Скопје,
16 септември 2010 (МИА) - ТПП „Олимпико“ ДООЕЛ, фирмата избрана
за најповолниот понудувач на јавното наддавање за продажба на државно
градежно земјиште во општина Карпош наменето за изградба на складишта
Фирмата ТПП „Олимпико“ е
нов сопственик на градежна парцела од 2.712 квадратни метри во Момин
Поток, кај кафеаната „Меана Б“. „Олимпико“ го купи земјиштето на јавно
наддавање во Министерството за транспорт за вкупно 17.628.000 денари,
односно 6.500 денари за квадратен метар
Од Министерството велат дека по извршената уплата ќе се склучи
договор за отуѓување на градежното земјиште, со што „Олимпико“ ќе треба
во рок од девет месеци да обезбеди одобрение за градба за предвидениот
објект од општината, а потоа да го изгради во рокот што е предвиден во
согласност со одредбите од Законот за градење, известуваат од
Министерството за транспорт и врски.
Министерството за транспорт си ја бара по судски пат земјата од фирмата „Медија електроникс“
Сања Наумовска
Наместо деловен комплекс
со продавници за делови за електронски апарати, кои граѓаните ќе можат
самите да ги склопуваат, ресторани, складишта, автосалони и детски
забавен парк, огромна површина земјиште во месноста Јурија во Ѓорче
Петров една деценија стои запуштена и обрасната со трева. На локацијата,
покрај главната сообраќајница, која води кон излезот од градот, пред
неколку години фирмата „Медија електроникс“ требаше да започне со
изградба на комплексот, за кој до денес нема поднесено ниту проект.
Роковите
за изградба се одамна поминати, а Министерството за транспорт и врски
во судска и управна постапка, преку државниот правобранител, си го бара
земјиштето назад. Општина Ѓорче Петров нема наплатено комуналии, а
општинарите не можат да направат ниту пренамена на земјиштето до
завршувањето на постапките.
„На фирмата ’Медија електроникс’ и'
се отуѓени две парцели една до друга во две различни постапки. Поради
неправилности во постапката, и за двете парцели е во тек постапка за
раскинување на договорот, при што за едната се води судска постапка, а
за другата управна постапка“, велат во Министерството.
Имено, во
1999 година, фирмата закупила од Министерството земјиште од околу
37.000 квадратни метри, заради изградба на дистрибутивен центар.
Договорот за закуп бил обновен две години подоцна во 2001 година,
бидејќи на „Медија електроникс“ и' истекол рокот за изградба, а без
воопшто да започне со реализацијата. Сепак, тоа не пречело на незаконски
начин земјиштето да се трансформира од државно во приватно, односно
фирмата во договор во четири очи си ја откупува закупената локација.
И
во Општината се во исчекување од разрешница од судските спорови за
земјиштето. Според општинарите, не е в ред огромна градежна парцела на
главна улица да личи на змијарник. Од високата трева не се гледа ниту
болницата „Свети Лазар“, ниту, пак, станбените згради што се во заднина.
Наскоро во близина ќе има и очна клиника, а општинарите сметаат дека
ова е идеална локација за изградба и на други приватни клиники и за
развој на медицинскиот туризам. „Во Општината стигнуваат понуди од
странски инвеститори, но никому не можеме да понудиме нерасчистена
локација“, се жалат во Ѓорче Петров.
ГРАЃАНИТЕ САКААТ РЕШЕНИЕ ЗА РУИНИРАНИОТ ОБЈЕКТ ВО КИСЕЛА ВОДА Старата фабрика за сапун дувло за бездомници
Даниела Трајковска
Објектот
на поранешната фабрика за сапун „Цветан Димов“, кој се наоѓа на
најфреквентната улица во општина Кисела Вода, Првомајска, руиниран и
запуштен, сега претставува собиралиште на бездомниците и на наркоманите.
Граѓаните се жалат дека покрај тоа, зградата е и дувло на змии затоа
што, како што тврдат, повеќепати ги забележале во неговата близина. -
Цело лето гледавме змии во дворот на запуштената фабрика. Соседот една
улови и ја уби. Со години зградата стои вака. Од Општината, освен тоа
што повремено го чистат дворот, ништо друго не прават - вели Елена Ц.
која живее близу старата фабрика. Бидејќи официјално не постои
институција која би била надлежна за заловување на змиите, граѓаните се
оставени сами на себе. - Ние не сме надлежни за ловење на змиите.
Понекогаш излегуваме во пресрет на граѓаните, па кога ќе забележат змија
пуштаме еден од нашите вработени да ја улови. Меѓутоа, до нас досега
немало повик дека во старата фабрика се појавиле змии - изјави Дане
Кузмановски, директор на Зоолошката градина. Граѓаните тврдат дека во
старата зграда се збираат наркомани, кои зад себе оставаат употребени
шприцеви. Таа е и дом за повеќе бездомници, кои палат оган за да се
згреат, па, како што велат, постои опасност и да предизвикаат пожар кој
може да ги загрози нивните домови. Од Министерството за внатрешни
работи, пак, тврдат дека тие редовно вршат контрола на сите делови од
градот, вклучувајќи ја и старата фабрика. - Се поднесуваат прекршочни и
кривични пријави за сите оние кои во тој дел консумираат или продаваат
дрога. Нашите активности ќе продолжат и во иднина, со цел да се спречи
таквата појава - изјави Борче Пешевски, портпарол на МВР. Сликата околу
оваа запуштена зграда е навистина грда. Освен скршените прозорци и
графитите, погледот кон неа е уште полош поради тоа што околината е
обрасната со грмушки и со висока трева. Жителите велат дека старата
фабрика ќе се руши и дека на нејзино место ќе се гради новата општинска
зграда. - Дознав дека на тоа место ќе биде новата општинска зграда.
Меѓутоа, кога ќе ја градат, се уште не се знае бидејќи, колку што ми е
познато, сопственикот е од Белград и воопшто не доаѓа тука - вели Сашо
К. Во Општина Кисела Вода објаснуваат дека е во тек постапка за
денационализација на тој простор. - Поради тоа што земјиштето во тој дел
се уште е во постапка за денационализација, па поради тоа, во
согласност со позитивните законски прописи, Општината не може да планира
изградба на каков било објект таму, вклучително и нова општинска зграда
- изјави Марјан Спасески, портпарол на Кисела Вода. Според него, уште
во јуни, во соработка со Министерството за внатрешни работи, била
спроведена акција за дислокација на дивовселените Роми во тие објекти,
по што местото било целосно исчистено.
Архитекти и градежни инженери се ангажирани од локалната самоуправа на Крива Паланка да изработат нов проект за
комплетно уредување на коритото на Крива Река, која треба да добие нов
лик. Целта е со новите урбанистички решенија на вливот на Дурачка во
Крива Река, во центарот на градот, да се направи атрактивно решение.
-
Ги вклучивме стручните лица по потекло од Крива Паланка, кои веќе се
докажани во својата струка, заеднички да изготвиме современо и
атрактивно решение за уредувањето на коритото на Крива Река и во
градското подрачје да направиме нов повеќенаменски простор за граѓаните.
Посебен акцент ќе биде ставен на вливот на двете реки, кој треба да
биде своевидна туристичка атракција според новиот проект - вели
градоначалникот Арсенчо Алексовски.
Според договорот, ќе биде
изготвена локална урбанистичка планска документација за реката во
градскиот реон, кој опфаќа површина од 10 хектари. Предвидена е
содржајна урбана опрема, која ќе го збогати и преобликува просторот, но и
ќе добие нова функционалност. Проектот е од особено значење затоа што
предвиденото уредување на Крива Река се наоѓа веднаш до магистралниот
пат кон Деве Баир и може да биде основа за привлекување туристи.
-
Формирано е координативно тело и веќе се дадени првичните идеи за
изготвување на локалната урбанистичка планска документација. Посебна
грижа се води за изборот на опремата што ќе биде вметната во
предвидените урбани содржини, а која нема да биде пречка за протокот на
Крива и на Дурачка Река. За нивниот влив, пак, се бара посебно решение -
истакнува Добривој Николовски, раководител на одделението за урбанизам,
градежни работи и заштита на животната средина.
Во тек е
изработка на нацрт-план и на програма, кои треба да бидат прифатени од
стручните лица и во нив да бидат вметнати најдобрите идеи и решенија. За
дел од коритото општината веќе има добиено грант од 1,5 милион денари,
со кои ќе се уредат пешачка и велосипедска патека. Но, општината бара
комплетно решение за целото корито за да не се попречи понатамошното
уредување со парцијалните проекти.
- Неопходно е да се донесе
комплетна документација за целиот простор во градот, а не да се оди со
парцијални решенија, кои во иднина може да се одразат врз реализацијата
на предвидената програма - вели Николовски.
Архитектите и
инженерите истакнуваат дека мора да се размислува и за решение со кое ќе
се овозможи патот на рибите, кој сега е попречен од високите каскади
изградени на Крива Река. Тие предлагаат заезерување на одредени места на
реката со гумени перници, потоа изградба на водоскоци и други
атрактивни објекти, кои ќе го преобразат речното корито во привлечен
туристички локалитет. Новото решение треба да обезбеди и заштита од
поплави од реките, кои во изминатиот период предизвикаа огромни штети
врз инфраструктурата во градот.
Почнува изградбата на откупно- дистрибутивниот центар во Струмица
Почнува изградбата на откупно –дистрибутивниот центар на хрватски Агрикор во Струмица. Претставници на хрватскиот гигант во земјата, велат дека ги имаат сите потребни градежни дозволи. Деновиве ќе го изберат изведувачот на целиот проект и до крајот на месецот ќе се почне со градба. Центарот ќе се гради во неколку фази. Почетната инвестиција е околу 9 милиони евра.
Од министерството за земјоделство велат дека стартот на изградбата на откупно-дистрибутивниот центар доцнела од технички причини.
Хрватски Агрикор веќе две години е присутен во Македонија, но досега само како откупувач.
големата зелена(сега калива)површина помеѓу Народна Банка и Железничка деновиве се рамни. Дали се спрема за градба или за нешто друго незнам. Некој да има информации?
Кога може рингишпил, зошто не и ова - центар на Скопје = бунар на желби, што би рекле србите - кад је бал, нек је маскембал...
Сега глетките се во мода, само на нив се нафрлиле...еве може и еден сателит да дреме цело време над Скопје и да праќаме туристи во стратосферата и од таму да го гледаат градов убав...па многу е убав, што да праиме
Ротациона кула на кале, ќе нуди панорамска глетка на Скопје?
30.10.10 / 12:12
Ротациона кула, поставена на Кале, која за време од 45 минути би се вртела за 360 степени,
нудејќи панорамски поглед на Скопје, е предлог на месната заедница „Јане Сандански“ од
населбата Француски гробишта.
На врвот на кулата би имало ресторан, од кој граѓаните, пиејќи кафе би го разгледувале Скопје.
Идејата ја добивме ние жителите на Кале, бидејќи од покривот на Музејот на уметноста има
многу убав поглед на Скопје. Кулата би се изградила на височинката меѓу музејот и куќата на Есма Реџепова, како место на кое е највисоката кота на Калето,
појаснува советникот Сашо Младеновски од социјалистичката
Години наназад граѓаните на општина Неготино, посетителите кои
доаѓаат во градот или случајните минувачи, мака мачат со изнаоѓањето на
место каде што би ги паркирале сопствените возила. Недостигот од паркинг
простор придонесуваше и придонесува возилата да се паркираат на
несоодветни места за тоа, што пак е причина за создавање метеж и
загрозување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Проблемот е
посебно изразен во централното градско подрачје каде што и
фрекфренцијата од луѓе и возила е најголема, па тротоарите предвидени за
непречено и безбедно движење на пешаците најчесто се зафатени со
паркирани возила.
Согледувајќи ја ваквата состојба, одговорните во локалната самоуправа
покренаа иницијатива која е во фаза на спроведување и според која се
предвидува реализација на Проект за реконструкција на градскиот центар
во Неготино, односно сегашниот Градски плоштад, делови од улиците
Партизанска и Маршал Тито, градскиот кеј, заедно со објектите кои го
опкружуваат. Градоначалникот Пане Трајков истакнува дека основна цел на
проектот е просторот во центарот на Неготино да добие функција на еден
модерен и современ градски центар, а паралелно, со покривање на дел од
градскиот кеј да се создадат услови за обезбедување на максимален број
нови паркинг места. Во рамките на проектот, распишан е конкурс за
прибирање на идејни решенија за реконструкција на централното градско
подрачје, формирана е жири-комисија која ќе изврши избор на најдоброто
решение, а за најуспешните 3 проекти се предвидени награди. / С.Д.
http://www.ktv41.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Ме интересира дали некој знае што планираат да се случи со бараките што се користени за персоналот при изградба на Хидросистем Злетовица после изградбата. Штета е веќе монтирани, така нови да се размонтираат кога
може да се направат фини викендици, ресторани и слични објекти да служат
да се разработи убава туристичка, рибарска, рекреативна населба, а овие
објекти можат да бидат голема одскочна даска за тоа. Дали планираат да и
огласат на јавно наддавање, или па да ги дадат под ЈПССДП или на општината (Која и да е локално) да ги стопанисуваат, да ги издваат. Сигурно не требаат сите за стопанисување со езерото, доволно е една за дежурен персонал и опрема. На пример во Маврово сеуште до ден денес
стојат бараките во Маврови анови што биле градени за работниците од
изградбата на браната. Порано се користеле како работнички одмаралишта
на фирми во социјализмот, после тоа имаше бегалци од времето на војната
во Босна, после тоа пак имаше некои што останаа одморалишта, магацини и
слично. Некои се испораспаднаа, некој сеуште се користат и изгледаат како да се сега градени. Сепак се објекти, штета е да се размонтираат, а не се работи за
некои којзнае какво градежно земјиште во центар на Скопје па да сметаат,
ниту па се некое азбестно жариште.
Taму има и менза и ресторант има а уште се работат некои работи тамо има и интернет,телефон,вода,струја а се и афлатира патот бидејки е оштетен од камионите целиот пат се асфалтира
Градоначалникот Пане Трајков истакнува дека основна цел на
проектот е просторот во центарот на Неготино да добие функција на еден
модерен и современ градски центар, а паралелно, со покривање на дел од
градскиот кеј да се создадат услови за обезбедување на максимален број
нови паркинг места.
Несфатливо ми е ова покривање на речно корито за добивање на паркинг простор. Реките и кејовите се богатство и можност за цел куп придобивки доколку добро се осмислат и уредат. Од градски кеј да се прави затворен канал е тотален промашај. А изгледа преминува и во мода кај нас, Штип веќе се задолжува за сличен концепт, макар што во Штип изгледа дека сето тоа ќе биде во поблага форма: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=913
Се надевам дека во Неготино сепак ќе побараат друго решение за паркингот. Ова сегашното едноставно е грешка.
Инаку, за исправање на слични грешки кои се правени во минатото, во понормален свет истураат тешки пари. Ако во Сеул биле спремни да платат цех од милијарда долари за повторно да го ископаат на виделина нивниов поток, во Неготино може барем да се воздржат од повлекување на таков потег ин д фрст плејс:
Еве една интересна вест. Незнаев каде да ја постирам ваљда не згрешив.
Калин Камен ќе прерасне во ски центар
Вторник, 23 Ноември 2010 14:33
Share
Размена на искуства за развој на туризмот и можностите за заеднички туристички проекти кои би се финансирале од претпристапните фондови од Европската унија, беа теми на разговорите на делегација од Општина Крива Паланка во збратимениот бугарски град Банско.
- Согледувајќи ја реалната слика за високо развиен зимски и летен туризам во Банско веднаш ги направивме првите чекори за пренесување на туристичките искуства и во нашата општина, која на Осоговските Планини, поточно на туристичкиот локалитет „Калин Камен“ ги има сличните услови за развој на зимски и летен туризам, истакна Алексовски.
При посетата е договорено наскоро време главниот архитект на ски-центарот од Банско со свој стручен тим да престојува на Калин Камен и ги даде насоките за идејно решение за ски-центар на овој локалитет. Во исто време тимовите за локален економски развој од двете општини треба да понудат издржливи проекти за развој на туризмот со кои ќе се аплицира за финансии од претпристапните фондови од Европската унија, информира Алексовски.
На работниот состанок градоначалникот Краваров ги запознал гостите со личната карта на општината Банско напоменувајќи дека е многу мала општина со 7,6 илјади жители и годишен буџет од околу 18 милиони евра, но со високо развиен зимски и летен туризам познат не само на Балканот туку и во светски размери.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum