри и ќе биде поставен на 168 челично – решеткасти столбови што ќе се протегаат до македонско – српската граница кај Куманово. Инвестициската вредност на овој проект е 9,7 милиони евра, информираат од МЕПСО. Финансиите се обезбедени од кредитна линија на Светската банка и од сопствени средства на државната компанија.

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска беше во работна посета на 400/110 kV трансформаторска станица Штип, каде што во моментов се врши монтажата на првиот столб на далноводот, со што и официјално започна остварувањето на првата фаза од проектот. За поставување на далноводот се избрани изведувачите „Енергомонтажа“ од Србија и „ЕЛ ТЕЛ Нетворк ТЕАБ“ од Шведска. Планираниот преносен вод е од големо стратешко и енергетско значење заради тоа што се воведува електроенергетска врска со Република Србија која ги зголемува капацитетите за пренос на електрична енергија и ја зголемува доверливоста на електроенергетските системи на регионално ниво.

http://www.build.mk/?p=41900
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 21-Dec-2014 at 12:18
Вакви проекти се тие од типот што обичниот граѓанин воопшто нема да ги осети,т.е. никој ништо нема да забележи во нормалниот живот.

Сакам да повлечам паралела на пример со изградба на пат-сите ќе го видат и осетат новиот пат,а овде само ќе се има поголема стабилност на системот
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 21-Dec-2014 at 17:13
Нели многу повеќе со далноводи сме поврзани со Србија и Грција.Зошто не се иде сега на Исток-Запад?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 21-Dec-2014 at 20:17
Со Србија сме поврзани со 400 кв далекувод ама преку Косово,а не дирекно
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 03-Jan-2015 at 16:12
Originally posted by Џоле

Планираниот преносен вод е од големо стратешко и енергетско значење заради тоа што се воведува електроенергетска врска со Република Србија која ги зголемува капацитетите за пренос на електрична енергија и ја зголемува доверливоста на електроенергетските системи на регионално ниво.

какви визионери се ова нашиве под доверливост подразбираат конурентен ЕЛЕМ a може ако направат нуклеарка доверливоста да прејде и во доверлив-чалам

него колку долго ќе ја градат врскава и дали е возможно да заглават некаде попат, можеби липковско
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 14-Jan-2015 at 12:29



           
Во Мариово ќе се гради нова термоцентрала





     
Предвидено е до 2020 година да трае реконструкцијата на термоцентралата „Битола“, додека на ТЕ „Осломеј“ до 2025 година. Во периодот од 2031 до 2035 година се планира изградба на електроцентрала од 300 мегавати во Мариово, период во кој ќе престане со работа термоцентралата во Битола




     
Ако се остварат предвидувањата во стратегијата, граѓаните од Мариово можат да се надеваат дека ќе заживее нивниот крај

Презентирана работната верзија на стратегијата за енергетика до 2035 година

Изградба на нова термоцентрала на јаглен во Мариово од 2031 до 2035 година, период во кој се очекува да престанат со работа термоцентралите во Битола, предвидува работната верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година, што вчера беше презентирана во Стопанската комора на Македонија. По 2030 година се очекува да започне изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, како и други термоцентрали или комбинирани електроцентрали.
- Во стратегијата се предвидени три сценарија за понатамошен развој на енергетскиот сектор во земјава, а во основното е проектирана 2,3 отсто годишна стапка на пораст на потрошувачката. Најголем пораст е предвиден кај природниот гас и кај обновливите извори на енергија - вели академикот Глигор Каневче.
Тој ги презентираше новините од документот, потенцирајќи дека е предвидено намалување на потрошувачката на електрична енергија, која од 35 отсто учество во вкупната енергија во 2014 г. се очекува во 2035 г. да се намали на 24 проценти. Искористеноста на природниот гас од сегашните 1 отсто предвидено е да достигне 16 проценти од вкупно искористената енергија.
- Во поглед на термоцентралите, предвидено е до 2020 г. да трае реконструкцијата на ТЕ „Битола“, додека на ТЕ „Осломеј“ до 2025 година. Во периодот од 2031 до 2035 г. се планира изградба на електроцентрала од 300 мегавати во Мариово, период во кој ќе престане со работа термоцентралата во Битола. По 2035 г. и понатаму ќе имаме две електроцентрали, „Мариово“ и „Осломеј“. Проектирано е исто така енергетскиот сектор да се поддржи и од хидроцентралите „Бошков мост“, „Црн камен“, „Луково поле“, а се планира и доградба на уште еден агрегат на „Шпилје“ - појаснува Каневче.

Инвестиции во
обновливи извори

Меѓу другото се планира канал од Вардар до Козјак, со кој ќе се обезбедат плус 110 киловат-часа енергија од оваа хидроцентрала. Со дислокација, пак, на пругата во Велес повторно се актуализира изградбата на хидроцентрала во овој град, а за периодот по 2030 година се планира и изградбата на долгоочекуваната „Чебрен“.
- Во поглед на термоцентралите „ТЕ-ТО“ и „Когел“ по 2030 година ќе им помине рокот, но се планирани нови слични објекти, од кои ќе се обезбедат 200 мегавати енергија. Планиран е и пораст на ветерните електроцентрали, кои до 2020 година треба да обезбедуваат 63,2 мегавати и дополнителни 50 мегавати до 2025 г. Фотоволтаици до 2020 г. ќе имаме девет, а уште пет до 2025 година. И за ветерниците и сончевите електроцентрали е предвидено по 2025 година да се градат без повластени тарифи.

Ќе се зголемува
цената на струјата

Стратегијата предвидува да расте и потребата од природен гас, кој треба да достигне 1,2 милијарда нормални кубни метри.
Во вкупната енергија е проектирано од 50 отсто јагленот да падне на 20, додека искористеноста на природниот гас од 4 проценти да се зголеми на 20 отсто, а предвидено е емисијата на стакленички гасови да остане на исто ниво.
Претседателот на Здружението за металургија, Митко Кочовски, и директорот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов, прашаа дали во стратегијата е водено сметка за индустрискиот развој, истакнувајќи дека не е можен развој на БДП без вклучување на развојот на индустријата. Високата цена на струјата, ниското учество на индустријата во потрошувачката на енергијата, недостигот од проекции за ископ на јаглен и како тој ќе се транспортира до термоцентралите, беа дел од забелешките на енергетичарите и претставниците на индустрискиот сектор присутни на дебатата организирана од Македонската енергетска заедница при Стопанската комора на Македонија.
- Во проекцијата е внесено дека цената на струјата ќе се движи околу 90 евра за мегават-час, но прашање е колку оваа цена е реална со оглед на сегашната, која се движи околу 40 евра. Доколку цените на електричната енергија не се зголемат, се доведува во прашање инвестицијата во нови електроцентрали, особено на оние по 2026 година и на приватните, на кои им треба економска исплатливост - вели Кочо Анѓушев, претседател на МЕА.
Тој појаснува дека и сегашните приватни електроцентрали не работат со полн капацитет, бидејќи цената на струјата е многу ниска. Анѓушев исто така истакна дека многу е важно прашањето на јагленот и пронаоѓањето нови наоѓалишта или локации од каде што ќе се увезува и како ќе се транспортира до електроцентралите.
- Исто така дискутабилна е и проекцијата од обновливи извори да се добиваат над 300 мегавати енергија, и тоа само од ветерници и сончеви панели. Во некој убав сончев ден може нагло да се произведе многу енергија, дали мрежата ќе може да ја прими истата таа - прашува Анѓушев.


Автор: Петранка Талеска / petranka.t@novamakedonija.com.mk      Фотографија: Игор Бансколиев
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=113151710104&id=10&prilog=0&setIzdanie=23369


Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 14-Jan-2015 at 13:00
Се подготвува стратегијата за развој на енергетиката до 2035 година

Предлог – стратегијата за развој на енергетиката во периодот 2015 – 2035 година денеска беше презентирана пред претставниците на Македонската енергетска асоцијација (МЕА). Во стратешкиот документ е разработено основното сценарио на „Работната верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година“, како и две алтернативни сценарија – она со засилени мерки за енергетска ефикасност, како и дополнето сценарио со мерки за поголемо искористување на обновливите извори на енергија. Врз основа на стратегијата изработена од МАНУ, предвиден е просечен раст на потрошувачката на финална енергија од 2,3% годишно, раст на вкупната потребна енергија од 1% и на електричната енергија од 1,1% на годишно ниво.

Во предложената стратегија е изоставена идејата за изградба на нуклеарна електрана на територијата на Македонија. Наспроти ваков објект, од МАНУ се надеваат дека земјава ќе се насочи кон реализација на проектите „ХЕ Бошков мост“, „ХЕ Чебрен“, „ХЕ Галиште“ и „ХЕ Велес“. Академската јавност предлага и доградба на агрегати на хидроелектраните „Шпиље“ и „Глобочица“, како и изведба на нова термоелектрана со моќност од 300 мегавати што ќе го користи јагленот од Мариово. „Основното сценарио најголем пораст предвидува кај потрошувачката на природниот гас и на обновливите извори на енергија како соларната и геотермалната енергија. Во финалната потрошувачка на енергија во 2035 планирано е електричната енергија да учествува со 24%, природниот гас со 16%, а нивото на потрошувачката на нафтените деривати да остане како во 2012 година“, изјави академик Глигор Каневче кој ја презентираше стратегијата.



Во делот на електричната енергија, производството кај термоелектраните што го користат јагленот ќе се намали од 50% на 30%, додека на хидроелектраните ќе се зголеми од 12% на 32%, а 30% од произведената електрична енергија ќе се добива од термоелектраните – топлани и од термоелектраните на природен гас. Во предлог – стратегијата е зацртано и намалување на увозот на електрична енергија на 170 гигават часови електрична енергија. Овој стратешки документ наскоро ќе биде објавен на веб – страницата на Министерството за економија, по што ќе следи јавна расправа.

http://www.build.mk/?p=42500
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 14-Jan-2015 at 19:26
Засега се оди со варијанта мариовскиот јаглен да се транспортира до Битола и да се настави животот на РЕК Битола.Нова ТЕЦ највероватно или нема да се гради или ќе му се даде на некој странски инвеститор да ја изгради
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 20-Jan-2015 at 02:41

и приватно да тераат инвестициите, попрво ќе направат нуклеарма него термо централа, иако во меѓувреме за такво нешто ќе треба некого и да описменат за по конзолта да чкрапа, но најнапред ќетреба пранојата да се стиша [1][2] а потем и да се има разбирање за сите стравови и ризици [3]
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 23-Jan-2015 at 11:15

за сега се оди ЕЛЕМ да добие нова зграда а наскоро можеби и современа со институт за нуклеара енергија

може ќе се угледаат и на америве, иако нашето е најдобро да тера ко руско-европски кросовер

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 25-Mar-2015 at 12:15
Обновливите извори моќни колку ХЕЦ „Света Петка“ и „Kозјак“



Во Македонија досега во капацитети за обновливи извори на енергија се вложени 250 до 300 милиони евра, од кои 170 милиони се реализирани, изјави Kочо Анѓушев, претседател на Групацијата за обновливи извори на енергија на вчерашниот форум во Стопанската комора.

- Во Македонија изминатите години се инсталирани над 40 мегавати хидроенергија (мали хидроелектрани), 36 мегавати ветерни електрани и над 15 мегавати фотоволтаици. Во градба се уште околу 50 мегавати мали хидроелектрани или вкупно 140 мегавати моќност што е речиси колку ХЕЦ „Света Петка“ и „Kозјак“ заедно - рече Анѓушев.

повеќе на линкот: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=1CB9C65427FE4A47ABF7FACABA6B74CC
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 735
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 25-Mar-2015 at 16:13
Pa i svetka Petka i Kozjak se obnovlivi izvori na energija.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.695 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.