build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 21-Apr-2013 at 23:34
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 22-Apr-2013 at 06:41
Print%20page

Македонија има воден потенцијал за уште 15 големи брани

Дејан Азески
Македонија%20има%20воден%20потенцијал%20за%20уште%2015%20големи%20брани

Според академикот и експерт за енергетика, Глигор Каневче, во Македонија има простор да се изградат барем уште 15 големи брани и плус многу мали.


Според официјалните статистики, водниот потенцијал во Македонија е искористен со нешто повеќе од 26%, што е многу мала бројка. Од вкупно 8.863 гигават-часови теоретски потенцијал на македонските реки, досега се искористени само 1.471 гигават-час. На најголемиот производител на струја во Македонија, државната компанија ЕЛЕМ, само 15% од произведената струја и е од хидроцентралите.

Академикот и експерт за енергетика, Глигор Каневче, вели дека иако во Македонија во моментов е двојно зголемено производството на хидроцентралите поради брзото топење на снегот, не треба да му се радуваме на овој факт, бидејќи е краткорочен. Тој предлага што побрза изградба на предвидените хидроенергетски капацитети за да може да се искористат максималните бенефити од овој воден потенцијал.

„Вакви води како оваа пролет се реткост. Тие можеби можат да го дуплираат хидропотенцијалот, но на многу краток рок. Сепак, треба да се смета со средниот просек на капацитетот на водите и така да се прават пресметките. При просечна хидрологија ние имаме искористеност од 1.500 гигават-часови од хидропотенцијалот, а 2.500 гигават-часови сè уште не се искористени. Значи во Македонија има простор да се изградат барем уште 15 големи брани и плус многу мали“, вели Каневче.

Околу препораките на Каневче одговор побаравме и од државната компанија за производство на струја, ЕЛЕМ, од каде што најавија дека се одвиваат завршните подготовки за почеток со градба на две хидроцентрали Бошков Мост и Луково Поле кај Дебар.


Повеќе за водниот потенцијал на Македонија и неговата искористеност читајте во текстот "До кога вишокот вода наместо во турбините ќе ни завршува во подрумите и фармите" во магазинот за бизнис и политика КАПИТАЛ од 19

http://kapital.mk/MK/makedonija/94738/makedonija_ima_voden_potencijal_za_ushte_15_golemi_brani.aspx

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 11-May-2013 at 12:29
Ќе се обновуваат шест хидроцентрали

Во ХЕЦ „Вруток“ на гостиварската подружница на ХЕЦ „Маврово“ на АД „Електрани на Македонија“, повеќе домашни и странски изведувачи работат на реализација на проектот ревитализација и модернизација на втората фаза во шест хидроелектрани: „Вруток“, „Равен“, „Врбен“, „Шпилје“, „Глобочица“ и „Тиквеш“. Прв пат во 56-годишната експлоатација на опремата во ХЕЦ „Вруток“, како што информираше Дејан Бошкоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ, се врши замена на четирите генератори, чиј век на употреба е при крај, со нови далеку посовремени генератори. Напоредно се врши и замена на блок и на регулациони трансформатор , како и на блок-трансформатори во ХЕЦ „Равен“. Потоа, ќе биде реконструирана хидромеханичката опрема, ќе се изврши надградба на браната „Леуново“ на Мавровско Езеро и ќе биде извршена ревитализација на доводот на системот „Шарски води“ и на „Толјанскиот тунел“.

Во ХЕЦ „Шпилје“ ќе се ревитализира инјекциската завеса, а нова опрема за мониторинг ќе биде поставена на браните „Маврово“, „Глобочица“, „Шпилје“ и „Тиквеш“. Со реализацијата на овој зафат, како што информираше Димитар Тануров, директор за производство во ЕЛЕМ, вкупната моќност ќе се зголеми за 18,31 мегавати, а производството ќе се зголеми за околу 50 гигават-часа. Во ХЕЦ „Вруток“ ќе се зголеми и енергетскиот производствен капацитет на 184 мегаволт ампери.

Со реконструкцијата на доводот „Шарски води“ ќе се елиминираат загубите на вода и на потенцијалните критични места на лизгање на земјата. Со овој зафат се обезбедува сигурност на каналот за наредните 50 години експлоатација. Придобивката од надградбата на браната „Леуново“ во висина од 2,5 метри е да се зголеми нивото на акумулацијата , што ќе овозможи производството на струја на ХЕЦ „Вруток“ и на ХЕЦ „Равен“ да се зголеми за 50 ггвч.

За реализација на проектот ревитализација и модернизација на шест хидроелектрани, втора фаза, кој треба да заврши в година, ќе бидат потрошени 38,3 милиони евра, од кои 27,1 милион евра се кредитни средства, а 11,2 милиони евра се сопствени средства на ЕЛЕМ.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D1FAB3D75BEEDA44859A8C53B2E3FD30
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 11-May-2013 at 12:35
Дел од реконструкцијата на каналите и тунелите од `шарски води` е веќе во поодмината фаза,т.е. делот од каналите кои ќе ги користи Луково поле.изминирани се старите бетонски канали,а на нивно место треба да се градат нови.

Ова беше завршено уште минатата есен,знам бидејќи јас им ја дадов дозволата за набавка и превоз на експлозивот што се користеше за минирање
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 13-May-2013 at 10:27
По триесет години, конечно, ќе се гради ХЕЦ „Бошков мост“

До крајот на годинава или во почетокот на идната година, се очекува да почнат градежните работи на изградбата на хидроелектричната централа „Бошков мост“, на Мала Река, во непосредна близина на Дебар. Проектот ХЕЦ „Бошков мост“ беше изработен во далечната 1983 година, и по триесет години неизвесности, конечно сите дилеми и пречки се надминати, изработена е потребната техничка документација, сите фази успешно се минати за оправданоста на инвестицијата, обезбедени се потребните финансиски средства, останува да се добијат понудите од изведувачите и да се одберат најквалитетните изведувачи и изработувачи на опремата. За четири години се планира да заврши изградбата и да се монтира опремата, а со тоа да потечат и првите киловат-часови електрична енергија од ХЕЦ „Бошков мост“. Инвеститорот АД ЕЛЕМ, како што информираше генералниот директор Дејан Бошковски, пред еден месец ги добиле финансиските понуди за набавка на главната електромашинска опрема, а наскоро треба да ги добијат и понудите за двата лоста за изведување на градежните работи. Според утврдената динамика на крајот на третиот квартал од годинава ќе бидат потпишани договорите со изведувачите на градежните работи и во зависност од теренските и подготвителните активности веднаш ќе почнат со изградбата на објектите за централата.

Според проектната документација, за ХЕЦ „Бошков мост“ ќе се изгради акумулациска насипно земјена брана во височина од 33 метри, на самото устие на Јадовска Река во Тресонечка Река, под мијачкото село Тресонче. Во новата акумулација ќе се зафаќаат сите потоци на Мала Река. Изградбата на градежните објекти и монтирањето на опремата треба да завршат за четири години. Тоа значи дека во 2018 година од централата ќе потечат и првите киловат-часови електрична енергија. Годишното производство ќе изнесува 117 гигават-часови, а за реализацијата на зафатот ќе бидат вложени 107 милиони евра.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E572F0B28EA2B4F8DEF268497AAF355

Edited by Џоле - 13-May-2013 at 10:29
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 25-May-2013 at 10:15
Пуштена во употреба мини централата Ратево-Берово

Берово, 25. мај 2013 (ИНПРЕС)
извор: Локално фото: архива

Пуштена е во употреба мини хидро-електричната централа Ратево-Берово, поставена 50 метри под круната на Беровско Езеро, од левата страна на Ратевска Река со капацитет на производство од 400 kw.


Изградбата на оваа мини хидроцентрала која траеше 6 месеци, е резултат на јавно приватно партнерство помеѓу Водостопанство „Берово“ – Берово и најповолниот понудувач на објавената јавна набавка, ДСС „Солар“ – Скопје, кој беше инвеститор, пренесува Локално.

Предмет на самиот договор вреден 450.000 евра беше изградба на зграда, набавка и поставување на опрема, изградба на далновод до трафостаница на ЕВН Македонија како и адаптирање и пробивање пат до самиот објект. (Крај)
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=FA759477B8577045B2AC129A79A9648E
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 01-Jul-2013 at 20:45

Советот на Дебар против проектот „Луково Поле“

Советот на општина Дебар со 13 гласови „за“ ги усвои заклучоците предложени од Комисјата за урбанизам, комунални дејности и заштитата на животната средина и природата во врска со енергетскиот проект „Луково Поле“.

Советот на општина Дебар со 13 гласови „за“ ги усвои заклучоците предложени од Комисјата за урбанизам, комунални дејности и заштитата на животната средина и природата во врска со енергетскиот проект „Луково Поле“.

Во усвоените заклучоци стои дека Советот на општината, градоначалникот, невладиниот секор и сите граѓани остро реагираат и се категорично против реализиација на „Луково Поле“ со кој се предвидува зафаќање на дел од водата на реката Радика.

- Причина за тоа е фактот дека овој проект има негативно вијание врз животната средина и биодиверзитетот на просторот со посебни вредности, прави девијација на природниот тек на водите на реката Радика и реориентација од Дримскиот во Вардарскиот слив, стои во заклучоците.

Проектот, како што смета Советот на општина Дебар, нема силни аргументи за оправдување на економскиот интерес во однос на негативните последици и влијанија од неговата реализиација и не дава можност за избор на алтернативни решенија за основната цел - производство на електрична енергија.

Заклучоците ќе бидат доставени до владите на Република Македонија, Албанија и Косово, Светска банка, ЕЛЕМ, надлежните министертва и други релевантни иснитуции.

На седницата на Советот  учествуваа и претставници на граѓански организации според кои со зафаќањето на дополнителни 4 метри кубни вода во секунда од Радика, реката ќе биде целосно уништена. Тоа негетивно ќе влијание не само врз флората и фауната на Радика и Дебарското Езеро, туку  воопшто, на економскиот развој, посебно на туризмот во оваа, но и во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=59187#.UdHcHtjcDso
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 01-Jul-2013 at 21:17
А тоа што 90% од дебарчани живеат и работат во земји од ЕУ каде нуклеарната енергија е на прво место не им смета.Само кај нас ни смета се и сешто.

И јаре и паре нема никаде во светот
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 01-Aug-2013 at 14:10

Пробиштип ќе добие 11 мини хидроцентрали

 

Македонија   |   Прочитана: 302 пати

 

Пробиштип со право може да се пофали дека ќе е единствен град на македонскиот исток, а и пошироко со најголем број на мини хидроцентрали. Вкупно 11.

Една е во градба, за друга денеска се положи камен темелник.

- Денеска го поставивме вториот камен темелник на мини хидроцентрала на реката Ештерец во близина на Пробиштип. Истата ќе е готова до почетокот на Февруари 2014 година. Инвестицијата тежи 1,2 милиони евра, а ќе произведува 1,3 гигават часови. Ќе ја гради компанијата „Елите хидро" кои веќе имаат добиено три концесии за изградба на вакви хидроцентрали, појасни Тони Тоневски – градоначалникот на Пробиштип.

Во зависност од конфигурацијата на  теренот, изгледот и формата на хидроцентралите нема да го имаат класичниот изглед.

-Оваа и останатите мини хидроцентрали ќе бидат градба од таканаречен бочен тип. Тоа значи само преградување на речното корито. Тоа пак значи дека нема трошење на дополнителни пари за градба на тело на брана, и формирање на вештачка акумулација, односно езеро. Со тоа не се нарушува првобитниот изглед на животната средина. Машинската зграда ќе е лоцирана непосредно пред вливот на Ештерска во Злетовска река, и ќе биде со корисна површина од 120 метри квадратни со висина од осум метри, значи мал објект каде ќе е сместена техничката опрема за производство на електрична енергија, објасни Горан Умети - преставник на скопската компанија Елите Хидро, концесионер и изведувач на градежните работи.
-
Владата досега додели три концесии за градба на мини хидроцентрали за овој реон. Останатите осум ќе ги гради ХС Злетовица, согласно исполнување на планираната втора и трета фаза за конечно комплетирање на системот.

Првата фаза тешка 80 милиони долари ја финансираше јапонската Влада. Втората и третата ги финансира Европската банка за обнова и развој. Во доделените 40 милиони евра вклучена е и ставката за градба на спомнатите мини хидроцентрали, чиј старт е закажан за наредната година. Со тоа, овој реон, кој до пред извесно време важеше за еден од насушните делови на Македонија, а на кој живеат над 200 илјади жители во шест општини, за наредниот половина век го симнува овој горлив проблем. Во истовреме, се решава уште еден – редовноста во снабдување на електрична енергија. Освен тоа, проблем ке немаат и земјоделците. Системот обезбедува редовно водоснабдување на 6000 хектари плодна почва

http://daily.mk/forward/2284015/probishtip-kje-dobie-11-mini-hidrocentrali
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 14-Aug-2013 at 18:37
http://www.youtube.com/watch?v=ofOP19Rq73c
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 04-Sep-2013 at 08:25
Екострујата од Стрежево задоволува еден мал град

Петте хидроцентрали произведуваат над 11 гигават-часа електрична енергија на годишно ниво, која се продава како екоструја по субвенционирана цена

Битола - Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола изгради пет мали хидроцентрали искористувајќи ја јачината на водата што се собира во вештачката акумулација, а потоа се пушта за наводнување на Пелагониско Поле и за други корисници.

Петте хидроцентрали произведуваат над 11 гигават-часови електрична енергија на годишно ниво, која се продава како екоструја по субвенционирана цена. Експертите велат дека со ова производство може за цела година да се задоволат потребите од струја на гратче колку Ресен, со над 2.000 домаќинства.

„Во хидросистемот ’Стрежево‘ максимално е искористен целиот расположлив хидропотенцијал на водите со изградбата на пет мали хидроцентрали во периодот од 1992 до 2012 година. Тие имаат вкупна инсталирана моќност од 3,8 мегавати и може да се добие вкупно годишно производство на струја од 11,3 гигават-часови“, вели д-р Љупчо Бошевски, директорот на ЈП „Стрежево“.

Во изминатите 20 години ова јавно претпријатие изгради три прибрански и две деривациски хидроцентрали.

Без кредитирање, со акумулација на средствата од сопствените извори се изградени и експлоатирани малите хидроцентрали: ХЕЦ „Стрежево“, ХЕЦ „Биолошки минимум“, ХЕЦ „Филтерница“ и ХЕЦ „Довлеџик“.

Последната хидроцентрала „Експлоатациски минимум“ ги опфаќа водите што се праќаат од акумулацијата до стопанските објекти, кои претходно не се користеа и настануваше загуба од 1,4 милиони евра. Оваа ХЕЦ „Експлоатациски минимум“ е прибранска хидроцентрала со инсталирана моќност од 340 киловати.

Инаку, според статистиката на претпријатието, поради ефикасното управување со водите е постигната максимална искористеност на хидроенергетскиот потенцијал на системот и рекордно производство на електрична енергија. Така, ако 2003 беше најдобра година со производство од 9,5 милиони киловати на час, во 2010 година е остварено производство од околу 15 милиони, велат од ЈП „Стрежево“.

Според државната стратегија за енергетика, Македонија располага со технички потенцијал на хидроенергија за производство на околу 5.500 гигават-часови електрична енергија годишно. Од овој потенцијал досега се изградени хидроелектроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати, со просечно производство од околу 1.500 гигават-часови, што претставува 27 отсто од расположливиот потенцијал.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4547B45ADBE57F43B09AF960F6C06EDD
За сè има вторпат
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 19-Oct-2013 at 14:02
Сабота, 19 Октомври 2013 13:18

Владата наскоро ќе го објави 10. тендер за реализација на проектот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Јавниот повик ќе биде објавен во домашните и во еден странски весник.

vlada500

- Условите на новиот јавен повик за реализација на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, познат како ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, се на некој начин балансирани помеѓу потребите на државата и барањата на идните концесионери, рече министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во новиот тендер не е предвидена изградбата на ХЕЦ Галиште, но се остава можност да се гради во иднина ако државата одлучи така.

МЖСПП, како што истакна, како надлежно за спроведување на јавниот повик со цел да ги забрза активностите за негова реализација предложи Владата да ги измени условите на новиот тендер, а Владата тоа го прифати и на последната седница донесе одлука за започнување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија и изградба на хидроелектрични централи на Црна Река со подобрени услови.

- Новиот тендер предвидува висината на браната на ХЕЦ Чебрен да биде флексибилна помеѓу 182,5 и 192,5 метри со индикативен минимален вкупен инсталиран капацитет од 333 мегавати и можност за поставување на четири агрегати на ХЕЦ Чебрен. Исто така, се предвидува да се овозможи изградба на прибранска хидроцентрала на браната Орлов Камен со која нема да биде оневозможено градењето на ХЕЦ Галиште во иднина. Минималниот процент кој идниот концесионер треба да го понуди за АД ЕЛЕМ во заедничката компанија да не биде под 35 отсто. Кога ХЕЦ Чебрен ќе работи со пумпен режим цената за пренос на електрична енергија која се плаќа на АД МЕПСО да биде фиксна и да важи за целиот концесиски период на ниво од тарифата за 2013 година определена во висина од 4,4 евра по мегават-час, рече Адеми и додаде дека ХЕЦ Тиквеш ќе се отстапи на концесионерот три месеци по потпишувањето на договорот за концесија.

Со ваквите измени, како што нагласи, се очекува успешно завршување на тендерот кој ќе биде објавен во домашните и во еден од странските весници.

- Постапката за доделување на концесија ќе ја спроведе комисија во која ќе бидат вклучени сите релевантни институции од областа на водите, енергетиката, економијата, транспортот и финансиите, а тендерската документација со предвидените измени ќе ја подготви Интернационалната финансиска корпорација - ИФЦ, нагласи Адеми.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/134169-Vladata-ke-objavi-nov-tender-za-Cebren-i-Galiste

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 19-Oct-2013 at 23:07
Чебрен неможи да работи во пумпен режим ако не се изгради подолнота акомулација.тоа се сврзани садови
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 20-Oct-2013 at 18:55
http://www.youtube.com/watch?v=ZpexQbwgwtk




ако чини изградбата 1 милијарда, можеме со долгорочен кредит од еским банката....па и нека ја градат кинези.....а вака не ме бендисува
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 23-Oct-2013 at 08:35
МЗШВ ке ја репарира прилепската брана



Министерството за земјоделство издвои средства во висина од 1 милион и 500 илјади денари. со цел рехабилитација и санација на браната на прилепското вештачко езеро, која, стара 50 години, и еднствена од својот вид на балканот.

Браната на вештачката акумулација, од која се наводнува целокупното земјоделско земјиште во прилепско, ќе биде подложена на неколку зафати, и тоа хидроизолација и антикорозивна заштита, со што би и се продолжил рокот на траење, иако е констатирано дека состојбата и без тоа и е сосема стабилна, безбедна и целосно функционална.

http://lokalno.mk/mzshv-ke-ja-reparira-prilepskata-brana/
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 26-Oct-2013 at 19:45
Документацијата за „Луково поле“ во финална фаза, Дебрани и понатаму се противат на изградбата

Во завршна фаза е изработката на Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, а во тек е и изработката на идејниот и на основниот проект за изградба на акумулацијата „Луково поле“ во Националниот парк „Маврово“. И покрај забрзувањето на процесот на подготовка на неопходната документација, општина Дебар и понатаму се спротивставува на реализацијата на овој енергетски објект. Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата на денешната средба со претставниците на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и на Светската банка истакна дека во проектот не се споменува ништо што е во интерес на градот. Тој смета дека дебарскиот регион ќе има големи штети од одземањето на дел од водата на реката Радика. Ваквиот став го поддржа и претседателот на Советот на општина Дебар, Башким Машкули, кој побара од Светската банка да не инвестира во проекти што се на штета на граѓаните.

Наспроти нив, претставниците на ЕЛЕМ ги изложија предностите од изградбата на акумулацијата „Луково поле“. „Акумулацијата „Луково поле“ и „Корапскиот довод“ ќе обезбеди собирање вода од корапското сливно подрачје што ќе се користи за производство на дополнителни 125 гигават-часови електрична енергија на годишно ниво од постојните хидроелектрани во Мавровскиот систем („Вруток“, „Врбен“ и „Равен“)“, велат од ЕЛЕМ. Оттаму напоменуваат дека не постои опасност за животната средина, бидејќи проектот е во законски рамки и со него се запазени постојните еколошки стандарди. Главниот проект за изградба на енергетскиот објект е изработен во 1988 година и истиот во изминатиов период е надополнет и усовршен.

Локалната самоуправа од Дебар во октомври минатата година отворено се спротивстави на остварувањето на проектот „Луково поле“, тврдејќи дека тој негативно ќе влијае врз животната средина во целокупниот регион. Пред две години, Светската банка потврди дека ќе обезбеди финансиски средства во висина од 50 до 55 милиони евра за изградба на камено-насипната брана [»мапа] со висина од 71 метар. Како изработувач на проектната документација за „Луково поле“ се јавува шпанската консултантска куќа „Ациона Инхенериа“ (ACCIONA Ingeniería) во конзорциум со македонската „АБЦ Консалтинг“.



#
Објавено на 25.10.2013 во категорија Вести.

Тагови: ACCIONA Ingenieria, АБЦ Консалтинг, Дебар, Екологија, ЕЛЕМ, Енергетика, Инфраструктура, Кредити, Луково Поле, МХЕ Црн Камен, Обновлива енергија, Општина Маврово и Ростуше, ХЕ Врбен, ХЕ Вруток, ХЕ Равен, Хидроелектрани







http://www.build.mk/?p=29662
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 26-Oct-2013 at 23:36



Последнава вест ме мотивираше да истражам малку повеќе за Луково Поле и еве некои интересни визуелни материјали на кои наидов:


1 - Фотка од локацијата


2 - Уште една фотка од локацијата



3 - Мапа на областа во контекст на проектот
 


4 - Визуелизација на локацијата на акумулацијата и цевоводот во однос на Мавровскиот систем




5 - Топографска мапа




6 - Детална мапа на проектот



7 - Попречен пресек на браната




Edited by Cloverstack - 26-Oct-2013 at 23:56
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 02-Nov-2013 at 17:46

Заврши изградбата на малата хидроцентрала Маврово – Ростуше

Фото:МИА

Заврши изградбата на мини хидроелектричната централа на Тресонечка река во Општина Маврово Ростуше, инвестиција на компанијата „Хидроенерџи груп“, во вредност од 2,1 милион евра.

За изградбата на хидроцентралата, со инсталиран капацитет од 1,8 MW, се испочитувани сите рокови предвидени со договорот и веќе се реализираат првите  вработувања, 25 за градежните работи и други вработени за одржување, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини при денешната посета на новиот објект, лоциран во близина на селото Тресонче,  кај областа Мака Река во општина Маврово Ростуше.

Од вкупниот број потпишани договори за концесија на ниво на држава, моментно се изградени 17 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 12 MW, за кои досега се инвестирани над 20 милиони евра, рече Сарачини.

Според него,  во изградба се уште 15 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 16 MW и очекувана инвестиција од 27 милиони евра. Половината од нив се очекува да бидат завршени до крајот на годинава, а останатите на почетокот на следната година, што, посочи, ќе значи и поголема енергетска стабилност на земјата.

- Ова е добар пример за инвестиција во делот на искосристување на водните ресурси, со кои нашата општина изобилува. Би сакал да апелирам до Mинистерството за економија да се фокусира на искористувањето на водните ресури во нашата општина што  е придобивка за локалното население во однос на нивното вработување, рече градоначалникот на општина Маврово Ростуше Мехмеди.

Мала хидроелектрична централа, информира, се гради и на Галичка река.

Според Кирил Павлески, управител на  инвеститорот Хидроенерџи груп, централата на Тресонечка река  има инсталиран капацитет од  1.8 MWh и е планирано  годишно производство на електрична енергија од 11,7 GWh. Хидроенерџи груп, компанија со 100 проценти домашен капитал, има добиено концесија за изградба на уште две мали ХЕЦ на течението на Песочанска река, Општина Дебрца.

http://lider.mk/2013/11/02/zavrsi-izgradbata-na-malata-hidrocentrala-mavrovo-rostuse/



Edited by Danielbtmk - 02-Nov-2013 at 17:48
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 02-Nov-2013 at 18:30
Уште лани ова време имаше градни работи за зафатот за Луково поле,каде оние каналите озналени со плави линии на погорните слики се минираа со експлозив.каналите иако се направени за системот Мавровски електрани,не беа во функција подолго време.затрупани,скинати,разрушени...

Ова го знам бидејчи јас им ја дадов дозволата за набавка и превоз на експлозивот на фирмата(а тие ми направија проблем,ама ај....0
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 29-Nov-2013 at 10:18
Мини хидроцентрала на Крива Река во Крива Паланка

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.393 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.