Патна мрежа (општо) |
Post Reply | Page <1 2122232425 84> |
Author | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #441 Posted: 29-Jul-2011 at 20:07 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекрасна статија Штета само што не е ископано малку подлабоко за консултантите и надзорите, ама мислам и вака е сосема јасно што се случува и кој е преводот за терминот „консултантски услуги“ во случајов. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #442 Posted: 30-Jul-2011 at 14:21 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пуштен во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец
Скопје, 30 јули 2011 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец, во должина од 19 километри, со што ќе се подобри патната врска за жителите од општините Кисела Вода, Илинден и Сопиште. Овој проект вреден околу 144,3 милиони денари е дел од Програмата на Владата на Република Македонија за реконструкција на регионалните и локалните патишта. - Во новата програма за работа на Владата 2011-2015 особено значење му е посветено на инвестирањето во нови патишта и на реконструкцијата на голем број делници, меѓу кои се Демир Капија - Смоквица за целосно автопатско заокружување на Коридорот 10, реконструкцијата на автопатот Велес-Скопје, автопатското поврзување на Скопје и Штип, Куманово и Крива Паланка, Гостивар и Охрид..., рече Груевски. Премиерот додаде дека на изградбата и обновата на патиштата на Македонија и претстои богат период и времиња за паметење. Директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска посочи дека во рамки на овој проект опфатена е реконструкција на вкупно 370 километри регионални патишта низ државата, од кои околу 300 километри се веќе завршени. - Во завршна фаза е изградбата на новопробиениот пат во Поречието во должина од 10 километри, со кој се обезбедува претходно прекинатата патна врска кон Македонски Брод, истакна Валкановска. Реконструкцијата на патната инфраструктура, како што додаде таа, е важен сегмент за развојот на економијата и значаен дел од Програмата на Владата. Валкановска најави дека Агенцијата за државни патишта во следните неколку месеци ќе отпочне со подготовка на 40-тина нови проекти за изградба и реконструкција на патиштата, како и со обнова на сигнализацијата на патната мрежа во државата. На пуштањето во употреба на рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец присуствуваа потпретседателот на Собранието на Република Македонија Светлана Јакомовска, градоначалниците на Кисела Вода и на Сопиште и голем број граѓани. дма/цр/14:26 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=85708273&lId=1 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Superman
Senior Member Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
Quote Reply #443 Posted: 30-Jul-2011 at 19:35 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Инфраструктурата – меѓу врвните приоритети на новиот Владин кабинет
Никола Крстиќ Вчера прва седница и сет-економски мерки за граѓаните и за стопанството, денеска на терен да се означи завршетокот на веќе сработен проект во претходниот мандат. Старо-новиот Владин кабинет почна да функционира со полн капацитет. „Вчера беше првиот работен ден на новата Влада, со првиот ден продолжуваат да се реализираа ветувањата кои ги имаме дадено пред граѓаните на Република Македонија, како што ветивме, така и почнуваме, со засилен состав, нови сили и зголемен интензитет” изјави Никола Груевски, претседател на Владата. Инвестициите во патната инфраструктура остануваат еден од врвните приоритети и на новиот Владин состав. Модернизација на коридорот 10 преку реконструкција на делницата Скопје – Велес и автопатско решение за Демир Капија – Смоквица. Во наредниве четири години ќе се работи и на Осумката – од Крива Паланка до Куманово и од Гостивар до Охрид. „Не само што го подобруваат животот на граѓаните, даваат поголема безбедност, можност за побрзо стигнување, туку претставуваат и сериозна поткрепа на работењето на градежноиот сектор и на уште 26 поврзани стопански гранки” рече премиерот Груевски. Продолжува и проектот за изградба и за реконструкција на локални и на регионални патишта. Во изминативе 3 години беа завршени 300 километри, а Агенцијата за државни патишта за наредниве месеци најавува почеток на реализација на 40 нови проекти. „Континуирано работиме на подобрување на патната мрежа низ целата држава, нејзината изградба е важен дел од развојот на економијата, но и значаен дел од програмата на Владата” изјави Наташа Валкановска, директор на Агенцијата за државни патишта. Реконструираната 19-километарска делница од Илинден до Калуѓерец беше пуштена во употреба. Проект вреден 2.3 милиони евра, дел од регионалниот патен правец Скопје - Македонски Брод, а во завршна фаза е и изградбата на новопробиениот 10 километри долг пат во Поречието којшто ќе ја воспостави претходно прекинатата врска поради изградбата на ХЕЦ “Козјак”. http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/21675/infrastrukturata_%E2%80%93_megju_vrvnite_prioriteti_na_noviot_vladin_kabinet.aspx Edited by Superman - 30-Jul-2011 at 19:35 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
bobipp
Newbiе Joined: 31-Jul-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #444 Posted: 31-Jul-2011 at 09:29 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Здраво градежници
Ми треба мала помош, се надевам ја погодив темата. Спремам магистерска и ми требаат информации за некој тунел кај Демир Капија што е, не знам точно на кој пат е веројатно станува збор за тунелот на патот Демир Капија-Удово. Ако некој има технички информации во врска со овој тунел или пак слики многу ќе ми помогне. Однапред благодарам |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #445 Posted: 03-Aug-2011 at 01:30 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Веројатно прашуваш за тунелите Демир Капија 1 и 2 кои се на М-1 (многумина го сметаат како еден тунел, бидејќи се речиси споени и ги дели само еден мал процеп овде: 41°24'24.47"N 22°15'35.87"E). Некои податоци има во табелата подолу, а слики најдов овде: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=26&PID=17829#17829 и овде: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=689&PID=12161#12161 Слики исто така можеш да најдеш и на панорамио...
Edited by Cloverstack - 03-Aug-2011 at 01:32 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #446 Posted: 10-Aug-2011 at 09:01 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Гранит потпиша четири нови договориПетре Димитров - 10 август 2011 09:32 GMTГрадежната
компанија „Гранит“ АД ќе ја изведува реконструкцијата на локалните
патишта Лот 2 Вардарски и Југоисточен регион (фаза 2), каде инвеститор е
Агенцијата за државни патишта, за што ќе заработи 263,3 милиони денари.
Рокот на изведба е 10 месеци. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ko4ani
Senior Member Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
Quote Reply #447 Posted: 19-Aug-2011 at 23:26 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Реконструкцијата на патот Пробиштип - Плешенци
Започнаа градежните работи за реконструкција на патниот правец Пробиштип - с.Плешенци. Должината на патниот правец изнесува 3,3 км, а финансиските средства се обезбедени од ЕИБ преку Агенцијата за државни патишта во износ од 225.086 евра. На тендерот кој беше распишан од страна на Агенцијата за државни патишта како најповолен изведувач се јави фирмата “Алпине“ а за надзор се избрани IRD и Геинг. Овој патен правец е дел од група на локални патишта за кои рокот на завршување на работите е 18 месеци. Со оглед на тоа што овој пат е меѓу првите започнати патни правци, се очекува реконструкцијата да заврши за околу 2-3 месеци. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #448 Posted: 09-Sep-2011 at 13:17 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Продолжува изградбата на патот Старо Нагоричане-НикуљанеОд наредната недела ќе продолжи изградбата на патот што ги поврзува селата Старо Нагоричане и Никуљане. Во втората фаза е предвидено да се асфалтираат уште 1800 метри со што целосно ќе се заврши патот.
Сретствата ги
обезбедува Агенцијата за патишта. Првиот дел од патот од селото Старо
Нагоричане беше изграден мината година во иста должина. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #449 Posted: 12-Sep-2011 at 17:36 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #450 Posted: 14-Sep-2011 at 11:55 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Коридорите колатерална корист од грЧката криза
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91411910198&id=9&prilog=0&setIzdanie=22380 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #451 Posted: 15-Sep-2011 at 22:32 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=70D7E27505C8A5439B133C5EF143D5D5 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
JOE
Senior Member Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #452 Posted: 25-Sep-2011 at 17:33 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ни фалат 80 километри за да се поврземе со виа игнација
Во рамките на европската рута, која се протега од Лисабон до турско-ирачката граница, во еден дел во Грција практично е возобновена римската Виа Игнација. Фали само делот од 80 километри за од Меџитлија да се поврземе на рутата преку Кожани. Има и политичка волја и интерес тоа да биде финансирано од европските фондови Егнатија Одос е пат што ја поврзува Грција од Игуменица до грчко-турската граница кај граничниот премин Кипои. Станува збор за пат долг 670 километри, кој беше направен со пари од европските фондови и е завршен во 2009 година. Трасата е речиси иста како онаа на Виа Игнација. Грците често овој пат и го викаат Виа Игнација, но, работејќи на него, ја заборавиле Македонија, низ која и минувала трасата. Некогашната траса Виа Игнација во денешна Македонија влегувала кај Меџитлија преку Битола, Охрид до границата кај Ќафасан и ја поврзувала земјава со албанското пристаниште Драч. Волја за вакво поврзување на Македонија постои и сега, а и предностите за македонскиот транспорт се големи, особено во оваа ситуација кога излезот на море и транспортот главно се одвива преку пристаништето во Солун, каде што поради кризата постојано има штрајкови и блокади. Некои фирми веќе се пренасочија кон Драч и со тоа ги намалија трошоците. Со приклучувањето на Македонија на Виа Игнација и поврзувањето со Албанија со нов модерен пат, освен на фирмите, ќе им се олесни патувањето и на македонските граѓани. Виа Игнација во суштина е дел од европскиот пат Е 90 и се протега од Лисабон, Португалија, на запад, па сé до турско-ирачката граница на исток, но иако патот е речиси ист како римската траса, Македонија остана надвор од неа. Но постои политичка волја, но и желба да се финансира приклучокот на Македонија на новата Виа Игнација, која ќе нé поврзе и со Албанија. МАКЕДОНИЈА ВО НОВАТА ВИА ИГНАЦИЈА? Како и да е, повеќе од потребно е вклучувањето или поврзувањето на Македонија со новата грчка Виа Игнација, која е повеќекратно важна за македонската историја, сегашност и иднина, особено во новите геополитички околности. Зошто била важна и зошто е потребно обновување? Виа Игнација директно влијаела на создавањето нови градови и на нивниот развој во секоја смисла. Од неа почнувале или се надоврзувале речиси сите римски патишта на Балканот, така што Македонија со право се сметала за една од главните крстосници на Римската Империја. Благодарение на Виа Игнација, сите новини носени од Стамбол до Рим или обратно, поминувале тука, оставајќи материјални и други траги. Делницата на Виа Игнација низ Македонија интензивно била користена сé до Првата светска војна, за сега да се претвори во заборавен антички експонат. Кога Виа Игнација почнала да се гради, идејата била да се поврзат два краја на една империја, а денес на тој простор се протегаат повеќе држави со различни интереси. Токму државите со различни интереси се причина тој пат да биде оживеан само во одредени делови, а Македонија да се заборави. Но како сега да се приклучиме? За да се поврзе Македонија со овој европски пат што поминува во Грција, потребно е да се направи делница во грчкиот дел од Кожани до македонската граница кај Меџитлија, потег што изнесува околу 80 километри. Потоа земјава би се поврзала и со Албанија со пат што би одел од македонско-грчката граница преку Битола, Ресен, Охрид, Струга и Ќафасан со должина од 120 километри. Она, пак, што би требало да се поврзе во Албанија е патот од македонско-албанската граница кај Ќафасан, па преку Елбасан и Тирана до Драч со должина од 180 километри. Интересот на Албанија е многу поголем за поврзување со Хрватска преку јадранската магистрала. Значи, има и политичката волја кај официјална Тирана за поврзување со Хрватска, односно да се добие трасата Дубровник - Херцег Нови - Бар - Скадар - Тирана - Елбасан, што би било околу 300 километри. ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИМПУЛС Инфраструктурата е главна тема на средбите на претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и на Косово. Главно на оваа тема тие разговараат на средбите, кои од 2009 година станаа вообичаена практика. Првата беше во 2009 година во Валона, втората во Призрен минатата година, а сега тие се среќаваат во Охрид. Според најавите од кабинетот на претседателот Иванов, се очекува во Охрид да бидат присутни претседателот на Црна Гора, Филип Вијановиќ, првиот човек на Албанија, Бамир Топи и косовската колешка Атифете Јахјага. - Бидејќи станува збор за средби на највисоко политичко ниво, главно се разговараше, а и ќе се разговара на претстојната средба за инфраструктурната поврзаност меѓу земјите, поточно за генералните правци, а не и за деталите, што пак е важно за граѓаните и за бизнис-секторот - велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Притоа често се слушаат и различни мислења. На пример, Албанија го форсира поврзувањето со Хрватска преку јадранската магистрала. Тоа е интерес и на македонската страна зошто, доколку се средат патиштата во Албанија, тоа ќе значи поврзаност и на Македонија со Хрватска. По должината на Коридорот 8 планирана е реконструкција на патот Стенковец - Блаце (граница со Косово - Гостивар - Ќафасан - граница со Албанија) и на делницата Гостивар - Кичево - Охрид - Струга - Ќафасан. - Европската Унија ја финансираше европската рута Е 90, па зошто не би финансирала и дополнително приклучување на Македонија? Станува збор за мал потег. Доколку има проект за поврзување на вашата земја со Егнатија Одос, би имало волја тоа да се финансира од европските фондови - велат во Брисел. Ако Македонија се поврзе со Албанија, односно излезе на море кај Драч, тоа ја поврзува и со Италија. Интересот на Италија за тоа е исто така голем, бидејќи во земјава неа речиси и ја нема, во споредба со традиционално големото присуство во Албанија. За реализација на интересите на оваа линија, потребно е обновување на врската исток - запад, која речиси е прекината. ПОЛИТИЧКИТЕ БАРИЕРИ ПОЛЕКА ПАЃААТ На Македонија, освен поврзувањето со Албанија, потребна и е врска и со Бугарија или реализација на Коридорот 8 (Бугарија - Македонија - Албанија). Тоа е практично еден од десетте трансевропски коридори дефинирани за регионите во транзиција од страна на паневропските транспортни конференции (Крит, 1994 година и Хелсинки, 1997 година). Реализацијата на овој коридор видно би ги динамизирала транспортот на луѓе, стока, нафта, гас, електрична енергија и телекомуникациските услуги во Југоисточна Европа. Тој треба да ги поврзе каспискиот регион, Црно Море, Југоисточна и Јужна Европа. Практично, овој коридор ќе воспостави комплетна врска меѓу Касписко Море, Црно Море и јужниот Јадран, односно јужна Италија. Од источна страна коридорот почнува од Варна и Бургас, поминува преку Софија и Скопје и завршува во пристаништата Драч и Валона и потоа продолжува низ морскиот коридор преку јужниот Јадран и Јонско Море и се поврзува со италијанските пристаништа Бари и Бриндизи. Дел од студијата за преструктуирање на патниот сектор во Македонија е и потегот кон Бугарија. За Коридорот 8 има повеќе делници со два пакети. Првиот е Крива Паланка - Романовце: делници Крива Паланка - Страцин и Страцин - Романовце, Кочани - Штип, потоа Миладиновци - Штип, делница Миладиновци - Штип преку Свети Николе и Миладиновци - Скопје, обиколница на Скопје. Вториот пакет се делниците за поврзување кон Албанија. Политичките бариери сепак остануваат и често се пласираат информации за немање волја на официјална Софија за поврзување на некои кратки делови до границата меѓу Бугарија и Македонија, кои практично се сосема мала инвестиција. СТРАНСКИТЕ ФИРМИ И НАШИТЕ ПАТИШТА За поднесување на понудите од петте конзорциуми (што ќе стопанисуваат со патните правци), кои кон крајот на 2010 година влегоа во трката за концесионирање на државните патишта, владата го одложи првиот рок предвиден за крајот на април. Причините за одложувањето на јавниот повик, кој официјално требаше да заврши на 26 април, прецизно не се обелоденети. Новиот термин за прибирање на понудите завршува на 25-ти овој месец. Постапката за давање под концесија на дел од државните патишта, покрај Коридорот 8, трае веќе три години. Во првата фаза на претквалификација по шест неуспешни обиди, конечно, лани во ноември беа избрани пет меѓународни конзорциуми што добија право да поминат во следната фаза. Меѓу кои „Шиком бинуи“ од Израел, француските „Буик траво“, австрискиот „Штрабаг“, грчкиот конзорциум „Актори акто консешнс“, како и австриската „Алпине бау“.http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7121191487&id=9&prilog=0&setIzdanie=22328 Edited by Cloverstack - 25-Sep-2011 at 18:07 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #453 Posted: 25-Sep-2011 at 17:56 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ајде пак геостратегија малку околу коридорите и Балканските глупоштарии. Егнатија Одос и автопатот од Албанија со Косово се едни од Балканските патишта кои отстапуваат од европските долгорочни планови за патни мрежи и како такви тешко издвојуваат пари од европските фондови (освен нели доколку и некоја бирократија во ЕУ има желба да биде соучесник во такви фалсификати на плановите кои сама ги донела) па така сега Егнатија Одос е извитоперување на вековните природни тенденции на човековото движење, а Виа Егнација е баш таква траса уште од Римско и неможе туку така да се измести па без разлика колку пари се фрлиле за некој автопат. Исто како што Хрватска беше одбиена од Европска Унија за пари за Пељешац мостот. Егнатија Одос се поклапа со Виа Егнација во делот од Кожани до Турска граница, другиот дел навака према Гуменџа е вон било каков Европски коридор или вековен природен тек на стоки, луѓе или останато. Како таков може да биде актуелен додека околните патишта не се изградени. Ако има пат од Драч до Охрид, доколку има експресен од Охрид до Битола преку Ресен и доколку Македонија се поврзе со Кожани без разлика колкав е тој профил и дали е автопат, тој ќе одлее голем дел од стоките и економијата што циркулира низ пристаништето во Гуменџа. Целата стока што од Турција и земјите од тој блиски исток регион што идат кон европа од Гуменџа ќе се пренасочи кон Драч. Грција има интерес да одложува такво поврзување за да му дава на значење на пристаништето во Гуменџа. Тој пат (Велес, Прилеп Битола, Лерин, Кожани) иако е дел од кракот D на коридорот 10, не сум сигурен дали е планиран да е автопат, мислам дека е експресен со 4 ленти исто како што е од Битола до Ресен (за воља на објективноста и овој е државен односно не е европски туку Македонска потреба, но пак е дел од историската Виа Егнација која е сама по себе природен коридор од историски, географски и секакви други природни тенденции со што му се дава дополнително легитимитет, сличен таков пат вон европските коридори, а за Македонски потреби е Скопје - Штип). Така да не очекувајте дека Грција би си ја фрлила во вода иневстивција и би си го оставила насукано едно пристаниште, а да не збориме за другите проблеми кои ја оптоваруваат нормалната комуникација, па еден премин Маркова Нога неможеме да го отвориме, а не такво инвестирање. Тоа се тие Балкански играрии кога се цели повеќе да изгуби комшијата одколку што јас ќе добијам и сопствениот "напредок" (ова наводите се заради кризата во која е западната Грција и се однесува на нејзиниот напредок) се "развива" на сметка на изолирање и извитоперување на природните коридори и поврзувања, внатрешно и со соседите. Кајшто нема пари во регионов, па и тие што ги има идат за задоволување исклучиве вантрешни потреби, едноставно гледање до прагот, а сит еполна уста регионално поврзување дури и ИПА има посебна компонента за таа основа, а и тамо па нема некоја енергија и иницијатива да се постигне некој договор дека додека не се комплетираат коридорите нема зафркавњњ со локални глупости. А секако дека таков пат само ќе има даде на значење на Битола и Охрид. Едноставно ние во ситуација на некогаш изградени коридори можеме да го изградиме експресниот Охрид, Ресен, Битола и со ПГДС да ја притискаме Грција да го изгради патот од Кожани до кај нас, ако и веќе за Лерин имаат некој добар пат за внатрешна употреба.
Edited by lslcrew - 25-Sep-2011 at 18:16 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
JOE
Senior Member Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #454 Posted: 25-Sep-2011 at 20:05 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јас мислам дека од ова ништо нема да биди, Македонија уште ги нема доизградено 8 и 10 коридорите, а за да ги доизгради треба да се задолжи со милијарди евра, плус има ветено експресен пат( мислам дека беше штип-струмица) и уште многу многу патни правци,(пр, во манифестот има ветување за пат Битола-Гевгелија преку мариово фалат уште 17 км. мислам) и уште многу други, за да се изгради и ова нешто ке треба дополнително длабоко да се задолжи, со што фактички ке се презадолжи,( нешто како хрватска), а реално македонската економија неможи да го издржи тоа, а во меѓувреме има и други приоритети за кои што се поребни огромни средства(енегетски), така да за ова тешко дека некогаш ке биде реалност, јас не верувам
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #455 Posted: 26-Sep-2011 at 17:49 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
еконструиран патот Струмица - ДобрашинциПо речиси педесет години повторно реконструиран патот Струмица -Добрашинци. Локалниот пат долг 5,5 километри го реши проблемот со поврзувањето на две ипол илјади жители од трите населени места, Добрашинци, Висока и Нова маала.
Средствата
за реконструкција ги обезбеди Бирото за рамномерен развој, Центарот за
развој на југоисточниот плански регион и општина Василево.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #456 Posted: 27-Sep-2011 at 12:53 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прилично конфузен и бескорисен овој текстов за Егнација Одос од Нова Македонија и се добива впечаток дека новинарката не ни погледнала мапа. Но излишно е да се коментираат небулозите од текстот, туку ако е вистина тоа што го тврди:
@ lslcrew Сигурен ли си дека Гуменџа = Игуменица? Јас знам за друга Гуменџа/е (Goumenissa), во Егејска Македонија, ама Игуменица никаде не сум сретнал да се нарекува поинаку, ниту на македонски, ниту на било кој друг словенски јазик. Што се однесува до Игуменица VS. Драч, се согласувам со тебе дека Драч има многу подобри природни врски со регионот, но треба да се земат во предвид многу други фактори пред да се заклучи дека само да имаше пат од Драч до МК или до не знам каде, Драч ќе ја закопал Игуменица. Драч не е прикладно пристаниште за посериозни операции и за поголем обем на стока. Мало пристаниште е, слабо е заштитено и плитко е. Пристаништето Игуменица е поголемо и подобро заштитено, а според околниот релјеф верувам дека е и доста подлабоко. Албанија веројатно е на крстопат, дали во иднина да вложи големи средства за продлабочување, проширување и редица други обемни надградби на пристаништето Драч или за стратешко пристаниште да се фокусира на некоја друга локација долж својот брег. Во секој случај навивам Албанија што поскоро да добие респектибилно пристанише кое ќе биде и добро поврзано. Тоа ќе биде од огромен бенефит и за Македонија.
Досега сите документи и официјални информации за овие делници недвојбено покажувале дека тие се зацртани како идни автопати. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #457 Posted: 27-Sep-2011 at 14:54 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
пред кризата се појави информација дека канадско-америчка корпорација ќе инвестира во пристаништето во Валона 1.2 милијарди долари!!!!!!бидејќи тоа е подлабоко од тоа во Драч,а и нафтоводот `АМБО` тука завршува.фати светската криза и од тогаш немам чуено ништо за тој проект
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #458 Posted: 27-Sep-2011 at 23:27 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Кловер како и да е не викам дека ќе го стави на страна пристаништето во Игуменица но ќе му земе голем дел од стоката што циркулира. Тоа само ќе ја зголеми физибилноста на, не Драч туку било кое да е пристаниште во Албанија. Тоа само нас ни ја зголемува геострашката позиција да имаме на наш терен де факто трет коридор.
За кракот D не знаеме многу освен тоа што се почнат да се гради автопат од Отовица и е застанат, така да стварно незнам и кажав предходно, за профилот на тој пат. Тоа со експресните патишта (магистрален со 4 ленти) го има многу оддамна само кај нас досега е неспроведувано решение, ние имаме магистрални со 2 и 3 ленти. Така да ако ништо друго е една добра етапа во постепено проширување од обичен магистрален со 2 до профил на автопат. Ова ја прави уште "понеправедна" позицијата на Грција, така што ќе биде наведена за звоја потреба да саботира европски автопат за да даде значење на домашно пристаниште, сепак као да вртиш тоа се политиките каде помалку каде повеќе, знаеме кои се точките. А за името може да сум грешка да се работи за друга Игуменица, барем така до сега имав слушнато прочитано дека тоа е името од Словенско говорно подрачје, ок нева врска офтопик. Edited by lslcrew - 27-Sep-2011 at 23:31 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #459 Posted: 29-Sep-2011 at 12:37 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Експресен пат со 4 ленти не може едноставно да се надгради во автопат, ако уште во старт не бил граден според автопатски стандарди. А ако се гради според автопатски стандарди, тогаш нема логика на подолг период да се изостави само лентата за застанување, освен доколку цените за експропријација не се енормно високи. Исто така досега никаде немаме сретнато дека Велес - Прилеп и Битола - Охрид се планираат како експресни патишта, туку како што кажав сите документи и официјални информации за нив недвојбено покажуваат дека тие се зацртани како идни автопати.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #460 Posted: 03-Oct-2011 at 11:14 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ако нема автопат, барем да има трета лента од Велес кон Штип
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10311916184&id=12&prilog=0&setIzdanie=22396 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Post Reply | Page <1 2122232425 84> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |