![]() |
![]() |
![]() |
Авиокомпании и линии |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 219220221222223 244> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Грција од 5 април ги укинува ограничувањата за летови со нашата земја, Албанија и Турција
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопшти дека од 5 април ги укинува рестрикциите за летови меѓу Грција и Северна Македонија, Албанија и Турција. Летовите од земјава од овој датум ќе бидат дозволени кон сите грчки аеродроми, а не само кон атинскиот аеродром како што беше случај до сега. Во меѓувреме, Грција ги продолжува ограничувањата за воздухопловните врски во рамките на самата земја до 29 март во 6 часот наутро, со исклучок на неодложни потреби како што се патувањата од здравствени причини, за деловни цели, за враќање во постојан престој или од објективни семејни причини. Грчката авиокомпанија „Ејжиан ерлајнс“ кон средината на февруари годинава ги обнови летовите меѓу Скопје и Атина, при што на веб-страницата на оваа компанија можат да се набават авионски билети, и покрај тоа што постојат рестрикции во форма на забрана за влез во земјата на граѓани кои не се државјани на ЕУ и Шенген зоната, вклучувајќи ги и македонските државјани. https://meta.mk/grczija-od-5-april-gi-ukinuva-ogranichuvanjata-za-letovi-so-nashata-zemja-albanija-i-turczija/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Иџиан стана „Ејџиан“, а сега ете и „Ејжиан“.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Интервју со Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија
ИНТЕРВЈУ БАТАК: Сите сезонски летови кон Охрид се неизвесни, ковид и забраните за патување на Македонците го намалија сообраќајот за 60 отсто и годинава Неизвесни авиолинии во летниот ред на летање кој почнува на крајот на месецов, но и многу други предизвици се пред менаџментот на ТАВ Македонија. Воздухопловната индустрија беше една од најпогодените минатата година, а кризата се уште не е надмината. Во ексклузивно интервју за Фактор генералниот директор на компанијата која е дел од групацијата ТАВ аеродроми вели дека приходите се намалиле лани, патничкиот сообраќај паднал за над 70 отсто, а трендот продолжува и годинава кога во првите два месеци има пад на сообраќајот за 60 отсто во однос на истиот период минатата година. Батак вели дека по отворањето во јули, голема пречка за реализација на поголем број летови е забраната за патување на македонските граѓани во земји од Европската унија откако поради ковид тие воведоа дополнително ограничување за таканаречени „трети земји“ меѓу кои е и Македонија. Батак: Кризата со КОВИД-19 претставува огромен удар врз два големи економски сектора што се тесно поврзани - транспортот и туризмот. Авијацијата, како дел од транспортниот сектор и алка од синџирот на туристичката индустрија, претрпе најмногу.Авијацијата е најнегативно погоден сектор на светско ниво.Оттука, 2020 година беше една од најтешките години за целата индустрија и следствено на тоа и за нашиот бизнис. ТАВ Аеродроми, како групација, како и ТАВ Македонија, беше и сè уште се засегнати од кризата. Како што веќе знаете, двата аеродрома, во Скопје и Охрид, беа затворени за комерцијални летови во период од 3,5 месеци минатата година, од средината на март до 1 јули, 2020 година, што значи дека немавме никакви приходи во овој период. Кога повторно ги отворивме двата аеродрома, се соочивме со нов предизвик – земјите од ЕУ/Шенген зоната наметнаа забрана за патување за македонските граѓани, што значи дека лицата со македонски пасоши не можат да влезат во ниту една ЕУ земја, освен ако не приложат одреден тип на виза, или ако се работи за медицински персонал, дипломати или други есенцијални работници дефинирани од ЕУ. Ова е сериозен предизвик за нашиот бизнис и работењето, бидејќи преку 77 отсто од македонскиот патнички сообраќај е концентриран на дестинации во ЕУ. Како резултат на погоре споменатото, ТАВ Македонија ја заврши 2020 година со пад од 71 отсто на патничкиот сообраќај. Индикаторите за 2020 година за групацијата ТАВ Аеродроми се слични.Вкупниот патнички сообраќај на сите 13 аеродорми на групацијата е намален за 70 проценти на годишно ниво.Покрај двата македонски аеродрома во Скопје и Охрид, ТАВ Аеродроми управува со 5 аеродроми во Турција (Анкара, Измир, Бодрум, Анталија и Аланија), еден во Саудиска Арабија (Медина), два аеродрома во Тунис (Монастир и Енфида), два аеродрома во Грузија (Тбилиси и Батуми) и еден аеродром во Хрватска (Загреб). ПАД НА ПРИХОДИТЕ НА ГРУПАЦИЈАТА ОД 60 ОТСТО Забележавте пад на приходите, секако, поради затворањето на аеродормите, што значајно го намали бројот на патници.Кои се конечните бројки за минатата година? Батак: Секако дека падот во патничкиот сообраќај води до намалување на финансиите.Согласно финансиските резултати на групацијата ТАВ Аеродроми, вкупните приходи за 2020 година, на ниво на групацијата се намалени за 60 отсто. Нормално, затворањето на границите и рестрикциите за патување поради КОВИД-19, во првата половина на 2020 година, имаа најсилен ефект врз сите пазари во рамки на групацијата ТАВ. Сепак, македонскиот пазар си има свои специфики. По отворањето на границите на државата, имавме дополнителен предизвик за решавање – веќе споменатите забрани за патување изречени од страна на земјите во ЕУ/Шенген за лицата со македонски пасоши. Тоа практично значи дека македонски државјани не можат да влезат во ниту една земја во ЕУ/Шенген ако немаат да приложат одреден тип на виза, или ако не се суштински работници. Поради ограничувањата предизвиците значи остануваат и годинава. Какви се показателите за патничкиот сообраќај во првите месеци годинава. Како ова се одразува на финансиското работење на компанијата? Батак: За жал, нема прогрес во првите два месеца од 2020 година, патничкиот сообраќај на двата македонски аеродрома во јануари и февруари 2021, споредено со истиот период во 2020 година, кога и пандемијата сè уште не беше започната, е опаднат за 70 отсто. Во текот на изминитатите два месеца, двата аеродорма во Скопје и Охрид опслужија 104.096 патници, додека во истиот период во 2020 година имавме вкупно 350.708 патници на двата македонски аеродрома. Главниот фактор за закрепнување на авиосообраќајот е забраната за патување за македонски државјани во земјите од ЕУ/Шенген.Ако, и кога, овие рестрикции ќе бидат отстранети и луѓето ќе почнат повторно да патуваат заради туристички цели, тогаш можеме да очекуваме враќање на патничкиот сообраќај на нивоата што ги имавме пред кризата. Со патнички сообраќај намален за 70 отсто и со пад од 55 проценти на бројот на летови во првите два месеца од 2021 година, нормално е да имаме и намалени приходи, па затоа се обидуваме да го одржиме готовинскиот тек и да го водиме бизнисот во прилично изменето деловно опкружување. НОВИ ПРОТОКОЛИ – ЦЕЛОСНА ЗАШТИТА Истекува и третиот месец од првиот квартал од 2021 година, година што треба да биде година на економски закрепнување.Велите дека ситуацијата не е подобрена значајно, кои се сепак вашите очекувања во однос на ТАВ Македонија? Батак: Се надеваме дека 2021 ќе биде година на економско закрепнување на светско ниво. За тоа да се случи, владите ширум целиот свет треба да работат заеднички со цел да ги поддржат економиите, особено меѓународно изложените бизниси кои инвестираат во нови и засилени мерки за здравје и безбедност, бизниси кои приспособуваат работни процеси со цел да станат побезбедни за нивните вработени и за клиентите во исто време. Како аеродромски оператор, ние сме еден од тие бизниси. Го приспособивме нашиот бизнис, согласно барањата на домашните власти, но исто така и согласно барањата на странските држави, во однос на превенција против КОВИД-10 во воздухопловството. Од повторното отворање на скопскиот и охридскиот аеродром во јули 2020 година, имплементиравме нов аеродромски Протокол за работа во услови на пандемија, врз основа на кој ги воведовме и новите заштитни мерки за патниците, додека тие се во терминалната зграда, како и за нашиот персонал. Носењето маска, држењето растојание и избегнувањето физички контакт со луѓе и предмети се само некои од главните правила, бидејќи аеродромската зграда е затворен простор. На самиот влез се мери телесна температура на патниците со термална камера, а средства за дезинфекција на раце има поставено на повеќе позиции.Само патниците кои имаат авио-билети смеат да влезат во аеродромите. Чистењето и дезинфекцијата на сите аеродромски површини се интензивирани. Врз основа на овие имплементирани мерки за здравјето и безбедноста, се здобивме со Здравствениот сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми во октомври 2020 година. Ние сме меѓу 275-те аеродроми на светско ниво коишто беа акредитирани преку програмата за акредитација на Меѓународниот Совет на Аеродроми. Веќе го приспособивте работењето кон новите околности – каква е организацијата, како функционирате по повторното отворање, во услови на продолжена пандемија? Батак: Во однос на мерките за здравје и безбедност, како што веќе напоменав, ние го имплементиравме новиот аеродромски Протокол за работење во услови на пандемија, во кој се опфатени сите најдобри практики на аеродромите ширум светотсо цел спречување на внес и ширење на КОВИД-19 во аеродромските простории. Целта е заштита и на нашиот персонал и на патниците.За оваа цел, ги следевме глобалните воздухопловни власти, како и националните здравствени власти во однос на имплементацијата на домашните правила и регулативите за затворен простор. За враќање на довербата кон безбедноста на патувањето со авион, најважно е патниците да се чувствуваат безбедно и да согледаат што имаме спроведено за нивна заштита.Да увидат дека сите можни мерки за хигиена и заштита се на сила, со цел тие да имаат релаксирани патувања преку аеродромите во Скопје и Охрид. Најдобар доказ дека нашите патници се задоволни со хигиенските мерки на Меѓународниот Аеродром Скопје е наградата за Квалитет на аеродромски услуги што ја добивме за 2020 година, во две категории:„Најдобар аеродром согласно хигиенски мерки во регионот на Европа“ и „Најдобар аеродром во својата големина, во регионот на Европа“. Оваа награда е доделена од Меѓународниот Совет на Аеродроми, што е една од најпознатите авијациски организации, чиишто членови се аеродроми од целиот свет.Ова е 6-ти пат како скопскиот аеродром ја добива наградата за Квалитет на аеродромските услуги (ASQ), откако претходно бевме наградени во 2019, 2018, 2015, 2013 и 2012 година. Наградата за Квалитет на аеродромските услуги (ASQ) е базирана врз резултатите од анкетата за квалитет на аеродромските услуги, преку која се мери задоволството на патниците од аеродромските услуги преку 34 клучни индикатори. Анкетата се прави на патниците во заминување, додека тие чекаат да се качат во авион. ТЕСТОВИ ЗА КОВИД ПРЕД КАЧУВАЊЕ ВО АВИОН Имунизацијата не се одвива како што беше очекувано, дури и во Европа, па и во Македонија.Од друга страна таа е важен фактор за ослободување на патувањата. Каква е вашата стратегија за следниот пеирод? Батак:Исто како и за забраната за патување од ЕУ-државите за македонските граѓани, вакцинацијата не е прашање за кое ние како аеродромски оператор можеме да влијаеме, иако сме свесни дека тоа силно влијае врз перспективата на нашиот бизнис. Затоа, се трудиме да го дадеме најдоброто од себе во рамки на нашиот делокруг и моќ за да се движиме напред. Во оваа насока, донесовме овластена лабораторија на аеродромот која врши КОВИД-19 тестови, признаени од СЗО. Негативен тест за КОВИД-19 стана предуслов за качување во авионски лет и се бара од страна на земјите од ЕУ, Турција, САД, итн.Некои од државите, како Холандија, бараат негативен брз антиген тест не постар од 4 часа пред качување во авион, што ги комплицира патувањата, па затоа најдовме решение преку тоа што овозможивме поставување на монтажен објект за тестирање на аеродромот, каде што нашите патници можат да направат тест пред да почнат со аеродромските процедури. Дури и пред тестовите за КОВИД-19 да станат услов за влез во голем број држави, особено за патување со авион, ние како ТАВ Македонија се вклучивме во глобалната иницијатива предводена од IATA и ACI, каде се бараше владите ширум светот да ги тргнат ограничувањата за патување доколку систематски пристап за тестирање за КОВИД-19 се воведе и спроведува на аеродромите. Оваа заедничка глобална иницијатива за тестирање за КОВИД-19 пред качување во авион, почна од чинителите на воздухопловната индустрија, како што е Меѓународниот Совет на Аеродроми, за потоа да резултира со најновото предлог-решение на Европската Комисија, објавено на 17-ти март 2021 година. ЕК предвидува воведување на т.н. „Дигитални зелени сертификати“ кои ќе го олеснат слободното движење на граѓаните во ЕУ за време на КОВИД-19 пандемијата. Овие сертификати ќе содржат информација дали патникот е вакциниран против КОВИД-19, дали има негативен резултат од тест за КОВИД-19 и дали патникот има прележано КОВИД-19. Сертификатите ќе се издаваат преку националните здравствени власти, во печатена форма и во дигитална верзија и ќе содржат QR-код, за да можат лесно да се читаат од персоналот на аеродромите и авиокомпаниите. ЕК сè уште работи на правната рамка и координација за издавање на овие сертификати, верификација и прием на сертификатите во рамки на земјите во ЕУ, со цел воспоставување унифициран пристап. Како што е објаснето во нивната објава за „Дигиталните зелени сертификати”, таквиот документ ќе овозможи лицата кои не се вакцинирани или сè уште немале можност да се вакцинираат, да имаат полза од овааинтероперативната рамка. Ова значи дека доколку некој кој има негативен тест, но не е вакциниран, ќе може да се движи слободно. Меѓутоа, ова е рамка што ќе се применува во рамки на ЕУ.Како нашата земја ќе се приспособи кон оваа иницијатива, зависи од одлуките на земјите од ЕУ/Шенген зоната за граѓаните на Република Северна Македонија, кои припаѓаат на групата наречена „трети земји”, согласно дефиницијата на ЕУ/Шенген. Севкупно, перспективите на македонскиот авиосообраќај ќе останат зависни од владините одлуки во врска со КОВИД-19. ЌЕ НИ ТРЕБААТ ГОДИНИ ДА СЕ ВРАТИМЕ Од овој аспект, македонската економија сериозно претрпе штети поради кризата. Дали сметате дека процесот на закрепнување доаѓа, дали ви треба дополнителна владина помош и каква помош ви треба? Батак:Аеродромите беа затворени, движењето на луѓето запрено, но транспортот на стоки никогаш не застана. Тоа е голем индикатор ако сакаме да ја анализираме ефикасноста на некои бизниси и потрошувачката во целина за минатата година. За авијацијата и македонските аеродроми, закрепнувањето ќе биде бавно.Ќе требаат години, за да се вратиме на нивоата на авиосообраќајот пред кризата, имајќи ги на ум веќе објаснетите измени за безбедно патување во ЕУ, кои сè уште се случуваат, а за кои ние треба да најдеме начин, место, во рамки на тој план, бидејќи преку 77 проценти од дестинациите од аеродромите во Скопје и Охрид, се концентрирани во географска Европа. Како аеродромски оператор, секако ги земаме предвид и промените кои ги доживуваат и самите авиокомпании поради кризата со КОВИД-19, што резултира со промени во нивните мрежи на авиолинии, бидејќи и тие се трудат да преживеат и да работат рентабилно. Отсекогаш сме имале добра соработка со Владата, Министерство за транспорт и врски, како и со надлежните владини тела, па поради тоа, ние силно веруваме дека истата соработка ќе продолжи и во иднина.Поддршката на Владата како наш партнер е од огромна важност за закрепнување на воздушниот сообраќај. Какви инвестиции планирате за оваа година, какви новини? Батак: Во однос на управувањето со бизнисот во променетата и исклучително нестабилна деловна средина, ние се фокусираме на одржување на готовинскиот тек и навремена исплата кон засегнатите страни, вклучително и кон нашите вработени, без оглед на драматично намалените приходи. ЛЕТОВИТЕ КОН ДОХА И ДУБАИ НЕМА ДА БИДАТ ОБНОВЕНИ Во октомври минатата година бевте назначен за Генерален директор на ТАВ Македонија.Каков квалитет односно промени внесувате во вашата работа? Батак:Покрај фактот што сега сум генерален директор, дури и кога бев на функцијата заменик генерален директор и менаџер за финансии на почетокот кога ТАВ Аеродроми дојде на пазарот, јас бев постојано инволвиран во процесот на носење на сите главни одлуки во компанијата. Така функционира нашата структура на управување. Моментално, поради КОВИД-19 кризата се соочуваме со тежок период.Секако, како менаџер јас сум тука да се справам со ситуацијата, без разлика колку е непријатна. Ова се однесува и за мене, и за мојот тим на менаџери.Како лидери, секогаш треба да може да се смета на нас и ние сме одговорни за секоја поединечна ситуација. Како лидери мора да имаме капацитет да ги водиме луѓето и бизнисот кога работите одат по правилен тек, но во тешки ситуации. Што се однесува до промените во процесите на управување во оваа КОВИД-19 криза, ние работиме понапорно, пофокусирано и многу добро координирано.Текот на работењето треба да биде колку што е можно поефикасен.Заедно со мојот тим на менаџери вложуваме повеќе напори во наоѓање на најдобрите решенија за секој аспект на моменталната состојба на нашиот бизнис. Во изминатиот период некои авиолинии беа откажани, но исто така имаше и најави за нови летови. Каква е ситуацијата во однос на ова, можеме ли да очекуваме нови летови од скопскиот аеродром или откажување на некоја од веќе воведените авиолинии? Батак: Во моментот се подготвува летниот ред на летање, и за двата аеродрома, и за скопскиот и за охридскиот, а истото се прави врз основа на најавите што постојано ги добиваме од авиокомпаниите.Летната сезона на аеродромите почнува на крајот од март и трае до крајот на октомври. Сè уште не можеме да го кажеме точниот број на дестинации од скопскиот и од охридскиот аеродром за летната сезона, бидејќи авиокомпаниите прават промени сè до последниот момент. Моментално, во рамки на зимскиот ред на летање, од скопскиот аеродром имаме 22 дестинации со 10 авиокомпании, додека од охридскиот аеродром има 2 дестинации со 2 авиокомпании. Во врска со некои од дестинациите што ги имавме од скопскиот аеродром, пред почетокот на пандемијата со КОВИД-19 минатата година, како Доха (Qatar Airways) и Дубаи (FlyDubai), коишто нашите патници ги користеа како транзитни точки за прекуокеански летови, веќе знаеме дека нема да бидат обновени со почетокот на летната сезона 2021 година.Само летот до Атина на Aegean Airlines повторно сообраќа од февруари 2021 година, откако овие летови меѓу Скопје и Атина беа прекинати со затворањето на скопскиот аеродром минатиот март. На охридскиот аеродром, сите сезонски летови што беа прекинати минатата година, се уште не се сигурни за следната летна сезона.Како што знаете имавме многу сезонски летови од Амстердам, Брисел, Лондон, Катовице, Тел Авив, Истанбул, како и редовните авиолинии на Wizz Air до германските градови.Со овие летови, туристи од Холандија, Турција, Полска, Данска, Израел и други земји доаѓаа на брегот на прекрасното Охридско Езеро.Иако има најави од авиокомпаниите, во моментов не можеме да кажеме со сигурност дали и кои од овие сезонски авиолинии ќе сообраќаат повторно и во текот на летната сезона од 2021 година. https://faktor.mk/intervju-batak-site-sezonski-letovi-kon-ohrid-se-neizvesni-kovid-i-zabranite-za-patuvanje-na-makedoncite-go-namalija-soobrakjajot-za-60-otsto-i-godinava |
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
So znaci najavite za izgradba na nov terminal na skopskiot i prosiruvanje na ohridskiot aerodrom za sega nema da ima nisto od toa , realno scenario za slednata godina a i toa e znak prasalnik...
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Од каде пак сега нов терминал во Скопје? Сегашниот има повеќе од доволно капацитет за проекциите за наредните неколку години (пред корона-кризата). |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
https://www.slobodenpecat.mk/tav-ke-gi-proshiruva-aerodromite-vo-makedonija-za-10-godini-brojot-na-patniczi-se-zgolemil-za-chetiri-pati/
Eve go linkot Edited by WolfLeader - 27-Mar-2021 at 10:39 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]()
Од твојот линк гледам дека планирале да го рушат охридскиот и да градат нов, а скопскиот само да го „прошират“, односно да го стават во употреба стариот терминал. Со 10 милиони евра не би очекувал нешто повеќе. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
E pa ne mi teknuvase bas tocno kako e , ete obratno sum mislel , i za toa se potrudiv da go najdam linkot... No ne veruvam deka od ova barem za sega vo dogledno vreme bi ispadnalo nesto , iako bi bilo ubavo da se sredi skopskiot bidejki realno pristapot kon aerodromot e uzasen.Posebno navecer koga odis nakaj samiot aerodrom nema nikakvo osvetluvanje ulicno , a da ne zboruvame za svetlecki portali za izvestuvanje , podobra signalizacija i obelzuvanje , edna tabla nema kaj da vlezis za departure kaj za arrivals , kade za samo drop passengers , bukvalno kako da si vleguvas vo nekoe lokalce onaka neobelezano a ne na drzaven Aerodrom...
Edited by WolfLeader - 27-Mar-2021 at 21:35 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се враќаат запрените авиолини, пет авиокомпании ќе летаат од Скопје до Анталија
Со летниот ред на летање се враќаат повеќето од авиолиниите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот во Скопје. Станува збор за голем број линии на авиокомпанијата „Визер“, како и на рутата Скопје-Варшава на полски ЛОТ. Најавени се и чартер летови од Скопје до Анталија во Турција за периодот од мај до октомври од пет авиокомпании. Ваквите најави се очекува да го зголемат бројот на патници, којшто, како и во минатата година по стартот на пандемијата, така и во првите два месеца од годинава бележи пад од 70 проценти во однос на истиот период лани. Сепак, натамошниот развој на воздушниот сообраќај ќе зависи од одлуките на владиите поврзани со ковид-пандемијата. – Бројот на авиокомпании кои летаат од Меѓународниот Аеродром Скопје во рамки на летниот распоред на летање за 2021 година, останува речиси истиот. Во зимскиот распоред на летови имавме 10 авиокомпании кои летаа од скопскиот аеродром и тоа: Ер Србија, Ејџиан ерлајнс, Аустриан ерлајнс, Еделвајс, Чер ерлајнс, Кроација ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Туркиш ерлајнс, Виндроуз ерлајнс и Визер. Сега, во летниот распоредот на летање, кој почнува од крајот на март до крајот на октомври, ќе имаме уште една авиокомпанија, а тоа е полската ЛОТ. Тие најавија дека ќе се вратат на македонскиот пазар со летовите на релација Скопје-Варшава, од јуни до октомври, коишто беа прекинати со почетокот на пандемијата минатата 2020 година – изјавија за МИА од ТАВ Македонија концесионер на аеродромите во држвава. Бројот на дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје во зимскиот распоред на летање беше 22, а сега авиокомпаниите најавија вкупно 41 редовна дестинација, што, како што велат од ТАВ, значи дека повеќето од линиите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот, сега се враќаат. Покрај редовните авиолинии/дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, пет различни авиокомпании најавија чартер летови од Скопје до Анталија во Турција, почнувајќи од мај до октомври. Тоа се Туркиш ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Корендон ерлајнс, Сан експрес и Фрибрд ерлајнс. Сепак, укажуваат од ТАВ Македонија, поради крајно неизвесното деловно опкружување во авиоиндустријата, кое е како резултат на брзите промени во политиките на различни земји за влез на нивно тло, а кои се прават поради Ковид-19, очекуваме можни промени во фреквенциите на летовите на најавените дестинации, како и можни откажувања на некои од најавените дестинации од скопскиот аеродром, исто како што се случуваше и минатата година. Поради ова, апелираат до сите патници, редовно да проверуваат со нивната авиокомпанија дали е направена каква било промена на редот на летање во врска со одредена дестинација од скопскиот аеродром, и тоа да го прават дури и откако ќе ги набават авиобилетите, сè до моментот на нивното патување. Во однос на враќањето на намалените дестинации, најавено и ставено е во нивниот распоред, враќањето на голем број линии на авиокомпанијата Визер, како и на рутата Скопје-Варшава, на која лета полски ЛОТ. Авиолинијата Скопје-Атина, со Ејџиан ерлајнс, веќе е вратена на редовниот распоред на летови, од февруари годинава. – Што се однесува до авиолиниите Скопје-Дубаи, со Флај Дубаи и Скопје-Доха, со Катар ервејс, веќе знаеме дека овие две дестинации нема да бидат обновени со почетокот на летниот распоред на летови годинава. Слично како и авиолинијата Скопје-Истанбул, така и авиолинијата Скопје-Варшава, и споменатите две рути Скопје-Дубаи и Скопје-Доха, нашите патници ги користеа како транзитни точки за интерконтинентални летови – велат од ТАВ. Пад од 70 отсто на бројот на патниците во јануари и февруари оваа година, споредбено со истиот период лани Во однос на тоа работата на аеродромот една година по панедмијата, како што посочуваат, за жал, во првите два месеца од годинава нема напредок во поглед на патничкиот сообраќај. Има пад од 70 проценти на бројот на патни-ци и на 55 проценти на бројот на летови. – На двата македонски аеродрома, во јануари и февруари 2021 година, имаме пад од 70 проценти на бројот на патници, во споредба со истиот период од 2020 година, кога пандемијата сè уште не беше започната. Во јануари и февруари, скопскиот и охридскиот аеродром заедно опслужија 104.096 патници, додека во истиот период од 2020 година имавме вкупно 350.708 патници на двата македонски аеродрома информираат за МИА од ТАВ Македонија. Главен фактор за обновување на воздушниот сообраќај е забрана за патување во ЕУ/Шенген за македонските граѓани. Ако биде укината, и кога ќе биде укината, а луѓето ќе почнат да патуваат повторно од туристички причини, посочуваат, може да очекуваме да се вратиме на нивоата на сообраќај на патници што ги имавме пред кризата. Во врска со работењето за време на пандемија, појаснуваат, работиме според новиот аеродромски пандемиски протокол што беше воведен минатата година. Преку овој документ имплементираме засилени здравствени и хигиенско-санитетски мерки, со цел безбедност на патниците и на вработените. Последната новина воведена во јануари 2021 година, е објектот за тестирање за ковид-19, којшто е отворен од овластена лабораторија пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, со цел нашите патници да можат да направат брзи антигенски тестови, коишто станаа задолжителни за качување на авионски лет и влез во многу странски земји. Перспективите на македонскиот воздушен сообраќај ќе останат најмногу зависни од одлуките на владите во врска со ковид-19 – Се надеваме дека 2021 година ќе биде година на економско закрепнување во светот. За да се случи тоа, владите ширум светот треба да работат заедно со цел да ги поддржат економиите, особено меѓународно изложените бизниси што инвестираа во нови и засилени здравствени и безбедносни мерки, како што тоа го стори ТАВ Македонија во изминатата година. Имајќи предвид дека перспективите на македонскиот воздушен сообраќај ќе останат најмногу зависни од одлуките на владите во врска со Ковид-19, очекуваме дека ќе бидат потребни неколку години за стабилизирање на авионската индустрија ширум светот и за македонските аеродроми да се вратат назад на нивоата на патнички сообраќај што ги имавме пред кризата – појаснуваат од ТАВ за МИА. Оваа проекција, како што прецизираат тие, ги зема предвид и промените за безбедно патување што се случуваат во рамките на ЕУ, односно т.н. „Дигиталните зелени сертификати“, кои допрва ќе се спроведуваат во рамките на земјите-членки на ЕУ. -Имајќи го предвид фактот дека во моментот има забрана за патување за носителите на македонски пасош од сите земји на ЕУ / Шенген, ќе треба да го најдеме нашиот пат, односно нашето место, во рамките на овој план за безбедно патување овозможено со „Дигиталните зелени сертификати“, бидејќи над 77 проценти од дестинациите од аеродромите во Скопје и Охрид се во географска Европа. Што се однесува до мерките, секогаш сме имале добра соработка со Владата, Министерството за транспорт и врски, како и со сите надлежни владини тела и силно веруваме дека истата ќе продолжи и во иднина. Поддршката на Владата како наш партнер е од огромна важност за закрепнување на воздушниот сообраќај, изјавија од ТАВ Македонија. АЦВ очекува поинтензивно враќање на странските авиопревозници Од Агенцијата за цивилно воздухопловство очекуваат паралелно со мерките за заштита од вирусот да има поинтензивно враќање на странските авиопревозници, а со тоа и на бројот на патници. Томислав Тунтев, директор на АЦВ вели дека покрај најавените редовни авиопревозници, имаат најава и и од руските воздухопловни власти за вклучување на руска авиокомпанија во реализација на директна авиолинија до руската престолнина. Очекуваме, вели Тунтев за МИА, во летниот ред на летање да се вклучат уште 3-4 чартер превозници од Турција, Швајцарија, Израел. – Во секој случај очекуваме во наредниот период, паралелно со функционалните мерки за здравствена заштита, да започне процес на поинтензивно враќање на странските воздухопловни компании кои ќе оперираат од и до земјава, а со тоа и да расте бројот на превезени патници – изјави за МИА Тунтев. АЦВ, дополнува, во рамки на своите надлежности, им стои на располагање на сите заинтересирани воздухопловни субјекти, доколку покажат интерес, дополнително да ги вклучи во реализацијата на редот на летање, а патувачката јавност ќе биде навремено информирана за тоа. Во редот на летање за наредните шест месеци што го усвои АЦВ се авиокомпаниите: Аустријан Ерлајнс (Виена-Скопје) Ер Србија (Скопје-Белград и обратно), Кроација ерлајнс (Загреб-Скопје и обратно), Туркиш ерлајнс (Истанбул) Еделвајс (Истанбул, Будимпешта и Сандефјрод до Скопје и обратно, Цирих-Охрид), Виз ер (Гетеборг, Малме, Копенхаген, Ајнховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Келн, Фридрихшкафен, Меминген, Франкфурт, Базел, Нурејмберг, Барселона, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Хановер, Бремен, Братислава, Рим, Ваксјо, Баден-Баден, Малта, Ларнака и Турку до Скопје и обратно, како и Базел, Виена, Миминген, Дортмунд, Малме и Лондон до Охрид и обратно) Пегасус (Истанбул-Скопје), Чер Ерлајнс, (Цирих Скопје и Цирих –Охрид), Ејџиан ерлајнс (Атина Скопје- и обратно), Виндросе ерлајнс (Киев-Скопје и обратно), Лот полиш (Варшава-Скопје и Варшава –Охрид, како и Катовица-Охрид). https://plusinfo.mk/se-vra-aat-zaprenite-aviolini-pet-aviokompanii-so-charter-letovi-od-skop-e-do-antali-a/ |
|
![]() |
|
carver91 ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 166 |
![]() ![]() |
https://www.exyuaviation.com/2021/04/nordwind-to-launch-skopje-service.html
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
РУСКИ ПРЕВОЗНИЦИ НАЈАВУВААТ ЛЕТОВИ ОД МОСКВА ЗА СКОПЈЕ
Руски превозници најавиле дека се заинтересирани за летање од Москва за Скопје, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Од таму велат дека барањето е прифатено, но засега нема детали кога таа линија би профункционирала. „Се согласивме авиокомпании од Руската Федерација да воспостават директни летови до Скопскиот аеродром без никакви ограничувања, затоа што имаме билатерален договор за авиосообраќај со Руската Федерација. Засега има интерес линијата да ја одржува компанијата ‘Победа’“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. „Победа“ е нискобуџетен превозник во целосна сопственост на рускиот национален превозник „Аерофлот“. Оперира со авиони од типот „боинг 737-800“. Во меѓувреме, специјализираната веб страница за авиосообраќај Ексјуавиејшн објави дека и руската чартер компанија „Нордвинд“ веќе од 30 април ќе лета еднаш неделно, секој петок од московскиот аеродром Шереметјево за Скопје со авион од типот „ербас А321“ со 220 седишта. Но, на веб страницата на компанијата уште не е отворена можноста за резервација на карти за Скопје. Скопје и Москва последен пат беа поврзани со редовна линија меѓу 1993 и 1996 година по склучениот билатерален договор за воздушен сообраќај со Руската Федерација. Линијата ја одржуваше компанијата „Палер Македонија“ која банкротираше во октомври 1996 година. https://sdk.mk/index.php/makedonija/ruski-prevoznitsi-najavuvaat-letovi-od-moskva-za-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОД 21 МАЈ ПОЧНУВААТ ЛЕТОВИТЕ МЕЃУ СКОПЈЕ И МОСКВА
На 21 мај, авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ ќе започне со директни летови на новата меѓународна релација Москва – Скопје, соопшти Руската амбасада во Скопје. Летовите ќе се вршат еднаш неделно, во петок, а времето на патувањето е 3 часа 25 минути. На веб сајтот на авиокомпанијата веќе можат да се прават резервации и билет за еден правец од Скопје до Москва чини 125 евра. Руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром Шереметјево со авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта. Скопје и Москва последен пат беа поврзани со редовна линија меѓу 1993 и 1996 година по склучениот билатерален договор за воздушен сообраќај со Руската Федерација. Линијата ја одржуваше компанијата „Палер Македонија“ која банкротираше во октомври 1996 година. https://sdk.mk/index.php/makedonija/od-21-maj-pochnuvaat-letovite-megu-skopje-i-moskva/ |
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
Odlicno , za 250 evra da se poseti Rusija e top , bravo za ova
![]() |
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Одлично е ова, сега сме добро поврзани со истокот...останува Прага како побитен град пак да се поврземе - има ли некоја најава за повторно воспоставување на оваа линија ?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нордвинд го одложи почетокот на летовите Москва – Скопје
Нордвинд ерлајнс го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје кои беа најавени како нова рута во летниот распоред на летови на авиокомпанијата. Како што Нордвинд претходно најави, летовите требаше да почнат на 21-ви мај, но, поради епидемиолошката состојба, авиокомпанијата е принудена да ги одложи директните закажани летови, се вели во известувањето. Како што информираат од Нордвинд, информации за отворањето на летовите Москва – Скопје ќе бидат дадени од страна на авиокомпанијата дополнително. Претходно, Нордвинд објави отворање на нова редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, еднаш неделно, почнувајќи од 21-ви мај, со што рутата беше и соодветно испланирана во летниот ред на летање на ТАВ Македонија за Меѓународниот Аеродром Скопје, со термин секој петок попладне, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14.45 часот и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17.10 часот. https://plusinfo.mk/nordvind-go-odlozhi-pochetokot-na-letovite-moskva-skop-e/?fbclid=IwAR1kgP5RpJKcDphj0ODwzUxj5kF2WGyIGQc8GO9t9m_Zc1wsc1crh2AAIqQ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Виз ер повторно отвори седум рути од Македонија до Франција, Германија, Австрија и Шведска
Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај. Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, сe вели во соопштението од авиокомпанијата, Виз ер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува С Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме. https://plusinfo.mk/viz-er-povtorno-otvori-sedum-ruti-od-makedoni-a-do-franci-a-germani-a-avstri-a-i-shvedska/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
По пауза од 20 години, утре стартува директната авиолинија Скопје-Москва
ТАВ Македонија најави дека од утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне утре попладне во 17 часот и 10 минути. Отворањето на новата авиолинија официјално ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на првиот лет од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите. Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба. Новата линија ја поздрави и директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак. – Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини – изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак. Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд“, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Со неа практично, по 20 години пауза повторно се отвора воздушната врска меѓу двете земји. https://plusinfo.mk/po-pauza-od-20-godini-utre-startuva-direktnata-aviolini-a-skop-e-moskva/?fbclid=IwAR1stNZgq_UE-hkbcIpz097UdarlsFLv1hJrmZYZf14Ax6nyax5V7NAC7L0 |
|
![]() |
|
carver91 ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 166 |
![]() ![]() |
Има ли информации за чартер летовите од Полска и Холандија за Охрид ова лето?
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Од денеска со Полска се вратија, за Холанѓаните тешко оваа сезона https://ohridpress.com.mk/?p=134072 Прв Боинг 737 Макс во Охрид ![]() Edited by Тркало - 20-Jun-2021 at 21:33 |
|
![]() |
|
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
Сам интерест факт то ноут
![]() Минатата недела Грците(Aegean) за прв пат летаа до Скопје со А319. Охрид - Виена од завчера како пред пандемијата со А321 а вчера Охрид - Малмо воопшто за прв пат со А321. Поздрав подзаспавме во однос на нишката, да ја размрдаме малку ![]() |
|
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 219220221222223 244> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |