Интернет и телекомуникации |
Post Reply | Page <1 2122232425 28> |
Author | |
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #441 Posted: 05-Sep-2011 at 23:27 |
Бесплатен интернет во парковите во Аеродром
Општина Аеродром во соработка со „Македонски телеком“ од вчера им овозможи на своите жители од своите мобилни телефони и лаптопи да се приклучат на бесплатен интернет во локалните паркови „Јане Сандански“ и „Тоше Проески“. Од Општината веруваат дека со поставувањето на оптичката инфраструктура, аеродромци во секое време ќе можат да добијат брз, бесплатен и квалитетен безжичен интернет на овие две јавни места. „Со реализацијата на проектот ’Бесплатен интернет’, кој им овозможува на граѓаните постојано да сурфаат на интернет и на разни социјални мрежи, Аеродром го задржува епитетот на една од најурбаните општини“, рече на вчерашната промоција на проектот градоначалникот Ивица Коневски и најави наскоро воведување бесплатен интернет и во другите паркови, пред се', во новите „Аеродром“ и „Паркот на езерата“, откако ќе бидат предадени во употреба. (Б.Ш.) http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=DF2DE935E3D1F340BCB9BF81427BFE4D |
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #442 Posted: 15-Sep-2011 at 22:29 |
АЕК распиша конкурс за 4Г-телефонија
Се очекува мобилните оператори да почнат да работат на оваа напредна мрежа, која е нов стандард и на светско ниво и овозможува многу побрз пристап до интернет, во втората половина на 2014 година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе распише јавен повик за доделување фреквенција за нудење услуги од четвртата генерација мобилна телефонија (4Г). Се очекува мобилните оператори да почнат да работат на оваа напредна мрежа, која е нов стандард и на светско ниво и овозможува многу побрз пристап до интернет, во втората половина на 2014 година. Исто така, се забрзува постапката за пренесување на телефонскиот број од еден на друг оператор. Од понеделник, број во мобилната телефонија ќе се пренесува за еден ден, во фиксната за два дена, а надоместокот што корисниците го плаќаат за услугата се лимитира на 230 денари. Веќе е воведен звучниот сигнал кој го информира повикувачот дека бројот што го бара го сменил операторот без да го промени префиксот. Досега постапката за пренесување на број траеше со месеци, а според евиденцијата на АЕК, дури 70 отсто од обидите на граѓаните завршуваа неуспешно. - Воопшто не сме задоволни од досега пренесените 60.000 броеви од воведувањето на услугата во 2008 година. Како цел си поставивме пет проценти од два милиони корисници да го менуваат операторот соодветно на сопствениот буџет и потребите во телефонијата, а да си го задржат стариот број- појасни Орданоски. Новина е и тоа што АЕК ќе ги одобрува претплатничките договори меѓу операторите и корисниците, обврска што ја немаше досега. Со тоа ќе нема случаи за автоматско продолжување договори од операторите во случај корисникот да не забележи оти тој истекува. - Целта е да се склучуваат транспарентни и јасни договори во кои детално ќе бидат прецизирани сите општи услови за цените, тарифите и параметрите за квалитет, рокот за плаќање и сл. На овој начин ќе бидат избегнати можните злоупотреби и оштетувања на граѓаните како корисници на услуги. Нема да дозволиме ниту еден граѓанин да претрпи штета, поради нејасни и нетранспарентни претплатнички договори - вели директорот на Агенцијата. Се скратуваат и роковите за решавање и одговор по приговорите за крајните корисници ако не се задоволни од операторите. Процедурата за одговор и решавање приговор од досегашните 53 дена е скратена на 23 дена. Крајната цел на АЕК е тоа да се сведе на 11 дена. - Граѓаните може да дадат приговор за каква било причина ако сметаат дека операторите ги оштетиле финансиски или технички. Во секое време нашите служби ќе излезат на терен и ако констатираат прекршување на договорот операторот ќе биде санкциониран соодветно, првин со предупредување, а потоа со казни кои се доста сериозни и се движат до седум проценти од годишниот приход на операторот - наведе првиот човек на АЕК. Според Орданоски, СМС-пораките не поевтинија од јуни годинава, иако тоа беше најавено, бидејќи овој пазар с` уште не е дефиниран и во европски рамки. - Започнавме пионерска работа. Меѓу првите во Европа, користејќи комплексна методологија која бара детални и опсежни анализи, се обидуваме да ја постигнеме оптималната цена за СМС-пораките. Само три држави во Европа имаат дефинирано пазар на СМС: Франција, Данска и Полска, ние сме четврта земја, но с` уште ниту една од тие земји не почнала да го регулира тој пазар. Овој проект е во напредна фаза, но за да заврши целосната имплементација на овој вид на регулација потребно е ова прашање да добие европска рамка - вели Орданоски. Од почетокот на месецов, АЕК ги намали големопродажни цени за терминација во мобилната телефонија со што се очекува да има значајно влијание во формирањето на малопродажните цени, наменети за крајните корисници. Нова најава за старт на виртурелниот оператор Виртуелниот оператор ВТИ, по пробивањето на предвидениот рок, на последната средба со Орданоски најавил старт на услуги во фиксната телефонија на крајот на месецов или на почетокот на следниот, а во мобилната телефонија во декември. ВТИ по нотификацијата од АЕК во октомври лани зеде броеви со префикси 073 300, кои имаат важност од три години, но уште не се активирани. - Имаме постојани состаноци на кои инсистираме што поскоро да почнат со работа затоа што, во спротивно, ќе бидеме принудени да преземе мерки. Три години може да ги користат броевите, но има ставка со која можеме да реагираме ако не ги исполнат условите со добиената нотификација - подвлече Орданоски. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B4BE7691928DA94EAF56D6FBE3E74F74 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #443 Posted: 30-Sep-2011 at 11:17 |
WTI стартува со работа од 1 јануариСпоред информации од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), виртуелниот оператор WTI треба да почне со нудење услуги во мобилната телефонија од 1 јануари 2012 година, а за кратко време потоа и во фиксната телефонија. “Компанијата не е должна да го испочитува тој рок, но се надеваме дека на овој датум, кој е најавен од компанијата, ќе почнат со работа“, велат од АЕК. Од WTI досега имаше неколку најави за старт. Неофицијално, стартувањето се одлагаше поради тешките преговори со постоечките мобилни оператори, чиишто мрежи треба да ги користи овој виртуелен оператор. Деновиве WTI во дневните весници објави неколку огласи за вработување, во кои се бараат најразлични профили на работници. WTI Македонија треба да понуди фиксна и мобилна телефонија, и повици преку Интернет. На пазарот треба да настапи под брендот “Ало“, а веќе му се доделени 100.000 броеви за обезбедување телефонски услуги oд АЕК. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/74178/wti_startuva_so_rabota_od_1_januari.aspx?iId=2373 |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #444 Posted: 04-Oct-2011 at 13:20 |
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=92659&kategorija=2
Капитална инвестиција за модернизација на мрежата на Македонски Телеком
04.
10.2011 - 12:59:51
Македонски Телеком започнува со проект за модернизација на мрежата
со воведување нова мултимедијална платформа од следната генерација
базирана на Интернет Протокол.
“Во наредните години најголемите инвестиции ќе бидат насочени кон
модернизација на мрежите за уште повеќе да се зајакне нивниот капацитет.
Оваа инвестиција е само почеток на планот за инвестиции од 170 милиони
евра во наредните години, од кои 150 милиони се во фиксната мрежа“, рече
Даниел Сас, главен извршен директор на Телеком.
Со оваа платформа ќе се овозможи воведување на нови мултимедијални
услуги со врвен квалитет и иновативни начини за користење на
неограничени можности што ги нуди интернетот.
Со оваа капитална инвестиција од 14 милиони евра, Македонија ќе
биде првата земја во Југоисточна Европа која ќе има мрежа целосно
базирана на Интернет Протокол.
Модернизацијата на мрежата, започнува во октомври и се планира да
биде целосно имплементирана до крајот на 2013 година. процесот ќе се
одвива етапно и во региони.
Во првата фаза ќе бидат опфатени регионите Скопје (Центар и Кисела вода), Гевгелија, Тетово и Велес.
Интегрираниот уред ќе се дава на бесплатно користење, а
инсталирањето ќе го вршат технички лица и во просек ќе трае само 15
минути , за што корисниците ќе бидат навремено известени од контакт
центарот.
На уредот ќе се приклучуваат сите комуникациски уреди кои може да
се користат дома, домашен телефон, Мax TV, компјутер, лап топ, смартфон,
како и сите нови типови телевизори, веб камери, интернет радија итн.
По повод започнувањето на проектот, а во согласност со
стратегијата на Македонски Телеком за корпоративна одговорност,
најдобрите 10 студенти од Факултетот за електротехника и информациски
технологии и од Факултетот за информатички науки и компјутерско
инженерство, добија една година бесплатно користење на 3 Маx пакетите.
Во иднина сите вакви домашни уреди ќе можат да се управуваат или контролираат преку интернет.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #445 Posted: 17-Oct-2011 at 11:28 |
|
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #446 Posted: 08-Nov-2011 at 12:21 |
Карлос Слим во март на конференција во Охрид!Ивана КолеваНајбогатиот човек во светот, Мексиканецот Карлос Слим Хелу, кој “тежи“ над 74 милијарди долари, во март ќе дојде во Охрид, дознава ексклузивно “Капитал“. Според нашите информации, мексиканскиот телекомуникациски магнат ќе дојде во Македонија на 26 март 2012 година, а причината за посетата е петтиот состанок на Широкопојасната комисија за дигитален развој (Broadband Commission for digital development) во Охрид. Со Слим ќе дојдат уште 60 членови на Комисијата - главни извршни директори на меѓународни компании (Гугл, Интел, Алкател-Луцент, Ериксон, Циско, Мајкрософт, Телефоника...), индустриски и политички лидери, претставници на влади, меѓународни агенции, академии... Мексиканскиот телекомуникациски магнат ќе дојде во Охрид на 26 март 2012 година, на петтиот состанок на Широкопојасната комисија за дигитален развој. Со Слим ќе дојдат и 60 членови на Комисијата - главни извршни директори на Гугл, Интел, Алкател-Луцент, Ериксон, Циско, Мајкрософт, Телефоника... Иницијативата Македонија да биде домаќин на овој состанок доаѓа од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој како владин претставник е член на Широкопојасната комисија. “Капитал“ дознава дека од Комисијата веќе е испратено писмо до кабинетот на премиерот Никола Груевски за да се договорат деталите за престојот на Слим во земјава. Широкопојасната комисија за дигитален развој ја формираа ITU (Меѓународната унија за телекомуникации) и UNESCO како одговор на повикот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, да се засилат напорите за исполнување на Милениумските цели за развој . Основана е во мај 2010 година. Нејзините главни заложби се да ја зголеми важноста на пристапот до широкопојасен Интернет во меѓународната политичка агенда. Комисијата цврсто верува дека Интернетот е клучен фактор за забрзување на остварувањето на милениумските цели до 2015 година. Таа дефинира практични начини како земјите во сите фази од развојот да го постигнат ова во соработка со приватниот сектор. На последниот состанок на Комисијата, кој се одржа во октомври во Женева, присуствуваа над 250 владини и бизнис-лидери од целиот свет. Тие разменија мислења за предизвиците и можностите за идното градење на широкопојасниот Интернет и поставија четири цели на кои треба да одговорат земјите. Во фокусот на состанокот беше постигнувањето универзална широкопојасна политика, која е адекватно достапна и овозможува поврзување на домаќинствата преку Интернет. Предвидувањата беа дека до 2015 година околу 40% од домаќинствата во земјите во развој и над 60% од вкупното светско население ќе има Интернет. За значењето на активностите на Широкопојасната комисија говори фактот што во неа членува моќна заедница. Во претседателството се Паул Кагаме од Руанда и Карлос Слим Хелу од Мексико, д-р Хамадоун Туре од Мали и Ирина Болкова, претставник на УНЕСКО. Кој е Карлос Слим? |
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #447 Posted: 11-Nov-2011 at 18:36 |
Одлична вест која ќе ја засили конкуренцијата на пазарот на телекомункациски услуги:
Кејблтел се ребрендираше во Blizoo “Близу" е компанија во сопственост на шведскиот приватен инвеститорски фонд , која е присутна во Македонија како резултат на ребрендирањето на “Кејблтел“ ДООЕЛ Скопје кој постои од мај 2007. Во изминатите две години, компанијата направи капитални инвестиции во развојот на капацитетите на својата мрежа: 4,2 милиони евра (во 2010) и 3,2 милиони евра во 2011 (до ноември). Планираните инвестиции за следната, 2012 година, се околу 3,5 милиони евра, со што ќе си обезбеди лидерска позиција во областа на сите свои услуги. Технологијата што го овозможува ова е хибридно-оптички коаксијална (HFC) врз основа на системот оптички кабел, на максимално растојание од 300 метри од крајниот корисник и, оттука, со поврзување преку коаксијален кабел до крајниот корисник. Со тоа овозможуваме квалитетна аналогна и дигитална телевизија, најбрз и неограничен интернет-пристап и квалитетна дигитална фиксна телефонија. Во својата понуда, за првпат на македонскиот пазар, “Близу" воведува најголем број HD канали. За почеток тоа се седум канали: (Eurosport HD, ESPN HD, MTV live HD, Food Network HD, Viasat Natyre HD/ History HD, PLanet HD и Penthouse HD), со тенденција за постојано зголемување на нивниот број. Дигиталната платформа со која располага овој оператор поддржува најголем број кристално чисти канали (120) што се пренесуваат без компресија на сигналот, што не’ прави единствени на македонскиот пазар со таков квалитет на пренос. Новата генерација на дигитална телевизија којашто „Близу“ ја промовира на пазарот вклучува: нова услуга - EPG (електронски програмски водич), со можност за пребарување на содржината.Понатаму, до почетокот на декември, ќе стартуваме и можност за снимање и паузирање на ТВ програмата. Оптичкиот интернет на “Близу“ нуди интернет-услуги со најголема download - брзина во Македонија, без ограничувања во транферот на податоци. Брзината од 50 Mbps (мегабити во секунда) значи дека времето што е потребно за симнување филм со стандарна резолуција ќе биде пократко од пет минути. Во однос на фиксната телефонија, оптичката телефонија на “Близу“ претставува сосема нов концепт при користењето на оваа домашна услуга: без претплата, без наплата за приклучок и со бесплатни разговори во мрежата на “Близу“. http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=94488&kategorija=2 http://web.blizoo.mk/index.html |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #448 Posted: 11-Nov-2011 at 19:15 |
браво за новитетите,иначе филмови е забрането да се симнуваат,па за реклама нека користат поинаков вид на споредба
|
|
Superman
Senior Member Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
Quote Reply #449 Posted: 11-Nov-2011 at 20:05 |
Забрането е од торрент да се симнуваат, ако си платиш на одредени сајтови дозволено е, а никаде во текстот не пишува пиратски филм.
|
|
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
|
Forensic
Newbiе Joined: 13-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #450 Posted: 12-Nov-2011 at 20:37 |
I was wondering why it took them so long. They rebranded the Bulgarian CableTel to Blizoo almost a year ago if I am correct. Anyway, my parents pay for Blizoo's digital package, but are too cheap to pay up for the HD channels. Anyway, they are happy with it. www.blizoo.bg
|
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1315 |
Quote Reply #451 Posted: 12-Nov-2011 at 21:36 |
Jas koristam paket na blizoo vo Bugarija,za 13 leva(400 den) imam kablovska 80 kanali,neogranicen internet brzina:15 Mbps i domasen telfon(bez pretplata) so 75 besplatni minuti kon site mrezi.
|
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
VirginAtlantic
Senior Member Joined: 01-Jun-2009 Location: Софиjа Online Status: Offline Posts: 254 |
Quote Reply #452 Posted: 12-Nov-2011 at 22:10 |
Jас сум на пакет со дигитална телевизиjа од 140 канали, 16 HD канали, 50 Mbps интернет и телефон - вкупно за 44 лева /1380 денара/.
Интересно, во Бугариjа Blizoo често са критикувани и немаат добар углед, но jас лично сум задоволен од нивните услуги. Голем недостаток за мене е липсата на TV1000, Viasat Explorer и Viasat History. И канали од поранешните Jугославски републики, но тие не се нудат во Бугариjа. |
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #453 Posted: 29-Dec-2011 at 01:12 |
Виртуелниот оператор ВТИ почнува со работа на македонскиот пазар
Првиот виртуелен мобилен оператор ВТИ Македонија почнува со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, откако постигна договор за пристап на мобилна мрежа и давање услуги со операторот ОНЕ. - Услугите во мобилната телефонија ќе почнат во текот на следните неколку недели (како пробен период), со делење „сим“ картички со префикс 073 на неколку стотини граѓани. Комерцијалните услуги во доменот на фиксната телефонија и интернет услугите ќе почнат во јануари 2012, соопшти денеска ВТИ Македонија. Од виртуелниот оператор информираат дека ќе го искористат периодот што следи за натамошно унапредување на компанијата, за прием, инсталација и тестирање на мрежната опрема и на системот за грижа на корисници. - Поминуваме низ период полн со предизвици, но убеден сум дека ВТИ Македонија ќе стане значаен играч во целиот спектар на телефонски услуги. Во моментот имаме голем број на сериозни преговори како со домашни, така и со странски оператори од кои се очекуваат значајни објави во следните неколку месеци, изјави Олутојин Гбадамоси, кој е новоназначениот генерален директор на ВТИ Македонија. Најновиот учесник во македонскиот телекомуникациски пазар најавува дека ќе им овозможи на македонските граѓани преку новите мобилни сервиси со префикс 073 иновативни и достапни решенија што ќе обезбедат целосна покриеност дома и достапност насекаде низ светот. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C8DDDA84EAAACD4C96A5A7C658568574 |
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #454 Posted: 31-Jan-2012 at 00:20 |
Луѓе, незнам по другиве општини ама во Аеродром, Т-Home, почна да спроведува оптички кабли и да поставува приклучоци до секој стан.
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #455 Posted: 31-Jan-2012 at 00:40 |
во Кичево засега се опфаќа централното градско подрачје,некои банки, и слично.се работи уште од есенеска
|
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #456 Posted: 31-Jan-2012 at 00:48 |
Имплементација на проектот Fiber to home кој започна во 2009. Сум видел згради во Капиштец каде ова е веќе завршено. Во октомври 2011 започна и модернизација на мрежата, како капитална инвестиција на Телекомот од 14 милиони евра. Можам да потврдам дека мрежата е модернизирана во Кисела Вода. |
|
stratus
Senior Member Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 754 |
Quote Reply #457 Posted: 31-Jan-2012 at 02:06 |
Карпош е веќе една година готов, јас веќе користам оптички интернет од телеком
Edited by stratus - 31-Jan-2012 at 02:06 |
|
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #458 Posted: 31-Jan-2012 at 13:54 |
Цел Капиштец и најголем дел од Центар (Градски Ѕид, Дебар маало) веќе речиси 2 години се покриени со оптика на Телеком.
|
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #459 Posted: 02-Feb-2012 at 12:53 |
Новиот, четврти, оператор ќе се вика Alo Telekom
Набрзо во Македонија ќе започне со работа новиот мобилен оператор со име Alo Telekom, зад кој стои компанијата WTI Macedonia. По една година интензивни подготовки и преговори, WTI објавува дека потпишале договор со ОНЕ, што му овозможува на WTI да ги лансира мобилните услуги во многу блиска иднина. Инаку, WTI Macedonia е ќерка-компанија на WTI international Holding BV и WTI Group компаниите во сопственост на групација Boekhoorn. http://www.telefoni.com.mk/news-1706-noviot-cetvrti-operator-ke-se-vika-Alo-Telekom.html |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #460 Posted: 22-Feb-2012 at 00:36 |
Да споделам една интересна статистика на која наидов разлистувајќи низ публикациите на ДЗС:
|
|
Post Reply | Page <1 2122232425 28> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |